ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
plenkovich

Покана од Трамп пристигна и во Хрватска: Пленковиќ повикан во „Одборот за мир“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ добил покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на т.н. „Одбор за мир“, потврдија од хрватската Влада за порталот tportal.„Ќе ја проучиме поканата“, изјавиле од Владата.Поканите на Трамп досега им биле упатени на рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, словенечкиот премиер Роберт Голоб, а денеска беше соопштено дека покана добила и Народна Република Кина.Според анализите на хрватските медиуми, „Одборот за мир“ првично е замислен како тело за управување со Појасот Газа, но постојат проценки дека Трамп настојува да создаде нова глобална структура која би била алтернатива на Обединетите нации.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
11-radev

Оставката на Румен Радев доставена до Уставниот суд, рок за одлука не е утврден

Оставката на бугарскиот претседател Румен Радев е официјално доставена до Уставниот суд, кој треба да се произнесе по нејзиното прифаќање.Радев вчера јавно соопшти дека се повлекува од претседателската функција, по што оставката формално е депонирана во Уставниот суд. Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Радев го очекува институционалното постапување и конечната одлука на судот.Сè до изјаснувањето на Уставниот суд, не е познато кога точно ќе стапи на сила оставката и какви ќе бидат следните уставни чекори.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryodjq05pt1m60cpSceVB

900 часа помалку настава – Јаневска вели дека македонските ученици заостануваат зад ЕУ

За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска започнува второто полугодие.Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака успех на учениците, наставниците и стручните служби во училиштата во претстојниот период.Таа во денешното интервју за МРТ1, изјави дека сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.Според неа, македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои вели дека сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме.Министерката додава дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.„Нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Сите истражувања покажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку е поголем нивниот резултат и стекнатото знаење“, изјави Јаневска.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library9i5a9ik6p1qkemSo2Xh

Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар

Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар.Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар.„Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие“, изјави градоначалникот Герасимовски.Дарко беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“. Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryaalclnq3ftln5jrnl7E

Со седум гласа Анел Фидоски ја презема раководната функција во скопското Обвинителство

Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, одлучи Советот на јавни обвинители на денешната седница. Тој доби поддршка од седум членови на Советот, додека досегашниот раководител Гаврил Бубевски, кој конкурираше за нов мандат, освои пет гласа.Со оваа одлука, Фидоски ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата, институција која постапува по најголем број и најсложени кривични предмети и која е под постојан фокус на јавноста.Анел Фидоски во јавноста е познат како обвинител со учество во неколку високопрофилни и општествено чувствителни случаи. Меѓу нив е гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој заврши со застарување поради преквалификација на кривичното дело. Во периодот додека Фидоски ја водеше истрагата, еден од обвинетите, Јетон Љужа, ја напушти државата и стана недостапен за органите на прогонот.Фидоски беше вклучен и во постапките поврзани со случајот на малата Тамара од Велес, која почина додека чекаше државна помош за лекување во странство, каде што се водеа истраги против повеќе лекари и членови на комисии.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски останува во Киев по жестоките руски напади, Давос во втор план

Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега останува во Киев по масовните руски напади извршени во текот на ноќта и нема да отпатува на Светскиот економски форум во Давос, објави агенцијата Танјуг.Според новинарот на американскиот портал „Аксиос“, Барак Равид, кој се повикува на анонимен украински функционер, Зеленски би заминал во Давос само доколку биде организиран билатерален состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој би се потпишал таканаречен „договор за просперитет“.Равид ја сподели информацијата на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека одлуката украинскиот претседател да остане во земјата е донесена пред сè поради влошената безбедносна состојба.Во меѓувреме, Киев се соочува со сериозни последици од ноќниот напад. Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, соопшти дека 5.635 високи згради утрово останале без греење, додека левиот брег на градот и натаму е без водоснабдување, како директен резултат на руските удари.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
lavrov-putin

Русија застана зад Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се огласи за американско-европскиот спор околу иднината на Гренланд, доведувајќи го во прашање неговиот сегашен статус како дел од Кралството Данска.На годишната конференција за медиуми во Москва, Лавров изјави дека Гренланд „не е природен дел“ од Данска, додавајќи дека прашањето за поранешните колонијални територии станува сè поизразено во современите геополитички односи.Тој нагласи дека Русија нема никакви планови да преземе контрола врз островот и дека Вашингтон е свесен оти Москва нема интерес да се меша во прашањата поврзани со Гренланд, спротивно на тврдењата што претходно ги изнесе американскиот претседател Доналд Трамп.Лавров додаде дека Русија внимателно ја следи „сериозната геополитичка состојба“ околу Гренланд, оценувајќи дека прашањето треба да се разгледува и решава во рамки на НАТО, како дел од внатрешните одлуки на сојузот.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Норвешка испраќа предупредувачки писма: Војската може да заплени приватен имот во случај на војна

Норвешките власти испратиле илјадници писма до граѓаните со предупредување дека, во случај на војна со Русија, армијата би можела да побара и да заплени приватен имот, вклучително домови, возила, пловни објекти и работни машини, објавуваат британските медиуми.Планот предвидува т.н. „подготвителни реквизиции“, со кои државата однапред ги известува сопствениците дека нивниот имот може да биде ставен на располагање на вооружените сили доколку безбедносната состојба драматично се влоши. Во понеделникот биле издадени околу 13.500 вакви известувања, со важност од една година.Од норвешката војска соопштија дека овие мерки имаат за цел да обезбедат армијата, во воени услови, навремено да располага со неопходните ресурси за одбрана на земјата. За поголемиот дел од примателите, писмата не претставувале изненадување, бидејќи во околу две третини од случаите станува збор за обновени известувања, кои биле издавани и во претходни години.Според Андерс Јернберг, претставник на воената логистичка организација, значењето на подготвеноста денес е значително поголемо отколку во минатото. Тој оцени дека Норвешка се наоѓа во најсериозната безбедносно-политичка состојба од Втората светска војна наваму и дека општеството мора да биде подготвено за кризи, па дури и за најлошото сценарио. Како што нагласи, земјата спроведува обемно зајакнување на воената и цивилната подготвеност.Норвешка има клучна улога во рамките на НАТО во надзорот на арктичкиот регион, каде што топењето на мразот отвори нови поморски правци и ја засили конкуренцијата околу природните ресурси. Земјата има и копнена и поморска граница со Русија, која заедно со Кина настојува да го прошири своето присуство на Арктикот, додека Москва, според западни процени, ги обновува старите советски воени бази и го зголемува нуклеарниот арсенал на полуостровот Кола.Известувањата за реквизиција биле испратени во период на зголемени тензии и поради дипломатските несогласувања меѓу САД и Европа околу Арктикот и Гренланд, што дополнително ја нагласува чувствителноста на безбедносната состојба на северот на Европа.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски смета дека СДСМ е мета на пропаганда од медиуми, а дека Жан Митрев бил „искористен“

Јон Фрчкоски, член на ИК на СДСМ денеска обвини дека медиуми, по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ шират пропаганда за неговата партија.„Граѓаните ќе видат, зошто токму преку Алфа телевизија се водат црните кампањи, хајки, јавниот линч врз СДСМ и претседателот Филипче. Зошто оваа Телевизија делува како политичка алатка на ВМРО? Зошто Жан Митрев беше искористен?“, рече Фрчкоски.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
osmani

Бујар Османи ја поздрави двојазичната богослужба во Ростуше како чин на соживот

Ексминистерот за надворешни работи Бујар Османи со порака за соживот и меѓусебна почит реагираше по одржувањето на двојазичната богослужба во Ростуше, истакнувајќи дека токму искрените и тивки гестови се оние што ги приближуваат луѓето и градат мостови меѓу заедниците.Османи ја употреби поговорката „Тивката вода го рони брегот“, нагласувајќи дека вистинските промени и вистинското приближување не се постигнуваат со гласни декларации, туку со конкретни дела што носат суштинска порака. Според него, двојазичната богослужба е пример за таков чин – едноставен по форма, но длабок по значење.Тој упати посебни честитки до албанскиот амбасадор Мејдани и до претставникот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Партениј, оценувајќи дека нивната заедничка иницијатива во Ростуше испрати силна порака за почит, разбирање и заедничко живеење.На крајот, Османи упати и срдечни честитки до сите православни верници, посакувајќи им мир, здравје и благосостојба во нивните семејства, потенцирајќи дека вистинскиот соживот се живее и се докажува преку дела, а не преку зборови.

Коментари | пред 4 седмици

4 нед.
hristovski

АНБ работи со засилени оперативни капацитети кои довеле до отворање на предмети за висока корупција, објави Христовски

Финансиската безбедност и борбата против високата корупција денес претставуваат суштински дел од националната безбедност, порача директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, нагласувајќи дека навременото препознавање и спречување на сериозни злоупотреби е од клучно значење за заштита на институционалната стабилност и довербата на граѓаните.Според Христовски, во изминатиот период Агенцијата, преку зајакнати оперативни и аналитички капацитети, како и преку интензивна соработка со надлежните институции, дала значаен придонес во отворањето и процесуирањето на предмети поврзани со сериозен финансиски криминал и висока корупција. Тој посочи дека ваквите појави не се само правен или економски проблем, туку директно ја загрозуваат безбедноста на државата и функционирањето на демократските институции.Директорот на АНБ истакна дека улогата на Агенцијата е јасно дефинирана – навремено да ги препознае ризиците, детално да ги анализира и без одложување да ги сподели со институциите кои имаат законска надлежност да постапуваат. Во таа насока, Христовски најави дека АНБ ќе продолжи со посветена и координирана работа, со цел да се зајакне отпорноста на државата кон корупцијата и финансискиот криминал и да се обезбеди долгорочна стабилност и сигурна иднина за граѓаните.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library1j76j1tsa7va7KsvfO3

Трамп објави приватни пораки од Макрон и шефот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави приватни пораки за кои тврди дека му биле испратени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и од францускиот претседател Емануел Макрон.Во пораката што Трамп ја припишува на Руте, генералниот секретар на НАТО му честита за, како што наведува, постигнатото во Сирија и изразува намера на Светскиот економски форум во Давос јавно да го истакне ангажманот на американскиот претседател во Сирија, Газа и Украина. Во истата порака, Руте наведува дека е посветен на изнаоѓање решение за прашањето со Гренланд и дека со нетрпение очекува средба со Трамп.Трамп објави и порака за која тврди дека ја добил од Макрон. Во неа, францускиот претседател пишува дека двете земји се целосно усогласени околу Сирија и дека заедно можат да постигнат „големи работи“ во однос на Иран, но истовремено наведува дека не го разбира пристапот на Трамп кон прашањето за Гренланд. Макрон, според објавената порака, предлага по завршувањето на форумот во Давос да се организира состанок во Париз во формат на Г7, со можност во неформалниот дел да се вклучат и претставници на Данска, Украина, Сирија и Русија. Дополнително, тој предлага и заедничка вечера со Трамп во Париз, пред неговото враќање во Соединетите Американски Држави.Извор близок до францускиот претседател за американската телевизија Си-Ен-Ен потврдил дека пораката која Трамп ја сподели е автентична и дека нејзината содржина е во согласност со јавните ставови на Макрон. Според истиот извор, францускиот претседател во изминатите денови јавно ги нарекол заканите со царини поради Гренланд „неприфатливи“, а воедно го одбил и повикот на Трамп да се приклучи на таканаречениот „Одбор за мир“ кој би ја надгледувал обновата на Газа.По одбивањето, Трамп изјавил дека „никому не му е потребен Макрон“, при што ја споменал и можноста за воведување царини од 200 проценти за француско вино и шампањ. Изворот близок до францускиот претседател оценил дека заканите со царини со цел влијание врз надворешната политика на Франција се неприфатливи и неефикасни.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Трамп ги прозва Британците за „голем идиотизам“, Лондон возвраќа дека договорот останува

Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, со која одлуката на Обединетото Кралство да го предаде архипелагот Чагос на Маврициус ја оцени како „голем идиотизам“, нема да влијае врз спроведувањето на постигнатиот договор, порача британската влада.Во изјава за Sky News, главниот секретар на премиерот и член на потесното раководство на британската влада Дарен Џонс истакна дека договорот со Маврициус е веќе склучен и законски уреден. Според него, Велика Британија ги договорила условите со властите во Порт Луис, донела соодветна законска рамка и го потпишала спогодбениот документ, со што процесот е завршен.Џонс нагласи дека договорот претставува начин да се обезбеди функционирањето на британско-американската воена база на островот Диего Гарсија за наредните сто години, потенцирајќи дека токму ова било клучната цел на британската дипломатија. Тој потсети дека и Соединетите Американски Држави претходно позитивно се изјасниле за договорот, а поради сложениот меѓународно-правен статус на архипелагот било неопходно да се најде трајно решение со кое ќе се заштитат воените капацитети.Запрашан дали пристапот на британскиот премиер Кир Стармер, кој настојува да одржи блиски односи со Трамп, дава резултати, Џонс одговори дека британскиот лидер бил критикуван затоа што не реагирал со јавни навреди или остри пораки. Според него, наместо тоа, владата се одлучила за сериозна и тивка дипломатија, што, како што рече, ја ставило Велика Британија во подобра позиција од која било друга држава во односите со новата американска администрација.Во меѓувреме, лидерот на партијата Reform UK Најџел Фараж, кој важи за близок до Трамп, застана во одбрана на американскиот претседател. Во објава на социјалната мрежа Икс, Фараж напиша дека е благодарен што Трамп, како што наведе, „ставил вето на предавањето на архипелагот Чагос“, дополнително заострувајќи ја политичката дебата околу ова чувствително геостратешко прашање.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library634rcdgahauccpN90IX

(Видео) Објавена досега невидена снимка: Макрон го разбудил Трамп со вест за примирје

Објавена е досега невидена видеоснимка на која се гледа моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон телефонски го контактира американскиот претседател Доналд Трамп за да му соопшти дека постои можност за прекин на огнот во Украина. Веста предизвикала видлива еуфорија кај Трамп, кој на тоа одговорил со зборовите: „О, супер, Нобелова награда за ова“.Снимката е направена за документарен филм на France Télévisions и го прикажува Макрон како се јавува од Киев во раните утрински часови на 10 мај. Францускиот претседател го информира Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски прифатил услови за 30-дневно примирје со Русија, под надзор на Соединетите Американски Држави и со поддршка од европските земји.„Доналде, знам дека кај тебе е многу рано. Извини што се јавувам во ова време“, вели Макрон во објавениот исечок, по што додава дека Киев се согласил со предложениот договор.„Ги прифати сите услови?“, прашува Трамп, а веднаш потоа додава: „О, супер. Нобелова награда за мир за ова“. Неколку моменти подоцна, Трамп го пофалува Макрон со зборовите: „Ти си најдобар“.Во друга секвенца, снимена само неколку минути подоцна, Макрон стои покрај Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека повторно го информираат Трамп дека новинари се присутни и ги повторуваат деталите од договорот постигнат со украинската страна.Сепак, надежите за примирје траеле многу кратко. Само неколку часа подоцна, рускиот претседател Владимир Путин го одбил предлогот за прекин на огнот и наместо тоа предложил „директни преговори“ со Украина, закажани за 16 мај.Тие разговори, на кои инсистираше Москва, се одржаа во Истанбул, но без присуство на претседателите. Руската страна беше претставена од Владимир Медински, понизок советник во хиерархијата. Подоцна беа организирани уште едни „директни“ разговори во Турција, на почетокот на јуни, но и тие завршија без конкретен резултат, со што уште еднаш беа урнати надежите за дипломатски пробив и трајно примирје.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-library8qgn6989t5870pAPAMF

Се знае ли однапред: Анел Фидоски кој го гонеше Бучковски се споменува како иден шеф на скопското Обвинителство, уште пред да го изберат

Денеска се одржува изборот за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје, постапка што уште пред формалното гласање е проследена со шпекулации и сомнежи во јавноста дека одлуката е однапред договорена. Како најчесто споменувано име за наследник на актуелниот шеф Гаврил Бубевски, се појавува Анел Фидоски, иако официјалната одлука допрва треба да ја донесе Советот на јавни обвинители.Покрај Фидоски, како потенцијални кандидати за раководната позиција се споменуваат и обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, како и самиот Бубевски. Советот треба да одлучи кој ќе го преземе раководењето со најголемото и најоптоварено обвинителство во државата, институција што постапува по најголем број и најсложени кривични предмети.Изборот се случува во период на зголемена институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста Анита Тополова Исајловска. Во ваков контекст, скопското обвинителство добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.Анел Фидоски е обвинител со препознатливо присуство во неколку високопрофилни случаи. Тој беше вклучен во гонењето за убиството на Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, како и во предметот против поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот „Тенковски делови“, кој застаре поради преквалификација на делото. Во периодот додека ја водеше истрагата, еден од обвинетите, Јетон Љужа, избега од државата. Фидоски беше дел и од постапката против повеќе лекари и членови на комисии во случајот со малата Тамара од Велес, која почина чекајќи државна помош за лекување во странство.Дејан Петрески е обвинител кој работел на предмети поврзани со напади врз новинари и безбедносни инциденти. Тој го водеше случајот за упадот во М-НАВ, каде што осомничен беше Беким Незири, како и истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. За овој предмет, поранешната обвинителка, денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе критики дека Петрески бил користен како посредник преку кој се насочувале истражните дејствија и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во случајот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, по кој родителите на починатиот изнесоа сериозни забелешки за непокренување обвинение против сопствениците на објектот. По јавните реакции, Вишото јавно обвинителство наложи повторно преиспитување на предметот.Спасенка Андонова беше дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање патни исправи на странски криминалци, во кој судските пресуди резултираа со релативно благи казни. Таа подоцна не беше реизбрана во ова обвинителство.Гаврил Бубевски, актуелниот шеф на скопското обвинителство, дојде од поранешното Специјално јавно обвинителство, каде што беше именуван во 2015 година по избор на Катица Јанева. Таму работеше на предмети како „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и на истрагите за „Актор“ и „Подарок“, а беше вклучен и во постапката за случајот „Монструм“. Во јавноста беше обвинуван дека со непостапување овозможил имот на Сеад Кочан и компанијата Трансмет да биде префрлен на трето лице, наместо да биде конфискуван, што тој јавно го негираше.Кандидатите зад себе имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и низа предмети со силен јавен одек и контроверзии. Одлуката што ќе ја донесе Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за еден од клучните тестови за насоката, независноста и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на сериозни институционални превирања.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
lavrov-

Лавров: Светскиот поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека современиот светски поредок сè повеќе се темели на „законот на посилниот“, наведувајќи дека правилата врз кои Западот го градел меѓународниот систем се практично напуштени. Изјавата ја даде на прес-конференција посветена на резултатите од руската дипломатија во 2025 година.Лавров истакна дека последиците од ваквата политика не се чувствуваат само во земјите од глобалниот Југ и Исток, туку сè поизразено се манифестираат и во самите западни општества. Според него, кризите и внатрешните тензии таму се резултат на напуштањето на принципите кои Западот самиот ги прогласувал за темел на меѓународниот поредок.Тој нагласи дека Русија ќе продолжи доследно да ги брани своите интереси и нема да дозволи произволно постапување кон своите легитимни права. Воедно порача дека Москва е подготвена за дијалог со меѓународните партнери врз основа на меѓусебно почитување, рамноправност и заемност, оценувајќи дека сите обиди за изолација на Русија досега пропаднале.Лавров повтори дека Русија, како што претходно повеќепати истакнал и претседателот Владимир Путин, останува посветена на пронаоѓање дипломатско решение за војната во Украина. Во исто време, тој ја обвини Европската унија дека се обидува да ги поткопа напорите на САД за мировно решение и дека настојува да изврши влијание врз ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на украинската криза.Според Лавров, европските држави и натаму размислуваат во категории на нанесување „стратешки пораз“ на Русија и, како што рече, сериозно се подготвуваат за можна конфронтација. Тој додаде дека од руската страна никогаш не недостасувала подготвеност за компромис, но дека Западот систематски ги поткопувал сите постигнати договори.Говорејќи за пошироката безбедносна слика, Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ја промовира иницијативата за поголемо евроазиско партнерство и создавање паневроазиска безбедносна архитектура заснована на еднаквост и неделива безбедност. Тој посочи дека Москва е подготвена да помогне и во смирување на тензии во други кризнични региони, меѓу кои Венецуела и Иран, како и дека односите со Кина достигнале ниво без преседан.На крајот, Лавров оцени дека кризничните трендови сè појасно се манифестираат и внатре во западните општества, наведувајќи ги дебатите околу Гренланд како пример што, според него, го отвора прашањето за зачувување на единството на НАТО како клучен западен воено-политички блок.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
lavrov

Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ е во интерес на Русија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека прелиминарниот договор за продажба на пакет акции од српската компанија НИС, кој е во сопственост на „Гаспромњефт“, на унгарската компанија МОЛ е заемно корисен и е во интерес на Русија.„Ние сме отворени за соработка со сите“, истакна Лавров, додавајќи дека Русија е подготвена да соработува и со Соединетите Американски Држави во врска со ова прашање.„Гаспромњефт“ во понеделникот потврди дека со унгарската компанија МОЛ потпишал договор за намери за продажба на пакет акции во Нафтената индустрија на Србија. Претходно, МОЛ соопшти дека има потпишано обврзувачки прелиминарен договор со „Гаспромњефт“ за купување на 56,15 отсто од уделот во НИС.За финализирање на трансакцијата ќе биде потребно одобрение од Министерството за финансии на САД, како и од српските надлежни институции. Според најавите, страните планираат договорот за купопродажба да го потпишат најдоцна до 31 март.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryj07uaegij58s9IRxhxX

Започна изградбата на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во Кисела Вода

Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски“ во населбата Бирарија. Проектот има за цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација често предизвикуваат потешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд. Станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општина Кисела Вода.-Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и за долгорочен, одржлив развој на општината- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Таа додаде дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следи, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.-Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители, нагласи градоначалничката.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
media-library81tbag8qod2mdmLDWAv

Расте бројот на жртвите во Шпанија: 41 загинат по железничката несреќа кај Адамус

Бројот на жртвите во тешката железничка несреќа што се случи кај Адамус, во близина на Кордоба, се искачи на 41, откако спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело во возот на релација Малага – Мадрид, кој првично излета од шините, а потоа во него удри друг воз. Информацијата ја соопшти андалузиската служба за итни интервенции 112.Според надлежните, во болниците низ Андалузија и понатаму се хоспитализирани 39 лица, од кои 35 се возрасни, а четири се деца. Од вкупниот број повредени, 13 пациенти се наоѓаат на одделите за интензивна нега и сите се возрасни лица.Министерот за сообраќај на Шпанија, Оскар Пуенте, ги отфрли тврдењата дека несреќата е поврзана со недоволни вложувања во железничката инфраструктура, истакнувајќи дека делницата на која се случи трагедијата била обновена во мај минатата година. Тој како „чиста шпекулација“ ги оцени и наводите дека несреќата била предизвикана од пукање на шината, нагласувајќи дека е прерано да се извлечат заклучоци за причините.Во интервју за радиото „Онда Серо“, Пуенте појасни дека првиот вагон кој излетал од шините бил шести по ред во составот на возот од Малага, но дека сè уште не бил детално испитан од научниците и техничките експерти. Тој нагласи дека вагонот е под истрага и не може да се отстрани сè додека Цивилната гарда не ја заврши документацијата и земањето примероци.Во однос на инвестициите, Пуенте нагласи дека конкретната линија била целосно модернизирана со вложување од околу 700 милиони евра, а во последните осум години во железничката мрежа на Шпанија биле инвестирани повеќе од шест милијарди евра, што, како што рече, претставува највисоко ниво на вложувања уште од периодот на економскиот подем.Министерот истакна и дека во вакви моменти е потребна одговорност и соработка меѓу институциите, додавајќи дека трагедијата не смее да се користи за лична или политичка промоција, додека трае процесот на утврдување на фактите и одговорноста.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

„Политико“: Трамп го избегнува Зеленски на маргините на Давос

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги избегнува контактите со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос, објави „Политико“, повикувајќи се на свои извори.Според експерти за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски изразува силна желба за лична средба со Трамп, но неподготвеноста за таков состанок доаѓа директно од Белата куќа. Во анализата се наведува дека украинскиот претседател смета оти придобивките од директна комуникација со американскиот лидер ги надминуваат можните ризици, предупредувајќи дека, доколку тој не воспостави контакт со Трамп, тоа ќе го сторат други актери.По последната средба со американскиот претседател кон крајот на декември, Зеленски изјави дека двете страни постигнале целосен договор за безбедносните гаранции за Украина. Во исто време, Трамп пред неколку дена оцени дека Русија е подготвена за склучување мировен договор, додека, според него, Киев го одолговлекува процесот.Во рамки на разгледувањето на мировниот план на САД, на почетокот на декември рускиот претседател Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Иако беа разгледани основите на иницијативата предложена од Вашингтон, не беше постигнат компромис. Путин соопшти дека САД ги поделиле 27-те точки од првичниот план во четири пакети и предложиле тие да се разгледуваат одделно.Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок меѓу претставници на САД и Украина, чија содржина ѝ била пренесена на Москва преку директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.Кон крајот на декември, Трамп и Зеленски одржаа разговори на Флорида, по што американскиот претседател изјави дека е постигнато разбирање за 95 отсто од прашањата. Потоа Трамп телефонски разговараше со Путин, кој го информирал за обид на украинските вооружени сили да ја нападнат неговата резиденција, по што од Москва беше соопштено дека преговарачката позиција е ревидирана.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања