Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sudski-sovet-1

Нема како членовите на Судски совет да бидат разрешени, но борбата ќе биде со јавниот притисок, вели премиерот

Нема начин за со сила да биде разрешен Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок.„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.Сепак, тој посочи дека се надева на нивни оставки.„Новите членови ќе се бираат според тоа кој закон ќе биде во сила. Ценам дека јавноста не е задоволна од Советот, ќе се бориме со јавноста, со јавен притисок“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Дефанзивен пристап на Владата кон маркетите по вторите мерки, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дефанзивни мерки ако производителите, дистрибутерите и ланците на маркетите не почнат со почитување на граѓаните и договореното со Владата. Тој рече дека сака со разговор да се дојде до решение, но работите ескалираме оти довербата помеѓу трговците и Владата ја немало.„Тоа е процес и процедура која е тековна. Имаме некои индиции, очекувам во вторик реферирање. Мислам дека Државниот пазарен инспекторат ќе излезат во јавност со некои параметри. Ако не се почитува тоа од страна на системот, а тој започнува од производители, дистрибутери и ланци, тогаш како Влада ќе треба да преземеме дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно“.Тој додаде дека не се само маркетите се предмет на анализа туку и аптеките, продавниците со бела техника.„Не може производите во соседни земји да бидат 2-3 пати поевтини од кај нас“, додаде Мицкоски.Според него, уште во вторник можно е да се донесат мерки од страна на Владата.

Македонија | пред 1 година

tramp-putin

Трамп тврди дека разговарал со Путин за војната во Украина, па се огласи Кремљ

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека „ниту може да ги потврди, ниту да ги негира“ извештаите за разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави руската државна новинска агенција ТАСС.Трамп рече дека телефонски разговарал со Путин за ставање крај на војната во Украина, објави „Њујорк пост“, што претставува прв познат директен разговор меѓу Путин и американски претседател од почетокот на 2022 година.Трамп, кој вети дека ќе стави крај на војната во Украина, но сè уште јавно не кажа како ќе го стори тоа, минатата недела рече дека војната е крвопролевање и дека неговиот тим имал „некои многу добри разговори“.Во интервју за „Ер Форс 1“ во петокот, Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека „подобро да не кажува“, кога го прашале колку пати тој и Путин разговарале.„Тој (Путин) сака да ги види луѓето да престанат да умираат“, изјави Трамп за New York Post.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државната новинска агенција ТАСС дека „се појавуваат многу различни комуникации“.„Оваа комуникација се одвива преку различни канали“, рече Песков на прашањето на ТАСС директно да го коментира извештајот на Њујорк Пост.„Можеби не знам лично нешто. Така што во овој случај не можам ниту да потврдам ниту да демантирам“, додаде тој.Путин последен пат разговараше со поранешниот американски претседател Џо Бајден во февруари 2022 година, непосредно пред Путин да нареди распоредување на илјадници војници во Украина. Двајцата лидери потоа разговараа околу еден час, соопшти Кремљ.Новинарот на „Вашингтон пост“ Боб Вудворд во својата книга „Војна“ од 2024 година објави дека Трамп разговарал директно со Путин седум пати откако ја напуштил Белата куќа во 2021 година.Трамп за New York Post изјави дека „секогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната. Сепак, тој не откри повеќе детали.„Се надевам дека ќе биде брзо“, рече Трамп.„Луѓето умираат секој ден. Оваа војна во Украина е толку лоша. Сакам да ја прекинам проклетата работа“, рече тој. 

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-09-at-12.29.18

Студенти ги блокираа влезовите во Нови Сад: Се навршуваат 100 дена од уривањето на натстрешницата

Студентите кои со месеци протестираат низ Србија поради смртоносното уривање на настрешница во Нови Сад, денеска го блокираат најфреквентниот мост во Белград, Газела.Според планот, собирот започна во 9 часот пред Земјоделскиот факултет, од каде учесниците во 9 часот и 20 минути пеш тргнаа кон мостот Газела. Блокадата на мостот се очекува да трае седум часа, од 11 до 18 часот. Овие протести траат од 1 ноември минатата година, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на новообновената железничка станица во Нови Сад. Студентите бараат одговорност за оваа трагедија, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата. Протестите се проширија во неколку градови во Србија, вклучително и масовниот митинг во Нови Сад, каде десетици илјади студенти и граѓани блокираа три моста во знак на протест.И покрај оставките на некои владини функционери, студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.Денес се навршуваат 100 дена од уривањето на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Студентите во Србија ги повикаа граѓаните денеска да се соберат масовно на улиците во Ниш, Белград, Власотинце, Чачак, Горњи Милановац и други места за да ги поддржат нивните барања.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-02-09-at-12.21.21

11 дена без Миле: се трага по спротистот од Неготино

Единаесетти ден нема ниту трага ниту глас од Миле Тодоров, кој последно е виден на 30.01.2025 година. Семејството заедно со полицијата и пријателите трагаат по него, но до овој момент нема нови моменти кои би и помогнале на истрагата. Тој тргна пеш од Кавадарци кон Неготино, а телефонот му беше најден кај реката Луда Мара.Се пребаруваше во манастири и цркви. Полицијата ангажираше хеликоптер. Семејството алармира до секој што има било каква информација за Миле, да ја контактира полицијата или нив на 078-909-481, 075-691-727. Тој е спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса. 

Македонија | пред 1 година

vasil-insta

Целата пресуда со која Васил е осуден на затвор за дрогата: Апелација смета дека само вака казната ќе го „превоспита“

Апелација ја објави пресудата со која воспитната мерка му ја преиначи во затворска казна на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова. Ова доаѓа по сообраќајката, а откако со месеци се чекаше одлука. Судиите Тања Милева, Лирие Елези Ајрулау и Александра Ристеска, сметаат дека ако Васил ќе се освестени само ако биде однесен во затвор.„Имено, имајќи ги предвид видот, природата и карактерот на кривичните дела, тежината на истите, пропишаната казна затвор, степенот на кривична одговорност на обвинетиот, јачината на загрозеното добро, општествената опасност од аспект на позачестено извршување на овие кривични дела, побудите за сторување на кривичните дела, односно можноста за брза заработка која ја овозможува подажбата на наркотичната дрога, однесувањето на обвинетиот по сторените кривични дела и во таа насока негирањето на неговата инволвираност во истите, објектот на заштитното добро - односно здравјето на луѓето како и начинот и околностите под кои се сторени кривичните дела, видот и количината на наркотичната дрога марихуана и кокаин, во корелација со околностите кои се однесуваат на личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој во време на изршување на кривичните дела бил на возраст од .... години, со завршено средно образование, студент, невработен, неимотен и досега не е осудуван, по наоѓање на овој суд, а како и основано се истакнува во жалбата на ОЈО С. наведените околности анализирани во нивната севкупност и ценети од аспект на нивниот интензитет и значење, упатуваат на заклучокот дека целта на казнувањето во конкретниот случај не може да се оствари со изречената заводскамерка и дека во конкретниот случај е потребно изрекување на казна затвор со којаќе се изврши доволно воспитно влијание врз обвинетиот во иднина да не се јавувакако сторител на вакви и слични кривични дела, како и позитивно ќе се влијае ина планот на генералната превенција со што ќе се постигнат целите на казнувањето предвидени во член 32 од Кривичниот законик“, стои во пресудата.Тие сметаат дека за продажбата на марихуана и кокаин, Васил Јованов треба да помине 3 години и 10 месеци.Целата пресуда:[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/Case_57F1C096-7337-41B8-811D-47A05AD93D64.pdf"]

Македонија | пред 1 година

podadena-raka

Промовирана веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста.Веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е достапна на следниот ЛИНККомисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство.Формирана е согласно Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство чија цел е да се обезбеди паричен надоместок за жртвите, како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи.Во изминатиот период, Комисијата постигна значителен напредок, вклучувајќи го правниот легитимитет за постапување како независно тело усвојувајќи го Деловникот за работа и процедурата за поднесување барања за паричен надоместок, што претставува важен чекор кон олеснување на пристапот до правда на жртвите од кривично дело со насилство, известуваат од Министерството за правда.

Македонија | пред 1 година

lokalni-mozni-kandidati

Желби и аспирации многу, кој ќе биде извлечен од барабанот за градоначалник на Скопје?

До локалната изборна трка има повеќе од шест месеци, но партиските штабови засилено работат за да го изберат кандидатот кој би бил добитна комбинација.Почнаа да се прават и анкети и тоа од партиите, медиумите, подржувачите. А се со цел подобра стартна позиција кај лидерите во изборот на кандидатот за нов општински татко/ мајка.Од албанскиот политички блок молк.А лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека завршил процесот на номинирање на кандидати за градоначалници, па ќе започне процес на анкетирање, така што тие официјално ќе се знаат во мај.Но претходно најави дека освен номинирањето од општинските организации право на предлог ќе има и тој и партиските тела.Лидерот на СДСМ Венко Филипче пак е на став дека ќе го почитува гласот на членството и симпатизерите и анкетите ќе ги исфрлат нивните фаворити.Тоа би било познато крајот на април или мај.Атрактивно е градоначалничкото место во Скопје. Во јавноста веќе се вртат имиња на тие кои би сакале да го водат главниот град.Актуелната градоначалничка Данела Арсовска изјави дека не влегува во трка за втор мандат.Во зависност кој ја прави анкета или кој е кому наклонет, во ВМРО-ДПМНЕ предност дека ќе биде партиски избор се дава на актуелниот градоначални на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, но кај други предноста е кај министерот за локална самоуправа Златко Перински.Во барабанот се вртат и имињата на Коце Трајановски, кој два мандати беше градоначалнил на Скопје, а во третиот обид загуби од Петре Шилегов. Тој или тие околу него го вртат како кандидат и името на Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на Гази Баба.Што се однесува до другите општини, неофицијално, освен во неколку, ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде и втора шанса на сегашните градоначалници.Што се однесува до СДСМ, тие во актуелните немаат голем избор поради дебаклот на локалните избори пред 4 години.Меѓу кандидатите е претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, кој веќе изјави дека изборот за кандидат за скопски градоначалник ќе зависи од анкетите или од поддршката на граѓаните. Во медиумските анкети се споменуваат и екс градоначалникот на Карпош, Андреј Петров, Мишко Ралев и Каја Шукова. Многу комбинации се плетат и за скопските и другите општини, СДСМ ќе води тешка битка за избор на кандидати но потоа и во убедување на граѓаните дека ја имаат навистина научено лекцијата и сфатено пораката од граѓаните.Локалните избори за градоначалници и советници ќе се одржат во месец октомври.

Скопје | пред 1 година

k15

Приведен лихвар од Битола: ја искористил тешката имотна состојба на две лица и за заемот им наплаќал несразмерна камата

На 07.02.2025 во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата.Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата.По целосно документирање на настанот, против К.С. ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Usluga-Itno-Kopce

Герасимовски до пензионерите: Аплицирајте за „Итно копче“, помагаме во итни ситуации

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во тек е јавниот повик за аплицирање за услугата „Итно копче“ во Oпштина Центар. Со оваа нова услуга, на повозрасните граѓани над 65 години им се обезбедува помош во итни ситуации, во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година.„На јавниот повик можат да се пријават жителки и жители над 65 годишна возраст од Центар, со приоритет на лица кои живеат сами или со брачен другар, кој е со нарушена здравствена состојба. Корисниците коишто сакаат да се пријават треба да бидат со адреса на живеење во Општина Центар, да не надминуваат висина на пензија од 35.000 илјади денари и лица кои немаат дијагностицирано деменција, поради тоа што уредот не е соодветен за лица со деменција и Алцхајмерова болест. Оваа услуга е бесплатна и може да ја користи само еден член на семејството“, вели Герасимовски.Повозрасните жители може да аплицираат со пополнување на барање за користење на услугата Итно копче кое се пополнува за време на апликација во канцеларијата на Црвениот крст, со копија од лична карта и со копија од чек од последна пензија.Сите документи заинтересираните жители можат да ги достават во Канцеларијата на Итно копче - ул. „Славе Георгиевски Шнајдер“ бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Секоја достава на документи претходно се закажува на телефонскиот број 02/15330.Герасимовски, истакнува дека повозрасните центарци можат да добијат итна помош со едноставно притискање на копчето на уредот за комуникација, што се носи како приврзок во форма на нараквица или ланче.„По активирањето на копчето, сигналот стигнува до Црвениот крст кадешто одговорните лица стапуваат во контакт со корисникот на кого му треба брза реакција за да процени каква помош е потребна, а потоа, во зависност од состојбата се испраќа тим на терен или се повикува итна помош. Се грижиме за сите пензионери и возрасни жители на Центар“, посочува Герасимовски.Поради ограничен број на уреди, корисниците ќе се одбираат по принципот „прв дојден-прв услужен“.Повеќе информации за јавниот повик за аплицирање за услугата Итно копче може да најдете на следниот линк.

Скопје | пред 1 година

filipce-sdsm-co-5

Македонија станува заложник на тате-бате-сине непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја претвори Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања. Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе ја напуштаат земјата“, вели СДСМ и додава:Семејството Андоновски е само врвот на ледениот брег. Тате Љупчо советник, бате Игор началник, синот Стефан министер – сè во владините институции кои служат на интересите на ДПМНЕ. Ова е дрзок непотистички систем кој покажува дека способноста и квалификациите се неважни во Македонија под нивна власт.И додека партиските функционери си ги вдомуваат семејствата, младите и образованите луѓе се оставени на милост и немилост – со минимални можности за работа и достоинствен живот.Наместо да ја користат својата енергија и потенцијал за напредок на земјата, тие се принудени да заминуваат во странство, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите од ДПМНЕ.ДПМНЕ не нуди правда, ни еднакви шанси, туку создава систем кој ја убива надежта. Непотизмот и судирот на интереси кои ги практикуваат директно ги удираат граѓаните – од институциите, од економијата, од безбедноста. Владата не работи за народот, туку за „своите“.Младите во Македонија заслужуваат правда, еднаквост и можности, а не партиска диктатура. Доста е од овој трул систем кој гуши таленти и го поттикнува иселувањето. Време е за промени! 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-08-095324

Трамп му го прекина пристапот на Бајден до доверливи информации: „Џо, отпуштен си“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му го укинува безбедносното одобрение и пристапот до доверливи разузнавачки информации за неговиот претходник Џо Бајден, наведувајќи дека на Бајден повеќе не му е потребен пристап до доверливи информации.„Џо, ти си отпуштен“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, мислејќи на слоганот на неговото поранешно реално шоу „The Apprentice“.Бајден му го направи ова пред 4 годиниТрамп ја оправда оваа одлука велејќи дека Бајден му го направил истото во 2021 година, со што стана првиот претседател во историјата на САД кој на својот претходник му ги скратил брифинзите за разузнавањето.„Бајден го направи тој преседан кога и нареди на Разузнавачката заедница да го спречи пристапот до деталите за националната безбедност на 45-тиот претседател на Соединетите Држави (Мене!)“, напиша синоќа Трамп.

Свет | пред 1 година

vasil-jovanov-i-roditeli

Родителите тврдат дека не знаеле дека Васил го земал автомобилот, убедуваат дека е променет откако бил осуден за дрогата

Возачот Васил Јованов го украл автомобилот од родителите кога направил сообраќајка пред неколку години, а истото го направил и вечерта кога ја усмрти Фросина Куланова на пешачки. Ова го кажа неговиот татко Зоран Јованов, кој заедно со мајката Ана изразија длабоко сочуство на семејството на жртвата. Истовремено, посочија дека Васил е променет откако бил осуден за дрогата – марихуана и кокаин, за која доби воспитна мерка која сега му е преиначена во затворска казна од три години и десет месеци.„Таа вечер бев јас со една група пријатели и колеги, излезен, Васил беше дома кога излегов. Така што не знаев дека тој го земал возилото“, рече Зоран Јованов, татко на Васил.Но и покрај ова, таткото смета дека пресудата за дрогата каде Васил доби воспитна мерка, што сега е преиначена во затворска – вродила со плод.„Васил после пресудата, иако имаше неколку години потешкотии да се откаже од пушење трева, исклучиво трева, немаше други наркотични средства – после пресудата, навистина се промени. Како до допре до него нешто. Престана со цигари, се фокусираше на спортот, си најде психолог сам го посетуваше, си најде духовен водач во св. Јован Бигорски. Пресудата, притворот, постапката – не знам, но Васил се промени“, додаде Зоран Јованов.Адвокатот Сашко Дуковски, рече дека Васил не консумира алкохол и дрога. Но тоа траело до вечерта кога ја усмрти Фросина.„Првпат по седум-осум месеци, да тој конзумира воопшто алкохол на отворање на кафичот од негов пријател. Апсолутно ниту конзумира дрога и алкохол, до настанот. Тоа не е оправдување, но е факт“, рече Дуковски посочувајќи дека Васил е психички здрав, брзината со која го управувал возилото не е утврдена, притисок врз судот не е вршен.Осврнувајќи се на притворот, Дуковски рече дека не се противел Васил на притворот, признавајќи дека барал во негово име да не биде одредена оваа мерка.„Никој не се противел туку беа дадени законски наводи зошто сметаме дека не треба да се определи притвор“, рече Дуковски. 

Македонија | пред 1 година

avionska-nesrekja-aljaska

Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион на Алјаска, сите 10 патници загинаа

Американската крајбрежна стража во Алјаска синоќа пронашла остатоци од мал авион на замрзнат морски мраз, откако леталото ненадејно изгубило висина во четвртокот, при што загинале сите 10 лица во него, соопштија официјални лица.Двајца спасувачи на крајбрежната стража на САД кои стигнаа до урнатините можеа да видат три тела внатре, а другите седум се претпоставува дека се во урнатините, изјави портпаролот на крајбрежната стража Мајк Салерно на прес-конференција. „За жал, се чини дека не е несреќа што може да се преживее“, рече Салерно. Клинт Џонсон, шеф на канцеларијата на Националниот одбор за безбедност на транспортот на Алјаска, на истата прес-конференција рече дека 10 се мртви. „За жал, бидејќи остатоците се пронајдени и 10 луѓе загинаа, време е да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа“, рече Џонсон. Суровото зимско време ја отежна потрагата и може да бидат потребни часови или денови за да се извлечат телата од оддалечената локација, рекоа официјални лица.Остатоците се откриени на 55 километри југоисточно од Номе, соопшти крајбрежната стража во објавата која вклучува слика од остатоците во снегот и двајца членови на тимот за извлекување.

Свет | пред 1 година

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина: Сите сме сведоци на срамната изјава на родителите на Васо кои кажаа дека им ја крадел колата

Росица Кулакова, сестрата на Фросина, смета дека изјавата на родителите на возачот Васил Јованов дека тој го крадел автомобилот е срамна. Таа јавно ги праша, дали некогаш го пријавиле за кражба.„Сите сме сведоци на денешната срамна изјава од родителите кои кажаа дека Васо им ја крадел колата за да ја вози, а тие ко неми си ќутеле. Па зарем тоа не е кривично дело - КРАЖБА?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?! М?“, напиша Кулакова.Претходно:

Коментари | пред 1 година

bezoska

Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата, како гаранција за стабилноста на девизниот курс

Нивото на девизните резерви на крајот на минатата година достигна пет милијарди евра и тие се повисоки за околу 50% во однос на претпандемичниот период. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, посочува дека девизните резерви се најважниот фактор за одржување на стабилноста на домашната валута и дека во изминатиот период, и покрај кризите, тие речиси непрекинато растеа, како гаранција за задржување на стабилноста на девизниот курс.Ангеловска-Бежоска посочи дека растот на девизните резерви главно се должи на откупот на девизи од страна на централната банка на девизниот пазар, којшто речиси постојано се остварува од средината на 2023 година. „Вкупно за изминатите две години ние како централна банка на девизниот пазар откупивме 750 милиони евра, со што во целост се надомести износот којшто беше искористен за интервенции на девизниот пазар во периодот на пандемијата и во периодот на енергетскиот шок. Сето ова јасно говори за воспоставените силни одбранбени механизми од идни потенцијални ризици и шокови, заради натамошно одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута“, нагласи Ангеловска-Бежоска.Гувернерката посочува и дека несомнено странските директни инвестиции имаат позитивен придонес кон порастот на девизните резерви. „Во претпандемичниот период, странските директни инвестиции изнесуваа околу 3,5% од БДП, во просек, по забавувањето во текот на пандемијата следеше процес на постепено закрепнување, а минатата година во првите три квартали достигнаа 5% од БДП, што е солидно ниво според историските параметри“, истакна Ангеловска-Бежоска. Таа истакна дека странските директни инвестиции не се важни само за порастот на девизниот потенцијал во нашата економија, туку поопшто за инвестицискиот циклус и за побрз раст и зголемување на нивото на доходот, којшто кај нас за жал сѐ уште е низок.Ангеловска-Бежоска истакна дека за остварување повисок економски раст особено е важна и солидната кредитна поддршка за граѓаните и компаниите од страна на банкарскиот сектор, чијашто стабилност и капацитет за кредитирање се зајакнати и покрај кризниот период, а адекватноста на капиталот е највисока во последниве две декади. Ова се должи меѓу другото и на мерките коишто ги преземаше централната банка. Гувернерката посочи дека важна улога за зголемувањето на инвестициите има и растот на зеленото кредитирање коешто во изминативе години се удвои од 2,2% на 4,4%.

Македонија | пред 1 година

49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Минусни утрински температури во цела држава, најстудено било во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било во Крива Паланка, -7 во Маврови Анови, Попова Шапка, -6 во Крушево, Битола, -5 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Виница, -3 во Струмица, Охрид, -2 во Претор.Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.Времето денескаУтрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Проданоски: Имплементацијата на системот „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема сообраќајна култура и безбедност на граѓаните, а со тоа и безбедна држава

Во вчерашното издание не поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Дејан Проданоски кој дискутираше на тема поврзана со законските регулативи за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, кои мерки се преземаат со цел намалување на сообраќајните несреќи, притоа стави акцент и на своите размислување за тоа како да се подобри безбедноста во сообраќајот.Најпрво пратеникот Проданоски, даде свое видување во однос на состојбите со сообраќајот, кои чекори можат да придонесат кон смалување на бројот на сообраќајни прекршоци, со оглед на тоа што се регистрирани преку 19 илјади прекршоци изминатите три години, но и за влијанието на законот и ригорозните мерки врз сето тоа.„Од она што и слушнавме и од она што го знаеме и како пратеници и како граѓани е дека навистина имаме и ригорозни закони коишто влијаат врз подобрување на безбедноста во сообраќајот и не е еден закон, туку неколку закони, Кривичниот закон, Законот за безбедност во патниот сообраќај и Законот за прекршоци, сите тие влијаат на некој начин да се подобри состојбата“, вели Проданоски.Во поткастот пратеникот наведе дека треба да биде казниво се што е поврзано со сообраќајните прекршоци, дека секоја неказнивост дава можност за повторување на прекршокот, исто така истакна и дека токму имплементацијата на системот „Безбеден град“ како приоритет на МВР, ќе помогне во тоа да се подобри сообраќајната култура во државата.„На ова гледам дека со исклучувањето на човечкиот фактор односно со воведувањето на системите на „Безбеден град“. Еве сега во најава за вклучување на системот „Безбеден град“ во главниот град, а понатаму слушнав денес и навистина тоа сум среќен како човек, да се прошири на територијата на целата држава и од безбеден град Скопје и безбедни градови во Република Македонија да станеме безбедна држава. Системите коишто се во најава да се воспостават, ќе направат јасна дистинкција ако сте направиле прекршок мора да бидете санкционирани“, рече Проданоски.Пратеникот Проданоски истакна кои фактори имаат влијание врз безбедноста во сообраќајот, притоа наведувајќи дека се преземаат конкретни чекори во таа насока со вложување во инфраструктурата, со осветлување на клучките и пешачките премини, исто така додаде дека возачите треба да ги почитуваат зоните на смирен сообраќај, а во однос на образованието да се зголемат часовите на техничко образование.„Неколку сегменти или неколку фактори се значајни за подобрување на безбедноста во сообраќајот и тоа е генералната безбедност, инфраструктурата и однесувањето на возачите во сообраќајот, во овие можеме да ги разгледуваме и детално. Во однос на безбедноста, ние еве како држава почнавме со големи чекори напред, подобрување на инфраструктурата е еден од главните предуслови за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Јас доаѓам од Пелагонија од општина Прилеп, каде што еве во најава пуштена е една делница од експресниот пат Градско-Прилеп, се очекува до крајот на март да се пушти и комплетно дваесет и осум километарско подобрување на патната инфраструктура“, истакна Проданоски.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

Скопјанка измамена за 615.000 денари: и јавиле дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајка со смртни последици

На 06.02.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 80-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 615.000 денари. Според пријавеното, лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски службеник кој работел во Германија, каде живеела и нејзината ќерка, и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати.Како што е пријавено, таа подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Малолетници допирале по тело малолетничка во автобус кој сообраќај од Центар до Аеродром

На 06.02.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале неговата малолетна ќерка и ја допирале по телото, при што едно од нив се соблекувало пред неа.Известен бил јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Малолетничка истепана и ограбена во парк во Ѓорче Петров, друг малолетник го снимал нападот со мобилен телефон

Вчера во 01.25 часот во СВР Скопје, И.Б.(41) од Скопје пријавила дека на 05.02.2025 околу 21.00 часот во парк на подрачје на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички и еден малолетник, кои притоа ѝ одзеле чантата со пари, мобилен телефон и други лични работи, додека пак друг малолетник снимал со мобилен телефон.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

IMG_5168

35-годишник од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон: од повредите починал на местото на несреќата

На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото на настанот.Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

pece-mircevski-903289327823

Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, аздисаност и богатење на нему блиски лица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кадрите на СДС со години ги користеле институциите на државата за лукративни цели и богатење на лица блиски до врхушката на СДС. Кадарот на СДС Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит и местеле тендери во четири очи од кои потоа дебело профитирале“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Мирчевски од СДС потрошил десетици илјади евра службени пари за патувања, авио билети и сместувања, кои не биле службени, туку приватни.Пеце Мирчевски го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра, потпишувајќи неосновани решенија за резервации на хотели, авионски билети и службени патувања кои не биле оправдани.Наместо СОЗР да се користи во корист и служба на граѓаните, била користена за богатење на Пеце Мирчевски.Во периодот од 1 јануари 2022 година до 13 јуни 2024 година, Пеце Мирчевски во повеќе наврати потпишувал решенија за резервации на хотели, како и авио-билети за патувања во странство, со образложение дека се работи за службени потреби, иако во реалноста тие патувања не биле поврзани со неговата функција. На овој начин, тој го оштетил буџетот на СОЗР за 29.000 евра.Аздисаноста на Пеце Мирчевски одела до таму што се пишувал и како новинар, за да патува во Бугарија, за каде патот и смештајот му е платен како на новинар.Мирчевски од СДС освен што свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши, се расшетувал со народни пари.Мирчевски користејќи ја функцијата директор, остварувал директна материјална корист, за себе и за свои блиски лица. Одговорност има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

puska

Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3, како и Фалсификување на огнено оружје согласно член 396-а став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 28-годишник, во својот дом во селото Ложани неовластено држел оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети и за кои не може да се добие дозвола за поседување. Така, полицијата кај него пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматското оружје.Освен тоа, на пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број на оружјето.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои реална опасност од бегство и можност осомничениот да ја попречува постапката со влијание врз сведоците доколку се брани од слобода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-08-at-02.55.48

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра е вратен во затвор, не му дадоа да се лекува дома што е препорака од лекари, обзнани адвокатот Пешевски

Горан Ангелов-Ќосето со скршени три ребра бил вратен во затворот во Прилеп од велешкиот суд, обзнани адвокатот Драган Пешевски. Ќосето има проблеми со дишењето и движењето, а неговата состојба не може да се санира во затвор, бидејќи нема услови.Целата објава на адвокатот:„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!Сабајлево како го ослободиле иако во тешка состојба не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат неможам да дишам ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!!Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го исратиме, уште неможам да си дојдам на себе... Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања