Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Учениците повторно во училишните клупи: Почнува второто полугодие

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска започнува второто полугодие.Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака успех на учениците, наставниците и стручните служби во училиштата во претстојниот период.„Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и на стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и со голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник“, напиша Јаневска.Министерката минатата недела изјави дека, според информациите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје, нема пречки за почеток на второто полугодие и покрај актуелната состојба со грипот.Таа апелираше до родителите и до учениците за редовно посетување на наставата и што поретко изостанување од училиште, нагласувајќи дека истражувањата, и во Македонија и на глобално ниво, покажуваат дека учениците кои редовно ја следат наставата постигнуваат подобри резултати.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
gjokovic

Ѓоковиќ за провокациите од трибините: Повеќе ми е смешно отколку што ме вознемирува

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се осврна на провокациите што често ги добива од трибините за време на натпреварите, истакнувајќи дека тие сè поретко му пречат.За време на егзибицискиот натпревар против Френсис Тиафо, од публиката можеше да се слушне довикувањето „Ајде, Роџер“, но Ѓоковиќ вели дека ваквите ситуации повеќе не го вознемируваат како порано.„Тоа е некаков нормален тек на настаните и сигурно не е ни прв, ни последен пат да го доживеам тоа на терен. Сега повеќе ми е смешно отколку што ме нервира. Зависи и од тоа во кој момент од мечот се случува. Каква ти е психичката состојба, таква ќе биде и реакцијата – или ќе ја има, или не. Многупати сум го регистрирал тоа и едноставно поминува низ едното и излегува низ другото уво, а понекогаш реакциите знаат да бидат малку поостроумни или подрски, сè зависи како ќе ме погоди во тој миг“, изјави Ѓоковиќ.Српскиот ас во моментов има точно 100 победи во Мелбурн, бројка која, како што призна, не му била целосно во фокусот.„Навистина? Па да, не знаев дали сум веќе на таа бројка. Кога сме веќе толку блиску, зошто да не се заокружи на 100, па и повеќе. Би било убаво. Њујорк е искрено далеку“, додаде Ѓоковиќ.Новак Ѓоковиќ повторно ќе излезе на терен во четврток, кога во второто коло ќе се соочи со Италијанецот Франческо Маестрели.

Спорт | пред 4 седмици

4 нед.
ojo-1

Пет кандидати во трка за прв човек на Основното јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи 36. седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и донесувањето одлука за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.Во трката за нов шеф на скопското обвинителство се пет кандидати, меѓу кои и актуелниот прв човек на оваа институција, Гаврил Бубевски. Тој е поранешен член на Специјалното јавно обвинителство, кое беше распуштено поради корупциски скандали.Покрај Бубевски, кандидати за функцијата основен јавен обвинител на ОЈО Скопје се и Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. Одлуката на Советот се очекува да има значајно влијание врз идното функционирање на најголемото обвинителство во државата.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library6eieibmgsln510YEaEO

(ВИДЕО) Силен напад врз Киев: Балистички ракети и дронови предизвикаа пожари

Русија синоќа изврши силен напад врз Киев, главниот град на Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Во нападот избувнале пожари на инфраструктурни објекти, а во делови од градот дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека на левиот брег на градот, како последица од нападот, биле регистрирани сериозни нарушувања во енергетската и водоводната мрежа. Тој посочи дека објектите од општествено значење преминале на автономно напојување за да се обезбеди нивно непречено функционирање.Според украинските власти, има информации за една жртва во Дњепровскиот округ, каде што биле погодени и нестанбени објекти. Во истиот дел од градот експлозиите предизвикале оштетувања на високи станбени згради, а едно лице, 59-годишна жена, било повредено од ударниот бран. Оштетени биле и десетици возила.На друга локација, беспилотно летало се урнало на отворен простор, при што избувнал пожар и изгореле повеќе автомобили, објавија украинските медиуми. Началникот на Градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека во Дњепровскиот округ избувнал пожар во магацин, по што противпожарните екипи интервенирале на терен.Украинските служби за итни интервенции продолжуваат со процена на штетите, додека жителите на погодените делови од градот биле повикани да ги следат безбедносните препораки и официјалните информации од надлежните институции.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
sun-rays-cloudy-sky

Преку ден сончево, вечер локални врнежи снег

Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, информираат од УХМР.Минималната температура ќе се движи во интервал од минус 12 до минус 2 Целзиусови степени, а максималната од 0 до 8 степени.Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе биде минус 6, а дневната 6 Целзиусови степени.Во следните три дена од УХМР најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи претежно од снег.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
zaharova

Захарова: Политиката на ЕУ е комична сама по себе, не им треба дополнителен хумор

Функционер на руското Министерство за надворешни работи на шега коментираше за изјавата на претставникот на ЕУ дека во Брисел веруваат дека институциите на блокот не користат доволно шеги во јавните соопштенијаНа европските политичари не им требаат шеги во своите изјави, политиката што ја водат е комична сама по себе, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.Медиумите известуваат дека неименуван функционер на ЕУ изјавил дека во Брисел веруваат дека институциите на блокот не користат доволно шеги во јавните соопштенија, што лошо се одразува на можноста за пренесување на европската порака до јавноста, потсети Захарова.„Според мене, недостатокот на шеги е повеќе од компензиран од комедијата на политиката на ЕУ. А без хумор – човек се смее до солзи“, напиша руската функционерка на својот Телеграм канал.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Маж и жена пронајдени мртви во два одделни случаи во Македонија

На 18.01.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Јегуновце е пријавено дека во семејниот дом во с.Јегуновце, тетовско, е пронајдена почината С.С.(76) од селото.Екипа од Итна медицинска помош Тетово констатирала смрт без видливи траги на насилство.Увид извршила екипа на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција.На 18.01.2026 во 22:15 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во домот во с.Скудриње, гостиварско, е пронајден починат Ш.Ш.(55) од селото.Лекар од Здравствен дом Ростуше констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytmojk9oiubq57rOsYNb

(Видео) Почина Сенка Велетанлиќ, легендарна пејачка и сопруга на Зафир Хаџиманов

Почина српската пејачка Сенка Велетанлиќ, која на македонската јавност ѝ беше позната и како сопруга на реномираниот пејач и актер Зафир Хаџиманов. Таа почина на 89-годишна возраст по тешко боледување, а веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.„Утрово нè напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ по тешка болест. Замина тивко, достоинствено, во сон, како дама“, напиша Васил Хаџиманов.Сенка Велетанлиќ е родена во Загреб, а својата музичка кариера ја започнала како членка на хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“. Првиот голем успех го постигнала во 1960 година на Опатискиот фестивал со песната „Ноќ без ѕвезда“, со што се вброи меѓу најзначајните имиња на шлагер-сцената во шеесеттите години. Публиката ја памети по елегантниот стил и длабоката емоција во интерпретацијата.Во средината на шеесеттите години стапила во брак со Зафир Хаџиманов, со кого во 1967 година одржала заеднички рецитал во театарот „Атеље 212“ во Белград, настан кој остана запаметен како важен момент во музичката и телевизиската историја на регионот. Од нивниот брак го имаат синот Васил Хаџиманов, еден од најистакнатите џез-музичари на овие простори.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryoe9de4hu73jj3SwHyfG

(ВИДЕО) Хаос на автопат во Мичиген: Најмалку 100 возила се судрија поради намалена видливост

Најмалку 100 возила учествувале во масовен верижен судир на меѓудржавниот автопат I-196, југоисточно од градот Гранд Рапидс, во американската сојузна држава Мичиген, за време на силна снежна бура што ја зафати областа во понеделникот наутро, пренесуваат американските медиуми.Полицијата го добила првиот повик за несреќата околу 10:30 часот по локално време. Снимки направени со дрон покажуваат хаотична сцена, при што во еден дел од судирот можеле да се забележат најмалку шест товарни возила со приколки, заглавени меѓу патнички автомобили.Според надлежните служби, видливоста била намалена на само околу четвртина милја, а силните ветрови достигнувале брзина до 40 милји на час, што значително ја отежнало контролата врз возилата.И покрај големиот број учесници во судирот, од канцеларијата на шерифот соопштија дека нема загинати лица. Сепак, пријавени се повеќе повредени, кои биле пренесени во болници, додека спасувачките и полициските екипи со часови работеле на расчистување на автопатот и извлекување на возилата.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
filipce-ck-sdsm

СДСМ: ВМРО сака да го бира претседателот на партијата

Каде се случило владејачката партија да бара оставка од претседателот на опозиционата партија? Тоа е апсолутен апсурд, достоен за сценарио од Монти Пајтон,„Но, еве, во нашата реалност, ВМРО ни дава секојдневни совети и сугестии за подобрување на СДСМ, па дури сака да го бира и претседателот на партијата.Ова го нема никаде.Добро, ајде, знаеме дека лажно се грижат за нас како многу загрижени тетки, но да бараат оставка од нашиот претседател?Па, тоа ни Монти Пајтон не би го смислил – би рекле дека е преапсурдно дури и за нивните скечеви!ВМРО, наместо да се фокусира на огромните проблеми со кои се соочуваат граѓаните, се претвори  во партија која по цел ден се занимава со криминални тендери и со напади врз СДСМ.Секој ден: „Направете вака, направете така“Како да се „консултанти“ а не партија.А сега и бараат оставка од претседателот Венко Филипче?Знаеме дека сакаат контролирала опозиција, но тоа треба на друго место да го бараат, не во СДСМ.Што очекуваат следно? СДСМ да ѝ каже на власта: „Ви благодариме што сте на власт, ве молиме останете уште!“Каде е логиката? Во циркусот на Монти Пајтон, можеби и во ВМРО, никаде на друго место.Не насмеаја, сите граѓани на Македонија, но веќе ништо не е смешно.СДСМ ќе продолжи да го разобличува криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, ќе продолжи да се бори против изолацијата на земјата и за сите наши граѓаните.Иднината на граѓаните и на Македонија е нашат водилка!Доста е со губење време, сите ќе одговарате!Туку одговорете, отиде ли Жан во обвинителство?“, стои во соопштението

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
makron-tramp

„Трамп, не благодарам“: Париз не се приклучува на новиот мировен одбор

Францускиот претседател Емануел Макрон не планира да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување кон предложениот „Одбор за мир“, изјавил за „Блумберг“ извор близок до францускиот лидер.Според неименуваниот извор, Макрон смета дека нацрт-повелбата на одборот ги надминува прашањата поврзани со Газа и отвора сериозни дилеми, особено во однос на почитувањето на принципите и институционалната рамка на Обединетите нации, кои Франција ги смета за неприкосновени.Извори запознаени со ситуацијата наведуваат дека неколку европски земји исто така добиле покана да се приклучат на одборот, а Доналд Трамп има намера конечната повелба и мандатот на телото да бидат потпишани во Давос, во четврток.Сепак, одредени одредби во документот предизвикале сомнежи кај дел од поканетите држави околу тоа дали воопшто треба да го прифатат учеството. Дополнителна контроверзност предизвикува барањето на американската администрација земјите што сакаат постојано место во одборот да придонесат со најмалку една милијарда долари.Според нацрт-повелбата на предложената група, во која „Блумберг“ имал увид, Доналд Трамп би бил првиот претседавач на одборот и би располагал со овластувања самостојно да одлучува за членството.Критичарите предупредуваат дека со оваа иницијатива Трамп се обидува да изгради алтернативна меѓународна структура која би можела да стане ривал на Обединетите нации, организација што американскиот претседател со години јавно ја критикува.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспостави јасна рамка за тоа како ваква мисија би можела да се реализира на терен.Тој додаде дека разговорите се целосно усогласени со ставовите и позициите на владата на Гренланд, истакнувајќи дека сите чекори се координираат со локалните власти.Разговорите се одвиваат во чувствителен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите поврзани со прашањето за суверенитетот над Гренланд, кој припаѓа на Данска. Таквите потези предизвикаа реакции и во Европската унија, каде што, според медиумските извештаи, се разгледува можноста за воведување сопствени мерки како одговор на зголемените притисоци.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Денеска за последен пат ви се обраќам како претседател на Бугарија, утре поднесувам оставка

Бугарскиот претседател Румен Радев соопшти дека на 20 јануари 2026 година ќе ја депонира својата оставка, обраќајќи ѝ се на јавноста во вонредно телевизиско обраќање. Тој истакна дека ова е последен пат да им се обраќа на граѓаните како претседател на Бугарија и им се заблагодари за трпението и довербата што му ја укажувале во изминатите девет години.Радев потсети дека првпат бил избран за претседател во 2016 година, а повторно ја добил довербата на граѓаните во 2021 година, што, како што рече, претставувало чест и одговорност што настојувал да ја оправда со своите постапки. Во тој период, според него, Бугарија поминала низ низа кризи, напади врз демократијата и масовни протести во 2020 и 2025 година, а околностите наложиле дури седум пати да именува службени влади со цел да го заштити јавниот интерес.Во своето обраќање, Радев побара прошка од граѓаните, признавајќи дека имало грешки и работи што не успеал да ги доврши. Тој нагласи дека токму вербата дека целите можат да се остварат е еден од главните мотиви за неговата одлука да поднесе оставка. Притоа истакна дека во изминатите години Бугарија го завршила процесот на европска интеграција, станувајќи членка на Шенген-зоната и еврозоната, но оцени дека исполнувањето на овие стратешки цели не донело очекувана стабилност и задоволство кај граѓаните.Радев потсети и на протестите од 2020 година, серијата парламентарни избори и разочарувањата што следеле, оценувајќи дека тогашната власт ја избришала разликата меѓу борбата против корупцијата и самата корупција.Како врв на, како што рече, политичкиот произвол, Радев го наведе менувањето на Уставот, со што, според него, се овозможил траен олигархиски надзор врз извршната власт, а службените влади повеќе не биле сигурен гарант за фер избори. Тој посочи дека конечниот раздор меѓу граѓаните и политичката класа настанал со одбивањето да се одржи референдум за датумот на воведување на еврото.Претседателот оцени дека протестите од крајот на минатата година довеле до пад на владата и создале широк општествен консензус против мафијата, кој треба да се преточи на претстојните парламентарни избори. Според него, денешната политичка класа ги изневерила надежите на граѓаните, поради што е неопходен нов општествен договор, бидејќи демократијата не може да опстане доколку е препуштена на корупција, компромиси и екстремизам.На крајот, Радев официјално потврди дека утре ќе ја депонира оставката од функцијата претседател на Република Бугарија и изрази уверување дека потпретседателката Илијана Јотова ќе биде достоен државен поглавар. Тој порача дека претстои битка за иднината на татковината и изрази верба дека таа ќе се води заедно со граѓаните.Румен Радев е петтиот демократски избран претседател на Бугарија, избран во 2016 година и реизбран во 2021 година. Со оваа одлука, тој станува првиот шеф на државата избран на директни избори кој не го довршува својот мандат. Редовните претседателски избори треба да се одржат подоцна оваа година, а новиот претседател се очекува да положи заклетва во јануари 2027 година.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
2874109_rumen-radev_ls

Румен Радев поднесе оставка од функцијата претседател на Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека ќе поднесе оставка од функцијата, соопштувајќи дека официјалната оставка ќе ја поднесе во вторник, на 20 јануари. Во своето обраќање до граѓаните, Радев изјави дека за девет години во улога на претседател и потпретседател покажале способност за ефикасна и синхронизирана работа, обединети околу заедничка цел. Тој изрази уверување дека неговата потпретседателка Илијана Јотова ќе биде достоен наследник на функцијата шеф на државата.Во обраќањето, Радев најави и политички проект кој, како што рече, ќе ја промени статус квото, без да ги открие деталите за идната партија. „Битката за иднината на татковината е пред нас и верувам дека ќе ја водиме заедно со сите вас – достојните, инспирирани и непомирливи“, истакна тој.Радев се осврна на кризите со кои се соочувала Бугарија за време на неговиот мандат, вклучувајќи ги нападите на олигархијата врз демократијата и големите протести во 2020 и 2025 година, како и седумте привремени влади што биле назначени во неговиот мандат за заштита на државните и јавните интереси.„За последен пат ви се обраќам како претседател на Бугарија. Ги признавам моите грешки и сфаќам што не успеав да постигнам. Но токму мојата верба дека ќе го постигнеме тоа е една од главните причини за оваа моја одлука“, рече Радев, истовремено побарајќи прошка и заблагодарувајќи им се на граѓаните за нивното трпение и доверба.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library2on23crrqgqh4iUcogF

Шпанскиот министер за сообраќај: Пругата беше обновена, вложени се 700 милиони евра

Шпанскиот министер за сообраќај Оскар Пуенте соопшти дека бројот на загинати во тешката железничка несреќа во Шпанија, кој во моментов изнесува 39 лица, не е конечен. Тој нагласи дека спасувачките екипи и натаму работат на терен и дека постои можност бројката да се зголеми.Министерот им се заблагодари на сите служби кои учествуваа во спасувачката акција и изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Во објава на социјалните мрежи, Пуенте истакна дека спасувачите работеле во исклучително тешки услови во текот на ноќта, покажувајќи голема пожртвуваност и професионалност.Во изјава за медиумите, Пуенте појасни дека првиот воз кој излетал од шините бил стар само неколку години. Тој нагласи дека железничката пруга на која се случила несреќата била целосно обновена во мај 2025 година и дека во инфраструктурата биле вложени околу 700 милиони евра.Министерот информираше дека е формирана посебна комисија за истрага, која треба да ги утврди сите околности и причини што довеле до несреќата.Железничката несреќа се случила околу 19:45 часот во местото Адамус, во автономната покраина Андалузија, кога воз кој сообраќал на релација Малага–Мадрид излетал од шините и завршил на соседниот колосек, по кој во тој момент се движел воз од Мадрид кон Уелва. По судирот, и вториот воз излетал од шините, што резултирало со голем број жртви и повредени.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryocgo6bg9mv5d5XR0VAL

Чешкиот премиер предупреди: „Руските ракети би стигнале до Белата куќа за 26 минути“

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ги разбира аргументите на претседателот на САД, Доналд Трамп, поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека тој простор има значајна улога во глобалната безбедносна архитектура. Според неговите зборови, проценките покажуваат дека руските суперракети познати како „орешник“ би можеле од Русија, преку Гренланд, да стигнат до Белата куќа за само 26 минути.„Купив еден голем и убав глобус за 15 илјади чешки круни, односно околу 620 евра, за точно да видам каде се наоѓа Гренланд. Според проценките, руските суперракети „орешник“ би стигнале од Русија до Белата куќа за 26 минути и би прелетале токму преку Гренланд“, изјави Бабиш, пренесува чешката телевизија Прима.Чешкиот премиер оцени дека безбедносните предизвици кои ги претставуваат Русија и Кина не треба да се потценуваат и додаде дека отворените конфликти се контрапродуктивни, нагласувајќи ја потребата од дијалог и договор.На прашањето дали Чешка стои зад Гренланд и дали ќе се приклучи на заедничката изјава на европските земји кои предупредија на воведување американски царини, Бабиш изјави дека во овој момент не може да го потврди тоа.Тој потсети дека во рамките на НАТО, водечка улога имаат Соединетите Американски Држави и заклучи дека ваквите несогласувања мора да се решаваат преку договор, а не преку заострување на односите.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryorktp04mm5pfaSABHoY

Може ли автомобилското стакло да пукне поради екстремен студ или жештина

Иако може да звучи неверојатно, постојат бројни забележани случаи во кои автомобилските стакла пукнале или целосно се распрснале без каков било удар. За време на топлотни бранови, автомобили паркирани директно на сонце добивале пукнатини на ветробранското стакло, понекогаш веднаш по вклучувањето на уредот за ладење.Слични проблеми се јавуваат и во зима, кога силниот надворешен студ и наглото загревање одвнатре создаваат голем температурен притисок врз стаклото. Главната причина за ваквите појави е нерамномерната промена на температурата. Кога возилото стои на сонце, стаклото и металната каросерија се загреваат со различна брзина. Ако потоа се вклучи клима-уредот, внатрешната страна на стаклото нагло се лади, додека надворешната останува жешка. Таквиот температурен шок создава напрегање, при што и најмалите оштетувања или микропукнатини стануваат критични точки на пукање.Во зимски услови процесот е обратен. Надворешната површина на стаклото е ледено студена, а силното и нагло вклучување на греењето или одмаглувачот брзо ја загрева внатрешната страна, што повторно доведува до напрегање и можност за пукање.Ветробранското стакло е изработено од ламинирано стакло, составено од два слоја поврзани со посебна фолија, поради што најчесто пука постепено, а пукнатината со текот на времето се шири. Страничните и задното стакло, пак, најчесто се од калено стакло, кое е проектирано при достигнување на границата на напрегање да се распрсне одеднаш, со силен звук. Доколку веќе постои ситно оштетување, ризикот значително се зголемува, бидејќи тоа место дополнително ја ослабува структурата на стаклото.За да се намали ризикот од пукање, важно е навремено да се санираат малите оштетувања на стаклото. Се препорачува избегнување на нагли температурни промени. Во лето, пред вклучување на клима-уредот, добро е автомобилот да се проветри и температурата постепено да се намалува. Паркирањето под сенка или во гаража значително го намалува ризикот. При миење на возилото не треба да се полева жешко стакло со ладна вода, ниту обратно.Во зимски услови не се препорачува нагло вклучување на максимално греење, ниту истурање врела вода врз замрзнато стакло. Постепеното загревање и користењето стругалка за мраз се најбезбедниот начин да се избегнат пукнатини и кршење на стаклата.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Мајкрософт објави итна исправка за проблемите со гаснењето на Windows 11

Мајкрософт објави итна исправка откако последното безбедносно ажурирање за Windows 11 предизвика сериозни проблеми кај дел од корисниците, поради кои компјутерите не можеа правилно да се исклучат или да преминат во состојба на мирување.Проблемот се појавил по инсталацијата на јануарскиот безбедносен пакет, кога корисниците пријавиле дека уредите, наместо да се исклучат, повторно се рестартираат или остануваат вклучени. Според соопштението на компанијата, грешката најмногу ги погодила уредите со изданијата Windows 11 Enterprise и Windows 11 IoT, особено оние кај кои е активирана безбедносната функција Secure Launch.Покрај тоа, кај дел од корисниците биле забележани и проблеми со поврзувањето преку Remote Desktop, при што доаѓало до потешкотии со проверката на идентитетот и далечинското најавување на системот.Мајкрософт го потврди постоењето на пропустот и реагираше со објавување таканаречено „out-of-band“ ажурирање. Новата исправка ги решава проблемите поврзани со исклучувањето, хибернацијата и далечинскиот пристап, а на корисниците им се препорачува да ја инсталираат што е можно побрзо.Од компанијата наведуваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и упатуваат апел до системските администратори и деловните корисници редовно да го проверуваат статусот на ажурирањата, со цел да се избегнат дополнителни технички потешкотии.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

Трагедија во струмичко: Маж починал откако паднал во шахта

Шеесет и шестгодишен маж со иницијали К.Г. е пронајден починат вчера во струмичкото село Радичево. Според информации од МВР, човекот од невнимание паднал во шахта во дворот од неговата куќа.Лекар од Итна помош констатирал смрт, истакнувајќи дека на телото нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања