1 нед.
media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски открива за запленетата марихуана: Полицијата интензивно работи, ќе се запленат десетици тони дрога

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ и дека очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.„Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тоа што ќе го слушнат граѓаните деновиве за тоа што се случувало ќе биде навистина катастрофално и дека креаторите на ваквите политики од минатото треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто станале жртви на ваквиот начин на функционирање.„Граѓаните ќе бидат сведоци на една многу тешка ситуација и мачна којашто се случувала. Оваа е акција која што трае, не е само од сега, само не сме можеле сега секогаш јавно и транспарентно да објавуваме бројки и податоци, но тоа што ќе го слушнат и видат овие денови граѓаните, па мислам дека вклучително уште денес ќе биде навистина нешто катастрофално и сите оние креатори на тие политики треба да бидат одговорни за многу млади луѓе коишто за жал станале жртви на ваквиот начин на функционирање на одредени политики од минатото“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library33cqj83ps5ddemhjLwD

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почитуваат правилата и возат побезбедно, појаснувајќи дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје е помала отколку кога би имало организирана акција на МВР.„Ако таа бројка сега движи под 500, а во минатото статистиката вели дека кога МВР би имало организирана акција во сообраќајот тогаш се констатираат околу 1.000-1.200 прекршоци, тоа значи дека сега, навистина возачите го почитуваат сообраќајот и ги почитуваат правилата. Во вообичаен ден кога нема организирана акција, сообраќајните припадници на МВР санкционираат помеѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое зборувам и претставува редовна работна рутина на МВР, а разликата е што имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, преполовен е тој број, нема жртви од почетокот на официјалната примена од почетокот на февруари. Мислам дека од сето ова најголем бенефит имаат самите граѓани и возачи и истото се случува во Тетово и Куманово, не се забележани повеќе од 20-30 сообраќајни прекршоци дневно и 50-80 на коридорите 8 и 10. Генерално се движиме меѓу 500 и 600 прекршоци на територијата на која функционира системот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Во однос на протестите и заканите за возење без возачка и за нерегистрирани возила, премиерот Мицкоски истакна дека има конкретни акции и дејства од страна на МВР за оние кои ја преминале границата, и дека нема да се толерира дивеење и се што не е мирен начин на протест.„Реков дивеење и начинот на кој одредена група протестираше можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица без разлика дали се цивили или припадници на МВР, а од друга страна имаме уништување на државен имот. Секаде каде што тоа е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа. Ако некој мисли дека тоа ќе остане така неказнето, тогаш мислам дека се лаже. Така што секое изразување на револт на демократски и мирен начин е во ред, секој има право, оваа група вели ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме дека тоа не може“, нагласи премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека ако вие на мирен начин се изразува револт, тогаш ние како држава може да го обезбеди тој мирен начин, но ако тоа ја помине границата, државата мора жестоко да реагира и државата ќе реагира доколку некој ја премине границата односно Рубиконот.„Побарав од МВР жестоко да реагира против сторителите кои тоа го прават, го загрозуваат правото на слобода, животот на без разлика дали се цивили или припадници на МВР и уништуваат државен имот или нанесуваат друг тип на штета, тие мора да бидат одговорни за сето тоа, ние сепак сме правна држава, дел од НАТО, држава која претендира да биде дел од ЕУ и ова година кога се воведува ред, во сообраќај и други сфери во општеството и мора да имаме ред ако сакаме да бидеме држава. Додека сум јас претседател на Влада мора да се почитуваат законите. Законот вели дека за да управуваш патничко возило мора да имаш важечка сообраќајна дозвола, ако немаш нема да управуваш, ако немаш нема да управуваш, а ако управуваш без важечки документ ќе бидеш одговорен пред закон. Тука нема компромис“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски: Конструктивна средба со синдикатите, на маса е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за покачување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата. „Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме, и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе започне исплатата на платите во април, за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за 2 години и 2, 3 месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

Мицкоски најавува заплена на десетици тони марихуана: Разоткривање на криминалната мрежа

„Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, најавувајќи масовна полициска акција која, според него, ќе ги разоткрие вистинските размери на криминалот со нелегалното производство и трговија со марихуана во државата.Тој посочи дека во текот на денешниот ден и во наредните денови јавноста ќе биде сведок на заплена на, како што рече, „десетици тони“ недозволени супстанции, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите акции досега.Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека создале лажна слика кај граѓаните и инвеститорите дека преку бизнисот со марихуана може брзо да се дојде до богатство и економски напредок.„Тоа беше економската политика на претходната влада која ги натера луѓето да веруваат дека преку ноќ ќе станат милионери. Наместо трансформација, добивме тешка и мачна состојба која директно ги загрозува младите генерации“, изјави премиерот.Според него, акцијата на Министерството за внатрешни работи, која веќе е во тек, има за цел целосно да го пресече нелегалниот промет, складирање и извоз на марихуана. Тој истакна дека се работи за огромни количини кои биле пласирани на незаконски начин, со вклученост на правни субјекти и од земјата и од странство.„Не станува збор за неколку килограми, туку за десетици тони материи. Констатирани се незаконски односи меѓу домашни и странски фирми“, нагласи Мицкоски.Премиерот побара целосна одговорност од креаторите на, како што ги нарече, погрешните и опасни политики од минатото, потенцирајќи дека последиците од ваквиот систем се катастрофални за целото општество.Според најавите, граѓаните наскоро ќе имаат увид и во официјалните бројки и податоци од Министерството за внатрешни работи, кои, како што рече Мицкоски, ќе ја потврдат „катастрофалната состојба“ што актуелната власт ја наследила.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Полиција, истражители, медицински тимови влегоа во фирмата поврзувана со шверцот на марихуната од Македонија за Србија

Полицијата и истражителите цел денср во седиштето на фирмата што се поврзува со шверцот на пет тони марихуана од Македонија кон Србија. Голема полициска присутност се забележува во кругот на поранешната фабрика „Охис“, додека паралелно се вршат проверки и на повеќе локации во струмичкиот регион. На терен се присутни и медицински тимови.Акцијата се спроведува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое ја води истрагата за меѓународниот шверц на дрога.Во фокусот на истрагата е компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година, со дејност одгледување и преработка на билки, ароматични и лековити растенија за фармацевтска употреба. Според податоците од Централниот регистар, компанијата има акционерски капитал од околу 529 илјади евра и повеќе ко-сопственици, од кои еден е осомничен во постапката што ја води Обвинителството.Јавно достапните финансиски податоци покажуваат дека фирмата работи со загуба, а во 2024 година пријавила минус од над осум милиони денари. Лиценцата за одгледување канабис за медицински цели ја добива во април минатата година, а седиштето ѝ е во скопска Кисела Вода.Случајот повторно го отвора прашањето за поврзаноста на лица од Србија со македонски компании за одгледување медицински канабис, тема што веќе еднаш беше актуализирана по аферата „Јовањица“. Истрагата е во тек, а надлежните најавуваат дополнителни дејствија.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
sergej-lavrov

Лавров обвинува: Грција ја уништи соработката со Русија и ja поддржува Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, обвини дека Грција ја „распарчила“ соработката со Русија градена со децении и дека се вклучила во „агресивни анти-руски изјави“.„Со започнувањето на специјалната воена операција [во Украина], Грција ја прекина соработката со Русија што се градела многу децении. Цел спектар на руско-грчка соработка – од политика и економија до култура и хуманитарни прашања – беше распарчен. По речиси четири години, официјалната политика на Атина кон нашата земја не се промени“, изјави Лавров, цитирајќи го соопштението на руската амбасада во Грција.Според пост на социјалните мрежи на амбасадата, Лавров го обвини и грчкото раководство дека испраќа оружје во Украина, кое, според него, се користи против цивили во регионот Донбас, „иако таму живеела голема грчка дијаспора со векови“.„Атина не ја зема предвид состојбата на своите сонародници кои живеат таму, одржуваат врски со Грција, имаат роднини таму, и постапките на Атина создаваат не само бројни проблеми, туку и директни закани за нивниот живот и здравје“, рече Лавров.Според соопштението на амбасадата, Киев „методично го притиска грчкото раководство да пренесе високоефикасни руски и советски системи за противвоздушна одбрана во Украина, и покрај способностите на Грција за одбрана“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryrafs2n0u2rhccyIrlrT

Скандал во Бугарија: Стотици жени тајно снимани во салони за убавина, снимките завршиле на порнографски сајтови

Бугарско обвинителство започнува истражна постапка откако е откриено дека стотици жени биле нелегално снимани за време на интимни козметички третмани во салони за убавина, а видеоснимките подоцна биле објавувани на порнографски интернет-страници и Телеграм-канали.Според досегашните сознанија, снимањето се вршело со скриени камери поставени во просториите каде што се изведувале третманите, во моменти кога жените често биле целосно разголени. Дел од спорните снимки датираат од 2023 година, а со текот на времето биле масовно споделувани на повеќе порнографски платформи.Обвинителката Марија Маркова соопшти дека до полицијата во Бургас биле поднесени повеќе од 100 пријави од оштетени лица. Аферата, според досегашните податоци, опфаќа најмалку два салона за убавина во Бургас и еден во Казанлак, додека истражни дејствија се преземаат и во други градови низ Бугарија. Обвинителството потврдува дека меѓу жртвите има и малолетнички на возраст од 15 до 17 години.Една од жртвите во изјава за бугарската телевизија „Нова“ раскажува дека првично препознала пријатели и роднини на видеоснимките, бидејќи со години го посетувале истиот салон, по што почнала да стравува дека и самата може да се појави на некоја од објавите. Таа го опишува искуството како длабоко понижувачко и вознемирувачко, истакнувајќи дека најголем страв ѝ е можноста да биде препознаена од пошироката јавност.Бугарските медиуми информираат дека меѓу оштетените има и јавни личности, меѓу кои судијка, обвинителка, новинарка, како и ќерки на регионален функционер. Дел од жените сведочат дека камерите биле поставени исклучително блиску и директно насочени кон нивните интимни делови, а некои наведуваат дека процедурите дури биле пренесувани во живо, при што гледачите плаќале пристап со криптовалути.Полицијата досега ги сослушува сопствениците на салоните, како и сегашни и поранешни вработени, но засега нема приведени лица. Сопствениците на салоните ја негираат одговорноста, тврдејќи дека безбедносните камери биле злоупотребени како резултат на хакерски напад, што е една од верзиите што ја проверуваат истражните органи.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави интерпелација за членката на Антикорупциската комисија (ДКСК), Цвета Ристовска. Интерпелацијата доаѓа по скандалите коишто деновиве ги изнесе на виделина Левица, но и низата скандали коишто ја пратат Ристовска веќе месеци наназад.„Не знаеме кој по ред скандал е ова со членката на ДКСК, Цвета Ристовска“, рече Крмов и образложи дека во анкетниот лист што Ристовска го поднела во 2024 година при стапување на функција, не биле пријавени две фирми на нејзините деца, Буcт ДООЕЛ и Буcт Медиа ДООЕЛ. Според Крмов токму овие фирми за време на претседателската изборна кампања добиле околу 2,2 милиони денари од ВМРО - ДПМНЕ.„Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, ја бранеше Ристовска дека наводно законот не ја обврзува бидејќи не живеела со децата“, рече Крмов и посочи дека ваквото објаснување е контрадикторно, бидејќи во анкетниот лист бил пријавен друг имот на нејзините синови, но не и фирмите што создава сомнеж дека токму тие биле свесно изоставени.„Значи, или Ристовска не го познава законот или, децата фактички со неа. Таа е обврзана, но свесно ја испуштила таа фирма затоа што имаме директно конфликт на интереси, каде најголемата политичка партија, којашто е моментално на власт, фактички добила тендер за изборите“, кажа пратеникот.Крмов потсети дека има и редица други примери во кои не се реагира или се заташкуваат на случаи на функционери на ВМРО - ДПМНЕ. Меѓу нив посочи на случајот со директорот на СОЗР, Ивица Томовски, поврзан со фирмата „Сити Аутсорсинг“, а претходно „Сити Логистик“, основана од таткото на Томовски, која добила државни тендери во вредност од околу 5,3 милиони евра, а случајот, како што рече, е заташкан. Исто така, потсети и на случајот со директорот на АНБ, Бојан Христовски и сомнежите за неговата фалсификувана диплома и непоседување на невалиден ТОЕФЛ сертификат.„Убаво го паметиме случајот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде што излезе дека Ристовска била предавач на истиот факултет, на истиот приватен универзитет каде што тој наводно заврши, бидејќи имаше анонимна пријава дека му е фалсификувана. Прво беше дека не била предавач, па после била предавач, па после од истиот универзитет нејзината слика беше отстранувана, па потоа сликата беше враќана, па предметот за Христовски падна кај неа. Некако интересно е како предметите на високи функционери, блиски до ВМРО – ДПМНЕ, секогаш завршуваат баш кај Цвета Ристовска“, истакна Крмов.Од Левица најавуваат дека интерпелација е веќе подготвена и ќе биде поднесена во наредните денови, со цел да се отвори институционална одговорност за работата на членката на Антикорупциската комисија и да се спречи натамошна партизација и селективна правда.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarylo4njbljcovu5eHiSnh

Војник од грчката армија уапсен за шпионажа, се сомничи дека оддавал тајни на странска суперсила

Припадник на вооружените сили на Грција беше уапсен во четврток под сомнение дека оддавал доверливи информации на „трети страни“, а според сознанија на грчките медиуми, дел од информациите наводно биле проследувани до странска суперсила која се смета за голем ривал на Соединетите Американски Држави, пишува Екатимерини.Осомничениот, чие име не се објавува, наводно извршувал „клучна“ функција во системот и се товари дека се обидувал да регрутира и други лица во потенцијална шпионска мрежа.Тој подолг период бил под надзор на Националната разузнавачка служба на Грција (ЕЈП), која го следела неговото однесување со месеци пред апсењето. Според информациите од истрагата, властите реагирале откако било забележано значително засилување на неговите активности.Истражителите тврдат дека тоа вклучувало зголемен обем на информации што ги споделувал, како и обиди да стапи во контакт со други припадници на војската со цел да обезбеди пристап до чувствителни материјали.Надлежните институции посочуваат дека протекувањето на информациите можело да претставува сериозен ризик за националната безбедност. Засега не се објавуваат детали за природата на доверливите материјали ниту за идентитетот на лицата или државите на кои им биле доставувани.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

За предизвиквуање омраза и организирање отпор ќе бидат гонети лицата кои протестираа низ повеќе градови во Македонија, а откако полицијата им ги одзеде возилата поради возење без возачка дозвола.Обвинителството соопшти дека се испитуваат елементи од член 319 од Кривичниот законик, односно за предизвикување омраза, раздор или нетпреливост врз национлна, расна, верска и друга дискриминаторска основа, за што е предвидено казна од една до пет години. Ова дело е поврзано за верските навреди кои беа искажани на еден од протестите.Второто дело кое се разгледува, по член 387 од Кривичниот законик пак, се однесува на организирање отпор или непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, за што е предвидена затворска казна од една до три години. Ова дело се разгледува за сите протести кои беа организирани низ државата, бидејќи доаѓаат како отпор по законската постапка – одземање на возило доколку истото е управувано од лице кое не поседува возачка дозвола.„Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, соодветно надлежните јавни обвинителства ќе постапат“, рекоа од Обвинителството.Еден од демонстрантите пак, експлицитно посочи дека доколку интервенира полицијата, ќе има убиство.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
vesna-janevska

Јаневска: За возачка дозвола е потребно основно образование

Изминатите денови во неколку градови низ државата се одржаа протести од страна на Ромите кои бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи биле неписмени.Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска порача дека државата обезбедува бројни инструменти за социјална инклузија на Ромите, но дека законските минимум стандарди за возачка дозвола мора да се почитуваат.Јаневска нагласи дека за добивање возачка дозвола е потребно само минимално, односно основно образование, кое е бесплатно и достапно за сите.„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста преку Центарот за образование на возрасните. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, но тие треба да ги искористат овие можности“, изјави Јаневска.Министерката потсети дека МОН ангажира 40 ромски медијатори за да се спречи напуштањето на наставата и дека преку проектот „Деценија на Ромите“ се посветува сериозно внимание на оваа етничка заедница.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya84nk75a4bhvdTbDh8f

Ѓорѓиевски „ќе даде се од себе“ за годинава да започне изградбата на булеварот „Цветан Димов“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече дека „ќе даде се од себе“ проширувањето на булеварот Цветан Димов во Чаир да започне до крајот на годината.-Убеден сум дека оваа година ќе го поставиме камен-темелникот таму и ќе дадеме сè за да започне изградбата, изјави денес Ѓорѓиевски. Тој рече дека проектот ќе го изведува Општина Чаир, додека ќе го финансира Градот Скопјe.„Обврските за спроведување на проектот ќе бидат одговорност на Општина Чаир, ова го направивме вчера со одлуката на Советот, со воспоставување меѓуопштинска соработка, додека ние ќе го финансираме, ќе ја извршиме и експропријацијата за целиот проект. Никогаш нема да дадам ветување што нема да го одржам, тоа нема да биде проект што ќе го завршиме за неколку месеци, таму нè очекуваат сериозни активности, првично во однос на експропријацијата, чистењето на оската и сè што подразбира имплементација. И за овој дел, секако, ќе имаме 3Д рендери за целата оска. Имаме дрвја што треба да ги заштитиме, зелениот појас, нов зелен појас. Зеленило во средината, за да можеме да видиме како ќе изгледа, но што и да е, убеден сум дека оваа година, таму ќе го поставиме камен-темелникот и ќе дадеме сè од себе “, рече Ѓорѓиевски, меѓу другото.Претходно, беше објавено дека околу 2,5 милиони евра или 150 милиони денари ќе чини проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир. Град Скопје и Општина Чаир ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка за старт на проектот за проширување на оваа делница, која е тесно грло во градот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
pretepan

Гостиварец им се заканувал на сопругата и синот, па доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.П. (64) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, во семејниот дом пријавениот упатувал закани кон неговата 60-годишна сопруга и 40-годишниот син, при што оштетил и дел од покуќнината.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го прифати барањето на УПОЗ за додатоци на плата во управата и правосудството

Денес, на барање на Синдикатот на УПОЗ конечно беше одржана средба со претставници на Владата на РМ.Средбата се одржува по големиот работнички протест одржан на 28 јануари.„На оваа средба, од страна на Владата на РМ, беше прифатено барањето на Синдикатот на УПОЗ истакнато на протестите кои се одржаа минатата година, за добивање додатоци на плата преку склучување поединечни колективни договори во управата и правосудството.Во 15.30 часот Синдикатот на УПОЗ ќе ги свика своите органи и тела, за да бидат информирани за новата состојба.Зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за рабниците.Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на плата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува се до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници кои во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата.Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување на поединечни колективни договори“, информираат од УПОЗ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryktmfjciq2vja0x83lYJ

ВМРО-ДПМНЕ: Мирчевски направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС

 Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Пеце Мирчевски е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС, криминал, аздисаност и личен профит, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери.Државниот завод за ревизија извршил ревизија каде што утврдил дека се направени низа пропусти и злоупотреби за време на СДС и нивниот ексдиректор на СОЗР Пеце Мирчевски.Низа системски слабости од нефункционални финансиски контроли во бифеата, преку проблематични вработувања, до несоодветно управување со државниот имот, откриле државните ревизори во работењето на Службата за општи и заеднички работи за време на владеењето на СДС и Пеце Мирчевски.Ексдиректорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, ја пренатрупал службата со партиски кадри без соодветно образование и сертификати.Во 2024 година биле исплатени 3.274 илјади денари за 21 привремено ангажирано лице, од кои дел извршувале редовни работни задачи, вклучително и раководни функции. Ревизорите укажуваат дека овие позиции законски бараат високи стручни квалификации и сертификати, а предупредуваат и дека големиот број привремени ангажмани, честата кадровска флуктуација и недоволното вложување во обука претставуваат ризик за континуитетот и квалитетот на услугите.Мирчевски е синоним за недомаќинско работење, аздисаност и празнење на државните сметки.Миречевски има низа пропусти и скандали позади себе. ЈО исто така имаше отворено предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски, кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт, наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarydbtsv7dgnctu5orRl1Q

Филипче за протестите за возачките дозволи: Власта треба да понуди решенија за сите граѓани

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, посочи дека протестите на дел од граѓаните поврзани со возачките дозволи и системот „Сејф сити“ не се начин за решавање на проблемите, но дека Владата има обврска да понуди институционални и законски решенија за сите категории граѓани.„Сметам дека протестите не се начинот да се бара решението. Ние кажавме на почетокот за законот што сметаме дека е добро, а што сметаме дека е лошо, и тоа е начинот за да се најдат решенијата“, изјави Филипче.Тој истакна дека власта не треба да ги игнорира општествените проблеми, туку напротив, да се отворат како теми за сериозна дебата и одговорна политика, при што владата мора да реагира секогаш кога постои немир кај граѓаните.„Улогата на владата е да излезе во пресрет на сите. Значи прекршување на закон не смее да се толерира, меѓутоа мора да се разговара со луѓето, да види кои се проблемите и да им се понуди решенија за да може да функционираат понатаму.Воедно, во одговор на новинарското прашање, Филипче ги демантираше информациите дека СДСМ стои зад протестите на дел од граѓаните Роми.„Не. апсолутно демантирам.“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library9d1221373vnl9jipQTa

ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор

Мнозинството во Советот даде дозвола да се наплаќа паркирање во дивоградба, веројатно пост фестум легализирана по едно евро квадрат. Објектот за кој дадоа дозвола да наплаќа паркинг во имотен лист не се води како Е2 Катна гаража, туку се води како Б4 Деловни простории, велат од Зелен хуман град.„Според Катастар објектот е во сопственост на Друштво за трговија и услуги „СКАЈ ПАРКИНГ“ ДОО Скопје, фирма основана на 9 мај 2024 година.Во Планската програма од 2021 г. за Градска четврт И16, блок И16.03 што е последната објавена на веб-страницата на Општина Аеродром стои:„предметниот опфат не е опфатен со ДУП“, земјиштето е на Република Македонија.Ова значи дека објектот катна гаража бил изграден нелегално на државно земјиште, па сопственикот на нелегалниот објект финансирал ДУП да си го легализира и тоа му било дозволено од Општината. За да градиш објект легално, мораш прво да откупиш земјиште од државата, па да почнеш постапка за одобрение, а не обратно, како што бил случајот овде.Прашања на кои никој од Градот не ни одговори:Безбедна ли е дивоградбата за паркирањеДали се загрозени луѓето што секојдневно ја користат, немајќи поим какви колосални пропусти се направени од институциите што ги плаќаме од наши пари да ги водат одговорно процесите имајќи го јавниот интерес како приоритет?На која фирма што управувала со катната гаража пред „СКАЈ ПАРКИНГ“ ДОО Скопје, Советот на Град Скопје дал иста ваква дозвола?Како градските сектори го дозволиле ова?Дали некој од нас обичните граѓани би можел да врши некаква дејност во некој простор ако има имотен лист со сосем друга намена?Чија е оваа фирма што се дозволува ваков пропуст со неусогласена категоризација во Катастар и ДУП да добие зелено светло од секторите кои за нас, обичните граѓани, се многу строги во спроведување на законите“, стои во објавата.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
dragan-danilovski-1

„Безбедноста во здравството не смее да зависи од околности, туку од систем“, вели д-р Драган Даниловски

Довербата во здравството најчесто се забележува дури тогаш кога ќе биде доведена во прашање, вели д-р Драган Даниловски.„Во здравството, големите теми ретко се најавуваат со големи зборови. Почесто се појавуваат тивко — како прашање што останува да одѕвонува и по завршувањето на работниот ден.Такво беше и прашањето што ми го постави една колешка – лекар: зошто маската не се користи секогаш кога постои ризик од респираторен пренос, и зошто ракавиците не се менуваат доследно меѓу пациенти?Прашање од секојдневната клиничка реалност. Прашање што, всушност, ја допира самата срцевина на модерната медицина — безбедноста!Постои едно тивко правило врз кое се темели современата клиничка практика: секој пациент се третира како потенцијален извор на инфекција. Овој принцип не произлегува од претпазливост. Тој произлегува од знаење.Децении истражувања и искуство во болничката епидемиологија покажаа дека преносот на инфекции поврзани со здравствена нега — често означувани и како интрахоспитални инфекции — најчесто се случува во сосема вообичаени, рутински ситуации.Затоа, мерките за превенција на инфекции претставуваат повеќе од техничка препорака. Тие ја обликуваат архитектурата на безбедната здравствена услуга. Ракавици при контакт со крв и телесни течности. Нивно менување по секој пациент. Маска кога постои ризик од респираторен пренос. Ова се елементи на професионалниот јазик на модерната медицина.Безбедноста во здравството не смее да зависи од околности, туку од систем. Секое професионално правило живее во рамките на еден поширок систем. Доследноста во неговата примена е тесно поврзана со начинот на кој е организирана здравствената заштита.Системите што обезбедуваат стабилно снабдување со заштитна опрема, јасни протоколи, редовна едукација и функционален надзор создаваат средина во која безбедноста постепено станува професионален рефлекс. Во таква средина, варијациите во клиничката пракса се поретки, а предвидливоста на работата е поголема.Таму каде што здравствениот систем подолг период функционира под кадровски, организациски или финансиски притисок, просторот за отстапувања природно се зголемува.Преоптовареноста, недостигот на персонал и нестабилните снабдувачки ланци не се апстрактни категории. Тие имаат директно влијание врз секојдневната клиничка работа.Оттука, безбедноста престанува да биде исклучиво клиничка тема и станува прашање на управување. Прашање на системското управување со здравството.Во стабилни здравствени системи, безбедноста е неразделно поврзана со професионалната и институционалната одговорност. Стандардите имаат вистинска вредност само кога се применуваат доследно, кога отстапувањата се препознаваат навреме и кога системот реагира со јасни и предвидливи механизми. Токму оваа предвидливост ја создава културата на одговорност — суштинска гаранција дека безбедноста не зависи од случајност.Способноста на системот да постави јасни стандарди, да ги следи ризиците и да обезбеди институционална одговорност претставува мерка за неговата зрелост.Зрелите здравствени системи одамна ја препознаа оваа врска. Инвестираат во континуирана едукација, во сигурни снабдувачки механизми, во менаџмент што се потпира на податоци и во системи за пријавување и анализа на ризици.Особено внимание се посветува на културата на безбедност — професионална средина во која системот учи, се прилагодува и се подобрува.Во таа структура, здравствените работници ја носат централната улога. Најголемиот дел од нив работат со висока професионална посветеност, често во услови што бараат брзи одлуки и постојана концентрација. Системската поддршка на овие професионалци директно влијае врз стабилноста на клиничката практика.Прашањата што ги поставуваат колегите и јавноста имаат посебна вредност. Тие го одржуваат вниманието будно, поттикнуваат професионална саморефлексија и придонесуваат кон унапредување на институционалните процеси. Секој зрело организиран систем се развива преку ваков дијалог.Нивото на безбедност во здравството претставува еден од најсигурните индикатори за зрелоста на здравствениот систем и за капацитетот на државата да управува со здравствените ризици.Кога безбедноста е поставена високо на листата на приоритети, ефектите се препознаваат во клиничките исходи, довербата на јавноста и во стабилноста на системот.Понекогаш е доволно едно едноставно прашање за да нè потсети на нешто суштинско: безбедноста е најдлабока структура на здравствената заштита. Не е дополнителен слој.Затоа, кога зборуваме за безбедноста во здравството, всушност, зборуваме за најосновното чувство што секој човек го носи со себе кога бара помош — чувството дека е заштитен. Безбедноста е ветување што здравствениот систем му го дава на секој пациент.И можеби токму според тоа колку се чувствуваат заштитени најранливите, најпрецизно се мери зрелоста на еден здравствен систем“, додава тој.

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
grip

ИЈЗ: Тетовец почина по компликации од грип

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице по компликации од грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај.Лицето било хоспитализирано на инфективното одделение во Клиничката болница Тетово. Кај починатото лице било утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3), соопштија од Институтот.Инаку во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија биле пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип или 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле 1.708. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона (3.036) е намален за 50,7%.„Во однос на возраста, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца ) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените лица се пријавени од Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип. Во Охрид, Дебар, Гевгелија се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум центри, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип“, според ИЈЗ.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
kazni-policija-policaec

Кривична за 11 возачи кои возеле без возачка или со забрана за управување

Полицијата ќе поднесе кривични пријави против 11 возачи кои управувале возила без положен возачки испит или со изречени забрани за возење, а дел од нив се лишени од слобода и им се одземени возилата.На 4 февруари 2026 во 10:10 часот на автопатот Градско–Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При контрола било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски ознаки, кое го управувал иако имал три мерки забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово. При контрола било утврдено дека управувал „опел корса“ со пробиштипски ознаки и покрај активна забрана за управување со моторно возило.Во 18:00 часот на ул. „Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 16-годишник од с.Желино, кој управувал „голф“ со тетовски ознаки пред да стекне право на управување. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото било одземено.Во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, кој управувал „опел“ со гостиварски ознаки без положен возачки испит.Во 13:40 часот во с.Љубодраг, кумановско, биле лишени од слобода Д.Ј.(37) од Куманово и Ф.А.(29) од с.Черкезе. Тие управувале возила „шкода“ и „опел“ без положен возачки испит.Во 19:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници запреле „тојота“ без регистарски ознаки, управувана од Д.А.(20) од Струмица. Утврдено е дека управувал без возачка дозвола, а во возилото превезувал и бесправно исечени огревни дрва, по што возилото и дрвата биле одземени од Шумската полиција.Во 22:00 часот во Струмица бил запрен „форд“ со струмички ознаки, управуван од С.В., за кој било констатирано дека нема важечка возачка дозвола.Околу 21:00 часот на ул. „Балканска“ во Штип, полициски службеници го лишија од слобода А.М.(40) од Штип, кој управувал „голф“ без положен возачки испит.Во 13:30 часот на ул. „9“ во с.Батинци, скопско, бил лишен од слобода С.А.(43), кој управувал товарно возило „мерцедес“ без важечка возачка дозвола.Во 18:10 часот на локалниот пат Бутел–Мирковци во Скопје бил лишен од слобода С.К.(47) од Скопје, кој управувал „мерцедес“ без положен возачки испит.По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања