1 нед.
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-36-4540PM

Уапсени 11 возачи без возачка дозвола, двајца се малолетници

11 возачи управувале возила без возачка дозвола и со активна забрана за управување моторно возило,од нив двајца се малолетници, ќе им бидат поднесени кривични пријавиНа 05.02.2026 во 16:00 часот на ул.„Таше Милошевски" во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено" со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без важечка возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 12:00 часот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кај с.Ропотово, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода И.Н.(28) од с.Гостиражни, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Н., при што констатираче дека го управувал возилото пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 19:30 часот на патот Ресен-с.Евла, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 15- годишник од Штип. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда" со ресенски регистарски ознаки, управувано од малолетникот, при што констатирале дека го управувал возилото без да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 16:45 часот на магистѕралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од с.Чегране, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено.На 05.02.2026 во 14:30 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(23). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола, односно без положен возачки испит.На 05.02.2026 во 16:25 часот на регионален пат кај крстосница за село Ѓавато, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „форд фокус“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Богданци. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи биле одземени.На 05.02.2026 во 14:50 часот на локалниот пат с.Пиперево - с.Василево, полициски службеници од СВР Струмица сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Пиперово, општина Василево. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 19:00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица сопреле товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.П.(33) од с.Баница, струмичко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.На 05.02.2026 во 10:15 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 во 13:45 часот на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.В.(32) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.В., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.На 05.02.2026 околу 09:25 часот на регионален пат во с.Драслајца, струшко, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(32) од с.Корошишта, струшко. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото со активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7sujn196t63d8lAgr1J

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позицииПиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу.Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.„Од овие вработувања коишто се предвидени во ова предлог одлука, делумно ги имате исполнатo со на преземање од Kисела Вода. Значи, на некоја позиција нема да бидат според јавниот оглас.Морам да напоменам дека годишниот план за вработување во град Скопје за 2026 година го имавме поддржано, исклучиво поради пожарникарите коишто беа предвидени дека ќе се вработуваат во 2026 година, меѓутоа, овдека е убаво да се истакне фактот што имаме 42 позиции коишто предвидуваме дека треба да се пополнат.На пример, ева градоначалникот нека ми објасни дали е потребно и колку е потребно помлад соработник за превод на англиски јазик во годишната програма за 2026 година, раководител на одделение за управување со квалитет, советник за давање на информации за градоначалникот, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, советник за подготовка на материјали и документација за заштита од бучава., раководител на одделение за техничко регулирање на сообраќај, советник за контрола над работите во доменот на изведба на одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, виш, соработник за категоризација и менување на улици, самостоен референт за документација, помлад соработник во занаетчиство и трговија, самостоен референт за документација, самостоен референт за административна поддршка, самостоен референт за персонална евиденција“, изјави Мустафаоглу.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ристоска: Се препознав во навредите на премиерот, јавната комуникација мора да има ниво

Обвинителката Ленче Ристоска е децидна дека премиерот во придавката „медиокритет“ за измените на КЗ апсолутно мислел на неа.„Да се препознав во овие навреди на премиерот, односно изјава, исто како што се препознав во едно друга изјава дека обвинителот за врски со Европрвада зема тродупло плата од другите обвинители, бидејќи единствен обвинител во Европравда што го имала држава досега сум само јас и јас земам иста плата како сите други обвинители во ОЈО Скопје. А во оваа конкретна изјава се препознав бидејќи јас сум единствена обвинителка од поранешното СЈО што некогаш сум ги критикувала измените на КЗ и во 2023 и сега. Јас сум свесна дека ние сме јавни функционери и подложни на јавни критики, и критиките се добредојдени, но сметам дека јавната комуникација мора да има ниво. Јас никогаш не сум кажала јавно дисквалификации ниту за јавни функционери, ниту за политичари, ниту за политички партии, затоа што кога ги вршиме јавните функции ние сме цело време јавни функционери. Сметам дека мојата реакција беше исклучиво дефанзивни и насочени јас да си го одбранам мојот професионален интегритет, а со тоа и интегритетот на ОЈО и предметите по коишто е постапувано, изјави Ристоска во 24 АнализаТаа изјави дека има поднесено тужба против ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда порди дисквалификациите кои што го доведуваат во прашање нејзиниот професионален интегритет.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6i13nmj0l5n60og0xNa

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година, но цените ќе останат високи

Бразил очекува рекордна жетва на кафе во 2026 година благодарение на поволните временски услови, соопшти државната управа за храна Conab.Бразилските производители би требало во 2026 година да произведат 66,2 милиони вреќи кафе од по 60 килограми, што е за 17,1 отсто повеќе отколку во 2025 година. Ова би значело дека производството ќе ја надмине рекордната 2020 година кога беа произведени 63,1 милион вреќи.Производството на сорта арабика би требало да порасне за повеќе од 20 отсто, на 44,1 милион вреќи, додека кај сортата робуста се очекува пораст од 6,4 отсто, на 22,1 милион вреќи.„Продуктивноста е подобрена благодарение на поволните временски услови низ целиот циклус на културата, воведувањето технологии и добри практики за управување на полињата“, посочуваат од Conab.Продукцијата по хектар се очекува да порасне за 12,4 отсто, на 34,2 вреќи, покажува извештајот објавен во четвртокот.Водечкиот производител на арабика, Миннас Жераис, се очекува оваа година да произведе 32,4 милиони вреќи кафе, за 26 отсто повеќе отколку лани, благодарение на врнежите и здравите растенија. Водечкиот производител на робуста, Еспирито Санто, ќе го зголеми производството за девет отсто, на 19 милиони вреќи, благодарение на „добрата дождовна сезона“.И покрај новиот рекорд во производството, цените на кафето можеби ќе останат високи, посочуваат од Conab.Американското Министерство за земјоделство предвидува дека глобалната потрошувачка на кафе во тековниот циклус ќе достигне рекордни 173,9 милиони вреќи, додека залихите на крајот на сезоната повторно се очекува да бидат пониски отколку на почетокот, петта година по ред, и да се намалат на 20,1 милион вреќи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Контролата на медицински канабис затаила, потребни се итни законски промени

Демократскиот сојуз бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на канабис за медициски цели.„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели. Повеќе од јасно е дека контролата затаила, поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи наркомафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, соопшти партијата.Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно, се додава во соопштението.„Јавно да бидат објавени сопствениците, формални и неформални, на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн. Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен. Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој наркобизнис, кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата“, соопшти ДС.Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите, се додава во соопштението.„Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопшти Демократскиот сојуз.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryvr92fqknd20937Qu8j3

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, инфлацијата се намалува

Во гостувањето во емисијата „Вин-вин“ на телевизија „Телма“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакна дека монетарната политика успешно ја исполнува својата основна цел – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност во земјата.Гувернерот посочи дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена. Стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во економијата, финансиската стабилност и конкурентноста на домашната економија.Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на месечно ниво. Народната банка очекува дека во текот на оваа година инфлацијата и натаму ќе се намалува, што е во согласност со среднорочната цел за ценовна стабилност и приближување кон инфлацијата во еврозоната.Гувернерот информира дека Народната банка воведе нова и поефикасна оперативна монетарна рамка, со што се унапредува преносот на сигналите од монетарната политика кон финансискиот систем. Во новата рамка, банките имаат можност да пласираат средства кај Народната банка на седум дена со каматна стапка од 4%, со дефиниран каматен коридор за краткорочните операции. Со ваквата поставеност се овозможува појасна насока за движењето на каматните стапки и се придонесува за одржување на стабилноста на финансискиот систем.Беше истакнато дека банкарскиот систем располага со значителен вишок ликвидност, како и дека бележи постојан раст на штедењето кај населението. Во последните години се забележува и позитивен тренд на денаризација, односно раст на штедењето во домашна валута, што уште повеќе ја зајакнува стабилноста на денарот и довербата во домашниот финансиски систем.Гувернерот нагласи дека девизните резерви се одржуваат на високо и сигурно ниво од околу 4,9 милијарди евра, што претставува силна гаранција за стабилноста на девизниот курс и за отпорноста на економијата на надворешни шокови.Во гостувањето беше истакнато и дека постои широк општествен и економски консензус за придобивките од фиксниот девизен курс, што со децении успешно придонесува за стабилноста на македонската економија и претставува важен столб во процесот на европска интеграција и идното воведување на заедничката европска валута.Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските движења и ќе спроведува политики насочени кон одржување на ценовната и финансиската стабилност, како важен предуслов за одржлив економски раст и за стабилност на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
maksim-dimitrievski-03-696x465

СДСМ: Максим Димитриевски јавно си призна дека не живее од плата

Во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ никој не живее од плата тоа веќе сите го знаат. Максим Димитриевски од ЗНАМ јавно си призна дека не живее од плата, вели СДСМ.„Додека работниците се борат за зголемување на минималната плата за да имаат за леб, власта на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ужива во луксуз.Се купува нов мебел, службени коли, уживаат во луксузни патувања, се гоштеваат со папаја, манго, дури и нов владин авион се планира.Исто како Груевски со очилата и мерцедесот, така Мицковски со часовниците од 65.000 евра.Тендерската коалиција живее на грбот на граѓаните.Тендери за ортаците на Мицкоски и Максим Димитриевски. 161 тендер за еден ортак на Мицкоски, 1,2 милиони евра за друг ортак на Максим преку Пошта, 52 тендери за трет...Народот гладува, а тие живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби.Со ваква политика на приватен бизнис за тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.Истата приказна на Максим како со Мицковски.За нив политиката е само приватен бизнис“, велат од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
uapsen

Уапсен крадец од Радовиш кој избегал од затвор

На 05.02.2026 во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (23) од Радовиш.Тој е осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за кривично дело „тешка кражба“ и бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде требало да издржи уште три години и осум месеци од казната.Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library8j992f6b0rn98ccXzLZ

Левица го обвинува ОЈО Струга и Вишото јавно обвинителство за заштита на дивоградба во центарот на градот

Иако во центарот на Струга една година непречено се гради дивоградба (која узурпира државно земјиште), деновиве се потврди дека сите инстанци на обвинителството се продолжена рака на криминалот и урбанистичото дивеење. По поднесена преставка до Вишото јавно обвинителство во Битола поради непостапување по кривична пријава за бесправно градење, вишиот јавен обвинител Пецо Везироски констатира дека “струшкиот обвинител стручно и ажурно постапил”, и покрај тоа што јавниот обвинител во Струга една година дозволува во Струга да никне дивоградба во заштитена зона, велат од политичката партија Левица.„Потсетуваме дека пратеничката Јована Мојсоска, уште во декември минатата година, поднесе кривична пријава до ОЈО Струга заради бесправно градење. Иако рокот за одговор од страна на јавниот обвинител е три месеци, повеќе од една година јавниот обвинител од Струга нема доставено одговор до подносителот на кривичната пријава. Во моментот на поднесување на кривичната пријава, објектот беше во фаза на подрум. Денес, објектот е целосно изграден (подрум, приземје, два ката и поткровје), благодарение на непостапувањето на ОЈО Струга. Оваа одлука на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски е скандалозна и со ваквиот „штитенички“ однос, Везироски само го охрабрува незаконитото постапување на ОЈО Струга. Поради ваквото непрофесионално однесување на обвинителите кои се продолжена рака на безаконието, Левица ќе поднесе претставка до Советот на јавни обвинители за работата на јавниот обвинител од ОЈО Струга и Вишиот јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола. Корупцијата во обвинителската фела очигледно се пресликува и на повисоките нивоа, затоа што токму оние кои треба да го санкционираат ваквото непостапување на струшкиот јавен обвинител (во случајов Вишо јавно обвинителство Битола) - истото констатира дека нема никаков пропуст што во центар на градот се гради бесправно, за што е изречено и решение од овластен градежен инспектор“, додаваат од партијата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryhh4up50b08u95o1qjag

„Не сум непријател на власта“, вели Ристоска која го укоруваше премиерот и тужеше ВМРО-ДПМНЕ, па конкурираше за да биде државен обвинител

Јас очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка, затоа и конкурирав, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска.„Не се пријавив да ја нервирам власта, туку бидејќи сериозно мислам дека имам што да понудам и имам квалитет. Јас не сакам да верувам дека некој ме ставил во категорија „непријател“ на власта. Тоа би било еден многу незрел потег за политички делувања. Сметам дека постои одговорност кај носителите на извршната и законодавната власт за оние кои ги донеле на власт, граѓаните. Бидејќи граѓаните очекуваат државниот јавен обвинител да работи во нивен интерес, а не во интерес на партијата или било кои центри на моќ. И граѓание се тие што на избори даваат оценка за политиките на власта. И сметам дека доколку постои политичка зрелост, мојата кандидатура вреди и те како да се разгледа. И јас искрено ви кажувам дека јас се гледам во ново поглавје како државен јавен обвинител- вели Ристоска

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrhelp7lge2ll1vLY0ag

Панделевски нема вина во „Империја“, обвинението повлечено: Ова не е победа, туку задоцнета правда

По одлуката на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да го повлече обвинението против Панделевски во предметот „Империја“, тој во јавно обраќање порача дека исходот ја потврдува неговата позиција дека „против него немало релевантни докази за сторено кривично дело, но и дека последиците од повеќегодишната постапка остануваат“.Панделевски наведува дека од самиот почеток укажувал оти обвинението е правно и фактички неосновано, оптоварено со сериозни процесни пропусти и без докази што би ја поткрепиле тезата за измама или перење пари. Потсетува дека против него биле водени две обвиненија, од кои првото, за наводна злоупотреба на положбата и оштетување на акционерите на „Бетон – Штип“, било повлечено уште на судење, откако се утврдило дека не постои ниту еден оштетен акционер, и покрај тврдењата за околу 150 оштетени лица.Според неговото обраќање, постапката потоа била продолжена со обвинение за наводна измама и перење пари во однос на Кираца Трајковска, преземено од нов обвинител. По изјавата на Трајковска дека никогаш немала контакт со него, како и по изјавите на 14 акционери од „Фершпед“ дека немале каков било однос со него, Панделевски оценува дека станало јасно оти не постои ниту фактичка ниту правна основа за продолжување на обвинителниот акт.„Со повлекувањето на обвинението, обвинителството практично потврди дека: 1. Не постои доказ дека сум презел дејствија со намера за прибавување противправна имотна корист, 2. Не постои доказ дека сум довел кого било во заблуда, 3. Ниту пак дека сум имал влијание врз одлуките на акционерите или управувањето со нивниот имот. Овој исход за мене не претставува победа, туку задоцнета институционална потврда дека правото и фактите, и покрај сè, мора да надвладеат“, вели Панделевски.Истовремено, Панделевски нагласува дека повеќегодишната постапка оставила сериозни последици врз неговиот личен и деловен интегритет, како и врз компаниите со кои е поврзан, кои функционирале под постојан притисок, правна неизвесност и нарушена деловна репутација. Во наредниот период најавува детална анализа на правните, економските и репутациските последици, по што ќе донесе одлука за понатамошните чекори, вклучително и за начините на исправување на нанесената штета и идниот деловен ангажман.„Очекувам овој случај да послужи како сериозно предупредување за значењето на почитувањето на основните принципи на правична постапка, законитост и професионална одговорност во работењето на институциите, особено во предмети со висок јавен и економски импакт. Како бизнисмен со повеќедецениско искуство и без ниту една дамка во своето професионално портфолио, укажувам дека обвинителството секогаш мора да води сметка за интегритетот на лицата, бидејќи штетата од вакви постапки не се нанесува само врз неправедно обвинетиот, туку и врз целото општество“, додава Панделевски.Во овој случај, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев признаа вина, а спогодувајќи се со Обвинителството враќаа пари на државата и добија минимални затворски казни.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
micotakis

Мицотакис најавува продолжување на конструктивниот дијалог со Анкара

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, изјави дека ќе се обиде да ги надгради последните дипломатски достигнувања меѓу Атина и Анкара, и покрај долгогодишните тензии меѓу двете ривалски земји во Егејското Море, во интервју за магазинот Foreign Policy, пред неговата посета на Турција следната среда.Мицотакис потенцира дека Грција признава еден главен спор меѓу двете страни: дефинирањето на морските зони во Егејското Море и источниот Медитеран.„Оваа разлика постои со децении. Но сметам дека во последните години работевме конструктивно за да ги намалиме тензии и да признаеме дека, дури и ако не можеме да го решиме овој голем проблем, кој не е решен со децении, можеме сепак да имаме работна соработка, конструктивна соработка на одредени полиња“, рече Мицотакис.„Ќе патувам во Анкара, ќе ги изнесам нашите многу јасни точки во врска со нашиот главен спор, но исто така ќе се обидам да ги надградам достигнувањата што ги постигнавме во изминатата година.“

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
lavrov

Лавров: Москва води тајни разговори со европски лидери за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е во тајна комуникација со одредени европски лидери и дека со нив се водат разговори за завршување на рускиот воен конфликт во Украина.„Нема да кријам, во контакт сме со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат овде. И така се одржува таен контакт“, изјави Лавров.Тој додаде дека изјавите на европските лидери „за време на тие приватни, доверливи контакти“ не се разликуваат од она што го кажуваат јавно.„Тоа се исти повици: ‘Да го завршиме ова’, ‘Нешто мора да се преземе’“, рече Лавров.Лавров исто така посочи дека Европа има „безкомпромисен став“ според кој Русија мора да доживее „стратешки пораз“.„Нивниот став е следниот: Украина не смее да изгуби, Русија не смее да победи, бидејќи во спротивно Европа ја губи честа. Сè што сега прават е насочено кон спречување и оневозможување на преговорите кои, се чини, штотуку се наѕираат помеѓу Американците и нас, а сега се вклучуваат и украинските претставници“, додаде Лавров.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarym335j61m8evs8Pgxlg5

(Видео) “Грешев, нема да се повтори”, стигна ново извинување по заканите за убиства оти им земаат возила што ги возат без возачки

Уште еден од демонстрантите кои се закануваа, за што премиерот Христијан Мицкоски најави „жесток одговор”, се извини јавно. Станува збор Феим Мемишовски, еден од Ромите кои протестираа во Битолско поради одземените возила на граѓани кои возеле без возачка дозвола.Видеото со извинувањето е снимено во домашна атмосфера, а тој вели дека направил грешка и дека тоа нема да се повтори.„Се извинувам до Владата, до претседателот, до премиерот. Пред два дена дојде син ми и ми кажа „татко, ми ја земаа колата, полицијата“. Јас од возбуда, кога ми кажа, кој и да е ова ќе го направи, ама згрешив многу, се извинувам, што се понашав така безобразно за власта и за премиерот. Се извинувам многу, грешев, и повеќе нема да ми се случи ова“, вели тој.Независниот синдикат на полицијата (НСП) во текот на вчерашниот ден официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Р.M. и Ф.М., поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници.НСП во својот допис до Обвинителството предлага лицата веднаш да бидат повикани како осомничени и за нив да се побара притвор за да не го повторат делото или да го извршат тешкото кривично дело кое го најавуваат.Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјалите со изјавите на лицата.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryv03pbng74ego1al7rqe

Полицискиот синдикат поднесе кривична и бара притвор за домонстрантите кои се закануваа на полицајци

Независниот синдикат на полицијата (НСП) во текот на вчерашниот ден официјално поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица, Р.M. и Ф.М., поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници.Од Синдикатот побара итна реакција од правосудните органи и одредување мерка притвор за пријавените.Според содржината на кривичната пријава, инцидентот се случил на 03.02.2026 година за време на протести во Битола. Пријавените, преку изјави во медиумите и на социјалните мрежи, упатиле директни закани дека ќе ги нападнат полицајците доколку тие се обидат да го спроведат законот и да им ги одземат возилата.НСП во својот допис до Обвинителството потенцира дека очекуваат ист аршин на постапување како во случаите кога се гонат полициски службеници.Исто така предлага лицата веднаш да бидат повикани како осомничени и за нив да се побара притвор за да не го повторат делото или да го извршат тешкото кривично дело кое го најавуваат.Како доказ кон пријавата се доставени извадоци од видео материјалите со изјавите на лицата.Од НСП порачуваат дека доколку Обвинителството не постапи во најкус рок, нивното непостапување „нема да остане незабележано“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library6pfgt3e9tm4j3RnX7N8

Почнуваат Зимските олимписки игри, Македонија со четворица натпреварувачи

Со свечена церемонија на стадионот на Милан и Интер денеска во 20 часот официјално започнуваат 25. Зимски олимписки игри, кои ќе траат до 22 февруари.На овие трети Игри што се организираат во Италија, чијшто домаќини овојпат се официјално Милано и Кортина д’Ампецо, Србија ќе ја претставуваат Ања Илиќ и Милош Милосављевиќ во нордиско скијање и Алекса Томовиќ во алпско скијање.На ЗОИ 2026 ќе се натпреваруваат вкупно 2.871 спортист, од кои 1.533 мажи и 1.338 жени, претставувајќи 92 олимписки комитети.Натпреварувањата ќе се одржуваат во осум спортови, во вкупно 16 дисциплини.Церемонијата на отворање ќе биде збогатена со настапи на оперскиот пејач Андреа Бочели, рок пејачката Лаура Паузини и американската музичка ѕвезда Мараја Кери.Претседателот на Италија, Серђо Матарела, ќе ги отвори Игри официјално.Свеченото затворање на Игрите ќе се одржи на 22 февруари во Верона.Македонскиот олимписки тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти кои се најдобри во своите дисциплини: Јана Атанасовска, e рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом, Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом, Ставре Јада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт Ана Цветановска, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.Делегацијата ќе биде сместена во неколку олимписки села со цел спортистите да бидат поблиску до патеките, а за нивната логистика ќе се грижат шефот на мисијата Цветанка Макаровски и нејзиниот заменик Петар Спасеновски.Распоредот за настап на нашите нордијци е на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе се одржат на 14, 15 и 18 февруари.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryme5o6f49e8qc8BqD3Os

(Фото) Кратерски дупки под железничка во Скопје: Граѓани реагираат, ги оштетиле возилата

Сервисната уличка што поминува покрај објектот на ЈП „Македонска пошта“, под железничката станица во Скопје, е во катастрофална состојба, со голем број дупки и оштетувања на коловозот. И покрај тоа што уличката се користи секојдневно, засега нема никаква интервенција за нејзино сервисирање или асфалтирање.Граѓаните реагираат на социјалните мрежи, истакнувајќи дека проблемот не се наоѓа во периферни делови, туку во централното градско подрачје.„Не е во Кушкундалево, во центарот на Скопје е! Па и тие од ЈП МАКЕДОНСКА ПОШТА! Зинале само за плата, никако да зинат за зинатава дупка што им е пред порти! Ако уличниве властелини не знаат, еве јас како поштена граѓанка шо плаќа даноци, ќе апелирам да постелат малку нов асфалт, оти поштенава граѓанка некни обу едни штикли и...ојде предницата. Затоа, го молам горенаведениот наслов да си ја фати работата. Се асфалтира и зиме!“, коментираат жителите.Втор граѓанин додава дека на уличката има повеќе дупки, а неговиот син ја искинал гумата на колата. „Ги има повеќе, син ми искина гума од дупка на улица, пошто скината гума не се лепи си купи нова, важно Safe City е во функција.“Граѓаните апелираат надлежните институции да интервенираат што е можно побрзо, за уличката да стане безбедна за пешаци и возила.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
272449545_1112693226155907_5380449899506032670_n

Угостителите за една година ги покачиле цените за 3,4%, алкохолот поскап за 9,1%

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.Според овие податоци во во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 %, а на алкохолните пијалаци за 0,2 %. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година) цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци  за 9,1%, потоа кај  храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
milica-todorovic-123974

Драма кај пејачката Милица Тодоровиќ: Мажот со кој има дете е 19 години во брак, се огласи неговата сопруга

Пејачката Милица Тодоровиќ на свет донесе син на кого му го даде името Богдан. Во медиумите денеска се појавија првите фотографии од таткото на детето, кого Милица досега го криела од јавноста. Според информациите, станува збор за маж кој веќе е во брак и има две деца, а неговата сопруга Л. М. се огласи за медиумите, пренесе Блиц.рс.Таа истакна дека моментално преживува голем стрес и дека имала разговор со пејачката.„Ние сме во брак 19 години и имаме два сина. Пред еден месец тој ми соопшти дека очекува дете со Милица. Бев во шок, веднаш ја побарав Милица, ја сретнав пред нејзината зграда, ме повика горе во стан да разговараме. Таму беше мојот сопруг. Со неа разговарав убаво, со него не. Не знам што и кажал и што таа планирала. Имавме нормален брак... Многу е страшно“, изјави Л.М.Таа додаде дека семејството преживува тежок период, но дека Милица и таа разговарале цивилизирано.„Моите деца и јас преживуваме пекол. Јас и Милица разговаравме убаво, таа ми рече дека се во врска веќе една година и дека чека да се разведеме. Тој ми рече дека не сака да го напушти семејството, не знам што ѝ кажал на неа. Милица само сака да се разведеме и тој да биде со нив. Не ме праша за нашите деца, тоа не ѝ е важно. Најважно ѝ е каков е нашиот однос и дали сме во брак, како функционираме, за моите деца не ме праша, тоа не ја интересира. Таа повеќе не ме контактираше, јас не ја нападнав, дури ја заштитив...“ – порача таа.Според информациите, Милица Тодоровиќ роди здраво машко дете, а мајката и бебето се чувствуваат добро.Пејачката претходно изјавила дека нејзината врска со славниот актер била најголема лична грешка.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryn41dnudeniqgepOwooG

Берлинскиот аеродром затворен поради голомразица: Сите летови стопирани, хаос во воздушниот сообраќај

Берлинскиот аеродром соопшти дека денеска ќе остане затворен поради голомразица и дека не е познато кога ќе продолжат летовите.„Поради временските услови, полетувањата и слетувањата во моментов не се можни“, наведе аеродромот на својата веб-страница, пренесе Ројтерс.Авиокомпаниите мораа да ги одложат или откажат летовите откако снег и леден дожд погодија аеродромот во Берлин во четвртокот.Снег и леден дожд паѓаа во текот на ноќта меѓу среда и четврток, како и вчера наутро во источна Германија, предизвикувајќи нарушувања во патниот и железничкиот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања