Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

media-library6mk1o37i99olePRe17W

Иран ги исмева САД: „Сега го молат светот да купува руска нафта“

Иранскиот министер за надворешни работи Сајед Абас Арагчи остро го критикуваше потегот на САД привремено да ублажат дел од санкциите за руската нафта, обвинувајќи го Вашингтон дека сега „го моли светот“ да купува руска енергија.Арагчи на социјалните мрежи објави насловна страница од весникот „Фајненшл тајмс“, во која се наведува дека Русија по американската одлука би можела да заработува околу 150 милиони долари дневно дополнителни приходи од нафта.„САД со месеци вршеа притисок врз Индија да го прекине увозот на руска нафта. По две недели војна со Иран, Белата куќа сега го моли светот – вклучително и Индија – да купува руска сурова нафта“, напиша Арагчи, нарекувајќи го потегот на Вашингтон „патетичен“.Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ублажи дел од санкциите за руската нафта со цел да се ублажи растот на цените на енергенсите по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.Вашингтон издаде привремена дозвола со која се овозможува продажба на дел од руската нафта што веќе се наоѓала на танкери на море, во обид да се стабилизира глобалниот енергетски пазар.Одлуката предизвика критики и во Европа. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека ваквиот потег е погрешен бидејќи го ослабува притисокот врз Русија поради војната во Украина.Цените на нафтата нагло пораснаа по американско-израелските напади врз Иран на крајот на февруари, што предизвика сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергија.Поради заканите за затворање на Ормускиот теснец – една од најважните рути за светската трговија со нафта – глобалните пазари остануваат под силен притисок.Анализите покажуваат дека Русија би можела значително да профитира од растот на цените на нафтата и промените во санкциите. Според проценките објавени во „Фајненшл тајмс“, Москва би можела да остварува околу 150 милиони долари дополнителни приходи дневно од извоз на нафта.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfmd4ajghjhm8fkM0vXR

(Видео) Трамп објави снимка од нападот врз Харг: клучниот остров за извоз на иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп објави снимка од синоќешните американски воздушни напади врз ирански воени цели на островот Харг во северниот дел на Персискиот Залив.На видеото се гледаат удари врз воена база на островот, меѓу кои и напади врз писта на воздухопловна база, како и врз повеќе други локации.Според достапните информации, мета биле и системи за противвоздушна одбрана, како и можни позиции на ракетни системи што ги користи Иранската револуционерна гарда.Трамп претходно на социјалната мрежа „Трут соушал“ соопшти дека американската војска извела еден од најмоќните воздушни напади во поновата историја на Блискиот Исток.„Пред неколку моменти Централната команда на САД изведе еден од најмоќните бомбардерски напади во историјата на Блискиот Исток и ги уништи сите воени цели на иранскиот остров Харг“, напиша Трамп.Тој додаде дека свесно одлучил да не ја напаѓа нафтената инфраструктура на островот.„Одлучив да не ја уништам нафтената инфраструктура на островот. Но ако Иран или кој било друг се обиде да го попречи слободниот и безбеден премин на бродовите низ Ормускиот теснец, веднаш ќе ја преиспитам таа одлука“, порача Трамп.Островот Харг се смета за клучна точка за иранскиот извоз на нафта, бидејќи преку него поминуваат околу 90 проценти од нафтените пратки што Иран ги извезува на светските пазари.Станува збор за корален остров долг околу осум километри, кој се наоѓа на околу 43 километри од иранскиот брег. Таму завршуваат нафтоводите што ја носат нафтата од централниот и западниот дел на Иран до терминалите за извоз.Според податоците на инвестициската банка „Џеј-Пи Морган“, преку Харг вообичаено се извезуваат меѓу 1,3 и 1,6 милиони барели нафта дневно, а во последниот период количината била зголемена на околу три милиони барели дневно поради страв од можен напад.Аналитичарите предупредуваат дека уништување на извозната инфраструктура на островот би можело да предизвика силен и долготраен раст на цените на нафтата на глобалниот пазар.

Свет | пред 2 седмици

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон: Не грижете се, Ормускиот теснец нема да остане затворен

Високи претставници на Пентагон порачаа дека САД ќе се спротивстават на обидите на Иран да го претвори Ормускиот теснец во опасно тесно грло за светското снабдување со нафта.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека нема потреба од загриженост и дека Вашингтон нема да дозволи овој клучен морски премин да остане блокиран.„Тоа е нешто со кое се занимаваме и не треба да се грижите“, изјави Хегсет на брифинг во Пентагон.Тој нагласи дека во моментов главната причина за нарушениот поморски сообраќај се нападите врз бродови.„Единственото нешто што го спречува транзитот низ теснецот е иранското пукање врз бродови. Теснецот е отворен за сообраќај доколку Иран престане со тоа“, рече Хегсет.Според него, уништувањето на делови од иранската морнарица било една од клучните цели на американските операции, бидејќи Техеран со децении се обидува да пресретнува бродови во овој регион.Ормускиот теснец е еден од најважните морски премини во светот, преку кој минуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разгледува можност американската морнарица да обезбедува придружба на комерцијални бродови и нафтени танкери за да се ублажи кризата со снабдувањето со енергенси.„Ќе го направиме тоа ако биде потребно. Се надеваме дека работите ќе се одвиваат добро, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ормускиот теснец е широк околу 48 километри, а на најтесниот дел само 34 километри, што го прави исклучително чувствителна зона за поморскиот сообраќај.Иран поседува и поморски мини со кои би можел да го блокира преминот, што би претставувало сериозна закана за танкерите и другите бродови, кои веќе се изложени и на ракетни и беспилотни напади.Пентагон соопшти дека засега нема јасни докази дека Иран поставил мини во теснецот, иако во последните денови биле нападнати повеќе комерцијални бродови во регионот.Во меѓувреме, американските сили продолжуваат со напади врз ирански ракетни и беспилотни позиции, како и врз фабрики поврзани со воената индустрија, со цел да се намали способноста на Иран да произведува ново оружје.Од почетокот на конфликтот, САД и Израел погодиле околу 15.000 цели во Иран.Во војната, која се приближува кон втората недела, ранети се најмалку 140 американски војници, а 13 загинале во различни напади и инциденти на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Аналитичар: Нападот на САД врз островот Харг означува премин кон економска војна

Нападот на САД врз иранскиот остров Харг укажува на промена во природата на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран – од директни воени удари кон економска војна, оценува Заидон Алкинани, предавач по политика на Блискиот Исток на Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Алкинани посочи дека последните две недели од конфликтот веќе имаат сериозни економски последици, а нападот врз Харг дополнително ја нагласува таа димензија.„Економските импликации и последици од конфликтот во изминатите две недели директно се почувствуваа, а сега изгледа дека економскиот притисок стратегиски се користи од двете страни, кои отворено се обидуваат да ги елиминираат економските влијанија на противникот во регионот“, изјави Алкинани.Според него, и САД и Иран намерно го зголемуваат притисокот со цел да ја принудат спротивната страна или да го намали интензитетот на конфликтот или да влезе во преговори.Островот Харг е клучна точка за иранскиот извоз на нафта, па нападите врз таа инфраструктура имаат потенцијал да влијаат и врз глобалниот енергетски пазар.

Свет | пред 2 седмици

talibanci

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан

Во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во тој регион, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.Ова е последен во низата израелски напади во Либан, откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на март.Според локални извори, израелските воздушни напади во текот на ноќта погодиле и други цели во јужен Либан, меѓу кои патишта и мостови.Во меѓувреме, Израел речиси ја удвоил зоната за евакуација на југот на Либан и ги повикал жителите да го напуштат регионот и да се упатат кон северниот дел од земјата.Хуманитарните организации и либанските власти предупредуваат дека се соочуваат со сериозни тешкотии во згрижувањето на големиот број раселени лица.Тензиите во Либан се зголемуваат во услови на жестоки напади меѓу Израел и Хезболах. Оваа шиитска вооружена група, која има силна поддршка од Иран, се вклучи во судирите со Израел по почетокот на војната меѓу Иран и сојузот на Израел и САД.Во последните две недели конфликтот се прошири и на други делови од Блискиот Исток, вклучително и Либан и Ирак, додека американските и израелските сили извршија повеќе напади врз ирански воени цели.Поради ширењето на судирите и нападите врз инфраструктура и цивилни објекти, меѓународните организации сè почесто предупредуваат на ризик од голема регионална војна.

Свет | пред 2 седмици

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Аналитичар: Нападот на Трамп врз иранскиот остров Харг е „потег од очај“

Американскиот претседател Доналд Трамп наредил бомбардирање на иранскиот остров Харг „од очај“, смета Роберт Пејп, професор по политички науки на Универзитетот во Чикаго.Во изјава за „Ал Џезира“, Пејп оцени дека Трамп се обидува повторно да ја преземе контролата врз ситуацијата, која, според него, се влошува од ден на ден.„Тешко е да се влезе во нечии мисли, а особено во мислите на Доналд Трамп. Но мислам дека тој се обидува да ја врати контролата врз ситуацијата која ја губи од час во час, од ден во ден“, изјави Пејп.Според него, Трамп првично сметал дека операцијата против Иран ќе трае само неколку дена и дека иранското раководство брзо ќе се распадне.„Тој мислеше дека ќе дојде до промена на режимот и дека иранското раководство ќе падне како кула од карти, но подоцна призна дека е изненаден што тоа не се случило“, рече Пејп.Аналитичарот додава дека иако САД можеби постигнале тактички успех на терен, стратегиски ситуацијата може да се сврти против нив.„Проблемот со планот за Харг или со евентуално распоредување маринци е што тоа би било тактички многу поскапо, бидејќи тие би биле изложени со часови на можни напади“, предупреди Пејп.Тој исто така оцени дека ваквите потези можат дополнително да ја намалат понудата на нафта на глобалниот пазар и да предизвикаат раст на цените на енергенсите.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Загинаа 104 морнари на ирански воен брод, Иран се закани со одмазда

Командантот на иранската армија, Амир Хатами, изјави дека смртоносниот напад врз иранскиот воен брод „IRIS Dena“ во Индискиот Океан нема да остане без одговор.Според иранската државна новинска агенција ИРНА, во нападот загинале 104 членови на екипажот на еден од најновите ирански воени бродови. Бродот се враќал во Иран по завршена воена вежба кога бил нападнат.Хатами изјавил дека екипажот на разурнувачот „Дена“ извршувал мирна мисија и бил цел на напад додека се враќал дома, иако не бил вклучен во директна борба.„Името на ‘Дена’ и жртвата на нејзиниот екипаж ќе останат симбол на храброст и посветеност во историјата на иранската морнарица“, изјави Хатами.Тој додаде дека иранската армија ќе продолжи да ги брани поморските граници на земјата и дополнително ќе ја зајакне својата морнарица со уште поголема решителност.

Свет | пред 2 седмици

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, била погодена во ракетен напад, изјавиле утрово ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета, а околностите околу нападот се уште се нејасни.Ирачките безбедносни служби започнале истрага за инцидентот, додека се очекуваат дополнителни детали од властите и од американската страна.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Иран ја погоди „Ахиловата пета“ на светската економија: Ормутскиот теснец во центарот на кризата

Иран, според аналитичарите, ја пронашол „Ахиловата пета“ на глобалната економија – Ормутскиот теснец, клучниот поморски коридор низ кој минува значителен дел од светската трговија со нафта.Командантот на иранската Револуционерна гарда, Хусеин Салами, изјави дека низ теснецот „нема да помине ни литар нафта“ додека Техеран не одлучи поинаку, што се толкува како директна закана за глобалното снабдување со енергија.Судирот меѓу Иран, САД и Израел од самиот почеток има и силна енергетска димензија. Веднаш по почетокот на американско-израелските напади, Револуционерната гарда преку радио ги предупредила сите бродови дека преминот низ теснецот не е безбеден.Иако Иран формално не го затворил теснецот, ефектот бил речиси ист. Наместо со воена флота или морски мини, Техеран го постигнал тоа со евтини беспилотни летала – дронови.Аналитичарката Хелима Крофт од инвестициската банка RBC Capital Markets објаснува дека присуството на неколку дронови во близина на теснецот било доволно осигурителните компании да ги повлечат полисите за бродови.„Тоа беше затворање предизвикано од осигурителите. Кога тие ги повлекоа полисите, економската логика за пловење низ теснецот едноставно исчезна“, вели Крофт.Податоците за бродскиот сообраќај покажуваат дека прометот низ теснецот паднал за околу 70 проценти во првите денови од кризата, а потоа речиси целосно запрел. Наместо вообичаените околу 138 бродови дневно, во првите девет дена од март низ теснецот поминале само 39.Последиците веднаш се почувствувале на глобалните пазари. Цената на нафтата се искачи на речиси 120 долари за барел, а аналитичарите предупредуваат дека светот се соочува со најголемата енергетска криза од нафтениот ембарго во 1970-тите.Покрај нафтата, глобалното снабдување со течен природен гас паднало за околу 20 проценти, што ги натерало азиските економии да се натпреваруваат со Европа за достапни количини.Како одговор на кризата, Меѓународната агенција за енергија (IEA) најави координирано пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви на 32 земји членки.Сепак, експертите предупредуваат дека тоа може да биде само привремено решение. Враќањето на стабилноста на пазарот, велат тие, ќе зависи од повторното отворање на Ормутскиот теснец и нормализирањето на поморскиот сообраќај.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

САД подготвуваат воена придружба за нафтените танкери во Хормушкиот Теснец

Пентагон разгледува можност за испраќање дополнителни воени бродови на Блискиот Исток, со цел потенцијално да обезбедуваат придружба на нафтени танкери низ Хормушкиот Теснец.Според информациите објавени од „Волстрит журнал“, мерката се разгледува како одговор на засилените напади и закани од Иран во регионот.Американски претставници наведуваат дека ваквите мисии за придружба на танкерите нема да започнат веднаш. Според нивните процени, потребно е најпрво да се намали нивото на закана, процес што би можел да трае најмалку еден месец или подолго.Хормушкиот Теснец е еден од најважните светски поморски коридори, низ кој се транспортира значителен дел од глобалната нафта, поради што секоја ескалација во регионот директно влијае врз светските енергетски пазари.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за Мојтаба Хамнеи: „Веројатно е жив, но повреден“

Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на шпекулациите околу состојбата на новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, посочувајќи дека постојат сомнежи дали тој е жив.„Ме прашавте дали е жив или не. Многу луѓе се обидуваат да го утврдат тоа“, изјави Трамп.Тој додаде дека според неговата процена, Хамнеи најверојатно е жив, но можеби е повреден.„Мислам дека веројатно е жив. Мислам дека е оштетен, но веројатно е жив во некоја форма“, рече американскиот претседател.Трамп воедно коментираше и за односот на Мојтаба Хамнеи со неговиот татко, поранешниот врховен лидер на Иран, наведувајќи дека „тоа не е некој кого таткото дури ни сакал да го наследи“.

Свет | пред 2 седмици

izrael-napadnat

Иран тврди дека со Хезболах извршил ракетен напад врз Израел

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека во координација со либанската вооружена група Хезболах извршила ракетни напади врз Израел.Според соопштението на военото крило на гардата, во нападите учествувале иранската морнарица и единици со беспилотни летала, во соработка со Хезболах, со кој Иран е сојузник.Информацијата ја објави иранската државна новинска агенција Тасним.По нападите се огласиле сирени за тревога во Тел Авив, во централниот дел на Израел, како и на подрачјето на окупираниот Западен Брег.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета предизвикана од нападите.

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Нетанјаху најави ликвидација на новиот ирански лидер

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција за новинарите упати прикриена закана дека ќе го убие новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, пишува Тајмс оф Израел.Нетанјаху говорејќи пред присутните на својата прва прес-конференција од почетокот на војната, рече дека Иран „веќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел удари врз својот елитен Корпус на Револуционерната гарда и паравоените сили.Тој вети, меѓу другото, дека ќе продолжи да го напаѓа Хезболах откако групата отвори оган на 2 март како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, таткото на Моџтаба Хамнеи, од страна на Израел.Нетанјаху беше прашан какви мерки би можел да преземе Израел против ајатолахот Моџтаба Хамнеи и шефот на Хезболах, Наим Касем.„Не би издал полиси за животно осигурување на ниту еден од лидерите на терористичката организација. Немам намера да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој.Тој, исто така, изјави дека целта на нападот на Израел врз Иран е да „елиминира она што го смета за егзистенцијална закана што ја претставуваат нуклеарните и балистичките ракетни програми на Техеран“.Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја преземе власта во Иран а за таа цел САД и Израел ќе направат услови тоа да се случи.„Нема да ги објаснувам детално дејствијата што ги преземаме. Создаваме оптимални услови за соборување на режимот, но нема да негирам дека не можам да ви кажам со сигурност дека иранскиот народ ќе го собори режимот. Режимот е соборен одвнатре. Но, ние дефинитивно можеме да помогнеме и помагаме“, заклучи Нетанјаху.

Свет | пред 2 седмици

milanovic-zoran-hrvatsak

Израелски министер: Говорот на Милановиќ е полн со омраза кон Израел

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, остро го критикуваше реагирањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на повикот на израелскиот амбасадор Гари Корен Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Иран.Министерот истакна дека треба да се врши безбедносна проверка на вработените во иранската Амбасада во Загреб, оценувајќи дека реториката на хрватскиот шеф на државата е неприфатлива, исполнета со омраза и одразува антисемитски пристап.„Навредливата реторика на хрватскиот претседател е неприфатлива. Неговиот говор исполнет со омраза кон Израел и ционизмот одразува антисемитски пристап“, напиша Сар на платформата Икс.Тој потсети дека Хрватска припаѓа на Меѓународниот сојуз за сеќавање на холокаустот и се обврзала да се спротивстави на антисемитизмот.Министерот објави и дел од обраќањето на Милановиќ, во кое со црвен маркер ја истакна реченицата:„Не сакаме туѓи инфекции и бацили во Хрватска, ниту ирански, ниту израелски“.Во својот неодамнешен настап пред новинарите, Милановиќ остро реагираше на повиците на израелскиот амбасадор во Загреб, особено на повикот да се проверува безбедноста на персоналот во Амбасадата на Иран, зашто меѓу нив можеби има член на Иранската национална гарда, со пораката: „Ова е братски Загреб, не Тел Авив“.Милановиќ исто така рече дека Хрватска и Израел немаат „некакви посебни односи“.„Тоа е членка на Обединетите нации која е нападната без мандат од ОН. Тие видови вознемирување на јавноста – овде се некои ирански терористи, своите гадости и нечистотии нека ги остават таму од каде што дојдоа. Иран е навистина, кога станува збор за Блискиот Исток, како и Израел, склони кон одредени терористички методи. Што е убиството во Газа, ако не тероризам, и што е злоставувањето на израелските војници со Крав Мага ако не тероризам? Сепак, кога станува збор за Европа, Иран во Европа не делува терористички“, рече, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 седмици

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран се закани: Ормускиот теснец ќе остане затворен, ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда ги предупреди граѓаните да не излегуваат на улиците, додека планира да го затвори Ормускиот теснец, клучна точка за глобалната трговија со нафта.Државната телевизија ИРИБ њуз објави изјава во која им се заканува на потенцијалните демонстранти со уште пожестока пресметка отколку за време на немирите кон крајот на декември и почетокот на јануари, кога, според американските активисти за човекови права во Иран (HRANA), загинале повеќе од 7.000 луѓе.„Ќе ги гониме предавниците 24 часа дневно“, се наведува во соопштението.Корпусот на исламската револуционерна гарда додаде дека, по наредба на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, сите танкери и бродови во Ормускиот теснец ќе мора да ги почитуваат иранските прописи заради сопствена безбедност. Гардата исто така најави дека ќе продолжи со нападите „со полна сила“ врз цели на САД и Израел во регионот.Поради иранските напади врз комерцијални бродови, сообраќајот низ теснецот, широк околу 55 километри меѓу Иран и Оман, практично е запрен, што предизвикува сериозна нестабилност на глобалниот енергетски пазар и раст на цените на нафтата и бензинот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп со порака до Иран: Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ново предупредување до Техеран рано утрово, имплицирајќи понатамошни воени дејствија во актуелниот конфликт, јави ДПА.„Внимавајте што ќе се случува со овие пореметени ѓубриња денеска“, напиша тој на својата платформа Truth Social.И покрај претходните коментари што сугерираа дека војната со Иран би можела да заврши наскоро затоа што „практично нема ништо што треба да се гаѓа“, Трамп сега ја нагласи американската воена издржливост: „Имаме неспоредлива огнева моќ, неограничена муниција и многу време“.Тој повтори дека морнарицата и воздухопловните сили на Иран се уништени и дека неговите ракети, беспилотни летала и други капацитети се уништуваат.Неговите забелешки дојдоа во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Техеран остануваат високи по серијата напади и контранапади низ Блискиот Исток.Трамп во вторникот веќе му се закани на Иран со тешко бомбардирање ако се обиде да го блокира Ормускиот теснец, една од најкритичните светски рути за извоз на нафта, наведувајќи дека воените последици ќе бидат „на ниво што никогаш претходни не е видено“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Кој ќе владее со Иран ако режимот падне?

Иранскиот Национален совет на отпорот (NCRI), организација на Иранци во егзил, соопшти дека сака да воспостави привремена влада доколку владејачката структура во Техеран биде соборена.Оваа влада би се темелела на план од десет точки што го изготвила нејзината лидерка Марјам Раџави, соопшти NCRI во своето седиште во Париз.Задачата на оваа влада би била да ја предаде власта на народот преку избори во рок од шест месеци од соборувањето на сегашните тврдокорни владетели.Советот ја отфрла можноста за влада под водство на синот на последниот ирански шах Реза Пахлави, кој живее во егзил во Соединетите Американски Држави, а исто така ја отфрла и клерикалната власт.Иранскиот Национален совет на отпорот е основан во 1981 година од таканаречените Народни муџахедини на Иран (MEK). Групата си поставила цел да ја собори владејачката структура во Иран.Меѓутоа, организацијата е многу контроверзна и во најголем дел е отфрлена од претставници на опозицијата и во и надвор од Иран, а нејзините активности се забранети во Исламската Република.Првично исламското-социјалистичко движење, MEK водело вооружена борба против Иран од територијата на Ирак, а повремено било означувано како терористичка организација од страна на Европа и Соединетите Американски Држави. Критичарите сметаат дека неговите структури се недемократски и тоталитарни.Групата во Париз соопшти дека располага со ослободителна војска способна да дејствува дури и во најобезбедените делови на Иран. Покрај единиците на отпорот, има и мрежа на поддржувачи и разузнавачка мрежа.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

Војната против Иран ги чинела САД повеќе од 11 милијарди долари за само шест дена

Војната против Иран ги чинела Соединетите Американски Држави повеќе од 11,3 милијарди долари (околу 9,8 милијарди евра) во првите шест дена од конфликтот, им било соопштено на сенаторите од Комитетот за вооружени сили на Сенатот од страна на претставници на американското Министерство за одбрана. Информацијата, повикувајќи се на три извори запознаени со затворениот брифинг одржан во вторникот, прв ја објави „Њујорк тајмс“.Во споменатата сума, како што наведува весникот, не се вклучени бројни поврзани трошоци, како што се распоредувањето воена опрема и дополнителни сили пред почетокот на нападите. Поради тоа, пратениците очекуваат конечната бројка значително да се зголеми додека Пентагон ги пресметува сите трошоци од првата недела на воената операција против Иран.Се очекува Белата куќа да побара дополнителни средства за финансирање на конфликтот, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека САД располагаат со „практично неограничени резерви“ муниција од среден и поголем калибар.Администрацијата на Трамп сè уште нема објавено официјална проценка за вкупната цена на конфликтот, а воедно испраќа и нејасни сигнали за неговото можно времетраење. Самиот Трамп вчера изјави дека САД победиле во војната, но додаде дека американските сили ќе останат во борба за да „ја довршат работата“.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Овој мал остров би можел да биде вистинската цел на операцијата „Епски бес“

Американскиот претседател Доналд Трамп со децении го сметал иранскиот остров Харг за слаба точка на Исламската Република. Уште во 1988 година, во интервју за британскиот весник „Гардијан“, тогашниот њујоршки бизнисмен изјавил дека би го зазел островот доколку Иран нападне американски брод или војник.Харг се наоѓа на околу 25 километри од иранскиот брег во Персискиот Залив и е главниот извозен терминал за иранската нафта. Од таму се извезуваат околу 94 проценти од суровата нафта што Иран ја продава во странство, најмногу кон Кина.Иако во американско-израелските напади врз Иран беа погодени бројни воени цели, островот засега останал недопрен. Сепак, се појавуваат шпекулации дека токму неговото заземање би можело да биде клучната цел на операцијата „Епски бес“, со што Иран би бил лишен од најважниот извор на приходи.Контролата врз Харг би ѝ овозможила на Америка силен притисок врз иранските власти, бидејќи приходите од извозот на нафта сочинуваат околу 40 проценти од државниот буџет на Иран. Советникот на Белата куќа Џарод Ејџен изјави дека САД сакаат „огромните ирански резерви на нафта да ги извлечат од рацете на терористите“, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека островот е во центарот на американската стратегија.Аналитичарите оценуваат дека евентуалното заземање на Харг би ја пресекло „нафтената артерија“ на Иран и би ѝ дало на Америка силна преговарачка позиција. Островот, кој е помал од половина од Менхетен, е релативно изолиран и не е силно утврден, што според некои воени експерти би го направило ранлив на заедничка американско-израелска операција.Сепак, таков потег би барал распоредување копнени сили, на што Трамп досега не покажал подготвеност. Дополнително, напад врз Харг би можел да има сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар, бидејќи низ Ормутскиот Теснец, во чија близина се наоѓа островот, поминува околу една петтина од светскиот извоз на нафта и течен природен гас.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqga9ojubqcbb8RhMzIS

Новиот ирански лидер со закана: „Ќе ја одмаздиме крвта на мачениците“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Мојтаба Хамнеи, најави продолжување на одмаздата против противниците на земјата, порачувајќи дека Техеран „ќе ја одмазди крвта на своите маченици“.Во своето обраќање, Хамнеи им се заблагодари на припадниците на иранските вооружени сили, нагласувајќи дека тие спречиле Иран да биде потчинет или поделен во момент кога земјата е под силен воен притисок.„Сакам да им се заблагодарам на храбрите борци кои вршат извонредна работа во момент кога нашата земја е под притисок и под напад“, изјави тој.Хамнеи додаде дека вооружени групи во Јемен и Ирак му даваат поддршка на Иран во тековниот конфликт.Според него, „отпорот во Јемен ќе ја заврши својата задача“, а вооружени групи во Ирак исто така, како што рече, сакаат да помогнат на Исламската револуција.

Свет | пред 2 седмици

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Иран му се потсмева на Трамп

Висок ирански безбедносен функционер остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп, обвинувајќи го дека се обидува да прикаже „брза победа“ во војната со Иран.Али Лариджани во објава на социјалните мрежи порача дека војната не може да се добие со неколку објави на интернет, алудирајќи на честите пораки на Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.„Тој бара брза победа, но војната не се добива со неколку твитови“, напиша Лариджани.Тој додаде дека Иран нема да запре додека САД не зажалат за, како што ја нарече, „тешката погрешна процена“.Лариджани и претходно испрати предупредување до Трамп, велејќи дека треба да внимава „да не биде елиминиран“, по продолжените закани што американскиот претседател ги упати кон иранското раководство.

Свет | пред 2 седмици

873x400-1-16

Што се случува со цените на нафтата

Цените на нафтата нагло пораснаа на меѓународните пазари и се приближија до 100 долари за барел, поради сериозните нарушувања во снабдувањето предизвикани од војната меѓу САД, Израел и Иран.На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладне се искачи на 99,56 долари, што е зголемување од 7,58 долари во однос на претходниот ден. На американскиот пазар барелот достигна 95,06 долари, со раст од 7,81 долар.Тензиите во регионот се одразуваат директно врз енергетските пазари, особено поради ситуацијата во Хормушкиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој минува околу една петтина од светската нафта.Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, транзитот низ теснецот е намален на помалку од 10 проценти од нивото пред почетокот на конфликтот. Во 2025 година низ овој коридор се транспортирале околу 20 милиони барели дневно, што значи дека сега испораките се намалени за приближно 18 милиони барели дневно.Поради ограничениот извоз, складиштата во земјите од Персискиот Залив се преполни, па производството на нафта е намалено за повеќе од 10 милиони барели дневно.Во обид да се стабилизира пазарот, земјите членки на Меѓународната агенција за енергија одлучија да пуштат 400 милиони барели нафта од стратешките резерви. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека оваа мерка може само привремено да го ублажи притисокот врз цените.Според нив, единствено решение за стабилизација на пазарот е нормализирање на транзитот низ Хормушкиот Теснец и намалување на тензиите во Персискиот Залив.

Свет | пред 2 седмици

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Прво обраќање на новиот ајатолах: „Американските бази мора да се затворат или ќе бидат нападнати“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Мојтаба Хамнеи, во своето прво јавно обраќање порача дека сите американски воени бази во регионот треба веднаш да се затворат, во спротивно ќе бидат нападнати.Неговата изјава беше прочитана во живо на иранската државна телевизија.Хамнеи истакна дека Иран сака пријателски односи со соседните држави, но нагласи дека нападите врз американските воени бази во регионот ќе продолжат.Тој додаде дека Иран нема намера да ги таргетира соседните земји, туку исклучиво американските воени објекти кои учествуваат во нападите врз Иран.

Свет | пред 2 седмици

britanski-brod-crno-more

Иран со поморски мини може да предизвика глобален енергетски хаос

Поморските мини, иако релативно едноставно оружје, претставуваат едно од најмоќните средства со кои Иран може да предизвика сериозни нарушувања во глобалната економија, предупредуваат аналитичари.Американски претставници претходно соопштија дека Иран поставил мини во Хормушкиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој поминува околу една петтина од светскиот извоз на нафта. Според проценките на Американскиот институт за проучување на војната, поставени се најмалку десет мини, иако американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во тие информации и ги охрабри бродските компании да продолжат со пловидбата низ теснецот.Експертите посочуваат дека ваквото оружје е особено ефикасно во асиметрично војување.„Тоа е одлична алатка за асиметрично војување. Конвенционалните воени способности на Иран се значително ослабени, но токму овие средства му даваат можност за силен одговор“, изјави истражувачот за поморски закани Џахангир Е. Арасли.Иран располага со различни типови мини, меѓу кои и моделот „Махам 1“, развиен во осумдесеттите години. Овие мини можат да пловат во плитки води и се опремени со повеќе детонатори што при контакт можат да активираат експлозив од околу 120 килограми.Според Американскиот поморски институт, поморските мини се меѓу најразорните оружја со кои се соочила американската морнарица, нанесувајќи повеќе оштетувања на бродови од кое било друго оружје од Втората светска војна наваму.Иако американските сили објавија дека уништиле повеќе ирански бродови за поставување мини во близина на Хормушкиот Теснец, Иран и натаму користи тешко препознатливи методи. Мини често поставуваат нуркачи од мали пловила што изгледаат како обични рибарски чамци, што ја прави оваа неформална поморска мрежа исклучително тешка за откривање.Експертите предупредуваат дека главната цел на овие мини не е нужно уништување на бродови, туку создавање хаос во поморскиот сообраќај и во глобалниот енергетски систем.Заканата од мини во Персискиот Залив потсетува на настаните од осумдесеттите години за време на иранско-ирачката војна, кога нападите врз танкери доведоа до интервенција на американската морнарица и до сериозни поморски судири во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Трамп го омаловажи новиот ирански лидер: „Лесна категорија“

Американскиот претседател Доналд Трамп искажа потценувачки став кон новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, нарекувајќи го „лесна категорија“ уште пред неговото официјално назначување.Трамп јавно покажа дека не е наклонет кон изборот на Хамнеи за највисока функција во иранскиот политички систем. Во една од изјавите тој директно го омаловажи, алудирајќи дека нема доволно политичка тежина и влијание.На новинарско прашање дали би можел да прогласи победа во конфликтот доколку Иран го води Мојтаба Хамнеи, Трамп одби да одговори, нагласувајќи дека не сака да навлегува во таква дискусија.Неговите изјави покажуваат дека администрацијата во Вашингтон со резерви гледа на новото раководство во Техеран. Истовремено, пораките на пркос што доаѓаат од иранската страна се сметаат за сериозна причина за загриженост во американската администрација, особено во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања