6 ден.
media-libraryk72j35omtjvl4L1wvyr

(Видео+фото) Параглајдер со седиште бил подготвен од затвореник за да „одлета“ од Идризово - требало само слаб ветер!

Параглајдер со седиште, подготвен за склопување и бегство, е пронајден во затворот Идризово, потврди директорот Зоран Јовановски во поткастот „Претрес“. Според него, планот за бегство бил откриен откако лицата кои го подготвувале биле издадени од нивен цимер-затвореник.Јовановски изјави дека параглајдерот бил сместен во торба и бил пронајден при реновирање на кровот. По отворањето на торбата, биле откриени деловите од леталото, а дополнително биле најдени седиште и гумени рачки за управување.Тој појасни дека параглајдерот можел релативно лесно да се внесе во установата бидејќи на безбедносните скенери не регистрира метал, туку се третира како гардероба или неметален материјал.Целта, според директорот, била јасна – бегство од затворот. Јовановски наведе дека постојат првични индиции за лицето за кое бил наменет параглајдерот, додавајќи дека станува збор за физички подготвен затвореник.„Со поголем, а слаб ветер, овој параглајдер може да полета“, изјави Јовановски, потенцирајќи дека случајот сериозно се анализира и дека ќе следуваат дополнителни безбедносни проверки.Повеќе детали за случајот и безбедносните пропусти во затворскиот систем се објавени во поткастот „Претрес“, каде темата беше детално обработена:

Студио | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

Реформи во ВМРО: Наместо нови лица – стара банда, велат од СДСМ

СДСМ со сооштение реагира на одлуката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за реформи во партиските структури.,,Христијан Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели во ВМРО, по примерот на Вучиќ, апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. Ги постави своите најблиски другари. Томовски - за организациски секретар, со цел да ги „организира“ односно контролира тендерите. Како оние 161 тендер за семејната фирма на Томовски. Тука е и човекот на Сашо Мијалков од службите, очигледно за контакти со руските служби - Драган Ковачки.Човекот кого НАТО го одби, кој не исполнува услови за сертификат, сега е првиот човек за Мицкоски во партијата. ВМРО се враќа во времето кога службите беа главни во партијата додека се спроведува грабеж.Медиумите се под целосна контрола преку Орбан, со преземање на телекомуникациите и енергетиката.Го презеде МВР, Обвинителството и судовите. Вели дека во мај–јуни ќе има реконструкција на владата за да постави уште некои свои луѓе кои му требаат.Уздите ги стави во свои раце и продолжува со ограбувањето на државата во својот најтесен круг на пријатели. Буџетот одамна е во канџите. Може да започне забрзување на процесот на целосна изолација од ЕУ. Тоа се „реформите“ во ВМРО, наместо нови лица – стара банда”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Николоски од потпретседател станува член на Извршен: Ќе ги донесеме промените, пред нас е напорна работа

Александар Николоски соопшти дека новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е формиран со јасна цел – победа на следните парламентарни, претседателски и локални избори и спроведување суштински промени во државата.Во својата изјава, Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува партија што победува и ја менува Македонија, нагласувајќи дека новиот Извршен комитет ќе биде двигател на тие процеси.Тој му се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест, посочувајќи дека нивната соработка и пријателство значат заедничка, напорна и деноноќна работа насочена кон реални промени и подобар живот за граѓаните.Николоски порача дека во периодот што следи фокусот ќе биде ставен на одговорно работење, јасна визија и силна организација, со цел ВМРО-ДПМНЕ да ја зацврсти својата политичка позиција и да ја реализира програмата за развој и напредок на Македонија.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Над 400 дронови и 40 ракети упатени кон Украина

Со над 400 дронови и околу 40 ракети, Русија изврши масовен ноќен напад врз Украина во периодот меѓу 6 и 7 февруари, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна цел на нападите биле енергетските капацитети низ земјата, јавуваат украинските медиуми.Зеленски преку социјалната мрежа Икс информираше дека руските сили ја таргетирале енергетската мрежа, производните капацитети и дистрибутивните трафостаници. Според неговите информации, регистрирана е штета во Волинската, Ивано-Франкивската, Лавовската и Ривненската област, а во градот Ривне е оштетена и станбена зграда.Во Ладижин, во Виничката област, беспилотни летала погодиле управна зграда на земјоделско училиште. Напади биле регистрирани и во Киевската и Харковската област, додека во дел од регионите украинската противвоздушна одбрана и натаму дејствувала во моментот на објавата.Украинскиот претседател повторно апелираше до меѓународните партнери за зголемена воена помош, посебно за дополнителни ракети за системите за противвоздушна одбрана, нагласувајќи дека заштитата на енергетската инфраструктура е клучна за опстанокот на земјата.Министерот за енергетика Денис Шмигал потврди дека во нападот биле погодени клучни трафостаници и далекуводи со напон од 750 и 330 киловолти, кои, како што рече, претставуваат „’рбет“ на украинскиот електроенергетски систем. Тој оцени дека станува збор за сериозен удар врз стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, особено во зимски услови.Нападот е дел од континуираната руска кампања насочена кон слабеење на украинската енергетска инфраструктура, која последните месеци е честа мета на масовни воздушни удари.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Момчето на загинатата келнерка сведочеше: Еден час се борев да ѝ го спасам животот по пожарот во швајцарскиот клуб

Момчето на 24-годишната келнерка Сијан Панин, која загина во катастрофалниот новогодишен пожар во барот Le Constellation во швајцарското скијалиште Кранс-Монтана, сведочеше пред судот дека повеќе од еден час се обидувал да ѝ го спаси животот давајќи ѝ вештачко дишење уста на уста.Жан-Марк Г., нејзиното момче, пред судот раскажа дека во моментот кога избувнал пожарот, сопственикот на локалот Жак Морети му довикнал дека ја пронашол Панин и се обидува да ја реанимира. Двајцата, според сведочењето, заедно се бореле да ја одржат во живот сè додека неговата сопруга Џесика Морети не донела лекар. Панин подоцна им подлегнала на повредите.Ова сведочење отвори нови контроверзии во процесот, бидејќи сопствениците на барот претходно токму неа ја посочуваа како одговорна за трагедијата во која загинаа 41 лице, а 116 беа повредени. Истрагата утврди дека пожарот избувнал кога прскалките од шишињата шампањ се запалиле од звучноизолациската пена поставена на таванот на подрумот.Жан-Марк, кој на суд беше опишан како „посвоен син“ на сопствениците, сведочеше дека Панин имала блиски односи со семејството Морети, дека била кај нив за Божиќ и дека ја сметале за дел од семејството. Тој ги негираше тврдењата дека таа била искористувана, што е спротивно на наводите на нејзиното семејство.Адвокатката на семејството на жртвата, Софија Хени, ги отфрли ваквите тврдења, наведувајќи дека Панин им се жалела на родителите дека била „немилосрдно терана да работи“, дека била психички и физички исцрпена и дека планирала јавно да проговори за условите во барот. Според неа, жртвата никогаш не била информирана за опасностите од пената на таванот, ниту поминала каква било безбедносна обука.Кобната ноќ, Панин била снимана како носи заштитна кацига од бренд шампањ, додека на раменици ја носел диџејот Матео Лесгер, кој исто така загина во пожарот. Сведоци навеле дека ова било побарано од сопствениците како дел од маркетиншки настап, иако кацигата ѝ го ограничувала видното поле.Сопствениците на клубот се под истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар. Тие тврдат дека не ја присилувале Панин да учествува во перформансот и дека таа тоа го правела доброволно. Истовремено, се соочуваат и со обвинувања од дел од вработените дека излезите за итни случаи биле заклучени и дека сопствениците се обиделе да избегаат со касата – тврдења што Моретиеви ги негираат.Истрагата е предмет на остри критики од семејствата на жртвите поради пропусти, меѓу кои и фактот дека не биле извршени обдукции на сите загинати. Некои семејства размислуваат да побараат ексхумација, а трагедијата веќе доведе до забрана за употреба на пиротехника во сите затворени јавни простори во кантонот Вале.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarycbkve3ctqmn1aOxO7DH

Возач на „Убер“ силувал жена, компанијата ќе мора да плати 8.5 милиони долари

Федерална порота во Феникс пресуди дека компанијата Uber мора да ѝ исплати 8,5 милиони долари отштета на жена која била силувана од еден од нејзините возачи, оценувајќи дека компанијата сноси одговорност за нападот. Одлуката се смета за клучна, бидејќи може да влијае врз исходот на илјадници слични тужби против превозничкиот гигант во САД.Станува збор за првото судење од над 3.000 обединети тужби против Uber што се водат пред федерален суд. Случајот, покренат од Џејлин Дин, имаше улога на т.н. „огледно судење“, со цел да се тестираат правните аргументи и да се утврди ориентир за висината на можните отштети во идни нагодби.Поротата утврди дека возачот дејствувал како застапник на Uber, со што компанијата станала директно одговорна за неговото однесување. На тужителката ѝ беа досудени 8,5 милиони долари отштета, додека барањето за казнена отштета беше одбиено. Нејзините адвокати претходно побараа над 140 милиони долари.Од Uber соопштија дека поротата ги отфрлила другите тврдења на тужителката – дека компанијата била немарна или дека безбедносните системи ѝ биле недоволни – и најавија жалба на пресудата, нагласувајќи дека вложиле значителни средства во безбедноста на патниците.Од спротивната страна, адвокатката на тужителката, Сара Лондон, оцени дека пресудата е „потврда за илјадници жртви кои истапиле, и покрај личниот ризик, за да ја повикаат компанијата на одговорност поради ставање на профитот пред безбедноста на патниците“.Правни експерти оценуваат дека доколку пресудата опстане во жалбената постапка, таа може да послужи како преседан и ориентир за висината на отштетите во други слични случаи, иако секој предмет формално се оценува поединечно.Тужбата беше поднесена во 2023 година, еден месец по нападот што се случил во Аризона, кога тужителката имала 19 години. Во неа се наведува дека Uber бил свесен за серија сексуални напади извршени од возачи, но не презел доволни мерки за заштита на патниците – обвинувања што со години ја следат компанијата и се предмет на јавен и институционален интерес во САД.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-library6oe6a0vvckavdfomPTA

Клинтонови бараат јавно сведочење за врските со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари побараа нивното сведочење пред Конгресот за врските со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин да биде јавно, со цел, како што наведуваат, да се спречи политизација на случајот од страна на републиканците.Двајцата добиле судски повик за сведочење зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, кој ги истражува врските на починатиот финансиски магнат со влијателни личности, пренесува The Guardian.Демократите тврдат дека истрагата се користи како политичко оружје, посочувајќи дека и поранешниот претседател Доналд Трамп имал долготрајни контакти со Епстин, но не бил повикан да сведочи.Републиканците претходно се заканија со постапка за непочитување на судот доколку Клинтонови не се појават, по што тие прифатија да сведочат.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarymh8qepo0g9c67qMAC9B

(Видео)Украина на минус 17 без струја по нов масовен руски напад

Русија во раните утрински часови изврши масовен напад врз украинската енергетска инфраструктура, предизвикувајќи прекини на струја во поголемиот дел од земјата, соопшти државниот оператор „Укренерго“.Од компанијата информираат дека нападите сè уште траат и дека санацијата ќе започне штом безбедносните услови тоа ќе го дозволат. На удар биле високо-напонски трафостаници и далекуводи од 750 и 330 киловолти, кои се клучни за функционирањето на електроенергетскиот систем.Министерот за енергетика Денис Шмихал потврди дека се погодени и производни капацитети, меѓу кои термоелектраните Бурштин и Добротвир во западна Украина. Нападот доаѓа во период на нагло заладување, при што во Киев се очекуваат температури до минус 19 степени.Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, соопшти дека нивната опрема претрпела значителна штета, наведувајќи дека ова е 220-ти напад врз нивните капацитети од почетокот на руската инвазија.Поради безбедносни причини, два аеродроми во југоисточна Полска привремено се затворени, соопштија полските власти.

Свет | пред 6 дена

6 ден.
media-librarym6qu2eqlt3ht8gqdln0

Муамед Сејдини суспендиран од фудбалот на две години поради измама

Муамед Сејдини, делегат на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), е санкциониран со двегодишна забрана за вршење каква било функција во фудбалот, откако Дисциплинската комисија на ФФМ утврди дека сторил измама и злоупотреба на овластувањата.Одлуката е донесена по пријава од Управниот одбор на ФФМ, а санкцијата се темели на член 84 од Дисциплинскиот правилник, кој се однесува на „измама и доведување во заблуда на орган на фудбалска организација“.Според утврдените факти, Одборот за итност на ФФМ на 27 ноември 2024 година прифатил понуда од компанијата „Енергоинвест Трејд“ ДОО Скопје за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во вредност од 202.919.610 денари без ДДВ. Во понудата немало услов за авансно плаќање, а тогашниот претседател Муамед Сејдини бил овластен да потпише договор исклучиво согласно прифатените услови. Одлуката подоцна била потврдена и од Управниот одбор на Федерацијата.И покрај тоа, на 3 декември 2024 година, Сејдини потпишал договор во кој бил вметнат дополнителен услов за авансно плаќање од 20 проценти – услов кој не бил дел од првичната понуда и за кој немал соодветно овластување. Дополнително, авансот бил исплатен без обезбедена банкарска гаранција.Дисциплинската комисија оцени дека со ваквото постапување Сејдини го довел во заблуда Управниот одбор на ФФМ и ѝ нанел значителна материјална штета на Федерацијата, поради што му е изречена двегодишна забрана за вршење каква било функција во рамки на фудбалските органи.

Спорт | пред 6 дена

6 ден.
najcevska-janceva

Најчевска против најавената измена во Законот за високо образование: „Импакт факторот не е мерило за квалитет“

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи ја критикува најавената измена во Законот за високо образование, според која кандидатите за избор во научно звање би морале да објават неколку трудови во списанија со импакт фактор. Таа предупредува дека ваквото решение е проблематично и може сериозно да ги дискриминира одредени научни области, особено општествените науки. Во објавата детално објаснува што всушност значи импакт факторот и зошто неговото законско наметнување не е соодветно мерило за квалитет.„Јанева (моменталната министерка за образование) ни вели дека во Законот за високо образование ќе влези одредба според која: Секој кој ќе аплицира за избор во звање – ... ќе има обврска до изборот да изработи и објави 3 до 4 научни трудови во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus.Што е проблематично (еве не велам глупо, тоа го оставам на вас да процените) во оваа намера?Да разјасниме прво што е тој фамозен импакт фактор на едно списание. Тоа е бројот на цитирања на написите кои се објавени во тоа списание во одреден временски период. Се прави агрегат од последните две години.Значи, тоа не е оцена на квалитетот на написите или на одделен напис. Тоа е квантитет на цитирања. Цитирањето на еден текст може да биде и во негативна конотација. Се цитира на пример глупоста дадена во конкретно истражување и се исмева некоја методологија.Второ, цитирањето е почесто кога станува збор за контраверзни теми. Ако во моменто е контраверзна тема учеството на трансгендер луѓе во спортот, одреден научен труд кој ја обработува оваа тема ќе биде широко цитиран. На пример, од моите трудови најцитирани се тие кои зборуваат за меѓуетничките односи. Тоа не значи само по себе дека се добри трудови туку само покажува дека меѓуетничките односи се од моментален интерес.Трето, во овој вид списанија (кои сакаат да бидат перципирани како многу цитирани) не се објавуваат теми кои се од потесен интерес на една држава. На пример во ниту едно од овие списанија нема да објават квалитетна студија за развојот на сточарството во Полошкиот регион. Дали тоа значи дека човек кој ќе направи ваква студија не може да биде избран во научно звање?Четврто, има научни истражувања од областа на историјата на конкретна држава, демократскиот развој на конкретна држава, правосудниот систем на конкретна држава. Вакви истражувања дефинитивно нема да ги објави ниту едно списание кое се обидува да постигне висок импакт фактор. Тие имаат потесен интерес што не ги прави помалку научни и квалитетни.Ова значи дека во вакви списанија може да објавуваат пред се истражувачите од медицинските и природните науки, а не и од општетсвените.И секако не значи дека научните трудови кои се објавени во вакви списанија по автоматизам значи дека станува збор за квалитетни трудови.Дајте луѓе мислете малку со своја глава, и читајте анализи пред да ставите во закон идеи кои се проблематизираат на светско ниво.“, напиша таа.

Коментари | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryt0ubr5v81dtkf9MJeCO

Радуловиќ демантира вмешаност во аферата со пасоши: Само сакав да помогнам на пријател

Името на поранешната ракометна репрезентативка, Валентина Радуловиќ, беше споменато во скандал со издавање на лични документи, а набрзо по објавата преку социјалните мрежи таа ги демантираше таквите информации.Таа вели дека само сакала да помогне на пријател.„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање за незаконски дејствија поврзани со наводно издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во мвр на издавање пасоши за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име некаде на почетокот на 2024 кога имаше застој во издавањето е злоупотребено за моја наводна инволвираност. Мојата пријателска ургенција кон пријател за пријател не ни можев да замислам дека ќе биде злоупотребена во овој контекст за вакво нешто за што читам дека сум инволвирана, и доколку навистина има таква постапка со мое инволвирање ќе ја докажам пред било која институција“, стои во реакцијата на Радуловиќ.Четири лица, меѓу кои двајца активни полицајци, една наставничка и еден пожарникар, се најдоа под удар на истрагата на Министерството за внатрешни работи поради организирана криминална шема за незаконско посредување при издавање лични документи.Според официјалните информации од МВР, осомничените во периодот од февруари до април 2024 година воспоставиле добро разработен систем за „преку ред“ издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи, за што наплаќале фиксен паричен надомест. Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.Кривичната пријава е поднесена против полицаецот М.С., кој се товари за злоупотреба на службената положба и примање поткуп, како и против П.П., полицаец од Интервентната полиција, осомничен за примање поткуп и противзаконито влијание. Во истрагата се опфатени и В.Р., наставничка во средно училиште во Скопје, и А.С., пожарникар во Град Скопје, кои се гонат за примање награда за противзаконито влијание.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
skopje-sneg-2022-2

Променливо облачно и релативно топло, дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе се појави магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат врнежи од дожд, додека на повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.Минималната температура ќе се движи од 2 до 5 степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 18 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, поинтензивни во југоисточните делови, додека на планините ќе врне снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во снег. Потоа ќе следуваат два дена со претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
magla

Магла и влажни коловози низ државата: Намалена видливост на Стража, кај Маврово и Богородица

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри, како и кај Маврово до 100 метри.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од одрони. Апелот особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
loto-1

Маж освоил 10 милиони рубљи благодарение на датумот на својата венчавка

Жител на Јекатеринбург, Русија, освоил 10 милиони рубљи на лотарија со тоа што на ливчето го впишал датумот на својата венчавка.Добивката се случила само неколку дена пред годишнината од неговиот брак, а тикетот содржел токму датумот на овој незаборавен и значаен настан.Според изјавата на добитникот, венчавката била одржана на 6 февруари 2019 година, кога двајцата сопружници имале по 33 години.Добитникот истакнал дека планира да ја искористи добивката за отплата на хипотека и за купување нов автомобил. Десет милиони рубљи се околу 110.000 евра.

Магазин | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryp6p9kt237kud8gtSvsy

Ѓорѓиевски по изборот во Извршниот комитет: Должност што се прифаќа со исправен грб и целосна посветеност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со јавно обраќање ја изрази својата благодарност за укажаната доверба да биде избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека станува збор за должност што се прифаќа со целосна одговорност, исправен грб и подготвеност за пожртвувана работа во интерес на државата и граѓаните.Ѓорѓиевски нагласи дека довербата добиена од претседателот Христијан Мицкоски за него претставува чест, но и обврска за уште поголема посветеност кон визијата за подобро Скопје и посилна Македонија. Тој потсети дека патот до овој момент не бил лесен и дека политичките победи не биле подарени, туку освоени со истрајност, жртва и верба, што, според него, ја зацврстило и ја обединило партијата.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски се наврати и на својата лична политичка биографија, посочувајќи дека неговата приказна со ВМРО започнала уште на 16-годишна возраст, кога бил претседател на местен комитет, по што чекор по чекор минувал низ сите партиски нивоа до членство во највисокото партиско тело. Тој истакна дека токму тешките периоди го градат карактерот, а лидерството се докажува кога условите се најпредизвикувачки.Ѓорѓиевски порача дека актуелното раководство, рамо до рамо со претседателот на партијата, има јасна намера да остави траен белег и да ја испише историјата, потенцирајќи дека периодот што следи ќе биде обележан со интензивна работа заедно со општинските комитети, партиските ветерани, Унијата на млади сили и Унијата на жени. Според него, фокусот ќе биде ставен на мотивирана, обединета и цврста политичка акција во интерес на граѓаните, идните генерации и развојот на државата, со уверување дека Македонија ја очекува убава иднина.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
ivica-tomovski

Томовски и Пецаков со поддршка за новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

По изборот на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнуваат реакции и јавни честитки од партиски функционери и носители на јавни функции, кои упатуваат пораки за единство, одговорност и засилена работа во периодот што следи.Ивица Томовски упати честитки за изборот на новиот состав на Извршниот комитет, како и за изборот на новиот генерален секретар Драган Ковачки. Тој истакнува дека новото раководство ја има неговата целосна поддршка и почит, со порака дека заедничката цел е изградба на силна ВМРО-ДПМНЕ, што, според него, значи и напредна и силна Македонија. Томовски нагласува дека партијата треба да продолжи одговорно и со конкретни решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.Со јавна изјава се огласи и Кирил Пецаков, кој посочува дека изборот за член на новиот Извршен комитет за него претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Тој нагласува дека довербата што ја добива од претседателот на партијата и од Централниот комитет е потврда за досегашната работа, но и обврска за уште посилно темпо во иднина. Пецаков порачува дека мисијата на новиот состав е јасна – професионализам, чесност и неуморна работа во интерес на подобра иднина за сите граѓани, упатувајќи благодарност за поддршката и повик за заедничко продолжување на политичката борба за Македонија.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

Втор ден се запленува марихуана: по конфискуваните девет тони, акцијата трае во струмичко со останатите околу 18 тони

Откако вчера беа одземени околу девет тони марихуана од кругот на скопска фирма, Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и денеска продолжуваат со активности на терен, овојпат во струмичкиот регион. Како што веќе објави „Скопје1“, таму се запленуваат преостанатите околу 18 тони марихуана, со што вкупната количина опфатена со акцијата достигнува околу 27 тони.Од Министерство за внатрешни работи за „Скопје1“ потврдуваат дека акцијата е во тек, но без да откриваат детали. „Активностите во однос на акцијата за која прашувате сè уште се во тек и поради тоа не сме во можност да споделиме дополнителни информации. По целосно завршување на акцијата, соодветно ќе биде информирана јавноста“, велат од МВР.Со сличен став е и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од каде наведуваат дека поради тоа што сè уште се постапува на терен, во овој момент не можат да споделат повеќе информации со јавноста.Акцијата во Македонија следува по настаните од пред неколку дена во Србија, кога тамошните власти запленија околу пет тони марихуана за кои официјално соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Токму таа заплена ја отвори истрагата за поширока криминална мрежа, по што македонските институции започнаа координирана акција на повеќе локации во земјава.Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде детално информирана по целосното завршување на претресите и истражните дејствија, кога се очекува и официјална потврда за конечната количина на запленетата дрога и евентуалните осомничени лица.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryvibcos4a8bsnaJBTsoz

(Видео) Популарната серија за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ добива продолжение

Серијата за уметничко лизгање „Finding Her Edge“ официјално добива нова сезона. Таа е базирана на истоимената бестселер книга за млади (YA), а првата сезона имаше премиера на Нетфликс на 22 јануари.Станува збор Адриана Русо, наследничка на пропадната династија на уметничко лизгање. Таа со новиот партнер Брејден Елиот се подготвува за Светското првенство, додека истовремено развива чувства кон својата прва љубов и поранешен партнер Фреди О’Конел.Авторката на книгата Џенифер Јакопели изјави дека е пресреќна поради прифаќањето што го добила серијата од гледачите ширум светот и дека сега со нетрпение очекува што ќе следи за Адриана, Брејден, Фреди и остатокот од тимот Русо.Првата сезона на „Finding Her Edge“ се најде во топ 10 во 81 земја и има повеќе од 12 милиони прегледи. Серијата исто така дебитираше на листата на топ 10 англиски ТВ серии на Нетфликс и се искачи до третото место.Шоуранерот Џеф Нортон изјави дека целта била да направи серија за љубовта, со ликови кои минуваат низ многу тешки периоди во животот и спортот, и дека со втората сезона ќе се продолжи нивното патување со поддршка на Нетфликс и WildBrain.Серијата има оценка 100% на Rotten Tomatoes и 5.9/10 на IMDb.

Магазин | пред 6 дена

6 ден.
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Зимски услови на патиштата: Снег на Попова Шапка и магла кај Серта, сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но без задржување на снегот на коловозот. Намалена видливост поради магла до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино, кај Серта.Сите патни правци во државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.Се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од одрони. Апелот особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 6 дена

6 ден.
media-libraryns4s118oh7gn6OIJ2Vw

Заканувачите со убиство на полицијата повикани во станица

Рома Прес објави дека двајцата учесници на протестот во Битола, Рафет Мемишовски и Феим Мемишовски, се повикани на информативен разговор во Министерството за внатрешни работи(МВР).„Засега не е потврдено дали ќе се води само информативен разговор или, пак против нив ќе биде преземена итна постапка и ќе бидат санкционирани“, пишува Рома Прес.Претходно Рафет и Феим се извинија на целиот државен врв за нивните закани.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања