Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

ahmeti-grubi-dui

Обвинителство крева раменици за распит на Ахмети, сметаат дека они немаат што да го викаат, а МВР можат ако сакаат

Откако Али Ахмети застана во одбрана на бегалецот Артан Груби, а вицепремиерот Иџет Меџити побара лидерот на ДУИ да биде повикан на разговор - Обвинителството ја префрли топката. Тие сметаат дека тоа не треба да го прават, напротив, им посочуваат на МВР како институција која трага по Груби, да го викне Ахмети на разговор, ако сметаат дека треба.“Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице.Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот”, велат од Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Дете прегазено во Тетово

На 29.12.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат с.Сиричино кон с.Туденце, тетовско, патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(19) од с.Туденце, удрило во малолетен пешак.Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 1 година

meso-mesarnici

14 казни: под лупа на инспекторите и месарниците во земјава

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот,официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-09-13-at-12.05.15

Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК, вели СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со своите постапки треба да биде пример за одговорно и независно постапување и одлучување а не да остава сомнежи за својата работа“, вели СДСМ.„Последната скандалозна одлука за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и сомнежите за судир на интереси во самата ДКСК фрлаат црна дамка на работата на комисијата и ја поткопува довербата во оваа важна институции.Сомнежите за судир на интереси кај членката на ДКСК, Цвета Ристовска, која истовремено била предавач на истиот Универзитет од каде што е спорната диплома на Христовски, како и фактите објавени во медиумите дека дипломата е стекната за само 1 година ја компромитира објективноста и независноста на одлуката.Од овие причини Цвета Ристовска треба да си поднесе оставка а Државната комисија за спречување корупција да ја повлече и да ја преиспита одлуката за директорот на АНБ.Дополнително, потребно е целосно расчистување на евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.Носители на функции во ДКСК мора да бидат пример за одговорност, интегритет и транспарентност. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани без исклучок. Само така може граѓаните да имаат доверба во оваа важна институција“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

grubi5123

Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби и ДУИ, СДС само молчеле на криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДС само молчеле на криминалот. Со молчењето и прикривањето, СДС се соучесници на криминалот на Груби во Лотарија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„СДС со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот.Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор.Затоа во СДС нема ништо ново, туку се е како до сега.СДС се веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши.ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал и корупција и се бори против истото“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-30-090451

Кривична пријава против 12 македонски државјани и 1 странец, за 45 кривични дела поврзани со криумчарење луксузни возила како и фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба

На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување, Единицата за интервентна полиција, СВР Битола, ОВР Гевгелија и ОВР Неготино, а по издадени наредби од страна на судија за претходна постапка и јавен обвинител заради докажување на кривични дела поврзани со криминал со луксузни моторни возила, извршени се 10 претреси кај 10 лица, од кои седум се во Скопје, еден во Дојран, еден во Неготино и еден во Битола, при што се лишени од слобода шест лица: К.С., Н.П., М.С. и Д.И. од Скопје, В.Ц. од Стар Дојран и Н.Г. од Битола. За И.А., Д.М. и Ф.С. од Скопје и А.Т. од Неготино се преземаат мерки и активности за пронаоѓање.При претресите се пронајдени и одземени четери возила, разновидна службена документација, околу 32.500 евра и разни документи, купопродажни договори, пет германски регистарски таблички, околу 25 грама кокаин, лап топ компјутери, повеќе мемориски уреди, други предмети поврзани со кривичните дела. МВР според предходно одземени 5 ПМВ и сообрани материјални докази ќе поднесе Кривична пријава до ОЈО против 13 лица, од кои двајца се поранешни вработени во МВР, а еден е се уште вработен во МВР, каде во текот на ноќта и утрото лицата се изведени пред судија на предходна постапка.

Македонија | пред 1 година

berovo

Најстудено утрово во Берово

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола, Струмица и Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп, Демир Капија и Крива Паланка, -3 во Кавадарци, Велес, Охрид, Претор, Дебар и Крушево, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Попова Шапка, 4 во Гевгелија.Висината на снежната покривка во 7 часот утрово, изнесувала 51 сантиметар во Маврови Анови, 50 во Попова Шапка и 22 во Крушево.

Македонија | пред 1 година

677z381_dzimi-karter

Почина Џими Картер на 100 години: поранешен американски претседател и добитник на Нобеловата награда

Поранешниот американски претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Џими Картер почина во неделата на 100-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.Картер, демократ, беше 39-ти претседател на САД од 1977 до 1981 година. Џими Картер наполни 100 години во октомври и беше најстариот жив американски претседател на сите времиња.Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100-годишна возраст, објави Atlanta Journal-Constitution.„Поранешниот претседател Џими Картер, човекот кој редефинира каков би можел да биде животот по претседателската функција, почина во неделата. Имаше 100 години“, се вели во материјалот.Сепак, добротворната фондација Џими Картер сѐ уште не ја потврди оваа информација.Според весникот The Washington Post, Картер починал во неделата во својот дом во Плејнс, во американската сојузна држава Џорџија, потврдил неговиот син Џејмс Е. Картер Трети.

Свет | пред 1 година

milanovic-zoran-hrvatska-4

Милановиќ за малку ја испушти победата: Хрватска ќе го добие претседателот во вториот круг

Во вториот круг од претседателските избори влегоа актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ кој го поддржа Социјалдемократската партија и Драган Приморац кој беше поддржан од Хрватската демократска заедница.Според привремените резултати на Државната изборна комисија, по обработени 98,85 отсто од избирачките места, Милановиќ добил 49,20, а Приморац 19,43 отсто од гласовите.За Милановиќ гласале 779.995 гласачи, а за Приморац 307.991 гласачи и таа разлика е многу поголема отколку што предвидуваа предизборните анкети.Марија Селак Распудиќ освои 9,21, Ивана Кекин 8,84, Томислав Јоњиќ 5,01, Миро Буљ 3,79, Бранка Лозо 2,41, а Нико Токиќ Картело 0,88 отсто од гласовите.Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јануари.

Свет | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

Ахмети го брани Груби: Не побегна, си зема одмор од папараците и јавноста

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, застана зад својот близок соработник иако како партија се оградија од Груби.За време на неговата посета на Косово, каде што учествуваше на прием организиран од Рамуш Харадинај за ветераните на ОВК, Ахмети изјави дека Груби, не побегнал од Македонија, туку се наоѓа на „албанските простори“.Според него, Груби е подготвен да се појави пред органите на правдата, но само пред судски процес кој не е „одмазднички или селективен“, како што посочил .Според Ахмети, товарот и стресот што го носи една ѕвезда како Артан Груби во Македонија е голем и повика на разбирање од јавноста.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-182731

Три авионски несреќи во само еден ден

Во Канада авион се запалил откако удри во крилото на пистата поради проблеми со шасијата. Патниците и екипажот биле навреме евакуирани.Ова беше трета авионска несреќа во само еден ден. Најтешка беше авионската несреќа во Јужна Кореја, каде што се загинале 179 од 181 лице во авионот. Во Јужна Кореја е прогласена седумдневна жалост.Боинг 737 на холандската авиокомпанија КЛМ принудно слета во Норвешка по појава на дим во моторот. Нема повредени.

Свет | пред 1 година

Jagnula-kunovska-blackwhite

Почина Јагнула Куновска, политичарка, писателка и адвокатка

Јагнула Куновска, почина денеска на 81-годишна возраст.Куновска беше родена во 1943 додина во Костур и била внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Таа беше евакуирана во Тетово во 1948 година, во бегалскиот бран од Граѓанската војна во Грција.Куновска е дипломиран правник, работеше како адвокатка но и беше активен член на Друштвото на писателите на Македонија. Беше позната и по своите колумни.Во 1990 година, Куновска учествува во одновањето на Движењето за семакедонска акција (МААК).Во 1999 година застана зад кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.Во 2006 година, таа беше кандидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, но по извесно време ја напушти партијата и стана членка на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

crna-gora-apsenje

Две години криумчареле луксузни автомобили: познати сите детали за акцијата

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.Возилата тука ги регистрирале и еден дел по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.Меѓу осомничените се две службени лица – вработени во управни служби за регистрација на возилата.Еден од осомничените е државјанин на Република Грција и за него, со оглед на претходно воспоставената соработка меѓу Основното јавно обвинителство Скопје и грчките органи, кривичниот прогон ќе биде отстапен на Република Грција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-at-19.41.02

Пристигна потврда: Во авионската несреќа загинаа сите патници и четворица членови на екипажот.

Би-Би-Си штотуку објави дека сите патници и четворица членови на екипажот загинале во авионска несреќа во Јужна Кореја.Има двајца преживеани, тоа се членови на екипажот кои се спасени и префрлени во болница.Тоа значи дека во несреќата загинале сите 175 патници на авионот, заедно со четворица членови на екипажот.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-at-23.20.42

Познат најбогатиот Македонец во регионот: ги има вкупно осум во топ 100 листата за регионот

Изданието за 2024 година на престижната “Топ 100 листа на најбогатите луѓе во регионот” објавено од VelikePrice.com повторно го сврте вниманието кон економските моќници од целиот Балкан. Листата е резултат на повеќемесечни анализи и истражувања, земајќи ги предвид нивниот капитал, нивното влијание во бизнис-заедницата и инвестициите во различни сектори.Најбогатиот Македонец е 32. на листата. Тој е Живко Мукаетов („Алкалоид“) и неговиот имот се проценува на 784 милиони евра. „Алкалоид“ е фармацевтска компанија основана во 1936 година, а од 1998 година е акционерско друштво во приватна сопственост. Таа е шеста најважна фармацевтска компанија во Југоисточна Европа.ЛИСТА 100 НАЈБОГАТИ ВО РЕГИОНОТ:1. Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ Инфобип 3.097.663.106 Хрватска2. Мирослав Мишковиќ Делта холдинг 2.851.179.194 Србија3. Дубравко Гргиќ Аграм Група 2.793.000.000 Хрватска4. Костиќ семејство МК холдинг 2.655.071.601 Србија5. Мате Римац Римац Бугати 2.295.000.000 Хрватска6. Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ Моцарт 1.808.077.997 Србија7. Драган Шолак Јунајтед Група 1.694.700.000 Србија8. Давор Лукшиќ Ледерер Плава лагуна 1.646.650.000 Хрватска9. Павао Вујновац ENNA групација, Фортенова 1.624.000.000 Хрватска10. Емил Тедески Мајберг 1.567.177.544 Хрватска11. Петар Матијевиќ М.И.Матијевиќ 1.562.250.181 Србија12. Љубиша Крстајиќ Каризма Хотели и одморалишта 1.546.000.000 Србија13. Миле Ќурковиќ Плодине 1.516.227.500 Хрватска14. Филип Цептер Цептер Интернационал 1.340.000.000 Србија15. Петар Матиќ МПЦ холдинг 1.345.807.790 Србија16. Борислав и Драган Станојловиќ Sport Vision 1.306.873.270 Србија17. Небојша Шапоњиќ и Ранко Сочанац НЕЛТ 1.260.000.000 Србија18. Пивац семејство MI Pivac 1.169.514.286 Хрватска19. Небојша Сарановиќ Капа Стар 1.167.977.881 Србија20. Станко Поповиќ Еликсир 1.155.254.856 Србија21. Марко Пипуниќ Жито 1.140.350.000 Хрватска22. Сенад Џамбиќ Бинго група 1.100.130.112 БиХ23. Томислав Мамиќ Томи 1.079.164.000 Хрватска24. Богољуб Кариќ БК група 1.020.000.000 Србија25. Бранко Роглиќ Орбицо 975.019.673 Хрватска26. Божидар Петковиќ Пештан 964.030.904 Србија27. Вук Хамовиќ ЕФТ 942.500.000 Србија28. Дрк Виндија семејство 904.594.805 Хрватска29. Иван Бошњак и Стојан Вујко Милениумски тим 877.546.900 Србија30. Драгутин Каменски Камград 873.440.000 Хрватска31. Мирољуб Алексиќ Алко Груп 849.419.773 Србија32. Живко Мукаетов Алкалоид 784.183.300 Северна Македонија33. Иван Ерговиќ NEXE група 773.540.000 Хрватска34. Бисера Драгичевиќ НИРД 751.920.000 Хрватска35. Петар Припуз CIOS Group 735.000.000 Хрватска36. Бранислав Грујиќ ПСП Фарман 725.000.000 Србија37. Семејство Хастор АСА инвестира, основа 702.711.717 БиХ38. Свјетлан Станиќ Станиќ Група 687.045.700 БиХ39. Петар Ќорлука Виолета 685.396.128 БиХ40. Анте Влаховиќ Адрис 676.804.499 Хрватска41. Жељко Митровиќ Пинк Интернационал 676.761.592 Србија42. Небојша Иковиќ Милшпед Група 647.563.276 Србија43. Душан Мојсиловиќ Агромаркет Груп 645.202.792 Србија44. Андреја Јосифовски Макпетрол 625.492.580 Северна Македонија45. Мирослав Алекса Алмекс 611.886.710 Србија46. ​​Иво Усмијани JGL 592.782.609 Хрватска47. Илија Гечев ИГМ Трејд 573.787.416 Северна Македонија48. Семејство Кожул ТТ Кабели 571.615.962 БиХ49. Ненад Милановиќ ЦОИНГ 540.000.000 Србија50. Жељко Задро Хрватска шеќерна индустрија 538.640.000 Хрватска51. Зоран Тирнаниќ ДИС 532.322.368 Србија52. Добросав Бојовиќ Напред, Енергопроект 525.000.000 Србија53. Миленко Костиќ Авто Чачак 524.790.774 Србија54. Новак Ѓоковиќ тенисер 500.000.000 Србија55. Стипо Матиќ М Сан група 470.100.000 Хрватска56. Срѓан Миловановиќ Коперник систем 466.458.702 Србија57. Иван Катавиќ КТЦ 454.510.000 Хрватска58. Мирко Рисовиќ ТРОПИК 448.272.015 БиХ59. Андреј Јовановиќ ДЕКА инженеринг 447.500.000 Србија60. Семејство Богдан ФЕАЛ 443.657.239 БиХ61. Изудин Ахметлиќ Хифа Оил 433.626.722 БиХ62. Модна компанија Милија Бабовиќ 443.609.940 Србија63. Семејство Гудељевиќ Феро термин 442.180.000 Хрватска64. Георг Гавриловиќ Џуниор Глобална храна 427.625.000 Хрватска65. Хамед Рамиќ Евра Асфалт 404.132.322 БиХ66. Владимир и Никола Лазаревиќ Форм идеален 398.730.790 Србија67. Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ Инкоп 398.409.580 Србија68. Иван Убовиќ Бемакс 396.678.744 Црна Гора69. Драган Бокан ВОЛИ 391.106.180 Црна Гора70. Веселин Јевросимовиќ COMTRADE 379.377.592 Србија71. Петр Немец Амикус 363.100.000 Србија72. Коста Чоловиќ Бања комерц – Бекамент 362.758.744 Србија73. Ѓорѓије Ницовиќ Ирва инвестиции 361.018.410 Србија74. Никола Јокиќ кошаркар 350.000.000 Србија75. Драгољуб Збиљиќ Енерготехника Јужна Бачка 349.848.260 Србија76. Родољуб Драшковиќ Свислион Група 340.277.103 Србија77. Милутин Николиќ и Павле Кавран Инвиго Капитал 333.000.000 Србија78. Мирко Грбешиќ МЕПАС 321.097.314 БиХ.79. Семејство Гудељ FIS 318.868.934 БиХ80. Семејство Краљиќ Стројопромет Група 316.360.000 Хрватска81. Жељко Мандариќ Маншпед 296.674.000 Хрватска82. Младен Грујиќ Компресор 291.678.186 Србија83. Александар и Драган Обрадовиќ АДОК 279.379.756 Србија84. Боривој и Ѓорѓе Трифуновиќ Баувесен (стечај) 275.000.000 Србија85. Гоце Камчев КАМ 274.590.435 Северна Македонија86. Комнен Лаковиќ Тежок попуст 273.358.160 Црна Гора87. Ристо Дрекаловиќ КИПС 273.141.500 Црна Гора88. Слободан Кутревски Пекабеско 267.171.362 Северна Македонија89. Страшо Милковски Гранит АД 265.799.470 Северна Македонија90. Драго Малиновиќ Комерц Мали 264.721.312 БиХ91. Ацо Ѓукановиќ Инвест Нова, Прва банка 260.420.000 Црна Гора.92. Семејство Радун Нектар 256.789.940 Србија93. Благота Радовиќ Зетаградња 239.816.080 Црна Гора94. Александар и Бојан Галиќ Галенс 233.841.356 Србија95. Соња и Небојша Петриќ Промист 232.744.596 Србија96. Драган Јанков и Милан Станиќ Силбо 222.085.850 Србија97. Владимир Тодоровиќ Тинекс 217.957.480 Северна Македонија98. Милан Беко Лука Белград 215.000.000 Србија99. Гојко и Станка Бајовиќ Оков 214.361.795 Црна Гора100. Висар Јакупи Кипер маркет 209.995.590 Северна Македонија

Магазин | пред 1 година

IMG_9160

Аналитичарот на Би-Би-Си: Многу работи поврзани со несреќата во Јужна Кореја - немаат смисла

Експертот за воздухопловство и коментатор Џефри Томас за Би-Би-Си ја анализираше несреќата во Јужна Кореја.„Се чини дека дошло до судир со птицата и таа удрила во еден од моторите, вистинскиот мотор. Тоа би предизвикало голем притисок во пилотската кабина“.Тој вели дека „со сите проверки и вкрстени проверки што се случуваат во врска со овој дефект на моторот, многу е можно пилотите едноставно да заборавиле да ја спуштат опремата за слетување“.Пилотите во близина на аеродромот Муан овој период од годината гледаат предупредувања за јата патки, кои можат да бидат многу големи, вели Томас.Но, ако опремата за слетување не беше распоредена, предупредувањата ќе имаше во пилотската кабина, вели тој, па додава: „опремата за слетување можеше рачно да се спушти доколку некој проблем го спречи спуштањето“.„Не знаеме дали ситуацијата со моторот беше таква што тие почувствуваа дека немаат време да го направат тоа“, продолжува Томас, па вели: „Но ќе прогласеа аларм за тревога и противпожарната бригада ќе требаше да биде покрај пистата“Томас вели дека Јужна Кореја и нејзините авиокомпании се сметаат за „најдобра практика во индустријата“ - и авионот и авиокомпанијата имаат „одлично безбедносно досие“.„Многу за оваа трагедија нема смисла“, заклучува тој.

Свет | пред 1 година

dejanco-eftimov

Членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки, вели Ефтимов

„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите“, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.Ефтимов продолжи и додаде:„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки и додаде:„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.Ефтимов потенцираше дека на секој треба да му е јасно дека е подложен на законите и за истото ќе одговара.„Доколку сакаме во Република Македонија да имаме владеење на правото тогаш секој еден поединец кој е во овие органи треба да има јасна претстава дека и највисоките правосудни органи се подложни на законите и позитивните законски прописи и истите ќе одговараат пред законот и Уставот на Република Македонија. Сето она што е вметнато во самиот извештај е отсликување на состојбата“, дециден е Ефтимов.Ефтимов истакна дека реакцијата на поединци во правосудните органи е всушност лична заради нивна вмешаност во нешто што направиле.„Реакцијата од страна на поединци во правосудните органи дека се врши мешање на властите во правосудството е всушност кај оние кои се засегнати лично бидејќи направиле нешто што не треба да го направат, тие се свесни за тоа и затоа оној одбранбен механизам на противење на реформи во правосудниот систем го ставаат под тезата дека тоа е мешање во судската власт“, заклучи Ефтимов.

Македонија | пред 1 година

IMG_9161

Од авионската несреќа: Починале пет деца помлади од 10 години, најмладото тригодишно дете

Возраста на патниците во авионот кој имаше несреќа, се движела од три до 78 години, но повеќето биле на возраст од 40, 50 и 60 години, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.Според јужнокорејските власти, најмладиот патник бил тригодишно момче. Од вкупниот број загинати, пет се деца на возраст до 10 години.Сведок на несреќата изјави дека се чини дека авионот имал проблеми со моторот откако се судрил со јато птици.Џеонг (50) за новинската агенција Јонхап изјави дека авионот директно се судрил со јато птици додека се спуштал на земјата.Џеонг рече дека некои од птиците се чини дека биле вшмукувани од моторот.Тој рече дека слушнал два или три „пукања“ и видел пламен како излегува од десниот мотор.

Свет | пред 1 година

IMG_6897

Тинејџерка прегазена во Скопје: однесена со тешки повреди во болница

На 28.12.2024 година во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски’’ во Скопје, патничко возило „Хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје.Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

МВР за претресите: Им влегле на 10 лица, а им нашле кокаин, уреди, документи

Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје, ЕВР Ѓорче Петров, СВР Битола, ОВР Неготино и ОВР Гевгелија во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по наредба на судија на претходна постапка, преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.Извршени се 10 претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола.При претресите е пронајдена разновидна документација, околу 25 грама кокаин, лап топови, телефони и други предмети поврзани со кривичните дела.

Македонија | пред 1 година

kosta-masakr-1

Утре пресуда за родителите на монструмот кој уби 9 ученици и чувар во училиште во Белград

Година и пол по грозоморното убиство, се очекува, судот во Белград утре да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година со пиштол уби девет ученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.Тој рани уште пет ученици и наставничка.Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, бара судот да изрече максимална затворска казна. Тој во завршниот збор му предложи на судот Владимир Кецмановиќ да биде осуден на затворска казна од 14 години и 11 месеци за тешко дело против општата безбедност и запуштање и злоставување на малолетно лице.Тој предложи и единствена затворска казна од пет години и пет месеци за Миљана Кецмановиќ за недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и запуштање и злоставување малолетно лице.Предложена е максимална казна затвор од три години за инструкторот за стрелање Немања Маринковиќ за давање лажен исказ.За Стефановиќ брачниот пар Кецмановиќ не изразиле ниту каење ниту емпатија за жртвите.Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Свет | пред 1 година

472006076_122203551326197509_3495521729951016256_n

(Фото) Од станицата во Ѓорче Петров координирана акцијата за луксузните автомобили

Македонската полиција работи и во недела.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека утрово ги посетил полициските службеници во ЕВР Ѓорче Петров, каде одблиску се запознал со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција.„Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба на службена положба, за што утрово се вршеа претреси на повеќе локации.Продолжуваме со борба против сите облици на криминал, затоа што македонските граѓани заслужуваат да живеат во стабилна и безбедна држава“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_9161

Над 1.500 спасувачи на местото на авионската несреќа во Јужна Кореа

Националната агенција за пожари на Јужна Кореја соопшти во соопштение дека несреќата предизвикала издавање на ниво на одговор 3 - што значи дека е потребна мобилизација за да се засили реакцијата.Повеќе од 1.500 лица за итни случаи се распоредени на местото и е формирана специјална зона за катастрофи.Изјавата на Х продолжи: „Ќе дадеме се од себе да ги спасиме луѓето и да се опоравиме од несреќата до крај“.

Свет | пред 1 година

policija-1313

Приведен син на поранешен функционер во МВР поради индиции дека учествувал во пробивање на акцијата во Арачиново

Приведен е син на поранешен висок функционер во Македонија. Лицето со иницијали Ќ.Б., е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“.Тој е приведен поради индиции дека дошол до информации за акцијата која се спроведуваше во Арачиново, а потоа ги кажал на припадници на криминална група, за тие да избегаат.Според информации на „Скопје1“, индициите за лицето се дека тоа сторило кривично дело-оддавање на службена тајна, па затоа, одземен му е и телефонот. Се е спроведено во координација со Обвинителството.Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР влегува во Арачиново и Сингелиќ. Тоа се и причините за пробивање на акцијата. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа. Првичните информации се дека приврзаници на групата „Беланоца“ дознале детали, кои е можно да протекле од телефонот на синот на поранешниот висок функционер во министерството.

Македонија | пред 1 година

grubi5123

Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, реагира СДСМ и убедува дека ВМРО-ДПМНЕ го пуштиле намерно

„Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Артан Груби врз СДСМ“, вели СДСМ и додава:Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега и сега цели 20 дена истиот тој Тошковски не знае каде се наоѓа Губи.Откако „случајно“ не работеле камерите, „случајно“ полицајците не знаеле кого треба да проверуваат и „случајно“ службеникот на границата, инаку кадар на Тошковски, направил „грешка“ затоа што бил „возбуден“ од Груби.Џабе се препелка сега ДПМНЕ, тие го пуштија Груби да избега и целата одговорност е кај власта.Границата со Косово, откако стана канал за бегање на криминалците. Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега мистериозно исчезна и Груби.Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања