Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
media-libraryrok18d08vvp736XhNcb

Трамп: Предавањето на Диего Гарсија е „голема глупост“ и закана за безбедноста

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, остро го критикуваше Обединетото Кралство поради плановите да му го отстапи островот Диего Гарсија на Маурициус. Островот е дел од архипелагот Чагос и има клучно стратешко значење, бидејќи на него е сместена американска воена база.Трамп овој потег го оцени како „голема глупост“, наведувајќи дека станува збор за исклучително важна територија од аспект на националната безбедност. Во објава на платформата „Truth Social“, американскиот претседател порача дека ваквата одлука е уште еден во низата аргументи зошто САД, според него, мора да го „стекнат Гренланд“.Според Трамп, Кина и Русија го доживуваат овој потег како чин на „целосна слабост“. Тој ги повика Данска и европските сојузници да „ја направат вистинската работа“, нагласувајќи ја важноста на стратешкото единство.Од друга страна, британскиот министер Дарен Џонс изјави дека коментарите на американскиот претседател нема да влијаат врз веќе постигнатиот договор со Маурициус. Тој појасни дека спогодбата е правно регулирана и гарантира опстанок на американската воена база на Диего Гарсија во следните 100 години.Џонс истакна дека токму на овој начин се обезбедува долгорочна стабилност и континуитет на базата, додавајќи дека САД претходно позитивно го оцениле договорот. Британската влада, според него, и понатаму останува во силна позиција благодарение на внимателно избалансираната дипломатија, и покрај промените во американската администрација.Додека официјалните претставници во Лондон инсистираат на континуитетот на договорот, дел од британската политичка сцена зазеде поинаков став. Лидерот на партијата „Реформ УК“, Најџел Фараж, кој важи за близок до Трамп, јавно го поддржа американскиот претседател и ја критикуваше одлуката за предавање на островот.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Со казната ќе пристигнуваат и фотографии, вели Исени за проектот „Безбеден град“

Астриу Исени, заменик министерот за внатрешни работи,синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека казните од проектот „Безбеден град“ ќе пристигнуваат со приложени фотографии. Ќе имало казни и за неносење сигурносен појас и за зборување на мобилен телефон.„Казната ќе вклучува и фотографија. Ќе се види дали возачот носел сигурносен појас или зборувал на телефон“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени во Click Plus.Исени, меѓу другото, нагласи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку, како што додаде, да се подигне свеста за невнимание.Исени најави дека казните од „Безбеден град“ ќе бидат и на албански јазик.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
525260601_10164110712530934_3299071640872807828_n

Во Куманово натепан газда на гостилница, оти одбил по полноќ да угости двајца гости: го удирале по глава, му искршиле и рака

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички сториле кривично дело насилство, согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Според наводите на обвинителството, инцидентот се случил на 18 јануари, по 1 часот по полноќ, кога осомничените агресивно се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена. Нивната намера била и по завршувањето на работното време да продолжат со консумирање алкохол во објектот, но сопственикот тоа не им го дозволил.По одбивањето, осомничените започнале со особено агресивно и насилничко однесување во дворот на угостителскиот објект, при што физички го нападнале сопственикот. Му задале повеќе удари по главата и телото, го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди, меѓу кои скршеница на десната рака и повреда на увото.Со ваквите насилнички дејствија, како што информираат од обвинителството, кај уште неколку лица кои во тој момент се затекнале во близина на објектот било предизвикано чувство на страв и сериозна несигурност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и им определил притвор во траење од по 30 дена, додека истражната постапка продолжува.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarycgh7s1ce0rqi3cGROOd

Мицкоски во Давос на средби со глобални корпорации, фокус на енергетиката и новите технологии

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. На форумот во швајцарскиот зимски центар кој годинава се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, ќе има 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и повеќе од 850 извршни директори на водечки светски компании.– Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос – објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација, како што информираат од владината прес-служба, ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина над 6 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Утринава силен земјотрес ја погоди областа на Папуа Нова Гвинеја, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 106 километри под површината на земјата. Дел од извештаите наведуваат дека јачината на потресот можеби достигнала и до 6,7 степени.Засега нема официјални информации за настрадани лица или за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Интервентна полиција уапси скопјанец со огнено оружје во Кисела Вода

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа лишија од слобода едно лице поради незаконско поседување огнено оружје и муниција на подрачјето на Кисела Вода.Настанот се случил на 19 јануари 2026 година околу 21:00 часот, кога на булеварот „Борис Трајковски“ полициските службеници запреле патничко моторно возило марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, управувано од А.Г. (37) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, полицијата пронашла пиштол, две рамки за оружјето и вкупно 41 куршум.Лицето веднаш било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите законски мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Пожарот во Кочани – трагичен симбол на корупцијата и институционалниот распад, според „Барометарот на корупцијата 2025“

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина, велат од Транспаренси Интернешнл Македонија.„Овој годишен Извештај е преглед на сите дванаесет изданија на „Бистро-Матно“ коишто беа објавени во изминатата 2025 година.Во изминатата година со сигурност можеме да кажеме дека ја обележа катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и сите понатамошни коруптивни случувања кои беа откриени како последица од истиот. Институционални пропусти, затајување на системот за превенција како и недостаток на колективна свест за сериозноста на последиците кои се предизвикани од корупција, почнувајќи од најниските слоеви во државната управа. Отворањето на истрагата како и поднесувањето на обвинението беше спроведено во предвидениот законски рок, но „ќе се кршат копјата“ во потрага на правдата во судската постапка која ни претстои.Случувањата во Државната Комисија за спречување на корупција со поднесувањето на обвинение на тогашната Претседателка поради оддавање на службени тајни го иницира прашањето на кредибилитетот на институцијата.Не остана незабележано и поднесувањето на обвинението за предметот „Онкологија“ којшто во јавноста иницира сомнеж во функционирањето на целокупниот здравствен систем во нашата држава. Областа од здравствениот систем годинава уште еднаш беше во центар на случувања кога Комисија од страна на Министерствот за здравство откри дека од вкупно 19 случаи на кардиохируршки зафати што биле разгледани, речиси половина биле оценети како непотребни. Реакцијата на здравствените власти доаѓа по претходни укажувања  дека во приватни клиники се прават непотребни операции за профит.Од исклучително значење е да се спомене дека ниту во изминатата година не беше донесен новиот Кривичен Законик којшто долго се очекува. Скандалозните измени на Кривичниот Законик кои беа донесени во 2023 година предизвикаа сериозна штета во високопрофилираните коруптивни истраги и судски предмети којашто продолжува да се продлабочува со неносењето на нов КЗ.Очекувано и од значење е да се спомене дека во скоро секое издание на „Бистро-Матно“ беа забележани настани, односно извршени ревизии објавени од страна на Државниот Завод за Ревизија. Неповолни ревизии и утврдени системски слабости во функционирањето на институциите.На штета на граѓаните, а поради немање на политичка воља институцијата Народен Правобранител која треба да се грижи за уставните и законските права на граѓаните останува “обезглавена“. Загрижувачки и некоректно е ваквиот однос спрема институција чија главна задача и е заштита на човековите слободи и права, а воедно е и механизам за надзор и следење на законитото работење на институциите.Од овогодинешниот преглед на настани се забележуваат повеќе случувања со давање или примање на поткуп како: Истражна постапка за поранешниот Дирекот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РСМ; побарано мито за дозвола за проект за градење на апартмани во Маврово и Ростуше како и мито за изготвување на документација за наводни прегледи, контрола и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице; Поткупот на директорот на Геријатрија за да смести неподвижно лице и Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и Поранешниот државен правобранител кој примил 50.000 евра за да влијае врз судија во апелацискиот суд.Иако во сенка од таканаречените матни настани не изостанаа и бистрите настани.Во духот на минатогодинешниот Индекс на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл кој ја нагласува потребата за итна акција против корупцијата и предупредување за критична глобална пречка за спроведување на успешни мерки за заштита на климата и климатските промени, во текот на изминатата година кај нас особено активни и гласни беа граѓанските организации кои делуваат во областа на заштитата на животната средина, климатските промени и глобалното затоплување, придонесувајќи кон зголемена јавна свест и опшествен дијалог по овие прашања. Ваквите активности придонесоа со донесување одлука на Советот на Град Скопје за дислокација на еден од најголемите загадувачи на Скопје цементарница „Усје“ по предлог на „Зелен хуман град“.Позитивен потег е и воведувањето на софтверски систем од страна на Управниот суд да воспостави дигитална врска со сите јавни институции како и со Вишиот Управен суд, со што директно се влијае на поефикасно и побрзо функционирање на судскиот систем.За крај како еден од бистрите настани е посветен на младите. Седум млади студенти од Македонија се автори на едукативна електронска игра „Сива зона“, наменета за средношколци, чија цел е да ја подигне свеста за корупцијата и последиците од неетичките одлуки“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

„Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква, вели ВМРО-ДПМНЕ„ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“... што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ.Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар.Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика.Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryievp6a7arjsjcA2G6nZ

НИС поднесе барање до ОФАК за продолжување на лиценцата за работа

Министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека Нафтната индустрија на Србија поднела барање до американската Канцеларија за контрола на странски средства со цел да ѝ биде дозволено да продолжи со оперативна работа, додека траат понатамошните разговори за успешно завршување на трансакцијата меѓу Гаспромњефт и унгарската компанија МОЛ.Таа посочи дека по завршувањето на трансакцијата Србија би можела да го зголеми својот сопственички удел за пет отсто, како и дека се очекува други партнери од Обединетите Арапски Емирати да преземат малцински удел во рамки на 56,15 отсто што планира да го преземе МОЛ.Објаснувајќи до каде е процесот за решавање на состојбата со НИС, министерката нагласи дека сè уште не е постигнат конечен купопродажен договор и дека разговорите моментално се водат околу основните одредби на идните договори.Таа истакна дека е важно што руските мнозински сопственици, Гаспромњефт и НИС, веќе се усогласиле околу основните принципи и дека формално е поднесено барање до американската администрација.Според Ѓедовиќ Хандановиќ, Србија со дополнителни пет отсто сопственички удел би добила поголема контрола во Собранието на акционери на НИС и можност да блокира одлуки со кои не се согласува. Таа додаде дека целта е да се подобри позицијата на државата во однос на договорот склучен во 2008 година и дека потпишаниот меморандум за разбирање со МОЛ претставува важен чекор во таа насока.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.ЈО да не молчи.ЈО веднаш да го истражи случајот.Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

(ВИДЕО) Нова закана од Трамп: 200 отсто царини за Франција

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека има намера да воведе царини од 200 отсто на француските вина и шампањи, во рамки на поширока закана за воведување трговски мерки против европските земји кои се спротивставуваат на неговиот план поврзан со Гренланд.„Ќе воведам царини од 200 отсто за француските вина и шампањи, а Макрон, ќе се приклучи на мировниот совет“, изјави Трамп пред новинарите, пренесува Ројтерс.Францускиот претседател Макрон претходно порача дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во таканаречениот мировен совет. Тој оцени дека заканите со царини се неприфатливи и нагласи дека Франција и Европската унија нема да подлегнат на притисоци.Трамп во повеќе наврати изјави дека, според негово мислење, европските земји „нема да пружат сериозен отпор“ на неговиот план за преземање на Гренланд, што предизвика остри реакции од европските лидери.Како одговор, Макрон побара од Европската унија да го активира Инструментот против присила, познат како трговска „базука“, со цел заштита на европските економски интереси. Тој истакна дека Европа ќе одговори обединето и координирано и дека европскиот суверенитет мора да биде зачуван.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryfa6e7c18k7un6eOLwQD

СДСМ: ВМРО дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот Филипче

ВМРО дури и на голем верски празник ВМРО се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление - Водици. Овој вид евтина политичка манипулација само покажува колку ВМРО е оддалечена од реалните проблеми на граѓаните и колку се подготвени да злоупотребуваат се, дури и верските традиции за политички поени, велат од СДСМ„По црковната традиција, божиќниот поздрав „Бог се роди“ се користи од Божиќ на 7 јануари па сѐ до Богојавление на 19 јануари.Значи, не е погрешно да се користи и на овој ден, заедно со вообичаениот поздрав „Бог се јави“.Дополнително, во некои локални обичаи и традиции, овој поздрав може да се користи и подолго, што го покажува богатството на православната култура.Во текстот на кујните на ВМРО стои, цитираме:„Со овој поздрав христијаните се поздравуваат по празникот Божиќ, Рождество Христово, кој се празнува на 25 декември според Грегоријанскиот, или на 7 јануари според Јулијанскиот календар.“Прво, не се поздравува по Божиќниот празник, туку од тоа утро, од тој ден на празникот!Второ, не е „7. јануари по Јулијанскиот“, по јулијанскиот календар е 25. декември, но ние денес живееме по грегоријанскиот календар, па го перципираме како 7 јануари.Трето, да поставиме прашање до ВМРО: Кој се поздравува со христијанскиот поздрав „Бог се роди“, пред сѐ застапен во православието, на 25. декември по грегоријанскиот календар?ВМРО толку ништо не знае, вистински „ќаци“. Напредна верзија 2.0, полоша од својата вмро сестринска „copy-paste“ СНС варијанта!ВМРО се обидува да се претстави како бранител на верата, додека всушност, дури и сега ненамерно (бидејќи секојдневно прават намерно) со своето незнаење, повторно шири дезинформации.СДСМ останува посветен на единството, толеранцијата и решавањето на реалните предизвици за сите граѓани на Македонија, без злоупотреба на религијата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarypb42fbjrpkphaDFwoQE

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта - јавните пари се користат за дворски трубадури

Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под капата на ДПМНЕ и Мицкоски! Претходно како приватна фирма на Груби кој го пуштија во бегство, а сега како партиска каса за финансирање на апологети на власта и јавни личности чија примарна улога е да ја шминкаат реалноста и да го бранат неуспехот на власта, велат од политичката партија Левица.„Месечни хонорари од по 35.000 до 60.000 денари, односно над 4 милиони месечно се исплаќаат на инфлуенсери, професори, јавни личности, партнери на функционери од власта и други членови на владејачките политички партии!Додека има пари за купување на лојалноста, нема за покачување на платите, за лекови, социјални програми, реална поддршка на младите, подобрување на условите во училиштата и болниците, достоинствен живот на граѓаните.Овие лица како платени факели ја осветлуваат сцената по вкус на власта, додека во заднина се крие мракот на сиромаштијата, иселувањето и распадот на јавните услуги. Јавните пари, наместо да бидат семе за развој, се фрлаат како трошки за одржување на ехото на партиските мантри на мрежа на привилегирани креатори на јавно мислење кои се хранат од народната каса.Ова е учебникарски пример на клиентелистичка држава, во која институциите се користат како ПР-агенции на власта, а јавните средства како гориво за партиска самопромоција.Бидејќи народот не е публика во ПР-спектаклот на власта, туку сопственик на буџетот, Левица бара Државната лотарија, односно директорот Александар КЛИМОВСКИ, итно и јавно да одговори:– По кои критериуми се ангажираат овие лица?– Кои се нивните конкретни задачи и резултати?– Каков е јавниот интерес од нивниот ангажман?- Зошто овие лица се скриени и не се наоѓаат во базата на јавни информации?Во Македонија има пари, но тие течат по канали ископани од алчност и партиска привилегија. Наместо да се вложуваат во општествено корисни политики и јавен интерес, тие се крадат, се претвораат во патни трошоци, хонорари за непродуктивни улоги, во сценографија на власта која сака да изгледа коректна и силна, додека суштински ја празни државната каса.Државата не е сиромашна, туку е ограбена и злоупотребена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Најстудено во Берово -11 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Утрото во земјава беше исклучително студено, со минимални температури што на повеќе места се спуштија длабоко под нулата. Најстудено беше во Берово со измерени минус 11 степени, по што следуваат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со минус 10, додека на Скопје-Петровец се измерени минус 9 степени Целзиусови. Во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево минималната температура изнесуваше минус 8, а во Скопје на Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип минус 7 степени.Снежна покривка до 7 часот наутро е измерена на Попова Шапка и изнесува 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста постепено ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од минус 2 до 8 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне и кон крајот на денот умерено облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
makron

(ФОТО) Трамп јавно ги сподели пораките од Макрон

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави снимки од екранот од наводни пораки кои му ги испратил францускиот претседател Емануел Макрон преку апликацијата за размена на пораки „Сигнал“.Во пораките, како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, Макрон му напишал на Трамп дека не разбира што прави во врска со Гренланд. Во исто време, францускиот претседател навестил можност за организирање состанок во Париз во четврток попладне, по завршувањето на форумот во Давос, во формат на Г7.Според содржината на пораките, Макрон предложил на маргините на состанокот да бидат поканети и претставници на Украина, Данска, Сирија и Русија, со цел разговори за пошироки меѓународни прашања.На истите снимки од екранот се гледа и покана од Макрон до Трамп за вечера во Париз во четврток. Одговорот на американскиот претседател не е прикажан во објавените пораки.Објавата на Трамп предизвика силни реакции во јавноста и повторно ги отвори прашањата за односите меѓу Вашингтон и Париз, како и за чувствителните теми поврзани со Гренланд и геополитичките тензии.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
avioni

Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин поради воени летови

Аеродромите во Жешов и Лублин, на истокот од Полска, привремено ги прекинаа цивилните операции со цел да се овозможи непречено движење на воената авијација.Како што соопшти Полската агенција за услуги во воздушната навигација, одлуката е донесена поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување на воените авиони, поради што летовите од и кон двата аеродрома се суспендирани до понатамошно известување.Мерката доаѓа во период на зголемени безбедносни тензии во регионот, откако Украина информираше дека Русија извршила ноќен напад врз Киев со балистички ракети и беспилотни летала, при што биле предизвикани пожари на инфраструктурни објекти.Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека како последица на нападите, на левиот брег на градот дошло до прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryr6vr41ntaeb22LJlcwK

Индија турка нова идеја во БРИКС – заедничка дигитална валута

Централната банка на Индија (RBI) предложи земјите-членки на БРИКС да ги поврзат своите дигитални валути со цел да се олеснат прекуграничната трговија и плаќањата во туризмот, што би можело да доведе до намалување на зависноста од американскиот долар.Според информации од два извори запознаени со процесот, RBI ѝ препорачала на индиската влада оваа иницијатива да биде вклучена на дневниот ред на самитот на БРИКС во 2026 година, чиј домаќин ќе биде Индија. Доколку предлогот биде прифатен, тоа би претставувало прва формална иницијатива за меѓусебно поврзување на дигиталните валути на земјите од овој блок.Идејата се надоврзува на декларацијата усвоена на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро во 2025 година, во која беше нагласена потребата платните системи на земјите-членки да се поврзат за да се направат прекуграничните плаќања побрзи и поефикасни.Централната банка на Индија и претходно покажуваше интерес за поврзување на индиската дигитална рупија со дигиталните валути на други држави, но постојано истакнуваше дека тие напори не се насочени кон дедоларизација. Сепак, новиот предлог отвора можност за поширока соработка во рамки на БРИКС.Дигиталната рупија, која беше воведена во декември 2022 година, досега има околу седум милиони корисници, додека Кина паралелно работи на проширување на меѓународната употреба на дигиталниот јуан. Изворите наведуваат дека за успехот на иницијативата ќе бидат клучни заеднички технолошки стандарди, јасни правила за управување и механизми за решавање на трговските нерамнотежи, вклучително и можноста за користење билатерални девизни своп-договори меѓу централните банки.Групата БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, а во поново време ѝ се приклучија и Обединетите Арапски Емирати, Иран и Индонезија. Иницијативата потенцијално би можела да предизвика незадоволство кај САД, кои и претходно предупредуваа на обидите за заобиколување на доларот. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатото го опиша БРИКС како „антиамерикански сојуз“ и се закани со воведување царини за неговите членки.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

Денес започнува тестирањето на сообраќајните камери во рамки на „Безбеден град“

Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот.Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.Во првата недела од предвидениот период активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје.- Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности - се наведува во соопштението од МВР.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryuhru121bci00cAdWXOd

Википедија склучи договори со водечките AI-компании

Фондацијата „Викимедија“, која управува со интернет-енциклопедијата Википедија, објави дека склучила нови комерцијални договори со водечки компании од областа на вештачката интелигенција, меѓу кои се „Амазон“, „Мета Платформс“, „Перплексити“, „Мајкрософт“ и „Мистрал AI“, преку својата деловна платформа „Викимедија Ентерпрајз“.Објавата доаѓа во период кога Википедија одбележува 25 години од своето постоење и претставува продолжување на напорите да се одговори на сè поголемите барања што генеративните технологии за вештачка интелигенција ги наметнуваат врз инфраструктурата на сајтот. Преку „Викимедија Ентерпрајз“ се нуди платен пристап до структурирани податоци од повеќе од 65 милиони статии на над 300 јазици, наменети за големи технолошки компании кои овие информации ги користат за обука и функционирање на своите AI-системи.Слични договори со „Гугл“ биле склучени уште во 2022 година, а со новите партнерства моделот на монетизација е проширен и на други големи компании. Целта, како што наведуваат од фондацијата, е да се ублажат високите трошоци за сервери и инфраструктура, предизвикани од масовната автоматска обработка на податоци од страна на AI-системите, бидејќи стандардниот модел на финансирање преку донации веќе не е доволен.Основачот на Википедија, Џими Вејлс, изјави дека ја поддржува употребата на податоците од Википедија за обука на вештачка интелигенција, истакнувајќи дека станува збор за човечки уредувана и квалитетна содржина. Сепак, тој нагласи дека компаниите кои интензивно го користат овој материјал треба правично да придонесат кон покривање на трошоците за одржување на платформата.Договорите, според Фондацијата „Викимедија“, не значат дека Википедија ќе престане да биде слободно достапна за јавноста. Содржината останува отворена и бесплатна за сите корисници, додека партнерствата овозможуваат сигурен, брз и скалабилен пристап до податоците за комерцијални цели.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
media-library3k8e92cjap1p6RLq4F8

Денеска е Свети Јован Крстител, еден од најзначајните христијански празници

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.Во младоста Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години по божја волја ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Во тоа време Исус се подготвувал за учител. Но според тогашните закони учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус кога наполнил 30 години дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован кој дотогаш не го имал видено, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот Јован го одвраќал велејќи му: „Јас треба од тебе да бидат крстен, а ти при мене ли доаѓаш?“ Но кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).Меѓу евангелските личности околу Исус Христос тој има посебно место според начинот на доаѓањето во светот, како Крстител на Месијата Исус Христос, според улогата на Крстител на луѓето за покајание, според трагичното заминување од овој живот со исекувањето на неговата глава.Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања