1 нед.
mobilen-telefon

Фатен охриѓанец кој со измама за лажни сообраќајки заработил 3,6 милиони денари

На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид.По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип П.С. е спроведен пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
nafta-696x465-1

Во автомобилот му нашле 25 туби со 20 литри нафта, па го уапсиле

На 04.02.2026 во 17:25 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода О.П. (51) од Пепелиште.При контрола на патничко возило „ровер фрилендер“ со велешки регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои возачот не поседувал соодветна документација.О.П. е задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
semejno-nasilstvo

Скопјанка натепана од деверот

На 04.02.2026 година во 11:30 часот, во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 03.02.2026 година околу 13:00 часот во семејниот дом била физички нападната од својот девер Д.М.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски најавува Луна парк, реконструкција на улици и прва подземна сообраќајница во Скопје

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари.„Наместо да се жалиме, засукавме ракави и почнавме да работиме. Денес можеме гордо да кажеме дека Скопје полека застанува на нозе и оди напред“, нагласи Ѓорѓиевски.Во само два месеци, како што информираше, намалени се повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, нормализирана е исплатата на платите во Дрисла, Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Лајка, Флораком и Луна, каде што претходно се доцнело по две плати, а се решавале обврски од околу 450 милиони денари.Со првиот ребаланс на Буџетот за 2025 година е засилена наплатата и воведена финансиска дисциплина, а Буџетот за 2026 година изнесува 5,2 милијарди денари – зголемен за 12 проценти. Пренесен е вишок од 482,9 милиони денари, со што за првпат по долги години Град Скопје има повеќе пари отколку обврски.„Тоа ни овозможи да тргнеме во најголемата инвестициска офанзива досега“, потенцираше градоначалникот.Капиталните инвестиции се зголемени за 33,4 проценти, а веќе се реализирани 389,7 милиони денари, при што јануари 2026 година е најуспешен јануари по приходи и реализација.Започната е изградба на 50 мини паркови низ Скопје и на Мега паркот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, кој ќе биде новото зелено срце на градот.Големи вложувања се прават во образованието: изградени се спортски терени во шест средни училишта, обезбедени се 60 милиони денари за реконструкции, прочистувачи за воздух во секоја училница, целосна дигитализација, 86 милиони денари за енергетска ефикасност, лаптоп за секој првенец на генерација, воведување униформи за прва година, летни кампови за ранливи категории и целосно бесплатна психолошка поддршка за сите ученици – за првпат во историјата на Град Скопје.Во инфраструктурата се откочени клучни проекти што со години стоеле заглавени. Кај клучката Момин Поток е исплатена експропријацијата и работите се во полн ек. Во тек е супервештачење за објект на булевар АСНОМ со што ќе се стави во функција таканаречениот мост за ловење риба во 2026 година.Започната е Фаза 1 од булевар „Македонија“, наскоро стартува Фаза 2, а Фаза 4 ќе отпочне до крајот на 2026 година. Со завршување на сите фази, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница.Во напредна фаза се и преговорите за експропријација на објектите на булевар „Борис Трајковски“, за чиј завршеток се веќе обезбедени средства, со што оваа клучна артерија конечно ќе функционира нормално.Реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“ е во втора фаза, започната е и реконструкцијата на „Перо Наков“, а дополнителни 150 милиони денари се обезбедени за рехабилитација на помали улици. Во Буџетот за 2026 година има средства и за булеварите „Февруарски Поход“, „Цветан Димов“ и други сообраќајни решенија.Во јавните претпријатија започна обнова каква што Скопје не памети – нови специјални возила за Комунална хигиена, Паркови и зеленило, ЈСП и Градски паркинг, нови контејнери и систем за воведување ред во хигиената.Се инвестира и во зонското паркирање и нови монтажни паркинзи, како и во две монтажни гаражи во Клиничкиот центар кои ќе решат долгогодишен проблем.Откочен е и најголемиот еколошки проект во историјата на градот – пречистителната станица за отпадни води вредна околу 185 милиони евра.Во Водовод се реализираат десетици проекти за нови цевководи, атмосферска канализација, заштита од поплави и стабилно водоснабдување.Со Флораком и Луна се обновува зелената инфраструктура и се враќа Луна паркот, кој ќе биде завршен во втората половина на 2027 година.„После повеќе од една деценија лажни ветувања, конечно на децата ќе им обезбедиме современ простор за забава и спомени“, истакна Ѓорѓиевски.Проширени се капацитетите на Лајка со инвестиција од 30 милиони денари, а над 90 милиони денари се обезбедени за реконструкција и опрема на културните установи, плус дополнителни 25 милиони денари за намалување на нивните обврски.Паралелно со инвестициите, сериозно се намалуваат долговите – тековните обврски за над 4,6 милиони евра, кредитите за над 1,2 милиони евра, како и драстично долговите на јавните претпријатија: Водовод за 1,3 милијарди денари, ЈСП за 427 милиони, Комунална хигиена за над 130 милиони, Паркови и зеленило за над 80 милиони, Дрисла за 14,5 милиони и Градски паркинг за 41,6 милиони денари.Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните кои го платиле данокот на имот и информираше дека се блокирани 17.694 сметки за долг од 1,3 милиони евра за 2021 година, како и дека во наредните 15 дена се очекува подмирување на обврските од 2022 до 2025 година од вкупно 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти во износ од 19,5 милиони евра.„Ред мора да има. Секој денар во буџетот значи повеќе проекти и подобар живот за сите“, порача тој.На крајот, Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на финансиската консолидација и целосната трансформација на градот.„Наследивме долгови, но градиме иднина. Наследивме хаос, но воспоставуваме ред. Наследивме разочараност, но ја враќаме надежта. Ќе го направиме Скопје модерен, чист, функционален и достоинствен град. Нема враќање назад. Нема изговори. Само резултати. Заедно ќе успееме. Време е скопјани да живеат подобро, време е градот да застане цврсто на нозе и да оди напред.“

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Драган Апостолов, кој е командир на противпожарната единица во Кочани. Тој го опиша ужасот во дискотеката каде ималоненормално висока температура.„Толку многу беше висока температурата внатре, што и преку опрема добив изгореници и големи пликови по рацете, а не ме фати огнот”, рече сведокот.Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекуваат преживеаните до „црвениот тепих“, каде ги преземале екипите на брзата помош.„По пристигнување во 2:55 веднаш се упатив во објектот. Огнот беше распламтен внатре, гореше плафонот, шанкот и бината. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не не пеплоса огнот сите, додека останатите извлекуваа лица“, појасни сведокот.Внатре горел плафонот, дел од шанковите. Глетката била страшна: три целосно јагленосани тела, едното се држи за маса, другото потпрено за столб, третото легнато со двете раце нагоре.Најмногу заглавени, починати и повредени лица имало во ходникот зад влезната врата.Апостолов изјави дека внатре во дискотеката видел расфрлани противпожарни апарати.„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче со решение за 600 евра плата: Помалку луксуз - поголеми плати за работниците

 Дозволете да се обратам на две теми, прво Предлог-Законот за минимална плата којшто го поднесовме во Собранието, затоа што ги гледаме ставовите пораките коишто доаѓаат од владата. Имено стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години.Соочени со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче„Тоа барање кое што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците. Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики. Имено континуирано растеше минималната плата за време на мандатот на владата на СДСМ. Тогаш кога имаше протести или протести во најава, тогашната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ тие ги поддржуваше, а сега кога има можност и кога треба платите да им ги зголеми, тоа не го прави. И тука на површина освен што излегува конзистентноста на нашите политики, излегува на површина и нивното лицемерие. Ништо не прават за да го подобрат стандардот на граѓаните. Не може да има пари само за луксузирање, за 161 тендер за една фирма, за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт, за една мала група на луѓе околу врвот на власта а сите други да страдаат во државата. Затоа ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците.Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците. Понатаму, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 - субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е  тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра. Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите. И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците. Помина скоро пола мандат од оваа влада, еве веќе е месец февруари. Во првите две години од владата на СДСМ до 2019 година, социјалната помош се зголеми за 300%  од 3.000 на 11.700 денари, значи пари може да се најдат. Понатаму минималната плата за 60% во првата половина од мандатот, од 8.000 на 14.500 денари се зголеми. Во здравството во првата половина од мандатот платите на докторите практично се дуплираа, преку основно зголемување на 40% и повеќе од триплирање на сумата која што докторите зимаат и медицинските сестри за дежурство и надоместоци за ноќните смени. Значи, ако се сака ако си има вистинска желба, волја ако се има идеја да се излезе во пресрет на потребите вистински на граѓаните во Буџетот има средства да се најдат и еве како тоа сметам дека може да се направи. Втората тема на која што сакам да коментирам е изолацијата намерна на нашата земја. Очигледно е веќе дека ниту се спроведуваат реформи, ниту се прават потребните чекори да се фати возот за Европска Унија на којшто веќе многу напред одат Црна Гора и Албанија. Црна гора веќе го пишува договорот за пристап во Европската Унија веќе се затвораат сите поглавја. Тоа што нема желба оваа влада да се направат вистински реформи во правосудството, тоа што дополнително се прави партизација на сите по сите инстанции во правосудството, обвинителство, судии и така натаму е доказ дека се нема желба и волја да се оди понатаму. Силното влијание на премиерот Орбан на Унгарија се гледа секој ден. Започна како финансиска зависност со кредитот од милијарда евра, за кој што никој не знае каде се парите отидени, понатаму во делот на транспортот преку приоретизирање на пругата север југ и покрај тоа што Коридорот 8 е не само за транспорт туку и безбедносен Коридор,кој  што се стави во втор план. Се прекина па сега еве прават обиди да се да се продолжи. Понатаму, во делот на медиумите јасна и мрежата на унгарските медиуми кај нас кои што креираат силно антиевропско расположение кај граѓаните. Тоа го гледаме секојдневно и еве сега последно со некаков проект во енергетиката, за кој што повторно е заинтересирано фирма блиска до примерот Орбан. Очигледно е дека оваа поврзаност со вакви авторитарни режими на северот од нас не држи во изолација. Премиерот јасно кажа, дека нема да има уставни измени, веќе не ни крие дека нема да има чекор напред кон Европа. Ја цитирам за жал и претседателката, „Измислен е патот кон Брисел“. Граѓаните мора да знаат дека оваа владата ја држи земја во изолација оставена во овие комплексни геополитички случувања како изолирана земја на влијание на Русија. Утре ќе се отвораат нови проблеми кога Црна Гора и Албанија ќе станат земји членки на Европската Унија. Еве го кај е времето брзо поминува, тоа може да се случи за една или две години 2027-2028, времето минува ништо кај нас не се случува, нема реформи, нема чекор напред. Можеа да се започнат реформите уште целиот пат којшто ВМРО-ДПМНЕ и тогаш го блокираше од 2023 година, веќе се поминати три години од тогаш, а ние стоиме во место изложени на дефокус, на лажни кампањи, на ширење на анти-европски наратив, на криминални тендери и  тоа е се што оваа власт за жал прави“, додава Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4g84itm3fo0c9FwxPoG

(Видео) ФФМ инвестираше во модерен ЛЕД екран долг 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го подигна стандарот на стадионите со новата инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри.Целта на оваа инвестиција е да го подобри искуството за публиката, да ја зголеми видливоста на партнерите и да создаде модерен спортски амбиент.„До сега, рекламите на стадионите во Македонија се поставуваа само на дрвени табли. Со оваа инвестиција правиме голем исчекор кон современите стандарди. Сè е изведено без изнајмување, со јасна визија“, објаснува првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.Тој истакна дека исполниле уште едно ветување, како и дека ова претставува уште еден конкретен чекор кон професионализација и стандарди какви што заслужуваат репрезентацијата, публиката и фудбалот во Македонија.„Фудбалот на 1 место. Напред Македонија“, порача Омерагиќ во објавата на Фејсбук.

Спорт | пред 1 седмица

1 нед.
media-library88j2dg5annmi2InbN4d

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Лицата кои јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град’’, во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерки кои имаат за цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.СДС и Спасовски, да потсетиме за јавноста, гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град’’ во Собранието.Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч, и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?СДС и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што, за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство, и ова е повеќе од алармантно.Почитувани,Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго согласно закон, и да обезбедат одговорност за сите кои испраќаат закани за насилство.СДС и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на се што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на ,,Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној кој се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
micotakis

Мицотакис ќе се сретне со Ердоган во Анкара на 11 февруари

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара во среда, на 11 февруари, потврди портпаролот на владата Павлос Маринакис во четврток.„Грција ја прифаќа оваа дискусија со вера и увереност, секогаш водена од меѓународното право и со апсолутно никаква намера да отстапи,“ изјави Маринакис на прес-конференција во Атина.Портпаролот го повтори долгогодишниот став на Атина дека постои само едно суштинско прашање помеѓу двете соседни земји: делимитацијата на ексклузивната економска зона (EEZ) и континенталниот шелф.„Повторно нагласуваме дека имаме само едно прашање со Турција – определувањето на EEZ и континенталниот шелф – и никогаш нема да ставиме прашања за суверенитет или нашите ‘црвени линии’ на маса,“ рече Маринакис.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
rusija-ukraina-678x381-1

Русија, Украина и САД постигнаа договор за размена на 314 затвореници

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници, прв по петмесечен застој во овој чувствителен процес, пренесуваат медиумите во регионот.Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, го објави договорот на социјалните мрежи, нагласувајќи дека делегациите на трите страни прифатиле размена на вкупно 314 затвореници.„Денес, делегациите од Соединетите Американски Држави, Украина и Русија се согласија да разменат 314 затвореници – прва таква размена во последните пет месеци“, рече Виткоф, оценувајќи дека договорот е постигнат благодарение на „детални и продуктивни преговори“.Размената е договорена како дел од втората рунда преговори за решавање на конфликтот во Украина, која започна на 4 февруари во Абу Даби. Според достапните информации на медиумите, составот на руската делегација останал непроменет во споредба со претходниот состанок одржан на 24 јануари, а преговарачкиот тим на Москва го предводи Игор Костјуков, началник на Генералниот директорат на Генералштабот на руските вооружени сили.Иако деталите за самата размена не се објавени, договорот во дипломатските кругови се толкува како мал, но значаен потег во услови на длабока недоверба и ограничен дијалог. Во исто време, тој укажува дека каналите за комуникација меѓу завојуваните страни и Вашингтон остануваат отворени, барем во прашања од хуманитарна природа, и покрај продолжувањето на политичките и воените тензии.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarya7fhuep8309jcnMgDw1

Град Скопје блокираше околу 15.000 сметки за неплатен данок на имот

На денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека се блокирани околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година„Градот Скопје презеде конкретни мерки и блокираше околу 15.000 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра. Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ данок на имот за периодот 2022-2025 година. Станува збор за 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти, кои вкупно му должат на градот близу 20 милиони евра по овој основ. Средства коишто ни се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот во нашиот град. Ред мора да има, почитувани. А секој денар наплатен во буџетот значи повеќе проекти и подобар град за сите нас“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Пожарникар сведочеше за пожарот во „Пулс“: Во билетарата затекнав над десет лица кои не даваа никави знаци

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Благој Паунов кој рече дека дојавата ја примил во 2:35 часот, а пожарот бил изгаснат околу 4 часот.Тој заедно со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило пет минути по дојавата.-По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога пристигнавме на местото, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можевме да го видиме огнот. Од искуство мислам дека бил пригушен и поради немање кислород не можел да се шири огнот. Кога излеговме, на самиот паркинг имаше многу луѓе, од кои и доста паднати. Паднати имаше и на скалите, а на влезната врата имаше и заглавени повеќе лица кои бараа помош, изјави пожарникарот Паунов.- Нашата стандардна процедура е најголем приоритет спасување човечки животи. Mоравме да ги извадиме лицата. И кога дојде и вториот тим и тие извлекуваа прво, зошто не можеа да пуштат линија. Веднаш пристапивме кон извлекување на лицата заглавени на влезната врата. Кога извадивме едно лице моравме да побараме помош од полицијата и двете лица од обезбедувањето и цивилни лица. И така во мешовити тимови почнавме да ги извлекуваме децата. Послабите полесно, а покрупните потешко и секој различно реагираше. Некои беа избезумени, во шок и грч и моравме да ги носиме до паркинг. Други, пак од паника газеа врз нас и други деца за да излезат. Кога го поднамаливме бројот, во тој момент веќе приметив дека пристигна брзата помош како и повеќе цивили и дека почнале да ги носат до болница, изјави сведокот.Паунов кажа дека се пробил и во билетарата затекнал над десет лица кои веќе лежеле и не давале никави знаци.-Излегов и побарав помош. Откако ги извлековме сите имаше друга врата, помала во која имаше многу деца заглавени. Кога излеговме веќе приметив дека се пристигнати сите мои колеги и пуштени сите линии и почнато со гасење, изјави сведокот.Потоа влегол внатре, бидејќи им кажале дека има заглавени и кај тоалетот, и од таму почнал да извлекува заглавени лица.- Потоа веќе бев изнемоштен и не можев повеќе да извлекувам лица и побарав замена и земав да гасам. На крајот од интервенцијата мислам дека беа извлечени уште две или три тела кои беа изгорени, изјави сведокот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
pandeleski

Повлечено обвинението против Цветан Панделески во „Империја“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во декември 2025 година го повлекло обвинението против бизнисменот Цветан Панделески во предметот „Империја“, дознава БИРН. Информацијата за медиумот ја потврдил Кривичниот суд во Скопје.Обвинението го повлекол обвинителот Фатон Азизи, кој во доказната постапка оценил дека нема докази дека Панделески перел пари и измамил 150 акционери на „Бетон Штип“, меѓу кои и Кираца Трајковска, која беше поголем акционер.Како што наведува БИРН, за повлекувањето на обвинението било разговарано на колегиум пред јавните обвинители на 10 декември, а согласност дал и поранешниот државен обвинител Љупчо Коцевски. По два дена, на 12 декември обвинението било повлечено.Трошоците за судењето на Панделески ќе се платат од државниот буџет.Со овој епилог, единствен обвинет во овој случај останува брокерот Јованче Тасковски.Во предметот „Империја“ на поранешното Специјално јавно обвинитлество (СЈО) се гонеа 19 луѓе, кои завршија главно со спогодби и со повлечени обвиненија, а не со судења.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarycmvnv5id63kg3GRHqKy

Снег и леден дожд го парализираа берлинскиот аеродром

Снег и леден дожд паднаа денес на берлинскиот аеродром, што доведе до одложување или откажување на повеќе летови на авиокомпаниите.Аеродромот на својата веб-страница соопшти дека нема полетувања поради временските услови и ги замоли патниците да го проверат статусот на своите летови со авиокомпаниите.Регионалниот јавен сервис RBB извести дека авионите не можат да се одледат поради дождот кој брзо се претвори во лед.Во 10:15 часот сè уште немаше полетувања, според веб-страницата за следење летови Flightradar24.Снегот и ледениот дожд паднале и во текот на ноќта и утрото во источна Германија, предизвикувајќи нарушувања на патниот и железничкиот сообраќај.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
UaYct-

22-годишник преку апликација за превоз испраќал марихуана во Вараждин

Загрепската и вареждинската полиција привеле 22-годишник осомничен за препродажба на дрога, кој пратка со марихуана се обидел да достави во Вараждин користејќи мобилна апликација за превоз.Младиот човек бил уапсен откако полицијата при рутинска контрола кај возач пронашла ранец со речиси половина килограм марихуана, а со претрес на неговите простории во Нов Загреб била пронајдена дополнителна количина дрога, ваги и пари, соопшти Полициската управа Загреб.Според сомнежите на полицијата, 22-годишникот претходно договорил продажба на дрога на подрачјето на Вараждин. Во вторникот, на 2 февруари, преку мобилна апликација за превоз резервирал возило и возач со задача да го пренесе ранецот во Вараждин. Меѓутоа, истиот ден попладне, полицајците при редовна контрола на една бензинска пумпа го забележале возачот. При преглед на ранецот што го превезувал биле пронајдени 457,1 грам марихуана.Истрагата продолжила и следниот ден, кога бил извршен претрес на семејната куќа, стопанските објекти и другите простории што осомничениот ги користи на подрачјето на Нов Загреб. При тоа полицијата пронашла уште 85 грама марихуана. Покрај дрогата, биле запленети и две дигитални ваги за прецизно мерење со траги од дрога, како и пари за кои се сомнева дека потекнуваат од препродажба.Сомнеж за организирана препродажбаПолицијата се сомнева дека 22-годишникот набавувал поголеми количини марихуана со цел понатамошна препродажба. Дрогата, како што се сомнева, ја криел, мерел и подготвувал за продажба во простории на подрачјето на Нов Загреб. По завршеното криминалистичко истражување, осомничениот со кривична пријава за неовластено производство и трговија со дроги е предаден на притворски надзорник.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Малигните неоплазми се втора водечка причина за смрт во Македонија, велат од ИЗЈ

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.– Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100.000 население, пишува во извештајот.Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.– Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, во периодот 2010-2024 година, е малигната неоплазма на бронх и бел дроб со стапка на морталитет што се движи од 64,8 во 2010 година до 58,2 во 2017 година, 56,1 во 2021 година, 68,3 во 2023 година и 71,3 на 100.000 мажи во 2024 година. Кај жените, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2024 година е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30,0 во 2010 година, 32,6 во 2021 година, 38,5 во 2022 година и 39,4 на 100.000 жени во 2024 година, пишува во извештајот.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Од затворот во Скопје се координира влијание врз сведоци во случајот „Пулс“, тоа го прави братот на газдата преку Вибер, тврди мајката на загинатиот Томас

Пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Пулс“, родителите на загинатите јавно изнесуваат сериозни обвинувања за можни притисоци врз сведоци на Обвинителството.Јулија Златкова, мајка на Томас Златков кој загина кобната ноќ во „Пулс“, изјавува дека имаат сознанија оти лицето Ј.Ј., кое се наоѓа на издржување мерка притвор во затворот во Скопје, му давало мобилен телефон на користење на Тодор Јованов, брат на обвинетиот, преку кој, според нејзините тврдења, се вршел притисок врз сведоци преку Вибер-комуникација.Таа јавно ги повикува надлежните институции да ја проверат оваа информација и детално да ги испитаат сите комуникации остварени преку наведениот телефон.Златкова нагласува дека трагедијата во „Пулс“ претставува, како што вели, „геноцид на една млада генерација“, настанат поради алчност, корупција и несовесно работење, и додава дека, и покрај трагедијата, продолжуваат обиди за прикривање и влијание врз постапката.„Ние, родителите на овие млади убиени деца, нема да дозволиме вистината да остане затскриена. Вистината мора да излезе на виделина. Правда мора да има за нашите убиени деца“, порачува Златкова пред почетокот на судското рочиште.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
aerodrom

Аеродромот во Охрид доби Ниво 2 акредитација за управување со јаглеродни емисии

Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид, управуван од „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“ и членка на Групацијата ADP, постигна Ниво 2-акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од „ТАВ Македонија“.Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2 од Меѓународниот совет на аеродромите (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA) како резултат на активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.- Достигнувањето на акредитацијата Ниво 2 за управување со јаглеродни емисии на аеродромот претставува официјално признание дека аеродромот „Св. апостол Павле“ - Охрид систематски ги мери, анализира и активно работи на намалување на своите емисии на јаглерод. Оваа акредитација ја потврдува нашата посветеност како „ТАВ Македонија“ на меѓународните стандарди за одржливост и испраќа јасна порака дека заштитата на животната средина е стратешки приоритет во работењето на аеродромите што ги управуваме. Преку вакви конкретни чекори ние продолжуваме да придонесуваме за поодговорен развој на воздухопловството и за долгорочни придобивки за заедницата и идните генерации - вели Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.Акредитацијата Ниво 2 за охридскиот аеродром директно, според „ТАВ Македонија“, покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.- Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите и од Опсег 1 и од Опсег 2, кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греењето, ладењето и возилата во сопственост на аеродромот. Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се - транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет - се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди. Независно ги проценува и признава напорите на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод преку 7 нивоа на сертификација: Ниво 1, Ниво 2, Ниво 3, Ниво 3+, Ниво 4, Ниво 4+ и Ниво 5.Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International - ACI) е глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library4chr2dn0jjis7x9Re5f

(Видео) Крф под удар на торнадо: поплави, паднати дрвја и прекин на сообраќајот

Грчкиот остров Крф го погоди торнадо, кој уништи еден киоск и предизвика штета на крововите на куќите. Невремето што го зафати Крф предизвика паѓање дрвја и прекин на струја, пренесува грчкиот ERT.Пожарникари и тимот на Цивилната заштита брзо излегоа на терен, отстранувајќи предмети што ветерот ги однел и чистејќи ја патната мрежа од паднати гранки.Во Кавададес едно дрво паднало на кабли, што предизвикало прекин на струја во голем дел од северозападниот дел на Крф.Сличен проблем се случил и во Периволиу, каде поради ветровите дрво паднало на мрежата, што резултирало со двочасовен прекин на струја.Сообраќајот на приморскиот пат бил прекинат неколку часа, бидејќи морето поради ветровите се излило на коловозот.Летот на компанијата Егеија кон аеродромот „Јоанис Каподистриас“ морал да следи алтернативна рута и слетал со задоцнување.Истовремено, силни врнежи ја погодија и Кефалонија, каде што беа забележани поплави.Поради неповолните временски услови, бродовите остануваат пристаништата на Закинтос и Кефалонија.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryi8mlbqp7giec8JfSYcZ

Сериозен инцидент во Германија: Кондуктер убиен по расправија за билет

26-годишен грчки државјанин се соочува со обвинување за убиство од небрежност во Германија, откако наводно претепал 36-годишен кондуктер на воз до смрт поради расправија околу билет.Според германскиот весник Bild, инцидентот се случил доцна в понеделник, кога вработениот во железницата се приближил до група од четворица патници на возраст меѓу 20 и 30 години за време на контрола на билети. Осомничениот наводно го нападнал кондуктерот откако бил замолен да го напушти вагонот поради неприкажување валиден билет.Полицијата соопшти дека нападот се случил кратко по заминувањето на возот од станицата. Жртвата претрпела толку сериозни повреди што на лице место била извршена реанимација. Портпаролот на полицијата подоцна потврди дека уапсениот е грчки државјанин без регистрирана постојана адреса во Германија. Одделот за кривични истраги на Kaiserslautern води истрага за убиство.Германските медиуми известија дека, и покрај напорите на лекарите да го спасат, кондуктерот починал во Универзитетската болница во Хомбург еден ден по приемот. Во негова чест, во 16 часот по грчко време, низ сите возови и железнички станици во земјата била одржана минута молчење.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања