ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
4 нед.
media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

Водач на навивачка група уапсен во Тетово по брутален напад со маски и тврди предмети

Полициски службеници од СВР Тетово на 19 јануари 2026 година во 20:10 часот, во населбата Дреновец во Тетово, го лишиле од слобода Р.Е. (23) од Тетово, идентификуван како водач на навивачка група.Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улицата „Иво Лола Рибар“, заедно со неколку лица со маски на главите, физички ги нападнал А.Ј. (22) и Д.П. (22), двајцата од Скопје. Според полициските информации, при нападот биле употребени и тврди предмети, при што на А.Ј. му биле нанесени телесни повреди, а истовремено било оштетено и нивното патничко возило „мазда 3“.Осомничениот е задржан во полициска станица, а на местото на настанот бил извршен увид. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
758487-750x430

11 малолетници затекнати како пијат алкохол на приватна забава – полицијата приведе две лица

Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода две лица поради сериозни прекршувања поврзани со малолетници и консумирање алкохол. Станува збор за М.П.(24) од Куманово и М.В.(41) од селото Љубодраг, кумановско.Акцијата била реализирана во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, при што била извршена контрола во угостителски објект во селото Доброшане, кој е во сопственост на М.П.За време на контролата, надлежните затекнале приватна прослава организирана од М.В., на која присуствувале вкупно 15 малолетници. При проверките било утврдено дека 11 од нив консумирале алкохолни пијалаци, што претставува сериозно прекршување на законските одредби.По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, а случајот ќе биде процесуиран согласно важечките прописи.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

За време на верската манифестација по повод празникот Водици, која се одржувала на кејот на реката Вардар во Скопје, дошло до драматична ситуација кога двајца учесници почнале да се дават во реката. Настанот се случил на 19 јануари 2026 година околу 12:30 часот, кога П.А.(20) од село Визбегово и Х.П.(27) од село Сопиште, кои влегле во водата како дел од манифестацијата, одеднаш западнале во опасност.Со брза интервенција на нуркачките тимови, двајцата биле извлечени од Вардар и веднаш им била укажана прва помош. Потоа, со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што им била пружена понатамошна медицинска грижа.

Скопје | пред 4 седмици

4 нед.
tabanovce

Германка фатена со две тегли со печурки кои содржеле психотропни супстанци на Табановце

Полициски службеници на Граничниот премин Табановце на 19 јануари 2026 година околу 09:00 часот, на влез во државата, ја лишиле од слобода М.С. (27) од Германија.При извршената гранична контрола и деталниот преглед на комбе марка „фолксваген“ со германски регистарски таблички, во кое се превезувала осомничената, во задниот дел од возилото биле пронајдени и одземени две тегли со печурки кои содржеле психотропни супстанци.Како што информираат од полицијата, М.С. се изјаснила дека пронајдените тегли се нејзини. По лишувањето од слобода, таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.По целосното расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните органи.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryptekvomsi1b97jA8aEe

Падна тетовска фирма: Продавале фалсификувани брендови

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и против Б.А. (46) од Тетово, сопственик и управител на фирмата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело повреда на правото од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.Како што информираат од полицијата, при контрола извршена на 30 јануари 2025 година во продажен објект во Тетово, било констатирано дека се врши продажба на разновидни фалсификувани обувки и текстил со заштитени трговски марки на познати светски брендови.Неправилностите биле утврдени при редовна контрола, по што биле преземени соодветни мерки и активности согласно законските прописи. По целосното документирање на случајот, против правното лице и одговорното лице е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде доставен на понатамошна постапка до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Изготвиле фактури за наводен превоз на ученици и се обиделе да наплатат над два милиони денари од училиште во Тетово

СВР Тетово поднесе кривични пријави против Ќ.Ф. (60) од селото Шемшово, тетовско, како и против едно правно лице, поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“.Според полицијата, пријавените во текот на октомври, ноември и декември 2024 година, без правен основ изготвиле фактури за наводно извршен превоз на ученици, во вкупен износ од 2.152.447 денари, кои ги доставиле до средно училиште во Тетово.Подоцна, во два наврати, пријавените дале лажен исказ во нотарска канцеларија, со цел нотарот да изготви предлог-решение за нотарски платен налог. Полицијата наведува дека со ваквите дејствија пријавените се обиделе противправно да прибават имотна корист, по што случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryifrrr98q8id927HY7ta

Пред судот да одлучи дали судијата Ѓоко ќе седи во куќен притвор, треба Судски совет да каже дали ќе му го симнат судискиот имунитет

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставен предлог за определување мерка куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување присуство во предметот против судијата Ѓоко Ристов, осомничен по истрагата во која беа пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид.Како што појаснуваат од Кривичниот суд, предлогот веднаш бил распределен кај судија на претходна постапка, кој без одлагање испратил известување до Судски совет, од каде што се очекува официјален одговор. По добивањето на ставот од Судскиот совет, судијата на претходна постапка ќе продолжи со натамошно постапување по предметот.Од Судот дополнуваат дека до овој момент судијата Ѓоко Ристов ниту бил спроведен пред суд, ниту се јавил доброволно, а единствено што е доставено е предлогот од обвинителството за определување мерки.Постапката, како што наведуваат, е во фаза на процесни чекори кои се условени од одлуката на Судскиот совет, со оглед на судискиот имунитет, по што ќе следува одлучување за предложените мерки.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryl6fmkodastpheJjICTV

Хуман гест на Rockstar: Смртно болен фан доби шанса да ја игра GTA 6 пред премиерата

Додека милиони гејмери ширум светот со нетрпение ја очекуваат есента 2026 година и премиерата на најамбициозниот проект во гејминг-индустријата, Rockstar Games уште еднаш ја покажа својата хумана страна.Сè започна со јавен апел на Ентони Армстронг, девелопер во студиото Ubisoft Toronto, кој преку LinkedIn им се обрати на раководните луѓе на Rockstar Games. Негов близок роднина, кој со години се бори со рак, добил прогноза од само неколку месеци живот, што значи дека најверојатно нема да го дочека официјалното излегување на Grand Theft Auto VI.Армстронг во својата објава побара компанијата да му овозможи на неговиот роднина, верен фан на серијалот уште од првите изданија, барем краток увид во новата игра, со целосно почитување на сите договори за доверливост.Благодарение на големата поддршка од заедницата, апелот стигнал до вистинските луѓе. Според последните информации, со Армстронг лично стапил во контакт Штраус Зелник, извршен директор на Take-Two Interactive, компанијата под чие крило работи Rockstar Games.Набргу потоа, Армстронг потврди дека е постигнат договор.„Разговаравме со нив и добивме одлични вести. Тоа е сè што можам да кажам во овој момент, но благодарам на сите за поддршката“, напиша тој, по што ја повлече објавата со цел да ја заштити приватноста на семејството.Иако Rockstar Games строго ги чува сите детали поврзани со GTA VI, ова не е првпат компанијата да направи исклучок од хуманитарни причини. Сличен случај имаше и во 2018 година со играта Red Dead Redemption 2, кога на тешко болен фан од Холандија му беше овозможено да ја игра играта пред нејзиното официјално излегување.Официјалниот излез на GTA VI е планиран за ноември 2026 година за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S, додека верзијата за PC се очекува подоцна.

Магазин | пред 4 седмици

4 нед.
a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Зеленски ги отфрли шпекулациите: Украина нема да испраќа војници на Гренланд

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на онлајн-конференција одговори на прашања поврзани со можната улога на украинските вооружени сили на Гренланд, во контекст на сè поизразените американски притисоци врз Европа околу арктичкиот остров.Новинар го праша Зеленски дали Украина би испратила војници на обука на Гренланд доколку тоа го побара Данска, вклучително пилоти или оператори на дронови, како и дали Киев добил дозвола од Европската Унија да купува американско оружје со европски средства, имајќи ги предвид актуелните тензии околу Гренланд.Зеленски изјави дека вториот дел од прашањето не го разбрал целосно, но потврди дека програмата ПУРЛ функционира и дека Украина со средства од Европската Унија набавува оружје од Соединетите Американски Држави, пред сè системи за противвоздушна одбрана.Во однос на евентуално испраќање украински војници, тој нагласи дека Украина води одбранбена војна против руската инвазија и дека сите расположливи сили се ангажирани на фронтот.„Во вакви услови, тоа прашање е излишно. Сите наши сили се насочени кон одбраната на земјата“, рече Зеленски, додавајќи дека такво распоредување не се разгледува, особено затоа што Украина не е членка на НАТО и членството не е на повидок.Изјавата доаѓа во време кога тензиите околу Гренланд се зголемени, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го истакна интересот на САД за контрола врз островот, повикувајќи се на безбедносни причини и потенцијални закани од Русија и Кина. Локалните власти тоа остро го отфрлија, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба и дека за неговата иднина одлучуваат народот на Гренланд и Данска.Зеленски, исто така, повтори дека Украина и Европа треба да размислат за формирање заеднички одбранбени сили, предупредувајќи на најавите дека Русија планира значително зголемување на својата армија до 2030 година. Тој додаде дека нема застој во комуникацијата меѓу Киев и Вашингтон.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Судијата е во Обвинителство: Бараат да оди во куќен притвор додека се истражуваат 350.000 евра најдени во ѕид

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија, при што му беа предочени сите досега прибрани докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар.По спроведеното сослушување и оценка на објективните и субјективните услови неопходни за определување мерка за обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.Покрај оваа мерка, обвинителството предложи и определување мерка на претпазливост, со која се бара привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање таков документ.Од Обвинителството наведуваат дека предложените мерки се насочени кон обезбедување непречено водење на постапката, имајќи ја предвид тежината на делата и фазата во која се наоѓа истрагата. Одлуката по предлогот треба да ја донесе судијата на претходна постапка.Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.Судијата и натаму ужива имунитет, кој може да му биде симнат од Судскиот совет, по барање на судија на претходна постапка.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarynuc1t4av05qsdf840qf

Анел Фидовски е нов шеф на скопското обвинителство, Бубевски „извиси”

Анел Фидовски е избран за нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти по гласањето претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими.Фидовски освои седум гласа „за“ а во врска со неговиот глас „воздржан“ за Бубевски, Бесими рече дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот, иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.Фидовски доби најголема поддршка или седум гласа „за“. Досегашниот шеф, Гаврил Бубевски, освои пет гласа „за“, Тања Трајчевска и Спасенка Андонова добија по еден глас, додека Дејан Петрески не доби ниту еден глас „за“.На прашањето дали Фидоски поднел програма за работа, Бесими не одговори директно, само рече дека пред гласањето јавно кажал кој има поднесено програма, а на дополнително прашање дали ова значи дека само Бубевски поднел програма, бидејќи само тој бил посочен, претседателот рече:„Тоа што сте слушнале е тоа“.Анел Фидоски, е со искуство од 11 години и доаѓа од скопското Обвинителство. Тој е познат по неколку случаи: гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“, потоа го наследи и долгогодишниот судски предмет „Тенковски делови“, во кој еден од обвинетите беше и експремиерот Владо Бучковски. По маратонското судење, на едно од рочиштата, Фидоски се премисли и го преквалификува делото пред самиот крај, со што случајот застари. Обвинителот ваквиот потег го оправда со фактот што Министерството за одбрана не пријавило значителна материјална штета, иако се работеше за милионска сума.Го застапуваше и случајот со малата Тамара, кој исто така застаре по преквалификација на кривичното дело во завршниот збор.,,Обвинителството на скандалозен начин ја спречи правдата за Тамара”, реагираше Хелсиншки комитет.Кај него во работа е и предметот за ,,Усје”, по поднесена кривична пријава од доскорашната скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryjedmgkrof2nc8vF8sCo

Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра, вели Трипуновски

„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година.„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,462% и кај мазутот зголемувањето е за 3,846%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2303%.Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 ден/кг и сега ќе изнесува 32,987 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, информираат од РКЕ.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarympotqau5s2lsdqlHsOq

Злато во џебови, евра под тапацир, ветеринарни препарати: Царината откри неколку обиди за шверц

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми на непријавени девизи и тоа: - 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца патници кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани. - При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин Ќафасан кај совозачот пронајдени се непријавени 20 илјади евра. Според  Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани. - На излез од држвава на граничниот премин Богородица кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра. Односно, секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава. Според Законот за девизно работење на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани. - 30 штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми монистри се пронајдени од страна на царински службеници при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле пронајдени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите, а накитот бил пронајден во ќеса сместена во багажниот простор на автобусот. Вредноста на непријавените производи изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се во износ од 75.038 денари. - 17 шишиња со течност за инјекции за животни од 100ml и 250 ml се пронајдени во ташна на патник – странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Стење. Стоката е привремено одземена. - На влез на граничниот премин Табановце се пријавил патник кој со себе имал АТА карнет, но при контрола од страна на царински службеници во багажениот простор помеѓу пријавените музички инструменти пронајдени се и 4 парчиња нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и употребуван модул за електрични тапани кои не биле опфатени во АТА карнетот, а патникот не ги пријавил. - На граничниот премин Табановце, по насоки од Одделението за дежурен царински центар извршен е детален преглед на возило, пришто се пронајдени 60 литри домашна ракија. Од страна на возачот пријавени биле само неколку мали канти со сирење и патнички торби, а ракијата која била во пластични шишиња и туби е откриена во задните врати под тапацирот, во кровот, под хаубата и во патнички торби.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп разговарал со Руте за Гренланд, најавена средба во Давос

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека имал многу добар телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со прашањето за Гренланд.Трамп соопшти дека е постигнат договор за одржување состанок на повеќе страни во Давос, Швајцарија, на маргините на Светскиот економски форум, но не прецизираше кои учесници ќе бидат присутни на разговорите, пренесува Ројтерс.„Како што на сите им е многу јасно кажано, Гренланд е од клучно значење за националната и светската безбедност, околу тоа сите се согласуваат“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушал.Американскиот претседател и претходно изјави дека САД за време на овонеделниот Светски економски форум ќе разговараат за преземање на Гренланд, оценувајќи дека Данска, според него, не е во состојба соодветно да ја заштити таа територија.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-librarycgs9d806uhmbcIiCe10

Петрушевски: Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, за возврат нуделе „помош“ во судска постапка

Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Во ек на пандемија и вонредна состојба, наместо грижа за здравјето на граѓаните, Филипче и Заев ја користеле политичката моќ за преземање на приватната болница Жан Митрев. Ова не е политика наменета за граѓаните, туку е мафијашки модел на дејствување.Дополнително, според јавно изнесените сведоштва, Заев и Филипче сакале сами да ја одредат вредноста на болницата. За возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев. Класична уцена и класична злоупотреба на власта.Овие обвинувања не доаѓаат изолирано. Тие се надоврзуваат на долгата низа сомнежи и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции.Филипче денес се обидува да се претстави како ново лице, но ја седи фотелјата на Заев и ги спроведува истите политики. Истите луѓе, истите шеми, истата злоупотреба.Прашањето е едноставно, а Филипче треба да го одговори. Дали човек со ваков багаж на сомнежи и скандали може да има кредибилитет да води партија?Наместо повлекување и одговорност, гледаме ароганција и молк. Затоа правдата мора да зборува.Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи. Законот мора да важи за сите“, додаде тој.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ од Давос најави летечки такси за Експо 2027, преговорите во завршна фаза

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Давос изјави дека преговорите за воведување летечки такси за Експо 2027 се во завршна фаза, најавувајќи уште еден амбициозен проект кој, како што рече, треба да го покаже „новото лице на Србија“.„Не смеам пред 15 часот да зборувам за тоа, но ветив летечки такси за Експо и сега го приведуваме процесот кон крај“, изјави Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека го очекува средба со американска компанија со која се водат финалните разговори.Вучиќ наведе дека за време на престојот на Светскиот економски форум во Давос имал низа средби со највисоки светски функционери.„Имавме бројни состаноци, меѓу кои и со директорката на ММФ, а ја слушавме и Урсула фон дер Лајен“, рече српскиот претседател.За време на престојот во Давос, Вучиќ, според најавите, ќе оствари и бројни билатерални средби со светски и европски претставници, како и со претставници на меѓународни организации, финансиски институции и водечки глобални компании.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
fon-der-lajen

Фон дер Лајен од Давос: ЕУ e целосно посветена на безбедноста на Арктикот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија е целосно посветена на безбедноста на арктичкиот регион и дека во тој контекст дели заеднички цели со Соединетите Американски Држави.Во специјалното обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Фон дер Лајен посочи дека безбедноста на Арктикот може да се гарантира само преку заедничка соработка меѓу сојузниците.Фон дер Лајен истакна дека Европската унија ја унапредува својата Арктичка стратегија, чиј централен принцип ќе биде почитувањето на правото на суверените народи самите да одлучуваат за својата иднина. Таа нагласи дека безбедносните прашања на далечниот север сè повеќе се вклопуваат во пошироката потреба Европа да го забрза патот кон поголема стратешка независност – од безбедноста и одбраната, до економијата и демократијата.Претседателката на Европската комисија најави дека Унијата подготвува сопствена безбедносна стратегија, која треба да биде објавена подоцна оваа година, потенцирајќи дека односите со САД се повеќе од сојузништво и дека нивното нарушување би им одело во прилог на противниците.Во таа насока, таа најави пакет мерки за поддршка на арктичката безбедност, кој ќе се темели на целосна солидарност со Гренланд и Кралството Данска, зголемени европски инвестиции на Гренланд, продлабочена соработка со САД и зајакнување на безбедносните партнерства со регионалните партнери како Велика Британија, Канада, Норвешка и Исланд.

Свет | пред 4 седмици

4 нед.
media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Левица информира дека за нов директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен Бесим Кока, зет на доскорешниот вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, Изет Меџети.„Најновото именување на зетот на Изет Меџити, Бесим КОКА, за директор на Агенцијата за стокови резерви, е уште една коцка во мозаикот на отворен, дрзок и системски непотизам што го практикува актуелната власт на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ.Претходно, прв братучед на поранешниот прв вицепремиер, а актуелен градоначалник, Меџити, беше поставен за директор на МЕПСО. Друг негов братучед за директор на НОМАГАС, а сега и зетот добива раководна позиција во стратешка државна институција.Институциите се претвораат во фамилијарна мрежа, а државата во приватен имот на политичко-роднински клан. Се поставува прашањето дали воопшто некоја роднина на Меџити остана “дискриминирана“, односно без раководна функција?Мицкоски не само што функционира со кадри на ДУИ, туку ги практикува и со засилено темпо го надградува КЛАНОВСКО ВЛАДЕЕЊЕ, клиентализмот и распределбата на функциите како партиско-семејни привилегии.За година и пол владеење, листата на непотистички и клиентелистички скандали на оваа власт веќе е предолга за набројување. Очигледно, времето за реформи им е кратко, но времето за плетење семејно-партиски мрежи - повеќе од доволно.Пораката кон јавноста е понижувачка. Според оваа власт, од цела Македонија најспособни се токму роднините и апологетите на владејачката коалиција. Сите други, младите инженери, економисти, правници, лекари - се вишок, статистика, бројка во колоната на иселени. Тие си заминуваат не затоа што нема работа, туку затоа што однапред знаат дека системот не е наштиман за нив, дека вратите се отворени само за оние со соодветна крвна врска и потребна партиска линија“, велат од партијата.

Македонија | пред 4 седмици

4 нед.
bazen-1

Четири лица се затруле во хотелски базен во Охрид

Продорен мирис на хлор и зголемено испарување од базенот почувствувале четири лица кои вчера се затруле во базен на хотел во Охрид.Како што информираат од СВР Охрид, случајот бил пријавен вчера попладне, околу 17:31 часот. Поради силната миризба и густата пареа, гостите почнале интензивно да кашлаат, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид. Од таму е потврдено дека тие се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.Од преземените мерки било утврдено дека дошло до технички проблем во системот за циркулација на водата во базенот, по што овластена фирма извршила замена на неисправниот дел од системот.„Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања