Промени тема
За нас Контакт
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кристијан Ландов

media-libraryocok0dtv02oaah1W2q6

(Видео) „Има разговори за дрога и убиства, викаат ги водел Шеваљ“, Катевеновски ексклузивно открива што криела апликацијата „Скај“

Адвокатот Ристо Катевеновски, бранител на Севдал Азири – обвинет како дел од т.н. „група од Грчец“, која според обвинението ја предводел Шеваљ Муареми – ексклузивно во „Претрес со Ландов“ збореше за доказите кои произлегоа од апликацијата која важи за најкористена меѓу криминални кругови.Катевеновски истакна дека неговиот клиент бил единствениот од обвинетите кој се познавал со Муареми, но дека во ниту еден разговор директно не се спомнува името Севдал Азири. Според него, во комуникациите се појавува само надимакот „Косовар“, кој обвинителството го поврзува со Азири.„Никој не го викал Косовар, немал таков надимак“, изјави адвокатот, додавајќи дека ниту еден од обвинетите немал Скај-уред во моментот на заплената на телефоните. Тој појасни дека апликацијата бара посебен уред и дека, според одбраната, прислушувани биле трети лица, а не директно обвинетите.Во однос на наводите дека Азири бил задолжен да го провери квалитетот на дрогата во Албанија и дека во два наврати ја носел, Катевеновски рече дека дури и да постои таква комуникација, „проверка на квалитет“ не претставува дејствие што потпаѓа под член 215 од Кривичниот законик.На прашање за разговорите поврзани со наводна нарачка на убиство, тој рече дека постојат такви разговори.Цел разговор тука:

Студио | пред 1 месец

c8c0395d-fc13-4585-9165-dfae2cd4763a

Британскиот министер за одбрана: Сакам да бидам министерот што ќе испрати британски трупи во Украина

Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека сака да биде првиот министер кој ќе распореди британски трупи во Украина – но само во случај тоа да значи дека војната конечно е завршена. Во авторски текст објавен во „Телеграф“, во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија, Хили порача дека „2026 мора да биде година на завршување на оваа страшна војна“.Тој нагласи дека евентуалното испраќање британски сили би значело дека мирот е постигнат преку преговори и дека Европа добила сигурна и суверена Украина. Велика Британија и Франција, според него, ги предводат разговорите со сојузниците за формирање „коалиција на подготвени“, која би распоредила мировни сили доколку се постигне договор за крај на конфликтот.Хили истакна дека „нема потежок товар за кој било министер за одбрана или влада од одлуката да испрати вооружени сили во операции“. Во февруари тој копретседаваше со состаноци во Брисел со Контакт-групата за одбрана на Украина, составена од 50 држави, како и со министрите за одбрана на НАТО. На тие средби, сојузниците ветија околу 35 милијарди долари воена поддршка за Украина.Во текстот се наведува и дека Лондон ќе ја засили воената помош и ќе го зголеми притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин преку нови санкции и акции против таканаречената руска „флота во сенка“. Според Хили, војната покажала дека никогаш не смее да се потцени волјата на украинскиот народ.Изјавите доаѓаат откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон повика Велика Британија и сојузниците уште сега да испратат небoрбени трупи во Украина како сигнал за поддршка на суверенитетот на Киев. Џонсон предупреди дека Путин ќе продолжи со агресијата сè додека не се увери во решителноста на Западот.Говорејќи за Би-Би-Си, Џонсон изјави дека „нема логична причина“ зошто во блиска иднина не би требало да има небoрбени сили на терен во Украина. Според него, доколку веќе се планира распоредување сили по евентуално примирје, тогаш нема причина тоа да не се случи и порано.

Свет | пред 1 месец

media-librarylhahagk9ensjee4IAr9

(Видео) Запален автомобил во Струмица меѓу згради, неофицијално се поврзува со поранешен инспектор во МВР

Автомобил што во јавноста се поврзува со поранешен инспектор во Министерството за внатрешни работи бил запален вчера во Струмица, во близина на поранешниот објект „Симпо“.Според првичните информации, пожарот избувнал во вечерните часови, по што веднаш била повикана противпожарна екипа. Огнената стихија го зафатила предниот дел од возилото, кој е целосно изгорен.Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот. Засега не се соопштуваат официјални детали за причините, но според информациите што циркулираат во јавноста, постојат сомневања дека пожарот бил подметнат.Познато е дека ќе се анализираат снимките од надзорните камери во околината, со цел да се утврди како точно избил пожарот и дали станува збор за кривично дело.Истрагата е во тек. МВР најавува детали за пожарот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Унгарскиот премиер со остри критики кон Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на предизборен митинг во Бекешчаба повторно ја критикуваше западната стратегија кон војната во Украина, споредувајќи ја политиката на Европската унија со историските неуспеси на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер.„Денес војната сè уште трае затоа што европските лидери сакаат да продолжи“, изјави Орбан пред поддржувачите. Во своето обраќање тој не ја спомена одговорноста на Русија за започнувањето на војната.Минатата недела, во годишното обраќање до нацијата, Орбан порача дека „путинизацијата“ е примитивна и неозбилна, додавајќи дека вистинската закана за слободата на Унгарците, според него, не доаѓа од Москва, туку од Брисел.Говорејќи за мотивите на европските лидери, Орбан изјави дека тие веруваат оти доколку ја поразат Русија на украинска територија, ќе можат да ја натераат да плати отштета и на тој начин да ги вратат средствата што ѝ ги дале на Украина во форма на заеми.„Тоа го пробаа и Наполеон и Хитлер. Ним не им успеа. Ќе ѝ успее ли на Каја Калас?“, рече Орбан.Тој ја оцени како погрешна стратегијата на очекување дека Русија економски ќе се исцрпи поради санкциите на Европската унија, додавајќи дека „на крајот црвеното знаме обично се вее на берлинските кули“.Изјавите на унгарскиот премиер доаѓаат во период на засилени несогласувања меѓу Будимпешта и Брисел околу санкциите кон Русија и воената и финансиска поддршка за Украина.

Свет | пред 1 месец

bela-kuka

Би-Би-Си: Новите царини носат неизвесност за сојузниците на САД

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си во својата анализа оценува дека не е изненадување што американскиот претседател Доналд Трамп избрал поинаков правен механизам за воведување нова глобална царина од 15 отсто. Според анализата, царините претставуваат централен дел од економската стратегија на Трамп, па одлуката на Врховниот суд на САД – со која беше утврдено дека ги пречекорил овластувањата повикувајќи се на вонредни економски мерки – значително ја ограничила неговата моќ.Трамп најави дека неговата администрација во наредните месеци ќе продолжи да определува и воведува нови, законски дозволени царини, тврдејќи дека тие ќе донесат уште поголеми приходи од претходниот систем. Сепак, според Би-Би-Си, извесно е дека ќе продолжи периодот на неизвесност за компаниите и за американските сојузници.Неколку земји, меѓу кои Обединетото Кралство, Мексико и Германија, внимателно ја поздравиле судската пресуда, но истакнале дека ќе ги следат следните чекори на американскиот претседател пред да преземат конкретни мерки.Во анализата се отвора и прашањето дали компаниите што веќе ги платиле царините кои сега се прогласени за незаконски ќе имаат право на поврат на средствата.Дополнително, се потсетува дека новата глобална тарифа може да остане во сила најмногу 150 дена без одобрување од американскиот Конгрес, што остава простор за нови политички и правни судири во Вашингтон.

Свет | пред 1 месец

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Во Зоолошката градина во Скопје денеска радост за малата Делфина – гибончето кое пред четири години беше спасено по драматичен пад во езеро, доби нова играчка орангутан како подарок од редовна посетителка.Делфина тогаш беше отфрлена од својата мајка и остана сама, но по спасувањето нејзиниот живот го презеде зоонегувателката Зера, која, како што информираат од ЗОО-Скопје, 24 часа дневно ѝ се посветила на грижата и одгледувањето. Благодарение на таа посветеност и тимската работа на вработените, Делфина денес е здрава и адаптирана.Во меѓувреме, таа и нејзиното помало братче Мики заедно учат да живеат самостојно. Од ЗОО-Скопје нагласуваат дека се една од ретките институции во светот што успеале да спојат и успешно да адаптираат две гибончиња во вакви околности.Приказната за Делфина и Мики со години ги трогнува посетителите, кои се восхитуваат на пожртвуваноста на негувателката Зера и на тимот што стои зад нивниот напредок. Подарокот – играчката орангутан – е уште еден симбол на таа поврзаност меѓу животните и луѓето кои се грижат за нив.Од Зоолошката градина додаваат дека во изминатиот период Делфина и Мики редовно добивале подароци и играчки и од тимот, со цел да се поттикне нивната социјализација и природно однесување.

Скопје | пред 1 месец

1680676725_Tramp-5-696x464

Кои царини ги поништи Врховниот суд на САД – и поради што?

Врховниот суд на САД ги поништи царините што Доналд Трамп ги воведе повикувајќи се на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА), оценувајќи дека претседателот нема уставна надлежност самостојно да воведува нови давачки без одобрување од Конгресот.Станува збор за мерките што Трамп првпат ги активираше во февруари 2025 година, кога воведе царини за увоз од Кина, Мексико и Канада, тврдејќи дека трговијата со фентанил претставува вонредна состојба. Неколку месеци подоцна, на настан што го нарече „Ден на ослободување“, тој ги прошири тарифите и воведе стапки од 10 до 50 отсто за речиси сите земји во светот, образложувајќи дека американскиот трговски дефицит претставува „вонредна и невообичаена закана“.Судот утврди дека правото за воведување нови даноци и царини припаѓа на Конгресот, а не на претседателот. Дополнително, во пресудата се наведува дека регулирањето на трговијата според ИЕЕПА не подразбира собирање приходи преку нови давачки, туку ограничени мерки во рамки на вистински вонредни ситуации.Сепак, дел од царините воведени од Трамп во текот на изминатата година остануваат во сила, бидејќи не се донесени врз основа на ИЕЕПА. Тоа се однесува на секторските тарифи за челик, алуминиум, дрво и автомобили, воведени согласно член 232 од Законот за проширување на трговијата од 1962 година, со образложение дека се неопходни за заштита на националната безбедност.Со оваа одлука, Врховниот суд постави јасна граница меѓу извршната и законодавната власт во доменот на трговската политика, отворајќи ново поглавје во дебатата за овластувањата на претседателот во економската сфера.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Прва реакција од Париз: Макрон за новите царини на Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон ја коментираше одлуката на Врховниот суд на САД со која беше поставена пречка за царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека е „добро“ што во САД постојат механизми на проверка и рамнотежа на власта.Говорејќи за време на посетата на земјоделски саем во Париз, Макрон ја нагласи важноста на владеењето на правото и институционалните механизми во демократските системи.„Добро е што во демократиите постојат власт и противтежа на власта. Тоа треба да се поздрави“, изјави францускиот претседател.Во однос на најавата на Трамп за воведување глобална царинска стапка од 15 отсто, Макрон посочи дека Франција внимателно ќе ја анализира новонастанатата ситуација.„Ќе ги проучиме точните последици, што може да се направи и ќе се приспособиме“, рече тој.Макрон додаде дека „најправичните можни правила подразбираат заемност, а не трпење еднострани одлуки“. Според него, доколку новите мерки придонесат за смирување на состојбата, тоа е позитивно, но приоритет треба да биде намалување на меѓународните тензии и продолжување со модернизацијата на националните економии.

Свет | пред 1 месец

media-library77614r3so4gffLZss0S

Нов трговски удар од Вашингтон: Трамп ги зголеми глобалните царини на 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека со итен ефект ги зголемува глобалните царини од 10 на 15 отсто, повикувајќи се на овластувањата од американскиот Закон за трговија. Одлуката следува само еден ден откако Врховниот суд на САД пресуди дека неговите претходни „реципрочни“ царини биле незаконски, бидејќи немале соодветна законска основа.Врховниот суд оцени дека претседателот не може во толкав обем да се повикува на Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година за воведување широки глобални царини без јасно одобрување од Конгресот. Трамп ја критикуваше пресудата, а веќе денес најави нова стапка, тврдејќи дека станува збор за „правно проверена“ мерка.Првата реакција пристигна од Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на посетата на земјоделски саем во Париз, изјави дека е добро што во САД постојат механизми на контрола и рамнотежа меѓу властите.„Добро е што во демократиите постојат механизми на власт и противтежа на власта. Тоа треба да се поздрави“, рече Макрон.Во однос на најавената глобална царинска стапка од 15 отсто, францускиот претседател посочи дека Париз внимателно ќе ги анализира последиците. „Ќе ги проучиме точните ефекти, што може да се направи и ќе се приспособиме“, изјави тој.Макрон нагласи дека „најправичните можни правила подразбираат заемност, а не трпење еднострани одлуки“. Според него, доколку новата мерка придонесе за смирување на ситуацијата, тоа е позитивно, но приоритет треба да биде намалување на меѓународните тензии и модернизација на националните економии.Одлуката на Трамп повторно ги отвора прашањата за стабилноста на глобалниот трговски систем и можните контрамерки од европските и други партнери, во време кога светската економија и натаму се соочува со сериозни предизвици.

Свет | пред 1 месец

media-libraryv39caod9apsdbhZoT0L

(Видео) Вардар – Башкими заврши со скандал: Плукање кон судијата и упад на исклучено лице

Тензичен финиш и физичка пресметка го одбележаа натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Башкими во рамки на 19. коло од Првата македонска фудбалска лига, одигран на Тренинг-центарот на ФФМ. Инцидентот се случи во 87. минута, кога страстите целосно излегоа од контрола.Сè започна по старт на Матиќ, кој првично беше санкциониран со жолт картон. Набрзо, по бурна реакција и гестикулации, директен црвен картон доби играчот на Башкими со број 3, Реџеп Мурати. Стоперот на кумановскиот тим реагираше во неверување по исклучувањето, а тензијата дополнително ескалираше кога капитенот Алими се упати кон клупата, по што дојде до судир меѓу двете клупи.Во еден момент гостинските фудбалери го напуштија теренот, но подоцна се вратија и натпреварот беше довршен. Вардар на крајот славеше со 1-0.Од Фудбалската федерација на Македонија со официјално соопштение информираа дека директниот црвен картон бил доделен поради плукање кон главниот судија. Според ФФМ, арбитерот се наоѓал на околу еден метар од настанот, јасно го забележал чинот и без двоумење го исклучил играчот. Инцидентот бил потврден и од ВАР-судиите врз основа на јасен видео-доказ.Дополнително, Федерацијата информира дека претходно исклучено службено лице од клупата на Башкими недозволено влегло на теренот и започнало конфронтација со фудбалерот на Вардар, Бобан Николов. Според ФФМ, станува збор за крајно неспортско и недозволиво однесување, особено имајќи предвид дека лицето било исклучено уште во првото полувреме и немало право да се врати на теренот.Федерацијата наведува дека причината за конфронтацијата произлегува исклучиво од плукањето кон судијата и од недозволеното влегување на исклученото лице. Николов, по инцидентот, бил дисциплински санкциониран со жолт картон.Од ФФМ соопштија и дека претставник на Башкими може во секое време да го посети ВАР-центарот, да го прегледа видео-материјалот и да ја преслуша комуникацијата меѓу судиите и исклучениот играч.Натпреварот бил продолжен за дополнителни 10 минути поради изгубеното време, а главниот судија го означил крајот по истекот на надополнетото време. Прикажаното надополнување од +18 минути на телевизиските екрани, според Федерацијата, претставувало техничка грешка на продукцијата.

Спорт | пред 1 месец

ukraina-kiev-1

Киев тврди дека не ја губи војната, Москва го засилува притисокот во Донецк

Украинските сили ослободиле 300 квадратни километри територија од руската окупација во рамки на нова јужна контраофанзива, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за Франс прес.„Не може да се каже дека ја губиме војната. Искрено, дефинитивно не ја губиме“, изјави Зеленски од Киев, додавајќи дека прашањето е дали Украина ќе успее да победи. Неговата изјава доаѓа во момент кога Киев се соочува со зголемен дипломатски притисок од САД за можни отстапки како дел од евентуален договор со Русија за завршување на војната.Претседателот наведе дека украинските сили напредуваат долж јужната линија на фронтот, но не откри конкретни локации ниту временска рамка на операциите.„Нема да навлегувам во детали, но денес можам да ѝ честитам на нашата војска – на сите одбранбени сили – затоа што од денес се ослободени 300 квадратни километри“, изјави тој.Според информации достапни преку отворени извори и снимки објавени на социјалните мрежи, украински офанзивни активности се забележани во делот каде што се спојуваат Запорошката и Дњепропетровската област. Аналитичарите оценуваат дека станува збор за проширени операции во таканаречената „сива зона“, каде што двете страни спроведуваат инфилтрации и ограничени пробиви, а не за целосно рушење на руските одбранбени линии.Во исто време, руските сили ја насочуваат главната офанзива кон источната Донецка област. Во текот на 2025 година, Москва концентрираше значителен дел од своите сили токму таму, додека засили операции и во јужниот дел на Запорожје и во делови од Дњепропетровската област.Според податоците на проектот за мапирање преку отворени извори „Дип стејт“, руските сили во текот на 2025 година окупирале 4.336 квадратни километри украинска територија. Во септември истата година, Зеленски тврдеше дека украинските контраофанзиви ослободиле 160 квадратни километри во Донецката област и дополнителни 170 квадратни километри на други делови од фронтот.Интервјуто на Зеленски следуваше по дводневните мировни разговори во Женева, одржани со посредство на САД, каде што не беше постигнат напредок околу клучното прашање – територијалниот статус на Донбас. Русија инсистира украинските сили целосно да се повлечат од регионот како предуслов за мировен договор, додека Украина го отфрла тоа барање и предлага замрзнување на актуелната линија на фронтот како најреална основа за прекин на огнот.„Не најдовме конструктивни решенија по прашањето на територијата“, изјави Зеленски на 20 февруари, оставајќи отворено прашањето дали воената динамика на теренот ќе ја засили или ќе ја ослаби украинската преговарачка позиција во наредниот период.

Свет | пред 1 месец

media-libraryj4ddpaiabteeeOu9wuS

САД тврдат дека Кина спровела таен нуклеарен тест и развива нова генерација оружје

Американските разузнавачки агенции веруваат дека Кина развива нова генерација нуклеарно оружје и дека во јуни 2020 година спровела таен експлозивен тест во нуклеарниот комплекс Лоп Нур, во северозападниот дел на земјата. Овие процени, објавени од американски претставници и пренесени од Си-Ен-Ен, отвораат сериозна дебата во безбедносните кругови за можна промена на кинеската нуклеарна стратегија.Според повеќе извори запознаени со американските процени, тестот бил дел од поширока стратегија за целосна технолошка трансформација на кинескиот нуклеарен арсенал, со цел тој да стане најнапреден во светот. Вашингтон смета дека Пекинг работи на развој на системи способни да носат повеќе минијатуризирани нуклеарни боеви глави на еден проектил, како и на тактичко нуклеарно оружје со пониска разорна моќ – нешто што Кина досега официјално не го произведувала.Помошникот државен секретар на САД, Кристофер Ју, изјавил дека во јуни 2020 година била регистрирана „експлозија“ со магнитуда од 2,75 степени, нагласувајќи дека податоците не упатуваат на земјотрес или класично минирање. Според него, постои „многу мала можност“ станува збор за нешто друго освен за нуклеарен експлозивен тест. Слични обвинувања јавно изнесе и Томас ДиНано, потсекретар за контрола на вооружувањето, кој тврдеше дека Народноослободителната армија се обидела да го прикрие тестирањето.Кина остро ги отфрли обвинувањата. Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгју, оцени дека станува збор за „политичка манипулација“ со цел САД да ја задржат нуклеарната хегемонија и да избегнат сопствена одговорност во процесот на разоружување. Тој повтори дека Пекинг се придржува кон политиката на „неупотреба прва“ и кон самонаметнатиот мораториум за нуклеарни тестирања што е во сила од 1996 година.Американските процени доаѓаат во момент кога Вашингтон инсистира Кина да се приклучи на идни договори за контрола на нуклеарното вооружување, рамноправно со САД и Русија. Кинескиот лидер Си Џинпинг досега се спротивставуваше на такви иницијативи, повикувајќи се на тоа дека кинескиот арсенал е значително помал од американскиот и рускиот.Експерти за контрола на вооружувањето предупредуваат дека евентуалното обновување на експлозивните тестирања би означило крај на деценискиот статус-кво и би можело да ја продлабочи глобалната трка во вооружување. Според процените на американските власти, Кина во изминатите години го забрзала производството на боеви глави и инвестирала во зголемување на маневрабилноста и преживливоста на својот арсенал, стравувајќи од можноста САД да го неутрализираат во прв удар.Објавувањето на информациите за тест стар речиси шест години се толкува и како дипломатски притисок во пресрет на нови разговори за нуклеарна контрола. Доколку не се постигне поширок договор што ќе ја опфати и Кина, дел од поранешните американски функционери предупредуваат дека сегашната архитектура на контрола на вооружувањето може целосно да се распадне.Во услови на растечки геополитички тензии, прашањето дали Пекинг навистина ја менува својата нуклеарна доктрина останува клучна непознаница – со потенцијални последици врз глобалната безбедност и рамнотежата меѓу најголемите сили.

Свет | пред 1 месец

media-libraryaflja8drojfs26bHJds

(Видео) ДУИ самоволно поставува сообраќајни знаци низ Чаир: целта им е да се почитува Законот за јазици, а кршат прописи бидејќи немаат дозволи

ДУИ-Чаир деновиве започна акција низ општината за поставување дополнителни табли со натпис „сообраќајот е под видео надзор“ на албански јазик, под веќе постоечките сообраќајни знаци кои се испишани на македонски јазик. Акцијата се спроведува без јавно објавено одобрение од надлежните институции, што отвора сериозни прашања за законитоста и процедурите.Станува збор за поставување на дополнителни табли под официјалните сообраќајни знаци, со кои се укажува дека просторот е покриен со видео надзор. Според важечките прописи, поставувањето, измената или дополнувањето на сообраќајната сигнализација е во исклучива надлежност на општините, односно на Градот Скопје за булеварите и улиците од градско значење, како и на Министерството за внатрешни работи кога станува збор за контрола и надзор на сообраќајот.Експерти по сообраќајна безбедност укажуваат дека секоја интервенција во сигнализацијата мора да биде дел од одобрен сообраќаен проект и да ги исполнува стандардите пропишани со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подзаконските акти. Самоволното поставување табли е казниво, па дури да станува збор и за идентични.За акцијата, ДУИ-Чаир се пофалија со снимка каде посочуваат дека акцијата е за да се почитува Законот за употреба на јазиците, но истовремено, се кршат други прописи бидејќи политичка партија нема надлежност да поставува сообраќајни знаци.

Скопје | пред 1 месец

media-librarya2pntiq3g94e3YsgGNI

„По тие скали лежат 63 животи“, таткото на загинатата Надица потсети дека се ветени осум рочишта месечно за „Пулс“ а се одржуваат 2-3 со одлагања

Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов, јавно го прозва Обвинителството и Кривичниот суд за, како што рече, неисполнетите ветувања во судскиот процес за трагедијата „Пулс“, укажувајќи на одложувања, оправдувања и недостиг од најавената динамика на судењето.„Пред почетокот на судењето слушнавме гласни ветувања дека ќе има две рочишта неделно, дека нема да има неоправдани одложувања, дека ќе се контролираат лекарските оправдувања и точноста, дека Обвинителството нема да дозволи постапката да пропадне поради неосновани причини, особено ако станува збор за одолговлекување. Тоа беа ваши зборови, ваши гаранции пред јавноста, ваши ветувања кон нас. Денес прашуваме – каде се тие ветувања?“, рече Наунов.Тој посочи дека во јануари се одржало едно рочиште, во февруари две, а до крајот на месецот е закажано уште едно, „ако воопшто се одржи“. Според него, ветеното темпо од две рочишта неделно не се реализира, а честите оправдувања отвораат сомнежи кај семејствата на жртвите.„Гледаме обвинети кои од здрави стануваат болни, носат документација за која не знаеме дали е основана. Тоа кај нас буди сомнеж дека дејствијата се со цел одолговлекување на постапката“, нагласи Наунов.Тој го отвори и прашањето за безбедносните контроли во притворот, откако на првообвинетиот му бил пронајден мобилен телефон во ќелијата.„На првообвинетиот му е пронајден телефон во ќелија и сè завршило со опомена. Се поставува прашањето дали се врши контрола во притворот, што се случува во телефоните на првообвинетиот, дали се обработени до крај и дали е извлечена целата комуникација. Дали требаше да има само опомена или да помине време во самица? Тоа отвора сомнежи и не враќа доверба“, изјави тој.Дополнително, Наунов посочи дека на суд било забележано сведочење кое се разликува од изјавата дадена пред Обвинителството.„Видовме сведок кој даде изјава различна од таа пред Обвинителството. Прашуваме како се постапува со луѓето кои лажно сведочат?“, рече Наунов.Во емотивно обраќање, тој им порача на сите кои, како што рече, ја релативизираат тежината на случајот:„За оние кои тврдат дека ‘Пулс’ е толку климаво поставен што ќе падне, нека запомнат нешто – по тие скали не лежат предмети, бројка, статистика. По тие скали лежат 63 млади животи, 63 светови кои згаснаа. Ние немавме деца за давање. Тие беа наша фамилија. Тоа не се имиња на лист хартија. Слушнавме што ветивте, ама гледаме што правите. Нашето трпение е при крај.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo6uo064ndlmc65fub1j

Францускиот агент Бринел сакал да сведочи против Епстајн, но се повлекол – пронајден мртов во затвор

Францускиот агент за модели Жан-Лик Бринел бил подготвен да сведочи против својот долгогодишен заштитник и деловен партнер Џефри Епстајн, покажуваат новообјавени документи на американското Министерство за правда, објавени од „Волстрит журнал“.Според документите, Бринел во 2016 година тајно преговарал со адвокатите на жртвите на Епстајн и изразил подготвеност да соработува со американските обвинители во истрагата за сексуална експлоатација и трговија со луѓе. Во белешки на федерална обвинителка од февруари 2016 година стои дека Бринел „сакал да соработува“ и дека „се плаши од кривично гонење“.Неговиот адвокат, според списите, тврдел дека Бринел регрутирал девојки за Епстајн и дека поседува компромитирачки фотографии. Се разговарало и за можноста Бринел да се појави во канцеларијата на федералното обвинителство во Њујорк, во замена за имунитет.Сепак, по почетните контакти, Бринел исчезнал од комуникацијата.Документите покажуваат дека Епстајн дознал за преговорите. Во електронска порака од 3 мај 2016 година, тој ѝ се обратил на адвокатката Кети Румлер, наведувајќи дека Бринел планира да стапи во контакт со обвинителите следната недела. Во пораката посочил и дека пријател на Бринел наводно побарал три милиони долари за тој да се откаже од соработката.Епстајн го нарекол адвокатот и пријателот на Бринел „измамници“ и се обидел да ја доведе во прашање нивната веродостојност. Румлер му одговорила дека треба да ја контактира, а следниот ден напишала дека разговара со Грегори По, адвокат на Епстајн од Вашингтон.Не е јасно зошто Бринел на крајот се откажал од сведочење. Она што е јасно, според документите, е дека не соработувал со обвинителите, а Епстајн останал на слобода уште три години, сè до неговото апсење во 2019 година.Адвокатот Дејвид Бојс, кој застапувал жртви во граѓанските постапки, изјавил дека повлекувањето на Бринел ги „вратило неколку години наназад“ и дека, според нивните тужби, по тоа следувале случаи на трговија со повеќе од 50 девојки.Документите укажуваат дека њујоршките обвинители уште во 2016 година биле запознаени со наводната мрежа на Епстајн и со тврдењата дека Бринел, Гислејн Максвел и други лица регрутирале десетици малолетнички. Сепак, Министерството за правда не покренало посериозна постапка сè до истражувањето на „Мајами хералд“ кон крајот на 2018 година, кога случајот повторно бил отворен.Според обвинителните материјали, Бринел ја користел својата позиција во агенцијата MC2 Model Management за да доведува млади жени, да им обезбедува визи и да создава впечаток на легално вработување. Често патувал со приватниот авион на Епстајн и го посетувал неговиот остров, при што размениле стотици електронски пораки.Бринел беше уапсен во Франција во 2020 година под обвиненија за силување и посредување во доведување девојки кај Епстајн. Во 2022 година беше пронајден мртов во затворска ќелија. Гислејн Максвел беше осудена во 2021 година и издржува 20-годишна затворска казна. Француските обвинители во Париз најавија повторна анализа на случајот на Бринел и формирање специјален тим што ќе ги разгледа доказите поврзани со француски државјани во аферата со Епстајн.

Свет | пред 1 месец

media-library9gkqhm91kunj7LwjAFA

Словачка и Унгарија го засилуваат притисокот врз Киев: Фицо се закани со прекин на струја

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска се закани дека ќе ја прекине итната испорака на електрична енергија за Украина доколку Киев во рок од два дена не преземе чекори за продолжување на транзитот на руска нафта кон Словачка преку украинска територија, кој е во прекин речиси еден месец.Словачка, заедно со Унгарија, е една од двете земји членки на Европска Унија кои сè уште зависат од значителни количини руска нафта што пристигнува преку нафтоводот Дружба од советската ера, кој минува низ Украина. Двете држави имаат влади кои одржуваат блиски односи со Москва, спротивставувајќи се на доминантниот проукраински став во Унијата.Испораката на руска нафта преку главниот крак на нафтоводот е прекината од 27 јануари, кога, според тврдењата на Киев, руски напад со беспилотно летало ја оштетил опремата на системот во западна Украина. Словачка и Унгарија неделава ги засилија барањата за обновување на испораките.„Доколку испораката на нафта кон Словачка не продолжи до понеделник, ќе побарам од државната компанија СЕПС да ја запре итната испорака на електрична енергија за Украина“, објави Фицо на социјалната мрежа Икс.Словачка е значаен снабдувач со електрична енергија за Украина, чија енергетска мрежа е сериозно оштетена од руските напади. Според податоци од енергетскиот сектор, минатиот месец Словачка обезбедила околу 18 проценти од рекордниот украински увоз на струја.Во меѓувреме, Унгарија најави блокада на итниот заем од 90 милијарди евра што Европската Унија ѝ го доделува на Украина, обвинувајќи го Киев за „уцена“ поради прекинот на транзитот. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека заемот ќе биде блокиран сè додека не се обнови испораката на нафта преку Дружба кон Унгарија.Тој тврди дека Киев, Брисел и унгарската опозиција координирано работат на прекин на снабдувањето од политички причини, со цел влијание врз парламентарните избори закажани за 12 април, на кои премиерот Виктор Орбан се соочува со пад на поддршката.Од украинска страна е предложено користење алтернативни транзитни рути додека траат поправките на нафтоводот, вклучително и преку домашниот систем за транспорт на нафта или по морски пат, што би можело да го вклучи и нафтоводот Одеса–Броди.Европската комисија за наредната недела најави итен состанок за надминување на кризата, иако во Брисел засега не гледаат непосреден ризик за унгарските резерви на нафта.Словачката влада одобри „позајмување“ на 250 илјади тони нафта од стратешките резерви за потребите на рафинеријата „Словнафт“, додека Унгарија најави ослободување на слична количина од своите резерви, со обврска за нивно дополнување во наредните месеци. Двете земји во меѓувреме го прекинаа и извозот на дизел кон Украина, насочувајќи ги нафтените деривати кон домашниот пазар.

Свет | пред 1 месец

media-libraryb33nkrtou7lr0vvWwkN

590 работници и над 500 машини на терен: Коридор 8 и 10 ќе донесат целосен автопат од Скопје до Охрид

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информира дека изградбата на делницата Гостивар–Букојчани претставува сериозен инженерски зафат во сложен планински предел, со силна динамика на терен.Според него, од вкупно 31 километар, активно се работи на 11 километри, со реализација од речиси 59 проценти на таа секција. Работите, како што посочи, не запреле ниту во зимски услови.Во моментов се градат четири моста и еден натпатник, а мостот на седмиот километар е во завршна фаза, при што веќе се одвива сообраќај по двете ленти. На терен се ангажирани 590 работници, повеќе од 500 машини и 55 камиони, а само во една недела се извршени околу 45.000 кубни метри ископ.Изграден е и камп со капацитет за над 1.200 лица, при што, како што нагласи Трајановски, во реализацијата активно се вклучени и домашни компании.Тој посочи дека со изградбата на сите делници од Коридор 8 и Коридор 10, заедно со автопатот Кичево–Охрид, ќе се обезбеди целосна автопатска врска од Скопје до Охрид, што ќе значи побрз и побезбеден сообраќај, како и значителен економски и туристички придонес.

Македонија | пред 1 месец

sneg

Нападнал малолетник по фрлање снежни топки, денеска полицијата го гони кривично

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(59) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 22 јануари 2026 година во Гостивар, пријавениот физички нападнал малолетник. Инцидентот се случил откако малолетникот, заедно со повеќе други малолетници, фрлале снежни топки кон возила, при што едно од нив го погодило пријавениот.По целосно документирање на случајот, против 59-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Семејни драми во Свети Николе и Делчево: Момче тепало партнерка, брат шамарал сестра

Две одделни пријави за семејно насилство се евидентирани во текот на 20 февруари во Свети Николе и Делчево, информира Министерството за внатрешни работи.Во 17:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.А.(21), по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка и ѝ ги одзел мобилниот телефон и клучевите од возилото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истата вечер, во 18:30 часот во Полициската станица Делчево, полициски службеници извршиле службен разговор со Ш.М.(37) од Делчево, по пријава дека физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра, при што употребил тврд предмет и упатувал закани.Од МВР информираат дека и во двата случаи се преземаат мерки за целосно документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Девојка нападната во Центар, инцидент во Градски парк и малолетник претепан во Арачиново

Три одделни случаи на физички напади се пријавени во текот на 20 февруари во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Во 14:50 часот во СВР Скопје, М.К.(24) пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од А.Р.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Истата вечер во 20:20 часот, Д.Ј.(47) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.Дополнително, во 14:50 часот во СВР Скопје, А.А. пријавил дека на 19 февруари околу 23:30 часот во селото Арачиново, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица кои ги познавал. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Скопје | пред 1 месец

kidnapiranje

Киднапирање и закани со оружје во Тетовско, приведени три лица, едно е во бегство

Три лица се лишени од слобода, а по едно лице се трага, по пријава за насилство и закани со огнено оружје во тетовското село Гајре, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 февруари 2026 година околу 20.00 часот, З.И.(39) од село Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки. Тие, според наводите, насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М., каде што му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.По преземени мерки, околу 21.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во истото возило „голф“, кое претходно не запрело на даден знак за запирање од полициски службеници.Во селото Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице. Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на Л.М., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

soobrakjajka-izletano-vozilo

Едно лице загина: „Сеат ароса“ излетал од патот кон Берово

Триесет и четиригодишен возач го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите, на 21 февруари 2026 година околу 00.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека патничко возило „сеат ароса“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од село Крушево, виничко, излетало надвор од коловозот.Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата ќе бидат утврдени по целосното расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Д-р Жан Митрев ја изрази својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, нагласувајќи дека станува збор за заложба што ја носи повеќе од 26 години, уште од почетоците на неговата професионална кариера.На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, одржана во Битола, Митрев истакна дека крајната цел треба да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна медицинска практика во земјава. Според него, прашањето не е само медицинско, туку длабоко човечко, бидејќи зад секој пациент што чека орган стои семејство кое живее во неизвесност, во исчекување помеѓу надежта и стравот.„Органодарителството е чин на највисока солидарност. Тоа не спасува само еден живот, туку може да врати иднина на повеќе луѓе одеднаш“, посочи Митрев, додавајќи дека бројот на пациенти на кои може да им се помогне е значителен, особено во областа на кардиоваскуларните заболувања.Тој нагласи дека тимот на Клиника „Жан Митрев“ е целосно подготвен за вакви сложени операции, но дека успехот зависи од тесна координација меѓу институциите и медицинската фела. Трансплантацијата, како што истакна, подразбира мултидисциплинарен пристап и системска организација, особено кога станува збор за комплексни пациенти.Панел-дискусијата беше посветена на теми поврзани со надежта, солидарноста и човечноста, отворајќи прашања за законската рамка, правата на пациентите, медицинските аспекти и дилеми, како и искуствата на лица што чекаат трансплантација или веќе го дочекале повикот за нов живот. Во рамки на настанот беа разгледани и ставовите на верските заедници во однос на органодарителството.Со учество на врвни лекари, трансплантациски експерти и координатори, трансплантирани пациенти и претставници на верските заедници, беше испратена порака дека трансплантацијата може да стане реална и достапна можност, доколку постојат знаење, доверба и системска поддршка.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybpp7dojh8ugi8CfC5R9

СДСМ обвинува за партизација на правосудството и молк за 161 тендер

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека судството и обвинителството се ставени под, како што наведе, директна контрола на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека правдата во државата се урива, а институциите се партизираат.Фрчкоски тврди дека власта го сменила јавниот обвинител за да постави лице под своја контрола, при што јавно била елиминирана кандидатката Ленче Ристоска, и покрај тоа што, според него, добила максимални оценки од Советот на јавни обвинители. Тој посочи дека таа била и јавно навредувана од страна на премиерот.Според СДСМ, премиерот директно влијае врз изборот на обвинители и судии, а како примери ги наведува изборот на член на Судскиот совет и назначувања во Уставниот суд. Дополнително, Фрчкоски обвини дека од власта се врши притисок врз обвинителството и се води кампања за дискредитација на предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.Тој истакна дека повеќе од 80 дена нема одговор на пријавите поднесени од СДСМ до Државната комисија за спречување на корупцијата, ниту реакција од обвинителството и Финансиската полиција во врска со, како што наведе, серија сомнителни тендери.Меѓу нив ги спомена 161 тендер за фирма поврзана со семејството на Томовски, 51 тендер преку општини за фирмата „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди груп“, како и тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до партијата ЗНАМ.Фрчкоски оцени дека додека граѓаните се соочуваат со економски предизвици, власта, според него, се впушта во луксуз и спорни јавни набавки. Тој заклучи дека, како што рече, единствениот притисок врз македонските граѓани доаѓа од актуелната власт, обвинувајќи ја за селективна правда и институционален молк.

Македонија | пред 1 месец

media-library517bg4486n4gfVonK4X

Николоски: До крајот на 2029 ќе се вози по автопатот Гостивар–Букојчани

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека изградбата на автопатот Гостивар–Букојчани се одвива со силна динамика и дека очекува до крајот на 2029 година граѓаните да возат по оваа делница.Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, времената вршителка на работите во Амбасадата на САД, Никол Варнс, како и со претставници на институциите, извршија увид во изградбата на делницата, која е дел од западното крило на Коридор 8.Според Николоски, се работи интензивно на секцијата што треба да го поврзе автопатот од Гостивар до Букојчани со постојниот автопат кон Тетово, а понатаму и со делницата кон Кичево, Охрид и Струга. Тој оцени дека проектот ќе донесе значителен економски придонес, ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот.Министерот посочи дека експропријацијата е завршена речиси 90 проценти, што, како што нагласи, е клучен предуслов за непречена реализација. Досега се исплатени околу 470 милиони евра, сума што, според него, е значајна за буџетот на државата. Тој додаде дека финансирањето се одвива навремено и дека државата ја обезбедува потребната логистика.Николоски истакна дека градежништвото бележи раст од 21 процент во третиот квартал од минатата година, што го оцени како историски резултат во независна Македонија. Посочи и дека во проектот се вклучени Градежниот и Архитектонскиот факултет, со цел студентите да стекнуваат практично искуство на реални инфраструктурни проекти.Тој најави дека покрај оваа делница, интензивно се работи и на автопатот Тетово–Гостивар, како и на делницата Прилеп–Битола, со цел да се заокружи современата патна мрежа во западниот дел од државата.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања