„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
4 нед.
media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Семејна драма во Грчец: Родители ја земале малолетната ќерка по физички напад

Шеснаесетгодишен жител на селото Грчец, општина Сарај, пријавил во СВР Скопје дека во семејниот дом бил извршен физички напад врз неговиот брат и неговата малолетна девојка, по што девојката била однесена со сила.Според пријавата, на 20 јануари 2026 година околу 13 часот, во домот пристигнале две машки и три женски лица кои физички го нападнале Д.Г. (21) и неговата малолетна партнерка. По нападот, малолетничката била земена од лицата и однесена од домот.Како што е пријавено, двајца од лицата што учествувале во настанот се родители на малолетничката девојка. За целиот случај биле известени надлежните служби, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и утврдување на сите околности.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
mobilen-telefon

Лажна порака од „Пошта“ му ја испразнила сметката на гостиварец

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил жртва на интернет измама, при што од неговата банкарска сметка биле одземени 26.000 денари.Како што соопштија од ОВР Гостивар, на 20 јануари 2026 година оштетениот добил СМС порака со линк кој наводно водел до веб-страница на „Пошта на Северна Македонија“, со барање за ажурирање на податоци за достава на пакет.Верувајќи дека станува збор за негова претходна нарачка, тој пристапил на линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка. Набргу потоа, без негова согласност, биле извршени пет финансиски трансакции кон различни субјекти, по што сфатил дека станува збор за измама.Случајот е пријавен во полиција, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

По доцнење од три часа, Трамп пристигна во Давос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, слета во Швајцарија, каде што ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос.Трамп пристигна со задоцнување од околу три часа, а до Давос го очекуваат уште околу два часа патување. Причина за доцнењето бил помал проблем со електричниот систем на претседателскиот авион.Како што соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, авионот „Ер Форс Уан“ бил принуден да се врати во Мериленд помалку од еден час по полетувањето, поради „помал електричен дефект“, по што летот бил продолжен со друго летало.И покрај доцнењето, од Светскиот економски форум информираа дека агендата на американскиот претседател нема да се промени. Првата активност е средба со деловни лидери, по што Трамп ќе одржи говор на форумот.Говорот е закажан за 14:30 часот и, според организаторите, ќе се одржи во предвидениот термин.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Влада на страната на транспортерите: Николоски бара итно одложување на новите шенген-правила

Јас и Владата го разбираме  револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница.Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.“Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ.  Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија.  Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега.  Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи  бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат”  истакна вицепремиерот.Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.“Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека  ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме.  Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”- додаде вицепремиерот Николоски.Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
sportska-oblozuvalnica-640x428

Добил 74.294 денари од игри на среќа, а никогаш не учествувал: Гостиварец се сомнева на злоупотребени лични податоци

Седумдесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека му биле злоупотребени личните податоци, по што се соочил со сериозни финансиски последици.Како што информираат од ОВР Гостивар, случајот бил пријавен на 20 јануари 2026 година, откако оштетениот при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи забележал дека во неговото досие се евидентирани добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година.Според неговата изјава, тој никогаш не учествувал во игри на среќа, ниту пак подигнал какви било добивки. Поради тоа, се сомнева дека неговите податоци од лична карта биле злоупотребени од вработени во спортска обложувалница, кои наводно ги користеле за исплата на добивки на трети лица.Дополнително, поради фиктивно прикажаните приходи, на оштетениот му биле направени финансиски кратења на пензијата што ја прима во Италија, со што штетата за него не била само евидентна, туку и директна.Надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

Родителите на судијата тврделе дека 350.000 евра ги заработиле тие од земјоделие односно грозје, па ги скриле во бункерот зад ѕидот

Родителите на судијата од скопска Апелација, Ѓоко Ристов, тврделе дека парите. 350.000 евра најдени скриени зад плочки во ѕид не се на нивниот син, туку нивна сопственост, стекнати од земјоделие.Кога истражителите односно полицијата побарала појаснување, родителите на Ристов рекле дека се од „лозје“. Ова беше соопштено на брифингот со новинарите од обвинителката Искра Хаџи Василева која го води предметот за противправно стекнување имот и перење пари против судијата.Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека „одбраната која беше дадена од осомничениот, Обвинителството не го убеди, наспроти нашите докази, кажувањата. Одбраната дека се од земјоделие и на родителите – мене не ме убеди“.Признавањето дека парите се на родителите на Ристов, а не на судијата, дошле откако биле најдени. Претходно, на прашања од полицијата односно истражителите кажале дека не чуваат дома пари. На претресот кој според Обвинителството е законит, не присуствувал судијата кој сега е во домашен притвор.Инаку Ѓоко Ристов не бил на ПИ-мерки. Обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека има и други сведочења во контекст на дадени пари за наместени судски одлуки.„Има и други сведочења, ќе видиме што ќе донесе истрагата. Осомничениот (Ѓоко Ристов) никогаш не бил на ПИ-мерки. Паралелно тече финансиска истрага. Финансиските истраги бараат дополнително време, многу институции ви даваат податоци, да врзите математички, сопствености. Паралелно со финансиската истрага која ви дава доста сознанија и докази, станува јасно дека кога барате кеш-пари, тешко е да фатите пари на рака. Имаше многу луѓе кои пријавуваа, имаше покредибилни пријави за адвокати, за други лица“, рече обвинителката на брифинг со новинарите.Повеќе детали за тоа како се најдени парите:

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Алиу: Пушењето ќе се регулира и на отворено таму каде што граѓаните се директно изложени

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства.„Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи предвид дека кога луѓето се блиску, чадот и аеросолот директно се вдишуваат, а изложеноста е непосредна. На јавни отворени простори граѓаните немаат реален избор да се оддалечат, а особено децата, постарите и хронично болните. Законот интервенира само таму каде што постои неизбежна изложеност на други лица, со цел јавниот простор да биде здрав простор за сите, потенцира министерот за здравство“, Азир Алиу.Посебен акцент е ставен нa локациите каде луѓето не можат реално да избегнат изложеност на чадот од цигари, како на пример, при чекање во ред, простори на отворено каде се престојува подолго и други јавни собири на отворено. За илустрација, луѓето кои чекаат во редица за да купат билет за влез во установа од областа на културата или за влез на спортски натпревар, реално не можат да избегнат изложеност на чад од цигари. Целта на предлог-законот е да се заштити здравјето на оваа категорија население.Исто така, во делот на регулирање на пушењето на отворени јавни простори, посебно е ограничено пушењето на места наменети за деца, млади и семејства, како на пример пред детските игротеки, каде најмладите не би можеле да избегнат изложеност на чад од цигарите.„Отворен простор не значи автоматски безбеден простор, доколку истиот е функционално ограничен или кога луѓето се наоѓаат на мало растојание и се директно изложени на чад од цигари. Токму затоа, ова е еден од клучните аспекти на законската рамка за заштита на здравјето на населението, а особено на најмладите“, појаснува министерот Алиу.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
policija-4

Полицијата приведе 41-годишен возач, бил фатен со 2,43 промили алкохол

Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне го лишиле од слобода 41-годишниот А.Г. од селото Јанковец, откако бил затекнат како управува патничко возило под силно дејство на алкохол.Како што соопшти полицијата, на 20 јануари 2026 година во 14:58 часот, при редовна сообраќајна контрола во селото Јанковец, ресенско, било утврдено дека возачот имал дури 2,43 промили алкохол во крвта.Поради сериозното загрозување на безбедноста во сообраќајот, возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска до Алиу: Лекот за хемофилија доцни повеќе од шест месеци - кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

„Кога точно, односно кога надоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори?“ беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната седница за прашања од опозицијата во Собранието.Мојсоска алармираше за сериозната состојба со пропусти во набавката на овој лек кој е од клучна важност за лицата со хемофилија А.„Се работи за доцнење на тендерот за набавка на лекот фактор 8 повеќе од шест месеци. Ќе пренесам лично сведоштво на пациент со хемофилија А кој за да може нормално да функционира мора да прима 30000 единици на фактор 8 секој месец. Но, од мај минатата година поради раскинување на тендерот воведени се рестрикции за овој лек, па пациентот наместо потребните 30000 единици прима само 5000 единици месечно“, рече Мојсоска. Таа додаде дека ваквите рестрикции ги врзуваат пациентите за кревет и сериозно ја загрозуваат нивната здравствена состојба. „И ова не е само еден пациент на кого сериозно му е загрозено здравјето поради неодговорноста и немарноста на одговорните лица во институциите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека и да е само еден живот и еден пациент во прашање, државата е должна да обезбеди достоинствен живот, а не живот врзан за кревет поради бирократски процедури или можеби преговори за провизии од тендери“, посочи пратеничката. Мојсоска се осврна и на институционалната одговорност посочувајќи дека и претходно имало вакви рестрикции но, тоа никогаш не било повеќе од два месеца. Исто така посочи дека со години трае руинирање на здравствениот систем, а сега под водство на ДПМНЕ дополнително се деградира. „Дајте да лоцираме каде е одговорноста. Со институтот за трансфузиона медицина раководи директорот Амир Ељези, поставен од оваа владејачка коалиција. Во интервју вие потврдивте дека сте во комуникација со директорот и дека лекот ќе биде набавен. Информациите кои јас ги имам е дека директорот Ељези вооопшто не бил расположен да ги прими докторите од установата кои барале средба со него токму заради алармантата ситуација за овој лек“, рече Мојсоска. Пратеничката Мојсоска истакна дека Левица и претходно го спорела изборот на овој директор бидејќи со Законот за безбедност во снабдување со крв предвидува дека за директор може да се постави специјалист трансфузиолог со најмалку две години работно искуство. „Ељези не е транзфузиолог, а очигледно не е ни менаџер кога за прв пат во негово директорување доцни лек половина година“, заврши Мојсоска.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“

Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие одговориле негативно.„Имало потазе цемент, а ги прашувате дали сте поправале нешто, а тие велат дека не поправале“, посочи обвинителката.Како клучен сомнителен детал при вториот претрес се појавиле плочките во просторијата, кај кои било забележано дека фугата не е иста како кај другите плочки. Дополнително, истрагата располагала и со оперативни сознанија кои упатувале на можност дека парите се кријат токму таму.„Испокршени биле плочките на местото каде се криеле парите, на рачно тропкање давале друг звук. Нас нѐ обврзуваат прописите да не растураме и кршиме.. Па се потрдувиме што поелегантно. Но, при мало кршење се појави дупка, а низ дупката се појавија пари“, рече обвинителката Искра Хаџи Василева, предметен обвинител.Таа појасни дека биле направени проверки на имотната состојба, недвижностите и приходите, вклучително и анализи на примањата од судиската плата, која, како што нагласи, е лесно проверлива.„Беа направени проверки, на недвижност, имот, како и што можете од државна плата што е многу лесно, бидејќи ние не смееме да имаме дополнителни примања. Направени претреси на три локации претходно, не беа најдени средства. Не е лесно да најдете пари. При првиот обид не беше најдено ништо, па си велите по сознанијата да се провери пак. Отидовме поспремни со технологија“, изјави обвинителката.Во овој момент, според обвинителството, пронајдените пари не се директно поврзани со конкретен судски предмет. Сепак, контурите на случајот, како што беше наведено, почнале да се исцртуваат во контекст на предметот поврзан со адвокатот Фехми Стафа кој го застапува обвинетиот Љупчо Пецов-Ѓаволот. Стафа кој беше фатен при примање пари, за кои Обвинителството тврди дека биле наменети за подмитување судија.„Со наводи и докази кои беа доставени по однос на Љупчо Пецов (Ѓаволот) кој е осомничен во една постапка на Обвинителството... Тогаш се добиваше поконкретни контури. Нему му се барани пари, за да мерката се укине. Ама знаете, кога имате активно решение, тешко е да не влезете во притвор барем еден ден, два, за да образлагате потоа зошто да не влезете. И оттука тргнуваат жалбите, враќање на жалби...“, изјави обвинителката.Таа посочи дека во повеќе случаи, лицата фатени со мито ја поставуваат истата прашалник-реакција.„Кој ме намести“, ова било прво нешто што го кажувале во повеќе случаи, лица кои биле фатени со мито, рече обвинителката, додавајќи: „Како може некој да ве намести, ако вие сте барале и ви дале мито?“.Обвинителката Хаџи Василева ја оцени постапката како сложена уште од самиот почеток.„Комплексна и интересна истрага беше од самиот старт“, рече таа.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин побара средба со специјалниот пратеник на Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, најави дека ќе оствари разговор со рускиот лидер Владимир Путин, но не откри детали за средбите одржани во Давос.„Треба да се сретнеме со него (Путин) во четврток. Русија побара одржување на состанок“, изјави Виткоф.Тој истакна дека е постигнат значителен напредок во разговорите меѓу САД и Русија за Украина, но во интервју за Си-Ен-Би-Си призна дека територијалното прашање и понатаму останува главната пречка.Специјалниот пратеник на Трамп додаде дека САД им предложиле и на Русија и на Украина да се приклучат на Советот за мир и дека очекуваат согласност од двете страни.Се очекува Виткоф во Москва да пристигне заедно со зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.Да потсетиме, вчера специјалниот претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, разговараше со Виткоф во Давос, но за таа средба беа објавени многу малку информации. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да открие детали, објаснувајќи дека разговорите биле приватни и доверливи и дека сите прашања поврзани со украинското решение се разгледуваат зад затворени врати.И руските и американските претставници ги оценија средбите како позитивни. Дмитриев изјави дека руско-американските разговори се одвиваат конструктивно, додека Виткоф ги опиша како „многу позитивни“.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryu78f64mjrs99cB9z72U

Минчев: Крај на злоупотребата на в.д.-позициите, меритот станува правило во администрацијата

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите - реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и инклузивен процес, со активно учество на институциите, стручната јавност, синдикатите, граѓанскиот сектор и граѓаните. Нацрт-законот е јавно објавен на ЕНЕР од 31 декември 2025 година, што ја потврдува определбата реформите да се креираат преку дијалог.Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека предложениот закон воведува суштински промени во начинот на избор, именување и отчетност на високите раководни кадри во јавната администрација.„Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори, за кои досега речиси и да не постоеја правила. Принципот на мерит станува правило, а не исклучок – оној што раководи ќе мора да знае, да може и да одговара“ нагласи министерот Минчев.Посебен акцент во законот, како што посочи министерот, е ставен на реформата на управните одбори.„Со овој закон воведуваме воедначени услови и јасни критериуми за избор и именување на членовите на управните одбори, а нивниот состав го намалуваме на три члена. Наместо бројност, воведуваме квалитет. Наместо формално учество, воведуваме реална одговорност“ истакна Минчев.Тој додаде дека управните одбори повеќе нема да бидат нефункционални и проширени структури, туку компактни и ефикасни тела составени од лица со соодветни професионални квалификации, знаење и интегритет.Министерот се осврна и на една од значајните новини – строгото ограничување на институтот „вршител на должност“.„Со овој закон ставаме крај на злоупотребата на ‘вршител на должност’. Свесни сме дека привремените решенија со години беа правило, а не исклучок, што ја поткопуваше институционалната стабилност и одговорност. В.Д. станува исклучок – строго временски и правно ограничен“ нагласи тој.Дополнително, законот предвидува воспоставување систем за следење и оценување на резултатите од работата на високите раководители.„Позицијата повеќе не е титула, туку одговорност за резултати. Нема доживотни функции, нема недопирливи позиции. За првпат, работата на раководителите системски ќе се мери и ќе се врзува со учинок, а не со статус“ истакна министерот Минчев.На јавната дебата се обрати и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Игор Јанушев, кој ја истакна важноста од јакнење на професионализмот, отчетноста и институционалната стабилност во јавната администрација.Настанот беше организиран од страна на Министерството за јавна администрација во соработка со Центарот за управување со промени во рамки на Проектот „Преосмислување на управувањето“, кој го имплементира ЦУП, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, а во соработка со Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Кобна ноќ кај Деве Баир: Камион излета во провалија, возачот загина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од Граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узeм.Како што информираат од полицијата, на 21 јануари 2026 година околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија.Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.На местото на несреќата бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.По преземените мерки и активности, со П.А. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што тој го признал кривичното дело. Случајот е документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.Од МВР нагласуваат дека ваквите дела претставуваат сериозно кршење на законот и директна закана за безбедноста и интегритетот на малолетните лица, поради што институциите ќе продолжат со решително постапување против вакви појави.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес против граѓанинот П.М., поради основано сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.Според информациите од МВР, на 23 септември 2025 година П.М. во СВР Велес, во својство на оштетен, пријавил двајца полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, обвинувајќи ги за „малтретирање во вршење на службата“ за време на сообраќајна контрола.Меѓутоа, постапувањето на полициските службеници било целосно документирано со мобилниот систем за снимање со камери, при што било утврдено дека настанот не се одвивал на начинот прикажан во пријавата. Снимките недвосмислено покажале дека полицајците не извршиле никакво кривично дело.Од МВР наведуваат дека П.М. и покрај тоа што бил јасно предупреден за последиците од лажно пријавување, свесно и злонамерно поднел пријава, иако како директен учесник знаел дека полицајците не сториле ништо незаконско. Со ваквата постапка, тој предизвикал неоснована интервенција на органите на прогонот и сериозно ги загрозил честа, угледот, како и личните слободи и права на пријавените полициски службеници.Кривичната пријава е поднесена по член 366 од Кривичниот законик, а понатамошната постапка е во надлежност на обвинителството.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Трагедија на патот кај Русјаци: Автомобил се преврте, жена загина на лице место, дете и уште две лица повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на локалниот пат кај селото Русјаци, во општина Македонски Брод, при што животот го загуби 41-годишна жена од Кичево.Според информациите, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски таблички, управувано од нејзиниот сопруг, излетало од коловозот и се превртело. Жената, идентификувана како К.С.С., починала на самото место како последица на тешките повреди, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.Во несреќата телесни повреди здобиле уште три лица – С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете. Тие биле итно пренесени во Општата болница во Прилеп, каде им била укажана соодветна медицинска помош.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Трамп тврди дека САД имаат тајно оружје, Москва бара објаснување

Соединетите Американски Држави поседуваат тајно оружје кое е непознато за остатокот од светот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, по што Русија веднаш се огласи со јасно барање за појаснување.Трамп за телевизијата „Њуз нејшн“ изјави дека тоа тајно оружје и понатаму треба да остане во тајност.„Имаме оружје за кое никој не знае и сметам дека веројатно е добро да не се зборува за тоа. Но, имаме некои неверојатни видови оружје“, рече Трамп.Прашањето од новинарите, по кое Трамп се пофали со постоењето на тајно оружје, било поврзано со американската операција во Венецуела.Набргу по оваа изјава се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој порача дека очекува објаснување за тоа што точно мислел американскиот претседател кога зборувал за тајно оружје.„Во овој случај, веројатно ќе треба да слушнеме појаснување за тоа што точно имал предвид американскиот претседател“, изјави Песков за новинарите, пренесува агенцијата РИА Новости.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library2h7328lt783640HaCUr

Европа на итен самит во Брисел: ЕУ-лидерите се собираат поради тензиите околу Гренланд

Лидерите на Европската унија и на земјите членки утре навечер ќе се сретнат во Брисел на неформален состанок на Европскиот совет, поради зголемените тензии поврзани со Гренланд.„Ќе разговараме за најновите случувања во трансатлантските односи и нивните импликации врз Европската унија, како и за координација на натамошните чекори. Состанокот ќе го започнеме со размена на мислења со претседателката на Европскиот парламент“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во писмото со кое ги повика учесниците.Состанокот е закажан да започне во 19 часот.Кошта пред два дена најави дека, поради тензиите околу Гренланд, во наредните денови ќе свика вонредна седница на Европскиот совет.„Со оглед на значењето на последните случувања и потребата од понатамошна координација, одлучив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови“, напиша тој на социјалната мрежа Икс.Тој истакна и дека, по консултациите со земјите членки, е потврдено оти Европската унија е „единствена во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ„Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
mark-rute-1

Руте: Нема да ги коментирам тензиите меѓу САД и Европа околу Гренланд

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници, кои произлегоа од барањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд.„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го правам јавно“, изјави Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, пренесува Ројтерс.Руте истакна дека Трамп е во право кога зборува за потребата Арктикот да биде заштитен од руско и кинеско влијание.„Претседателот Трамп и другите лидери се во право. Мораме да направиме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, нагласи Руте.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања