1 нед.
media-library5hcs1qvciere5TC6Cu2

56 записници за неправилно фрлање отпад во јануари

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Најголем број на записници - вкупно 32 - се врачени во скопската општина Чаир.ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија“, информираат од претпријатието.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
pari

СДСМ со решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди јасно, конкретно и остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра преку ребаланс на буџетот. Нема простор за изговори на власта: пари во буџетот има, но тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги трошат за луксуз и криминални тендери, велат од опозициската СДСМ.„За зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра.Само со рационално кратење на трошоците во две буџетски категории може целосно да се обезбедат потребните средства.Кратење на 20 до 30% на делот „стоки и услуги“, каде што се, патувања, репрезентации, договорни услуги, возила, мебел и комфор на функционерите, може да се обезбедат меѓу 90 и 130 милиони евра.Со кратење на делот „разни трансфери“ може да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.Со кратење само во овие две категории се обезбедуваат од 130 до над 200 милиони евра.Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите, со што компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.Не може да има пари за луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.Изговори нема. Ако власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот. СДСМ ќе го поддржи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
dozd

Минусни температури утрово во Берово и на Попова Шапка, најмногу дожд во Охрид

Утринава најстудено е во Берово и на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, додека -1 степен е измерен во Тетово. Температура од 1 степен е регистрирана во Крива Паланка, Битола, Кавадарци, Струмица, Крушево и Лазарополе, а 2 степени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип, Демир Капија и Маврови Анови.Во Охрид, Претор, Виница и Велес се измерени 3 степени, додека највисока утринска температура од 4 степени е регистрирана во Гевгелија.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Охрид – 5 литри на метар квадратен. По 2 литри на метар квадратен наврнале во Крива Паланка, Штип, Виница и на Попова Шапка, додека по 1 литар во Гевгелија, Пожаране, Маврови Анови, Лазарополе и Пожар-Радовиш.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

Марко Рубио поднесе оставка

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави Марко Рубио поднесе оставка од функцијата вршител на должност директор на Националниот архив на САД, соопшти Националната управа за архиви и евиденција (NARA).Тој се повлече од функцијата во согласност со Законот за реформа на федералните испразнети работни места, кој го ограничува времетраењето на вршителите на должност, а своите овластувања во Националниот архив ги делегираше на Џејмс Бајрон, висок советник на архиварот.Националниот архивар е одговорен за надзор на владините евиденции и раководење со Националниот архив, агенција која американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше поради ракувањето со доверливи документи во 2022 година, пренесе Ројтерс.Рубио беше назначен за вршител на должност директор на архивот откако Трамп ја отпушти тогашната архиварка Колин Шоган.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Трендафилов: Функционерите повеќе ги болат сопствените плати отколку платите на работниците

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, обвини дека функционерите повеќе се грижат за сопствените плати отколку за стандардот на работниците, реагирајќи на ставовите на Владата за иницијативата за намалување на функционерските примања.„Преку медиумите, информирани сме дека претставникот на Владата истакнал дека Иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати е полна со политикантство и најмалку ги штити интересите на самите работници и дека ова што се предлага е неуставно и веќе е докажано во минатото. Дека нивната стратегија е единствениот уставен пат – преку законски измени на коефициентите да го спречи натамошниот раст на платите и постепено да го вратат нивото пред одлуката за зголемување од 78%.Тоа што предлага ССМ по новата формула за функционерските плати е и Уставно и Законски, па така, промената на основицата за пресметка на функционерските плати од просечна на минимална плата е намалување на функционерските плати за -40% и намалувањето на коефициентите за сложеност за -40% е намалување на функционерските плати за дополнителни -40% или по познатата формула x-y=z за математички по прецизно да разберат, ако X е 80% ( колку што се зголемени функционерските плати) - Y (намалувањето н основицата од просечна на минимална плата и дополмително намалување на коефициентите ) кој е - 80 % = Z кој е 0%, а тоа значи да си ги намалат веднаш платите за 80% за да се вратат во реалноста во која живеат работниците.Дополнително, покрај намалувањето на функционерските плати, за да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).Прашањето е како намалувањето на коефициентот на функционерските плати за 9,2 % (онолку колку што е порастот на просечната плата за 2025 година) за да не се зголемат нивните плати, но и за да не се намалат функционерските плати е Уставно и системско решение, а намалувањето за 40% на коефициентот на сложеност и намалувањето на основицата за пресметка на функционерските плати за 40% или вкупно намалување за 80% е спротивно на Уставот и на Законите.Како тоа намалувањето на коефициентите за да не им се зголеми платата е Уставно, а намалувањето на коефициентите за да им се намали платата е неуставно ?За потсетување, Уставен суд укина Уредба на Владата за замрзнување на коефициентите и така се случи енормното зголемување на функционерските плати кои сложно си ги земаат функционерите.Но, оваа Влада минатата година со Уредби ги намали коефициентите, па така, сега кога Уставен суд ќе одлучи како што веќе одлучил, функционерите ќе добијат зголемување за 12,6% на нивната плата за 2025 година и тоа ретроактивно, затоа што порастот на просечната плата во 2025 година во однос на 2024 година беше 12,6%.Најважното прашање е ова :Уцените за тоа работниците да се откажат од правото просечната плата да им биде основица за пресметка на платата помножена по коефициент на сложеност, се дават врз основа на Уставот или врз основа на желбите на поединци во Владата и како тоа за себе сакаат решение кое ќе опстане и кое нема повторно да биде поништено од судовите, а бараат работниците сами да си поништат нешто што им следува согласно Уставот, а е забрането да го поништат и со Закон и со Општиот колективен договор?“, вели Трендафилов

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
jsp

Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.„И во Град Скопје и во сите јавни претпријатија одговорноста е пред се кај оној кој што го вози возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што не знаеме кој е возачот, дал ие тоа механизација или лесно возило одговорноста оди кај шефот на возниот парк“, изјави Ѓорѓиевски„Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент“, појасни Ѓорѓиевски.Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел, како што вели градоначалникот, да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Димитриевски: Зголемувањето на минималната плата носи повисоки цени

Коментирајќи ги намалувањата на платите на функционерите, Максим Димитриевски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека нема ништо против да се намалат платите, но и дека e против покачувањето на минималната плата. Тој изјави дека во целата тема гледа „многу политика, а малку суштина“.„Минималната плата во државата содржи многу елементи на политика, а многу малку на суштина. Парите секогаш се малку, и платите се мали во Македонија, но покачувањето на платите значи и покачување на цените, особено на давателите на јавни услуги. Јас сакам моите јавни претпријатија да имаат високи плати, но цените на услугите ќе бидат повисоки. Се работи за многу политика, а малку суштина. Граѓаните треба да знаат дека зголемување на минималната плата за која се залагаат синдикалци, квазисиндикалци, политички личности, носи само бенефит за државата. Тоа значи повисоки придонеси и приходи кон државата. Суштината на договорот не е во Владата, туку во Економско-социјалниот совет“, рече Димитриевски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
magla

Магла до 50 метри кај Гевгелија, влажни коловози низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а намалена видливост поради магла е забележана во повеќе делови од земјата. До 50 метри видливоста е намалена во околината на Гевгелија, до 100 метри кај Струмица, Неготино и Сарамзалино, а до 150 метри кај Демир Капија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе трае до 15 март 2026 година.Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од одрони. Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во рамки на сезонскиот режим, во период од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција истакна дека над 1,5 милиони евра месечно има загуби во ЈП Комунална хигиена поради како што вели тој девијантни појави од минатото.„Изминатиов период, девијантните појави од минатото ги исклучуваме да бидат опција. Пример, над 130.000 квадрати во Комунална хигиена се упишани површини коишто, за мене и за раководството сегашно, од нејасни причини во минатото не биле вкалкулирани во пресметките за ѓубретарина наплата. Тоа е над 1,5 милиони евра загубен приход на месечно ниво во претпријатието, велиИ тоа како се спроведувало? Имате индустриска зона, процена си направил некој во минатото дека на 5 објекти треба да им се пресмета целата квадратура и површина, ама на некои не треба, или па треба по малце од тоа што го имаат да им се пресмета. Тоа претпоставувате од какви причини е правно,  е сега нема да може така.Сега ќе има електронска база во која ќе има точни податоци и сето тоа ќе го вкрстуваме со катастар. Секој кој ќе се обиде да направи таква појаваќе биде строго санкциониран. Е ова е само комунална хигиена. Кога сме кај водовод и канализација во тек е акција во многу правни субјекти каде што има сериозна злоупотреба на вода. Каде што дупли водомери се поставувани во минатото, каде што не се регулира состојбата како што треба и тоа се должи, исто така, на дел од генерираните загуби на претпријатието, дел се должат на односите поврзани со и закоченоста со пречистителната станица, каде што имаме сериозно придвижување напред, но и со ненаплатата на сметки. Ние имаме како лица коишто носиме одговорност пред граѓаните, но и пред законот, да постапуваме и да не доведеме состојба во којашто ќе застарат долгови, знаете и самите.Тоа е свесно доведување на состоеба да вие го однесете во колапс, претпријатие, град или која било установа. Е, некој го дозволил и тоа во минатото“, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
vreme-oblacno

Променливо облачно со дожд и умерен јужен ветер

Променливо облачно време се очекува претпладнево во западните делови на земјата со повремени врнежи од дожд, додека попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд, со слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.Во наредните денови се очекува променливо облачно време, со повремен слаб дожд, освен во западните делови каде што врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи се очекуваат во недела и на почетокот на следната седмица, кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library508s3j11gks478jHwC6

(Видео) Од фабриката „Oхис“ излегоа 20 возила: Запленети 9 тони марихуана на првата локација поврзана со „Алфафарм“

Седум комбиња, еден мини-камион, шест камиони и шест патнички возила излегоа од кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што е регистрирано седиштето на скопската компанија Алфафарм ДОО Скопје, регистрирана за производство и преработка на медицински канабис. Ова е првата локација од која, според информациите на „Скопје1“, се запленети околу девет тони марихуана.Според нашите извори, на теренот покрај полициски службеници и истражители биле присутни и медицински тимови, а во акцијата учествуваа и возила на Царинска управа. Засиленото присуство и логистиката укажуваат на обемот и сериозноста на операцијата.Втората локација од која се одземаат дополнителни околу 18 тони марихуана, според изворите на „Скопје1“, се наоѓа во струмичкиот регион. Со тоа, вкупната количина на запленета дрога во оваа координирана акција достигнува околу 27 тони, што претставува една од најголемите конфискации забележани досега.Од Министерство за внатрешни работи и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција засега не соопштуваат официјални детали, со образложение дека претресите и проверките сè уште се во тек.Акцијата доаѓа откако пред четири дена во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана, за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин во село во близина на Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата располага со акционерски капитал од околу 529 илјади евра и има повеќе косопственици. Посебно внимание привлекува фактот што се евидентирани измени во сопственичката структура само неколку дена пред во Србија да бидат откриени и запленети петте тони марихуана.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две сè уште се недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршување на целосната истражна постапка, кога се очекува и официјална потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0gloph133loj7jZ2Hpj

„Скопје1“ дознава: Се запленуваат рекордни 27 тони марихуана во Скопје и струмичко

Полицијата вечерва завршува заплена на речиси десет тони марихуана во Скопје, поврзани со претходно одземените пет тони во Србија, а складирани во кругот на фирмата инволвирана во случајот со нелегалниот шверц, дознава „Скопје1“ од извори вклучени во истрагата. Паралелно со оваа заплена, според истите извори, се спроведува и втора акција на локации надвор од Скопје, каде што се одземаат дополнителни 18 тони марихуана. Според неофицијалните информации, втората заплена е во струмичко.Акцијата, која трае во текот на целиот ден, ја спроведува Министерство за внатрешни работи под насоки на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа, се одзема вкупна количина од околу 27 тони марихуана, што според достапните информации претставува најголема конфискација на дрога во Македонија за која досега се слушнало во јавноста.Акцијата следи по настаните од пред четири дена, кога во Србија беа пронајдени и одземени пет тони марихуана за кои српските власти соопштија дека биле прошверцувани од Македонија и биле наменети за српскиот пазар. Тамошните институции информираа дека дрогата била складирана во магацин поврзан со семејство во село во Крушевац.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици. Интересно е што има измени во сопственичката структура денови пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.Од македонските институции засега не се соопштуваат детали, со образложение дека акцијата сè уште е во тек. Во кругот на поранешниот комплекс ОХИС, каде што правно е регистрирано седиштето на „Алфафарм ДОО Скопје“, вечерва е забележливо засилено полициско присуство, истражители на Обвинителството, како и медицински лица.Во Србија, според официјалните информации, осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка, кога и официјално се очекува потврда за заплената од над 27 тони марихуана.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryv03pbng74ego1al7rqe

(Видео) По заканите за „убиства и тепачки“, демонстрантот се извини: „Нема да се повтори“

Лицето кое за време на протестите се закани дека „ќе има убиства и тепачки“ доколку полицијата одземе нечие возило, денеска јавно се извини, наведувајќи дека изјавата ја дал во афект.Демонстрантот посочува дека неговата реакција била предизвикана од тоа што на негов братучед му било одземено возилото, согласно измените на Законот за прекршоци, и уверува дека вакво однесување нема да се повтори.„Ова нема да се повтори уште еднаш, на братучед ми му ја земаа колата. Ова нема да се повтори уште еднаш. Нема да се закануваме повеќе“, изјави тој.Заканите предизвикаа силни реакции во јавноста, а надлежните институции претходно најавија дека ќе постапуваат по сите случаи на загрозување на јавниот ред и безбедноста.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrco19lsa37svc9jLkl6

Претреси во кругот на ОХИС поради случајот со петте тони марихуана кои беа запленети во Србија

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, сместена во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрага поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.Истражните органи ги проверуваат и повеќе други објекти на компании со лиценца за одгледување канабис за медицински цели.„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците на фирмата е уапсен во Србија, додека по друг ко-сопственик се трага и тој е во бегство.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Епстиновата бура би можела да собори светски лидер, но тоа нема да биде Трамп

Иако британскиот премиер Кир Стармер никогаш не бил директно поврзан со Џефри Епстин, скандалот околу осрамотениот финансист сериозно ја загрозува неговата политичка позиција. Наспроти тоа, американскиот претседател Доналд Трамп, чие име често се споменува во новообјавените документи за Епстин, засега не се соочува со значајни политички последици.Во Обединетото Кралство, јавниот притисок поради врските со Епстин е силен и веќе доведе до тешки последици, меѓу кои и одземањето на кралските титули на поранешниот принц Ендру. Скандалот повторно се разгори откако беше откриено дека поранешниот министер Питер Манделсон, близок соработник на Стармер, одржувал контакти со Епстин и по неговата осуда во 2008 година, а се појавија и сомнежи дека му пренесувал чувствителни информации. Манделсон поднесе оставка и се соочува со истрага, што дополнително ја разниша владата.Во САД, иако документите содржат нови и непроверени обвинувања и сведоштва на жртви, властите не подигнаа обвиненија против Трамп ниту против други спомнати лица. Аналитичарите оценуваат дека разликата лежи во политичката моќ: Трамп има силна контрола врз институциите и партијата, додека Стармер веќе се соочува со внатрепартиска нестабилност, што ја прави аферата „Епстин“ далеку поопасна за неговата иднина.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynj2i32sg3pmidfY4jHi

Генерацијата Z против застарената корпоративна контрола: Вработен одби физичко присуство во 6:30 наутро, се приклучи онлајн

Одговорот на вработен од генерацијата Z до шефот, откако тој побарал да дојде во канцеларија во 6:30 наутро поради виртуелен состанок, стана вирален на социјалните мрежи. Младиот вработен одбил да дојде и покрај јасната закана од шефот, а неговата реакција предизвика дебата за современите работни навики и правилата во канцеларијата.Преписката меѓу шефот и вработениот ја сподели корисникот Lexis на платформата X со опис: „Припадници на генерацијата Z. Не се хероите што ги заслуживме, но се хероите што ни беа потребни.“На објавениот скриншот се гледа порака од надредениот пред виртуелниот состанок закажан за 7:00 наутро.„Ова е последно предупредување. Физичко присуство во канцеларија до 6:30 наутро поради виртуелен состанок во 7:00 е задолжително, а недоаѓањето ќе се смета за непослушност. Имајте на ум дека повторно непочитување на правилата може да резултира со дисциплински мерки, вклучително и суспензија, според политиката на компанијата. Веднаш потврдете кога ќе бидете на работното место“, стои во пораката.Одговорот што следеше многумина го протолкуваа како пример на отпор на генерацијата Z кон она што го сметаат за застарена корпоративна контрола.„За да појаснам, нема да бидам физички присутен на виртуелниот состанок. Ќе се приклучам виртуелно, како што самиот формат на состанокот предвидува. Заканата за суспензија поради локација, а не поради учество, не е толку деловна политика колку злоупотреба на моќ. Онлајн сум“, одговори вработениот.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library1m38kma6397f6vfQROi

Уапсен 15-годишник по напад врз наставник во училиште во Велс

Петнаесетгодишно момче е уапсено под сомнение за обид за убиство по напад врз наставник во средното училиште во Милфорд Хејвен, во Пемброкшир, Велс, соопшти полицијата. Полициски службеници од управата Дајфед-Пауис биле повикани попладнево по пријава дека ученик нападнал наставник, објави „Скај њуз“.Надзорникот Крис Ниве изјави дека полицијата интервенирала околу 15:20 часот, откако било пријавено дека ученикот мавтал со оружје и го нападнал наставникот. Тој појасни дека повредата што ја добил наставникот не е убодна рана и дека му се укажува медицинска помош.Од безбедносни причини училиштето било привремено затворено, но мерката подоцна била укината. Полицијата и натаму останува на местото на настанот, а сите ученици се безбедни и поголемиот дел од нив веќе си заминале дома.Осомничениот петнаесетгодишник се наоѓа во полициски притвор, додека истрагата за инцидентот продолжува.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarynuf0fjta54l582fDqYQ

Иран објави снимка од досега невидена ракета еден ден пред преговорите: „Ја менуваме доктрината“

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека го распоредила „Хорамшахр 4“, нов балистички проектил со среден дострел, кој државната агенција Фарс го опишува како најнапредниот ирански проектил досега. Според наводите, проектилот има дострел до 2.000 километри и носивост поголема од еден тон експлозив, што значи дека цели во Израел и американски бази во регионот на Персискиот Залив се во неговиот домет.Проектилот е наменет за демонстрација на способностите за силен прв или одмазднички удар. Техеран редовно објавува информации за ново оружје и тестирања што не можат независно да се потврдат.Истовремено, Револуционерната гарда објави снимки и фотографии од, како што тврди, нова подземна база за балистички проектили на непозната локација. Објавата доаѓа еден ден пред продолжувањето на нуклеарните преговори со САД, закажани за утре во Оман, во услови на зголемени тензии меѓу Техеран и Вашингтон.Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал Абдолрахим Мусави, најави промена на воената стратегија, наведувајќи дека по 12-дневниот конфликт со Израел и САД во јуни 2025 година, Иран преминал од одбранбена на офанзивна доктрина, со цел спроведување брзи и големи операции.Иранската балистичка програма беше клучна во нападите врз Израел минатото лето и претставува една од главните точки на судир со Вашингтон, кој бара ограничување на нејзиниот дострел. И покрај тоа, Техеран најави дека преговорите со САД во Маскат, со посредство на Оман, ќе се фокусираат исклучиво на нуклеарната програма, без отворање на прашањето за ракетните способности.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Никогаш нема да дозволам нашето присуство на островот Диего Гарсија да биде загрозено

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал разговор со британскиот премиер Кир Стармер, во кој главна тема бил островот Диего Гарсија, најголемиот остров од архипелагот Чагос и локација на една од најважните американски воени бази во светот.Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп го оцени разговорот како „многу продуктивен“, нагласувајќи дека базата на Диего Гарсија е стратешки поставена во средиштето на Индискиот Океан и има исклучително значење за националната безбедност на САД. Тој истакна дека американските воени операции во изминатата година биле успешни поради силата на војската, современата опрема и, како што рече, клучната улога на стратешки позиционираните воени бази.Трамп наведе дека, според мислењето на многумина, премиерот Стармер го постигнал најдобриот можен договор околу статусот на островот, но предупреди дека САД го задржуваат правото да ја заштитат и зајакнат својата воена присутност доколку договорот за закуп се распадне или доколку американските сили и операции бидат загрозени. Тој порача дека нема да дозволи американската база да биде поткопана со, како што ги нарече, лажни тврдења или еколошки бесмислици.Архипелагот Чагос се наоѓа во централниот дел на Индискиот Океан, повеќе од 1.600 километри североисточно од Маврициус. Обединетото Кралство ги презело островите заедно со Маврициус во 1814 година, по поразот на Наполеон, врз основа на Парискиот договор. Во 1965 година, во екот на Студената војна, САД и Обединетото Кралство го издвоиле архипелагот Чагос од Маврициус и го преименувале во Британска територија во Индискиот Океан.Со цел да се ослободи простор за изградба на воената база, значителен број жители на Чагос со текот на времето биле присилно иселени, најчесто на Маврициус. Иако Маврициус стекнал независност во 1968 година, архипелагот останал под британска контрола. Во 1971 година, САД и Обединетото Кралство ја изградиле базата на Диего Гарсија за да го спречат советското воено влијание во регионот. Базата подоцна одиграла клучна улога во двете инвазии на Ирак, служела како појдовна точка за бомбардери во операции низ Азија и била поврзувана со американските програми за тајни изручења на затвореници.Маврициус со децении го оспорува британскиот суверенитет над архипелагот, а во 2019 година Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Обединетото Кралство треба да го врати Чагос на Маврициус „што е можно побрзо“, со цел да се доврши процесот на деколонизација во согласност со правото на самоопределување. Иако пресудата не е правно обврзувачка, меѓународниот притисок врз Лондон значително се зголеми.Според договорот одобрен и потпишан во мај 2025 година од страна на Кир Стармер и премиерот на Маврициус, Обединетото Кралство ќе го пренесе суверенитетот над целиот архипелаг Чагос на Маврициус. Во исто време, Лондон ќе плаќа 101 милион фунти годишно за 99-годишен закуп на воената база на Диего Гарсија, што ќе им овозможи и на Обединетото Кралство и на САД и понатаму да ја користат оваа стратешка локација.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarys6v37c3und5s6cg749Y

Филипче - Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на  ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.Филипче нагласи дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања