Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

3 ден.
Screenshot-2025-06-29-at-11.11.10

Србија поделена за ЕУ – поддршката под 40 проценти

Српското општество останува длабоко поделено околу членството во Европската Унија, покажува ново истражување според кое поддршката за пристапување е под 40 проценти.Истражувањето, спроведено од Центарот за европски политики на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, покажува дека 39,8 проценти од граѓаните ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ, додека 33,8 проценти се против, а 26,4 проценти се неопределени.Во случај на референдум, 85,3 проценти од испитаниците би излегле да гласаат, од кои 41,6 проценти би се изјасниле „за“, 32,4 проценти „против“, а 26 проценти остануваат без јасен став.Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, ги сподели резултатите и оцени дека поддршката претставува „цврсто мнозинство“ во корист на членството.Податоците покажуваат дека поддршката е поголема кај лицата со повисоко образование, додека опаѓа кај оние со пониско ниво на образование. Најголема поддршка даваат младите на возраст од 18 до 29 години, додека најниска е кај граѓаните постари од 60 години.Истражувањето открива и значителна доза на скепса кон Европската Унија. Дури 41,6 проценти од испитаниците сметаат дека ЕУ повеќе се интересира за сопствените политички и економски интереси отколку за демократијата и владеењето на правото во Србија, додека 41,8 проценти веруваат дека главната цел е пристап до природните ресурси, вклучително и литиумот.Дополнително, 43,9 проценти сметаат дека за ЕУ е поважно Србија да воведе санкции кон Русија отколку да стане развиена демократија.Помалку од една третина од граѓаните веруваат дека Унијата применува исти правила за сите кандидати и дека е доверлив партнер, додека нешто повеќе од една четвртина сметаат дека ЕУ искрено сака интеграција на Србија.Во однос на вредностите, 51,7 проценти од испитаниците сметаат дека демократијата е најдобар облик на владеење, а 34,2 проценти се чувствуваат како Европејци.Истражувањето покажува и песимизам за европската перспектива – 23,9 проценти веруваат дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ, додека само 6,9 проценти очекуваат членство пред 2030 година.Падот на довербата во Европската Унија се поврзува и со застојот во пристапните преговори, бидејќи повеќе од четири години не е отворено ниту едно ново поглавје.И претходните анкети покажуваат сличен тренд – на крајот на 2025 година, 35,8 проценти од граѓаните биле за членство, додека околу 33 проценти биле против, што дополнително потврдува дека општеството останува без јасен консензус за европскиот пат.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Ноќеска се поместува часовникот – почнува летното сметање на времето

Ноќеска завршува зимското и започнува летното сметање на времето, со поместување на часовникот за еден час нанапред – од два на три часот.Според уредбата за летно сметање на времето во 2026 година, промената стапува на сила на 29 март и ќе трае до 25 октомври.Летното сметање на времето овозможува повеќе дневна светлина и потенцијално намалување на трошоците за електрична енергија, но експертите предупредуваат дека губењето еден час сон може да предизвика нарушувања на спиењето и други здравствени тегоби, особено во првите денови по промената.Прописите за летно сметање на времето се усогласени на ниво на Европската Унија уште од 1996 година. Иако во 2018 година беше предложено укинување на поместувањето на часовникот, до денес не е постигнат конечен договор.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Војната се продлабочува – експерт предупредува дека преговорите стануваат невозможни

Како што се засилува војната меѓу САД, Израел и Иран, сè погласни се предупредувањата дека шансите за дипломатско решение брзо се намалуваат, а конфликтот оди во насока на дополнителна ескалација.Аналитичарот Мохамад Елмасри од Институтот за постдипломски студии во Доха оцени дека текот на настаните јасно укажува дека страните се оддалечуваат од преговори.„Колку повеќе се искачувате по скалата на ескалација, толку потешко ќе стане каков било вид на преговор или решение“, изјави Елмасри.Тој смета дека токму Израел ја води ескалацијата на конфликтот.„Мислам дека е точно дека Израел не сака решение. Не сака војната да заврши“, додаде Елмасри.Како аргумент ги посочи последните напади врз цивилна инфраструктура во Иран.„Израел одлучи да ги погоди челичарниците и енергетските објекти… спротивно на ветувањето на Доналд Трамп [за одложување]“, рече тој.Според него, нападите сè почесто таргетираат станбени области и цивилни објекти, вклучително и универзитети.Во услови кога Иран најавува одмазда, Елмасри предупредува дека постои сериозен ризик конфликтот дополнително да ескалира.„Можеби всушност се движиме кон поголема ескалација наместо… кон обид за договор“, изјави тој.На крајот, тој оцени дека позициите на двете страни се речиси неспоиви.„Ако го погледнете американскиот предлог од 15 точки, кој наликува на документ за капитулација, и иранскиот предлог од пет точки, страните не можат да бидат подалеку една од друга“, заклучи Елмасри.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryfi4b29laglldeZM2aw0

Дубаи излегува од мода – инфлуенсерите бараат нов „рај“

Дубаи повеќе не е главна дестинација за инфлуенсерите, кои сè почесто го напуштаат во потрага по нови локации што нудат комбинација од луксуз, сигурност и поволни даночни услови.Во последните недели, расте бројот на инфлуенсери кои заминуваат од досега доминантниот „даночен рај“, поттикнати од нестабилноста на Блискиот Исток и желбата за нови можности.Меѓу најбараните дестинации се издвојуваат Кајманските Острови, познати по живот без даноци и атрактивен тропски амбиент, како и Бермуди, кои нудат висок стандард, безбедност и ослободување од данок на доход и капитална добивка.Популарност добива и Порторико, каде инфлуенсери и спортисти се преселуваат поради даночни олеснувања и пониски трошоци за живот.Во Азија, интересот се насочува кон Куала Лумпур, кој привлекува со пристапни цени, културна разновидност и модерна инфраструктура, како и кон Шангај, каде се спојуваат луксузот, високите згради и развиената урбана сцена.За оние што бараат врвен луксуз, Монако останува симбол на богатство и ексклузивност, со отсуство на данок на доход и богатство.Во САД, се издвојува Чарлстон во Јужна Каролина, кој привлекува со квалитетот на живот и специфичната атмосфера, додека Мајами останува центар на гламурот и динамичниот социјален живот.Во Австралија, инфлуенсерите сè почесто се насочуваат кон Бајрон Беј и Голд Кост, како поопуштени и подостапни алтернативи на Сиднеј и Мелбурн.Во Европа, како нова атрактивна дестинација се појавува Црна Гора, особено Бока Которска и приморјето, каде развојот на луксузни марини и комплекси привлекува странски инвеститори и инфлуенсери.Во меѓувреме, Бали се позиционира како „светска престолнина на инфлуенсерите“, со растечки туризам и привлечен начин на живот, додека Макао нуди луксузни казино-комплекси и развиена туристичка понуда.Меѓу новите избори е и Панама Сити, кој привлекува со стабилна економија, користење на американскиот долар и релативно пристапни луксузни станови.Трендот покажува јасна промена – инфлуенсерите повеќе не се врзани за една дестинација, туку го следат балансот меѓу профит, животен стил и безбедност.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-library4qtsjecbuc9f3jPsog8

Антонио Бандерас за заминувањето од Холивуд: „Кога ќе се соочиш со смртта, сè се менува“

Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека одлуката да се повлече од холивудскиот ритам и да се врати во родната Малага не била каприц, туку животна пресвртница. Во интервју за британскиот весник „The Times“, тој вели дека тешкиот срцев удар му го променил односот кон времето, работата и смислата на она што го прави.Бандерас посочи дека токму моментот кога човек ќе се соочи со сопствената кршливост го тера да ги пререди приоритетите.„Тоа беше навистина сериозно предупредување. Ми го смени погледот на животот“.По здравствената криза, актерот ги пресекол навиките и луксузите што дотогаш го следеле: престанал да пуши, го продал приватниот авион и, наместо да продолжи да живее меѓу САД и Велика Британија, избрал поинаква секојдневност во Малага. Таму, како што раскажува, купил театар и повторно се врзал за сцената која ја смета за својата најисконска професионална „домашна адреса“.„Кога ќе се соочиш со смртта, почнуваш да преиспитуваш сè. Тогаш сфатив дека, во суштина, јас сум театарски актер“.Денес живее со долгогодишната партнерка Никол Кимпел и е вклучен во неколку бизниси, но најголемата страст, како што вели, му е непрофитниот театар „Teatro del Soho“.„Никогаш не сум бил посреќен“.Во разговорот се навратил и на првите холивудски години, кога несигурноста околу англискиот јазик и очекувањата дека како Шпанец ќе добива претежно улоги на негативци биле дел од „пакетот“. Се присетил дека тие стереотипи ги надминал со улогата во филмот „Маската на Зоро“ (1998), нагласувајќи ја иронијата што подоцна токму тој носел „маска, шешир, меч и плашт“, додека негативецот бил прикажан како русокос и синоок.Како важен момент од кариерата го издвоил и анимираниот хит „Мачорот во чизми“ (2011), посочувајќи дека му значело што детската публика гледа позитивен лик со шпански, дури и андалузиски акцент — нешто што, според него, има своја тежина во тоа како се градат претставите за различноста.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-library0tlsdi22qohf0i1zz56

Сирени одекнаа во Бахреин – предупредување за можни напади

Сирени за тревога одекнаа низ Бахреин утрово, додека властите предупредија на можни нови напади и ги повикаа граѓаните веднаш да се упатат кон најблиските безбедни места.Министерството за внатрешни работи соопшти дека службите за цивилна заштита претходно изгаснале пожар во објект кој бил цел на ирански напад.Во текот на конфликтот, во Бахреин се регистрирани две жртви, додека последниот напад со дрон погодил станбена зграда во главниот град Манама, информираше министерството.Ситуацијата останува напната, со зголемена подготвеност на службите и предупредувања за можни нови закани.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library7klm3v6064n5apuFfv0

(Видео) „Во одредени моменти бев на нишан“ – Жерновски за првпат тврди дека пред да стане градоначалник бил таргет

Ексградоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, откри дека во одредени моменти пред изборите каде беше избран за градоначалник на Центар, бил на нишан, за што, како што тврди, бил предупреден од луѓе од Министерството за внатрешни работи.Говорејќи во „Претрес со Ландов“, Жерновски посочи дека уште тогаш бил свесен дека ќе се соочи со сериозни притисоци и закани.„Мене ме повика една дама од амбасадата на САД на разговор... ми рече честитки за кандидатурата. Дали имате семејство? И кажав 'Да, жена и два сина'. Вика – 'спремни ли сте на се? Дали знаете дека можат да удрат на вас и на семејството?' И уште тогаш ми беше јасно што ќе се случува. Затоа не потклекнав, јасно ми беше што ќе се случува“, изјави Жерновски.Тој додаде дека по завршувањето на изборите добил конкретна информација дека бил цел.„И уште тоа, кога завршија изборите, добив дојава дека во дадени моменти на нишан сум бил“, рече Жерновски.На прашање кој му ја пренел таа информација, тој одговори:„Луѓе што се во МВР... тоа беше ужасно како притисок. Ова е прв пат, Ландов, ова е прв пат јас да зборувам за овие работи.“Жерновски посочи дека до денес не дознал кој стоел зад тие закани.„Допрва треба да дознаам... се откажав од тоа да испитувам, зашто ние бевме на власт, кој, како и зашто, кај ќе ме однесе тоа…“, изјави тој.Во разговорот, Жерновски зборуваше и за други притисоци, вклучително и малтретирање на неговото семејство. Одговара и зошто по речиси десетина години решил да зборува дека станал мета кога го бирале за градоначалник.

Студио | пред 3 дена

3 ден.
media-library5ulmequq6gcq615TFNg

(Видео) Стартап претстави дрон што ја менува играта – без ограничување на сигналот

Нов дрон со интегриран Старлинк приемник, кој практично ги елиминира ограничувањата на дометот на сигналот, беше претставен како решение за итни служби и интервенции во критични ситуации.Стартапот БРИНК го претстави дронот „Гардијан“, наменет за концептот „дрон како итна служба“, со можност да оперира на оддалеченост до околу 13 километри од базата, при што единственото реално ограничување останува траењето на батеријата.„Гардијан“ е опремен со систем за автоматска замена на батерија, што му овозможува брзо враќање во функција без потреба од долго полнење. Дронот може да носи различни видови опрема, вклучително дефибрилатори, лекови и средства за спасување на вода.Вградената камера снима во 4К резолуција и има моќен зум, што овозможува прецизно пребарување на теренот од голема висина. За ноќни операции, дронот располага со рефлектор со јачина од 1.000 лумени.Системот е прилагоден и за полициска употреба, со термални камери, ласерски далечиномер, како и звучник и сирена посилна од оние на полициските возила.Иако вакви технологии веќе постојат во воениот сектор, БРИНК ги интегрира во компактен формат достапен за цивилни служби, со што значително се прошируваат можностите за реакција во итни ситуации.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
liban-1

Ескалација во Либан: противтенковска ракета и ракетен оган ранија израелски војници

Девет израелски војници се ранети во два одделни напади во јужен Либан, додека борбите во регионот продолжуваат со засилен интензитет.Според соопштението на израелската армија, во напад со противтенковска ракета во петокот, еден војник бил тешко ранет, а друг се здобил со средно тешки повреди за време на борбите во јужен Либан.Во втор инцидент, кој се случил ноќта кон саботата, уште еден војник бил тешко ранет, додека шестмина други биле повредени со средно тешки повреди по ракетен напад врз сили кои дејствувале во истиот регион.Нападите доаѓаат во момент кога израелската војска продира подлабоко на либанска територија, достигнувајќи до седум километри во одредени делови.Во исто време, Хезболах возвраќа со напади. Иако израелската армија не ја прецизира точната локација на инцидентите, тие се случуваат само неколку часа откако Хезболах соопшти дека извршил заседа врз израелски сили во јужниот град Тајбех, на околу шест километри од границата.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
administracija

Шпанија воведува 35-часовна работна недела за државната администрација

Шпанија од април ќе воведе пократка работна недела во централната државна администрација, со што работното време се намалува од 37,5 на 35 часа неделно, мерка која ќе опфати околу 246.000 вработени.Одлуката е поддржана од трите главни синдикати на државните службеници – УГТ, ЦЦ ОО и ЦСИФ, кои оценуваат дека ова ќе придонесе за подобрување на условите за работа и намалување на разликите во јавниот сектор.Министерот за јавна администрација, Оскар Лопез, најави дека примената на новата работна недела ќе биде дефинирана во рок од најмногу 15 дена.Промената доаѓа во услови кога мнозинството вработени во автономните заедници и локалната власт веќе работат по режим од 35 часа неделно, што создаваше чувство на нерамноправност во однос на службениците во централната администрација.Според синдикатите, новиот модел ќе помогне да се намали овој јаз и ќе придонесе за подобра работна хармонија, но и за подобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, со повеќе слободно време за вработените.Покрај тоа, со регулативата се воведува и функцијата „негувател“, која предвидува институционализирана поддршка за вработените што се грижат за член на семејството или лице кое живее во исто домаќинство и има сериозен здравствен проблем.Новите правила овозможуваат работниот распоред да го земе предвид времето и енергијата што вработените ја вложуваат во грижата за блиските.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо време со пообилни врнежи – снег на планините, најавува УХМР

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со ретки грмежи, се очекува денеска низ земјава, додека на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег, најави Управата за хидрометеоролошки работиОттаму посочуваат дека локално врнежите ќе бидат поинтензивни, со над 20 литри на метар квадратен, а на планините ќе врне снег, со што ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне 13 степени, атмосферскиот притисок ќе изнесува 964 хектопаскали, влажноста на воздухот ќе биде 70 проценти, а брзината на ветерот 4 метри во секунда.Утре времето ќе остане променливо облачно со локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет и со услови за изолирана појава на ретки грмежи. На повисоките места ќе има мешани врнежи од дожд и снег, додека на планините ќе продолжат врнежите од снег.Во Скопје и утре ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, проследени со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Македонија ќе биде првата земја во Европа што ќе одржи сесија на стратешки дијалог со САД во рамки на оваа администрација, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Муцунски потенцираше дека партнерството со Соединетите Американски Држави е од клучно значење за државата и претставува стратешка определба.„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, истакна министерот Муцунски.Тој најави дека сесијата ќе се одржи на 7 април во Вашингтон, а македонската делегација ќе ја предводи лично тој како шеф на делегацијата. Во составот ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.Муцунски изрази очекување дека стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Прв напад од Јемен кон Израел од почетокот на војната – лансиран проектил

Израелската армија соопшти дека детектирала проектил лансиран од Јемен кон израелска територија, што според информациите претставува прв ваков напад од почетокот на војната.„ИДФ идентификуваше лансирање на проектил од Јемен кон израелска територија, системите за противвоздушна одбрана дејствуваат за да ја пресретнат заканата“, објави израелската војска на Телеграм.Помалку од 15 минути подоцна, од ИДФ информираа дека граѓаните можат да ги напуштат засолништата низ целата земја.Нападот доаѓа откако портпаролот на јеменските хути, поддржани од Иран, најави дека ќе се вклучат во војната на Блискиот Исток доколку продолжат нападите врз Иран.Во објава на Телеграм, Јахја Саре, портпарол на јеменските вооружени сили, односно на хутската фракција, наведе дека „прстите се на обрачот за директна воена интервенција“ во неколку случаи.Како услови ги наведе ситуациите доколку други држави се приклучат на САД и Израел против Иран, доколку Црвеното Море се користи „за спроведување непријателски операции на Америка и Израел против Исламската Република Иран и против која било муслиманска земја“, како и доколку продолжи „ескалацијата“ против Иран.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-librarycn902104fht5fuY0r0o

Иран нападна американска база во Саудиска Арабија – 12 војници ранети, оштетени авиони

Иран извршил силен напад врз американска воздушна база во Саудиска Арабија, при што се ранети 12 војници, од кои двајца се во тешка состојба, а сериозно е оштетена и воена опрема, вклучително и авиони.Според американски претставници, нападот бил насочен кон базата „Принц Султан“ и бил изведен со комбинација од проектили и дронови, што претставува еден од најсериозните пробиви на американската противвоздушна одбрана во текот на едномесечниот конфликт со Иран. Во нападот се значително оштетени најмалку два авиони за дополнување гориво во воздух од типот КЦ-135.Нападот доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп балансира меѓу најави за мир и засилени напади врз клучна цивилна инфраструктура. Тој тврди дека мировните преговори се во тек и напредуваат, додека од иранска страна овие тврдења се оспоруваат, а во меѓувреме САД испраќаат дополнителни воени бродови и илјадници војници во регионот.Во текот на конфликтот, Иран извршил повеќе напади врз американски бази низ Блискиот Исток, користејќи балистички проектили и дронови со цел да одговори и да ја наруши американската кампања на бомбардирање. Нападите предизвикале значителни оштетувања и го принудиле американското Централно командување да распореди дел од силите надвор од дострелот на ударите, вклучително и во Европа.Иако поголемиот дел од нападите биле пресретнати од американската и сојузничката противвоздушна одбрана, системите како иранските дронови „Шахед“ се евтини и лесно заменливи, за разлика од одбранбените системи кои се значително пософистицирани.Од почетокот на конфликтот загинале 13 американски војници. На самиот почеток, шест резервисти биле убиени во напад со ирански дрон врз тактички оперативен центар во Кувајт, додека уште еден војник загинал по напад на истата база во Саудиска Арабија на 1 март.Вкупно се ранети речиси 300 американски војници, од кои околу 225 се здобиле со трауматски повреди на мозокот предизвикани од експлозии. Повеќето од нив се вратиле на должност, освен околу 35 војници.Податоците за цивилните жртви покажуваат дека во Иран се убиени повеќе од 1.492 лица од вкупно над 3.300 загинати, додека во Либан бројот на жртви надминува 1.110. Во земјите од Персискиот Залив загинале повеќе од 50 луѓе, а најмалку 16 во напади врз Израел.Во меѓувреме, Трамп повторно се закани со бомбардирање на ирански електрани доколку Техеран не попушти, при што рокот за договор е продолжен и сега истекува на 6 април.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
thailand-20653761920-830x0-1

Тајланд договори безбеден премин на танкерите низ Ормускиот теснец

Тајланд постигнал договор со Иран со кој се обезбедува сигурен премин на тајландските нафтени танкери низ Ормускиот теснец, соопшти премиерот Анутин Чарнвиракул.„Постигнат е договор кој им овозможува на тајландските танкери сигурен транзит низ Ормускиот теснец“, изјави премиерот на прес-конференција.Тој додаде дека договорот има за цел да обезбеди непречено движење на нафтените испораки во услови на зголемена чувствителност во овој стратешки важен поморски премин.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryhlm5pi2vf9qvfUQRYgz

(Фото) Скриени меѓу пакувања кафе: фотографии од запленетите 580 куршуми во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце

Дури 580 парчиња куршуми биле откриени во автобус на „Дурмо Турс“ на граничниот премин Табановце, при контрола на влез во државата, а двајца осомничени се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи го открил случајот на 26-ти месецов, кога поради сомневање го запрел автобусот кој сообраќал на релација Италија – Македонија. При деталната проверка, царинските инспектори забележале оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата, што било причина за дополнителен преглед.Во внатрешноста на вентилацискиот простор, помеѓу 50 пакувања кафе, била пронајдена кутија со вкупно 580 куршуми, од кои најголем дел со калибар од 9 милиметри.Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот во кој била откриена. Одделението за истраги веќе поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против двајца осомничени кои се лишени од слобода, додека истрагата е проширена и кон други лица.Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени активности насочени кон заштита на безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: „Куба е следна – ама правете се дека не го кажав тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп со нова контроверзна изјава ја отвори темата за Куба, директно алудирајќи дека островската држава би можела да биде следната цел на Вашингтон по воените операции во Венецуела и Иран.Говорејќи на инвестициски форум во Мајами, Трамп ја пофали американската воена моќ и интервенциите во странство, а потоа изговори реченица која веднаш предизвика реакции.„Изградив голема војска. Реков: ‘Никогаш нема да мора да ја користите.’ Но понекогаш мора да ја користите. И Куба е следна, патем. Но правете се дека тоа не го кажав. Правете се дека не сум,“ изјави Трамп.Иако не даде конкретни детали што точно подразбира под оваа изјава, сигналите од неговата администрација укажуваат на засилен притисок врз Хавана. Во изминатиот период, Вашингтон започна разговори со делови од кубанското раководство, додека самиот Трамп повеќепати сугерираше дека не ја исклучува ниту воената опција.Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел потврди дека се водат разговори со САД со цел да се избегне евентуален судир, во услови кога земјата се соочува со сериозна економска и енергетска криза.Кризата дополнително се продлабочи откако Венецуела, по смената на власт во Каракас, ги прекина испораките на нафта кон Куба – ресурс од кој островот е суштински зависен за електрична енергија и транспорт.Ова не е првпат Трамп да испраќа вакви пораки. Претходно во март, тој изјави дека Куба би можела да биде предмет на „пријателско преземање“, за потоа да додаде: „Можеби тоа нема да биде пријателско.“Изјавата „Куба е следна“ доаѓа во контекст на поширока стратегија на Вашингтон во регионот, по интервенцијата во Венецуела и зголемените тензии со Иран, што дополнително ја засилува неизвесноста околу идните потези на САД на Карибите.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.Истрагата за случајот е во тек.

Охрид | пред 3 дена

3 ден.
media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Најмалку 13 загинати во американско-израелски напади врз иранската покраина Керманшах

Најмалку 13 лица загинаа во два напади изведени од САД и Израел врз западната иранска покраина Керманшах, објави иранската државна агенција Mehr.Според извештаите, нападите погодиле стамбени области во регионот што граничи со Ирак.Од почетокот на војната на 28 февруари, во Иран вкупно загинале 3.186 лица, меѓу кои 1.394 цивили, според најновите податоци на американската организација за човекови права HRANA.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
mkd-393567

Цените на нафтата пораснаа над 111 долари

Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари над 111 долари за барел, под влијание на сомнежите кај инвеститорите дека САД и Иран би можеле наскоро да го решат конфликтот преку преговори.На лондонскиот пазар, попладне барелот се тргуваше по цена повисока за 3,46 долари во споредба со вчерашното затворање, достигнувајќи 111,47 долари, додека на американскиот пазар цената беше повисока за 4,08 долари, на 98,56 долари. Пазарите го игнорираа повтореното одлагање на рокот за отворање на Ормускиот теснец од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во четврток повторно го одложи рокот што го постави за Иран за отворање на теснецот, овојпат за 10 дена. Ако теснецот не биде отворен, САД од 6 април би ја нападнале иранската енергетска инфраструктура. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц истакна дека нападите врз Иран нема да запрат.Иран, по американско-израелскиот напад крајот на февруари, ја презеде контролата над Ормускиот теснец, забранувајќи транзит на бродови поврзани со Израел, САД и нивните сојузници. Техеран инсистира дека теснецот не е затворен и дека транзитот е дозволен за бродови од „пријателски земји“ во координација со иранската морнарица.Израел и САД повторно ноќта нападнаа цели во Иран, а иранската армија возврати со лансирање проектили и дронови врз Израел и американски бази во земјите покрај Персискиот Залив.Аналитичарите предупредуваат дека геополитичкиот ризик нема значително да се намали, бидејќи блокадата на Ормускиот теснец веќе го исфрли од пазарот околу осум милиони барели нафта дневно, а во опасност е и многу поголема количина, истакнуваат Ева Мантеј и Ворен Патерсон од ING.Русија, пак, попладне сигнализираше дека може да забрани извоз на бензин од 1 април за сите учесници на пазарот, како што изјавија извори за агенцијата Интерфакс. Министерот за енергетика Александар Новак истакна дека владата треба брзо да преземе мерки за да се спречи поскапување на горивата и да се обезбеди стабилност на домашниот пазар во услови на светска енергетска криза.Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот од нејзината кошничка нафтени производи во четврток се зголемила за 5,20 долари, достигнувајќи 122,16 долари.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygrhru1dnl3m663Wn1cd

(Видео) Хрватска блогерка откри уникатна практика во Палау: Посетителите мора да потпишат посебно ветување

Хрватската блогерка за патувања, Ванa Бојовиќ, ја посетила Палау, мала островска држава во Тихиот океан, и споделила интересен детаљ кој ја дочека веднаш по пристигнувањето.Палау се наоѓа во западниот дел на Тихиот океан, околу 500 километри источно од Филипините. Состои од повеќе од 340 острови, а најголеми се Бабелдаоб, Корот и Пелелиу.Овој главен град нема ниту еден постојан жител, што ја прави неговата приказна уште поинтересна. Позната е по недопрената природа, коралните гребени и разновидниот подводен живот, што ја прави популарна дестинација за нуркачи и љубители на екотуризам.Идејата за посетата на Палау е едноставна: ако веќе доаѓате во овој рај, мора да ветите дека ќе го чувате. Тоа ветување се прави со официјален потпис на посебен печат во пасошот, наречен „Palau Pledge“, кој гласи:„Деца на Палау, јас, како ваш гостин, ветувам дека ќе ја сочувам и заштитам вашата прекрасна и уникатна островска татковина. Ветувам дека ќе чекорам внимателно, ќе постапувам добродушно и ќе истражувам со свест. Нема да го земам она што не ми е дадено. Нема да штетам на нешто што не ми штети. Единствените траги што ќе ги оставам се оние што ќе се измијат. Ќе штедам вода, енергија и ќе го заштитам вашиот воздух и земја. Ќе ја поддржувам локалната заедница и економија. Ќе ја почитувам вашата култура и традиции. За идните генерации на Палау, ветувам дека ќе чекорам внимателно, ќе постапувам добродушно и ќе истражувам со свест.“На својот TikTok профил, Бојовиќ споделила снимки од островот со тиркизни нијанси на морето, како и интересен момент од самиот влез во државата.„Кога ќе слетате во Палау, на имиграција добивате посебен печат во пасошот наречен ‘Palau Pledge’ и пред влез во земјата морате да го потпишете“, објаснува таа.Палау е земја со еден од најбогатите морски екосистеми во светот, поради што одлучиле да воведат вакви правила за заштита на природата.

Магазин | пред 3 дена

3 ден.
media-library8gruo8s69dvq5WLztRF

Алиу: Со новиот Закон за лекови побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, и зајакнување на контролата за квалитет и безбедност на фармацевтските производи

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор.-Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Воведени се и електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката, посочи министерот Алиу.Дополнително, се зајакнува контролата на квалитетот и безбедноста, се унапредува фармаковигиланцата и се подобрува координацијата меѓу институциите. Законoт предвидува и построги правила за клинички испитувања, како и нов систем за управување со фармацевтски отпад од домаќинствата.Целта на новото законско решение е да се обезбеди подобра регулација на цените, поголема достапност на терапијата и долгорочна одржливост на здравствениот систем.Предлог-законот ќе биде достапен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од понеделник, наредната недела, каде јавноста ќе може да достави свои забелешки и предлози.

Македонија | пред 3 дена

3 ден.
media-librarydi2n4ku80ob43BrEnRC

(Фото) Бик продаден за 143.000 евра

Бик под името Granite Ridge Velocity V42 е продаден за дури 235.000 австралиски долари (околу 143.000 евра), со што станува еден од најскапите Ангус бикови некогаш продадени во таа австралиска сојузна држава.Според зборовите на купувачот, бикот ги убедил со многу цврста градба, изразени телесни карактеристики и мирен темперамент. Важна улога во одлуката за купување имале и квалитетот на крзното и кожата, како и многу добрите генетски показатели.Во сточарството, врвните репродуктивни бикови се сметаат за долгорочна инвестиција. Еден бик може во текот на повеќе години значително да влијае на генетиката на целото стадо, било преку природно парење или користење на семе во вештачко оплодување.Стручњаците од сточарската индустрија нагласуваат дека ваквата висока цена ја потврдува трајно силната побарувачка за квалитетна Ангус генетика.Ангус расата веќе со години ужива голема популарност во светското сточарство, пред сè поради квалитетното месо, добрата конверзија на храна и прилагодливоста на различни производствени услови.Токму поради овие својства, врвните репродуктивни примероци често достигнуваат многу високи цени на аукции ширум светот, пренесува Capital.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
media-librarygit09tmeur0ufG7uK4U

Седум земји бараат прекин на нападите врз цивили во војната во Иран, меѓу кои и САД

Министрите за надворешни работи на земјите од Групата на седумте (G7) денеска повикаа на итен прекин на нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во конфликтот во Иран.Во заедничката изјава објавена на вториот ден од состанокот во Франција, годинашниот домаќин на самитот, министрите го нагласиле значењето на минимизирање на влијанието на конфликтот врз регионалните партнери, цивилното население и критичната инфраструктура. „Ние се фокусиравме на вредноста на различни партнерства, координации и иницијативи за поддршка, вклучувајќи ги и мерките за ублажување на глобалните економски шокови како нарушувањата во комерцијалните синџири на снабдување што опфаќаат економски, енергетски и комерцијален сектор, кои директно влијаат на нашите граѓани“, се наведува во соопштението, до кое имал увид и Reuters.Министрите повторија и дека е потребно враќање на безбедно и слободно пловење низ Ормускиот теснец.Членки на Г7 се САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а постојан член е и Европската Унија, која учествува на сите состаноци, но не претседава ниту е домаќин на самитот.

Свет | пред 3 дена

3 ден.
h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави.На седницата на Рускиот совет за безбедност, Путин рече дека Русија „никогаш не го одбила развојот на тие односи, ниту нивното обновување“, според транскриптот објавен од Кремљ. Како причина за раздорот, тој повторно го наведе соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, по масовните протести во 2014 година.„Треба да се разгледа состојбата на односите со европските држави, особено со Европската унија“, рече Путин, пренесува dpa.Според него, тоа означило почеток на „серија трагични настани кои се случуваат во Украина и денес“.На истата седница проценки за овие односи изнесе и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но Кремљ не објави детали од неговото обраќање.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања