Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Најнови вести

1 нед.
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Мицкоски: Нема потреба да се ограничи купувањето на гориво, имаме доволно количини

На новинарско прашање дали Македонија се размислува да го ограничи купувањето на горивото, со оглед на тоа што е нафтена криза, а голем дел од граѓаните од државите од околината доаѓаат и купуваат кај нас, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент има доволно количини гориво за потребите на граѓаните.„Во овој момент имаме доволно количини за потребите на граѓаните. Зголемен е конзумот во одредени гранични области, со Албанија, на север со Косово и Србија и на југ со Грција, за отприлика 10 проценти, бидејќи голем дел од граѓаните од овие земји доаѓаат кај нас и точат гориво на безниските пумпи, поради тоа што цената на горивото кај нас е во некои случаи и до половина евроценти по литар поевтина од таа кај нив. За разлика од минатото, кога како земја коленичевме и молевме за помош, сега сме ние тие коишто генерираат стабилност и даваат помош. Сакам да кажам дека и нафтоводот е во целосна функција, односно цевката е полна, којашто претставува дополнителна сигурност, складовите се полни согласно закон, државните резерви се околу 60 дена, така што во овој момент, апсолутно нема никаква потреба од таква мерка и не само со дизел горивата и со бензините безоловни, со 95 и 98 октани, информиран сум дека и дел од околните аеродроми се снабдуваат со керозин од Окта, односно од кај нас. Се разбира предизвици има и ќе има, и тие предизвици ние ќе ги решаваме“ изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
grehrjtdzdk-196814

ДУИ бара оставка од директорката на Централниот регистар и одговорност од Владата

По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, вели Имране Велиу од ДУИ.„Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична застапеност.Поради тоа бараме:Итна оставка од директорката на Централниот регистар, како минимален чин на одговорност.Политичка одговорност од Премиерот, бидејќи ваквиот пристап создава перцепција на повторлива практика што ја нарушува довербата во институциите.Директна одговорност од претставниците на ВЛЕН во Владата, кои не успеаја да ја заштитат правичната застапеност и на најјасен начин покажаа како не треба да се претставуваат граѓаните. Бараме нивна итна оставка.Ваквиот начин на постапување создава реални последици врз општествената кохезија и функционирањето на мултиетничка држава.Ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи овие случувања и да реагира превентивно.Особено, ја повикуваме Мисијата на ОБСЕ во Скопје да биде на нивото на својата задача и да ги активира механизмите за рана реакција и предупредување што ги има на располагање, со цел да се адресираат ситуации кои го засегаат принципот на еднаква застапеност и правата на заедниците.Јавните институции треба да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат“, додава Велиу.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
vozach

Малолетник возел БМВ без возачка, полицијата го одзема возилото

На 23.03.2026 во 19:00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово сопреле патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од с.Стримница, тетовско.Поради управување на возилото пред да се стекне со право на управување моторно возило и согласно член 297-а од Кривичниот законик, возилото е привремено одземено.По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi914btvksrf37f9PU2g

Пронајден украден автомобил во гостиварско, уапсен 31-годишен маж

На 23.03.2026 во 21:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ш.(31) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело „противправно одземање патничко возило“ по член 242 од Кривичниот законик.Притоа, кај него во дворот е пронајдено патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, кое беше пријавено за одземено на 16.03.2026.Возилото е вратено на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

45-годишен маж следел и се заканувал на жена и нејзината малолетна ќерка

На 23.03.2026 во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари.Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
dzamija

Обид за насилно отворање на донациска каса во џамија во Бродец

На 23.03.2026 во 20:13 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 15:30 до 19:45 часот со употреба на физичка сила било влезено во џамијата во с.Бродец, тетовско, и бил направен обид насилно да се отвори металната каса за донации, но не била отворена.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
zeni-1

Злоупотребени лични податоци на новинар од Тетово

На 23.03.2026 во 23:30 часот на електронска адреса на Секторот за компјутерски криминал при МВР, новинарот А.З. од Тетово, пријави злоупотреба на неговите лични податоци на социјална мрежа.Имено, според пријавеното, од профил под име А.А. се објавувале клевети и лажни информации со цел нарушување на неговиот углед.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4eul2o4m40ot1CG6QNz

„Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му“, рече Мицкоски за инцидентот со новинарот и Јаневска

При денешната прес-конференција новинарите го прашаа премиерот Христијан Мицкоски за неговиот коментар во врска со вчерашната изјава на новинар кој по втор пат и порача на министерката за образование Весна Јаневска, кога доаѓа во Тетово да земе преведувач. Мицкоски одговори дека понекогаш е подобро да се премолчи, бидејќи некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани.„Понекогаш тоаш то нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани затоа што ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Така да подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6qvs4ibb2gv3ftYjVFo

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека неопходни се институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи.„За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на Уставниот суд, бидејќи Уставниот суд на Македонија е единствен на европско тло што нема закон за уставен суд. Значи, шест уставни одредби и акт на судот. Толку. Правната рамка е таа. Неопходно е тие шест уставни одредби да се операционализираат со закон, но не било каков закон. Двотретински закон за да ја гарантира самостојноста и независноста, но и за тоа е потребна уставна измена. Значи, и за закон треба уставен основ за таков закон, што ќе се носи со двотретинско мнозинство, и за воведување на уставната тужба потребни се уставни измени, но, како што кажа и претседателот на владата, кај нас отварањето на уставот е секогаш чувствително прашање и тема, и затоа конечниот заклучок, барем според мене, е дека кога ќе се создадат услови, тогаш и ќе пристапиме кон таква институционална реформа“, изјави Костадиновски.На прашањето кога ќе се создадат услови, премиерот Мицкоски изјави дека промената на Уставот е политичка тема и дека во моментот владата не размислува за отварање на Уставот.„Промена на Устав е политичка тема. Која што во случајов вклучува правна тема, односно потребата да конечно Уставниот суд некако добие своја тежина во самиот Устав, замислете Уставен суд нема своја тежина во самиот Устав. Од првиот момент на осамостојување до денес ова се провлекува. И сега ние сме дојдени до ситуација кога тоа што претставува товар на минатото треба да го решаваме и ќе го решиме кога ќе се создадат политички услови. Сега во моментот такви политички услови не се создадени. Еве да бидам попрецизен.Претпоставувам дека самиот Уставен суд веќе размислува како отприлика би изгледала архитектурата на тој специјален закон, којшто ќе ги опфати и овие институти како што е Уставната тужба и така натаму. Така што, се надевам дека наскоро денеска може да се излезе со таков предлог закон, да се има јавна дебата, да се слушне и мислењето на јавноста, на стручната јавност, на останатите би рекол стејкхолдери и нормално да имаме еден готов документ којшто, како што рековме, кога ќе има политички услови за такво нешто, да биде апсолутно донесен. Но ќе повторам, во моментот владата не размислува за отварање на Устав и политичките услови за отварање на Уставот не се исполнети“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryuo6e2atnin10cjJARvv

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе.Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција.Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС“, вели Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Мицкоски да ги види во архивата на Владата мерките на СДСМ и да ги примени

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денешната на прес-конференција ја повика Владата да преземе конкретни мерки со кои ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Филипче му порача на премиерот Мицкоски, да ја надмине суетата, да ги отвори архвите и да види како владите на СДСМ се справуваа со кризите и им помагаа на сите граѓани и на стопанството.„Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има“, рече Филипче. Тој додаде дека дефицитот во буџетот е веќе пораснат, од предвидените 3,5 % на 5,1 %. „Толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба“, рече Филипче.Воедно, Филипче и порача на власта да ги прифати мерките што ги предложи СДСМ, а кои ќе дадат реален ефект врз намалувањето на цените на горивата и нафтените деривати и врз намалување на цените на храната.„Да се намали освен ДДВ-то на горивата на 5%,  да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то. И покрај намалувањата на ДДВ-то, цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени. Исто, мора да има намалување и на цените на патарините.Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Синдикатот на професионални војници за Мисајловски: Наместо да ја прифати критиката, излезе со напади и смешни кривични пријави

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува Министерството за одбрана за манипулација и ширење невистини, по гостувањето на министерот Владо Мисајловски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Според синдикатот проблемите со условите за работа и правата на професионалните војници се присутни децении, а решението е доставено во Собранието уште во 2025 година, но досега не е реализирано. Министерството, наместо да ги решава проблемите, според синдикатот, се обидува да ги прикрие преку јавни изјави и напади кон синдикатот.„По објавата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје за катастрофалната ситуација со објектите во Армијата каде што престојуваат и работат професионалните војници, министерството за одбрана излезе со потврда дека ситуацијата е таква 35 години, но и повеќе дури 50 години некои објекти не се реновирани од времето на поранешната ЈНА. Министерството за одбрана наместо да ја прифати критиката од синдикатот и да ја прифати реалноста, тие излегоа со напади врз претседателот на синдикатот со неосновани и смешни кривични пријави.Оваа нервозна ситуација во министерството за одбрана која се пројави поради излегување на фотографиите за вистинската и реална состојба во Армијата, кај министерот за одбрана Владо Мисајловски се пројави дополнителна потреба да гостува во емисијата Клик Плус на ТВ 21 , со цел да ја ублажи катастрофалната состојба која синдикатот ја обелодени во јавноста.Но за жал министерот за одбрана одбра сакајќи или несакајќи, да искаже неколку невистини со цел да прикаже напредок во правата на професионалните војници со негова лична иницијатива, но напротив искажа невистина со што ја изманипулира цела македонска јавност, а тоа е дека професионалните војници на 45 години одат во пензија и земаат опремнина од 2 милиони денари.Министерот за одбрана треба да знае дека професионалните војници не одат во пензија од Армијата, бидејќи дискриминаторскиот Закон за служба во Армијата тоа не го дозволува. Затоа е утврдената индиректна дискриминација од КСЗД врз сите професионални војници од страна на министерството за одбрана поради нетрансформирање на работниот однос од определено на неопределено време. Барањата на синдикатот се токму тие, професионалните војници да добијат вработување на неопределено време согласно ЗРО и да остварат право на пензија како и останатиот активен воен персонал.Излегувањето на емисии и искажувањето на вакви невистини и манипулирачки изјави нема да ја подобри ситуацијата во Армијата, туку само повеќе граѓаните на Република Македонија дознаваат колку е лоша состјбата со правата на припадниците на Армијата и колку се лоши условите за работа во Армијата.Го потсетуваме министерот за одбрана дека наназад години синдикатот бара решение на статусот на професионалните војници и имаме доставено предлог закон за измена и дополнување на Законот за служба во Собранието на РМ уште на 3 јуни 2025 година, и ниеден пратеник до овој ден не го предложи овој закон за да се реши деценискиот проблем на професионалните војници .Му предлагаме на министерот за одбрана пред наредно гостување добро да ја проучи проблематиката и темите кои ќе ги зборува, и се надеваме дека ќе сфати дека решението на сите проблеми му е доставено во писмена форма, само треба да се има волја да се реализираат овие барања и конечно да се реши проблемот со професионалните војници. Синдикатот не е проблемот што укажува кои се проблемите, проблемот е нереагирањето на работодавецот. Се друго, како неосновано напаѓање на синдикатот и неговите претставници и искажување на невистини, допринесува за влошување на веќе лошата состојба во Армијата.Апелираме до минитерството за одбрана да се воздржи од медиумски и административен напад кон синдикатите, да се обнови социјалниот дијалог и да се превземат итни мерки за подобрување на состојбата во Армијата, ПР кампањата нека се стави на пауза до следните избори“, вели Александар Насковски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library50qruqs53fanamSloh7

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. Поскапени се основните прехранбени производи јајцата, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а знаеме дека кога тие продукти еднаш ќе поскапат назад цените нема да се вратат, вели претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче„За жал Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Гледаме како земјите во регионот се справуваат. Потребни се мерки како што ние и нашата влада имплементираше и воведуваше за време на справувањето со кризите, за време на ковид кризата, тогашната енергетска криза, кога почна војната во Украина, поради тоа што само со такви мерки директни кон одредени категории на граѓани посебно најзагрозените тие коишто сега најмногу се жалат што очекувано дека не можат да се прехранат, најсиромашните категории пензионери, социјалните случаи, семејствата со многу деца, најслабо платените работници, мораат да видат да видат некаква помош од државата. Еве на пример вчера го слушнавме хрватскиот премиер воведоа конкретни мерки. Освен што се ограничија цените на горивата на бензините, на гасот, одредени категории на граѓани добија помош - земјоделци, социјални случаи, рибари итн, тие на коишто најмногу им е потребно. Во нашите влади за време на соочување со кризита беа поделени 2 милијарди евра директна помош кон граѓаните и тоа беа овие најзагрозени категории на граѓани. Дополнително имаше помош за ученици, за студенти, за луѓе со посебни потреби итн. Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Но не сака да се скрати од сопствените приходи од луксуз.Затоа што кога ќе намалите ДДВ на нешто на што цената веќе основата цена пораснала, вие не го намалувате приходот во буџетот, во најмала рака останува ист, значи има пари за луксузирање на владата а нема директна помош кон граѓаните. Дополнително оваа мерка само со намалувањето на ДДВ-то на горивата никако не ја чувствуваат како бенефит компаниите. Зошто, поради тоа што компаниите имаат поврат на ДДВ-то од горивата. Тоа значи дека тие тие пари колкав и процент да се ќе си ги вратат нив им претставува тежина основната цена на горивата која што зависи од светските берзи. Значи компаниите, меѓу кои транспортните и во другите сфери кои директно учествуваат на модифицирањето и растот на цените на сите други производи, практично немаат никаква помош. И единствено што може да се очекува е да има континуиран раст на цените кои што да ве потсетам уште крајот на минатата година почеток на оваа година, пред почетокот на војната во Иран практично беа во раст. Значи ова е само еден дополнителна причина зошто кај нас цените ќе растат. Апелирам, сметам дека владата мора да направи две работи, прво да ги прифати нашите мерки поради тоа што тие се тие мерки коишто реално ќе дадат некаков резултат и цените на горивата ќе се намалат, а ќе се стави на некој начин и пречка во дополнителниот раст на цените на храната. Да се намали освен ДДВ-то на горивата да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то поради тоа што и покрај намалувањата на ДДВ-то цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени на коишто бизнисот влијае поради тоа што се случува со поголема цена на горивата. Понатаму, намалување на цените на патарините. Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза. Дополнително како втора работа на сето ова, посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите. Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има. Дефицитот е веќе пораснат од предвидените 3,5 % е пораснат на 5,1 %, толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygf0d85c7s4fm2dvwgFX

„Промена на Уставот е чувствителна тема, најдобро е да се создадат похолистички услови“, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на тркалезна маса во Уставниот суд истакна дека секоја промена на Уставот треба да се одвива внимателно, со создавање на похолистички услови, за да не се вознемири јавноста.„Што се однесува до законот за Уставен суд, уставната тужба, тука сакам да споменам дека за тоа се согласивме со претседателот, промена на Уставот. Во оваа наша земја промената на уставот е чувствителна тема. И секогаш кога ќе се случи темата промена на Устав, тогаш, најчесто, не потсетува на некои други процеси од минатото.Иако ова станува збор за сосема поинаков процес. Апсолутно се сложувам со носење на ваков специјален закон, односно закон за уставниот суд. Апсолутно се согласувам со институтот уставна тужба, но исто така сакам да потенцирам дека најдобро е да се создадат услови похолистички за промена на Уставот кога и тоа би било вклучено. За да не ја вознемириме и онака чувствителната јавност“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
puska

Полициска акција во Демир Хисар: При претрес пронајдено нелегално оружје

На 23.03.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од с.Сопотница, демирхисарско.Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка.По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
benziska-guzva-goriva

Божиновска: Ја стабилизиравме цената на горивата и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството.Истовремено, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, која обезбеди директно намалување на цените за 6 до 7 денари по литар и спречи дополнителен ценовен шок.Со оваа комбинирана интервенција: спречен е значителен раст на цените на горивата обезбедена е стабилност на пазарот заштитен е животниот стандард на граѓаните намален е притисокот врз транспортот и економијата„Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните“, истакна министерката Сања Божиновска.Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од останатите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени.Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет – стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп повторно шокира: „Пит, ти прв побара војна“

Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи на округла маса за борбата против криминалот во Мемфис, го спомна и конфликтот на Блискиот исток, истакнувајќи дека токму министерот за одбрана Пит Хегсет бил првиот член на неговата администрација кој ја поддржал воената акција.„Ја повикав многу наши одлични луѓе и реков: ‘Мораме да разговараме. Имаме проблем на Блискиот исток. Иран е земја која веќе 47 години е извор на тероризам и е блиску до нуклеарно оружје’“, рече Трамп.Понатаму, со присуство на Хегсет, директно погледнат, додаде:„Пит, мислам дека ти беше првиот кој тоа го кажа. Рече: ‘Да го направиме тоа, бидејќи не смее да имаат нуклеарно оружје’. Сега водиме многу добри разговори. Почнаа синоќа, а и претходната вечер. Мислам дека се многу позитивни. Тие сакаат мир… се согласиле дека нема да имаат нуклеарно оружје, но ќе видиме. Тоа мора да се реализира. Реков дека има многу добра шанса.“САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Од тогаш американската администрација понудила низа објаснувања за воената интервенција, при што најчесто се истакнува тврдењето дека Иран претставува нуклеарна закана.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
861792036176fd570ae78296860049_v4_big

Руските безбедносни сили подготвени за можни саботажни операции врз државни функционери и воени објекти

Руска Федерална служба за безбедност (FSB), полиција и Национална гарда во Москва се ставени во состојба на повишена подготвеност поради разузнавачки податоци дека постои закана од саботажен напад од Украина.Како што денес објави руската државна новинска агенција RIA Novosti, FSB добила разузнавачки податоци дека Украина планира саботажи и напади врз „државни функционери, воен персонал на руското Министерство за одбрана и службеници за спроведување на законот“.Се потсетува дека за време на четиригодишната војна меѓу Русија и Украина, двете страни изведувале напади далеку зад фронтовските линии, користејќи дронови и саботажни единици за убиства и напади врз критична инфраструктура.Исто така, генерал-потполковникот Владимир Алексеев, заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба GRU, во февруари трипати бил нападнат со пиштол Макаров опремен со пригушувач во станбена зграда на автопатот Волоколамски на северот на Москва.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Подводни мини во Ормускиот Теснец, Иран поставил најмалку десетина експлозиви, велат американски извори

Подводни мини, за кои се верува дека се поставени од Иран, се откриени во Ормускиот Теснец во Персискиот Залив, објави „Си-би-ес Њуз“, повикувајќи се на американски официјални претставници. Во меѓувреме, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го повика Техеран да овозможи непречен поморски сообраќај низ овој стратешки важен премин.Според актуелните проценки на американските разузнавачки служби, во теснецот се наоѓаат најмалку десетина поморски мини. Тие се идентификувани како модели „Махам 3“ и „Махам 7“, произведени во Иран, кои користат магнетни и акустични сензори за детекција на цели.Друг американски претставник навел дека бројот на поставени мини би можел да изнесува околу 12.Овие информации доаѓаат во момент кога Доналд Трамп се откажа од претходните закани за можен напад врз иранската енергетска инфраструктура, доколку Техеран продолжи со блокирањето на пловниот пат низ Ормускиот Теснец.Трамп изјави дека неговите специјални пратеници, Стив Виткоф и бизнисменот Џерард Кушнер, веќе започнале разговори со иранските власти, изразувајќи надеж дека теснецот наскоро повторно ќе биде отворен за слободен бродски сообраќај.„Ќе биде отворен многу наскоро, ако ова функционира“, рече Трамп за најновиот дипломатски потег.Тој додаде дека протокот на нафта низ теснецот ќе биде заеднички контролиран од САД и Иран.Од друга страна иранското Министерство за надворешни работи ги негираше тврдењата на Трамп дека се одржале директни разговори меѓу двете страни. Иранските државни медиуми во исто време го обвинија Трамп дека се обидува да купи време. Ормускиот Теснец е еден од најважните светски бродски патишта за енергија, низ кој минуваше околу една петтина од светската сурова нафта пред конфликтот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypfvjsuublhhf5KDBzro

Претреси во Струга, Кичево и Охрид, пронајдени оружје, муниција и марихуана, уапсени четири лица

На 23.03.2026 во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишија од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола и за кој малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени.На 23.03.2026 во 17:00 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за крииналистички работи Кичево го лишија од слобода Б.Б.(52) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.На 23.03.2026 во 16:35 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Ш.Ф.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е и одземена марихуана.За настаните се известени надлежни јавни обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
FotoJet-41

Ревизорите открија пропусти во јавните набавки и финансиското планирање на изборите

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите во работењето на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година.При ревизијата било констатирано дека пописот на средствата и обврските не е извршен согласно законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се вршело според законски утврдените пропорции.ДЗР утврдил и ненавремено и некомплетно доставување на документацијата за трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи, набавка на стоки и услуги за кои не е спроведена јавна набавка, како и недоследна примена на одредбите од Законот за јавни набавки во одредени постапки.Извршената анализа на податоците од табелата покажува дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не е согласно членот 88 од Изборниот законик. Наместо 33,33% од средствата да бидат наменети за надомест на трошоците на учесниците во изборната кампања за платено политичко рекламирање, при планирањето биле одредени 50% од средствата, додека за останати изборни дејствија, наместо 66,67%, планирани се 50% од средствата. Во одобрените буџетски средства, средствата за платено политичко рекламирање учествуваат со 43%, а средствата за останати изборни дејствија со 57%.Оваа состојба резултира со прелевање на 129.453 илјади денари, наменети за останати изборни дејствија, кон исплата на трошоците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.Како системски слабости, ДЗР во извештајот ги наведува потребата од усогласување на законите кои го регулираат оданочувањето на изборните активности и преиспитувањето на начинот на распределба на средства за платено политичко рекламирање на учесниците во изборните кампањи.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
stojance-angelov

Ангелов: Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел врз Иран

Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов вели дека има проамерикански ставови во однос на ситуацијата на Блискиот Исток и смета дека Американците имаат добри причини за нападите на Иран.Ангелов го оправдува американскиот напад, бидејќи, како што вели, во Иран владее суров режим кој што ги казнува сопствените граѓани и режим кој обезбедил сериозна количина на ракети, како и подготовка на нуклеарно оружје.-Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг дострел, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library02n6cehjvva36f1gveq

Потрошувачката на горива е зголемена за повеќе од 10%, вели Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека на денешната владина седница ќе се разгледуваат и други мерки поврзани со порастот на цените на нафтата. Тој, исто така, кажа дека многу граѓани од соседните земји точат гориво кај нас, па потрошувачката на бензин и дизел на бензинските пумпи е зголемена за повеќе од 10%.„Денеска имаме редовна владина седница и ќе разгледуваме и други мерки коишто мислиме дека ќе бидат корисни во таа насока. Иако и покрај овие ценовни шокови морам да признаам дека имаме убедливо најниска цена на бензините и на дизел горивото во регионот, што создава дополнително еден притисок од страна на соседите, односно на граѓаните од соседните држави и можеме да забележиме дека за повеќе од 10% е зголемен конзумот на бензин и дизел гориво на нашите бензински пумпи, но и покрај тоа стабилното снабдување за граѓаните и стопанството стана наш приоритет и во овој момент тука нема никакви негативни очекувања, туку напротив останува стабилно да обезбедиме доволно количини и за нашите граѓани, но истовремено доколку и граѓаните од соседните држави ценат тоа ќе придонесе во подобрување на нивниот животен стандард ние како држава стоиме на располагање“, рече Мицкоски на меѓународна конференција во организација на Народната банка.Според него, ова е пример за координиран пристап – каде што монетарната и фискалната политика се надополнуваат, а институциите делуваат синхронизирано во интерес на граѓаните.Мицкоски вели дека денес, повеќе од кога било, е потребна координација – меѓу централните банки, владите и меѓународните партнери.  Тој истакна дека улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност.„Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се испреплетуваат повеќе од кога било досега. Во таков свет, улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност“, рече Мицкоски.Според него, централните банки денес не делуваат во изолирани услови туку функционираат во средина која е под силно влијание на глобалните шокови – од инфлаторни притисоци и прекини во синџирите на снабдување, до геополитички тензии и енергетски неизвесности.„Во вакви околности, стабилноста не е дадена – таа е резултат на внимателно водени политики, координација и одлучност“, рече Мицкоски.Воениот конфликт на Блискиот Исток, додаде тој, дополнително ги продлабочи овие предизвици.„Во ваква средина, централните банки имаат двојна одговорност. Прво, да ја одржат ценовната стабилност и да ги амортизираат инфлаторните шокови. И второ, да ја зачуваат финансиската стабилност, обезбедувајќи ликвидност и сигурност во банкарскиот систем. Тоа бара внимателен баланс – помеѓу рестриктивни мерки за контрола на инфлацијата и поддршка на економската активност“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynkbtb5tifkedb1SUnZF

Панчев: Жал ми е што не отидов во Англија, мислам дека тој стил на фудбал повеќе би ми одговарал

Некогашниот центарфор Дарко Панчев се присети на своето доаѓање во редовите на „црвено-белите“.„Моите соништа се остварија во дресот на Вардар. Во Звезда дојдов со 23 години и добра репутација. Тогаш играв за репрезентацијата, а очекувањата беа големи кога пристигнав во Белград. Разликата беше што Звезда беше подобро организиран клуб од Вардар, со повеќе навивачи. Искрено, од Белград носам само позитивни сеќавања“, започна Панчев во разговорот за „Flashscore“ и додаде:„Врвот секако беше освојувањето на Купот на шампионите. Имаше притисок кога изведував пенал, но само додека трчав кон топката. Откако ја зедов и ја поставив на белата точка – не почувствував ништо. Искрено, не сум играч кој претходно избира страна, туку гледам кон голманот и чекам да се помести.“Сè уште смета дека направил голема грешка со заминувањето во Интер.„Многу клубови тогаш ме сакаа – Барселона, Милан, Манчестер Јунајтед и Интер. Меѓутоа, тогаш немавме информации како денес. Доколку знаев она што знам сега – немаше да одам во Интер, туку во офанзивен тим. Дојдов во екипа која игра исклучително дефанзивно, а тоа е смрт за напаѓач.“Големиот Алекс Фергусон сакал да го доведе. Шкотот бил фасциниран од генерацијата на Звезда од Бари.„Фергусон го обожаваше нашиот тим од Белград. Бевме како Барселона со Меси, Иниеста и Чави. Искрено, жал ми е што не отидов во Англија. Мислам дека тој стил на фудбал повеќе би ми одговарал“, рече Панчев.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
regulatorna-energetika

ДУИ алармира: Граѓаните плаќаат милиони повеќе поради застарен модел на РКЕ

Денес, Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено, вели Албана Мустафа од ДУИ.„Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните.Затоа бараме:• Итна промена на правилникот за утврдување на цените• Воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделноФактите се алармантни:• Неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел• Разлика во цена: околу 9 денари по литар• Вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една неделаОва значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем.На крај, се поставува логичното прашање:Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании“, додава Мустафа.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања