1 нед.
media-library90qiek8unsp28xQ6dp2

Претрес во Гостивар: Пронајдена дрога, уапсено едно лице

На 05.02.2026 година во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Б. (34) од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот и помошните простории на Б.Б., при што тој доброволно предал кутија во која била пронајдена марихуана.Б.Б. е задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryd5d5kpe765pvbrT4mC3

Гази Баба ќе субвенционира полагање на возачки испит

Оштина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на млади за полагање на возачки испит. На повикот може да аплицираат млади од 18 до 25 години кои се жители на општината.„Исполнуваме уште едно ветување од мојата изборна програма! Младите добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит!Објавен е ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, реална поддршка, јасна порака: младите се наш приоритет!Кој може да аплицира? Млади од 18 до 25 години;Жители на Општина Гази Баба; Поднесено барање во Архивата на Општината;Уплата во регистрирана авто школа.Потребна документација:Копија од лична карта;Копија од трансакциска сметка;Доказ за извршена уплата (оригинал);Тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци);Зошто го правиме ова?Затоа што веруваме во младите.Затоа што нивната мобилност значи повеќе можности, повеќе самостојност и посигурна иднина.И затоа што ветувањата не се зборови – тие се дела.Продолжуваме со силни мерки и конкретни политики за поддршка на младите!Ова е само почеток. Заедно градиме општина што инвестира во својата иднина“, стои во објавата на градоначалникот Бобан Стефковски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Левица со предлог - закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Пратеничката група на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, со кој се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми.„Со Предлог-законот на Левица се прави неопходен и одлучен чекор кон дефинитивно укинување на децениските практики на непотизам, партизација и клиентелизам, преку елиминирање на дискреционите овластувања и воведување задолжително почитување на ранг - листите и објективните критериуми при вработување.Јавното здравство со децении е оптоварено со системски непотизам, партизација и клиентелизам, каде што роднинските врски и партиската подобност се вреднуваат повеќе од стручноста, знаењето и професионалниот интегритет. Дискреционото право на директорите се претвори во институционализиран механизам за репродукција на привилегии, со што јавното здравство функционира како затворен систем на наследни и партиски вработувања.Како директна последица на ваквите политики, најквалитетните и највисоко рангираните здравствени работници се системски оттурнати од јавното здравство и принудени својата професионална кариера да ја продолжат во приватните здравствени установи во државата, каде што нивното знаење станува пазарна стока или во здравствените системи во странство, каде што државата практично го извезува сопствениот образуван кадар од државните универзитети.Овој двоен одлив, кон приватниот сектор и кон странство претставува тежок удар врз јавното здравство. Државата инвестира во образование и обука на здравствени работници, а придобивките од таа инвестиција ги собираат приватните профитни структури, други држави или промена на професијата. Истовремено, Фондот за здравствено осигурување сноси дополнителни трошоци за лекување во приватни установи и во странство, додека пациентите продаваат дел од својот имот да се лекуваат во приватни клиники или други држави.Јавното здравство мора да биде систем на знаење, одговорност и еднакви шанси, а не поле за семејни и партиски привилегии.Левица ги повикува сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон и да застанат на страната на јавниот интерес, здравствените работници и пациентите. Поддршката на овој закон е јасен показател дали се брани јавното здравство или се продолжува со заштита на непотизмот и клиентелизмот“, се вели во соопштението од политичката партија Левица.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Одземени возила на двајца охриѓани по сообраќајка – двајцата со забрани за возење, а едниот бил пијан

На 04.02.2026 година во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „АСНОМ“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „фолксваген амарок“ управувано од В.В.М. (24), „ланчија“ управувано од Ј.П. (37) и „мерцедес“ управувано од П.Н. (35), сите од Охрид.По извршените проверки, било констатирано дека В.В.М. управувал возилото под дејство на алкохол со 0,71 промили во крвта и имал три забрани за управување со моторно возило од Б категорија. И Ј.П. имал една изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија.Известен е јавен обвинител, по чии насоки возилата на В.В.М. и Ј.П. биле одземени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со возило“.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library0a5i8iogrv8231QY641

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Црнила“ на сцената во МНТ

На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред публиката се разоткрива човечката слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта.Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки — тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста за сопствено мислење и морален избор.Во претставата играат: Како Неда, Сара Спиркоска, во улогата на Иван, Бобан Алексоски, Катерија Чакмакоска-Клинческа како Милка, Александар Степанулески како Луков, Христов го игра Александар Тодески, ликот на Фезлиев е Димитар Ѓорѓиевски, како Методи, Михајло Миленкоски, Младичот е Илија Волчески, како и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски и Ива Малинческа. Билетите за изведбата веќе се пуштени во продажба и се достапни онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryiv746m5csmbbejiU9QP

101 казна за непрописно затемнети стакла на автомобили минатиот месец

Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.37

Трамп за можноста за трет мандат: Не знам. Тоа би било интересно

Претседателот на САД, Доналд Трамп,  одби да заземе страна во дебатата за тоа дали неговиот потпретседател Џ.Д. Венс или државниот секретар Марко Рубио треба да бидат негов наследник во претседателската кампања на Републиканците во 2028 година. Венс, републиканскиот сенатор од Охајо, рече дека ќе разговара со Трамп за можноста да се кандидира по среднорочните избори во ноември.Во информираните републикански кругови се шпекулира и дека Рубио, сенаторот од Флорида кој загуби од Трамп во трката во 2016 година за републиканската номинација, би можел да се кандидира и за претседател. Рубио го фали Венс како силен потенцијален кандидат, иако самиот не ја отфрлил идејата за кандидирање во 2028 година.Запрашан за тоа, Трамп изјави за NBC News дека „би бил склон“ да го поддржи својот наследник, но додаде дека не сака да навлегува во тоа во моментов.„Имаме уште три години. Не сакам, бидејќи знаете, имам двајца луѓе кои одлично ја вршат работата. Не сакам да се расправам со нив и не сакам да го користам зборот „расправија“ – тоа не би било расправија. Но, погледнете, Џ.Д. е фантастичен и Марко е фантастичен“, рече Трамп.Трамп често вели дека двајцата треба да се кандидираат заедно на ист список. Изборите во 2028 година ќе бидат обележани со масовна трка и се очекува голема конкуренција и на републиканската и на демократската страна, пишува „Ројтерс“.Но, се чини дека Трамп суптилно поддржал еден од двајцата, имено шефот на американската дипломатија. „Би рекол дека едниот е малку подипломатски од другиот“, рече претседателот за двајцата политичари. Тој ги нарече двајцата многу интелигентни луѓе.„Мислам дека има разлика во стилот“, рече Трамп. „Знаете, можете сами да го видите стилот. Но, двајцата се многу способни. Но, мислам дека ова е: Комбинацијата на Џ.Д. и Марк би била многу тешко да се победи, мислам. Но, никогаш не се знае во политиката, нели?“За време на интервјуто за NBC, Трамп повторно се чинеше дека си игра со можноста да бара неуставен трет мандат, објавува „Ројтерс“.Тој зборуваше за идејата минатата година, само за подоцна да се откаже од концептот. На прашањето дали гледа „некакво сценарио“ во кое тој сè уште би бил претседател во јануари 2029 година, Трамп рече: „Не знам. Тоа би било интересно“.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryk4jrgmv3ccuv9tpNYXp

Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар

Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, на 20 февруари, во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски.„Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата на Македонците од Егејска Македонија по Втората светска војна.Преку личните судбини на ликовите, се отвораат теми за страдањето, истрајноста, идентитетот и достоинството, како и потребата приказните за минатото да останат живи и пренесени на новите генерации.Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценографијата на Сергеј Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, сценските движења ги потпишува Дамјан Цветановски, а музиката е на Димитар Андоновски.Во претставата настапуваат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Хари Михајловски, Александар Стефановски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Живко Борисовски, Марија Цветановска, Александар Димитровски, Александар Копања, Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓоргиовски.„Ако ние не ги раскажуваме нашите приказни, никој друг нема. Затоа мора да се сеќаваме на имињата и судбините на нашите луѓе“, истакнува режисерот Андреј Цветановски, нагласувајќи ја улогата на театарот како чувар на историската и човековата вистина.Билетите за изведбата се веќе пуштени во продажба и се достапни онлајн, како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.

Магазин | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryk42r745vkb74750Y5G9

Разбиена романска мрежа за трговија со луѓе: Жртви принудувани да питачат во Атина

Единицата за борба против организиран криминал на грчката полиција, во координација со американската служба за истраги на Министерството за внатрешна безбедност (HSI), разби романска мрежа за трговија со луѓе која експлоатирала ранливи лица, принудувајќи ги да питачат на улиците во Атина.Властите уапсија тројца осомничени водачи на групата и идентификуваа уште седум романски државјани кои наводно биле вклучени во операцијата. Според соопштението на грчката полиција (ЕЛАС), групата од 2021 година таргетирала најмалку 12 свои сограѓани од Романија, кои биле намамени во Грција со лажни ветувања за добро платени работни места во градежништво или фабрики.Откако ќе пристигнеле во Атина, жртвите – често избирани поради екстремна сиромаштија или ограничени социјални врски – биле сместувани во пренатрупани станови и им биле одземани личните документи. Трговците со луѓе користеле закани и измислени долгови за да ги држат под контрола, принудувајќи ги жртвите со часови да питачат на прометни раскрсници и семафори низ регионот Атика.За време на рациите, таканареченото „грчко ФБИ“ заплени повеќе од 4.800 евра во готовина, потврди за парични трансфери и тетратки со евиденција за активностите на групата.Дванаесетте жртви сега се под грижа на специјализирани невладини организации. Грчките власти соопштија дека тесно соработуваат со романските институции за да идентификуваат дополнителни жртви, додека тројцата осомничени се предадени на јавен обвинител.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушување на пет сведоци и оштетени

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените.Адвокатот Петре Шилегов пред почетокот на претходното рочиште побара да се земе предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката против службени лица и предложи Јавното обвинителство да ја преиспита таа одлука, истакнувајќи дека за дел од сега обвинетите може да се повлечат обвиненијата.На рочиштето беа сослушани повеќе сведоци кои биле присутни во дискотеката кобната вечер. Во своите искази тие ја опишаа паниката и хаосот што настапиле кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната дискотека. Еден од сведоците исракна дека претрпел сериозни повреди на дишните патишта, лекувајќи се во Штип, Скопје и девет дена во Грац, Австрија, а последиците ги чувствува и денес.„Сега повторно ми е падната сатурацијата после 10 месеци, падната ми е на 65 проценти“, откри сведокот.Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевски и моментално се наоѓа во доказна постапка со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.За денешното рочиште се најавени пет сослушувања.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-librarygk6360li2eimeKel5LW

Сиљановска се сретна со претседателот на ОАЕ – акцент на економска соработка и безвизен режим

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет. Во фокусот на разговорот беа перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка. Посебен акцент беше ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза. Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества. Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти. Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryj0ca56edjhle7SQF15G

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?

Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”?Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library89cduuksgt1t9ZOCBAc

Пешевски: Кога законите се само за бизнисот и функционерите – време е да важат и за работниците

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП, Иван Пешевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога законите се само во интерес на бизнисот и функционерите, треба да се сменат и да важат и за работниците.„Писмо за добра ноќ,Парички, дијалог, навреди, обвинувања, спинови, политички игри, татини синчиња се само дел од насловите по големиот работнички протест одржан на 28/01/2026та година.Работниците извикуваа од мака, политичарите броеја и пробуваа да докажат дека нема потреба од ад хок решенија туку Законите се тука за да се почитуваат. Во потполност се согласувам, но кога законите се само во интерес на бизнисот и функционерите, ред е да ги смениме и да важат и за работниците.Во време на сиромаштија, лоши услови за работа, немање контрола за работно време, нелојална конкуренција, нефер трговски практики, метар квадратен 3.000 евра, голем процент сива економија и многу други чудни нешта, власта реши да омаловажува работничка класа односно луѓе од кои се стекнала со власт, луѓе кои работат чесно во фабрики, претпријатија, судови, болници, училишта, општини, министерства, градилишта, војска, маркети, рудници и многу други разни дејности. Убаво објаснети формули со парички, но парички нема, односно има само за 1080 избрани и именувани функционери.Предлозите на синдикатите се политички, популистички итн. Во меѓувреме сите синдикалци, барем оние што се борат јавно, признаа дека ниту се членови, ниту дел, ниту имаат било каква поврзаност со било која политичка партија. Истите тие со многу докази го работеа истото барем од кога се на функција, последниве 7-8 години. Не прашувајте веќе каде бевме пред 35 години, не бевме ни Прво одделение, за жал.Многу е тешко, но запомнете тешко е само за момент, кога друг синдикат, претставници на влада и газди ве напаѓаат на економско-социјален совен, кој ниту е конструктивен ниту дава можност да се пожалите во име на работниците. Напротив, се смеат, омаловажуваат, бараат бројки, статистики, аналитики со кои морало да се докаже зошто се бара зголемување на платите на вработените. Најверојатно на тие луѓе друг им пазари, па не пратат цени. Најверојатно вие и ние сме виновни што бараме плата за живот, а со нашиот и ваш труд они уживаат луксуз, плати колку 5 минимални, бенефици и многу повеќе, ама бенефициран стаж се помалку има затоа што условите за работа, технологија и дигитализација допринела да ние сме сигурни на своите работни места.Другари, секој ден во просек еден од нас се повредува. Секој месец во просек двајца не се враќаат дома поради повреди со фатални последици. И не секогаш повредите се физички видливи. Преку 40.000 вработени се на минимална плата. Преку 73% се на плата до просечната. Преку 200.000 граѓани живеат на праг на сиромаштија. Податоциве не ги измислувам, туку ги прибирам од Државен завод за статистика, Управа за јавни приходи, Народна банка, а најреални се исплатните листови од плата на секој еден работник што дошол во синдикат да ми покаже. Не сте останале без струја, не сте останале без дрва, не ви доцнела плата затоа не знаете што е мака, но барем признајте дека некој што говори јасно и гласно во име на работниците е чист и не лаже, туку ве ‘’убива’’ со факти и аргументи секој ден.И да, најважно од се, тој некој не е политичка партија, не е платен од никој друг освен од работникот, не е татин син, не блада, нема розеви очила, нема 2.000 евра плата туку гордо стои во прв ред со сите кои што ќе го земат вашиот легитимитет и комодитет. Не е македонскиот работник гневен од работа, гневен е од 35 години неправда. Гневен е што чека денар повеќе од иселеното дете да покрие трошоци со солзи во очи додека го гледа на вибер. Гневен е што ништо не оддржувате од тоа што го изградил.Држава изградија, без плата ги оставивте. Градежен инженер 35.000 денари плата, Шумарски инженер 28.000 денари плата, Ѕидар 30.000 денари плата, ама затоа Директор – никој не знае, Министер преку 2.000 евра, пратеник исто, гувернер – не ме потсетувајте. Лесно е со плата од народ да пеете заветна, пејте ја само кога не ве гледа барем оној што ја пее од срце. Нема компромис во борба три спрема еден, а рамо до рамо работници со нас ќе има. Поздрав и добра Ви ноќ работници, а на вас 1080 избрани и именувани + газди не знам со каква совест ќе легнете.P.S. Ставовите во текстот се само на авторот и не прикажуваат став од органите и телата на синдикатот. Сите случајности СЕ НАМЕРНИ. Дозволено е копирање, реобјавуање и нема авторски права.P.P.S. Сликата е од еден протест и штрајк на претходната влада“, вели Пешевски

Коментари | пред 1 седмица

1 нед.
media-library70d7o3h36doqdiaZcgf

(Видео) Силно невреме во Далмација: Поплавени куќи и деловни простории долж хрватското крајбрежје

Оркански јужен ветер и ненадејна плима ја претворија вечерта по централна Далмација во борба со морето кое ги надмина своите граници. Бреговите беа под вода, а брановите без двоумење влегуваа во куќите и деловните простории по должината на брегот.Најизразен беше во Трогир и сите седум Каштели, додека морето покри делови од брегот во сплитските Бачвица и Фирула. Слични сцени беа забележани и во Врањиќ, Омиш, Хвар, Водице и на Корчула, објавува Слободна Далмација. Податоците од автоматската станица DHMZ на Марјан покажаа јужни ветрови со сила на ураган посилни од 130 км/ч. Мареографите во централна Далмација го измерија нивото на морето повеќе од 70 сантиметри над нормалното, а врвната плима беше забележана помеѓу 18 и 21 часот.Бурата беше особено силна во Каштелa. Проследена со бурен јужен ветер, ја зафати пошироката област околу 20 часот, со силни југоисточни ветрови со налети од околу 60 километри на час.Пожарникарите добија десетици пријавиПожарникарите добија околу 50 пријави во текот на вечерта. Морето поплави куќи, улици и згради покрај брегот во сите седум Каштели.„Граѓаните постојано ни се јавуваат и пријавуваат поплавување на згради на брегот во сите седум Каштели. Нивото на морето се искачи, има плима, силен јужен ветер. Не сме од голема помош додека не се смири времето. Ова се куќи, ресторани и други згради на самиот брег. Во последниот час и половина имавме околу педесет вакви пријави“, рече Дарко Маретиќ, началник на противпожарната служба на градот Каштелa.Тој додаде дека пожарникарите пумпале вода од зградите подалеку од брегот, додека по должината на самиот брег тоа не е можно додека морето не се повлече. На терен имало две возила со десет пожарникари, а на граѓаните им било советувано да постават вреќи со песок или импровизирани брани на портите за да се обидат да го спречат влегувањето на морето.

Свет | пред 1 седмица

1 нед.
popova-sapka

Најстудено на Попова Шапка со -2 степени, најмногу дожд во Гевгелија

Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка каде се регистрирани -2 степени Целзиусови. Температури од еден степен се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, два степена во Крушево, а три во Пожаране. Во повеќе градови низ државата минималната температура се движела меѓу четири и шест степени, додека најтопло било во Струмица, Демир Капија, Штип и Гевгелија со девет степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија, каде наврнале 19 литри на метар квадратен. Во Струмица се измерени 12 литри, во Берово 10, а во Демир Капија, Крива Паланка и на Попова Шапка по девет литри на метар квадратен. Во Битола, Пожаране и Лазарополе се измерени осум литри, додека во Тетово и Маврови Анови по седум литри на метар квадратен.Снежна покривка до седум часот утринава има во Крушево, каде се измерени осум сантиметри снег. Во останатите делови од државата нема значителна снежна покривка.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Попладнево клучна средба за платите: Владата и УПОЗ ќе преговараат за покачувања

Премиерот Христијан Мицкоски попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откако Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.Во изјава за медиумите премиерот рече дека понудата е на маса повеќе од една година и дека е подготвен за средба и потпишување на колективниот договор за државни службеници.Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници, рече дека Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата.-Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryasrnpeb3j0tr1Iyc8Dy

(Видео) Нема нови вработувања во Град Скопје, вели Ѓорѓиевски

Нема вработувања во Град Скопје - нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен, изјави вчера градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.„Денес јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра.Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје.На градскиот буџет гледам како на сопствениот.Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе.И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје.Се бориме за Скопје какво што го сакаме - функционално, чесно и во служба на граѓаните“, додава Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

1 нед.
pat-magla

Снег на Попова Шапка, лапавица на Пресека и магла кон Скопје – сообраќајот во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови и по влажни коловози, информираат од АМСМ. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но засега не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот.На планинскиот превој Пресека се регистрирани слаби врнежи од дожд и снег, односно лапавица, додека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.Според информациите, сите патни правци во државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата за патнички возила и автобуси.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови, а мерката ќе трае до 15 март 2026 година.Се апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Воедно, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година поради сезонскиот режим.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
Zemjotres

Земјотрес почуствуван во Битола и Охрид, епицентарот бил во Албанија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Македонија | пред 1 седмица

1 нед.
media-libraryptc522upg11reWlG1Ub

Мининатата година поднесени 213 кривични пријави од Царина до Обвинителство

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари.„Бројот на поднесени кривични пријави е зголемен за повеќе од двојно споредбено со 2024 година, кога бeше поднесена 91 кривична пријава, при што најголем дел од поднесените кривични пријави, дури 80 проценти, беа евидентирани од октомври. За неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги се спроведени истраги и поднесени се седум кривични пријави, за криумчарење 40 кривични пријави, за царинска измама 39 кривични пријави, за фалсификување исправа 85 кривични пријави, а за недозволено тргување со оружје поднесени се седум кривични пријави. Поднесени се и кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување, вршење меѓународен јавен превоз без поседување лиценца, како и за избегнување плаќање акциза. Дури 103 од поднесените кривични пријави се поднесени за сторени кривични дела со 232 возила.Во текот на предистражните дејствија од страна на службата против економски криминал при проверка на докази за потекло, до странски служби испратени се 450 барања, при што во 223 случаи е утврдено дека доказите за потекло се невалидни. Со странски служби извршена е и 71 проверка на увозни фактури. Дополнително од страна на службата за финансиски истраги отворени се 15 финансиски истраги против 19 физички и девет правни лица, при што целта е детекција и конфискација на нелегално стекнат имот, а со тоа и дестабилизација на криминалните групи. Царинската управа продолжува со спроведување засилени контроли и истраги со цел ефикасна борба против криминалот и заштита на финансиските интереси на државата“, се вели во соопштението од Царинската управа

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања