Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
media-librarybn98mqsl2pda3bfjsIo

Норвешкиот премиер: Му објаснив на Трамп дека Нобеловата награда не ја доделува нашата влада

Американскиот претседател Доналд Трамп го поврза својот заострен став кон Гренланд со минатогодишната одлука да не му биде доделена Нобеловата награда за мир. Во порака испратена до норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, Трамп напишал дека повеќе не чувствува обврска да размислува „исклучиво за мир“, алудирајќи на одлуката на Нобеловиот комитет.Оваа порака дополнително ги заостри односите меѓу Вашингтон и неговите најблиски европски сојузници, во контекст на заканите на Трамп за преземање на Гренланд, самоуправна територија во рамки на Кралството Данска. Во саботата, Трамп најави воведување царина од 10 проценти на увозот на стоки од осум земји кои застанале на страната на Данска и Гренланд, мерка што треба да стапи во сила во февруари.Земјите на кои се однесува мерката упатија остри реакции, додека британскиот премиер Кир Стармер се обиде да ја смири ситуацијата. Иако Белата куќа не ја исклучи можноста за употреба на сила за преземање на стратешки важниот арктички регион, Стармер изјави дека не верува оти ќе дојде до воена акција и нагласи дека проблемот треба да се реши преку мирен дијалог.Сепак, пораката на Трамп до норвешкиот премиер може дополнително да ги наруши веќе оптоварените односи меѓу САД и Европа, кои со месеци се соочуваат со несогласувања околу војната во Украина, трговските царини, воените трошоци и миграциската политика.Во изминатите денови, тензиите дополнително пораснаа. За време на викендот, илјадници жители на Гренланд излегоа на протести против какви било обиди за преземање на островот. Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, порача дека заканите со царини нема да го променат нивниот став и истакна дека нема да подлегнат на притисоци.Во исто време, министерката за економија, минерали, енергија, правда и еднаквост на Гренланд, Нааја Натаниелсен, за Асошиејтед прес изјави дека брзата реакција на сојузниците ја охрабрува и дека покажува оти станува збор за прашање „поголемо од самиот Гренланд“.Во пораката што Трамп ја испратил до Стере, а која ја објави норвешката влада, меѓу другото стои дека, поради тоа што не му била доделена Нобеловата награда за мир за, како што тврди, запирање на повеќе војни, повеќе не чувствува обврска да се води само од идејата за мир, туку да размислува за тоа што е добро и исправно за Соединетите Американски Држави. Пораката завршува со тврдење дека светот нема да биде безбеден доколку САД немаат целосна контрола врз Гренланд.Норвешкиот премиер потврди дека пораката била одговор на претходна порака што тој и финскиот претседател Александер Стуб ја испратиле до Трамп, во која се спротивставиле на најавените царини и повикале на смирување на тензиите. Стере нагласи дека ставот на Норвешка е јасен, дека Гренланд е дел од Кралството Данска и дека неговата земја целосно ја поддржува Данска. Тој појасни и дека Нобеловата награда за мир ја доделува независен комитет, а не норвешката влада.Стере изјави дека не одговорил на пораката на Трамп, но дека и понатаму смета оти е мудро да се разговара и изрази надеж дека ќе има можност за разговор со американскиот претседател оваа недела во Давос.Американскиот министер за финансии Скот Бесент, пак, го бранеше пристапот на Трамп кон Гренланд за време на Светскиот економски форум во Давос. Тој оцени дека е бесмислено да се тврди оти ставот на претседателот е поврзан со Нобеловата награда и нагласи дека Трамп го гледа Гренланд како стратешки ресурс за САД, додавајќи дека безбедноста на американската хемисфера нема да му биде препуштена на никој друг.Трамп и претходно јавно ја изразуваше желбата да ја добие Нобеловата награда за мир, која минатата година му беше доделена на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. Минатата недела, таа му ја врачи својата Нобелова медала на Трамп, кој изјави дека планира да ја задржи, иако Нобеловиот комитет соопшти дека наградата не може да се поништи, пренесе или сподели со друго лице.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylvsqbkge99rddCaFdj9

Расте бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Пакистан, започна извлекувањето на телата

Пакистански пожарникари денеска започнаа со извлекување на безживотни тела од урнатините на трговскиот центар „Гул Плаза“ во Карачи, каде повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати по големиот пожар во кој загинаа најмалку 21 лице.Пожарот, најголем во Карачи во последните десет години, избувна во саботата во повеќекатниот комплекс со околу 1.200 продавници, кој се протега на површина поголема од фудбалско игралиште. Огнот гореше повеќе од 24 часа пред да биде делумно ставен под контрола.Спасувачките екипи само денеска почнаа со извлекување на телата, откако претходно се занимаваа со ладење на објектот и отстранување на урнатините поради опасност од можно уривање. Многу од исчезнатите и загинатите не можеа да се идентификуваат поради разурнувањата.Меѓу исчезнатите се и членови на семејството на Касир Хан, кој ги обвини спасувачките служби дека не реагирале навремено и изјави дека голем број животи можеле да се спасат.Стотици луѓе, вклучително и сопственици на продавници, се собраа околу зградата додека спасувачките екипи трагаат по преживеани. Јасмин Бано, сопственичка на една од продавниците, изјави дека ја загубила дваесетгодишната работа и целиот приход, останувајќи практично без извор на средства.Мурат Али Шах, главниот министер на покраината Синд, потврди дека 65 лица се исчезнати, 80 се повредени, а 22 лица веќе се отпуштени од болница. Тој најави истрага за причината на пожарот и најави строги казни за одговорните. Причината за пожарот сè уште не е позната.Пожарот во „Гул Плаза“ може да биде најголемиот во Карачи од 2012 година, кога индустриската зграда изгоре и загинаа повеќе од 260 лица, а судот во 2020 година утврди дека тој пожар бил подметнат.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryabiueu92qqjp6a1ziYM

76-годишната Мерил Стрип повторно вљубена: Можно ли е венчавка со Мартин Шорт

Кариерата на Мерил Стрип е вонредна, талентот ѝ е легендарен, а приватниот живот обележан со големи љубови, трагедии и развод. Денес, на 76-годишна возраст, холивудската икона повторно е вљубена и, според блиски извори, можно е наскоро да се случи и свадба. Нејзиниот избраник е прочуениот актер Мартин Шорт, со кого љубовта ја пронашла во зрелите години.Стрип и Шорт, кој има 75 години, се зближиле за време на заедничката работа, а нивната врска стана јавна во јануари 2024 година. Според извори блиски до двојката, следниот чекор би можел да биде венчавка. За Стрип, велат, пресуден бил хуморот на Шорт, неговата енергија и интелигенција, како и способноста постојано да ја насмее.Мартин Шорт неодамна за „Ентертејнмент тудеј“ изјави дека она што ја прави Мерил Стрип посебна е нејзината природност и скромност. И покрај 21 номинација за Оскар, таа, како што рече, не се однесува како дива, туку како пристојна, духовита и великодушна колешка.Двајцата актери играат во хит-серијата „Only Murders in the Building“, која последниве години редовно се наоѓа меѓу номинираните за најпрестижните холивудски награди. Доколку дојде до венчавка, тоа би бил втор брак и за двајцата.Мерил Стрип зад себе има брак со Дон Гамер, со кого има четири деца и пет внуци. Иако разводот беше јавно соопштен дури во 2023 година, бракот од 39 години бил завршен уште во 2021, а парот живеел одвоено повеќе од шест години. Долго време успеале да ја сокријат разделбата од јавноста.Животот на актерката е обележан и со една од најголемите холивудски љубовни трагедии. Во 1976 година ја запознала својата голема љубов, актерот Џон Казале. Тие живееле скромно во Њујорк, сè додека не дознале дека Казале боледува од рак на белите дробови во терминална фаза. Стрип останала покрај него до самиот крај, а колеги како Ал Пачино и Роберт Де Ниро помагале и финансиски и морално за неговото лекување.Мартин Шорт, пак, ја загуби сопругата Ненси Долман во 2010 година, по битка со рак на јајниците. Тој е татко на три деца.По децении исполнети со професионални успеси, лични загуби и животни пресврти, Мерил Стрип денес повторно изгледа среќна. Дали таа и Мартин Шорт навистина ќе застанат пред олтарот, останува да се види, но нивната приказна веќе се вбројува меѓу најубавите холивудски љубови во зрелите години.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library6oajvc3fr4f10qUzIYt

Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, туку бизниси за мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање нагласи дека на владата не и се важни реформите за европската иднина на државата и нема искрена намера да ја води земјата кон Европската Унија, туку единствено се грижи за бизнис-интересите на мала група блиска до ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што ништо не исполнија од договореното досега и тоа што еве полека ја разоткриваме нивната власт, е дека само еден голем бизнис за една мала група на луѓе блиска до ВМРО-ДПМНЕ, значи дека немаат намера, исто како и досега, да сработат нешто од реформската агенда“, рече Филипче.Тој додаде дека на граѓаните треба да им е јасно дека со оваа влада нема реформи, туку само лажна пропаганда и спроведување на нивните бизниси.„Се е една лажна пропаганда со цел нивните бизниси во позадина да тераат. Нема збор за сомнителниот капитал од АЛТА банка, нема збор за тендерите 161 тендер милионски тендери за компании вчера регистрирани на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, средби со луѓе на вицепремиерот, со луѓе блиски до Путин. Премиерот кажува реформската агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал разоткриени се“, рече Филипче.Притоа, Филипче посочи дека владата на ВМРО-ДПМЕ целосно ја закочи европската иднина на државата.„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
grenlan

Данска ја зајакнува одбраната на Гренланд со нови трупи и воена вежба

Поголем број дански борбени војници, кој од страна на армијата се оценува како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигне во Кангерлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за телевизијата ТВ 2, наведувајќи дека станува збор за дополнително зајакнување на веќе распоредениот воен контингент.Според извештајот на ТВ 2, заедно со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, генерал-потполковник Питер Бојсен. Неговото присуство се толкува како сигнал за сериозноста со која Копенхаген ја третира актуелната безбедносна состојба на островот.На Гренланд и во овој момент веќе се распоредени стотици дански војници. Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, соопшти дека околу 100 војници веќе пристигнале во главниот град Нуук, додека сличен број бил распореден и во Кангерлусак. Токму таму е планирано одржување на воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена во обем по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во повеќе наврати јавно изјави дека Соединетите Американски Држави имаат интерес да го преземат Гренланд, што предизвика остра реакција во Данска и пошироко во Европа. Како одговор на тие изјави, данските власти одлучија да го зајакнат военото присуство на островот и да ја подигнат подготвеноста на своите сили во арктички услови.Со засиленото распоредување и најавената воена вежба, Копенхаген испраќа порака дека суверенитетот и безбедноста на Гренланд се стратешки приоритет за Данска, особено во контекст на зголемените геополитички тензии околу Арктикот.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytd27760ljl7e1xesfMb

Данска одлучи: „Испраќаме значителен број војници на Гренланд“

Поголем број дански борбени војници, опишани како „значаен придонес“, вечерва треба да пристигнат во Кангeрлусак на Гренланд. Информацијата ја потврдија данските вооружени сили за националната телевизија ТВ 2.Според известувањето, со новата група војници на Гренланд ќе допатува и командантот на данската копнена војска, Петер Бојсен. Пристигнатите сили ќе учествуваат во натамошното зајакнување на данскиот воен контингент, кој веќе е распоредуван на островот.Претходно, командантот на Арктичката команда, Сорен Андерсен, изјави дека во главниот град Нук веќе пристигнале околу 100 дански војници, додека сличен број бил распореден и во Кангeрлусак. Токму таму треба да започне воената вежба „Арктичка издржливост“, која е забрзана и проширена по неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп во повеќе наврати јавно изрази желба Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, што предизвика загриженост и дополнително засилување на безбедносните активности на Данска во арктичкиот регион.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library0mri9njlb756b15oNl2

Заменик-министерот за образование, Алиу, си поднесе оставка

Заменик министерот за образование Љулзим Алиу на ФБ соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата.Алиу ја поднел оставката до премиерот Христијан Мицкоски, а одлуката е од негова лична и професионална проценка.„Почитуван Претседател на Владата, со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството“, напиша Алиу.На Владата ѝ посака успеси во работата и се заблагодари за укажаната доверба и можноста да ја извршува оваа одговорна должност.Љулзим Алиу доѓа од коалицијата ВРЕДИ, поточно тој е кадар на партијата Алтернатива.Во редицата заблагодарување ја спомена и партијата, потоа нејзиниот актуелен претседател Беким Али, како и претходните партиски лидери Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив.Голем број верници, водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, учествуваа во светиот чин со молитва и надеж за духовно прочистување, здравје и благослов во текот на годината.Во Охрид, претседателката му честиташе на Мартин Гоџо, кој го извади светиот крст од водите на езерото, при што му подари пафта, невестински колан од Галичник од 19. век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје, лична среќа и благосостојба.За време на одбележувањето на празникот во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води на Црн Дрим, Петар Чакарески, од претседателката доби пафта, невестински колан од Битола од 19. век, како симболичен дар со желба за радост, здравје и животен напредок.Сиљановска-Давкова порача дека Богојавление – Водици носи силна и јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, нагласувајќи дека овој празник со векови обединува генерации верници и ги потсетува на вредностите што го зацврстуваат општеството.Фотогалериите погледнете ги тука:

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

24-годишниот Дарко Митровиќ беше најбрз и успеа да стигне до светиот крст кој беше положен во осветените води на реката Вардар.На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија. За вадењето на крстот од Вардар, беа пријавени околу 160 момчиња и едно девојче.Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.

Настани | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Одлучивте да не ми ја доделите Нобеловата награда за мир, па повеќе немам обврска да размислувам само за мирот, му пишал Трамп на норвешкиот премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп му испратил писмо на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, во кое наведува дека повеќе не се чувствува обврзан да се фокусира исклучиво на мирот, откако минатата година не му била доделена Нобеловата награда за мир. Писмото било испратено во период на засилени изјави и барања од страна на Трамп поврзани со Гренланд.„Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир за запирање на повеќе од осум војни, повеќе не чувствувам обврска да размислувам исклучиво за мирот, иако тоа секогаш ќе биде доминантно, туку сега можам да размислувам за тоа што е добро и соодветно за Соединетите Американски Држави“, напишал Трамп во пораката, чијашто автентичност ја потврдиле од кабинетот на норвешкиот премиер.Во истото писмо, Трамп повторно го довел во прашање суверенитетот на Данска над Гренланд, тврдејќи дека островот не може самостојно да се одбрани од влијанието и заканите на Кина и Русија без директна американска вмешаност. Тој наведува дека не постојат, според него, јасни пишани докази за данските сопственички права, оценувајќи дека „светот нема да биде безбеден“ додека Соединетите Американски Држави немаат целосна контрола врз островот.Норвешкиот премиер Сторе ги отфрлил тврдењата на Трамп во врска со Нобеловата награда, појаснувајќи дека неа ја доделува независниот Норвешки Нобелов комитет, а не владата на Норвешка, која нема влијание врз одлуките на комитетот.Норвешка, заедно со уште седум европски држави, е меѓу земјите на кои Трамп им се заканил со воведување царини од 10 проценти, како дел од поширокиот притисок поврзан со прашањето за Гренланд и односите со европските сојузници.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
akcija-mvr-policija-policajci-specijalna-2

Полициска акција во Батинци: Полицијата бара лице осомничено за тешки кривични дела

Надлежните полициски служби при Министерството за внатрешни работи спроведоа акција на подрачјето на Скопје, со фокус во селото Батинци, откако претходно добиле оперативни информации за можно движење на лице по кое е распишана национална и меѓународна потерница.Акцијата била реализирана во текот на вчерашниот ден, 18 јануари 2026 година, а нејзина цел било лоцирање и лишување од слобода на лице од висок безбедносен интерес, осомничено за сторување тешки кривични дела.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и покрај преземените активности, лицето засега не е пронајдено, поради што потрагата продолжува. На терен се ангажирани повеќе полициски тимови кои преземаат дополнителни оперативни мерки и активности со цел негово пронаоѓање и приведување.Повеќе детали засега не се соопштуваат, а од МВР најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за натамошниот тек и евентуалниот исход од полициската акција.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-library7ilpehsf9nfofvW8dUE

„Несреќа под необични околности“: Во возот што излета од шините имало 294 лица, истрагата ја исклучува човечката грешка

Во возот што прв излета од шините во тешката железничка несреќа имало вкупно 294 лица, соопшти компанијата сопственик на композицијата, која утринава објави официјално соопштение за трагедијата. Според податоците, на почетокот на патувањето во возот се наоѓале 289 патници, четворица членови на екипажот и еден машиновозач.Претседателот на шпанската железничка компанија Ренфе, Алваро Фернандес Хередија, изјави дека човечката грешка речиси целосно е исклучена како причина за несреќата. Во гостување во утринската програма „Лас Мањанас“ на радиото РНЕ, тој нагласи дека современите системи за безбедност се дизајнирани автоматски да интервенираат доколку машиновозачот направи грешка.Според Хередија, станува збор за несреќа што се случила под необични околности и во овој момент е прерано да се извлечат конечни заклучоци. Тој повика јавноста да не шпекулира и да се почека официјалната истрага, која треба да ги утврди сите релевантни факти.На сложеноста на случајот укажа и претседателот на Генералниот совет на официјалните инженерски комори, Сесар Франко, кој исто така гостуваше во истата радио-емисија. Тој истакна дека засега постојат само хипотези и дека нема официјални заклучоци, нагласувајќи дека за нив ќе биде потребно време.Франко посочи дека ќе се анализираат повеќе можни фактори, меѓу кои состојбата на скретниците на влезот во Адамус, функционирањето на автоматските системи и евентуалното човечко влијание. Како што нагласи, за разлика од други несреќи каде причините побрзо стануваат појасни, во овој случај станува збор за рамна делница од пругата, при релативно мала брзина и со воз кој е релативно нов.Клучни одговори, според него, се очекуваат по анализата на таканаречените црни кутии и по работата на официјалната истражна комисија, која треба детално да ги разгледа сите околности што довеле до една од најтешките железнички несреќи во последно време.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryiudpe131bgc6eijlxDD

(Видео) По третпат Мартин Гоџо од Варош го вади крстот од водите на Охридско Езеро

Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Светиот крст во езерските водите беше од градското пристаниште. Ова е втора година по ред како Гоџо го вади светиот крст, а третпат откако тој учествува во светиот чин.Тој беше најсреќниот меѓу стотиците верници кои влегоа во Охридското езеро. Откако го извади крстот, групата пред Гоџо извекуваше „Варош, Варош“, пеејќи ја „Во Јордание“.На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во осветените води на Охридското Езеро влегоа стотина верници.

Настани | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarynb0h2k8a0ete484fULu

„Повторно се родивме“: Сведоштва од преживеаните по катастрофалниот судир на возови

Најмалку 39 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во тешка железничка несреќа што се случи во неделата попладне во близина на местото Адамус, во шпанската покраина Кордоба. Според официјалните информации, петмина од повредените се во критична состојба, додека најмалку 24 лица се со тешки телесни повреди. Сведоштвата на преживеаните, пренесени од шпанските медиуми, говорат за сцени на целосен хаос, превртени и згмечени вагони и патници заробени меѓу металот.Општинската сала во Адамус, мало место со околу 4.600 жители, во текот на ноќта се претвори во прифатен центар за преживеаните и за семејствата кои очајнички ги бараа своите најблиски. Сините ротациони светла на возилата на итната помош непрекинато ја осветлуваа салата, додека напнатоста растеше со секој изминат час. Дел од патниците веќе беа пренесени во болници или со автобуси испратени кон своите одредишта, но неизвесноста кај семејствата што немаа никаква вест од своите роднини остана.Еден од нив беше Рамон Монтон, кој ја бараше својата сопруга Тамара Маргарита Валдес. Тој изјави дека разговарал со неа дваесетина минути пред несреќата и дека таа патувала со возот „Алвија“ од Мадрид, во кој удрил возот „Ирио“ што сообраќал од Малага, откако од засега непознати причини излетал од шините. Слични приказни споделуваа и волонтерите кои помагаа на терен, објаснувајќи дека многу семејства со часови трагаа по информации за исчезнати патници.Меѓу оние што ја преживеале несреќата е и 44-годишниот Сантијаго од Хуелва, кој раскажа дека почувствувале нагло кочење, по што возот почнал силно да се ниша. По излегувањето од вагонот, наишол на мртво тело и на сцени што, како што рече, никогаш нема да ги заборави. Други патници опишуваа како летале низ воздухот, како паѓале багажите, се гаснело светлото и се слушале крици за помош од заробените.Неколкумина сведочеа дека првите спасувачки екипи пристигнале дури по околу еден час, а пристапот до вагоните бил исклучително тежок поради нивната искривеност и пад по насип. Спасувачите се соочиле со повреди од сите видови – од посекотини и модринки до тешки отворени скршеници.Градоначалникот на Адамус, Рафаел Морено, кој бил меѓу првите на местото на несреќата, изјави дека сцената била „дантеовска“, опишувајќи тела и целосно уништени вагони во мракот на ноќта. Лекарите од итната помош соопштија дека во општинската сала биле згрижени 138 лица, од кои најголемиот дел со полесни повреди, додека потешките случаи биле пренесени во болниците во регионот.Шпанија е во жалост, а истрагата треба да ги утврди причините за една од најтешките железнички трагедии во последните години.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryujbknbfvhln91c9XJAe

Мицкоски со порака за Водици: Да ја градиме државата со чесност и солидарност

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, упати порака во која го истакна значењето на празникот како симбол на откровение, прочистување и духовна обнова. Тој нагласи дека водата, како извор на живот, претставува силен потсетник за потребата од духовна и морална чистота кај секој поединец и во општеството во целина.Според Мицкоски, Водици носи силна порака за верата, храброста и подготвеноста да се оди по исправниот пат, дури и тогаш кога тој е тежок и исполнет со предизвици. Осветувањето на водите и фрлањето на Светиот крст, како што посочи, не се само традиционален обред, туку и жива порака за доверба, пожртвуваност и надеж.Тој подвлече дека празникот нè потсетува на важноста на меѓусебното заедништво и на добрите односи меѓу луѓето. Во вакви моменти, граѓаните се собираат, си даваат поддршка и ја споделуваат радоста, покажувајќи дека заедницата е најсилна кога е обединета околу вредности што ги надминуваат личните разлики и интереси.Посебен акцент во пораката беше ставен на младите, за кои Мицкоски рече дека со својата смелост и вера се потсетник дека иднината се гради со карактер, воспитување и почитување на традицијата. Тој истакна дека заедничка обврска на сите е да се создаде средина во која младите ќе растат со силно чувство на припадност и одговорност кон општеството.На крајот, Мицкоски посака Богојавление – Водици да донесе духовна сила, трпение и мудрост, повикувајќи граѓаните да останат верни на вредностите што ги држат исправени и обединети, и да продолжат да ја градат државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryn0vc01ocbge2dD5Z8Mw

„Инвеститорот толку многу го почитувал судијата, што наместо арматура, во ѕидовите ставал пачки од по 50 евра“ - лавина реакции за судијата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал извршиле претрес на дом и други простории на подрачјето на Неготино.Претресот бил извршен во рамки на истрага за пронаоѓање предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела, а се однесува на случајот со Ѓоко Ристов, судија во Апелациониот суд во Скопје, осомничен за коруптивни дејсвија.Како што информираат од МВР, при претресот во соѕидан простор во ѕидот биле пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени.Откритието стана тема на масовни реакции и коментари на социјалните мрежи:

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarydt9tg3uv4r2pemBi4rd

Ултрабогатите побогати од кога било, сиромаштијата продлабочена: богатството расте рекордно, нееднаквоста станува глобална закана

Богатството на светските милијардери во изминатата година растело трипати побрзо од претходните години и достигнало рекордно ниво, предупредува организацијата „Оксфам“ во своето најново извештај за глобалната нееднаквост. Документот, објавен во пресрет на почетокот на Светскиот економски форум во Давос, наведува дека вкупното богатство на милијардерите во 2025 година пораснало на 18,3 билиони долари, продолжувајќи го силниот тренд на раст што трае уште од 2020 година.Овој енормен пораст се случува во време кога секоја четврта личност во светот се соочува со тешкотии да обезбеди редовни оброци, а речиси половина од светската популација живее во сиромаштија. Според пресметките на „Оксфам“, 2,5 билиони долари, колку што е зголемено богатството на милијардерите минатата година, е износ приближно еднаков на вкупниот имот што го поседуваат најсиромашните 4,1 милијарди луѓе на планетата. Во исто време, бројот на милијардери првпат надминал 3.000, а Илон Маск станал првата личност во историјата чија нето-вредност надминала 500 милијарди долари.Извештајот предупредува дека паралелно со растот на богатството се засилува и концентрацијата на политичка моќ кај ултрабогатите. Според податоците, 74 од вкупно 2.027 милијардери во светот во текот на 2023 година извршувале извршни или законодавни функции во владите, што значи дека имале 3,6 проценти шанса да бидат на политичка функција. За споредба, просечниот граѓанин во светот имал само 0,0009 проценти шанса за истото.Според „Оксфам“, оваа врска меѓу економската и политичката нееднаквост е длабоко загрижувачка. Фактот што милијардерите имаат илјадници пати поголема веројатност да влијаат врз политичките одлуки, според организацијата, ја нагласува нивната прекумерна моќ и влијание врз јавните политики.Дел од растот на богатството, се наведува во извештајот, е поврзан со политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, чија втора администрација спровела намалување на даноците, обезбедила заштита на мултинационалните корпорации од меѓународен притисок и го ублажила надзорот врз монополите. Дополнителен поттик за ултрабогатите донел и наглиот раст на вредноста на компаниите поврзани со вештачката интелигенција.Во извештајот се посочува и сè поголемото влијание на милијардерите врз традиционалните и дигиталните медиуми, при што се наведува дека ултрабогатите денес контролираат повеќе од половина од најголемите медиумски компании во светот. Ваквата концентрација на капитал и моќ, предупредува „Оксфам“, ги продлабочува општествените поделби и ја загрозува демократската стабилност.Раководството на организацијата оценува дека растечкиот јаз меѓу богатите и остатокот од населението создава сериозен политички дефицит, кој може да има опасни и долгорочни последици. Според нив, владите сè почесто носат одлуки во корист на елитите, што резултира со намалување на јавната помош и ограничување на граѓанските слободи.Поради тоа, „Оксфам“ апелира до владите да усвојат национални стратегии за намалување на нееднаквоста, да воведат повисоки даноци за екстремното богатство и да воспостават поцврсти бариери меѓу капиталот и политиката, вклучително и строги ограничувања за лобирањето и финансирањето на изборните кампањи. Организацијата предлага и зајакнување на работничките права, зголемување на платите, разбивање на монополите и поголеми инвестиции во јавните услуги и социјалната заштита, оценувајќи дека само на тој начин може истовремено да се намали нееднаквоста и да се зајакне демократијата.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
nafta-mazut

Глобалните тензии ја раздвижуваат цената на нафтата

Новата година започна со силни геополитички потреси што ја вознемирија меѓународната заедница и веднаш се одразија врз глобалните економски текови. Меѓу најзначајните настани е апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американските власти, потег што предизвика остри реакции и поделени ставови на светската политичка сцена, со осуди и предупредувања што пристигнаа од различни држави и меѓународни организации.Паралелно со тоа, дополнителна неизвесност донесе и ескалацијата на протестите во Иран против тамошните власти, на кои Соединетите Американски Држави јавно им дадоа поддршка. Комбинацијата од овие два настани значително ги подигна глобалните тензии и ја зајакна перцепцијата за нестабилност во региони што имаат клучна улога во светската енергетска рамнотежа.Овие случувања одамна ја надминаа рамката на чисто политички конфликти и добија изразена економска димензија, пред сè преку нивното влијание врз пазарот на нафта. Турбуленциите на меѓународната сцена предизвикаа силни потреси на берзите и отворија нови дилеми за идните движења на цените, но и можности за инвеститорите кои внимателно ги следат сигналите од пазарот.Венецуела и Иран се меѓу државите со најголеми резерви на нафта во светот, поради што секоја нестабилност поврзана со нивните односи со САД има директен ефект врз глобалната понуда. Иако санкциите кон овие земји не се новина, последните настани означуваат дополнително заострување. Во рамки на акцијата поврзана со апсењето на Мадуро, американските власти запленија и венецуелски танкери натоварени со нафта, што уште повеќе ја продлабочи неизвесноста на пазарот.Според анализите, САД настојуваат да извршат пошироко влијание врз светската трговија со енергенси, ограничувајќи ја испораката на нафта кон повеќе региони, меѓу кои и Русија и Кина. Овие чекори ја намалуваат понудата на глобално ниво, ја зголемуваат побарувачката и неминовно вршат притисок врз цената.Во изминатите недели тоа веќе се почувствува на пазарот, каде што цената на нафтата бележи раст под влијание на неизвесноста. Во вакви услови, инвеститорите пресметуваат таканаречена ризична премија, поради што цената може да се зголемува и без реален недостиг на физичка нафта. Клучна улога игра и психологијата на пазарот, бидејќи се купуваат не само количини нафта, туку и очекувања за идните движења.Последните денови беа обележани со изразена волатилност, при што цената на нафтата се движеше со осцилации од неколку проценти во рамки на еден ден. Ако се погледне пошироката слика, во однос на пред една година цената е пониска за речиси една четвртина. Сепак, трендовите во последните шест месеци укажуваат на стабилизирање и постепен пресврт, со пад од околу осум проценти во тој период, но и раст од речиси пет проценти во однос на изминатиот месец.Овие показатели ги потврдуваат проценките на аналитичарите дека нафтениот пазар влегува во фаза на зголемена нестабилност, во која можни се значителни ценовни поместувања. Со оглед на тоа што глобалните тензии не покажуваат знаци на брзо смирување, туку напротив носат ризик од понатамошна ескалација, растот на цената на нафтата во наредниот период би можел да донесе значајни добивки за инвеститорите кои навреме ќе ги препознаат сигналите.Оваа динамика не е без значење ниту за регионот, бидејќи и Балканот се наоѓа во сферата на интересите на големите светски сили. Затоа, економистите сè почесто укажуваат дека нафтата би можела да се најде меѓу клучните инвестициони избори во периодот што следува, додека вниманието на пазарните учесници сè повеќе се насочува токму кон овој енергент.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
siljanovska-davkova-1-1

Да го разбудиме божественото во себе: претседателката Сиљановска-Давкова со честитка по повод Богојавление – Водици

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод, монаштвото, свештенството и до сите православни верници.Во честитката, претседателката истакнува дека празникот Богојавление е симбол на духовно прочистување, надеж и обновување, со желба тој да донесе радост во срцата, светлина во душите и мир во умот на сите граѓани.Таа нагласува дека осветувањето на македонските води претставува можност за надминување на малодушноста и летаргијата и повик за поголема грижа за ближните и за заедницата, преку добродетелство, солидарност и емпатија.„Само со благост, внимание, солидарност и емпатија можеме да го разбудиме божественото во себе, покажувајќи ја вистинската човекова природа“, порачува Сиљановска-Давкова.Во честитката се посочува и дека светот се соочува со длабока криза и сериозни искушенија, поради што промената мора да започне од поединецот. Според претседателката, само морални и мудри личности можат да создадат силни заедници, чиј напредок и благосостојба нема да се темелат на туѓа болка и страдање.Таа повикува на сплотеност, меѓусебно почитување и споделување на материјалните и духовните богатства, со цел заеднички да се придонесе за достоинствена сегашност и благословена, просперитетна иднина.Честитката завршува со традиционалниот поздрав: „Бог се јави!“

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo

ЕУ засега се воздржува од „трговската базука“ против САД поради Гренланд, приоритет добива дипломатијата

Земјите членки на ЕУ оцениле дека во оваа фаза треба да се избегне ескалација и да се остави простор за политичко и дипломатско решение со Соединетите Американски Држави. Инструментот против присила, усвоен во 2023 година, ѝ овозможува на Унијата да санкционира земји што вршат, како што се дефинира, „економска уцена“, преку ограничување на трговски дозволи и пристап до единствениот пазар, но досега никогаш не бил применет.Според дипломатски извори, Европската комисија на состанокот презентирала повеќе можни опции, меѓу кои и активирање на ACI, но амбасадорите на земјите членки само дискутирале, без гласање за конкретни мерки.Сепак, ЕУ има подготвен пакет контрамерки во вредност од 93 милијарди евра, насочени кон американски производи, кој може да биде активиран доколку Трамп ја реализира најавата и од 1 февруари воведе дополнителни царини од 10 проценти за осум европски земји, меѓу кои Данска, Германија и Франција. Одлуката за повторно воведување на овие мерки, кои беа суспендирани минатата година, ќе биде донесена по истекот на рокот што го постави американскиот претседател.Контрамерките беа подготвени уште лани, во период на неизвесност околу тоа дали САД ќе прифатат трговски договор со ЕУ. Тие предвидуваат реципрочни царини до 30 проценти за низа американски производи, од автомобили до живинско месо. Нивната примена беше одложена откако летоска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Доналд Трамп постигнаа договор со кој се утврди основна царина од 15 проценти за поголемиот дел од извозот на ЕУ во САД, а царините за многу американски индустриски производи беа намалени на нула.Новите закани на Трамп, поврзани со спорот околу Гренланд, го доведоа во прашање овој договор, откако влијателни пратеници во Европскиот парламент најавија одложување на гласањето за неговата имплементација, закажано за крајот на месецот.Во меѓувреме, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, свика вонреден самит на лидерите на ЕУ, кој треба да се одржи во наредните денови. Според извори запознаени со подготовките, самитот би можел да се одржи во четврток, на 22 јануари.Дипломати присутни на неделните разговори во Брисел, на кои беа претставени сите 27 земји членки на амбасадорско ниво, истакнаа дека е изразена целосна солидарност со Данска и Гренланд, како и поддршка за нивниот суверенитет и територијален интегритет.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања