6 ден.
media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Втор ден се запленува марихуана: по конфискуваните девет тони, акцијата трае во струмичко со останатите околу 18 тони

Откако вчера беа одземени околу девет тони марихуана од кругот на скопска фирма, Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и денеска продолжуваат со активности на терен, овојпат во струмичкиот регион. Како што веќе објави „Скопје1“, таму се запленуваат преостанатите околу 18 тони марихуана, со што вкупната количина опфатена со акцијата достигнува околу 27 тони.Од Министерство за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека акцијата е во тек, но без да откриваат детали. „Активностите во однос на акцијата за која прашувате сè уште се во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, велат од МВР.Со сличен став е и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека поради тоа што сè уште се постапува на терен, во овој момент не можат да споделат повеќе информации со јавноста.Акцијата во Македонија следува по настаните од пред неколку дена во Србија, кога тамошните власти запленија околу пет тони марихуана за кои официјално соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена ја отвори истрагата за поширока криминална мрежа, по што македонските институции започнаа координирана акција на повеќе локации во земјава.Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде детално информирана по целосното завршување на претресите и истражните дејствија, кога се очекува и официјална потврда за конечната количина на запленетата дрога и евентуалните осомничени лица.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryvibcos4a8bsnaJBTsoz

(Видео) Популарната серија за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ добива продолжение

Серијата за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ официјално добива нова сезона. Таа е базирана на истоимената бестселер книга за млади (YA), а првата сезона имаше премиера на Нетфликс на 22 јануари.Станува збор Адриана Русо, наследничка на пропадната династија на уметничко лизгање. Таа со новиот партнер Брејден Елиот се подготвува за Светското првенство, додека истовремено развива чувства кон својата прва љубов и поранешен партнер Фреди О’Конел.Авторката на книгата Џенифер Јакопели изјави дека е пресреќна поради прифаќањето што го добила серијата од гледачите ширум светот и дека сега со нетрпение очекува што ќе следи за Адриана, Брејден, Фреди и остатокот од тимот Русо.Првата сезона на „Finding Her Edge“ се најде во топ 10 во 81 земја и има повеќе од 12 милиони прегледи. Серијата исто така дебитираше на листата на топ 10 англиски ТВ серии на Нетфликс и се искачи до третото место.Шоуранерот Џеф Нортон изјави дека целта била да направи серија за љубовта, со ликови кои минуваат низ многу тешки периоди во животот и спортот, и дека со втората сезона ќе се продолжи нивното патување со поддршка на Нетфликс и WildBrain.Серијата има оценка 100% на Rotten Tomatoes и 5.9/10 на IMDb.

Магазин | пред 6 дена

1 нед.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Зимски услови на патиштата: Снег на Попова Шапка и магла кај Серта, сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но без задржување на снегот на коловозот. Намалена видливост поради магла до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино, кај Серта.Сите патни правци во државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.Се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од одрони. Апелот особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryns4s118oh7gn6OIJ2Vw

Заканувачите со убиство на полицијата повикани во станица

Рома Прес објави дека двајцата учесници на протестот во Битола, Рафет Мемишовски и Феим Мемишовски, се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи(МВР).„Засега не е потврдено дали ќе се води само информативен разговор или, пак против нив ќе биде преземена итна постапка и ќе бидат санкционирани“, пишува Рома Прес.Претходно Рафет и Феим се извинија на целиот државен врв за нивните закани.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynthvcr5md6742F7Ukl2

Бар за луѓе кои сакаат да дадат отказ: со чаша пијалок добиваат совети од експерти

Ако прошетате околу повеќето големи железнички станици во Јапонија, ќе наидете на безброј барови.Тоа се опуштени пабови со мали закуски, потоа вински и виски барови, барови со саке, а во оддалечените улички и хостес барови.Сепак, во близина на станицата Јокохама се појавил бар каков до сега не сте можеле да замислите – наменет исклучиво за луѓе кои размислуваат за отказ на работата.Овој необичен локал се вика Tenshoku Sodan Bar, што во превод значи „Бар за советување за промена на работа“. Во него пијалокот се точи слободно, а главната тема на разговорите не се љубовни драми или дневни вести, туку работа, дилеми, незадоволство и професионални пресвртници.Зад шанкот не стојат класични бармени, туку професионални советници од агенцијата за вработување LIA. Сепак, ова не е класична канцеларија за барање работа со чаша алкохол во рака. Идејата на барот е да понуди простор за разговори кој не припаѓа ниту на канцеларија, ниту на семеен ручек, ниту на кафе со пријатели.Околу 60% од посетителите велат дека сè уште не се подготвени да ја сменат работата, туку само сакаат да разговараат и да разјаснат дилеми.Во овој бар нема потреба да понесете биографија, да облечете деловно одело или да составувате список на свои маани и доблести. Иако во називот стои „советување“, атмосферата е повеќе пријателска отколку формална. Можете да кажете: „Не ја мразам својата работа, но не сум сигурен дали сакам вака да продолжам засекогаш“, без страв дека некој веднаш ќе ви нуди огласи и ќе ве турка кон нови работни места.Разговорите се индивидуални и е потребно закажување однапред преку апликацијата Лине, со детали достапни на официјалната веб-страница на барот. Состаноците обично траат помеѓу 60 и 90 минути, но нема строго временско ограничување.Пијалокот и разговорите се целосно бесплатни. Во понудата се и алкохолни и безалкохолни пијалоци, а единствено што се бара од гостите е искреност кон себе.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3i063c944hf50x9VYO9

Нови лица во врвот на ВМРО-ДПМНЕ: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес на прес конференција информираше за новиот состав на Извршниот комитет на партијата.„Денес заседавашее ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата. ЦК донесе одлука за избор на нов Извршен комитет. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конткретни и одговорни решенија за граѓаните.Најавувам дека во наредниот период ќе имаме избор на претседатели на партиските Општински комитети како и избор на нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани. Составот на ИК е следен: Генерален секретар е пратеникот Драган Ковачки. Членови на ИК се: Александар Николовски - министер за транспорт, Владо Мисајловски - миистер за одбрана, Гордана Димитриеска Кочоска - министерка за финансии, Тимчо Муцунски - министер надворшни работи, Никола Мицевски - координатор на пратеничката група, Луке Галевски - дел од кабинетот на владата и шеф на центарот за комуникации, Антонио Милошоски - потпретседател на Собрание, Дафина Стојаноска - пратеничка, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков - градоначалник на Општина Охрид, Марија Андоновска - директор на ИЈЗ, Ели Панова - пратеничка, Игор Јанушев,Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски - градоначалник на Град Скопје, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски. На овие ќе им се приклучат новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.Огранизационен секретар Ивица Томовски, а за шеф на мојот кабинет продолжува Владимир Неловски“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ: СДСМ тргнувајќи од сопственото искуство мисли дека секој што е на власт краде и се бори за привилегии

Обвинувањата што СДСМ ги упатува кон претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,  Максим Димитриевски и ЗНАМ како политички субјект, се класична политичка манипулација и замајување на јавноста. Нападите на СДСМ се неосновани, тенденциозни и целосно без докази, велат од Движењето ЗНАМ.„Оваа партија во изумирање наместо со  аргументи и факти  повторно настапува со навреди, конструкции и популистички флоскули, обидувајќи се да ја дефокусира јавноста од сопствениот политички и економски дебакл.Максим Димитриевски никогаш не криел дека има лична и професионална кариера надвор од политиката. За разлика од кадрите на СДСМ кои со години егзистираат исклучиво од државни функции, Димитриевски е човек кој се докажал и во бизнисот и во политиката и покажал дека има став и интегритет.Максим Димитриевски, за разлика од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е човек и политичар без ниту еден корупциски скандал зад себе. Димитриевски никогаш не бил дел од корупциски афери и криминални набавки на вакцини и скандали за изградба на болници.За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по  луксузни јахти низ светот, тој не поседува „златни визи“ и не оди на журки во Дубаи.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија оценува дека наводите за „луксуз“, „тендерска коалиција“ и наводно расипничко трошење се чиста клевета. Истата таа партија што денес морализира, ја задолжи државата со милијарди евра, симболичен економски раст и зад себе остави бројни корупциски афери без одговорност.Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија сака да потенцира дека сите јавни набавки и финансиски постапки поврзани со институциите се законски, транспарентни и под надзор на надлежните органи.ЗНАМ останува доследен на принципите на отчетност, одговорно управување и крај на партиските монополи. Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните.Граѓаните многу добро знаат кој ја донесе државата во економска и институционална криза, а кој нуди нов и поинаков политички пристап“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
IMG_5146

Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за нивниот развој, заштита на прирдоните вредности и одржливо управување.„Со особено задоволство можам да истакнам дека и во 2026 година, Министерството во својот Буџет обезбеди наменски средства за понатамошен активности за заштита и промоција на националните паркови, што претставува јасен сигнал за долгорочната посветеност на државата кон заштитата на природата и одржливиот развој“, истакна министерот Хоџа.На средбата беше нагласено дека националните паркови се клучен столб во заштитата на природното наследство, но и важен двигател на одржливиот туризам и локалниот економски развој. Министерот Хоџа истакна дека Министерството ќе продолжи со поддршка на активностите на националните паркови преку подобрување на законската регулатива, обезбедување стабилна финансиска поддршка од државниот буџет, како и преку координација и мобилизација на средства од ПОНТ, ЕУ ЛИФЕ програмата и други меѓународни партнери. Со тоа ќе се зајакне управувањето, ќе се унапреди заштитата на биолошката разновидност и ќе се развива зелена инфраструктура во националните паркови.Националните паркови, како што беше нагласено на средбата, денес претставуваат не само заштитени подрачја, туку и значајни двигатели на одржливиот развој, атрактивни еко-туристички дестинации и позитивен пример за одговорно управување со природните ресурси.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykvad2foljpe59GLfjbk

„Стабилен откуп и цена на сурово млеко“ – министерството и млекарниците постигнаа договор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко. На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците. Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна. Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Претепан 26-годишник од двајца малолетници, завршил на клиника со тешки повреди

На 05.02.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од село Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот во паркот во село Пакошево, општина Зелениково, бил физички нападнат од двајца малолетници.Како што е пријавено, тие употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев за производството на медицински канабис: Треба да се национализира

Полицијата вчера спроведе обемна акција за заплена на марихуана на повеќе локации во државата, при што во Скопје беа одземени речиси десет тони, а дополнителни количини беа запленети и во струмичко. Акцијата се реализираше под координација на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија, за која тамошните власти соопштија дека потекнува од Македонија.Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, го изнесе својот став преку социјалните мрежи.„Не. Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС! Треба да се национализира“, вели АпасиевПретходно од Демократскиот сојуз побара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана за медициски цели.„Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од Демократски сојуз.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryh2lpce1l5bs257ZuMFn

Уапсен најбараниот терорист на листата на ФБИ, „ловот“ траел повеќе од 20 години

Еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Даниел Андреас Сан Диего, кој повеќе од 20 години беше во бегство, може да биде екстрадиран од Велика Британија во Соединетите Американски Држави, каде ќе му се суди, пресуди денеска суд во Лондон.Сан Диего (47) наводно извршил два бомбашки напада во Сан Франциско во 2003 година, а беше уапсен во ноември 2024 година на имот во рурална област покрај шума во Конви, во северен Велс, каде живеел под лажен идентитет како Дени Веб.Препознатлива тетоважа на градите со натпис „It only takes a spark“ (Доволна е само искра) помогнала во неговата идентификација.Тој е првиот терорист кој во 2009 година бил додаден на листата најбарани на ФБИ, заедно со починатиот лидер на Ал-Каеда, Осама бин Ладен.Судијата Самуел Гузи во Магистратскиот суд Вестминстер во Лондон пресуди дека нема пречки за екстрадиција на Сан Диего, а конечната одлука ја носи министерот за внатрешни работи, што се очекува да биде формалност. Сан Диего има право да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд. Тој се противеше на екстрадиција во САД, каде би можел да добие затворска казна до 90 години доколку биде осуден.Неговите адвокати тврдеа дека не може да има правично судење „во Америка на претседателот Доналд Трамп“, каде „претседателот спровел чистка во Министерството за правда и поставил свои поранешни лични адвокати на позиции на кои се одлучува“.Сан Диего првпат беше обвинет во Калифорнија во 2004 година за две кривични дела предизвикување штета со експлозив и поседување експлозив. Подоцна беа додадени нови обвиненија, вклучувајќи користење или носење експлозивна направа за извршување кривично дело. Бомбашките напади се случиле во Калифорнија на 28 август и 26 септември 2003 година, врз компаниите Chiron Biotechnology Corporation и Shaklee Nutritional Products Corporation, при што немало повредени.Групата Револуционерни ќелии – Бригада за ослободување на животните ја презеде одговорноста за нападите, наведувајќи како причина врските на тие компании со компанијата Huntingdon Life Sciences, која активистите за права на животните ја критикуваа поради тестирање експериментални лекови врз животни.Сан Диего исчезнал на 6 октомври 2003 година на транзитна станица додека ФБИ го следел кога го паркирал автомобилот во центарот на Сан Франциско. Повеќе не бил виден во живо, но било пријавено дека наводно бил виден повеќепати низ светот. За информации што би довеле до негово апсење била понудена награда од 250.000 долари. ФБИ наведува дека Сан Диего бил поврзан со екстремисти за права на животните, веган, познат по поседување пиштол и работел како експерт за компјутерски мрежи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya5imi48rrj565A5XF2o

Тешко повредена жената во чија куќа утрово имаше експлозија

На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynh2fn5n2kl2f3AbroZX

Тапачка меѓу малилетници во двор на градинка во Чаир

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од село Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Николоски најави можни нови авиолинии меѓу Македонија и Црна Гора

Ве информираме, заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ.На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји.Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.На средбата се разговараше и за зголемување на економската соработка, трговската размена како и соработката во туризмот.@Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи особено за можноста за воспоставување на авио поврзување меѓу двете земји.  Исто така отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и се што е во интерес на  двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена информираше дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој е направен во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.На ова реагираа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кои се против трасата да минува низ средишното зеленило бидејќи треба да се сечат дрвја.„Орце Ѓорѓиевски изјави дека проектот за БРТ за кој се земени кредит од ЕБОР од 70 милиони евра без да бидат прашани скопјани, морал да се продолжи како решение. Не е вистина дека мора да се изведе проектот како што е зацртан и да се дозволи уништување на 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот.Истата банка ЕБОР во минатото сакаше да даде кредит на МК и за изведба на експресен пат сред национален парк Галичица со што ќе се дозволеше уништување на паркот и благодарение на #ОхридSOS, тој девастирачки проект се запре. Сега пак ни се заканува уништување на белите дробови на #Скопје кое мора да го спречиме!Многу едноставно и поевтино може да се направи БРТ со издвојување на десна лента од постоечките сообраќајни ленти, без да се чепка средишното зеленило, да не дозволиме ново уништување и блокирање на градот кое ќе трае со години! Да не заборавиме дека под средишното зеленило проаѓа главната цевка со која се снабдува цело Скопје со пивка вода од Рашче - инфраструктурен објект од непроценливо економско и стратешко значење кој не смее никој да го доведува во ризик, уште помалку за свој личен каприц, додека постојат алтернативи да се постигне истото без ризик“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Голф удри 7-годишно девојче во Куманово, детето со тешки повреди пренесено на Клинички

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.Во сообраќајната незгода малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
UaYct-

Охриѓанец чувал марихуана изнесена од фабрика за медицински канабис – кривична пријава од СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л. (60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.С.Л., кој претходно бил вработен како инженер-агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, наводно неовластено изнел марихуана од фабриката и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид, со цел да ја користи или да ја продаде натаму.При претрес извршен по судска наредба во неговите простории, полицијата пронашла и одземала марихуана, по што лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.54

Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Во СВР Скопје е пријавено дека на 03.02.2026 околу 17:30 часот, во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот М.Б. физички го нападнал друг осуденик, А.А. Двајцата се наоѓаат во затворот и издржуваат казна.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Полицајци, наставничка и пожарникар обвинети за примање поткуп при издавање лични документи

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања