Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-42-5320PM

Ако поминете со слушалки или зборувајќи на телефон на пешачки, од 26 септември ќе добиете и казна

Од 26 септември стапуваат во сила построги правила за сите учесници во сообраќајот кои наместо на патот вниманието им е насочено кон мобилни телефони, слушалки или други уреди.Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, пешак кој ќе преминува улица разговарајќи на телефон или со слушалки во ушите ќе биде казнет со 40 евра. За возачите на тротинети, велосипеди, мотори и трактори, казната е уште повисока – 50 евра.Пешакот е должен да се движи и преминува внимателно, без употреба на електронски уреди кои го одвлекуваат вниманието,“ стои во членот 116-а од законот.И натаму важи дозволата за половина промил алкохол во крвта, но за возачи со над еден и пол промил казната скока на 375 евра и забрана за возење од девет месеци до една година.Паралелно, во законот е вметната и основата за целосна примена на системот „Сејф сити“. Камерите кои веќе тестираат прекршоци ќе почнат да издаваат казни од Нова година.Сепак, за целосно профункционирање на системот останува да се усвои и новиот Закон за прекршоци, како и да се изменат уште три други закони – задача што сè уште не е завршена во Собранието.

Македонија | пред 6 месеци

trubarevo

Во Скопје се дишеле тешки метали, 12 пати над дозволеното, по пожарот во Трубарево

Концентрацијата на тешки метали во воздухот во Скопје по пожарот во Трубарево драматично ја надминала дозволената граница, покажуваат анализите на Министерството за животна средина, објавени шест дена по избувнувањето на огнената стихија.Мерењата направени на 13 и 14 септември покажуваат дека концентрацијата на кадмиум изнесувала 59,1 нанограм по метар кубен – речиси 12 пати повеќе од дозволените 5. Во воздухот имало и зголемени количини арсен (8,9 од дозволени 6) и олово (0,75 од дозволени 0,5). Единствено никелот останал во рамките на дозволеното. Од министерството уверуваат дека состојбата веќе е стабилизирана и дека тековните мерења покажуваат нивоа во границите.Од МЖСПП велат дека објектот во кој избувнал пожарот во Трубарево бил повеќе пати контролиран, а и на денот на трагедијата инспектори извршиле увид и целата документација ја предале во Јавното обвинителство.Премиерот Христијан Мицкоски најави законски измени со кои подметнувачите на пожари ќе се третираат како терористи, а за фрлање отпад на јавен простор ќе се предвидуваат затворски казни над пет години.Ова мора да престане. Ќе се заострат сите казни и ќе има јасна порака дека подметнувањето пожар е тероризам врз граѓаните и нивното здравје – изјави Мицкоски.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, потсети дека засега во Парламентот не е пристигнат ваков предлог-закон.„Кога ќе се најде на дневен ред, мнозинството ќе одлучи дали потпалувачите ќе се третираат како терористи“, рече Гаши.По зачестените пожари, Владата испрати допис до сите општини да извршат расчистување на дивите депонии, а Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонредни контроли на сите ризични локации.

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykb9lktfgrla82ukZPsY

(Фото) Гореше куќа во Кавадарци

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информира дека екипите на Територијалната противпожарна единица Кавадарци со три возила и брза интервенција успеале за само половина час да го стават под контрола пожарот во куќа во селото Горна Бошава.„ТППЕ Кавадарци со три противпожарни возила и навремена реакција, за само 30 минути од приемот на повикот пристигна во с. Горна Бошава. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот во куќата е ставен под целосна контрола,“ објави Јанчев.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп и Си разговараа за договор околу „Тик-ток“

Претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, во петокот разговарале телефонски во обид да постигнат договор што ќе овозможи апликацијата TikTok да продолжи да функционира во Америка и да се намалат тензиите во трговскиот спор меѓу двете суперсили, јавија кинеските државни медиуми и американски функционери.Кинеската државна телевизија CCTV не објави детали од разговорот, а од Белата куќа засега не дадоа коментар. Сепак, според извештаите, двете страни постигнале „рамковен“ договор кој би можел да доведе до продажба на американските операции на TikTok на група американски компании.Експерти го оценија можниот договор како „редок пробив“ во трговските преговори меѓу Вашингтон и Пекинг, кој би можел истовремено да стави крај на проблемот што со години е во центарот на вниманието.Трамп претходно изјави дека е постигнат напредок во разговорите и најави дека токму во петок ќе разговара со Си. TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, претходно доби рок да ги продаде своите американски операции или да се соочи со забрана.Американскиот претседател неколку пати ја одложуваше конечната одлука. Последното продолжување на рокот е до 16 декември, а Трамп порача дека наскоро ќе биде соопштено името на потенцијалниот купувач.

Свет | пред 6 месеци

kamala-haris

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Камала Харис открива во своите мемоари „107 дена“ дека била „лутa и разочарана“ кога тогашниот претседател Џо Бајден ја повикал само неколку часа пред нејзината претседателска дебата со Доналд Трамп за да ѝ пренесе дека група моќници блиски до неговиот брат одбиваат да ја поддржат.Харис пишува дека во септември, додека била во хотелска соба во Филаделфија и се подготвувала за една од најважните дебати во кампањата, Бајден ја побарал телефонски за да ѝ посака среќа, но и да ја праша дали ќе се врати во градот пред изборите.„Се прашував зошто воопшто ми поставува такво нелогично прашање,“ наведува Харис.Според неа, Бајден ѝ кажал дека неговиот брат разговарал со група влијателни луѓе во Филаделфија и дека тие нема да ја поддржат бидејќи, како што тврделе, таа говорела лошо за него. Харис му рекла на Бајден да ги поврзе директно со неа, но разговорот продолжил со негови размислувања за сопствените настапи во претходните дебати со Трамп.„Таа вечер требаше да бидам на врвот на моите способности,“ пишува Харис, додавајќи дека наместо да се концентрира, морала да слуша како Бајден се правда за својот „катастрофален настап“ од три месеци претходно.Таа се присетува дека по разговорот била видно вознемирена, а нејзиниот сопруг, Даг Емхоф, ѝ рекол:„Остави го тоа, имаш работа со Трамп.“Иако за време на кампањата и по неа избегнувала да го критикува претседателот со кој служеше и дури го бранеше кога се отвораа прашања за неговата ментална кондиција, во мемоарите Харис признава дека била загрижена. „Гласот повеќе не му беше силен, а паузите во говорот беа сѐ почести,“ пишува таа, опишувајќи ја својата недоумица за неговата способност да ја води кампањата.

Свет | пред 6 месеци

tepacka

Струга: Расправија прераснала во пукање и физички напад – повредени граѓанин и полицаец

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на селото Велешта, осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.Инцидентот се случил пред три дена )16 септември), кога осомничениот, за време на расправија со тројца жители на Дебар со кои имал претходно нарушени односи, извадил пиштол кој незаконски го поседувал и испукал неколку куршуми кон едно лице, погодувајќи го во долниот дел од нозете. Оштетениот задобил две лесни телесни повреди.По пукањето, осомничениот се обидел да избега со возило. Иако полициски службеник му наредил да застане, тој не ја послушал наредбата и движејќи се наназад го удрил полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда.При увидот, во возилото биле пронајдени и нож и метална шипка, поради што ќе се вршат дополнителни проверки за нивната можна употреба во настанот.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryom2e5l0i6tl12kyRLQt

(Видео) Пожар меѓу две згради во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“

Пожар избувнал помеѓу две згради во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, покажуваат и снимките до кои дојде „Скопје1“. Ова се случило во текот на денешниот ден, кога со брза интервенција на вработените, било спречено негово ширење.Од снимката се гледа пламенот помеѓу зградите. По дојава, со ПП-апарати започнува и неговото гаснење. Од помеѓу зградите излегувало чад.Засега нема информација дали ова е пријавено во МВР и како избувнал пожарот.

Скопје | пред 6 месеци

zaharova-51320-

Русија ги обвинува Западот: Дроновите не можеле да стигнат до Полска

Полските власти тврдат дека на 10 септември 19 руски беспилотни летала влегле во нивниот воздушен простор, нарекувајќи го инцидентот намерна провокација со цел да се провери реакцијата на НАТО. Повеќе западноевропски држави во знак на протест ги повикале руските дипломати, а НАТО најави дополнителни воени мерки.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека настанот е дел од веќе познат шаблон, во кој Русија повторно се обвинува без истрага и без докази. Таа додаде дека Варшава го одбила предлогот на Москва за консултации и ги отфрлила информациите доставени од руското Министерство за одбрана.„Ова е уште еден дел од голема информативна кампања насочена кон демонизирање на Русија и мобилизирање дополнителна поддршка за киeвската власт, како и обид за поткопување на политичко решение за украинскиот конфликт,“ изјави Захарова.Руските власти нагласуваат дека беспилотните летала користени против украински воени цели не можеле физички да стигнат до територијата на Полска, сугерирајќи дека можеби станува збор за провокација од Киев со цел директно вовлекување на НАТО во судирот.Захарова посочи и на „коалицијата на дронови“ од 20 држави кои го снабдуваат Киев, обвинувајќи ги нивните членки дека ги игнорираат секојдневните украински напади со беспилотни летала врз руски цивили. Таа нагласи дека во текот на летото и почетокот на септември во такви напади загинале 16 лица, а 116 биле повредени, меѓу кои и деца.„Милитантите на неонацистичкиот киeвски режим постојано користат дронови за лов на беспомошни луѓе, цинично таргетирајќи деца, жени и постари лица, како и станбени згради, здравствени и социјални установи, училишта и продавници,“ рече Захарова, додавајќи дека со испораката на вакво оружје западните држави стануваат соучесници во злосторствата на украинските сили.

Свет | пред 6 месеци

rosica-1

Убиството на Росица ја отвори сликата за институционалните пропусти: Судија дал условна казна и покрај докажани напади, сторителот имал седум пријави и активни мерки за забрана

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица Коцева и нејзиниот татко Киро, а потоа се самоуби, го сторил делото и покрај тоа што имал изречени судски забрани и условна казна.Канал 5 објави дека судијата Шефшет Адеми претходно му изрекол условна казна за две кривични дела – Насилство и Загрозување на сигурноста – иако биле докажани обвинувањата. Во еден случај ја нападнал Росица додека го шетала кучето, удирајќи ја по глава и лице, а во друг, пред неа физички го нападнал нејзиниот партнер. Наместо затворска, добил условна казна поради „олеснителни околности“ – тоа што бил неосудуван и се однесувал коректно во судница.Во меѓувреме, „Сакам да кажам“ објави дека во моментот на убиството против Илија биле активни две судски мерки: забрана за напуштање на местото на живеење – Скопје, како и забрана за приближување и контакт со Росица. Дополнително имал три заштитни мерки – забрана за закани, вознемирување и приближување на помалку од 100 метри од жртвата. Сепак, тој дошол во Велес и ги прекршил мерките. Ова го сторил и претходно, во месец мај, кога Росица пријавила во Обвинителството.Росица претходно седум пати го пријавила во полиција, вклучително и за палење на автомобил и за други акти на насилство.Граѓаните протестираа под мотото „Ниту една повеќе“, барајќи независна истрага за институционалните пропусти и пораката дека игнорирањето и минимизирањето на насилството врз жените може да има фатални последици.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryr510kcp7hsns0K9zM4K

„Знам да одам пешки“ - ексдиректорот на Зоолошка бара палењето на автомобили да се третира како тероризам

Поранешниот директор на Зоолошката градина и актуелен директор на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски, се огласи на социјалните мрежи по повод палењето на неговиот автомобил во Кисела Вода. Тој посочи дека и по десет дена од настанот сè уште нема информации од полицијата.„Десетти ден од терористичкото, кукавичко палење на мојот автомобил, а сè уште не знам ништо од полицијата. Трет ден од терористичкото палење на сервис и 19 автомобили на недолжни граѓани. И двете во Кисела Вода, и во двете можеше да има човечки жртви,“ напиша Галетановски. „Пешки знам да одам, фала богу. Јавно го замолувам премиерот итно да го исполни она што го изјави завчера – дека палењето на автомобили ќе се третира како тероризам. Не поради Чомбе или Стојан, туку за мир на сите граѓани,“ наведе Галетановски.Неговиот автомобил беше запален пред десетина дена во Кисела Вода, а случајот сè уште се истражува.

Скопје | пред 6 месеци

media-library49qm26b2l4j4ez1KuY7

(Видео) Неуспешна демонстрација на Закерберг – очилата Meta Ray-Ban Display откажаа во живо

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, доживеа непријатен момент за време на конференцијата Meta Connect, кога во живо се обидуваше да ги претстави новите паметни очила Meta Ray-Ban Display. Демонстрацијата пропадна, оставајќи го во тишина и збунетост пред публиката.Очилата, кои требаше да ја покажат можноста за телефонски повик во реално време, целосно откажаа, па Закерберг беше приморан да импровизира и да го пополни непријатниот молк. Настанот предизвика бројни реакции, со коментари дека тоа е еден од најнесмасните настапи на еден технолошки лидер во живо.Но тоа не беше единствениот неуспех. „Мета“ се обиде да демонстрира и вештачка интелигенција преку готварски сегмент, каде што очилата требаше да дадат насоки за подготовка на сос. Уредот се „заглави“ и не успеа да препознае што се случува пред неговата камера, што резултираше со уште една незгодна сцена.Иако првичните рецензии за Meta Ray-Ban Display се позитивни, неславните настапи на конференцијата отворија прашања за подготвеноста на производот кој чини 799,99 долари. За компанијата која настојува да се позиционира како лидер во носливата технологија, ваквите моменти не се добар сигнал.

Свет | пред 6 месеци

kineski-voeni-avioni-10

Естонија алармира: Руски воени авиони престојувале 12 минути во нашиот простор

Естонија соопшти дека три руски борбени авиони МиГ-31 денеска го нарушиле нејзиниот воздушен простор.Инцидентот, според официјалното соопштение на естонската влада, траел околу 12 минути. Во кратката информација не се наведуваат дополнителни детали за точната локација на нарушувањето, ниту пак дали естонската противвоздушна одбрана реагирала.Естонија е членка на НАТО и ваквите повреди на воздушниот простор ги смета за сериозен безбедносен инцидент.

Свет | пред 6 месеци

media-librarymu6ul7vl28072Q3VktU

Неизвесност се уставните измени за внесување на Бугарите

Владата посветено работи на спроведување на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија, со цел Македонија да нема незавршена „домашна работа“ надвор од политичкото прашање со Бугарија. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.За имплементацијата на агендата номинирани се претставници од сите институции, со цел реформите да продолжат без застој и за време на локалните избори. Владата го смета процесот за клучен бидејќи е усогласен со европската регулатива, што треба да овозможи побрзо затворање на кластерите во преговорите.Сепак, останува неизвесност за политичкиот дел – уставните измени. Премиерот Мицкоски повтори дека бара гаранции од Брисел и Софија дека тоа ќе биде последното условување на патот кон членството во Унијата.„Потребна е малку поробустна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по неговата посета во Софија. Со право бараме гаранции по сè што направивме во минатото. Очекувам некаков тип на приближување со почетокот на следната година. Исто така, имав разговор со уште еден премиер од водечките земји на ЕУ, и од таму очекувам поробустна акција во насока на решавање на ова прашање“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryhvacng72okancOgBmnI

Премиерот против зголемување на платите на судиите: „И сегашните би им ги намалил“

Владата работи на усогласување на законите со Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ, но нема да ги прифати сите препораки од Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека нема да се дозволи либерализација на цената на струјата, бидејќи тоа би значело драстично поскапување за граѓаните во следните години.Како особено спорно тој го наведе и барањето за зголемување на платите на судиите и обвинителите, за што според пресметките би биле потребни околу 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од сегашните трошоци. „Тие и сега имаат превисоки плати, а довербата кај граѓаните е само 2%. Лично и сегашните плати би им ги намалил,“ изјави Мицкоски.Владата најави компаративна анализа на платите во пет земји членки на ЕУ (меѓу кои Германија и Хрватска), по што ќе се утврди конечниот став. Слична постапка ќе се применува и за други закони – сите предлози најпрво ќе се праќаат во Европската комисија, а дури потоа во Собранието, за да се избегне нивно повторно менување.ЕУ во своите документи бара Македонија да го зголеми буџетот за судството и обвинителството на најмалку 0,8% од БДП, бидејќи сегашното издвојување (околу 0,3%) е далеку под законскиот минимум. Според Брисел, зголеменото финансирање е предуслов за независност и функционалност на правосудството.Освен правосудството, Мицкоски најави и други „црвени линии“ кон Брисел – нема да се менува даночната политика, а измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службена положба ќе се разгледуваат преку компаративни анализи.И покрај резервите, вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани остана оптимист дека до крајот на годината Македонија може да биде лидер во регионот по исполнување на Реформската агенда, иако моменталната реализација е околу 40%.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

По утринските апсења: Истрага за 15 лица, меѓу нив полицајци, директор, началник

Специјализираното одделение при Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поведе истражна постапка против 15 лица, осомничени за повеќе тешки кривични дела поврзани со нелегална сеча на шума во Малешевијата.Тие се товарат за злосторничко здружување и пустошење шуми, шестмина и за злоупотреба на службена положба, додека првоосомничениот е обвинет и за давање поткуп, а еден од осомничените за примање поткуп.Според обвинителството, во 2025 година двајца вработени во приватна фирма и полициски службеник формирале група со цел противправна заработка преку злоупотреба на овластувањата, корупција и нелегална сеча на дрвна маса. Во групата биле вклучени и лица вработени во МВР, ЈП „Национални шуми“ – подружница Малешево, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и невработени лица.Во периодот на делувањето, била опустошена шума на површина од 6.000 хектари, при што биле исечени 1,5 милиони кубни метри дрвна маса со вредност од над 6,4 милијарди денари. Дрвото било транспортирано и продавано како легално исечено.Обвинителството посочува дека полициски службеници ја поддржувале групата со тоа што не преземале мерки и ги информирале организаторите за полициските патроли. Директорот на ЈП „Национални шуми“ – ПО Малешево давал одобрение за нелегалната сеча, а началникот на ОВР Делчево ги прикривал сторителите и средствата користени за извршување на делата.Првосомничениот, во август и септември 2025 година, му дал поткуп од 6.100 евра на директорот на шумското претпријатие за да дозволи нелегална сеча, пред официјалниот јавен повик за експлоатација на опожарена дрвна маса.Обвинителството открива и дека вчера началник од полицијата предупредил член на групата дека претстои акција, кој пак ја пренел информацијата до организаторот. Организаторот им наредил на работниците да ги сокријат трагите, но при обид за „чистење“ на теренот бил фатен на лице место.Ценејќи дека постои опасност од бегство и влијание врз истрагата, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите 15 осомничени.

Македонија | пред 6 месеци

media-library4ujie9898cj68h8MQ2b

(Видео) Малолетници на тротинет се тркаа со автобус на „Партизански одреди“

На булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 3 биле забележани малолетници како на електричен тротинет се движат по средната сообраќајна лента, тркајќи се со автобус. Снимката, до која дојде „Скопје1“, покажува дека двајца млади без заштитна опрема и без почитување на законските прописи си прават забава од ризичната постапка.Иако на целиот булевар постои велосипедска патека, тие сепак избрале да се движат по коловозот, доведувајќи се во директна опасност и создавајќи ризик за сообраќајот.Граѓаните реагираат дека ваквите девијантни однесувања стануваат сѐ почести и бараат институциите да преземат мерки и соодветно да санкционираат.

Скопје | пред 6 месеци

mickoski-9-vlada

Владата со демант: СДС повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

„СДС продолжува да го злоупотребува своето медиумско време за да манипулира со фактите и да шири лаги, мерката за 400 пожарникари е уште една во низата бескрупулозни политички напади. Наместо да се посветат на вистината, тие повторно се обидуваат да создадат хаос и да ја манипулираат јавноста со неточни информации“, велат од Владата и додаваат: Фактите се едноставни и непобитни, ова е првпат во историјата на нашата држава да се имплементира мерка за вработување која целосно ги искористува расположливите ресурси, со цел да се заштитат граѓаните од природни катастрофи и да се подобри животната средина. Што се однесува до исплатата на учесниците за оваа мерка која е наведена како 6.2 во оперативниот план и е наменета за заштита од пожари, апсолутно нема никаква поврзаност помеѓу распишувањето на локалните избори и исплатата на средствата, од причина што средствата се обезбедени и не станува збор за никакво вонредно плаќање! За лицата кои се вклучени во оваа мерка ве информираме дека беа ангажирани на 08.08.2025 година, документацијата (извештајот за редовност) за исплата од страна на организаторот е веќе во тек и ќе биде испратена до центрите за вработување по што ќе следи и исплатата. За разлика од СДС, ние работиме отчетно и транспарентно. Нашата работа продолжува да биде фокусирана на интересот на граѓаните, додека тие се заглавени во манипулации и измислици. Ние сме тука да носиме конкретни решенија, додека опозицијата ќе продолжи да лаже и да се обидува да го наруши јавниот мир со невистинити приказни. Не им дозволуваме да ја кријат вистината, а сите обиди за политички саботажи нема да ја засенат посветеноста на оваа Влада да работи за подобар живот за сите граѓани затоа што факти не се рушат со лага.

Македонија | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани - мажот пријавил во полиција

МВР информира дека 73-годишен скопјанец пријавил семејно насилство во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, на 18 септември околу 19:30 часот, по претходна расправија, тој бил физички нападнат од својата сопруга Г.Г., која користела тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

media-library0df0pdk6hi5m0FEPI3e

Детали за инцидентот во Прилеп: имало масовна тепачка, 13 лица се уапсени - полицијата пукала

МВР соопшти дека денеска околу 12 часот пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп избила масовна тепачка во која биле вклучени повеќе лица. Во пресметката биле користени дрвени и други предмети.На местото интервенирала полицијата, но учесниците не ги послушале наредбите да престанат. Во еден момент, еден од полициските службеници испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол за да ја смири ситуацијата.Во полициската станица во Прилеп биле приведени 13 лица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Македонија | пред 6 месеци

policija-2457

По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар - полицијата расчистува уште едно насилство

МВР информира дека 23-годишен жител на скопското село Танушевци пријавил физички напад на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавата, на 18 септември околу 20:30 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, тој бил нападнат од едно лице, кое во нападот употребило и остар предмет.Случајот е пријавен истиот ден во 23:30 часот во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 6 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уапсен велешанец: нападнал сограѓанка и насилно влегувал во нејзиниот дом

Според Министерството за внатрешни работи, на 18 септември околу 23 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.С. (59), по претходна пријава од 51-годишната К.Х. од Велес. Таа пријавила дека осомничениот ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа во два наврати насилно влегол и во нејзиниот дом.Ј.С. е задржан во полициската станица. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-11.05.14

(Видео) Да станев пратеник немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели Џамбазов

Ако победев и станев пратеник, ќе се грижев за македонскиот јазик, ќе бев дел од комисија за култура и немаше да го трпам ова сега „не сум баш спремен за македонски“, вели актерот Игор Џамбазов во „Претрес“, алудирајќи на изјавата дадена од министерот за добро владеење. Тој посочува дека вакви изјави го погодуваат многу.„Тоа е непочитување на државата, во чија Влада си. Али Ахмети барем од почеток си кажа ‘не зборам јас тоа, крај’. Но и тоа кога го кажуваат тоа – не се искрени. Јас тврдам дека тој зборува (македонски). Политиката е ку**а, а мене од ку**и ми е преку глава“, рече Џамбазов.Прашан дали од ку**а, тој можел да направи чесна дама, Џамбазов одговори „никогаш не знаеш, треба да пробаш. Јас сум човек што барем се обидел“.Џамбазов беше кандидат за пратеник во 2002 година, кога на изборите му недостасуваа 500 гласа за да освои мандат. Тој имал повеќе гласови од видни политички имиња кои и денеска се актуелни кај јавноста.

Магазин | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Охриѓанец пронајден мртов во неговиот дом

На 18.09.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П.(66) од Охрид.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кедев: Стојам зад сè што кажав – непотребни стентирања ја уништуваат довербата во здравството

Кардиологот Сашко Кедев останува на ставот дека во македонското здравство постојат злоупотреби со непотребни кардиохируршки интервенции и стентирања. Како што истакна во синоќешното гостување на ТВ Алфа, неговата цел е системот да расчисти со неправилностите и да воведе контрола.„Стојам зад сè што кажав. Овој пат јавноста реагира силно, а тоа е исправно. Станува збор за проблеми што ги отварам со години, но досега не наидував на поддршка,“ рече Кедев, нагласувајќи дека сега има позитивна реакција и од институциите и од колегите.Министерството за здравство веќе формира комисија од домашни и странски експерти, како и Лекарската комора, за да ги анализира доставените случаи. Кедев објасни дека доказите се собрани заеднички од 16 лекари – кардиолози и кардиохирурзи – и оти постојат категории на пациенти кај кои сигурно не треба да се прави хируршка интервенција, а тоа може да се докаже со медицинската документација и ангиографските снимки.„Во медицината постои ‘сива зона’, каде може да се направи интервенција, но и да не се направи. Но има и јасни ситуации каде доказите покажуваат дека не треба ништо да се прави. Нашата обврска е пациентот да добие најсоодветен третман – понекогаш тоа е конзервативна терапија и промена на животен стил,“ додаде тој.Кедев оцени дека здравствениот систем моментално располага со најголем буџет досега, но без видливи бенефити за граѓаните. „Вистинското вложување е во контрола и подобрување на квалитетот на услугите. Ако оваа истрага биде почетна точка за тоа, тогаш сме на добар пат,“ рече тој.

Македонија | пред 6 месеци

media-library480ek70qcc7n4vSXJN6

Најдени текстуални пораки: Робинсон признава, Бенон сомнева — истрагата за убиството на Чарли Кирк се шири

Обвинителите во Јута објавија дека има текстуални пораки во кои 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, наводно признава дека го убил Кирк на кампусот на Универзитетот Јута Вали и ја објаснува мотивацијата како „заситеност од неговиот говор на омраза“, јави британскиот таблоид Daily Mail, кој објави дел од пораки.Според обвинителите, пораки и други дигитални траги се дел од материјалот што ќе се користи во истрагата и евентуално во обвинението. Робинсон е официјално обвинет и доколку биде прогласен за виновен може да се соочи и со смртна казна.Дел од јавноста и политичките актери реагираат по објавата. Поранешниот советник на Доналд Трамп, Стив Банон, во својот подкаст изрази сомнеж во автентичноста и целосноста на текстуалните пораки, опишувајќи ги како „премногу сценарирани“.„Не верувам особено во тие текстуални пораки… Мора да стигнеме до дното на ова“, рече Банон и повика на поширока истрага за можни врски со екстремистички групи. Тој го поврза случајот со други инциденти и најави дека треба да се испитаат и групи како Антифа.Директорот на ФБИ, Кристофер (Кеш) Пател, рече дека агенцијата ја разгледува комуникацијата на платформата Discord поврзана со осомничениот и дека сите учесници во онлајн собата ќе бидат испитани. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, порано изјави дека истрагата укажува на политички мотив и дека се работи на целосно расветлување на настанот.Откако беше уапсен, според извештаите, Робинсон, според полицијата, бил предаден делумно со помош на членови на семејството, а истрагата ги вклучува и разговорите со блиските и со цимерот, чија комуникација со осомничениот дала траги клучни информации.Медиумските личности и политичарите од различни страни ги повикаа властите на транспарентност и целосно објаснување на околностите околу убиството. Истражната постапка продолжува, а обвинителството најави дека ќе ги испита сите релевантни дигитални и физички докази.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања