Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pecakov

Охриѓани од буџетот донираат 1 милион денари за семејствата на настраданите и повредените во Кочани

„Советот на Општина Охрид на денешната 55-та вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани од 16.03.2025 година“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додаде:„Општина Охрид ќе ја упати финансиската помош на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид. Уште еднаш во мое лично име и во името на охриѓани упатувам најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните им посакувам побрзо оздравување. Да бидеме сплотени и солидарни и заедно да ги надминеме последиците од оваа голема трагедија“.

Охрид | пред 1 година

Zemjotres

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер, утрово ја погоди Албанија.Земјотресот бил со епицентар на 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.Земјотресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, во охридско-струшкиот регион.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-09.01.50

Јајца за Велигден ќе има

ЖГрупацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца за Велигденските празници.„Најголемите производители и извозници на јајца, најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови.Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација. Ги потсетуваме потрошувачите да внимаваат при купувањето, да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители“, соопшти Стопанската комора.

Македонија | пред 1 година

Popov-17.10

Попов: Имаме одговорна реакција од Владата, виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност

„Имено вакви несреќи во државава не се први, за жал. Неколку вакви имавме во изминативе неколку години, но исто така за жал, ова е прва ваква несреќа од која имаме енергична, одговорна реакција од Владата. Имено, уште во првите 48 часа сите лица беа обезбедни, веќе имаме околу мислам 40-тина веќе стигнавме во овој ден имаше уште приведени, имаме над 40 приведени, имаме 24 лица во притвор, се изврши инспекција“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.Попов објасни дека следувала одговорна реакција од Владата, додавајќи дека виновниците ќе одговараат без оглед на политичка припадност.„Во текот на денешниот ден само се одземени 479 лиценци за работа на разни фирми кои работат во делот на проектирањето, изградбата итн. Јас уверувам и апелирам до сите граѓани, а особено до младите луѓе, бидејќи нас како млади оваа трагедија најмногу не стресе, да имаат верба во државата, да имаат верба во институциите, институциите работат ревносно. Нема да има човек кој за оваа несреќа нема да биде одговорен“, изјави Попов.Попов испрати јасна порака до младите дека ќе има правда, а институциите и сите засегнати ќе ја обезбедат истата.„Ќе упатам еден апел, иако го гледам тоа од страна на институциите дека ревносно се борат, сите кривци кои не донесоа до ова да ни загинат 59 млади луѓе, и секако дека овде не смее да се застане. Јас ќе повторам дека ми е многу жал што мораше да се случи една ваква трагедија, за едно општество да се освести и стане. Но, ми е многу жал што сме имале вакви трагедии, а никој не реагирал. Се сеќаваме за минатите трагедии како се завршуваше, гледаме сега еден друг пристап, поодговорен пристап, и апелирам на смиреност кај граѓаните. Го разбирам комплетно нивниот револт, нивниот порив да се солидаризираат, да бидат заедно, заедно да бараат правда, и заедно едноставно да се осигурат дека правдата ќе дојде. И јас целосно како млад човек стојам позади тоа и како припадник моментален на ВМРО-ДПМНЕ, ги уверувам младите луѓе дека Владата, институциите, сите засегнати, прават се што е во нивна моќ како никогаш досега, да ги најдеме вистинските виновници, и за ова, и за се што ни се случувало изминатите периоди“, заклучува Попов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-at-18.58.36

Најмалку 22 загинати во шумските пожари кои беснеат во Јужна Кореја

Се зголемува бројката на загинати во шумските пожари што ја зафатија југоисточна Јужна Кореја. Според последните податоци има најмалку 22, но според официјални лица бројката може да е и поголема.Според официјални лица, пожарите се поттикнати од суви ветрови и долготрајна суша.Опустошени се илјадници хектари површина, а изгорен е и древен будистички храм.Храмот Гун во Уисеонг, изграден е во 681 година, е уништен.Историското село Хахо, кое УНЕСКО го прогласи за светско наследство во 2010 година, исто така е загрозено од пламените јазици.Се урна и хеликоптер во Јужна Кореја додека гасел пожар.

Свет | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-2

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе се читаат исказите на каратистот Видевски

Денеска продолжува судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и вечешанецот Панче Жежовски.На рочиштето ќе се читаат исказите на каратистот Боре Видевски од истрагата.На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства.Тој тврдеше дека не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ, за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје и тоа до 10 часот, а потоа си заминал во Велес.Негираше се што кажал во полициска станица каде што тврдеше бил тепан за да признае и потпише.По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.

Македонија | пред 1 година

puls-35-1

Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?, прашува СДСМ

“Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност.Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата”, вели СДСМ и додава:Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници.Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот?Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат.Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага.

Македонија | пред 1 година

kriumcharenje-migranti

Првоосомничениот за заложништвото на мигрантите бил пуштен од притвор откако дал ниви за гаранција, па сега се гони за две нови дела

Првоосомничениот за заложништвото на мигрантите кои беа држени во Студеничани, е лице за кое веќе се води кривична постапка за криумарење мигранти, а дал гаранција и се спасил од притвор. Ова го обзнани Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Според нив, првоосомничениот добил притвор судија на претходна постапка, па потоа, Кривичен совет пак го укинал бидејќи осомничениот како гаранција дал ниви вредни 185.000 евра, а Апелација ова решение го потврдила и ја одбила жалбата на обвинителот.„Вечерва судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Притоа судијата го имаше предвид образложението на јавниот обвинител во врска со предлогот за определување на мерка притвор, особено фактот што против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која Кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост. Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на Кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело“, велат од ОЈО-ГОКК.По ова, осомничениот вчера бил фатен како сторител на нови дела и тоа, организирање на група за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и кривично дело криумчарење на мигранти. Меѓу мигрантите пет лица се малолетници, а шестиот е постар малолетник.Претходно, ОЈО-ГОКК обзнани како се спасиле лицата.„Имено, во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на Службата за односи со јавноста пристигна порака со линк од локација и следната содржина: „Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група која бара пари за да не ослободи. Ве молиме за итна помош. Се наоѓаме на оваа локација, во куќа во складиштето на куќата.SOS!“, која порака во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје беше проследена до Секторот за компјутерски криминал во МВР. По брзата реакција и извршениот претрес во подрумските простории на станбен објект во с. Студеничани од страна на полициските службеници од МВР беа пронајдени шестмина илегални мигранти од кои пет малолетници и едно деветнаесетгодишно лице. Двајца од осомничените, во текот на месец март годинава, заедно со организатор по потекло од арапските земји кој престојувал во РГрција и повремено во скопскиот регион, со цел стекнување имотна корист се здружиле и како дел од меѓународна криминална мрежа организирале меѓународна криминална група во РСМ која имала за цел вршење на кривично дело – Криумчарење на мигранти. Групата co помош на водичи т.н. ,,качаци“ организирала илегално пренесување на групи мигранти од територијата на РГрција на територијата на PC Македонија преку илегални премини т.н. зелена граница. По дадени задачи и насоки од првоосомничениот, неидентификувани припадници на групата со ПМВ ги прифаќале и ги преземале мигрантите и ги превезувале до с.Студеничани од каде тројцата осомничени ги прифаќале и времено ги засолнувале, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на РСрбија кон државите на ЕУ“, велат од ОЈО-ГОКК.

Македонија | пред 1 година

migrant

Заложништво во Студеничани, шест лица се спасиле со порака: Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група, ве молиме за помош“

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против татко и двајца синови, поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти и кривично дело Криумчарење на мигранти.Имено, во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на Службата за односи со јавноста пристигна порака со линк од локација и следната содржина: „Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група која бара пари за да нѐ ослободи. Ве молиме за итна помош. Се наоѓаме на оваа локација, во куќа во складиштето на куќата.SOS!“, која порака во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје беше проследена до Секторот за компјутерски криминал во МВР. По брзата реакција и извршениот претрес во подрумските простории на станбен објект во с. Студеничани од страна на полициските службеници од МВР беа пронајдени шестмина илегални мигранти од кои пет малолетници и едно деветнаесетгодишно лице.Двајца од осомничените, во текот на месец март годинава, заедно со организатор по потекло од арапските земји кој престојувал во РГрција и повремено во скопскиот регион, со цел стекнување имотна корист се здружиле и како дел од меѓународна криминална мрежа организирале меѓународна криминална група во РСМ која имала за цел вршење на кривично дело – Криумчарење на мигранти. Групата co помош на водичи т.н. ,,качаци“ организирала илегално пренесување на групи мигранти од територијата на РГрција на територијата на PC Македонија преку илегални премини т.н. зелена граница. По дадени задачи и насоки од првоосомничениот, неидентификувани припадници на групата со ПМВ ги прифаќале и ги преземале мигрантите и ги превезувале до с.Студеничани од каде тројцата осомничени ги прифаќале и времено ги засолнувале, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на РСрбија кон државите на ЕУ.На ден 21.03.2025 година илегално биле превезени шестмината мигранти кои првоосомничениот ги сместил и засолнил во подрумските простории на објект сопственост на неговиот татко во с. Студеничани. Со цел мигрантите да не го напуштат објектот просториите во кои биле сместени биле постојано заклучени, а второ и трето осомничените го обезбедувале објектот. На мигрантите им давале минимална количина на храна и вода, едно шише вода на ден за сите шест мигранти, а подрумските простории можеле да ги напуштат само заради извршување физиолошки потреби.Првоосомничениот во повеќе наврати секој ден им го загрозувал животот и здравјето заканувајќи им се дека нема да го напуштат подрумот сѐ додека од страна на нивните блиски не бидат исплатени парични средства во висина од 5.000 евра за да обезбеди нивно понатамошно илегално пренесување до РСрбија. За таа цел најпрво им ги земал мобилните телефони на сите шестмина, по што во текот на четирите дена колку што престојувале, на двајца од нив им дозволувал еднаш дневно да остварат видео повик со криумчарот организатор од арапските земји со цел истиот да ги извести нивните семејства да ги исплатат бараните парични средства.Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, предметниот обвинител ќе му предложи на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд истата да ја определи за сите осомничени.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Ова се новите одлики на Владата: Минималната плата ќе се покачи за 1,812 денари во нето износ

Влада: Усвоени се низа на мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењетоВладата денес ја одржа редовната 63-та седница, на која велат дека биле усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето.„Овие одлуки ја одразуваат заложбата на Владата за постигнување конкретни резултати.Во однос на истото, сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.Воедно, ја информираме јавноста дека на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Имајќи ги предвид последните трагични случувања, сѐ има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци.Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор“, велат од Владата.

Македонија | пред 1 година

jovan-siljanovska-pavel

Сиљановска се сретнала со Јован кој спасуваше животи од дискотеката, смета дека сите кои покажале херојско однесување треба да добијат признание

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека сите кои покажале херојско однесување за време на пожарот во дискотеката „Пулс“ и спасувале животи, треба да добијат признание. Таа веќе се сретнала и со младиот Јован, кој спасил дваесетина деца, а мајка на едно од децата му оддаде јавно прзнание.„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова веќе се сретна со младиот Јован Костадинов кој храбро и пожртвувано успеа да спаси 21 живот. Таа смета дека оние кои покажале херојско однесување за време на трагедијата во Кочани заслужуваат признание“, велат од Кабинетот на претседателката Сиљановска за „Скопје1“.Покрај Костадинов, додека внатре имало пожар и стампедо, во спасувачка акција тргнал и Павел Христов, кој повеќепати влегувал во дискотеката. Тој успеал да спаси повеќе лица, но не и себеси. Дел од спасените сведочеа дека и обезбедувачите како и други лица биле вклучени во акцијата да се извлечат што повеќе заглавени во дискотеката.

Македонија | пред 1 година

IMG-3b803133653b045cf275de59d781aa1a-V

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните

Со цел да се обезбедат подобри услови за згрижување на дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ деновиве е набавена нова опрема за занималните.Опремата се состои од 37 детски масички од буково дрво за деца од 2 до 6 години, 100 детски дрвени, анатомски столчиња за деца и 95 детски душеци од 100% памучен материјал.Во текот на оваа година ќе бидат реализирани низа проекти за поставување на нови фасади на неколку објекти од градинката, нови подови, реконструкција на внатрешни ѕидови и набавка на нова опрема.https://ohrid.gov.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5/?fbclid=IwY2xjawJPnQlleHRuA2FlbQIxMQABHeEWGKG8-YoifIWi_-HpHWuXuyR7UB_k-p-NBGRaz9Dr7pIbiqyisDAftQ_aem_5bBSlzWQGGx6Dh7S1hkK-A

Охрид | пред 1 година

ikona-ohrid

РАНГ ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

По претходно распишан Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во република македонија а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во општина охрид за учебната 2024/2025 година, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за овие категории.https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b3-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b8-%d0%b7/?fbclid=IwY2xjawJPnQhleHRuA2FlbQIxMQABHRH6UMuIuAe9w1Z5lSUNPYP03_FH_ixHoumad375M6U-g91UYqNIOR0nvw_aem_F0sm-5UstGWRZMe-s3UwRw

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

РЕШЕНИЈА ЗА ЈАВЕНИОТ ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици и ги донесе следните:https://ohrid.gov.mk/%d1%80%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83/?fbclid=IwY2xjawJPnQhleHRuA2FlbQIxMQABHaJAWEDfIotgfFOb8F5mLiPDfbZJyrfpfgBG0PRO35AWDNcRnJ-ntdWKNA_aem_-nANkKxcOEAeUPzw0Tnkaw

ОО | пред 1 година

ohrid-izvestuvanje

Известување од Општина Охрид

Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата  за вршење дејност издадени од Одделението за туризам при Општина Охрид.  Издадените решенија  имаат важност од 3 години и  доколку на истите им истекол рокот  станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението.Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека доколку започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со  казни. Општинските Овластени инспектори по туризам и угостителство ќе спроведуваат  зачестени контроли и ќе се постапува согласно прекршочните одредби од Законот за Угостителска дејност.

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ИЗГРАДБА НА ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРА- ПРИСТАПЕН ПАТ НИЗ КП 1 И КП 80/51, КО ДОЛНО...

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 06.03.2025 година,  донесе:https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba-2-2/?fbclid=IwY2xjawJPnCtleHRuA2FlbQIxMQABHZR4FSJkN-X3XD9I0KXgH7TOI7Q4DcAQAQjyEHd9dIZAT7zuHq7B1JQj6A_aem_ZJEx15EpVpQ1N2wu7WgWUA

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

РЕШЕНИЈА ЗА ЈАВЕНИОТ ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици и ги донесе следните:https://ohrid.gov.mk/%D1%80%D0%B5%D1%88%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%83/?bclid=IwY2xjawJPnQZleHRuA2FlbQIxMQABHTeopHvvC13v5Ew6HaIpjL-m80kYKxKCYm-3CqwFvGynGR27cqN0Lf44zA_aem_gsC5ChZ6MsfHs2h03OmHcw

ОО | пред 1 година

ohrid-markica

ЗАВРШИ ПЕДЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На 54. Седница на Советот на Општина Охрид, советниците дадоа зелено светло за усвојување на Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Христо Узунов“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Григор Прличев“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Братство – единство“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Кoчо Рацин“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООМУ„Методи Патче“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2023/2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај и завршна сметка на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид за периодот 01.01.-31.12.2024 година,Советниците ги усвоија и Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на административните службеници и техничкиот персонал вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2025 година, Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за 2025 година, Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ Охрид за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка и Годишниот извештај за работењето на ЈП„Водовод“ – Охрид за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето и завршната сметка на ЈП „Градски Пазар“ Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка и Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид, Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за утврдување на цени за хортикултурни услуги на јавни зелени површини и одржување на јавна чистота (пречистен текст), Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за распределба на добивката остварена во работењето на ЈП Водовод Охрид за период 01.01. – 31.12.2024 година.На денешната седница на советот небеше усвоена Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07. до 31.12.2024 година.Советниците ги усвоија и Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од  01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2024 година,  Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Oдделението за даноци за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на  животната средина и природата за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година (Н1) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година (Н2) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година (НБ) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2024 година (В1) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2024-2026 година (ВА) за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за здравствена и социјална заштита за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работа на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Годишниот Извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата урбана опрема – изградба и одржување за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата други комунални услуги за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2024 година за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за  периодoт 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина Охрид за 2024 година, Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година, Предлог-одлука за прифаќање донација на противпожарно возило, Предлог-одлука за пренесување на правото на времено користење на недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерството за дигитална трансформација, Предлог-одлука за отстапување на времено користење објект – гаражен простор на Доброволно противпожарно друштво „Ентузијаст Охрид – Дебрца“.На денешната седница беа прифатени и следните Предлог-одлукаи за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 996 КО Завој, објект 1, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 1013 КО Косел, објект 1, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 1817 КО Лескоец, објект 1, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2223 КО Пештани, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 2365/1 КО Лескоец, објект 1, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 733/4 КО Косел, објект 1, Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 869/1 и КП.бр. 869/2 КО Охрид 4, објект 1.Дневниот ред на 54. Седница на Советот на Општина Охрид беше надополнет со уште една предлог одлука за прифаќање донација на ваучери за велосипеди, која советниците ја усвоија.Со изгласувањето на оваа точка дневниот ред се исцрпи и 54. Седница на Советот на Општина Охрид заврши. 

пред 1 година

ikona-ohrid

ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ДАВАТЕЛИ НА ТУРИСТИЧКИ УСЛУГИ ВО СЕЛСКИ, ЕТНО И ЕКОЛОШКИ ТУРИЗАМ

Развојот на туризмот претставува организирана дејност на заедницата при што се превземаат мерки и активности, форми и облици за одржлив развој. Целта на субвенционирањето на оваа категорија на даватели на туристички услуги е подобрување на квалитетот на туристичката понуда кај луѓето од руралните средини кои меѓусебно соработуваат со цел да се постигне одржлив развој на туризмот со одржлив економски пораст, кој носи економска корист во микрозаедницата.Јавниот повик ги повикува сите регистрирани даватели на туристички услуги во  селски, етно и еколошки туризам да поднесат барање за користење на финансиски средства од овој повик.Истиот ќе биде на сила до исцрпување на финансиските средства определени според Г2 ПРОГРАМАТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2025 ГОДИНА, точка 2.2 Субвенционирање на физички лица вршители на туристичка дејност:Обезбедување на финансиска поддршка за физичките лица кои согласно член 51 став 1 и 3 од Законот за туристичка дејност се даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам и се запишани во регистарот кој го води градоначалникот на ошштина Охрид. Составен дел на Јавниот Повик се:–Правилник  кој ги  дефинира условите за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам почнувајќи од денот на негово објавување.–Барање за субвенции за рурален туризамhttps://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%81%d0%ba/?fbclid=IwY2xjawJPnQRleHRuA2FlbQIxMQABHd2fVeOOIp6dj-sVBZi_M0VU8mIr3baqaRnC2kI0BqM8dGAEHZ-nvC7fJg_aem_eV0tZDRstoG8Iwzpv6r7Ng

ОО | пред 1 година

JAKNENJE-NA-KAPACITETI-2

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ПОДДРШКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ ОД СТРАНА НА ФОНДОТ ЗА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

 Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3.418.650 денари. Средствата ќе бидат наменети за Изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија Буково.Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина. Договорот за поддршка во името на Охридската локална самоуправа го потпиша Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески на официјален настан кој се одржа вчера во Скопје.Проектот за јакнење на општинските капацитети е дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС и со него ќе бидат поддржани вкупно 11 македонски општини.

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08),  Градоначалникот на Општина Охрид објавуваКОНКУРСза пријавување на кандидати за бесплатни курсеви Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување како и на вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2025 година, мерка 1.3. Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд на Општина Охрид, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:– Сметководство;– Готвачи;– Слаткари;– Монтер на нисконапонски инсталации;– Градинарство;– Странски јазици (англиски-почетно/напредно, германски-почетно/напредно, словенечки–почетно) 1. Услови за доделување бесплатен курсПредност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.За да се реализира одреден курс треба да се пријават најмалку 15 учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”. 2. Начин на пријавувањеКандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.Со Пријавата потребно е да достават и :Изјава за лични податоци;Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование. 3. Рок на пријавувањеПотребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви”  или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%b7-4/?fbclid=IwY2xjawJPnCpleHRuA2FlbQIxMQABHT8uCdaCHCg1MJO9fYtwQg34HpzLQbfmBlQtOt9mxPX6FFb6QCheN49zxQ_aem_uvdJ1jhzSvGsGd41V7itPQ 

ОО | пред 1 година

Crven-Krst20250310020

На пригодна свеченост која се одржа денеска во Големата сала на Општина Охрид беше одбележан јубилејот 80-години делување на Црвен Крст, Охрид.

На пригодна свеченост која се одржа денеска во Големата сала на Општина Охрид беше одбележан јубилејот 80-години делување на Црвен Крст, Охрид.Пред присутните гости, хуманисти, крводарители, активисти и млади волонтери свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.Crven-Krst20250310019– Секое добро дело што ќе го направиме, прави разлика во нечиј живот. Нема поголема радост од тоа да помогнеш без да очекуваш нешто за возврат.Почитувани присутни, драги гости, ценети хуманисти. Голема е честа и гордоста што како градоначалник на Охрид имам можност да бидам дел од свечениот настан со кој се одбележуваат осум децении од солидарноста и првите организирани активности за помош на најранливите во нашиот град.Црвен крст Охрид не е само организација – тој е пулсот на човекољубието, светлина во мракот и силна надеж за тие што ја изгубиле. Овој значаен јубилеј е доказ дека хуманоста е темел што не обединува. Бројни се волонтерите и активистите, кои низ годините го оставиле своето срце во секој гест на добрина. Со длабока почит се поклонуваме пред сите што ја испишаа оваа приказна. Пред оние кои беа тука пред нас, пред оние кои денес ја продолжуваат мисијата и пред сите што во иднина ќе го носат овој аманет.Денес, кога охридскиот Црвен Крст одбележува 80 години од своето постоење, Општина Охрид изразува искрена благодарност за долгогодишната плодна соработка. Нашето партнерство е сведоштво за заедничката заложба, да обезбедниме помош онаму каде што е најпотребна.Преку бројни акции, проекти и поддршка на ранливите категории, заедно создадовме мост на надеж и човечност. Општина Охрид и во иднина ќе ја продолжи оваа соработка, уверени дека заедно можеме да направиме уште повеќе за доброто на нашите сограѓани.Ви благодариме за вашата несебична работа и ви посакуваме уште многу успешни години во исполнување на вашата возвишена задача. Нека оваа јубилејна година биде поттик за уште повеќе добри дела, за уште посилна хуманост!Почитувани, ова мое обраќање до вас ќе го завршам со зборовите на нашата најголема хуманистка Мајка Тереза „Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка.“ Нека оваа мисла биде наша водилка, која ќе ни го покаже патот кон позитивните промени кои сакаме да ги видиме во Светот и во нашиот Охрид, истакна Пецаков во своето обраќање.Во знак на благодарност за досегашната успешна соработка со Општина Охрид, од страна на Црвениот Крст, на градоначалникот, Кирил Пецаков му беше доделено јубилејно признание.Свечениот настан беше отворен со видео презентација за историјата на функционирањето на Црвениот Крст во Република Македонија, а беа прикажани и видео материјали во кои беа претставени активностите и успешните проекти на оваа хуманитарна организација на државно ниво и на ниво на Општина Охрид. На настанот свое обраќање имаше претседателот на ОО Црвен Крст, Охрид, Сашо Точков и претседателот на Црвениот Крст на Република Македонија, Ромел Велев.Во рамки на настанот беше отворена и кратка дискусија со присутните, во чии рамки дел од волонтерите и активистите на организацијата го споделија своето искуство од работењето на бројните програми кои се имплементираат од страна на Охридскиот Црвен Крст.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d1%98%d1%83%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d1%98%d0%be%d1%82-80-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d1%80%d1%81/?fbclid=IwY2xjawJPnAFleHRuA2FlbQIxMQABHZzlpHlDA3TLu6F2E2Y8H-PCPy9aQTdYyDX6RnaDx6CK0BmR8ehCrBFSGw_aem_neIWN-r1bnE9Xn5h16LtCg 

ОО | пред 1 година

ikona-ohrid

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТИ КОИ БЕЛЕЖАТ НАМАЛУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО КОНТИНУИТЕТ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2519/1 од 24.02.2025 година објавува:https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%84/?fbclid=IwY2xjawJPm9lleHRuA2FlbQIxMQABHeMs6ZS8bVekETFYQBgmSPf-FTeAmghgShYtQ8OSodbAVgYrjNtVPiyy2g_aem_Uf7H8KDwlFdE1j2YjBLodA

ОО | пред 1 година

8-mi-Mart20250308010-1

Културни настани за 8-ми март

Со богата културно уметничка програма што вечерва се одржа во ЦК „Григор Прличев“ Општина Охрид, Женскиот Центар „Бисера“ и фото клуб „Охрид“ го одбележаа 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената.„Жени во фокусот“ беше изложбата на фотографии од 12 жени на Нина Ангелоска, а на настанот пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски:8-mi-Mart20250308001 -Драги дами, прекрасни суштества без кои не може да се замисли овој Свет, верувајте ова е настан на кој е најтешко да се одржи говор да се најде збор со кој ќе се опише вашата суштина и лик. Вие сте идеален склоп на нежни, кревки и грациозни суштества од една и силни, непобедливи и горди лавици од друга страна. Нежни сопруги, пожартвувани мајки и силни личности кои најдобро се справуваат со сите животни предизвици.Мајки , жени, тетки, баби…., кралици нека ви е честит 8-ми март – Меѓународниот ден на жената.Ако вас ве немаше ќе ја немаше и суштината на овој Свет, не ќе постоеше човештвото и убавината што вие ја дарувате. Не случајно матријархатот преовладувал во старо време, а вербата во мајката Божја е доминантна и над се во што ние веруваме и го негуваме.Чест ми е што присуствувам на отворањето на оваа изложба „Жени во фокусот“, преку вас 12 жени кои доаѓате од различни општествени сфери овој настан го посветуваме на сите припаднички на понежниот пол. Бројот 12 е само симболика. На вашите животни приказни се восхитуваме сите ние. Но секоја жена, домаќинка, работничка на машина, учителка или адвокат е подеднакво вреедна и ценета за сите нас.„Вистинската убавина не е поврзана со бојата на вашата коса или бојата на вашите очи. Вистинската убавина е поврзана со вас и вие како човечко суштество, со вашите принципи и вашиот морален компас“ .Секогаш наоѓајте причини за насмевки , а ние ќе се трудиме да создаваме поводи за тоа затоа што „Една жена чијашто насмевка е отворена, и чијшто израз е мил има убавина без разлика на тоа што облекла на себе“.Бидете ни здрави радосни и секогаш среќни затоа што Светов без вас е невозможен– рече Божиноски.Во рамки на случувањето се одржа и музичко – поетска вечер „Мевлем“, а учесници беа Марко Виденовиќ на пијано, Памела Велкова и Верица Ајтовска на виолина и Енис Аљи на виолончело.Претходно Здружението на жени „Бисера“ со изложба од жени сликарки ја одбележа 30 годишнината од своето постоење, а беа доделени и благодарници на успешни жени. Во рамки на празнувањето беа изложени и слики „Фрагменти на таа што создава“ од Фото клуб – Охрид.https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-8-%d0%bc%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82/?fbclid=IwY2xjawJPm5JleHRuA2FlbQIxMQABHcXehgKIhAQCUi61hAmluoZfo8ucHV3rmDCaC9PB5y4-y9VqM4AIYCNY6A_aem_XLgN4ZX17u8a06iFKPvO3A

ОО | пред 1 година

Screenshot-2025-03-25-at-15.22.04

Изложба на фотографии ,,Жени во фокусот" и музичко-поетски рецитал ,,Мевлем"

Изложба на фотографии ,,Жени во фокусот" и музичко-поетски рецитал ,,Мевлем"

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања