Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2025-04-13-at-17.04.40

Сарачини и Незири во куќен притвор, ексдиректорот на ДЗС и актуелен министер доби ефективен притвор

Ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири добија куќен притвор, додека ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, Шабан Салиу доби ефективен притвор. Ова се само дел од изречените мерки за новоосомничените за пожарот во кочанската дискотека, по проширшувањето на истрагата. Освен Салиу, уште три други лица добиле притвор, а Обвинителството не открива кои функции ги имале. Со Сарачини и Незири, притвор добија и други четири лица. Останатите осум осомничени - имаат мерки на претпазливост.За актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, засега нема мерки. Тој најави дека се враќа во Македонија, откако доби статус на осомничен. Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.Мерките на претпазливост се одредуваат поради опасност од бегство.

Македонија | пред 1 година

IMG_3558

Угина јагуарот во скопската Зоолошка градина

Угина единствениот јагуар кој го имаше скопската Зоолошка градина. Станува збор за Инес, која според менаџерите имала канцер и тумори на повеќе органи.„Изминатиот период заедно со Факултетот за ветеринарна медицина направиме се што може за подобрување на благосостојбата на јагуарката и олеснување на здравствените проблеми преку стручни прегледи, анализи и компјутерска томографија до лекување на оваа страшна болест која одзема милиони жртви годишно, како кај луѓето, така и кај животните.Јагуарката Инес имаше 22 години, а просечниот животен век на овие величествени мачки во природата е од 12-15 години, додадоа од ЗОО-Скопје. Тие посочија дека во зоолошките градини најстарите јагуари имаат 23 години.

Скопје | пред 1 година

kocevski-5135

(Видео) Коцевски контра Коцевски?

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, вели дека обвинителите кои го работат предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не можат да гонат директори само заради тоа што имале функција додека објектот работел. Ова го кажа во одговор на прашање, зошто во истрагата не е опфатен актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат, во чиј мандат клубот работи со фалсификувана лиценца. Во следната реченица, вели дека двајца поранешни инспектори на ДПИ се предмет на истрага, цитираме: „пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца“.„Законот не ни дава основ да гониме само затоа што некој бил директор во одреден временски период. Ова важи и за сегашните и за минатите директори, кај кои не се утврдени пропусти кои упатуваат на основано сомнение дека сториле кривично дело“, рече Коцевски.Потоа, посочи дека двајцата поранешни директори на Пазарен инспекторат, се осомничени, како што рече, пред сѐ поради тоа што директорувале додека клубот работел.„За двајцата поранешни директори на Државен пазарен инспекторат, кои од претходно се истражуваат, проверките продолжуваат, пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца, како и со неколку други лиценци кои се предмет на проверка“, вели Коцевски, кој не посочи дека тие преземале или непреземале дејствија со кои го прекршиле законот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-13-at-12.46.05

Амбасадорот во Норвешка осомничен за пожарот во „Пулс“ најави враќање во Македонија, Тошковски очекува за кратко да биде достапен

Актуелниот македонски амбасадор во Норвешка и Исланд, кој е и поранешен министер за економија, Дритон Куќи, е еден од 19 осомничени во проширената истрага на ОЈО за пожарот во дискотеката во Кочани. Од МНР бил повикан на информативна средба, а тој најави дека ќе се врати.„Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата!“, напиша Кучи на ФБ.Амбасадор е од 2020 година. Доктор е по уставно право, доцент на Државниот универзитет во Тетово. Таму предавал уставно право, политички систем и уставно споредбено право. Работел во Агенцијата за супервизија на осигурување, а бил министер за економија ов 2016 до 2018 година.Став беше побаран и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој рече: „Согласно тоа што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека за кратко време ќе биде достапно на институциите во Македонија“, рече Тошковски.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-13-at-12.04.54

(Видео) Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

Тринаесет обвинили работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. За континуираните пропусти кои допринеле клубот да работи без да исполнува услови, осомничени се ексминистри, поранешни и сегашни директори, инспектори, поранешни градоначалници. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорнсот“, рече Коцевски.„Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни инспектори (од општина Кочани) кои не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот, кој незаконски бил пренаменет во угостителски објект“, рече Коцевски.Од Дирекцијата за заштита и спасување, осомничени се три лица, бидејќи низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор, рече Коцевски.„Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, граѓаните ги изложиле на опасност по нивното здравје и живот“, додаде Коцевски.Коцевски посочи дека осомничени се двајца државни секретари, министер за економија и три службени лица кои работеле во сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.„Овозможиле „Пулс“ да добие лиценци и незаконски да продолжи да врши угостителска дејност“, додаде Коцевски и рече: „Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца“.Четири инспектори од Пазарна инспекција се исто така осомничени.„Претходно, осомничени се и други три службени лица-инспектори. Проверките за директорите на Пазарната инспекција продолжуваат, бидејќи во нивни мандат работел клубот со фалсификувана лиценца, како и други лиценци кои се проверуваат“, додаде Коцевски.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 1 година

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ во Претседателството ги чита пораките од граѓаните по митингот: Меѓу писмата има и покана за свадба

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на третиот ден од парламентот, кој беше организиран по повод формирањето на движењето, им се обрати на граѓаните од Претседателството и чита дел од пораките што му ги испратија граѓаните.Граѓаните оставија писма и пораки, но и предлози за името на движењето на штандовите што беа поставени во рамки на собранието „Нема да ја дадеме Србија“, на платото пред Народното собрание на Србија, пишува РТС.Додека ги читал писмата, наишол на покана за свадба од Марина и Горан од Рума, на која, како што пишува Курир, рекол: „Испратете подарок!“Се насмеал на писмото од Илија кој има само 13 години и кој му порача да се занимава со политика и историја. Претседателот му рекол да учи.Нема да се фрли никаков приговор, прашање, петиција, сѐ ќе се чита, но не можете да им помогнете на сите, но одговор ќе биде испратен до сите. Помагаме почесто отколку што се слуша“, рече Вучиќ.Претседателот утрово за време на директниот пренос зборуваше и за документите за пристапување во народното движење, прашувајќи од кои делови на Србија се потписите. Тој додаде дека полицијата имала само толку работа да го насочи сообраќајот, нагласувајќи дека се било мирно, а атмосферата е величествена.

Македонија | пред 1 година

gorgi-gorgiev1111-860x572-1

Од гробот на тапанарот на ДНК, Ѓорги, крадени предмети оставени во негов спомен

Фатени се две лица кои два дена краделе предмети оставени на гробишта, во спомен на загинатиот тапанар од ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој не успеа да се спаси од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ги фатил таткото на Ѓоргиев, а потоа и МВР. Тие не можат да бидат гонети од државата поради вредноста на предметите, но тоа можат да го направат од семејството со приватна тужба.„Тато ги фати сине, два дена седеше цел ден да ги чека, ама успеа. Успеа сине како што успеа да ве направи најпристојните деца“, напиша мајката на Ѓорги во коментар на социјалните мрежи.Двете лица се од струмичка Баница. Од МВР велат дека постапувале по пријавата од таткото на Ѓорги.„Во полициската станица Струмица Д.Ѓ.(46) од Струмица пријавил дека од надгробно место на неговиот покоен син лоцирано на Градските гробишта во Струмица биле одземени украси и други предмети. По преземените мерки од СВР Струмица се откриени сторителите на делото, при што е утврдено дека се работи за лицата В.С.(61) и Т.С.(60) и двајцата од село Баница, струмичко“, велат од МВР.За тоа кои се сторителите, известено е семејството, кои според законот, можат да покренат и тужба против нив.

Македонија | пред 1 година

potraga-cuk

Една недела се трага по исчезнато лице од Штип

Се уште трае потрагата по едно повозрасно лице од штипското село Степанци кое во понеделникот попладнето беше пријавено за исчезнато. Како што утрово информираше Центарот за управување со кризи, тоа последен пат било видено во саботата.Според информациите од Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Штип, во вчерашната акција за пребарување се вклучиле меѓу 70 и 80 лица, меѓу кои припадници на институции, служби, здруженија, како и голем број доброволци од локалното население и околните села.„Во текот на вчерашниот ден (12.04.2025) на зборното место кај продавницата во с. Лакавица големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони“, информираа од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-13-at-10.55.43

(Видео) Страшен руски напад на Суми: Има многу мртви, се шират вознемирувачки снимки

Утрово Русија истрела ракети врз центарот на градот Суми во североисточна Украина, погодувајќи тролејбус и убивајќи неколку цивили. Нападот е извршен со ракета Искандер-М, потврдија украинските власти.Вршителот на должноста градоначалник на Суми, Артем Кобзар, рече дека има „многу мртви“ и дека „непријателот повторно го нападна цивилното население“. Првите слики од терен покажуваат уништени цивилни згради и возила во строгиот центар на градот, а според првите информации меѓу погодените возила е и градски тролејбус.Објавено е и видео кое го прикажува моментот на ударот. Сличен напад се случи пред неколку дена во Криви Рих, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Најмалку 20 лица загинаа во рускиот ракетен напад врз станбена зграда и комунални објекти, од кои девет деца, а голем број други се ранети.Москва без никакви докази тврдеше дека нападнала собирно место на украински војници и западни инструктори.

Свет | пред 1 година

snimk2.01_31_04_07.Still004

Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Си-Ен-Ен ги објави новите околности околу падот на туристичкиот хеликоптер кој во четвртокот се урна во реката Хадсон во близина на Менхетен, при што загинаа шест лица, три деца, нивните родители и пилотот.Станува збор за шпанско семејство вработено во Сименс кое било на одмор во Њујорк, а летот бил дел од роденденско изненадување.Хеликоптерот полета од центарот на Менхетен, ја обиколи Статуата на слободата и се упати по реката Хадсон. Само 16 минути по полетувањето, се урнал во близина на брегот на Њу Џерси.Сведоците опишаа како авионот наеднаш изгубил контрола, се свртел и паднал во водата наопаку. Според снимката, видливо е и како роторот се одвоил од телото на хеликоптерот неколку секунди пред падот.Починаа Агустин Ескобар (49), директор во Siemens Mobility, неговата сопруга Мерсе Кампруби Монтал, менаџер во Siemens Energy и нивните три деца - момчиња на возраст од 4 и 11 години и ќерка која требаше да наполни девет години следниот ден. Пилотот, 36-годишниот Синекес Џонсон, бил поранешен припадник на специјалните сили на САД и искусен авијатичар.Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, положи цвеќе на местото на несреќата и рече дека градот е во жалост: „Нивната болка е наша“.Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека хеликоптерот немал рекордери за летот или видео опрема, што ја комплицира истрагата. Авионот Bell 206L-4 е произведен во 2004 година, а во последните две години FAA издаде неколку предупредувања за можни технички проблеми поврзани со роторот и погонот, но не е јасно дали тие се поврзани со оваа несреќа.Компанијата која управуваше со хеликоптерот веќе имаше две несреќи во минатото – во 2010 година во Чиле и во 2013 година во Њујорк, кога хеликоптерот принудно слета на река.Поради оваа трагедија, повторно се отворени прашањата за безбедноста на туристичките летови над Њујорк. Некои политичари бараат забрана за тие летови, како и привремена итна забрана за летови од хелиодромите во градот додека трае истрагата, додека претставниците на индустријата повикуваат на претпазливост и отфрлање на сеопфатните забрани.Истрагата е во тек, а НТСБ бара дополнителна снимка и сведочење на граѓаните. Од реката се уште се извлекуваат делови од хеликоптерот, а причината за несреќата се уште не е позната.

Свет | пред 1 година

w_57511999

Сведоштва на Украинците кои живеат под руска окупација: приказните се морничави.

„Русите овде се обидуваат да забранат сè што е украинско: јазикот, но и традициите. Дури и украинските празници се забранети“.Ова е тагата и стравот од гласот што ретко се слуша од Украина, гласот на личност која живее во една од областите под руска окупација. Во главниот извештај за Украинците кои живеат под руска окупација, јавува Би-Би-Си.Додека Соединетите Американски Држави ги водат дипломатските напори за воспоставување мир во Украина, оние што живеат под руска окупација се соочуваат со брутален и угнетувачки секојдневен живот. Кремљ веќе воведе строги мерки за искоренување на украинскиот идентитет, вклучувајќи остри казни за секој што ќе се осмели да изрази несогласување.Сега растат стравувањата дека Киев би можел да биде принуден да се откаже од дел од територијата што ја држи Русија како дел од можното примирје или мировен договор.Украинските власти го отфрлаат ова, но Москва вели дека најмалку што сака е да ги припои сите четири украински региони што моментално ги контролира само делумно (Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје), заедно со полуостровот Крим, кој го анектираше во 2014 година.Поради репресијата на руските власти, разговорот со медиумите, па дури и со сопствените роднини, може да биде исклучително опасен за луѓето на окупираните територии.Кремљ, исто така, започна сеопфатна кампања за насилно издавање руски пасоши. Доказите сугерираат дека на Украинците им е ускратена здравствената заштита и слободата на движење доколку одбијат да земат руско државјанство.Марија (тоа не е нејзиното вистинско име) вели дека е членка на женска група за отпор која води кампања на ненасилен отпор на окупираните територии, најмногу со делење летоци и билтени.Во интервју за Би-Би-Си, тој користи украинска поговорка за да ја опише опасноста во која се наоѓа: „Стравот е во очите, но рацете се уште работат. Секако дека е страшно“.Би-Би-Си не го објави нејзиното вистинско име или локација за да ја заштити.Атмосферата на страв и недоверба е толку силна што новинарката на Би-Би-Си беше обвинета дека е руска новинарка додека се обидувала да стапи во контакт со луѓе од окупираниот Мариупол.„Нема да ти се допадне тоа што имам да го кажам. Луѓето како тебе убиваат ако им ја кажеш вистината“, ѝ кажала една личност на социјалните мрежи. Таа тврдеше дека доаѓа од пристанишниот град што Русите го зазедоа во мај 2022 година, по крвавата опсада во која градот беше речиси уништен.Софија (исто така фиктивно име) потекнува од село на југот на регионот Запорожје. Тој беше окупиран на петтиот ден од руската инвазија во 2022 година и е на еден час возење јужно од Запорожје, голем регионален центар кој сè уште е под контрола на Украина.Софија сега живее во Велика Британија, а нејзините родители останале во селото. Таа раскажа како мора да внимава кога разговара со нив."Пред околу една година, родителите беа претресени од руската служба за безбедност ФСБ. Тие им ги одзедоа мобилните телефони, обвинувајќи ги дека позициите на руските сили и ги дале на украинската армија. Тоа не беше точно, а подоцна Русите им рекоа дека биле пријавени од соседите. Затоа внимавам на каков било начин да не ги изложам на ризик", вели Софија.„Можам само да погодам што се обидуваат да ми кажат“, додава тој.Дури и разговорот со родителите станува сè поневозможен. Софија вели дека нејзините родители не можат да ги надополнуваат сметките за мобилни телефони или да осигураат автомобил бидејќи одбиваат да земат руски пасош.„Станува многу тешко да се живее без руски документи“, рече таа.Џева, чие име исто така е сменето, има сестра која работи во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија.„Секогаш кога зборуваме за време или за деца на посериозни теми, нејзиниот тон се менува“, вели Џева. „Ми вели: „Не разбираш!“„Разбирам дека веројатно нејзиниот телефон ѕвони затоа што работи во нуклеарна централа“, вели Џева. Тој исто така додава дека сестрата честопати повторува руски пропагандни пораки кога разговараат.Друга пријателка, Катерина, вели дека едно лице од окупираниот дел на Херсонската област завршило во импровизиран затвор бидејќи разговарала со брат кој и помагал на украинската војска.„Не можам да ги ставам на ризик“, рече Катерина кога репортерот ја замоли да ја ги поврзе со таа личност.Според Марија, руските власти поставуваат камери за надзор за да откријат каков било знак на отпор.„Тие поставуваат многу камери за да контролираат сè, да ги најдат сите активисти“, рече таа.Голем број украински активисти беа убиени или исчезнати под руската окупација. Според украинската организација за човекови права Змина, од почетокот на инвазијата биле убиени најмалку 121 активист, доброволец или новинар, повеќето од нив во првата година.Во последно време, властите инсталирани од Русија на окупираните територии применуваат различни репресивни закони против оние кои се противат на режимот. Луѓето се казнуваат за ширење „лажни информации“, „дискредитација“ на руската војска или за поддршка на „екстремизам“.Кремљ ги забрани украинските и независните медиуми, вклучително и Би-Би-Си, а од Русија беа испратени пропагандисти да основаат режимски медиуми во окупираните региони. Откако многу професионални новинари избегаа, тие се принудени да вработат локални тинејџери за да ја шират пропагандата на Москва.Пропагандата започнува веќе во училиште, каде што децата мора да посетуваат настава на кои се величи руската армија и да се приклучат на квази-воени групи како што е Јунармија (Младинска армија).Еден руски учебник дури ја оправдува инвазијата на Украина со лажно тврдење дека таа е агресивна држава управувана од националистички екстремисти манипулирани од Западот.

Свет | пред 1 година

palevski-zezovski

(Видео) Каде бил Палевски кога е убиен Жежовски: Тој тврди поправал котел, а газдата на котелот зборува друго

Едно од прашањата кои се наметнаа на судењата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беше локацијата на обвинетниот за време на настаните. Палевски во Обвинителство кажа дека на 22 ноември, денот кога е убиен Жежовски, бил да поправа котел кај негов пријател Ерол Шаќири. Обвинителството го најде пријателот Ерол Шаќири кој сведочеше и рече дека Палевски кај него бил на 28 ноември, односно ден по убиството на Вања Ѓорчевска. Беа презентирани и разговори помеѓу Палевски и сведокот, кои тие ги воделе на 28 ноември.За сите прашања поврзани со убиствата, за сите докази, оспорувани и неоспорувани, погледнете го поткастот каде гостин беше бранителот на Палевски, Јовица Страшевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Луѓето на Трамп: Маск е иритирачки, безумен и треба да се тестира на дрога

Во голема репортажа, американскиот магазин Ролинг Стоун детално опишува како Илон Маск, како формален „специјален вработен во владата“, преземал клучни улоги во американската администрација. Преку канцеларијата позната како DOGE (Оддел за владина ефективност), Маск спроведе масовни отпуштања, реструктуираше агенции и, според интервјуираните од Ролинг Стоун, воспостави систем во кој неговите деловни интереси директно влијаат на владиното одлучување.Неколку високи претставници на администрацијата на Трамп, според Ролинг Стоун, изразиле незадоволство од однесувањето и стилот на комуникација на Маск. "Бев во иста просторија со Илон. Тој секогаш се обидува да биде смешен. А не е. Воопшто не", рекол еден висок функционер и додал: "Најдосадната личност со која сум работел. И не го кажувам тоа лесно".Според три извори од Белата куќа, државниот секретар Марко Рубио не го крие своето незадоволство од Маск, додека вработените во Стејт департментот го нарекуваат „вујко Илон од пеколот“.Неколку соговорници од управата тврдат дека одредени членови на тимот ги напуштале состаноците под сомнение дека Маск бил под дејство на дрога.Според Ролинг Стоун, идејата за задолжително тестирање лебдеше во тимот, иако Маск беше тој кој јавно предложи тестирање за сите државни службеници.„Разговорот со него може да биде како да слушате рѓосани нокти како се стругаат на табла“, вели еден извор.На собирот на CPAC во февруари, Маск се појави во затворен простор носејќи очила за сонце, држејќи моторна пила и велејќи им на толпата: „Станав мем. Живеам мем. Знаете, има „живување на сонот“ и „живеење на мемот“ и токму тоа ми се случува.Ролинг Стоун објави дека луѓе блиски до Маск изразиле загриженост за неговата наводна употреба на дроги како што се ЛСД, кокаин, екстази и халуциногени печурки. Маск ги негираше тие тврдења, но потврди дека користи кетамин, лек кој се користи како анестетик, но има и психоактивни својства. Неговиот адвокат изјави дека Маск „редовно и по случаен избор се подложува на тестирање во SpaceX и никогаш не успеал“.

Свет | пред 1 година

gaza44

Израел со проектили погоди болница во Газа

Два израелски проектили погодија зграда во главната болница во Газа, уништувајќи ја собата за итни случаи и приемното одделение и оштетувајќи други објекти, рекоа лекарите.Здравствените службеници во Арапската баптистичка болница Ал-Ахли ги евакуираа пациентите од зградата откако едно лице рече дека добило повик од некој кој се идентификувал како дел од израелските безбедносни служби непосредно пред нападот. Нема пријавени жртви, соопшти службата за итни случаи.Израелската војска го истражува извештајот, изјави портпаролот. Сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека десетици луѓе ги напуштаат просториите, а некои изгледаат како да влечат болни роднини по болнички кревети. Канцеларијата за медиуми на владата на Хамас го осуди нападот и во соопштение рече дека Израел намерно го уништува здравствениот систем на Газа.Израел тврди дека Хамас систематски ги искористува цивилните објекти и дека неговите борци редовно се примаат во болниците во Газа, што милитантната група го негира. Израелските сили спроведоа бројни рации на медицински установи во енклавата.Во октомври 2023 година, Хамас го обвини израелскиот воздушен напад за смртоносна експлозија на паркинг на теренот на болницата Ал-Ахли. Израел тврдеше дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската група Исламски џихад, што подоцна го заклучи Human Rights Watch по истрагата. Милитантната група ја негираше одговорноста.

Свет | пред 1 година

poddasd

(Видео) Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

На тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“, кој се одржува во Србија, отидоа и Македонци дел од здружението „Мир, слога, стабилност“. Тие имаа организиран превоз, а се претпознатливи по капите и маиците кои ги носат. Македонка, застана и пред камерите во Србија, сама се понуди да даде изјава.„Ние сме од Скопје, Македонија. Дојдовме да го поддржиме“, рече таа па кога ја прашаа „А што поддржувате?“, избега со трчање и рече „Ајде бегајте.. (н.з.)Претходно беа обајвени и фотографии од Македонците кои отидоа на митингот на Вучиќ.[caption id="attachment_326839" align="alignnone" width="1410"] Screenshot[/caption]

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-12-at-18.55.48

(Видео) „Благодарам Србија“ напиша Вучиќ за собирот „Не се откажуваме од Србија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави фотографии од националниот собир и им се заблагодари на луѓето кои дојдоа да го поддржат.„Благодарам Србија“- напиша претседателот во пресрет на централната манифестација.Централниот настан на тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“ започна во 19 часот, а од утрово во центарот на Белград пристигнуваа луѓе од цела земја каде во моментов се собрани огромен број граѓани.

Свет | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Нови 19 осомничени за пожарот во Кочани, меѓу нив инспектори, министри, скеретари, директори

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери. Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16.03.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца.До крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f694096

(Видео) Полицијата насилно ги тегнеше и отстрани студентите за да поминат автобусите со поддржувачи на Вучиќ

Денеска студентите, легнати на патот со жив ѕид ги блокираа автобусите со поддржувачите на Вучиќ, кои доаѓаат од Нови Пазар кон Белград. Во Белград се оддржувa тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата.Полицијата насилно ги отстрани студентите.Насобраните и студентите извикуваа: „Срам ви е”.Додека автобусите поминуваа, граѓаните и студентите им викаа „Чаци“.Studenti blokirali prolaz pristalicama SNS iz Novog Pazara, policija reagovala. 👇Posted by Sto Plus on Saturday, April 12, 2025

Свет | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

За пожарот во Кочани: Приведени двајца поранешни министри, поранешен и актуелен директор

Уште четири лица со или кои биле на функции се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 61 лице. Приведени се ексминситрите Ваљон Сарачини кој раководел со Министерството за економија од 2011 до 2014, односно моментите кога „Пулс“ првпат добива дозвола во 2012 година. Потоа, уапсен е и неговиот наследник Беким Незири, во чие време исто така „Пулс“ работела. Освен нив, приведени се и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу кој сега е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, како и моменталниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кој доаѓа од редовите на Вреди.„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, велат од Обвинителството.Порталот „360 степени јавува дека „истрагата се проширува за 23 нови осомничени“. Информацијата досега не е потврдена од МВР и Обвинителството. Пред ова, осомничени беа 17 лица, од кои три добија куќен притвор, другите се во ефективен притвор. Најголем дел се лица кои што биле вклучени во издавањето на лиценцата - ексминистри, ексградоначалници, инспектори. Осомничени се и полициски службеници за кои се води засебна постапка - седум од нив се во притвор. Другите се сопственикот на дискотеката, обезбедувачите на објектот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-12-at-10.26.27

Украина полуде по детал од средбата меѓу Путин и човекот на Трамп: „Официјално, најодвратното нешто што сум го видел“

На Х се појавија снимки и фотографии од средбата меѓу американскиот пратеник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин, која се одржа вчера.На една од сликите Виткоф ја држи раката над срцето во знак на почит кон Путин, што предизвика остри реакции, како од Украина, така и од другите делови на светот. Многумина сметаат дека овој гест е неприфатлив со оглед на моменталната ситуација во Украина и руската агресија. Корисниците на социјалните мрежи истакнуваат дека таквиот чин испраќа погрешна порака и може да се сфати како поддршка на руската политика. Инаку, целата средба, судејќи по насмевките на лицата на Виткоф и Путин, поминала во пријателски тон, па огорченоста на оние кои ги гледале сцените навистина не изненадува. - Виткоф се насмевнува и се ракува со воениот злосторник Путин. Ако убиеш еден човек, ЦИА ќе те брка низ целиот свет за да те најде. Ако убиете милион луѓе, специјалниот претставник на САД ќе ве брка да ви подаде рака. Навистина е тажно да се види како САД стануваат обожаватели на Русија, напиша на својот профил економистот Роман Шеремета.- Колку е одвратно. Виткоф ја става раката преку срцето кога го гледа Путин, оддавајќи почит на неодамнешниот руски напад на Криви Рих. Циничен, непринципиелен гест кој ја игнорира нашата болка. Срамота, напиша друг корисник на Икс, ставајќи ја до сликата на Виткоф и онаа од местото на нападот во кој животот го загубија 19 лица, меѓу кои и деца.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Трамп сака да го намали буџетот на НАСА на половина; Маск: Тоа е загрижувачко

По неколку недели неизвесност, се чини дека администрацијата на Доналд Трамп се подготвува драстично да го намали буџетот на НАСА, според прелиминарните документи кои речиси би го намалиле финансирањето на вселенската агенција за половина.Со недели, научните и конгресните комитети испраќаа сигнали за насоката во која се движат плановите за НАСА. Но, она што досега беше само индиректна најава, сега добива форма на сè посериозен план. „Вашингтон пост“ објави дека прелиминарната верзија на предлог-буџетот предвидува намалување на буџетот на НАСА од 7,3 на 3,9 милијарди долари.Ники Фокс, помошник администратор на НАСА за наука, изјави пред Комитетот за наука на Претставничкиот дом на 1 април дека агенцијата сè уште нема преполовен буџетски сценарија бидејќи сè уште не го видела официјалното барање за буџет за 2026 година. Но, некои очигледно веќе го виделе, а содржината не е охрабрувачка.„Намалувањето од 50 проценти би довело до некои прилично драстични одлуки“, рече Фокс, според извештајот на SpaceNews. И додека буџетските аналитичари на НАСА можеби само ги острат моливите, следната година може да останат без острилки.„Ова е настан на ниво на изумирање на науката во НАСА“, рече Кејси Драјер, шеф на вселенската политика на Планетарното друштво, група за застапување на вселената. „Непотребно го прекинува функционирањето, продуктивните научни мисии и ги откажува новите мисии кои моментално се во изградба, трошејќи милијарди долари од даночните обврзници во процесот.„Ова не е ниту ефикасно ниту паметно буџетско планирање“, додаде Драјер.„Тоа ќе ја одведе НАСА во многу длабока бездна ако продолжат со ова дивјаштво“, изјави поранешниот администратор на НАСА Бил Нелсон за Вашингтон пост.Нелсон, исто така, тврдеше дека предложениот буџет може да нанесе катастрофален удар на значајната програма на Трамп за истражување на вселената. И Трамп и Маск постојано ветија дека ќе однесат астронаути на површината на Марс.„Ако безмилосно ја намалите науката на НАСА, ќе ја намалите целата наша истражувачка програма, што ќе влијае на програмата за истражување на човечката вселена“, изјави Нелсон за американскиот весник.Илон Маск рече дека извештаите дека предлог-буџетот на претседателот Доналд Трамп драстично ќе го намали финансирањето на науката на НАСА се „загрижувачки“, последниот јавен јавен јаз меѓу претседателот и неговиот близок советник.„Јас сум голем поборник за науката, но за жал не можам да учествувам во дискусиите за буџетот на НАСА бидејќи SpaceX е голем изведувач на НАСА“, додаде тој.Портпаролката на НАСА Бетани Стивенс потврди дека агенцијата го добила прелиминарниот документ за фискалната 2026 година од Канцеларијата за менаџмент и буџет (OMB) и дека процесот на внатрешна дискусија е започнат.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-04-11-at-19.12.50

Пациентот кој почина со пукната аорта немало да ја преживее операцијата, а салата би се правела се реновира, велат од Кардиохирургија

Пациентот Тони Ангеловски кој почина со пукната аорта на Клиниката за кардиохирургија, немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите.„Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот тексѕт. Со други зболрови пациентот нема прсната аорта и не крвари. Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилијум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки. Од друга страна кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството“, велат од Клиниката за кардиохирургија.Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.„На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за Торакална и Васкуларна Хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и матерјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во склоп на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватните болници а кои согласно нашите сознанија имаат договор со фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето“, додаваат од Клиниката.Тие посочуваат дека во ниту еден момент не требало итно да се лекува Ангеловски, а дека нему нагло му се слошило.„Околу 5 часот наутро следниот ден настапува нагло влошување на состојбата на пациентот по што се превземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите превземени мерки на лекарите за жал настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ“, додаваат од Клиниката за кардиохириргија.

Македонија | пред 1 година

w_56674000

Чекајќи операција, почина пациент со пукната аорта на Кардиохирургија; Роднина: Наводно немале сала

Со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Ова е судбината на 59-годишниот Тони Ангеловски. Неговиот роднина, Ацо Николовски завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.„Него го хоспитализираа, му беше пукната аорта, која е главна артерија и предизвикала внатрешно крварење. Не го оперираа, рекоа дека наводно немаат сала за операција. Нѐ пратија со документите во Жан Митрев, таму ни кажаа дека квотата е исполнета до јуни. Но ни посочија да го донесеме, да го стабилизираат, дека немаат дел кој им е потребен но ќе го добијат и дека до тогаш ќе го одржуваат. Ама дека седум дена пред и по операцијата мора да биде на интензивна нега. Кажаа дека е 1000 евра од ден, плус лекови, а ова е просечно семејство“, вели Николовски за „Скопје1“.Според сведочењето, се вратиле на Клиниката за кардиохирургија.„Никој ништо не презема го оставија човекот тивко да си умре дури и фамилијата на најгруб можен начин беше избркана од Државна за ова имаме и снимени видеа ги молам сите што можат да го споделат ова поготово до министерот за здравство нашиот ценет премиер да видат и да не побараат некој мора да одговара за ова“, додава Николовски и во јавната објава .„Скопје1“ побара коментар од Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден. Оттаму до овој момент немаме добиено никаков одговор, непознато е дури и дали е формирана комисија за утврдување на одговорност.За случајот со пациентот го прашавме и директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Дејан Димитриевски. Побаравме одговори зошто пациентот не бил опериран, дали е точно дека немале доктор кој можел тоа да го направи, колку доктори се достапни во моментите кога пациентот треба да се оперира, но и дали можеле да најдат сала во друга клиника. На ова добивме само кусо известување дека ќе се обратат со официјална изјава. Ако и кога ќе ја добиеме – ќе ја пренесеме.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-04-11-at-19.13.12

Ќе се проверува лекувањето на пациентот кој со пукната аорта чекаше операција и почина, а по налог на Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, им наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да извршат увид во документацијата на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција. Од министерството не споделуваат никакви други детали, а откако семејството најави одговорност, додека роднина на сега починатиот раскажа што се случувало изминатите денови додека Ангеловски се борел за живот.„По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде информирана“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.Став најави и директорот на Клиниката за кардиохирургија. До овој момент, не го доставија.За случајот се дозна откако Ацо Николовски, роднина на пациентот завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Венко Крстевски ќе биде кандидат за в.д. градоначалник на Кочани: Стојам зад секој даден збор

Советот на Општина Кочани треба да бира в.д. градоначалник кој ќе раководи со градот до изборите. Независниот советник, Венко Крстевски, најави кандидатура.„Кандидат за В.Д. Градоначалник! Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. Градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами. Јас, Венко Крстевски, како советник имам над 1000 дискусии, над 200 советнички прашања, многу младински иницијативи, над 50 предлози (дел од нив се прифатени/реализирани). Најавувам дека храбро сам ќе се пријавам во овие најтешки времиња за Кочани да ја извршувам функцијата В.Д. Градоначалник за следните 6 месеци, иако очекувам многу опструкции.Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере СЕДМИ директор на КЈП Водовод Кочани во само три години“, напиша тој.Додава: Јас, Венко Крстевски, секогаш сум бил на страната на народот во Кочани, народот тоа многу добро го знае. Имам изглегувано на сите протести и штрајкови и се имам спортиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да е бил на власт. Во овој состав на Совет на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков допринос за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани. Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас стојам зад секој мој даден збор, секое мое ветување и идно ветување ќе го остварам. Кочанчани размислете каков градоначалник сакате да добиете. Картата е купена, доаѓам!!!“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања