Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

britanski-brod-crno-more

Иран со поморски мини може да предизвика глобален енергетски хаос

Поморските мини, иако релативно едноставно оружје, претставуваат едно од најмоќните средства со кои Иран може да предизвика сериозни нарушувања во глобалната економија, предупредуваат аналитичари.Американски претставници претходно соопштија дека Иран поставил мини во Хормушкиот Теснец – клучен поморски коридор низ кој поминува околу една петтина од светскиот извоз на нафта. Според проценките на Американскиот институт за проучување на војната, поставени се најмалку десет мини, иако американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во тие информации и ги охрабри бродските компании да продолжат со пловидбата низ теснецот.Експертите посочуваат дека ваквото оружје е особено ефикасно во асиметрично војување.„Тоа е одлична алатка за асиметрично војување. Конвенционалните воени способности на Иран се значително ослабени, но токму овие средства му даваат можност за силен одговор“, изјави истражувачот за поморски закани Џахангир Е. Арасли.Иран располага со различни типови мини, меѓу кои и моделот „Махам 1“, развиен во осумдесеттите години. Овие мини можат да пловат во плитки води и се опремени со повеќе детонатори што при контакт можат да активираат експлозив од околу 120 килограми.Според Американскиот поморски институт, поморските мини се меѓу најразорните оружја со кои се соочила американската морнарица, нанесувајќи повеќе оштетувања на бродови од кое било друго оружје од Втората светска војна наваму.Иако американските сили објавија дека уништиле повеќе ирански бродови за поставување мини во близина на Хормушкиот Теснец, Иран и натаму користи тешко препознатливи методи. Мини често поставуваат нуркачи од мали пловила што изгледаат како обични рибарски чамци, што ја прави оваа неформална поморска мрежа исклучително тешка за откривање.Експертите предупредуваат дека главната цел на овие мини не е нужно уништување на бродови, туку создавање хаос во поморскиот сообраќај и во глобалниот енергетски систем.Заканата од мини во Персискиот Залив потсетува на настаните од осумдесеттите години за време на иранско-ирачката војна, кога нападите врз танкери доведоа до интервенција на американската морнарица и до сериозни поморски судири во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Трамп го омаловажи новиот ирански лидер: „Лесна категорија“

Американскиот претседател Доналд Трамп искажа потценувачки став кон новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, нарекувајќи го „лесна категорија“ уште пред неговото официјално назначување.Трамп јавно покажа дека не е наклонет кон изборот на Хамнеи за највисока функција во иранскиот политички систем. Во една од изјавите тој директно го омаловажи, алудирајќи дека нема доволно политичка тежина и влијание.На новинарско прашање дали би можел да прогласи победа во конфликтот доколку Иран го води Мојтаба Хамнеи, Трамп одби да одговори, нагласувајќи дека не сака да навлегува во таква дискусија.Неговите изјави покажуваат дека администрацијата во Вашингтон со резерви гледа на новото раководство во Техеран. Истовремено, пораките на пркос што доаѓаат од иранската страна се сметаат за сериозна причина за загриженост во американската администрација, особено во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2024-09-28-at-09.30.08

Израелски напади во и околу Бејрут: најмалку 17 загинати и десетици повредени

Бројот на загинати во два израелски напади во и околу Бејрут денеска се искачи на најмалку 17 лица, соопшти либанската Национална новинска агенција, повикувајќи се на информации од Министерството за здравство.Според Центарот за итни операции при Министерството за здравство, во напад на крајбрежјето на Бејрут загинале 12 лица, додека 28 се повредени.Во втор напад, извршен врз градот Арамун, кој се наоѓа на ридовите околу десет километри јужно од главниот град, загинале пет лица, а седум се повредени.Нападите се дел од пошироката ескалација на насилството меѓу Израел и вооружени групи во Либан, што последните денови доведе до сериозни разорувања и нов бран раселување на цивилното население.

Свет | пред 2 седмици

bankomat-12

Банки во Заливот привремено ги затвораат филијалите поради војната

Повеќе банки и финансиски институции во земјите од Персискиот Залив привремено ги затвораат своите филијали поради зголемените безбедносни ризици од војната со Иран.Одлуката доаѓа откако една иранска финансиска институција била погодена во напад, по што Техеран најави дека финансиските и економските институции поврзани со САД и Израел може да станат цели.Меѓу банките кои најавија привремено запирање на работата е ХСБЦ во Доха, додека во Обединетите Арапски Емирати канцелариите ги затвораат и Ситибанк и Стандард Чартеред.Покрај банките, работа привремено прекинуваат и големи консултантски и ревизорски компании. Компанијата ПрајсвотерхаусКуперс соопшти дека ги затвора своите канцеларии во Саудиска Арабија, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, а слични мерки најави и Делоит.Според аналитичари, Иран на овој начин се обидува да го прошири притисокот врз земјите од Заливот и преку економски канали да изврши дополнителен притисок врз САД во рамките на конфликтот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонија евакуираше 380 свои државјани и 78 странски граѓани од кризните региони

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.„Од нив, 380 се македонски државјани, додека 78 се странски државјани.Вкупно по држави, меѓу евакуираните странски државјани има: 14 од Босна и Херцеговина, 13 од Косово, 13 од Албанија, 8 од Србија, 6 од Црна Гора, 3 од Грција, 2 од САД, како и по 1 државјанин од Украина, Германија, Ерменија и Индонезија, како и 4 лица со холандски ЕУ-пасош.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско – конзуларните преставништва и дежурниот телефонски број и понатаму останува на располагање на македонските граѓани во кризните региони“, информираат од МНР.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Британски медиуми: Моџтаба Хамнеи веројатно е во кома

Британските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека 56-годишниот син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, Моџтаба, изгубил најмалку една нога и претрпел сериозни оштетувања на желудникот или црниот дроб, и веројатно е во кома.Сепак, не е јасно дали тој бил повреден истиот ден кога починал неговиот 86-годишен татко, на 28 февруари, во нападот на американските и израелските сили, но тој моментално не го води иранскиот режим, според британскиот весник „Сан“.Извор на весникот изјавил дека Моџтаба Хамнеи, кој беше избран за нов врховен лидер на Иран, моментално е на интензивна нега во Универзитетската клиника „Сина“ во Техеран, откако дел од зградата буквално била „запечатена“, односно опкружена со масивно обезбедување.Изворот на весникот, за кој се вели дека сакал да остане анонимен од страв за својот живот, успеал да избегне речиси целосно исклучување на интернетот во Иран за да испраќа пораки до еден дисидент во егзил кој живее во Лондон.Изворот на британскиот весник не е доктор, но ги познавал членовите на тимот за траума во болницата кои му рекле дека Моџтаба е во „многу сериозна“ состојба и под грижа на Мохамад Реза Зафарџани, актуелен министер за здравство на Иран.Извор за весникот „Сан“ во порака изјави: „Една или две нозе му се ампутирани. Најверојатно му пукнале црниот дроб или желудникот. Се чини дека е и во кома.“Овие наводи, како што дополнително се нагласува, речиси е невозможно да се потврдат поради моменталниот прекин на интернетот во Иран, но статусот на Моџтаба меѓу илјадниците ранети во војната во Иран веќе е потврден.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Русија продолжува да ја гради нуклеарната централа во Иран

Руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ останува во Иран и покрај конфликтот на Блискиот Исток и е посветена на спроведување на договорот за изградба на уште два блока во нуклеарната централа Бушер, потврди во четврток нејзиниот раководител Алексеј Лихачев.Росатом“, кој ја изгради првата единица од единствениот нуклеарен објект во Иран, евакуираше дел од својот персонал и ги прекина градежните работи на новите објекти откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, објави „Ројтерс“.Лихачев објасни дека околу 450 вработени во Росатом се уште се на локацијата, откако 150 од нив се вратија во Русија преку Ерменија оваа недела. Тој исто така рече дека ситуацијата околу Бушер останува напната, но нагласи дека немало напад ниту врз самата централа ниту врз градилиштето.Изградбата на единиците два и три останува еден од приоритетите на корпорацијата. Ова сигурно не е време да се напушти. Настаните на Блискиот Исток се само дел од глобалниот мозаик“, истакна Лихачев.Меѓувладин договор меѓу Русија и Иран дозволува изградба до осум нуклеарни единици, од кои четири се планирани за Бушер.Минатата есен, Иран објави дека потпишал договор од 25 милијарди долари со Росатом за изградба на четири нуклеарни единици со вкупен капацитет од 5 гигавати на друга локација на југоистокот од земјата. Двете страни потпишаа и меморандум за развој на мали нуклеарни централи во Иран.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Трамп смирува: „Не грижете се, цената на нафтата наскоро ќе падне“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека цените на нафтата наскоро ќе се намалат, и покрај значителниот пораст на пазарите од почетокот на конфликтот со Иран.Пред присутните во сојузната држава Кентаки, Трамп истакна дека одлуката на 32 држави да ослободат нафта од стратешките резерви „значително ќе ги намали цените“.Нафтата ќе паѓа. Тоа е едноставно последица од војната, така тоа функционира. Може скоро да се предвиди“, рече Трамп.Тој додаде дека цените пораснале помалку отколку што се очекувало и дека наскоро ќе почнат да опаѓаат.Пораснаа малку помалку од тоа што мислевме. Ќе паѓаат повеќе отколку што јас – или било кој друг – разбира“, истакна претседателот.Претходно, за време на посетата на една компанија во Синсинати, Трамп ги опиша промените на цените на нафтата како „последица од војната“.Тој коментираше и за ситуацијата во Ормускиот теснец, клучниот премин за светската трговија со нафта:Ормутскиот теснец е во многу добра состојба. Ги уништивме сите нивни бродови. Сè уште имаат неколку проектили, но не многу“, рече Трамп.Цените на нафтата денес благо се намалија, откако претходно на азиските пазари првпат од почетокот на конфликтот ја надминаа границата од 100 долари за барел.Нафтата „Брент“ сега се тргува околу 97,5 долари за барел, што е околу шест проценти повеќе од претходниот ден. Нафтата на трговските пазари во Њујорк поскапе околу 5,5 проценти и изнесува околу 92 долари за барел.Цените на енергентите силно осцилираат од почетокот на конфликтот, а во понеделникот кратко се доближија до 120 долари за барел. Аналитичарите предупредуваат дека одлуката на големите држави да пуштат рекордни количества нафта од стратешките резерви засега не донесе значително олеснување на пазарот.Ова е само привремен амортизер“, истакна Мартин Ма од Институтот за технологија во Сингапур, додавајќи дека трговците очекуваат конфликтот да потрае.

Свет | пред 2 седмици

media-library48ju36hulhas1YhOIyZ

(Видео) Бела куќа објави анимирано видео за удар врз Иран

Бела куќа продолжува да објавува видеа на својот официјален профил на платформата X, поврзани со нападот врз Иран, а во последната објава постави анимиранa видео-снимкa инспирирана од куглање.Во видеото е прикажан удар врз иранскиот нуклеарен програм, при што иранските официјални лица се претставени како кегли, а американскиот напад како кугла со пруги во боите на американското знаме која ги соборува.Видеото трае околу 34 секунди и на крајот се прикажуваат проектили, со натпис „STRIKE“ (удар).Во последните недели, Бела куќа објави повеќе вакви видеа кои комбинираат снимки од реални удари на ирански цели со елементи од филмови, видео-игри, како дел од операцијата „Епски бес“, чија цел, според официјалните изјави, е уништување на иранскиот ракетен арсенал, морнарица и спречување на развој на нуклеарно оружје.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иранската власт засега не се соочува со ризик од колапс

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Иран сè уште ја задржува контролата врз својата земја и дека иранската влада не е во непосредна опасност од колапс, дури и по речиси две недели бомбардирања меѓу САД и Израел, изјавија три извори запознаени со ситуацијата.Извештаите покажуваат дека раководството на Иран останува кохерентно и дека режимот е во состојба да ја одржи контролата врз јавноста, и покрај атентатот врз врховниот лидер Али Хамнеи и смртта на десетици високи функционери, вклучувајќи ги и командантите на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), објави Ројтерс.Според проценките на американските разузнавачки служби, ИРГЦ и привремените лидери кои ја презедоа власта продолжуваат да ја контролираат земјата.Иако иранските курдски милиции во соседен Ирак побараа координација со САД за потенцијално да ги нападнат иранските сили, американските разузнавачки извештаи велат дека им недостасува огнена моќ и бројност за сериозно да ги загрозат иранските безбедносни сили.Курдските групи во последните денови побараа поддршка во форма на оружје и оклопни возила, но американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за нивно влегување во Иран.

Свет | пред 2 седмици

SeKXr-

Евакуиран клучен терминал за извоз на нафта

Клучниот терминал за извоз на нафта во Оман, Мина ал Фахал, е евакуиран по напад со дронови, додека два танкера биле погодени во територијалните води на Ирак, што дополнително ја засилува кризата на пазарот на нафта, објави Блумберг.На бродовите им било наредено да го напуштат пристаништето Мина ал Фахал како мерка на претпазливост, додека ирачките нафтени терминали ја прекинале работата по нападот врз танкерите „Сејфси Вишну“ и „Зефирос“.Ефективното затворање на Ормускиот Теснец доведе до намалување на производството во Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, додека терминалите во Обединетите Арапски Емирати и натаму делумно функционираат.Стравувањата од нарушување на извозот на оманската нафта растат, а цената на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за 10 отсто, и покрај веста за координираното ослободување на 400 милиони барели резерви од страна на Меѓународната агенција за енергија.Околу еден милион барели нафта дневно се извезуваат од Мина ал Фахал, додека Саудиска Арабија пренасочува дел од испораките преку нафтовод до Јанбу на брегот на Црвеното Море.Експертите предупредуваат дека дури ни рекордното ослободување на итните резерви нема да ги покрие загубите во снабдувањето настанати поради нападите и ризиците за клучните пристаништа, што дополнително ја зголемува неизвесноста на глобалниот пазар на нафта.

Свет | пред 2 седмици

nafta

Цените на нафтата повторно дивеат: Силен ирански одговор на американското пуштање резерви

Работата на ирачките нафтени терминали е целосно запрена, но трговските пристаништа и натаму функционираат, изјави директорот на Ирачката компанија за управување со пристаништа Фархан ал-Фартуси за ирачката новинска агенција.Во нападите врз два танкера во Персискиот Залив загинал еден член на екипажот, додека 38 лица биле спасени од бродовите кои останале во пламен откако, според првичните процени, биле погодени од ирански поморски дрон.Од средата во Персискиот Залив се регистрирани шест напади врз бродови, додека Ормускиот Теснец станува една од клучните точки на војната со Иран. Ирачката државна компанија за трговија со нафта SOMO предупреди дека инцидентот „негативно влијае врз безбедноста и економијата на Ирак“.Цените на нафтата продолжуваат да растат на азиските пазари и покрај одлуката на големите земји да ослободат рекордни количини нафта од своите стратешки резерви со цел да ги ублажат последиците од војната со Иран.Нафтата од типот „Брент“ утрово се движи околу 100 долари за барел, иако сите 32 членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) најавија дека на пазарот ќе пуштат околу 400 милиони барели нафта, што е приближно количина што светот ја троши за четири дена.Иако интервенцијата на IEA е значајна, аналитичарите предупредуваат дека таква мерка не може често да се повторува. Трговците сè уште немаат одговор на клучното прашање: колку долго Ормускиот Теснец ќе остане опасна зона за танкерите.Иранската Револуционерна гарда порача дека непријателите на Иран „нема да можат вештачки да ја намалат цената на нафтата“ и се закани дека цената може да порасне и до 200 долари за барел.Неколку пловила во водите на Персискиот Залив повторно биле нападнати со проектили, соопштија поморските власти.„Се чини дека ова претставува директен и силен ирански одговор на најавата на IEA за масовно пуштање стратешки резерви со цел да се смири неконтролираниот раст на цените“, изјави Тони Сикамор, аналитичар во компанијата IG.Најновите напади врз бродови поврзани со САД и Европа означуваат ескалација на судирот меѓу Иран и американските и израелските сили, со што бројот на погодени бродови во регионот од почетокот на борбите се зголеми на најмалку 16.Ирачките нафтени пристаништа целосно ја прекинале работата по нападите, додека трговските пристаништа и натаму функционираат, пренесе ирачката новинска агенција, повикувајќи се на директорот на државната Генерална компанија за ирачки пристаништа (GCPI).

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Иранскиот амбасадор во Русија за изјавата на Трамп: Не е точно

Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, денеска ја негираше изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека Техеран планира атентат врз него.Исламската Република Иран не се обидела да изврши атентат врз американскиот претседател и бара негово казнување пред меѓународните судови, изјави иранскиот амбасадор, пренесува РИА Новости.Според неговите зборови, американските разузнавачки служби исто така не ги потврдиле таквите изјави на претседателот на САД.Трамп се обиде да ја зголеми својата популарност со давање такви изјави во текот на предизборниот период, рече иранскиот амбасадор.Тој додаде дека убиството на врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во првите американски напади врз Иран станало дестабилизирачки фактор, чии последици тешко може да се предвидат.Трамп, во интервју за ABC News на почетокот на март, тврдеше дека иранското раководство наводно двапати се обидело да го елиминира.САД и Израел на 28 февруари започнаа напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, предизвикувајќи штета и цивилни жртви.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryruib61v27knl2ia6VUx

109 македонски државјани евакуирани со трет организиран лет од Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера информираше дека успешно е евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот ИстокВечерва на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот.Во авионот имаше 151 патници, од кои 109 македонски државјани, како и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата беше реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции.Безбедноста на македонските граѓани останува наш највисок приоритет. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и понатаму останува на располагање на сите наши државјани кои имаат потреба од поддршка во погодените региони.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryd6tip4smt7ah6hpRKzp

Иран се закани со жесток одговор ако бидат нападнати иранските пристаништа

Иран предупреди дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа, изјави портпаролот на иранската армија.Заканата доаѓа откако американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) ги повика цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти долж Ормускиот Теснец каде што дејствуваат иранските поморски сили.Иранскиот воен портпарол порача дека Техеран ќе возврати со напади врз пристаништа во регионот доколку бидат погодени иранските пристаништа.Претходно, ЦЕНТКОМ предупреди дека иранските власти користат цивилни пристаништа за воени операции кои го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај.Во соопштението се наведува дека таквите објекти, според меѓународното право, можат да го изгубат статусот на заштитени цивилни цели и да станат легитимни воени цели.Американската војска ги повика пристанишните работници, административниот персонал и екипажите на трговските бродови да се оддалечат од иранските воени бродови и опрема, предупредувајќи дека не може да гарантира безбедност на цивилите во близина на објекти што се користат за воени цели.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Предупредување: Без отворање на Ормускиот Теснец ќе расте инфлацијата, пуштање на резервите не може трајно да ги стабилизира пазарите

Планот на Меѓународната агенција за енергија за пуштање 400 милиони барели нафта од стратешките резерви е важен чекор, но претставува само краткорочно решение за енергетската криза, предупреди енергетската аналитичарка Корнелија Мајер.Во изјава за „Ал Џезира“, таа посочи дека предложената количина е помала од четиридневната глобална потрошувачка на нафта и не може трајно да ги стабилизира пазарите.„Мора да се стави во перспектива – има граница колку може да се направи. На крајот, потребно е повторно да се отвори Ормускиот Теснец“, изјави Мајер.Според неа, потребно е и производителите од земјите на Персискиот Залив и Ирак повторно да ја зголемат продукцијата што моментално е намалена поради конфликтот, но тој процес ќе потрае.Мајер предупреди дека додека танкерите не можат слободно да поминуваат низ Ормускиот Теснец, ќе продолжи притисокот врз цените на енергијата и инфлацијата. Во такво сценарио, особено погодени би биле земјите во развој кои зависат од увоз на гас, како Бангладеш и Пакистан.Таа додаде дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат алтернативни нафтоводи за извоз, но нивниот капацитет е ограничен и не може целосно да го замени транспортот преку Ормускиот Теснец.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryah68sat8j4fr2cvJh9Q

(Видео) Хаос на аеродромот во Дубаи: илјадници патници заглавени, летови се откажуваат и доцнат поради ескалација на судирот со Иран

Масовни гужви и часови неизвесност ги одбележаа терминалите на меѓународниот аеродром во Дубаи, откако голем број летови почнаа да доцнат или да се откажуваат поради безбедносни ограничувања и затворање делови од воздушниот простор во регионот. Илјадници патници останале збиени во халите, со багаж во раце, обидувајќи се да најдат алтернатива за продолжување на патувањето или за напуштање на Обединетите Арапски Емирати.Нарушувањето на авио-сообраќајот доаѓа во момент на зголемени тензии во Западна Азија, по ескалација на судирот меѓу САД, Израел и Иран. Поради ризици и нови безбедносни мерки, авиокомпаниите и надлежните служби воведуваат промени во маршрутите, дополнителни проверки и привремени прекини на сообраќајот, што директно ги погодува транзитните патници во Дубаи – еден од најпрометните светски авио-јазли.Патници, кои своите искуства ги споделиле на социјалните мрежи и на интернет-заедници, опишувале дека биле задржувани во терминалите и добивале препораки да се држат подалеку од прозорците и да ги следат насоките на персоналот и безбедносните служби, поради можни закани во околината на аеродромот.Нарушувањето, се наведува, се продлабочило по удари врз Иран и последователни контра-напади, што поттикнало поширок регионален одговор со ограничувања во воздушниот простор. Како резултат на тоа, Дубаи се соочува со значајни оперативни застои, додека патниците се обидуваат да го пренасочат патувањето, да ги променат билетите или да обезбедат сместување додека чекаат нови информации за летовите.

Свет | пред 2 седмици

media-library1962sadu8gbl32A2EXX

Аналитичар: Трамп веројатно нема да испрати копнени сили во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема да испрати американски копнени сили во Иран, бидејќи ја има предвид лекцијата од инвазијата врз Ирак во 2003 година, смета Пол Масгрејв од Универзитетот „Џорџтаун“ во Катар.Во изјава за „Ал Џезира“, Масгрејв оценил дека војната во Ирак била лошо темпирана и завршила со сериозни последици за САД, додека Иран претставува значително поголема и покомплексна цел.Тој додаде дека со оглед на тоа што иранските одговори веќе почнуваат да влијаат врз глобалната економија, важно е САД да најдат начин за излез од конфликтот. Сепак, според него, останува нејасно дали Вашингтон е подготвен за таков дипломатски чекор.Масгрејв оцени дека, и покрај проблематичниот почеток на војната, внимателна дипломатија и управување со кризата би можеле да доведат до решение, но изрази сомнеж дека таков пристап ќе биде применет од администрацијата на Трамп.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп најави крај на војната: „Ќе заврши кога и да посакам“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран би можела да заврши наскоро, бидејќи, како што рече, „речиси нема повеќе цели за напад“. Во краток телефонски разговор за „Аксиос“, Трамп посочи дека операцијата може да заврши „кога и да посака“.„Тука и таму има уште нешто... Ќе заврши кога јас ќе одлучам“, изјави Трамп.Иако претседателот сигнализира дека операцијата ги постигнала главните цели, американски и израелски претставници велат дека нема јасна внатрешна директива кога би можеле да престанат борбите. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната ќе продолжи „без временско ограничување, сè додека не се постигне целосна победа“.Според извори од Вашингтон и Тел Авив, се подготвуваат уште најмалку две недели напади врз цели во Иран.Трамп оцени дека операцијата се одвива подобро од очекувањата и дека американските сили нанеле поголема штета отколку што било првично предвидено.Американските разузнавачки служби во меѓувреме добиле информации дека Иран почнал да поставува мини во Ормускиот Теснец, еден од најважните светски поморски патишта за транспорт на нафта. Според Трамп, американските удари уништиле 16 бродови за поставување мини и така ги попречиле тие планови.Командантот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер, изјави дека целта на операцијата е да се елиминира способноста на Иран да ја загрозува пловидбата и да проектира воена моќ во регионот. Тој додаде дека бројот на ирански ракетни и беспилотни напади значително се намалил.Кога ги најави првите напади, Трамп постави четири главни цели на американската воена операција: уништување на иранската ракетна индустрија, уништување на иранската морнарица, спречување на активностите на иранските сојузници во регионот и оневозможување Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Си-ен-ен: САД и Иран водат две различни војни реалности

Најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе подготвуваат наратив за победа во војната со Иран, во пресрет на моментот кога Вашингтон би можел да се повлече од конфликтот, пишува Си-ен-ен.Според анализата, Белата куќа создава сценарио во кое Трамп лично би прогласил безусловна предавање на Иран, дури и ако реалноста на теренот не го потврдува тоа. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека само претседателот може да процени дали војната е „на почетокот, во средината или на крајот“.Од друга страна, иранското раководство има поинаква цел – да ја издржи американската воена и политичка волја за нов долг конфликт. Аналитичарите сметаат дека за Техеран дури и опстанокот на режимот би се сметал за победа.Во исто време расте притисокот за пронаоѓање излез од војната, бидејќи енергетската криза и блокадата на транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец носат ризик од глобални економски последици.Анализата посочува дека САД често водат поинаква војна од своите противници – потпирајќи се на технолошка надмоќ и силни воздушни удари, додека противниците се приспособуваат со асиметрични тактики, долготрајни конфликти и регионални сојузи.Според експертите, можно е и двете страни на крајот да прогласат победа. За Вашингтон тоа би било слабеење на иранската воена и нуклеарна инфраструктура, а за Техеран – фактот дека режимот успеал да преживее директен судир со водечката светска сила.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Трагична грешка во војната: Томахавк погодил училиште во Иран каде загинаа деца

Американска воена истрага утврдила дека САД се одговорни за смртоносниот ракетен напад врз основно училиште во Иран, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со прелиминарните наоди. Нападот со ракета „томахавк“ на 28 февруари се случил поради грешка во целењето, откако американската војска користела застарени податоци од Одбранбената разузнавачка агенција.Во нападот врз училиштето „Шајара Тајебех“ во градот Минаб, според ирански извори, загинале најмалку 175 лица, меѓу кои најголем дел деца. Проектилот бил насочен кон блиска воена база на иранската Револуционерна гарда, а училиштето некогаш било дел од тој воен комплекс.Прелиминарните наоди покажуваат дека координатите за целта биле одредени врз основа на застарени информации. Истражителите сè уште проверуваат зошто тие податоци не биле навреме ажурирани и потврдени.Нападот веќе предизвика силни реакции и фрли сенка врз американската воена операција во Иран, бидејќи станува збор за еден од најтешките воени инциденти со цивилни жртви во последните децении.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја обвинил иранската страна за нападот, но подоцна изјавил дека не располага со доволно информации и дека ќе ги прифати резултатите од истрагата.Според анализата на „Њујорк тајмс“, училиштето во Минаб се наоѓа во ист блок со објекти на иранската морнарица, но од воениот комплекс било физички одвоено меѓу 2013 и 2016 година. Сателитските снимки покажуваат дека биле отстранети стражарските кули, отворени јавни влезови и уредени училишни игралишта.Истражителите проверуваат и дали во процесот на избор на целите имало улога вештачката интелигенција, но засега се смета дека станува збор за човечка грешка во услови на воена операција.Случајот потсетува на бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград во 1999 година, кога поради застарени карти и погрешни координати во напад на НАТО загинаа тројца кинески државјани.

Свет | пред 2 седмици

w_55664211

Ирак го осуди „неправедниот“ воен напад врз Иран

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани го осуди, како што го нарече, „неправедниот војен напад“ врз Иран за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер, ал-Судани изразил и сочувство за смртта на поранешниот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хаменеј.Тој истакнал дека Ирак нема да дозволи неговата територија да се користи како полазна точка за напади врз Иран и предупредил дека напади врз цели во Ирак би претставувале нарушување на ирачкиот суверенитет.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryduc47n6utud0bK0mDUy

Контрадикторни информации за состојбата на новиот ирански врховен лидер

Новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хаменеј наводно е повреден за време на американско-израелските воздушни напади врз Техеран на 28 февруари, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата.Според тие информации, Хаменеј има скршеница на стапалото, модринка околу левото око и полесни повреди на лицето.Иранскиот амбасадор на Кипар, Алиреза Саларијан, изјави за „Гардијан“ дека новиот врховен лидер бил повреден во нападот во кој загинале шест членови на неговото семејство, меѓу кои и неговиот татко, ајатолахот Али Хаменеј. Тој наведе дека Хаменеј најверојатно се наоѓа во болница и поради повредите не може да се појави во јавноста.Во меѓувреме се појавуваат различни информации за неговата здравствена состојба. Дел од иранските претставници тврдат дека повредите се полесни и дека Хаменеј продолжува да ги извршува своите должности, додека други извори наведуваат дека тој закрепнува по нападот.Хаменеј досега не се појави во јавноста откако ја презеде функцијата врховен лидер по смртта на неговиот татко.

Свет | пред 2 седмици

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

(Видео) Иран погоди складиште за нафта во Оман

Складишта за нафта се погодени во оманското пристаниште Салала, соопшти британската компанија за поморска безбедност „Амбри“.Според информациите, беспилотни летала погодиле резервоари со гориво во пристаништето, пренесе оманската државна телевизија.Од „Амбри“ наведуваат дека засега нема информации за оштетени трговски бродови.Нападот доаѓа во време кога Иран продолжува да таргетира енергетска инфраструктура во регионот на Персискиот Залив, како одговор на нападите на САД и Израел врз иранска територија.

Свет | пред 2 седмици

media-library61gb3tgo6j4b6JcxJvQ

Мојтаба Хамнеи, повреден во нападот во кој загинаа шест членови на неговото семејство, потврди иранскиот амбасадор во Кипар

Новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи, беше повреден во нападот на 28 февруари во кој загинаа шест членови на неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот татко, потврди амбасадорот на Техеран во Кипар.Во интервју спроведено во комплексот на неговата амбасада во Никозија, Алиреза Саларијан ги објасни околностите во кои беше повреден 56-годишниот Хамнеи, велејќи дека имал среќа што го преживеал нападот, кој ја срамнил со земја резиденцијата на покојниот ајатолах.„Тој исто така беше таму и беше повреден во тој бомбашки напад, но не видов дека тоа се гледа во странските вести“, изјави тој за „Гардијан“. „Слушнав дека е повреден во нозете, раката… Мислам дека е во болница затоа што е повреден“.Објаснувајќи зошто свештеникот не се појавил јавно ниту дал никакви изјави откако го наследил својот татко во неделата, тој додаде: „Не мислам дека му е удобно [во која било состојба] да одржи говор“.Нападот се случи на денот на почетокот на воздушните напади предводени од САД против Иран, кога беше цел на пространиот претседателски комплекс во срцето на Техеран. Беше 10-ти ден од светиот месец Рамазан, рече амбасадорот, а ајатолахот Али Хамнеи беше во својата резиденција со неколку членови на неговото семејство, вклучувајќи ја сопругата на Мојтаба, Захра, и неговиот син тинејџер, Мохамед Багер, кои исто така беа убиени во нападот.Извештаите на иранските медиуми сугерираа дека сопругата на Али Хамнеи, Мансур, починала три дена по воздушниот напад.„[Покојниот] врховен лидер беше убиен со својата сопруга, со својата ќерка, со својот зет и со 14-месечното бебе на неговата ќерка“, рече Саларијан, кој беше во Иран кога започна офанзивата предводена од САД. „Тие беа во нивната куќа во близина на претседателската канцеларија. Врвните команданти беа исто така убиени бидејќи и тие беа поканети. Врховниот лидер имаше четири сина и две ќерки и всушност живееше на истото место каде што работеше“.Во среда Јусеф Пезешкијан, врвен владин советник и син на иранскиот претседател, рече дека Мојтаба Хамнеи е ранет, но не објасни како. Во објава на својот Телеграм канал, тој напиша: „Слушнав вест дека г-дин Мојтаба Хамнеи е повреден. Прашав некои пријатели кои имаат врски. Тие ми кажаа дека, фала му на Бога, тој е здрав и жив“. Ирански функционер во средата изјави за Ројтерс дека Хамнеи е „лесно повреден“.Порано оваа недела, иранската државна телевизија го опиша новиот лидер на режимот како „ранет ветеран од рамазанската војна“, но не ги прецизираше неговите повреди.Американскиот претседател, Доналд Трамп, го нарече изборот на Мојтаба Хамнеи од страна на 88-члениот комитет на свештеници „неприфатлив избор“, додавајќи: „Тој нема да трае долго“.Израел предупреди дека нема да се двоуми да го убие шиитскиот свештеник, за кој се смета дека е тврдокорен како и неговиот татко, кој ја држеше функцијата 37 години по Исламската револуција.Саларијан изјави за Гардијан дека покојниот ајатолах „не сакал неговиот син“ да го замени. „Високи свештеници го прашаа, но покојниот врховен водач рече „не“ затоа што не сакаше династички систем. Тој беше избран. [По нападот] високо рангираните свештеници рекоа: „Ова е твоја работа; мора да се покориш“.Западните разузнавачки служби веруваат дека новиот водач намерно се држи подалеку од очите на јавноста од страв од обид за атентат. „Не знам дали тој [новиот водач] е загрижен или не, но знаеме дека САД, а особено Израел, ќе го таргетираат“, рече амбасадорот.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања