Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

eZy-Watermark_28-11-2023_08-23-02-4570AM

Во недела, дел од булеварот „Илинденска“ ќе е блокиран

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

puls-10

Обвинителството предлага куќен пртивор за обезбедувач на кочанската дискотека и ексдиректорот на Пазарна инспекција

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на денешниот ден до Основниот суд Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување - притвор и куќен притворза сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.„Само за тројца осомничени, согласно фазата на обезбедување докази и исполнетоста на законските основи се предлага замена за мерката притвор во куќен притвор. Тоа се двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката“, велат од Обвинителството.Тие додаваат: „Во исто време, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел испитување на евентуална одговорност, за што јавноста ќе биде известена веднаш по донесувањето на соодветна јавнообвинителска одлука“.

Македонија | пред 1 година

vanja-tatko-tufegdzik

(Видео) Адвокатот на таткото на Вања: Нема основ ниту аргумент да го држат како обвинет, се обидоа да го дискредитираат

Адвокатот Владимир Туфегџиќ смета дека обвинителките се обидувале да го дискредитираат обвинениот Александар Ѓорчевски, им смета дека со завршување на испрашувањето - немаат основ да го држат како обвинет со вакво обвинение.„Единствено што ми пречеше беше дозата на дискредитација од страна на јавниот обвинител. Тој смее да дискредитира исказ, но не и личност на обвинетиот. И тука се почувствува тоа, еден малку понижувачки однос кон Александар. Тоа го забележавте по прашањата кои беа поставени и се од лична природа. Ова денеска значеше проверка на Александар, проверка на сите искази на Александар дадени во постапката, вклучително и полициска и истражна постапка, и постапка пред јавен обвинител. Јас сум лично задоволен и во основа нема никаков основ ниту аргумент понатаму да го држи Александар со вакво обвинение“, рече Туфегџиќ.Авокатот кажа дека не приговарале на прашањата од Обвинителството, без разлика на дискредитацијата, за да Александар Ѓорчевски објасни се што тие сакаат.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

Палевски го испрашуваше таткото на убиената Вања, кој одби да му одговара на прашањата

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кого го гонат за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го распрашуваше Александар Ѓорчевски, татко на убиеното девојче.Љупчо Палевски-Палчо: Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?Александар Ѓорчевски: Јас како што кажав ниту ве знам ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj нареден одговор ќе гласи исто.Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека вие сте се грижеле за станот на Наум Наумовски Борче, сте слушнале ли дека сум бил присутен последните 10 години?Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Апсолутно приговарам, бидејќи со првиот одговор е одговорено на прашањето рече адвокатот Туфекџиќ.Судијата Ивица Стефановски: Се дозволува прашањетоАлександар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: На истата околност, дали сте слушнале од таткото на Зорица, Лазаров, имал било каков проблем при купување на предметните станици?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Последното, колку да влезе во записник, неколку пати кажавте дека МВР се однесувала кон вас како да сте ретардиран, но и денеска видовме такви ретардирани однесувања од ОЈО….Реагираше судијата Ивица Стефановски за квалификациите..Љупчо Палевски-Палчо: Добро не сте ретардирани. Но и денеска видовме слични тврдења од ОЈО, хипотетички, доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие да ја примораме Зорица Ѓорчевска да даде пари како што е напишано во обвинението, нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорчевска а не Вања Ѓорчевска, бидејќи ќе наследевте сѐ, така ли е прашувам како ОЈО?Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Ова се слободни константации на обвинетиот кои никаде не се содржани во обвинението, во делото кој се однесува на Александар Ѓорчевски, ниту е посочено лице кое го посочува обвинетиот - рече Туфеџиќ.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека Гоце Трајковски ви помагал во истрагата, дали почувствувавте дека секој ваш збор на вашата сестра, сопруга е содржан во доказот број 152 каде јасно се гледа дека се што видел и слушнал Гоце Трајковски во ваша близина, е пренесено на Музефер Каришиќ. Дека додека одмарате во станот на 02.12.2023 ве сликал како одмарате со коментар „еве го“. Дали останувате на тоа што го кажавте дека сте малтретиран и тепан во ПС, во доказот 152, од комуникација на Гоце Трајковски и Каришиќ постои доказ за незаконска истрага ексдиректорот на КПУ Затвор Скопје, вршел истраги, влегувал во ќелиии и поставувал прашања кои се следни: Дали сте познаваме? На што вие сте одговориле нека дојде Палчо очи во очи, да видиме дали сме кажале некогаш во животот, дали сме упознале а тие тројцата му викале на Сокол, „Палчо ја уби“ му рековте зошто ја уби, сум рекол и така и вака парите ќе ги земам, демек ми требаат за партијата, сме немале пари за избори“. Дали овие разговори се случиле во КПУ Затвор Шутка, за време на вашиот престој?Александар Ѓорчевски: Немам коментар повтори Александар Ѓорчевски.Љупчо Палевски-Палчо: Не сакам да поставувам прашања, гледам дека човекот е вознемирен, и сметам дека е невино обвинет тука. Се спомена ФБ група, но ниту ОЈО денес, ниту во обвинението, не кажа во колку часот се праќани тие пораки. Па јас би ве замолил да го кажете втремето, кога е пратена пораката?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Во колку часот сте пратиле порака на децата за да се облечат заради ниските температури, затоа што во целата истрага не се користи часовник, туку само денови а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствените причини вие да сте овде?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Со ова, распитот заврши.

Македонија | пред 1 година

puls-35

Нема промени кај критичните пациенти повредени во Кочани: ова е последната информација за состојбата

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски" еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница ,,Систина".Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 1 година

DSC_0289

Две измами во еден ден, шемата е иста: Возрасни скопјанки оостанале без пари

На 10.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од околу 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете–мигрант и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се вратила во домот и го видела нејзиниот син сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 10.04.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, 86-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од околу 112.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите што ги имала во домот ги ставила во кеса и ги фрлила од балконот, како што и посочило лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Скопјанец пронајден мртов во неговиот дом

На 10.04.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат М.К.(39) од Скопје.Лекар од Итната медицинска помош Скопје констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-11-at-12.13.20

(Видео) Претрес во фабрика за производство на канабис во медицински цели во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен поради констатирани неправилности

На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар.Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ - сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар. 

Македонија | пред 1 година

blace

Посебен режим на сообраќај на Блаце

Утре (сабота, 12.04.2025) во 11.00 часот на граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации,  министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, г. Мицкоски и г. Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај во периодот од 10.30 до 12.00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Македонија | пред 1 година

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Објавени новите цени на горивата кој важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 71,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-11-at-11.37.46

(Видео) Четири автомобили се судриле во Влае, еден заминал: никој не е тешко повреден

Нема тешко повредени во сообраќајката која вчера се случи во Влае, под надвозникот, на влезот од населбата. Од МВР посочуваат дека пет лица побарале медицинска помош.„Незгодата била помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од З.А.(29) од с.Сингелиќ, скопско, автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управуван од Т.Т.(46) од Скопје и автомобил „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштил местото на настанот“, велат МВР.На повреди се пожалиле двајца возачи и тројца сопатници.

Скопје | пред 1 година

0382090A-0539-4F2A-BBB6-9641D92671DA_1_105_c

Поразителни бројки и вчера: 707 казнети возачи, 59 биле без возачка, 218 возеле брзо

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (10.04) полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 225, односно 218 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистрирани беа 59 возачи, потоа 26 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас.Седум возачи на мотоцикл биле санкционирани за неносење на заштитна кацига, а изречени биле 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.По основ пак на Законот за возила 17 возила биле отстранети од сообраќај и тоа три заради техничка неисправност а 14 возила биле отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

Таткото на Вања: „Цитроенот“ возеше споро, како да добива инструкции и ми стана сомнителен, од полицијата не видовме ништо конректно, почувствував дека се сомневаат и во мене

Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кого обвинителите го гонат дека помогнал со информации на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, одговараше на прашањата поврзани со денот на грабнувањето на Вања.Обвинителство: Кога сте отишле на локацијата каде што бил последно сигналот на Вања, вие не сте излегле од автомобилот, сте одлучиле да одите во болницата, за вашето заминување кај докторот не кажавте на никој?Обвинетиот Ѓорчевски: Вашето прашање од почетокот е погрешно поставено. Кога се сретнав со чичко и на Зорица, и со групата на полицајци во цивил, пребарувавме во околните гаражи. Не сум го напуштил веднаш местото. Позади мене седи еден од тие луѓе, ако смее нека потврди. Не сум го напуштил веднаш местото. На Митре не сум му кажал дека ќе одам во болница.Обвинителство: Не ја известивте Зорица дека заминувате, ниту Митре Лазаров, ниту овластените службени лица дека биле на местото кои ја барале Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Не, не е така, знаеше за моето движење, јас знаев за нејзиното движење, телефони постојано фрчеа, јас се јавував кај Зорица она кај мене, а дедо Митре рече дека ќе продолжи до потрагата со регионот во кој се наоѓа.Обвинителство: Зорица беше испитана и кажа дека не сте ја известиле дека заминувате од местото, а од ваша страна нејзе не и поставивте прашање, за да го докажете ова што денес го тврдите?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас навистина не знам кога точно и сум се јавил, но таа знаеше дека ќе одам со братучедот Дарко да ја барам Вања по болниците.Обвинителство: Пред да одлучите да заминете, не ја прашавте Зорица каде е Миња?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас знаев дека Зорица ќе оди во училиште, Миња и Вања имаат трет час заедно, зошто да ја прашувам како е Миња, кога Вања ја нема, што е приоритет?  Значи не е воопшто така, ние бевме повикани од полицијата да се вратиме од Хаус Гарден пред зградата. Таму се договоривме, откако на кратко дадовме некакви изјави, не се сеќавам на што се однесуваа, јас се вратив сам, без Зорица кај Хаус Гарден, каде што веќе беше чичко и на Зорица, една група луѓе кои претпоставив дека се полицајци и влегував со нив по гаражите. Не го известив чичко и каде ќе одам.Обвинителство: Рековте дека откако сте провериле дека Вања не се наоѓа по болниците, тој ви дал нешто вам за смирување, па ви дошло некако природно со колата да продолжите кон граничниот премин Блаце, нели е чудно тоа?Обвинетиот Ѓорчевски: Откако ја завршивме претрагата по болниците, најблиските премини се Блаце и излезот од Скопје кон Ѓорче Петров. Јас претходно се јавив кај пријатели кои ми потврдија дека детално ќе се прегледуваат детално сите возила на граница. Поминав кај Палас, и наидов на невидена гужва решив да свртам полукружно и да се упатам кон Ѓорче Петров, вие како обвинител може да дадете наредба до безбеден град, да се види моето движење пред и после една недела од настанот.  Оваа информација ви е од мене. Јас на првиот исказ кај вас ви побарав детектор за лаги. Ми рековте дека не е дозволено употреба на таков уред, кој децидно ќе докаже дали ја зборувам вистината или не. Од мене ви е таа информација, а до бранителот веднаш реагирав во судницата, му посочив за која снимка се работи и каде се сум се движел, и му посочив за кој момент се работи, он ве прашал, и вие сте му рекле дека само тие пет секунди сте ги добиле. И уште една снимка како од кај мостот на Треска влегувам во Скопје.Обвинителство: Како не ви дојде природно да се вратите од местото каде што се сите и ја бараат Вања, значи ли тоа дека однапред знаевте дека нема никакви шанси да ја најдете Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас се надевав дека ќе ја најдам Вања по пат, дека некој што ја украл ќе ја пушти, разговарав по телефон со пријатели кои можат да помогнат, пресудна беше пораката во Вибер групата да се гледаат камери и одлучив веднаш се вратам во Центар и заедно со родителите почнавме да бараме камери.Обвинителство: Велите дека во дадената одбрана на 07.04 дека сте имале и сценарио дека Вања е киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: Нели е чудно зошто да имате сценарио дека Вања би била киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: И јас се прашувам зошто, и тогаш сите се прашувавме, но моментот на исклучување на нејзиниот телефон, скршнување на патот кон улилиште, наведуваа на тоа дека не е по своја волја отидена. Тоа со Зорица го констатиравме во 7 часот и 47 минути, и Зорица ги замоли колешките да објават по социјалните мрежи.Обвинителство: Кажавте дека еден од инспекторите, ви рекол дека, само вие велите дека Вања е киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: Точно е дека тој тоа го кажал, но апсолутно не е точно дека само јас сум го кажал дека Вања е киднапирана. Не видовме ништо конректно од истрагата на полицијата за пронаоѓање на Вања.. Уште на самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене.Ѓорчевски раскажа за сведокот, Гоце Трајковски, за кој рече дека го знае 23 години од неговото венчавање од кога му бил кум. Потоа одговараше и на прашањето околу поврзувањето на работите и откривањето на возилата.Обвинетиот Ѓорчевски: Во моментот кога се појави Гоце воошпто немав поим какви контакти има во полиција и какви пријатели кои можат да ни помогнат. Но многу брзо дека заклучив она што вие сега го констатиравте. За лицето од ‘Сејф сити’ и некои други во истрагата која ја работевме јас и Гоце бевме замолени да не ги откриваме индентитот за да не си ја загубат работата.  Не знам колку скрин шота испративме во Сејф сити, меѓу кои беше и тоа возило, кое навистина испушташе поголем час, се движеше со помала брзина, имаше одблесок на хаубата како да е замрзнато, времето се совпаѓаше со времето на исчезнување на Вања, која пеш не би можела да стигне до таму, се сомневавме и на едно бело комбе, а испративме повеќе снимки од возила.Обвинителство: Ако полициските службеници, ги обезбедуваат снимките, како вашиот пријател кој работи во ‘Сејф сити’ не ги исвестил неговите претпоставени туку прво ве известува вас, а не можете да го откриете неговиот идентитет, а притоа се работи за вашето дете?Обвинетиот Ѓорчевски: Ако биле внесени регистарските таблички во системот на ‘Сејф сити’ денес во судницата ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Претпоставувам дека немале наредба да го бараат возилото. Toa е пропуст на полицијата. Контактот навистина не знам кој е, немам разговарано со него, тој не смееше да ни дава снимки од ‘Сејф сити’, така би ги прекршил правилата и би соочил со казна, меѓутоа ние смеевме него да му праќаме снимки.Обвинителство: За првото возило кое ви станало сомнително, сте го известиле и началникот Дејан Димовски кој кажа дека сте му пратиле фотографии на ‘Вибер’ дека од сите возила кои се забележуваат на камерите само тоа возило ‘цитроен’ ви е сомнително бидејќи било тазе запалено, така?Обвинетиот Ѓорчевски:  Не беше таков редоследот на настаните. И не се сеќавам дека јас му пратив снимка, мислам дека Гоце му прати и тоа беше во деновите кога јавно на социјалнните мрежи имаше објавува за исчезнување на татко (од семејството на убиениот Панче Жежовски) заедно со возилото. А господинот Дејан Димовски не приметив дека ниту во еден момент мене ме обвинува дека има докази за мене и против мене и само дека имале сомнежи.Обвинителство: Кога сведокот Дејан Димовски ви одговори за возилото кое било пратено, дека тоа е запаленото возило, вие сте одговориле дека мислеле на тазе стартувано возило?Обвинетиот Ѓорчевски:  Дејан Димовски не ме информираше дека е запалено возилото, дознавме од социјалните мрежи дека е запално возилото. И јас му немам пратено на ‘Вибер’ дека возилото е запалено. Го немам информирано. Дури и како што разбрав од Гоце, они дознале два дена потоа, по службена должност, дека е запелено возилото.Обвинителство: Значи од нигде никаде само вам ви стана сомнително возилото ‘цитроен’, каде што не се гледа Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Од снимките не се гледа колку лица има во возилото, не ми беше само тоа возило сомнително. Но кога ми беше посочено од ‘Сјефт сити’, го гледав на три камери. Се движеше сомнително, како се движи како да добива инструкции од некого.Распитот е во тек.Претходно:

Македонија | пред 1 година

snimk2.01_31_24_05.Still005

(Видео) Сѐ почесто, тротинетите се меѓу автомобилите, иако ова е строго казниво

Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, се пропишува во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Но ако излеземе на скопските улици, ќе видиме дека не секогаш е така. Дури, тротинетите не се возат на самиот раб од коловозот, туку по средните линии, меѓу Автомобилите. Инаку за вакво возење, предвидени глоби од 80 до 120 евра.Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, се пропишува во измените,  тие се должни да се движат еден зад друг.Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.

Скопје | пред 1 година

kina-sad

Кина со нов удар кон САД: Тоа е тоа, повеќе нема да одговараме на американските зголемувања на царините

Пекинг вели дека нема да одговори на дополнителните царини наметнати од Америка.Кина вели дека „ненормално високите царини“ наметнати од Соединетите Американски Држави „сериозно ги кршат меѓународните и економските трговски правила, основните економски закони и здравиот разум и се целосно еднострано малтретирање и принуда“.Пекинг денеска ги зголеми царините за американски увоз од 84 на 125 отсто, возвраќајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми тарифите за кинески стоки на 145 отсто, зголемувајќи го влогот во трговската војна која се заканува да ги уништи глобалните синџири на снабдување.Зголемувањето доаѓа откако Белата куќа го продолжи притисокот врз втората по големина економија во светот, издвојувајќи ја за дополнителни зголемувања на царините, паузирајќи ги повеќето „реципрочни“ царини наметнати на десетици други земји.„Американското воведување на невообичаено високи царини за Кина сериозно ги крши меѓународните и економските трговски правила, основните економски закони и здравиот разум и е целосно еднострано малтретирање и принуда“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за финансии. 

Свет | пред 1 година

gjorceski-2

Кога Зорица јави дека Вања ја нема, бев избезумен што и гол да излезев немаше да биде невообичаено, рече таткото на Вања, откако обвинителот го праша дали бил буден и спремен кога исчезнало девојчето

Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и на Ана Стојкова Димитриевска, на денешното рочиште го испрашуваат обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, пред судот.Обвинителство: Кажавте дека освен Љупчо Палевски, другите не ги познавате, а за него сте слушнале само?Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, но не како личност туку кога имаше за објектот Тифани, него го споменуваа како Упа, не знам дали како изведувач или не знам што. Инаку ниту на ТВ, ниту никаде на друго место го имам видено како изгледа.Обвинителство: Кажавте дека од 1993 до 1995 година, бевте зависник но не кажавте од која дрога. Од хероин така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да, кажав, бев зависник. Неспорно тоа го знаеја сите мои колеги, пријатели. Супстанцата беше хероин. Ја користев назално, не со шприцеви. Не сум бил екстремен зависник.Обвинителство: Кога ви се родиле децата, сте одлучиле да не работите 7-8 години, за да ги чувате децата, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, Зорица имаше срцева мана, и јас од самиот почеток ги презедов сите обврски кон децата и семејствата, како за моето така и за на Зорица, и за да и олесниме, дури во еден момент дадов целосно отказ, во моментот кога бев вработен во Кометал. За кој што отказ мислев дека ќе биде од краток временски период додека сте стабилизираме. Меѓутоа многу набрзо дојде Миња, имаше само 1 година и 4 месеци помеѓу девојчињата, обврските се дуплираа така што се продолжи мојот рок кога бев невработен. Од 2010 до 2017 година.Обвинителство: Вие одлучивте да не работите, иако децата можат да одат во градинка, или двете баби може да се грижат за децата, да немате никаков финансиски придонес во семејството кое требало да се издржува само од нејзината плата?Обвинетиот Ѓорчевски: Не е така, додека Зорица беше бремена, немаше приходи, живеевме од мојата заштеда. Имавме пари од свадбата, имав поддршка од татко ми, а што се однесува до тоа со бабите, мајка и на Зорица инсистираше да земеме жена, а она и мајка ми воопшто да не се мешаат во воспитувањето на децата. Имавме неуспешен обид, земавме жена додека беа уште малечки, во детали ја фативме како на Миња и дава некакви средства за спиење за да седи мирна, од тие причини не се осмеливме да побараме друга жена, во градинка се обидовме, ги запишавме, и двете, една недела одеа во градинка и потоа две недели беа дома.Обвинителство: За вас беше нормално да не сакате да работите и ви беше сеедно дали ќе земате вие плата или не?Обвинетиот Ѓорчевски: Не било нормално, јас бев принуден, немаше кој. А јас не знаев колку време ќе трае тоа мое отсуство од работа. Се надевавме дека што побрзо ќе се вратам на работа, во секој момент можев да се вратам на работа и ми беа отворени вратите на две фирми.Обвинителство: Кажавте дека сите сопственици биле задоволни од вашето работење, ви давале дури и препораки, чиј сопственик бил Трифун Костовски, кој неодамна јавно изјави дека за вашиот татко има само пофални зборови, но за вас рече дека  не сака да коментира и дека не бил задоволен од вашиот придонес, тоа значи дека не сте биле добар работник како што се фалите, така ли?Обвинетиот Ѓорчевски: Не сум слушнал за таква изјава од господинот Костовски, го знам од мали нозе, дури сме играле и тенис заедно. Господинот Костовски не ми беше надреден мене директно, имаше многу структури помеѓу мене и него кои ја оценувале мојата работа и мојот придонес, а лично од господинот Трифун Костовски сум слушал само пофални работи, за конкретно нешто што сум направил. ТВ не гледам од  тие причини, дека се објавуваат непроверени информации. Јас до 5-то одделение бев соучесник со Радмила Шеќеринска и бевме првенци на генерација. Потоа дојде тинејџерски период, татко ми заминуваше на привремена работа во Полска, и како сите мои другарчиња попуштив со учењето. Во средно училиште бев принудно запишан во Економско, сакав да се запишам во Орце Николов, насочено образование за ниски струи, но татко ми ме запиша економско без моја согласност бидејќи ќе може во иднина да ме запосли бидејќи е успешен во тој сектор.Обвинителката реагираше бидејќи Ѓорчевски не одговара кратко и јасно на прашањата, на што обвинетиот рече: „Мене ова ми личи на испитувањето во полиција“.Обвинителство: Рековте дека ги следите вашите деца на Гугл мапс, за неделата рековте, дека Миња била излезена вечерта, ви се јавила дека останала сама, дека е во ваша близина, побарала помош од вас да ја испратите дома, вие рековте дека не сте отишле и преку камерата и преку мобилниот да ја следите иако било смртно преплашена?Обвинетиот Ѓорчевски: Слонче не е во моја непосредна близина, туку во близина на училиштето, а Миња не била смртно преплашена, туку вообичаено. И да, точно е дека ми требаа 15 минути за да стигнам до таму за да ја испратам до дома, и таа ќе требаше да седи сама 10-15 минути, да заедно се решивме и се договоривме, да и правам друштво како што опишавте. Не отидов бидејќи тоа сме го правеле многу пати претходно. Откога почнаа да одат и да се враќаат дома од училиште, зборуваа или со мене или со Зорица.Обвинителство: Децата одеа само прва смена?Обвинетиот Ѓорчевски: Да децата одеа само прва смена.Обвинителство: Учеа во исто училиште и одеа иста смена, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: Вие го знаевте распоред на часови, од повеќе причини?Обвинетиот Ѓорчевски: Имаше моменти кога губеа некој час, сакав да имам увид во тоа, кога ќе им спојат со други одделенија, кога порано ќе ги пуштат да си одат дома. Во секој момент сакав да знам на кој час се.Обвинителство: Според редовниот распоред на часови, Вања без исклучок, секој петок оди сама на првиот училишен час, бидејќи Миња почнува со настава од вториот час, така ли беше на 24.11.2023 година во петокот?Обвинетиот Ѓорчевски: Да таков беше редовниот наставен план, за таа година за прв пат. Дури невообичаено, Миња наставата ја почнуваше од втори час.Обвинителство: На 24.11.2023 бил направен обидот за грабнување на Вања, тоа го слушнавме од многу искази тука, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: На 27.11.2023 понеделник, Вања по исклучок треба да оди сама на првиот училишен час, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: За тоа дека Вања ќе оди сама, а Миња ќе оди од вториот час, се знаело од неделата вечерта, на 26.11.2023 година...?Обвинетиот Ѓорчевски: Постои комуникација помеѓу мене и Зорица каде го дискутираме.Обвинителство: Сепак Миња на 26.11.2023 година недела вечерта, е известена за тоа дека на 27.11 понеделник дека ќе оди на втор час?Обвинетиот Ѓорчевски: Ќе повторам мислам дека во саботата знаевме, и дискутиравме со Зорица. Бидејќи и претходната недела беше отсутен класниот наставник, и ги губеа сите часови со неа.Обвинителство: Но требаше  да се врати во понеделникот?Обвинетиот Ѓорчевски: Да, така не извести првично, но потоа ни рече дека ќе отсуствува и оваа недела.Обвинителство: Значи дека од сите обвинети овде дека Вања на 27.11 понеделникот дека ќе оди сама на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам што знаеле другите обвинети, јас знаев.Обвинителство: Вечерта на 26.11 недела точно ли е дека пративте порака во ‘дискорт’ групата во 21.20 часот, цитирам, ‘Утре ќе биде ѕивра, извадете уште сега алишта сабајле да не губите време, извадете уште сега.... плус блуза, плус јакни, ракавици не мора ако каде да ги брцнете рацете’, оваа порака сте ја препратиле и на Зорица во 22,35 часот. Со пораката сакавте да ги спремите децата дека ќе одат на планина, а не на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Не се сеќавам точно за минути за часови, личи на мене тоа што го кажавте, не знам до збор како сум им пренел, меѓутоа суштината била да се облечат топло, затоа што тој ден навистина за прв пат беше најавуван како најстуден ден тоа зимо, познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат ја препратив пораката и кај Зорица, за да ги наговори да се облечат топло за на училиште, а не во ски-комбилизони како што тука прејудицирате за на планина. Згора на се, како што претпоставував, и јас и Зорица, они беа во тинејџерски години, не ме послушале ниту мене ниту Зорица, и си се облекле фенси а не топло.Обвинителство: Иако сте ги известиле со пораката, дека ќе биде ладно, на 27.11.2023 како пожртвуван родител, како што велите дека сте биле, не отидовте утрото да ги однесете децата на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Помислив на тоа, ми дојде таа идеа меѓутоа Зорица имаше став дека треба да престанеме да ги галиме и размазуваме, иако се јавив да и се понудам знаев каков ќе беше нејзиниот одговор. Што се однесува до мене, да немаше таков однос од страна на Зорица, ќе идев ќе ги земев и ќе ги однесев на училиште. Тука има само уште еден момент, кога помислив да ги носам, целосно имав заборавено дека Миња е од втор час.Обвинителство: На 27.11 Зорица ви се јавила дека Вања ја нема, дека вие веднаш сте се облекле и сте се нашле пред зградата пред Зорица, за вас е својствено секогаш да доцните, да биде поспан. Не е својствено да функционирате така рано од сабајле. Како тогаш, успеавте толку брзо да станете и да се спремите и да се симнете?Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам од каде ви е овој заклучок, дека било својствено да доцнам, можеби не сум стасувал бидејќи сум имал обврски и не сум стасувал навремено да сменам две пелени, да облечам две деца, да ја изгасам ринглата каде што се готвела манџа и не се стигнувало можеби на некој роденден. Кога преземав пола од обврските, ги поделивме со Зорица, не сум задоцнил ниту секунди. За пауза на работа, за половина час, ќе стасав да идам до АХВ, да заверам сертификат, до Стопанска комора, и да стигнам до училиште да ја преминам Миња преку раскрсница и да се вратам на време на работа. Што се однесува до сабајлето, јас бев толку избезумен, што и гол да се симнев немаше да биде невообичаено.Обвинителство: Што значи дека на 27.11 вие бевте станати и подготвени, облечени така?Обвинетиот Ѓорчевски: Не, не е така, јас бев во кревет по долна облека, а Зорица ја ставив на спикер додека ми објаснуваше како класната ја известила дека Вања не е дојдена.РАСПИТОТ Е ВО ТЕК.

Македонија | пред 1 година

snimk2.01_31_04_07.Still004

(Видео) Директорот на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа

Една попладневна екскурзија за семејство шпански туристи преку замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се наоѓаа се урна во река кај брегот на Њу Џерси, при што загина целото семејство и пилотот.Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс рече дека семејството е од Шпанија. Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерс Кампруби Монтал и нивните деца, на возраст од 4, 5 и 11 години, се идентификувани како жртви на несреќата, заедно со 36-годишниот пилот, потврдија полициски извори за ABC News. Агустин Ескобар беше извршен директор (извршен директор) на шпанската поделба на Сименс.Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, службите за итна помош примиле повик во 15:17 часот. - пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето полицијата од водата извадила четири лица, а пожарникарите уште две.Четири лица беа прогласени за мртви на местото на настанот, а две се пренесени во болница, рече Тиш. Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат и тие исто така загиналеСпоред FlightRadar24, станува збор за хеликоптер Bell 206L-4 LongRanger IV, изграден во 2004 година, со сертификат за пловидбеност од 2016 година кој важи до 2029 година, според податоците на FAA. Информациите за пилотот не беа достапни, рече Адамс.Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долниот Менхетен во 14 часот и 59 минути, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон. Во 15:08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрола, рече Тиш.Во моментот на ударот во водата, хеликоптерот очигледно бил наопаку, а од водата се гледала кабината. Има извештаи дека хеликоптерот заглавил во воздух и делови почнале да се одвојуваат - во согласност со повиците до 911, рече Тиш.Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) започнаа заедничка истрага. НТСБ го води главниот дел од истрагата.Хеликоптерот бил во посебен воздушен простор над Њујорк, каде што нема активна контрола на летот, изјави министерот Шон Дафи. Неколку минути пред влегувањето во таа зона, контрола извршила контролата на летање на аеродромот Ла Гвардија.Во текот на истрагата ќе се анализира целата документација за состојбата на хеликоптерот.

Свет | пред 1 година

dzid-zgrada

(Видео) Градејќи нова, урнале ѕид од зграда: инцидент во Ѓорче, станари велат дека ова е загрозување на нивната сигурност и здравје

Под притисок на бетонска маса од соседна зграда чија изградба е во тек, се урнал ѕид кај соседите. Ова го јавуваат жители од булеварот „Партизански одреди“ 165. Тие посочуваат дека за време на истурање на бетон, ѕидот им попуштил и паднал на скалите. Станарите случајот го пријавиле во полиција, како и во општината Ѓорче Петров. Станари сведочеа дека се среќни што не настрадал човек, а во моментот кога се случило ова – во ходникот немало никој.„Спроти нашата зграда моментално се гради нов објект, и утрово, за време на истурање бетон, дојде до рушење на ѕид од внатрешниот дел на нашата зграда. Под притисокот на бетонската маса, ѕидот целосно попушти и падна во заедничкиот простор на скалите, нанесувајќи голема штета. Дополнително, оштетени се инсталации (електрични и водоводни), што претставува сериозна закана по безбедноста на сите станари во зградата. Ова не е само материјална штета – туку и директно загрозување на нашата сигурност и здравје“, вели жител на зградата.Од Општина Ѓорче Петров велат дека ова предизвикало загриженост кај нив. Утврдиле дека инвеститорот и изведувачот направиле штета.„За истата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна. Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови“, велат Општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-10-at-19.18.11

(Видео) Гол маж уапсен пред средното „Јосип Броз Тито“, спроведен на психијатрија

Вчеравечер, пред средното училиште „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје, 40-годишен маж шетал гол, додека во непосредна близина имало средношколци и случајни минувачи. Од снимката направена од граѓанин се гледа дека реагирала полицијата, која преземала мерки за стационирање на лицето.„Полициски службеници го затекнале Ј.Р.(40) од Скопје како се движи на улица без облека. Лицето било приведено во полициска станица, по што од Итна медицинска помош во присуство на полициски службеници бил спроведен во психијатриска болница за понатамошно лекување“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-10-at-19.15.50

Се роди белоглав мршојадец во ЗОО-Скопје: тие се еко чувари, се хранат со трупови од мртви животни и спречуваат ширење зарази

Се родило бебе, белоглав мршојадец во Зоолошката градина-Скопје.„Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец. Овој вид е трајно заштитен во нашата држава, како еден од најзагрозените, а неговата улога во природата е доста значајна Мршојадците се всушност наши еко чувари. Тие се хранат со трупови на мртви животни и со тоа спречуваат ширење на зарази.Женките птици најчесто се гнездат на ксрпи и несат по едно јајце, чија инкубација трае 48-53 дена. За продолжување на овој вид, се надеваме дека во скора иднина тоа ќе можеме да го правиме преку реинтродукција односно пуштање на млади единки во природа, со цел да спречиме истребување на белоглавите мрошојади на македонска територија каде што најчесто страдаат од човечки фактор со труење, хранејќи се со затруени животни од човечка рака. Искрено посакуваме што повеќе бебиња во домот на белоглавите мршојади во Скопје ЗОО“, велат оттаму.

Скопје | пред 1 година

onkologija-terapija

(Видео) Повторно ги нема сите лекови за болните од рак, сликата иста - гужви и недостаток на персонсал

Повторно неизвесност и страв кај пациентите кои се борат со ракот.Пациентите на Онкологија повторно се соочуваат со недостаток на лекови од чие редовно аплицирање зависат нивните животи.Една недела, на Онкологија нема дози од биолошкиот лек Palbosiklib, а сега се јави недостаток и за биолошкиот лек биолошкиот лек Bevacuzimab (Авастин). Остри реакции од пациентите, додека надлежните смируваат и велат дека процесот на набавка е во тек. Најголеми реакции предизвика кусокот на Авастин, бидејќи е лек кој го земаат огромен број од пациентите кои се борат со канцер.„Таа терапија се прима два пати месечно, значи пациентите ќе пропуштат два третмани со терапија. Терапијата е неопходна за одржување во живот. Прескапа е приватно, но не сакав мајка ми да остане без терапија и отидов во аптеката ‘Пановски’ и ја купив. Парите не се рефундирале, бидејќи не знам, нешто не била на некаква си листа. Во аптеката на Онкологија ми рекоа дека ќе ја нема скоро три недели“, пишува син на заболена од канцер.Но освен биолошката, нема ниту хормонска терапија во аптеките.„Навистина не знам како повторно се доведовме во истата ситуација, а тоа е да се доцни со тендерот. Тендерот беше многу доцна објавен, не знам од кои причини бидејќи ние веќе во почетокот на февруари знаевме дека терапија нема да има доволно, само се надевам дека откако веќе е почната процедурата дека ова нема да се одложи по празниците и дека ќе успеат да го завршат бидејќи се чека од Министерството за здравство сега, за пациентите да добијат терапија пред празниците и не се одложи да биде веќе први мај, бидејќи дел од терапијата ја снема некаде околу 15 март што значи би биле оставени месец и половина без терапија”, вели Ана Марјановиќ од Здружението Хема Онко.Од Клиниката за онкологија и радиотерапија пак велат дека течат роковите за набавка.„За ароматаза инхибиторите (letrazol и anastrazol) ќе бидат достапни во сите аптеки бидејќи се на позитивна листа на ФЗО. Во однос на palbociclib и bevacuzimab - штом го потпишеме договор, веднаш ќе бидат достапни да се земат/аплицираат од клиниката. Моментално течат законските рокови на јавната набавка“, вели директорот и доктор Игор Стојков.Првиот човек на Фондот за здравство вели дека се работи за технички проблеми во Бирото за јавни набавки и уверува дека до велигденските празници проблемот ќе биде решен.„Заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се доцнеше со тоа, тендерот е отворен и очекувам пред велигденските празници сите лекови да бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци”, изјави Сашо Клековски директор на ФЗОМ.Огромен и тежок проблем се турканиците и нечовечките услови на Клиниката поради голем недостаток од персонал.Иако буџетот за онкологија, според ветувањата е двојно зголемен, на клиниката се уште нема нови вработувања.Нема ништо ниту од онколошко одделение во Градската болница „Осми септември“ каде е лоциран и акцелераторот кој беше набавен и промовиран уште пред три години. Со отворањето на ова одделение требаше да се олесни притисокот врз онколошката клиника.Во Претрес кој го насловивме ,, Крик за живот” говоревме и ви пренесовме многу болни сведочења, гужви во ходниците во кои не може ниту воздух да се земе, за недостигот од лекови и персонал.Погледнете ги на следните линкови: 

Македонија | пред 1 година

soo

(Видео) Сообраќајка на влезот од Влае, гужва на Партизанска

Сообраќајка има има кај надвозникот пред влезот на Влае. Според првичните информации, се судриле три возила. Нема информација за повредени лица. На потегот од Карпош 4 кон Влае има голема гужва.Инаку токму на овој дел од „Партизанска“ често има полиција која мери брзина, токму поради тоа што се вози без да се почитуваат правилата.Повеќе информации се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-10-at-15.39.13

Судијата не смеел да досуди повеќе од две години за возачот кој ја усмрти Теодора во Тетово, велат од Судскиот совет

Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои постапувале во случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие таксативно наведуваат кој суд како постапил, па на крајот посочува дека судијата Елмедин Ферати не згрешил кога возачот Менсур Пајазити кој го усмрти девојчето, го осудил на 2-години затвор. Оттаму појаснуваат дека на пресудата се жалел само возачот Ферати, па така, според нив тука важи одредбата од Законот за кривична постапка насловена како „забрана за менување во полошо“ во однос на казната.„Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, стои во одредбата од законот на кој се повикуваат.Работите, според образложението на Судски совет би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити бил осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, односно обвинителката Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната, а потоа се предомислила и барала пониска казна. И така била изречена санкцијата од две години, која е конечна.Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот. Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барало да се потврди казната, па се предомислило.

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Продолжуваат измамите: лажен полицаец изнудил 3.000 евра од скопјанка

„На 09.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати“, велат од МВР и додаваат:Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

strasevski-palevski

(Видео) Адвокатот на Палевски: Пострашно е да браниш педофил, отколку убиство на дете

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски-Палчо кој е обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во „Претрес со Ландов“ вели дека за него е пострашно да се брани педофил отколку убиец на дете.„За мене ова е многу бизарно и просто прашање, затоа што јас сум адвокат на сите кои ги бранам или сум полномошник во таа постапка. Јас имам и за три-четири убиства.. Значи јас работам како адвокат, не ги делам странките на вакви или такви. Има мои колеги кои бранат педофили, што по мене е поопасна работа некое дете цел живот да има трауми, да браниш педофил, отколку да браниш убиство, за мене е пострашна работа. Детето да остане живо и да има трауми од педофил кој го нападнал...“, рече Страшевски.Прашан од водителот: „Педофилија е пострашно од убиство на дете“, адвокатот Страшевски одговори: „За мене да“.https://www.youtube.com/live/VgO5UF9EzMo?feature=shared

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања