1 нед.
media-libraryh2lpce1l5bs257ZuMFn

Уапсен најбараниот терорист на листата на ФБИ, „ловот“ траел повеќе од 20 години

Еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Даниел Андреас Сан Диего, кој повеќе од 20 години беше во бегство, може да биде екстрадиран од Велика Британија во Соединетите Американски Држави, каде ќе му се суди, пресуди денеска суд во Лондон.Сан Диего (47) наводно извршил два бомбашки напада во Сан Франциско во 2003 година, а беше уапсен во ноември 2024 година на имот во рурална област покрај шума во Конви, во северен Велс, каде живеел под лажен идентитет како Дени Веб.Препознатлива тетоважа на градите со натпис „It only takes a spark“ (Доволна е само искра) помогнала во неговата идентификација.Тој е првиот терорист кој во 2009 година бил додаден на листата најбарани на ФБИ, заедно со починатиот лидер на Ал-Каеда, Осама бин Ладен.Судијата Самуел Гузи во Магистратскиот суд Вестминстер во Лондон пресуди дека нема пречки за екстрадиција на Сан Диего, а конечната одлука ја носи министерот за внатрешни работи, што се очекува да биде формалност. Сан Диего има право да поднесе жалба на одлуката до Високиот суд. Тој се противеше на екстрадиција во САД, каде би можел да добие затворска казна до 90 години доколку биде осуден.Неговите адвокати тврдеа дека не може да има правично судење „во Америка на претседателот Доналд Трамп“, каде „претседателот спровел чистка во Министерството за правда и поставил свои поранешни лични адвокати на позиции на кои се одлучува“.Сан Диего првпат беше обвинет во Калифорнија во 2004 година за две кривични дела предизвикување штета со експлозив и поседување експлозив. Подоцна беа додадени нови обвиненија, вклучувајќи користење или носење експлозивна направа за извршување кривично дело. Бомбашките напади се случиле во Калифорнија на 28 август и 26 септември 2003 година, врз компаниите Chiron Biotechnology Corporation и Shaklee Nutritional Products Corporation, при што немало повредени.Групата Револуционерни ќелии – Бригада за ослободување на животните ја презеде одговорноста за нападите, наведувајќи како причина врските на тие компании со компанијата Huntingdon Life Sciences, која активистите за права на животните ја критикуваа поради тестирање експериментални лекови врз животни.Сан Диего исчезнал на 6 октомври 2003 година на транзитна станица додека ФБИ го следел кога го паркирал автомобилот во центарот на Сан Франциско. Повеќе не бил виден во живо, но било пријавено дека наводно бил виден повеќепати низ светот. За информации што би довеле до негово апсење била понудена награда од 250.000 долари. ФБИ наведува дека Сан Диего бил поврзан со екстремисти за права на животните, веган, познат по поседување пиштол и работел како експерт за компјутерски мрежи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya5imi48rrj565A5XF2o

Тешко повредена жената во чија куќа утрово имаше експлозија

На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynh2fn5n2kl2f3AbroZX

Тапачка меѓу малилетници во двор на градинка во Чаир

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од село Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Николоски најави можни нови авиолинии меѓу Македонија и Црна Гора

Ве информираме, заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ.На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји.Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.На средбата се разговараше и за зголемување на економската соработка, трговската размена како и соработката во туризмот.@Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи особено за можноста за воспоставување на авио поврзување меѓу двете земји.  Исто така отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и се што е во интерес на  двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена информираше дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој е направен во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.На ова реагираа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кои се против трасата да минува низ средишното зеленило бидејќи треба да се сечат дрвја.„Орце Ѓорѓиевски изјави дека проектот за БРТ за кој се земени кредит од ЕБОР од 70 милиони евра без да бидат прашани скопјани, морал да се продолжи како решение. Не е вистина дека мора да се изведе проектот како што е зацртан и да се дозволи уништување на 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот.Истата банка ЕБОР во минатото сакаше да даде кредит на МК и за изведба на експресен пат сред национален парк Галичица со што ќе се дозволеше уништување на паркот и благодарение на #ОхридSOS, тој девастирачки проект се запре. Сега пак ни се заканува уништување на белите дробови на #Скопје кое мора да го спречиме!Многу едноставно и поевтино може да се направи БРТ со издвојување на десна лента од постоечките сообраќајни ленти, без да се чепка средишното зеленило, да не дозволиме ново уништување и блокирање на градот кое ќе трае со години! Да не заборавиме дека под средишното зеленило проаѓа главната цевка со која се снабдува цело Скопје со пивка вода од Рашче - инфраструктурен објект од непроценливо економско и стратешко значење кој не смее никој да го доведува во ризик, уште помалку за свој личен каприц, додека постојат алтернативи да се постигне истото без ризик“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Голф удри 7-годишно девојче во Куманово, детето со тешки повреди пренесено на Клинички

На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.Во сообраќајната незгода малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
UaYct-

Охриѓанец чувал марихуана изнесена од фабрика за медицински канабис – кривична пријава од СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л. (60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.С.Л., кој претходно бил вработен како инженер-агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, наводно неовластено изнел марихуана од фабриката и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид, со цел да ја користи или да ја продаде натаму.При претрес извршен по судска наредба во неговите простории, полицијата пронашла и одземала марихуана, по што лицето било лишено од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2023-09-14-at-20.56.54

Тепачка меѓу затвореници во Идризово

Во СВР Скопје е пријавено дека на 03.02.2026 околу 17:30 часот, во полуотвореното одделение на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот М.Б. физички го нападнал друг осуденик, А.А. Двајцата се наоѓаат во затворот и издржуваат казна.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
417466023_697125702597960_8365710883011608670_n

Полицајци, наставничка и пожарникар обвинети за примање поткуп при издавање лични документи

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 во врска со член 22 и член 45 од КЗ, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 2 од КЗ, во врска со член 24 од КЗ, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од КЗ и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје, заради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7, во врска со став 2, во врска со член 22 од Кривичниот законик.Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.. Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски. Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarypbth5ohsfoabdg4l4Dt

Минчев: СДСМ денес е окупирана партија, Заев и Филипче се водат од лични интереси

Во интервју за неделникот Фокус, Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Горан Минчев, даде јасен и принципиелен осврт на состојбите во СДСМ, партија во која политички израснал и во која, како што истакнува, со години вложувал искрена и целосна посветеност.„СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“ - нагласи Минчев.Тој оценува дека денешната СДСМ суштински се разликува од партијата каква што била во минатото, посочувајќи дека во изминатата деценија го изгубила кредибилитетот кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот интерес.„За жал, СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст“ - вели Минчев, потенцирајќи дека ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење, имајќија предвид историската улога што СДСМ ја имала во државата.Осврнувајќи се на можноста за евентуално обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев е дециден дека такво сценарио не е можно без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност.„Не можете да се обедините со некого кој не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сe уште се бранат, релативизираат или премолчуваат“ - истакна тој.Според Минчев, ова не е прашање на лични односи, суети или политички калкулации, туку исклучиво прашање на принципи.„Ова е прашање на принципи. А принципите или ги имаш, или ги немаш. Тие не се ставаат во заграда кога е тешко, ниту се тргува со нив кога политички одговара“ - порача Минчев.Тој подвлекува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија останува отворено за сите граѓани кои веруваат во чесна, директна и принципиелна политика, со јасен став дека без одговорност и суштинска промена нема простор за компромиси со старите практики.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryo1epvp84skak6J6n7F2

Петрушевски го осудува СДС: Гласаа против „Безбеден град“, а осудуваат возење без дозвола

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување на протест, ние не поддржуваме и јавно го осудуваме.Потсетуваме дека СДС и Филипче гласаа против овој проект во Собранието, а координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој инаку е и ексминистер за внатрешни работи не направи ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.Во време на СДС, Филипче и Спасовски не беше имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци.Сега кога конечно се воведува систем кој воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДС се против. Од друга страна пак Филипче и СДС тврдат дека се против возење без возачка дозвола и без регистрација, а гласаа против проект и механизам што практично го гарантира токму тоа.Оваа контрадикторност ни Венко Филипче не може сам да си ја објасни ниту со политички разлики, ниту со загриженост за граѓаните.На СДС и Филипче треба да им биде јасно дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, напротив е системско решение за заштита на животите на граѓаните.Секој што е искрено за ред, закон и безбедност, треба да го поддржи, а се друго е политичка калкулација на штета на јавниот интерес“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykgppqkshil4a2TZjJxO

(Фото) Разорна експлозија во куќа во Охрид, поредена жена

Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти.„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност.Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryg7lk4c4165ih1R47BvW

Масовно труење со олово меѓу жителите на Вареш во БиХ

Во општина Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозна здравствена криза предизвикана од масовно труење на населението со олово. Најновите резултати од тестирања на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е значително пошироко отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1 BiH.Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите кои живеат во близина на депонијата на рудникот на компанијата DPM Метали, во населбите Пржиќи и Даштaнско, туку и кај граѓаните од самиот центар на Вареш. Претходните испитувања од декември минатата година покажаа присуство на олово во крвта кај сите 44 тестирани лица од различни возрасти.Во меѓувреме, во приватен аранжман беа тестирани уште девет лица, а наодите само ги потврдија алармантните показатели. Особено загрижувачко е што олово е пронајдено и кај пет деца помлади од шест години.Последните тестирања покажуваат дека кај некои лица се забележани исклучително високи концентрации на олово во крвта, во некои случаи и десет пати, па дури и сто пати поголеми од референтните вредности.„Присуството на олово во крвта претставува исклучително сложен здравствен проблем, бидејќи во човечкиот организам не постои физиолошка потреба за олово. Современата медицина застапува став дека не постои ‘безбедна’ доза олово во организмот“, истакнуваат експертите од Институтот за здравје и безбедност на храна Зеница.Во интервју за локална радио станица, вршителот на должноста градоначалник на општина Вареш, Малик Ризвановиќ, изјави дека, доколку го добие мандатот, здравјето на граѓаните ќе биде негов приоритет. Сепак, информацијата дека непосредно пред објавувањето на новите резултати за труењето, компанијата ДПМ Метали испратила до Владата на Зеничко-добојскиот кантон барање за зголемување на надоместокот за концесија предизвикува загриженост.„Официјално е дека во петокот ДПМ Метали поднесе иницијатива за зголемување на концесискиот надомест до Министерството за економија на Зеничко-добојскиот кантон. Во наредните месеци ќе има зголемување на концесијата. Она што успеав да го договорам со компанијата е дека, кога ќе се потпише концесијата, таа ќе се плаќа ретроактивно од 1 јануари 2026 година“, рече Ризвановиќ.Фактот дека самата рударска компанија бара од властите да ја зголемат концесијата што треба да ја плати изгледа неверојатно и покренува сериозни прашања за тоа кој управува со природните ресурси во Зеничко-добојскиот кантон.„Ако компанијата се обидува да купи социјален мир со овој потег, јасно велиме дека здравјето на граѓаните нема цена и дека е крајно несоодветно да се зборува за концесиски надоместоци во време кога животите на луѓето во Вареш се сериозно загрозени“, истакнуваат жителите на Пржиќ и Даштански.Властите на Зеничко-добојскиот кантон и Федерацијата БиХ сè уште немаат јасен одговор за ситуацијата во Вареш. Иако условите се исполнети, сè уште не е прогласена вонредна состојба. Исто така, не е познато дали Обвинителството на Зеничко-добојскиот кантон започнало истрага за труењето.И покрај противењето на локалните заедници и граѓанското општество, надлежните кантонални власти продолжуваат да поддржуваат нови, потенцијално опасни рударски проекти во Вареш, вклучувајќи го и планираното рударство на хром во сливот на реката Криваја.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarykkktejgv0nsr6qfJyxi

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

СДСМ понуди јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра, вели Јована Тренчевска - потпретседателка на СДСМ.„Преку ребаланс на буџетот,  само со рационално кратење на трошоците од луксузот на власта може целосно се обезбедат до 200 милиони евра за: -зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците. -поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите. Решението на СДСМ значи поддршка на двете страни, и на работниците и на работодавачите односно компаниите во приватниот сектор. Пари во буџетот има, прашањето е на приоритети. Само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари односно 120 милиони евра. Со кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги, комфор на функционерите, се обезбедуваат 130 милиони евра. Со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари, времени вработувања се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи само со кратење само во овие категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра. Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите. На овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност. Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците. Не држат изговорите на владата дека ако се покачи минималната плата ќе се загрози економијата или работата на компаниите. СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата  од 8.000 на 22.000 денари па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачка и расте домашното производство. Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, додава Тренчевска.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7b62glv6c0mh84HMOeX

Нови закони за високо образование: Повеќе квалитет, повеќе истражувањa, предност за најдобрите студенти

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од која се очекува да обезбеди поквалитетна академска едукација и да ја поттикне научно –истражувачката дејност во државата.Денес на прес конференција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ги презентираше поважните аспекти на новите закони за високо образование, за квалитет во високото образование и науката и за научно – истражувачка дејност, од кои, првите два се веќе објавени на ЕНЕР системот и достапни за коментари и сугестии од јавноста.„Споделувам убава вест за студентите кои со стипендија од државата студираат на најдобрите 100 светски универзитети или пак студираат во Македонија и се добитници на Инженерски прстен или се прогласени за најдобри студенти на универзитетот - тие ќе имаат предност при вработувањето на државните универзитети, како наставно – научен кадар. Ова е една од новините во Законот за високо образование“, рече Јаневска.Нагласи дека утврден е нов начин на финансирање на високообразовните установи. Предвидена е развојна компонента и исклучителна компонента за успешност, односно повеќе пари за оние универзитети кои ќе се потрудат да исполнат одредени повисоки критериуми. Ова, како што рече министерката, ќе ја стимулира конкуренцијата, а конкуренцијата носи квалитет.„Ги зајакнуваме критериумите за напредување во звања на факултетите. Секој кој ќе аплицира за избор во звање – доцент, вонреден или редовен професор, отсега зависно од звањето ќе има обврска до изборот да изработи и објави од 6 до 7 научни трудови, од кои 3 до 4 треба да бидат објавени во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus. Ова е важно, затоа што светската статистика вели дека за еден универзитет да се најде меѓу најдобрите 1000 на Шангајската ранг листа, треба годишно да објавува најмалку 1200 трудови во списанија со импакт фактор. Нашите универзитети годишно објавуваат помеѓу 300 и 500 трудови и тоа мора да го промениме“, порача министерката.Информираше дека за професорите кои се затекнати при избор во звања, ќе има олеснувања на постапката, како и дека новиот закон предвидува еден професор да може доживотно да остане во исто звање доколку ги исполнува условите за тоа звање при секој нареден избор. Еднаш избрани редовни професори во иднина, по усвојување на законот, ќе имаат реизбор по 7 години. Оние кои се веќе се избрани во редовни професори, нема да бидат опфатени со овој закон, а академската заедница станува единствена на целата територија. Мандатот на ректорите ќе биде 4 години, наместо сегашните 3, а се менува и моделот за избор на ректор.Законот предвидува да се воведат и стручни студии од прв, втор и трет циклус со проодност кон академски студии, како и кратки стручни програми за стекнување на специјалистички знаења. За поттикнување на транспарентноста на работата на државните универзитети, се активираат одборите за доверба со јавноста и советите на универзитетите, кои во минатото не функционираа. Националниот совет за високо образование и наука пак, добива повеќе обврски.„Платите повеќе не се предмет на дискусија. Зголемени се за 14% минатата година, а зголемен е и буџетот за поддршка на научно – истражувачката дејност од 380 милиони денари во 2024 година, на 773 милиони денари оваа година. Повеќе од двојно“, рече Јаневска.Паралелно со Законот за високо образование, кој како рече Јаневска, неопходно е да седонесе заради тоа што актуелниот од 2018 создаде повеќе проблеми отколку што реши, се носи и нов Закон за квалитет во високото образование и научно истражувачката дејност, со кој се предвидува реорганизација и заживување на улогата на Агенцијата за квалитет, која во изминатите 5 години постоење, вршеше само акредитација на студиски програми, но не и евалуација.„Новина е наместо два одбори за акредитација и за евалуација, законот предвидува еден Совет кој ќе работи со стручни комисии. Дефинирање на постапките за евалуација, самоевалуација, акредитација, надзор над работата на високообразовните установи и научно – истражувачките субјекти и така натаму. Анализиравме структури на ваков тип институции во други земји и цениме дека новата организациска поставеност на АКВО ќе даде подобри резултати“, додаде министерката.Третиот е Законот за научно – истражувачка дејност, кој предвидува типови на научниустанови, доделување на средства за научно – истражувачки проекти, финансирање на научни институти и центри за извонредност, јасно дефинирање на постапки за избор во научни звања на истражувачите и слично.„Законот е во тесна корелација со другите два и оттука, очекувам Собранието одеднаш да ги усвои сите, се разбира по претходно доставување на најдобрите текстови што ќе произлезат од јавната дебата што како Влада ја започнавме во понеделникот. Дебати ќе се одржат и на сите јавни високообразовни установи, а се надевам и на квалитетна дискусија во Собранието“, додаде министерката.Изразувајќи благодарност до сите кои без било каков надомест учествуваа во изработката на новата законска регулатива, Јаневска посочи дека особено Националното координативно тело за реформи во високото образование и научно истражувачката дејност одлично ја заврши првата задача заради која и беше формирано од страна на Владата и се покажа како добар начин на работа од која никој не е исклучен и сечие мислење е важно.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-36-4540PM

Уапсени 11 возачи без возачка дозвола, двајца се малолетници

11 возачи управувале возила без возачка дозвола и со активна забрана за управување моторно возило,од нив двајца се малолетници, ќе им бидат поднесени кривични пријавиНа 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 12:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.Н.(28) од с.Гостиражни, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што констатираче дека го управувал возилото пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 19:30 часот на патот Ресен-с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 15- годишник од Штип. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда" со ресенски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 14:30 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола, односно без положен возачки испит.На 05.02.2026 во 16:25 часот на регионален пат кај крстосница за село Ѓавато, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Богданци. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи биле одземени.На 05.02.2026 во 14:50 часот на локалниот пат с.Пиперево - с.Василево, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Пиперово, општина Василево. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 19:00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица сопреле товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.П.(33) од с.Баница, струмичко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 10:15 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 во 13:45 часот на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.В.(32) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.В., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 околу 09:25 часот на регионален пат во с.Драслајца, струшко, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(32) од с.Корошишта, струшко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7sujn196t63d8lAgr1J

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позицииПиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу.Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.„Од овие вработувања коишто се предвидени во ова предлог одлука, делумно ги имате исполнатo со на преземање од Kисела Вода. Значи, на некоја позиција нема да бидат според јавниот оглас.Морам да напоменам дека годишниот план за вработување во град Скопје за 2026 година го имавме поддржано, исклучиво поради пожарникарите коишто беа предвидени дека ќе се вработуваат во 2026 година, меѓутоа, овдека е убаво да се истакне фактот што имаме 42 позиции коишто предвидуваме дека треба да се пополнат.На пример, ева градоначалникот нека ми објасни дали е потребно и колку е потребно помлад соработник за превод на англиски јазик во годишната програма за 2026 година, раководител на одделение за управување со квалитет, советник за давање на информации за градоначалникот, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, советник за подготовка на материјали и документација за заштита од бучава., раководител на одделение за техничко регулирање на сообраќај, советник за контрола над работите во доменот на изведба на одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, виш, соработник за категоризација и менување на улици, самостоен референт за документација, помлад соработник во занаетчиство и трговија, самостоен референт за документација, самостоен референт за административна поддршка, самостоен референт за персонална евиденција“, изјави Мустафаоглу.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска: Се препознав во навредите на премиерот, јавната комуникација мора да има ниво

Обвинителката Ленче Ристоска е децидна дека премиерот во придавката „медиокритет“ за измените на КЗ апсолутно мислел на неа.„Да се препознав во овие навреди на премиерот, односно изјава, исто како што се препознав во едно друга изјава дека обвинителот за врски со Европрвада зема тродупло плата од другите обвинители, бидејќи единствен обвинител во Европравда што го имала држава досега сум само јас и јас земам иста плата како сите други обвинители во ОЈО Скопје. А во оваа конкретна изјава се препознав бидејќи јас сум единствена обвинителка од поранешното СЈО што некогаш сум ги критикувала измените на КЗ и во 2023 и сега. Јас сум свесна дека ние сме јавни функционери и подложни на јавни критики, и критиките се добредојдени, но сметам дека јавната комуникација мора да има ниво. Јас никогаш не сум кажала јавно дисквалификации ниту за јавни функционери, ниту за политичари, ниту за политички партии, затоа што кога ги вршиме јавните функции ние сме цело време јавни функционери. Сметам дека мојата реакција беше исклучиво дефанзивни и насочени јас да си го одбранам мојот професионален интегритет, а со тоа и интегритетот на ОЈО и предметите по коишто е постапувано, изјави Ристоска во 24 АнализаТаа изјави дека има поднесено тужба против ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда порди дисквалификациите кои што го доведуваат во прашање нејзиниот професионален интегритет.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6i13nmj0l5n60og0xNa

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година, но цените ќе останат високи

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година благодарение на поволните временски услови, соопшти државната управа за храна Conab.Бразилските производители би требало во 2026 година да произведат 66,2 милиони вреќи кафе од по 60 килограми, што е за 17,1 отсто повеќе отколку во 2025 година. Ова би значело дека производството ќе ја надмине рекордната 2020 година кога беа произведени 63,1 милион вреќи.Производството на сорта арабика би требало да порасне за повеќе од 20 отсто, на 44,1 милион вреќи, додека кај сортата робуста се очекува пораст од 6,4 отсто, на 22,1 милион вреќи.„Продуктивноста е подобрена благодарение на поволните временски услови низ целиот циклус на културата, воведувањето технологии и добри практики за управување на полињата“, посочуваат од Conab.Продукцијата по хектар се очекува да порасне за 12,4 отсто, на 34,2 вреќи, покажува извештајот објавен во четвртокот.Водечкиот производител на арабика, Миннас Жераис, се очекува оваа година да произведе 32,4 милиони вреќи кафе, за 26 отсто повеќе отколку лани, благодарение на врнежите и здравите растенија. Водечкиот производител на робуста, Еспирито Санто, ќе го зголеми производството за девет отсто, на 19 милиони вреќи, благодарение на „добрата дождовна сезона“.И покрај новиот рекорд во производството, цените на кафето можеби ќе останат високи, посочуваат од Conab.Американското Министерство за земјоделство предвидува дека глобалната потрошувачка на кафе во тековниот циклус ќе достигне рекордни 173,9 милиони вреќи, додека залихите на крајот на сезоната повторно се очекува да бидат пониски отколку на почетокот, петта година по ред, и да се намалат на 20,1 милион вреќи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Контролата на медицински канабис затаила, потребни се итни законски промени

Демократскиот сојуз бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на канабис за медициски цели.„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели. Повеќе од јасно е дека контролата затаила, поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи наркомафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, соопшти партијата.Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно, се додава во соопштението.„Јавно да бидат објавени сопствениците, формални и неформални, на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн. Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен. Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој наркобизнис, кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата“, соопшти ДС.Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите, се додава во соопштението.„Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопшти Демократскиот сојуз.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања