Промени тема
Контакт

Гренланд му одговори на Трамп: Не сме на продажба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library6p21p0pmug1rckUQz1R
Фото: AI - Skopje1

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска порача дека Гренланд не е на продажба, откако американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО во Анкара повторно изјави дека САД треба да ја преземат контролата врз оваа арктичка територија.

„Гренланд не е на продажба. Повторените повици за преземање на контролата врз нашата земја нема да го променат тоа“, напиша Нилсен на Фејсбук.

— реклама —

Еден ден по новите изјави на Трамп, данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, изјави дека Данска продолжува со дипломатските разговори со Гренланд и Соединетите Американски Држави, но засега не е познато каков ќе биде нивниот исход.

Трамп повторно оцени дека Гренланд треба да биде под американска, а не под данска контрола и додаде дека спорот околу островот негативно влијае врз односите меѓу САД и НАТО.

— реклама —

„Тоа е она што го наруши мојот однос со НАТО, бидејќи Гренланд не ѝ користи на Данска“, рече Трамп, обвинувајќи го Копенхаген дека не вложува доволно средства во развојот и безбедноста на островот.

— реклама —

Во меѓувреме, норвешкиот министер за одбрана, Торе Сандвик, изјави дека сојузниците веќе преземаат конкретни мерки за зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и на Гренланд, во услови на засилени активности на Русија во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library2h7328lt783640HaCUr

Гренланд им го запре проектот: Одложено американското бушење за нафта поврзано со Трамп

Свет | пред 1 седмица

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Луѓето на Трамп ја таргетираа нафтата на Гренланд, локалните власти стравуваат

Свет | пред 1 месец

media-libraryn7an7uh4cpoaaZ5ucj1

Премиерот на Гренланд нема да присуствува на отворањето на новиот американски конзулат

Свет | пред 3 месеци

media-libraryot6g2rffvd7v9oNcrRY

Данска: На Гренланд не му е потребен болнички брод од САД

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања