Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Учениците назад во клупи, грипот се шири

Денеска започнува второто полугодие. Учениците се враќаат во училишните клупи.Не се пролонгираше почетокот, иако амбулантите се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. Пикот се очекува во втората половина на февруари.Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.Истовремено, за повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 1 година

migranti

Од Индија и Непал до Македонија - апсење на автоаптот Демир Капија-Неготино

На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија - Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина.Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-4

Нови 200 милиони евра задолжувања-власта товари нови долгови врз грбот на граѓаните, обвинува СДСМ

„Покрај кредитот од Унгарија од 500 милиони евра, за кој веќе тече камата а парите не се реализирани, владата на Мицкоски и ДПМНЕ се задолжува интензивно на сите страни“, обвинува СДСМ и додава:Нови над 200 милиони евра долгови власта натовари на грбот на граѓаните за само неколку месеци.Пред само десетина дена власта се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници.Претходно кон крајот на октомври 2024 година кај домашните кредитори власта се задолжи со уште едно големо задолжување од 73,7 милиони евра.Тоа се 700 милиони евра нови долгови создадени од ВМРО-ДППМНЕ за само 6 месеци. Власта енеромно го зголемува јавниот долг и ја турка државата во должничко ропство.Во исто време додека се трупаат огромни долгови платите стагнираат , трошоците за живот ратст а граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови.Економската политика на ДПМНЕ е катастрофлано лоша и долгорочна опасна за финансиската стабилност и одржливост.

Македонија | пред 1 година

filipce34

Се бара извинување од Филипче поради Груби, со тврдење дека го штити

„СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани.На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност.

Македонија | пред 1 година

rusija

Украински командант: Русите изгубија многу повеќе војници од нас

Руските сили ги претрпеа во 2024 година најтешките загуби од почетокот на војната. Вкупните воени загуби достигнаа 434.000 војници, вклучително и приближно 150.000 загинати во борби во текот на изминатата година, рече врховниот командант Олександр Сирски во вчерашното интервју за украинскиот медиум ТСН, пренесува Гардијан.„Путин загуби повеќе во 2024 година отколку во претходните две години од војната заедно“, рече Сирски.Од вчера Русија загубила вкупно 818.740 војници од почетокот на инвазијата, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб. Проценката се совпаѓа со проценките на западните разузнавачки агенции и веројатно ги вклучува мртвите, заробените, ранетите и исчезнатите. Во текот на изминатата година, Русија постигна напредок во источна Украина и во регионот Курск, но со големи загуби.Руските загуби достигнаа рекордни нивоа во ноември и декември, со дневен максимум од 2.030 изгубени војници во ноември, што е највисока дневна загуба од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Москва не го открива бројот на своите жртви, иако официјален претставник на Министерството за одбрана неодамна откри дека одделот примил 48.000 барања за идентификација на исчезнатите војници.Според заедничката истрага на руските Би-Би-Си и Медиазон, новинарите ги идентификувале имињата на 88.726 руски војници кои загинале за време на инвазијата на Украина. Според овие извори, 2024 година би можела да биде најсмртоносната година на војната, со во моментов повеќе од 20.000 потврдени смртни случаи во изминатите 12 месеци, иако конечните бројки сè уште се собираат.Во декември, украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека Украина загубила 43.000 војници на бојното поле од почетокот на инвазијата, тема за која често не зборува. Олександар Сирски одговори на прашањето за украинските загуби воопшто, само рече дека тие се многу помали од руските. Доколку продолжи ваквото темпо на руски загуби, се очекува во следните шест месеци бројот на изгубени војници да надмине милион.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-18.35.44

(Видео) „Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот“ - потресни сведоштва од Онкологија

Онкологија значи борба за живот. Често наши блиски завршуваат тука на лекување. Д-р Марина е дел од персоналот. Од прва рака раскажа што затекнува, но и што се случува.„Имам другарки кои јас лично сум ги лекувала, и што го изгубиле животот. И тоа е многу тешко, бидејќи ти даваш хемотерапија, а таа не делува. Едноставно не делува кај сите луѓе исто. Ти не знаеш што да направиш, што да дадеш. Се случува и по ноќи да не спиеме – буквално. Не спиеш, мислиш на пациентот, чекаш да дојде 8 часот за да се јавиш кај колегата кој е дежурен да видиш дали преноќил пациентот, дали е жива“, вели доктор Марина Вукашиковиќ која работи на Одделот за рак на дојка.Потресен „Претрес“, цел Ви е достапен на јутуб-каналот prvatvmk:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-29-at-09.19.16

Пожар во дом за стари лица во Србија: Шест лица загинаа, неколку се повредени

Шест лица загинаа, а повеќе се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борк, во белградската општина Бараево, дознава РТС. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.д-р. Виолета Николиќ од Заводот за итна медицинска помош за РТС изјави дека добиле повик од пожарникари за пожар во дом за стари лица во Велики Борк.Таа изјави дека четворица повредени се пренесени на Одделот за токсикологија на ВМА, а на две лица им е укажана помош во Ургентниот центар. Четири екипи од Заводот за итна медицинска помош се испратени да интервенираат, заедно со уште две дополнителни екипи од Лазаревац и една од Бараево.Вршителот на должноста помошник министер и раководител на Секторот за вонредни состојби Лука Чаушиќ за РТС изјави дека се претпоставува дека во моментот на пожарот во зградата имало 30 корисници. Како што наведе, Брзата помош им укажала на седум повредени и ги пренела во ВМА и Ургентниот центар.Според него, по пријава во 3 часот и 32 минути, единиците на Секторот за вонредни состојби веднаш биле испратени на местото на настанот, каде што го пронашле пожарот во беснееја фаза.„Во моментов се уште се проверува дали има преостанати извори на пожарот кои би можеле да предизвикаат негово ширење, додека причината ќе се утврди во наредните часови“, рече Чаушиќ.Тој додаде дека домот за стари лица се наоѓа далеку од фреквентни патишта, но противпожарните бригади пристигнале брзо, а на повредените им била укажана помош за рекордно време. Ова е голема трагедија, но можеше да биде и многу поголема“, заклучи Чаушиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-14.37.01

(Видеo) Сè што треба да знаете за она што се случува во Појасот Газа протече на интернет неколку часа по прекинот на огнот

Терористите и милитантите на Хамас излегоа од скривниците за да го прослават новиот прекин на огнот во Појасот Газа, бесрамно парадирајќи низ улиците на Газа, веејќи калашникови и зелените знамиња на организацијата, пишуваат „Тајмс оф Израел“ и британски „Дејли мејл“.На застрашувачки снимки се фатини милитантите и толпата во Газа како извикуваат „Војската на Мухамед доаѓа по Евреите“. Прекинот на огнот, кој стапи на сила во 11:15 часот по локално време, носи привремена пауза во борбите по 15 месеци крвопролевање. Но, глетката на милитантите на Хамас повторно предизвикува меѓународен гнев. Осуди пристигнуваат од сите страни, меѓународните коментатори тврдат дека ваквата прослава е исмевање на изгубените животи и страдањата на заложниците и на сите нивни семејства. Понатаму, додека некои жители на Газа преземаат чекори за да го вратат животот во нормала, се појавија извештаи дека Мохамед Синвар, братот на озлогласениот командант на Хамас Јахја Синвар, убиен во израелски напад, работи на обнова на инфраструктурата за оружје на групата. Разузнавачки извори предупредуваат дека групата и понатаму е опасна и можеби го искористила хаосот од војната за да се прегрупира.Застрашувачки снимки ги фатиле милитантите и толпата во Газа како извикуваат „Војската на Мухамед доаѓа по Евреите“. Прекинот на огнот, кој стапи на сила во 11:15 часот по локално време, носи привремена пауза во борбите по 15 месеци крвопролевање.Понатаму, додека некои жители на Газа преземаат чекори за да го вратат животот во нормала, се појавија извештаи дека Мохамед Синвар, брат на озлогласениот командант на Хамас Јахја Синвар, убиен во израелски напад, работи на обнова на инфраструктурата за оружје на групата.

Свет | пред 1 година

pozar-stan-karpos-2

(Фото) Детали за пожарот во Карпош: Зафатен стан и автомобили

Денеска (19.01.) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.Исто така, биле зафатени две патнички возила - „Шкода камик “, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ , сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-20-at-14.02.10

Експлозивно ветување на Доналд Трамп ги разбранува „духовите“ во САД

За време на неговиот политички митинг во неделата, пред неговата инаугурација во Вашингтон во понеделник, Доналд Трамп даде ветување што, во најмала рака, ги разбрани „духовите“ во САД.Имено, идниот претседател на САД вети дека ќе ја објави и отвори архивата за атентатот на Џон Кенеди, поранешниот американски претседател кој беше убиен во Далас во 1963 година.Ова ветување беше едно од клучните моменти од неговиот митинг, каде што илјадници Американци чекаа на студ и снег да го видат Трамп.„Како прв чекор кон враќање на владината транспарентност и одговорност, ќе ја реорганизираме класификацијата на доверливите владини документи“, вети Трамп, а потоа продолжи: „Во наредните денови ќе ги објавиме преостанатите доверливи документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди, д-р Мартин Лутер Кинг, но и други документи од голем интерес за јавноста.Роберт Ф.

Свет | пред 1 година

kradecaaa

26-годишен скопјанец осомничен за тешки кражби и разбојништво

Против 26-годишен скопјанец ОЈО Скопје поведе истрага, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и две дела – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1од Кривичниот законик.На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата “Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари.На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Во објектот влегле со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога осомничениот насилно влегол во пицерија на улицата „Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Скопје | пред 1 година

siljanovska-vodici2925-1

(Фото) Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на празникот Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро положувајќи го светиот крст во нив.Поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, стотици верници учествуваа во светиот чин, славејќи ги заедништвото и љубовта како темел на нашето духовно богатство.Претседателката, на најсреќниот меѓу верниците, Мартин Гоџо, кој успеа да го фати светиот крст, му подари уметнички изработена резба. Таа му посака добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, истакнувајќи дека неговото постигнување го облагородува духот на храброст, надеж и посветеност, кои го красат овој возвишен празник.Продолжувајќи со чествување на празникот Богојавление – Водици, претседателката во Струга присуствуваше на црковната церемонија на осветување на водите и положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим - свет чин, што го изврши неговото Блаженство г. г. Стефан. На Томче Голабоски, најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во осветените води на реката, таа му подари рачно изработена резба, посакувајќи му живот исполнет со здравје, радост и благосостојба и истакнувајќи дека овој празник ја слави обновата на духот, заедништвото и вечната сила на вербата.

Македонија | пред 1 година

vodici-2025-ilinden-2

(Фото) Во општина Илинден светиот крст во рацете на Јовица Јаневски

По повод големиот христијански празник Богојавление (Водици) и оваа година традиционално се одржа манифестацијата за осветување и положување на светиот крст, под покровителство на Општина Илинден. Годинава во водите на езерото кај хотелот Белви светиот крст го положија свештениците на црквата Св. Константин и Елена.Од пријавените 66 учесници најсреќен беше Јовица Јаневски кој со своето учество, голема желба и упорност, успеа да го фати светиот крст и видно возбуден и среќен го прослави чинот заедно со останатите верници кои учествуваа во скокањето. Тој на оваа манифестација учествува за прв пат.Покрај честитките за здравје, среќа и благослов во текот на целата година, најсреќниот Јовица, традиционално доби поддршка од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Јаневски поддршка доби и од директорите на ЈКП „Водовод“ и ЈКП „Илинден“. Голема благодарност и до општествено одговорните компании кои учествуваа со свои подароци, ЗЕГИН и компанија „Атанасовски“.

Скопје | пред 1 година

pozar-stan-karpos-2

(Фото) МВР со детали за пожарот во Карпош: Опожарен бутик, фасадата на зградата, две возила, делумно зафатен стан

Денеска во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на 54-годишниот И.М. од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.Исто така, биле зафатени две патнички возила - „Шкода камик“, паркирано од  М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

skopje-vodici-2025-5

(Фото) Теодор Јовевски го извади Светиот крст од водите на Вардар во Скопје

Теодор Јовевски е момчето кое го фати светиот крст во водите на Вардар во Скопје.„Се надевам дека ќе ми донесе среќа“, кажа Теодор Јовевски кој го фати Светиот крст во Скопје.Тој за првпат се фрла во водите на Вардар на Водици оваа година.На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.31.14

Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае

Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на „Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Локалната самоуправа оваа година ја поддржа оваа манифестација со 40.000 денари, а за безбедноста на капачите кои учествуваа во верската церемонија во водите на реката Вардар, се погрижи десетчлената единица за заштита и спасување од Општина Карпош. Покрај големиот број верници, на традицоналната манифестација, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој беше придружуван од членовите на Советот на Општината.-Ова е голем празник за христијанските верници. Општина Карпош традиционално ја поддржува оваа манифестација,особено за граѓаните од Нерези и многу сум среќен што голем број верници се собраа денеска да го одбележиме овој голем празник за сите. На сите овогодинешни фаќачи на крстот во целата држава, им посакувам добро здравје и среќа и секоја година да се фрлаат во ладните води на реките и езерата, во знак на овој голем ден – накратко се обрати Јакимовски.Во духот на христијанската традиција, свештените лица од црквата „Свети Пантелејмон“ од Нерези и „Свети Петар и Павле“ од Ѓорче Петров, го положија крстот во реката Вардар, при што најголема среќа имаше Стефан Георгиевски од Новоселски пат, од општина Ѓорче Петров, кој прв дојде до оваа света реликвија. Инаку, според религијата се верува дека токму овој крст, ќе му донесе нему здравје и бериќет во претстојнава година. По завршувањето на манифестацијата, присутните граѓани и верници се упатија кон црквата „Свети Пантелејмон“, каде што ги чекаше пригодна славска трпеза.

Скопје | пред 1 година

stekli-sud-1

(Видео) МВР со детали за акцијата и апсењето на Штекли: најдена е прашкаста материја во пакувања

На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје.Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.При реализацијата, постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локациja на подрачје на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење. Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со прашкаста материја. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против 14 лица до надлежното Јавно обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.Имајќи предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот јавен обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-08.12.40

Се бара притвор за Штекли и уште девет лица: три се во бегство

Од вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на подрачјето на Градот Скопје се спроведува координирана акција во соработка со МВР. Одделот за специјални полициски операции изврши претреси на 20 локации во Скопје и на една локација во Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци.Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомневање дека се членови на криминална група која подолг временски период извршува кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и наркотични средства. Осомничените – членови на криминалната група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците.Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка против 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-133607

Почина 17-годишното момче кое се здоби со изгореници од струен удар

Според информации од комплексот клиники „Мајка Тереза“ и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент, донесен со изгореници, тешки телесни повреди, објави Сител.Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

Скопје | пред 1 година

ohrid-vodici

(Видео) Светиот крст од Охридското Езеро годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош

Мартин Гоџоски од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи.Мартин светиот крст го фати и во 2022 година.

Македонија | пред 1 година

vodici-kiselavoda-4

(Фото) Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Илија Мелоски беше најсреќниот меѓу 50-те верници кои денес се обидоа да го фатат Светиот Крст во водите на базенот “Расадник”, кои претходно беа осветени. Од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски тој доби икона и парична награда, а од повеќе општествено одговорни компании и повеќе други награди. Возобновената манифестација по повод празникот Богојавление- Водици од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, која од година во година станува се попосетена, и годинава започна со литија од храмот Св. Ѓорѓи, предводена од свештенството од храмовите во општина Кисела Вода, збогатена со песните од КУД “Китка”. Најсреќниот учесник што го извади Богојавленскиот Крст од водите, Илија Мелоски за себе и за најблиските посака здравје и среќа, а наградите одлучи да ги донира.-Бог се јави браќа и сестри! За мене и за сите православни верници ова е многу значаен и величествен ден, кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството, го чествуваме зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа. За мене посебен, бидејќи денес е мојот именден.Масовноста и сплотеноста на мојот народ која денес ја гледаме е само потврда за исправноста на одлуката што ја донесовме – да ја возобновиме традицијата во Кисела Вода за положување на Крстот во осветената вода.Ги поздравувам и им се заблагодарувам на сите кои денес најпрво беа дел од литијата што започна од храмот Св. Ѓорѓи, се заблагодарувам на свештенството кое го предводеше овој убав настан во духот на нашата вера и традиција и на КУД “Китка” кои со својата песна овозможија настанот да има уште потрадиционална и посвечена нота, им честитам на сите кои имаа храброст и се обидоа да го извадат Светиот Крст од водите. Посебна честитка до најсреќниот Илија Мелоски кој го фати Светиот Крст, му посакувам добро здравје, среќа и радост и од Бога благословена година за него и за неговото семејство, а ние заедно со неколку општествено одговорни компании се потрудивме да го запамети овој ден и по повеќе награди.Му благодарам и за големиот гест на овој исто така голем ден, наградите да ги донира на оние кои имаат вистинска потреба. Да сте ми здрави и живи, а следната година повесели и помасовни-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

474092367_616537197593466_1581666234605094733_n

(Фото) Матеј и Далибор се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром

Матеј и Далибор годинава се најсреќните верници кои први стигнаа до светите крстови во осветените води во Аеродром.Матеј од Горно Лисиче го фати крстот положен во Маркова Река, а Далибор во езерото во комплексот „Јасика".В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, им посака многу здравје и среќа на сите храбри учесници и им го честита големиот христијански празник на сите православни верници.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Мизрахи: Новиот кадар во образованието е неопходен за подобри ефекти во создавањето на нови образовани и компетентни професионалци

На денешната трибина „Подобрување на образованието“, пратеничката Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека реформите во образованието мора да вклучуваат сите аспекти како плати, кадровски решенија, инфраструктура и наставни материјали, бидејќи само целосен пристап ќе доведе до вистинска промена. Таа додаде дека дисциплината и квалификациите на наставниот кадар се клучни за создавање на високо образовани и компетентни професионалци.„Кога ќе се започне фронтална битка против десистематизацијата во образованието, руинирање на целокупниот образовен систем, кој сепак за крајна цел има создавање на нови лица кои ќе бидат на пазарот на трудот високо елоквентни, образовани и полни со дисциплина. Првиот удар да биде на реформата во високото образование со вадење нов кадар или поелоквентен кадар кој што би бил една до две генерации имплементиран во образовниот систем, ќе доведе до подобри ефекти во образованието“, изјави Мизрахи.Мизрахи нагласи дека авторитетот и честа на наставниците треба да бидат почитувани, бидејќи нивната улога е клучна за создавање на високо квалификувани професионалци. Таа додаде дека дисциплината и континуираното истражување ќе ги поттикнат наставниците да го подобруваат своето знаење и да придонесуваат во своето поле.„Децата ги даваме во образовниот систем, а системот наставниците, професорите и учителите треба да направат луѓе. Честа и авторитетот треба да се вратат во рацете на наставниот кадар, висок наставен кадар заради тоа што воспитната компонента е битна, затоа што таа компонента повлекува дисциплина, а дисциплината овозможува агрегирање на базични основни информации, од коишто понатаму може да се гради лице кое што ќе добие интерес во цивилизациските придобивки дадени со она што сме го образложиле и научно го разбираме“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека Меѓународниот универзитет, зад кој стои струшкиот градоначалник, го отвори прашањето за лажни акредитации и создавање на невалиден образовен кадар.„Вие образовниот циклус не го завршувате во моментот кога ќе добиете сертификат или диплома. Едно е дека вие добивате високо образование за да се квалификувате и на пазарот на трудот да влезете со висока квалификација, што значи висок бод или висока плата и понатаму висока пензија, меѓутоа од втората гранка што ја занемаруваме да ја разгледаме е идентитетската гранка. Високото образование води кон дисциплина, прибирање на информации, критично размислување и создавање на вокабулар на високо образована личност“, додаде Мизрахи.Мизрахи ја изрази својата контрапозиција на ставот на поранешната министерка Мила Царовска, која тврдеше дека учениците не треба да бидат „бомбардирани“ со информации. Според Мизрахи, децата треба да бидат изложени на голем број информации, бидејќи тие се основа за критичко размислување и создавање на идентитет на образовани личности.„Децата мора да бидат бомбардирани со информации бидејќи без информации не стигнувате до критична мисла, информациите ви даваат методологија, алатка и тактика за решавање на одреден проблем, со што во високото образование вие добивате и нов идентитет, идентитет студент. Откако компонентата идентитет-студент ќе заврши, вие добивате сертификат, како доказ дека имате нов идентитет, доктор, инженер, правник, економист. Доколку високообразовните институции не се темелат на дисциплина, прибирање на информации и создавање методи, алатки и тактики за решавање на проблеми, вие имате лажни високообразовни институции, тие се еден вид на трговски друштва во кои за одредена сума на пари добивате лажен идентитет со кој што ќе се имплементирате на пазарот на трудот. Во фелата на министерката за образование, во лекарската фела, кој сега ќе направи дистинкција меѓу вистинските бели мантили и оние кои што се само маскирани во бели мантили? Страшно е универзитетите, високообразовните институции да создаваат кадар со лажни идентитети, не создавајќи кадар имплементиран низ целиот систем и понатаму можете да кажете системот е руиниран заради тоа што една институција не е зградата и насловот на институцијата“, рече Мизрахи.Мизрахи ги критикуваше и седумте години на безредие од страна на претходната влада и нагласи дека потребата за ред е клучна за напредокот, вклучувајќи го образованието. Таа додаде дека за успешни политики, особено во образованието, без аналитика нема ефективна политика.„Имавме траорни 7 години на безредие, зачинето со страшно безобразие. Имаше огромна излезност на народот на претходните парламентарни избори и огромна поддршка за програма и идеја за нова иднина, ново утре. Но, што е клучот на сите прашања кои што се одговараат на сите теми, вклучувајќи и образование? Потребата од ред. Министерката за образование, министрите во моментов се обидуваат да направат ред. Велите да имаме политички тези, ама без аналитика нема политика, а за да имате аналитика мора да има ред“, истакна Мизрахи.Мизрахи истакна и дека министерката за образование, Весна Јаневска, се соочува со огромен број вработени кои се изгубени во папирологија и документи, без анализа и решенија за проблемите.„Имаме пред нас министер за образование кој многу често доаѓа во Собрание, повикува на јавна дискусија, на јавна расправа, комуницира со сите сегменти, сите чинители во образованието за да образложиме до каде сме и каде ќе одиме, кои наредни чекори ќе ги преземеме. Во безредието ни тонат и учениците и студентите и наставниците кои што не знаат дали ќе примат плата, колкава плата, ќе има ли материјали, кој ќе им биде програмот, зошто да биде овој, ќе се смени ли власт, ќе се смени ли овој програм“, додаде Мизрахи.Мизрахи истакна дека студентите се повеќе загрижени за практични проблеми како оброк, сместување и материјали, наместо за воспоставување ред во образовниот систем. Според неа, проблемот со кадарот во високото образование се однесува на недостигот на нови кадри, но искуството на постоечкиот кадар не треба да се занемари.„Студенти кои повеќе мислат на тоа дали ќе има студентски оброк, автобуски карти или дали ќе има материјали, книги каде ќе ги набават, дали ќе имаат сместување, на што ќе личи тоалетот каде ќе престојуваат, наместо да мислат на редот кој што треба да се воспостави, а тоа е образованиот циклус. Зачинуваме со тешки прашања, од типот на дали стар кадар или нов кадар во високообразовните институции“, истакна Мизрахи.Мизрахи нагласи дека министерката и другите министри во моментот прават анализа на состојбата и вложуваат големи напори за воспоставување ред. Тие ја информираат јавноста за актуелната ситуација и бараат помош од сите чинители за да го подобрат системот за доброто на сите.,,Сето ова што го прави министерката во моментов и сите министри е аналитика на состојбата која што е најдена во моментот за да се направи ред. Да бидеме благодарни што во овој момент имаме луѓе во извршната власт кои што надчовечки даваат напор за да направат анализа, да излезат во јавноста, да ја презентираат моменталната состојба, да ја информираат јавноста, да побараат помош од сите чинители за да направат ред за сите нас“, заклучи Мизрахи.

Македонија | пред 1 година

stekli-sud-1

(Видео) Раде Штекли и дел од „неговата” група донесени во Кривичен суд, Обвинителството бара притвори

Познато е што е запленето по вчерашното апсење на Раде Штекли и групата - дел донесени во суд.Запленети се 325.000 денари и 3.995 евра, четири ПМВ, 12 мобилни телефони, еден пиштол марка Зораки 9 мм и 22 куршуми, семки од НН растение, НН растителна материја со зелена боја, пет дигитални ваги, неутврдена количина на бела прашкаста материја, пластична мешалка, метална лажичка за дозирање, фолија за пакување, две дробилки, еден видео рекордер, едно УСБ и др., од кои дел ќе бидат предмет на вештачење.Раде Штекли и дел од „неговата“ се група донесени во Кривичен суд. Обвинителството бара притвори по повеќе основи.За некои осомничени ќе се бараат други мерки за обезбедување присисуство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-130518

(Видео) Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика

Климент Танески од Ростуше го извади осветениот крст од водите на Радика, што беше положен од епископ Антаниски, г. Партениј, по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.„Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосостојба во државава“, посака Танески.„Вадењето на светот крст од водите на Радика од страна на ростушанец нека биде за благослов на сите луѓе што живеат во овој крај, благослов за растење и развој на регионот. За многу години. Нека бог ја излее својата благодат за да има на земјата многу мир, многу љубов и меѓу луѓето добра волја“, порача владиката Партениј.Овој пат имаше рекордна бројка од околу 300 верници, кои учествуваа во извлекувањето на крстот од бистрите води на реката Радика, кои најпрвин присуствуваа на Божествена Литургија во храмот посветен на Пресвета Богородица во село Ростуше, со која чиноначалствуваше владиката Партениј.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања