Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Се гонат 43 лица за измами со брзи кредити: меѓу нив и службено лице од ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.„За четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.Во текот на предистражната постапка, обвинителството во координација со МВР-СВР Скопје, обезбеди обемен доказен материјал дека почнувајќи од јули 2022 година, користејќи различни модалитети на извршување, осомничените со умисла вршеле временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исти дела. Притоа користеле исти трајни односи, исти прилики и слични околности, а крајната цел им била да прибават за себе имотна корист.Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.Еден дел од осомничените лажирале податоци за вработување на невработени лица, прикажувајќи ги како вработени и кредитоспособни, па врз основа на тие податоци од кредитните друштва извлекувале пари кои потоа биле ненаплатливи. Во тоа им помагал и осомничениот – службеното лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, ставајќи им средства на располагање, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедувал преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот.Ваквите лажни податоци лицата ги користеле за да подигнат и по неколку кредити од различни друштва во еден ден, со што прибавувале значителна имотна корист. Потоа парите ги извлекувале од сметка и во најголем дел ги давале на осомничените организатори на вакви измами.Незаконски прибавената имотна корист од сите вакви дејствија во вкупен обем надминува три милиони денари.Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за тројца од осомничените опфатени со наредбата за истрага, додека четвртиот веќе се наоѓа во притвор во постапка за друго кривично дело“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

poarr-pozar-513451

(Видео) Нема повредени во пожарот близу Клинички, се запалил „циторен“, зафатил „пунто“ и фасада од зграда

„Денеска (10.04.2025) во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје.Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од МВР.

Скопје | пред 1 година

mickoski-3

Мицкоски оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија Лутник

„Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додаде:„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка.Се согласивме да продолжиме да го развиваме стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји“.

Македонија | пред 1 година

ursula-1

Пристигна првата реакција на ЕУ за пресвртот на Трамп за тарифите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги паузира „реципрочните“ царини на 90 дена, нагласувајќи дека ЕУ останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне непречена и заемно корисна трговија.„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“, рече фон дер Лајен во изјавата објавена од Комисијата.Претседателката на Комисијата ја повторува подготвеноста за преговори и нулта царинска стапка меѓу ЕУ и САД.„Тарифите се даноци кои само им штетат на компаниите и потрошувачите. Затоа отсекогаш сум се залагал за договор за нула царини меѓу Европската унија и САД“, вели Фон дер Лајен.Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да се труди да ги диверзифицира своите трговски партнерства со земјите кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и кои ја делат истата посветеност на слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи.Таа најави дека Комисијата ќе ги засили напорите за отстранување на пречките на единствениот пазар. „Оваа криза јасно стави до знаење: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека ќе ги паузира реципрочните царини на 90 дена и дека дополнително ќе ги зголеми царините за увоз од Кина.Ненадејната промена се случи помалку од 24 часа откако стапија на сила новите американски царини за увоз од десетици земји, трговски партнери на Соединетите Американски Држави.Според економските аналитичари во САД, Трамп направи пресврт откако пазарот на обврзници беше разнишан. Приносите на 30-годишните и 10-годишните државни трезори на САД се зголемија, доведувајќи ја во прашање одржливоста на долгот на САД.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-10-at-10.33.43

(Видео) Автомобил гори на „50-та девизија“ на приклучокот на Водњанска

Возило се запали на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на Водњанска.Црн чад се гледа и од центарот на Скопје.Засега нема информација за повредени лица.Местото го обезбедува полицијата.

Скопје | пред 1 година

1703841883-Tan2023-12-2909351972_7-1536x1152-1

Русија го нападна Киев, Украинците јавуваат за 12 повредени

Во текот на ноќта Русија со беспилотни летала ги нападна украинската престолнина Киев и Миколаев на југот на земјата, при што беа повредени најмалку 12 лица, соопштија властите.Две жени се повредени во главниот град, каде дронови предизвикаа пожар во магацин и оштетија станбени згради, соопшти градската воена управа во Киев.Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 85 од 145 беспилотни летала лансирани од Русија во нејзиниот напад во текот на ноќта. Се додава дека 49 други не успеале да ги постигнат своите цели, веројатно поради контрамерки за електронско војување.Воздухопловните сили не појаснија што се случило со преостанатите 11 беспилотни летала.Надлежните снимиле 30 дронови во воздушниот простор над главниот град, од кои 16 се уништени, а останатите или го напуштиле воздушниот простор или биле „изгубени“.Во нападот во текот на ноќта беа повредени и 10 лица во јужниот град Миколаев, изјави регионалниот гувернер Виталиј Ким.Во рускиот напад оштетени се и девет станбени згради, 30 гаражи и административна зграда, додаде тој.Русија негира дека намерно гаѓа цивили, но илјадници се убиени и повредени во нејзината инвазија на Украина.

Свет | пред 1 година

Kina

Кина: Не започнавме трговска војна, но ќе се бориме до крај

Како што трговската војна меѓу Кина и САД влегува во нова фаза, кинеското Министерство за надворешни работи ја одржа својата редовна прес-конференција, на која доминираше темата за царини и односите со Вашингтон.Портпаролот на Министерството Лин Џијан веднаш беше прашан за царините, на што тој ги обвини САД дека „ја користат трговијата како оружје за максимален притисок“ и се обидуваат да постигнат „себични цели“.„Овој потег не е само против Кина. Тоа е напад врз целиот свет“, рече Лин.Зборувајќи за одговорот на Кина - царина од 84 проценти за американските стоки, тој рече дека тоа е „неопходна контрамерка против американска злоупотреба“ со цел да се заштити кинескиот суверенитет, меѓународната правда и заедничките интереси на светската заедница.„Трговските војни немаат победници. Кина не ги сака, но не се плаши од нив“, рече Лин, додавајќи: „Ако САД решат да се борат, Кина ќе оди до крај“.На прашањето дали Кина ќе одговори на тврдењето на Трамп дека „чека покана од Пекинг“ за почеток на преговорите, Лин без двоумење одговори: „Притисокот, заканите и уцените не се начин да се реши проблемот со Кина. Ако САД сакаат да разговараат, мора да покажат став на еднаквост, почит и взаемна корист“.Тој повтори дека Кина не иницирала трговска војна, но доколку биде принудена, „ќе се бори до крај“.Зборувајќи за ефектот на американските царини врз остатокот од светот, Лин рече дека САД „ги држат за гуша други земји“ за да ги принудат на отстапки. Тој го оцени како форма на принуда насочена кон доминација во меѓународниот трговски поредок.Во истиот контекст се осврна и на односите со Европската Унија. Тој ја пофали изјавата на шпанската влада дека ќе ги продлабочи трговските врски со Кина, и покрај американските предупредувања. Да потсетиме, од Вашингтон стигна предупредување до Мадрид дека приближувањето до Пекинг значи „сам да си се сече гркланот“.Лин рече дека односите меѓу Кина и Шпанија се составен дел од поширокото стратешко партнерство со Европската унија.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-09-221933

(Видео) Страшевски: Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Палчо ќе се повлечам и ќе и се извинам на јавноста

Кој го уби Панче Жежовски, на ова прашање во Претрес со Ландов, адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски одговара дека не знае бидејќи не бил таму. То тврди според доказите дека Валибор Манев направил кривично дело со давање лажен исказ.„Многу пати сум го провоцирал Палевски, но тој ми тврди дека убиствата на Вања и Панче не ги извршил. Нема докази, вели Палевски и ќе се борам до крај за жена ми и ќерка ми и за фамилијата”, oдговори Страшевски кој вели дека не може вината да ја насочи кон никого.Палевски пак во писмо вели дека Велибор Манев убиецот.Страшевски вели дека е можно да имало недоразбирања меѓу Велибор и Палевски, но не е докажано дека пиштолот е на Боре Видевски, исчезната е ташничката со пиштолот на Видевски од Велес до Скопје. И пиштолот го нема.„Ако има еден доказ дека Палевски ги убил Вања и Панче, ќе се повлечам и ќе се извинам на јавноста“.

Македонија | пред 1 година

strashevski-2

(Видео) Адвокатот на Палчо со контроверзни тврдења, не кажа како ќе биде исплатен за одбраната на Палчо

Јовица Страшевски, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, прво тврдеше дека про боно ќе го брани Палчо.Потоа тврдеше дека ако ја добие постапката ќе си наплати, но не кажа како и од што ќе биде исплатен, бидејќи повтори, Палчо е веќе осуден и пред да почне постапката.Нема да добие ни стан, ни кола ниту партијата Десна од Палчо, човекот обвинет за убиство на Вања и Панче.„Партијата Десна не ми треба, јас сум горд член на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Страшевски.

Македонија | пред 1 година

strashevski-4

(Видео) Адвокатот на Палчо: Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да го изврши убиството на Вања и Панче

Адвокатот Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо, во Претрес со Ландов рече дека тој се нафатил да го брани Палчо иако на почетокот, како и многу адвокати одбил да го брани.„Јас сум адвокат и можам сите да ги застапувам. Во развиените држави најдобрите и најискусните адвокати се бранители во вакви случаи.Прифатив да го брана не заради материјална корист и немам стари долгови кон него. Палевски нема капацитет и не ми изгледа како човек способен да изврши вакво дело, како убиството на Вања и Панче.Нема ни еден доказ дека го извршил ова дело.Го знам повеќе од 20 години. Ми помогна пред дваесетина години за префрлање од едно на друго дело.Не сме се дружеле. Палевски ме замоли и во ова дело да го бранам. Два часа ги гледав доказите, нема доказ дека го извршил ова дело”, вели Страшевски.Тој негира дека не е вистина како што го нарекуваат дека во случајот влегол како џокер во покер.„Јас сум ВМРО и гордо го кажувам тоа и не се мешам во други партии“, вели Страшевски.Тврди дека не е во ред водењето на постапката.

Македонија | пред 1 година

tamnel

🔴ВО ЖИВО за најгрозоморните убиства! „Претрес“ на адвокатот на Палевски за доказите, снимките, сведочењата

Познати адвокатски имиња одбија да го бранат Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за грозоморното убиство на Вања и Панче. Јовица го прифати предизвикот- професионален или материјален, или можност за промоција. Во „Претрес“ ќе чуете за подготовките, убиствата, менувањето искази, дали е убеден во невиноста на Палчо и каква казна очекува.Следете во живо:https://www.youtube.com/live/VgO5UF9EzMo

Македонија | пред 1 година

sad

Портпаролката на Трамп по паузирањето на царините: Ова е уметност на преговарање, многумина во медиумите не ја разбираат

Американскиот министер за финансии Скот Бесент ја пофали одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги суспендира новите царини за сите земји освен Кина, нарекувајќи го потег „за кој требаше голема храброст“. Според него, оваа пауза дава доволно време да се преговара за нови трговски договори со различни земји.„Потребна беше многу храброст за претседателот Трамп да застане на својот став до овој момент“, им рече Бесент на новинарите пред Белата куќа, набргу откако Трамп објави дека новата реципрочна тарифа ќе биде суспендирана на 90 дена. Министерот, исто така, најави дека земјите кои сакаат да преговараат со САД би можеле да очекуваат намалување на тарифите до 10%, вклучувајќи ги Канада и Мексико.Бесент, исто така, рече дека американската администрација очекува земјите да излезат со најдобри понуди за пренасочување на глобалната трговија.Портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, ја бранеше одлуката на Трамп да воведе огромни царини, велејќи дека тоа е само тактички потег во неговата позната стратегија „уметност на преговори“.„Многу од вас во медиумите очигледно не ја разбираат „уметноста на договорот“. Јасно е дека претседателот Трамп знае што прави“, рече Левит, осврнувајќи се на книгата на Трамп „Трамп: Уметноста на договорот“, која го прикажува неговиот деловен успех.Левит, исто така, ги негираше тврдењата дека тарифите ќе ги туркаат сојузниците на САД кон Кина, тврдејќи дека се случил сосема спротивен ефект. „Целиот свет ги повикува САД, а не Кина, бидејќи им требаат нашите пазари, нашите потрошувачи и претседателот Трамп да преговараат“, рече таа.

Свет | пред 1 година

rast-na-berzi

Берзите брзо растат

Берзите драстично растат по најавата на Трамп дека го паузира воведувањето на царините од САД.Еве брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснаа заклучно со 13:26 часот, по временската зона на Њујорк:Дау Џонс порасна за 5,76 отстоS&P 500 порасна за 6,46%.Nasdaq порасна за 8,04%Од вчерашното затворање на пазарот, компаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на LSEG.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Трамп ги паузираше царините за сите, освен за Кина - на нив им ги зголеми

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави дека на 90 дена ги суспендира царините за сите освен за Кина.За Кина ги зголеми царините од 104 на 125 отсто, откако Кина, како одговор на царините на Трамп за Кина, воведе нова царина од 84 отсто за американските производи.„Врз основа на недостатокот на кинеска почит кон глобалните пазари, со ова ја зголемувам царината што Соединетите Американски Држави и ја наплаќаат на Кина на 125%, што стапува на сила веднаш. Се надевам дека, во одреден момент, Кина ќе сфати дека деновите на експлоатација на САД и другите земји се завршени и дека тоа повеќе не е одржливо или прифатливо.Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји ги поканија претставниците на Соединетите Држави, вклучително и Министерството за трговија, Министерството за финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да преговараат за решение на темите што се разгледуваат поврзани со трговијата, трговските бариери, тарифите, валутите, манипулациите со валутите и валутите кои не ги предлагаат одмазднички мерки против Соединетите Американски Држави, одобрив 90-дневна ПАУЗА и значително помала реципрочна давачка од 10% во овој период, која исто така стапува во сила веднаш. Ви благодариме за вниманието на оваа работа“, напиша Трамп на Твитер.

пред 1 година

bogojeski

Богојески се огласи откако стана директор: Прифатив поради сериозните задачи што произлегуваат од образовниот сектор

Петар Богојески откако доби директорска функција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.„Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми. Искрено благодарам за довербата што ми е укажана од страна на членовите на Управниот одбор. Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата.Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите. Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција“, напиша Богојески.

Македонија | пред 1 година

zelezarski

Осудениот Железарски за низа кривични дела е затвореникот со дрогата, часовникот и кучката Цеца

Осудениот Жан Железарски е затвореникот кој зборувајќи на мобилен телефон ја барал дрогата префрлена во дворот на затворот „Штип“, а затворските полицајци наводно трагале по скап часовник кој кучката Цеца му го зела додека играле. За него, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, рече дека е познато лице од подземјето. На македонските затвори им се врати пред речиси четири години, а претходно беше во двегодишно бегство.Железарски е осуден во случајот „Детонатор“. Овој случај се водеше за обид за убиство, злосторничко здружување, лихварство и измама. Железарски доби 14,5 години затвор, а по закани упатени кон судијката Весна Димишкова, имаше дополнителни две години затвор.Но „Детонатор“ не е единствен случај. Бројни се пресудите против него. Го гонеле за телесни повреди, насилство, оштетување туѓи предмети, давање лажен исказ, предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста.Скандалот со дрогата, часовникот и кучката Цеца е последен во низата за затворскиот систем, како и за Железарски. Сега, поради тоа што го оставиле со мобилен и наместо да му го одземат си се поздравиле – ќе одговараат полицајците кои му помагале за дрогата односно за да го најде часовникот земен од Цеца. За полициските службеници се води дисциплинска постапка, а ќе се достави и кривична пријава, најави Пандов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-09-at-16.19.18

Богојески доби директорска фотелја во Националната агенција со која порано раководеше Лидија Димова

Диреторувањето со Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, го презема Петар Богојески од „Македонски коцепт“ коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е именуван од Управиот одбор на агенцијата, откако Марко Ѓоргиевски поднел оставка од функцијата. Оваа агенција стана позната во јавноста по скандалот со парите за фризерницата и магарињата, а во времето кога со неа раководеше Лидија Димова која и натаму е на обвинителна клупа.Агенциајта има клучна улога кога во прашање се средствата од програмата „Еразмус+“, од Европската Унија. Најчесто оваа агенција доделува средства за проекти кои овозможуваат соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.Националната агенциај се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), од каде лани побараа поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.Богојески пред три месеци гостуваше во „Претрес“ каде рече дека срам и очај е политиката во Македонија и дека се срами што е дел од неа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-09-at-15.48.11

(Видео) Плац за стари автомобили се запали во Бардовци, црн чад надвисна над Скопје

Плац со стари возила се запали во скопско Бардовци. Црн чад од пожарот се гледаше и од соседните општини. Изгореле пет автомобили, а нема повредени.Плацот се наоѓа во близина на Психијатриската болница во Бардовци, односно зад неа. Возилата кои изгореле не биле во возна состојба, туку од нив се препродавале докази.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-04-08-at-12.59.59

Директорот на Геријатрија доби притвор откако барал 100.000 евра за да смести пациент

В.д директорот на Специјализираната болница за геријатрија Мухсин Арифи доби притвор од Кривичниот суд, заедно со посредникот кој според МВР ги зел парите.„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од КЗ, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои: Се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Основано сомнение дека може да го повторат делото. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“,велат од Судот.Претходно, детали соопшти Обвинителството.„Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши.Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.По неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје.На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка.На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра.Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници“, рекоа оттаму.

Македонија | пред 1 година

snimka-ceca-stip

(Видео) Снимка од барањето на часовникот кој го зела кучката Цеца од затвореник во Штип

Снимка од моментот кога во КПУ Штип се префрла дрогата преку ѕидот, а затвореникот за кој Пандов рече дека е дел од подземјето ја бара, додека полицајците наводно му го барале скапиот часовник кој му го зела кучката Цеца со која играле на шеталиштето...На снимката се гледа токму тоа што директорот на Управата за извршување на санкции го презентираше на прес-конференцијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-09-at-12.37.26

(Видео) На затвореник од штипскиот затвор му фрлиле дрога преку ѕид, а полицајци излегле да бараат „часовник кој кучката Цеца“ му го зела додека играле

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов, раскажа како во затворот во Штип преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да ја бараат на шеталиштето. Кога дошле полицајци, тие им се придружиле во потрагата. Кога започнала постапка против вработените во затворот, тие се правдале дека го барале скапиот часовник кој, како што рекле, затворската кучка Цеца го земала и го однела. Според Пандов, затвореникот Ж.Ж. е лице познато од македонското подземје.„Повод за прес-конференцијата е немил настан кој се случи во КПУ Штип. На 20.02, пред затворот во Штип доаѓа возило, пред затворот има две капии и трета. Ја поминува првата капија и доаѓа до втората. Таму има дежурана и затворски полицаец. Одма да напоменам дека не запишува кој дошол во дневникот и такво појавување од човек кој не е вработен - е забранета работа. Тоа лице доаѓа до ѕидот на затворот и префрла топка. Настанот се случува во 21:40 минути, таму се појавува затвореник Ж.Ж. и уште еден затвореник со инцијали Р.К. Едниот затвореник збори на телефон. Се појавува затворски полицаец и им вели да се оддалечат. Командирот ги повикува уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж. и натаму зборува на телефон.. Затворските полицајци проодлжуваат да ја бараат топката со затворениците.. Не ја наоѓаат“, рече Пандов.Потоа, сабајлето била најдена дрога, иако полицајците тврделе дека му го барале часовникот на затвореникот кој му го земала затворската кучка Цеца.„35 грама бела прашкаста материја веројатно кокаин и 50 грама мархихуана. Кога командирот и директорот на затворот, Здравев, прашале што бараат...Образложиле, дека имаат кучка Цеца, па затвореникот имал скап часовник кој воопшто го нема пријавено, па кучката Цеца му го земала, трчала низ тревникот, го изгубила. Па да му излезат во пресрет, тие го барале часовникот. По наредба на директорот се формира дисциплинска комисија. Најмала плата на овие затворски плати кои учествуваат во ова им се 57.000 денари“, додаде Пандов.

Македонија | пред 1 година

SLIKA-1-HT

Тимска игра на хуманост - Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донираше

Хуманоста е секогаш на прво место, мото по кое се води компанијата Mozzart. Една од наjпознатите и редовни хуманитарни акции е хуманитарниот тикет за викенд кој по втор пат оваа година е добитен. Овојпат типувач беше новинарката Андријана Јовановска која одлучи добивката да ја донира на семејството од Петровец чија куќа изгоре во пожар.„Многу се израдував кога ми јавивте дека хуманитарниот тикет е добитен и дека ќе може заедно да донираме пари на едно прекрасно семејство на кое му е потребна помош. Станува збор за дедо Трајан Трпковски од с. Петровец, кој на 82 години неодамна го изгуби својот дом во пожар. Верувам дека семејството наскоро ќе ги собере потребните средства и дека ќе имаат нов, топол дом. Да не звучам клише, но фала ви и вам за можноста да типувам преку хуманитарниот тикет, па заедно да им дадеме малку надеж на оние на кои им е потребна“, изјави Андијана Јовановска новинар во CRNOBELO.com.Куќата на семејството Трпковски изгоре во пожар пред два месеци по што е причинета голема штета. Потребна е итна санација, бидејќи во моментов во неа нема услови за живот. Донацијата од Mozzart ќе биде од исклучително значење за семејството.„Драго ми е што по втор пат годинава имаме добитен хуманитарен тикет. Преку ова акција до сега помош стигна на голем број адреси. Се надеваме дека со нашата донација ќе успееме да помогнеме за санација на куќата. Реализацијата на хуманитарниот тикет за викенд продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.(ПР)

Македонија | пред 1 година

protest

„Кој е следен“ подаде барање до Влада: да се направи софтвер за граѓаните да гледаат кои локали се контролирани, а кои не

Организацијата „Кој е следен?“, која организира нов протест во четврток кој започнува од пред Владата, денеска формално доставија барање за воведување на т.н. е-инспекторат. Според нив, треба да се направи алатка во која ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори. Ујмер Мухамеди, како претставник на „Кој е следен?“ посочи дека ова не е ново барање, туку е презентирано недели претходно. Но, формално доставуваат барање бидејќи институциите не изреагирале кога истото било јавно презентирано.„Тоа ќе биде страница, каде секој од нас ќе може преку името на локалот, со што, на страницата ќе види што констатирале инспекциските надзори. Во случај да напишете име на субјектот, а да не ви излезе ништо, тоа значи дека врши дејност која не е регистрирана во соодветните регистри“, рече Мухамеди.Според него, целта им е сите да знаат дали некој угистителски објект е безбеден или не.

Македонија | пред 1 година

crevo-benziska

Поевтинуваат горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај екстра лесното масло за 4,570% и кај мазутот намалувањето е за 3,281%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532%.Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 74,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 76,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,965 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-01-at-11.25.51

ССМ во Владата на состанок: Ќе ги прашаме до кога планираат работниците да чекаат зголемување на плати

Слободан Трендафилов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, рече дека оди на состанок во Владата каде биле повикани, но за да ги праша: „ССМ дојде да ја праша Владата до кога планира работниците да чекаат зголемување на плати?“.Трендафилов рече дека не знае за што е состанокот.„И други колеги од други синдикати ќе присуствуваат. И дојдовме да и кажеме дека донесовме одлука преку органите и телата на ССМ, дека ако не ги зголемат минималните плати и платите на сите работници, доколку 12,6 проценти не се зголемат платите во јавниот сектор, дека ќе треба да преживеат на минималец. По средбата веројатно ќе имаме повеќе детали“, рече Трендафилов.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања