Меѓународна поддршка за Скопје како Европска престолнина на културата 2028: Ѓорѓиевски домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски беше домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија, во рамки на меѓународна размена поврзана со подготовките за Скопје како Европска престолнина на културата 2028 година. На средбата со претставници од Кемниц, Гориција и Нова Горица, како и со европски дипломати и градоначалници, беа разменети искуства за културни политики, урбана трансформација и меѓуградска соработка.„Денес сум домаќин на моите колеги од Германија (Кемниц), Италија (Гориција) и Словенија (Нова Горица) - град Скопје со силна меѓународна поддршка!Имав чест да ги пречекам моите колеги од Кемниц, Гориција и Нова Горица, градови со богато искуство, визија и докажана културна сила.Заедно со градоначалниците Само Турел, Радолфо Зиберна, Џозефин Хаге, како и со Бен Нупнау - вршител на должноста амбасадор при Делегацијата на ЕУ, разговаравме за искуствата и предизвиците што ги носи титулата Европска престолнина на културата, титула што Скопје гордо ќе ја носи во 2028 година.Во рамки на посетата, прошетавме низ срцето на градот, низ неговите симболи и приказни, а потоа ја продолживме соработката на официјална средба во Europe House Skopje, место каде идеите се претвораат во визија, а визијата во конкретна иднина.Оваа средба е вистински простор каде културата дише, се движи и создава.Токму во тоа е суштината на Европската престолнина на културата, да го истакнеме богатството на различностите, но уште повеќе - да изградиме мостови на заедништво, разбирање и заеднички европски идентитет.За Скопје, патот до 2028 е процес на отворање, на учење, на поврзување. Процес во кој културата станува двигател на промени што гради похуман, поотворен и посилен град.Затоа, денешната размена со нашите пријатели од Нова Горица, Гориција и Кемниц има посебна тежина. Тие градови покажаа дека културата е жива енергија што создава нови односи, отвора дијалог и гради чувство на припадност. Нивните искуства ни помагаат да ја обликуваме сопствената приказна што Скопје ќе ја раскаже пред Европа. Ова партнерство не завршува со денешните разговори. Напротив, продолжува и добива своја видлива форма преку изложбата што вечерва се отвора во Музеј на Град Скопје, достапна за сите посетители од 15 до 26 април, како сведоштво за заедничката визија и културната поврзаност.Скопје 2028 е обврска да го зајакнеме европскиот дух на градот, да создадеме нови партнерства и да ги вклучиме граѓаните, младите, уметниците и институциите во една заедничка приказна на трансформација.Со искрена благодарност до сите партнери, до Делегацијата на Европската Унија и до нашите пријатели од Европа, продолжуваме заедно.Посилни, поврзани и со јасна визија за иднината“, вели Ѓорѓиевски.
Скопје | пред 1 седмица