Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
vino-makedonija

На ред дојдоја да се „делат“ производите под брендот „Македонија“

Стопанствениците од Северна Грција се загрижени што ќе следува следниот ден по стапувањето во сила на Преспанскиот договор. Тие се загрижени за „судбината на трговските имиња на македонските производи“, пишува “Та Неа“.Името „Македонија” се појавува во различни форми во брендовите на 182 грчки бизниси во сите сектори, а од нив 39 во секторот за храна и во земјоделскиот сектор.Бизнисмените бараат да нема промена во имињата на грчките производи кои го вклучуваат терминот “Македонија” и бараат од владата да го брани ова право на грчките бизниси.Сепак, досега, само 24 компании ги регистрирале своите брендови на европско ниво, од кои 8 од јуни минатата година, а само 2 на меѓународно ниво.„Та Неа“ пишува дека во следниот период ќе биде формиран Специјален комитет на експерти од двете земји, кој во рок од три години ќе го решава ова прашање, но до денес, според претставници на грчките претприемачи, не било побарано да дадат свое мислење.

Свет | пред 7 години

7 год.
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на винарниците кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон земјоделците, изнајдено е решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предаденото грозје, велат од СДСМ.„Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој, кои треба да влезат во собраниска процедура, ќе се постави правен основ државата да ги преземе неподмирените обврски на винарниците кон лозарите.Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите и нивните семејства.Понатаму, средствата државата ќе ги побарува од винариите кои што должат.Низ одговорен и инклузивен пристап, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава наследените проблеми од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, Владата останува посветена на спроведување на мерки што го унапредуваат земјоделството, обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за земјоделците“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
sala

Остатоците од авионот во кој леташе Сала пронајден на дното на Ламанш

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми.Веста на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал Мернс.Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП.Авионот исчезна на 22-ри јануари. Полицијата и државните служби имаа потрага која траеше три дена и во која немаа успех. Откако тие прекинаа фудбалскиот свет собра 300.000 евра и беше ангажиран експертот и ловец на бродови Дејвид Мернс, па потрагата продолжи.

Спорт | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада

СДСМ и Заев се подготвуваат повторно да ја изиграат волјата на граѓаните на Република Македонија. Аболицираниот Заев подготвува изборен фалсификат на претседателските избори и затоа бега од техничка Влада и предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДСМ и Заев се свесни дека немаат поддршка од македонскиот народ и затоа како и за референдумот спремни се на се, освен на фер и демократски изборен процес.Тие знаат дека македонскиот народ е гневен за сите понижувања, црнила и порази кои му ги приредија. Токму затоа немаат храброст да се соочат со граѓаните на предвремени парламентарни избори, свесни се за казната која ќе им следува.Откако е СДСМ на власт,  државата и граѓаните се повеќе осиромашуваат. Над 500.000 граѓани живеат во беда и сиромаштија додека криминалниот картел и неговите функционери секојдневно си делат државни тендери и грантови и си покачуваат плати.Нема повисоки плати за граѓаните, нема повисоки стипендии, нема повисоки пензии,  но затоа има поголеми трошоци за живот, поголеми даноци и корупција која со СДСМ ги доживува своите златни денови.Ветуваа едно општество за сите, но прво што направија е тоа што го поделија македонското општество. Поради неуставното носење на законот за јазици, Македонија е поларизирана како никогаш досега во историјата.Како и тоа да не им беше доста, па на македонскиот народ му го погазија достоинството и му го нанесоа најголемото понижување. СДСМ на најбезобразен и насилнички начин,  по пат на закани и уцени, спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата и се откажа од македонскиот идентитет, јазик, историја, култура и традиција.Граѓаните јасно на 30 септември порачаа дека се против промена на уставното име на Република Македонија.  СДСМ и аболицираниот Заев се одлучија да одат спротивно на сопствениот народ, само заради лични и кариеристички цели, и граѓаните тоа никогаш нема да им го простат.СДСМ и Заев во овие две години донесоа само црнила, понижувања и порази. Затоа бегаат од предвремени парламентарни избори кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, го гледаат гневот на македонскиот народ кој со секој изминат ден се повеќе се противи на нивните црни политики.ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот.  Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува, тоа и го остварува. Тие знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за доброто на граѓаните, за доброто на Македонија и во заштита на државните и национални интереси.  ВМРО-ДПМНЕ е народна, партија од народот, од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е заедно со својот народ и секогаш на патот на Македонија.Граѓаните заслужуваат подобар живот, подобар стандард и подобра иднина за себе и за своите деца. Тие не смеат повеќе да живеат бедата, црнилата и понижувањата кои ги нанесуваат СДСМ и аболицираниот Заев. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за СДСМ да замине во историјата, а граѓаните и Република Македонија конечно да почнат да напредуваат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на 9. седница на 4 февруари 2019 година, во 12:00 часот, во Сала на Уставна комисија, ќе одржи Јавна расправа на тема: Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2017 година.Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на Јавната расправа поканети се сите пратеници на Собранието на Република Македонија, министeрката за труд и социјална политика, координаторките за еднакви можности на Министерствата на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги, градоначалниците, локалните комисии за еднакви можности, претставници на меѓународните организации, експерти, Институтот за родови студии, Un Women, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, како и претставник на Европската комисија. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
LP-simbol

ЛП: Да се донесат измени во Законот за градење со кои Скопје ќе може да се шири само во ново-проектирани Општини

„По најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење, бараме новото законско решение да дозволува мораториум за градба во постоечките Општини на градот Скопје (поради пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните). Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во ново-проектирани Општини (нови населби, нови станбени објекти) на запад, север и исток.Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини? Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.Исто така бараме Законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“  во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари“, велат од ЛП.

Скопје | пред 7 години

7 год.
27-mi-april-sudenje

Денеска во кривичен завршни зборови на одбраната за 27 април

Со завршни зборови на одбраната денеска во Криивчниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.Завршни зборови на минатото рочиште изнесе јавното обвинителство, кое е застапник на обвинението за случајот „27 април“, во кој првично беа обвинети 33 лица, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.Обвинителката Вилма Рускоска, во својот завршен дел истакна:– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.Завршни зборови треба да дадат Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Митко Пешов, Младен Додевски, Горанче Ангеловски,Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Влатко Трајковски, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, и Вилијам Михајловски.15 мината се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот 5 поредок.

пред 7 години

7 год.
f7dk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpVN01EQV8vNzI4ZjQzNTUzMGM1N2JkZmE5NzM2MDYzYzFhOTJlZmUuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

(ВИДЕО) Пожар во центарот на Москва, загинаа најмалку четири лица

Најмалку четири лица загинаа, а три се повредени во пожар во станбена зграда во центарот на Москва.Пожарот зафатил површина од 2000 метри квадратни, а избил во еден од становите на петтиот кат.https://twitter.com/DomainDiamond/status/1092212140461690880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092212140461690880&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.blic.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fcrni-dim-prekrio-grad-pozar-u-centru-moskve-poginulo-najmanje-cetvoro-ljudi-spasene%2Fxvv5vypШефот на московското одделение во руското Министерство за вонредни ситуации, Илја Денисов изјави дека пожарникарите успеале да спречат да се рашири пожарот.Во операцијата учествувале 80 пожарникари. Меѓу 42 лица кои биле евауирани се и 8 деца. 

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

21 сообраќајка за време на викендот во Скопје, две лица со тешки телесни повреди

Сопатник и пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 лица се полесно повредени во 11 од вкупно 21 сообраќајка регистрирани викендот на подрачјето на СВР Скопје.Сообраќајната полиција санкционирала 188 возачи за пречекорување на брзината. Од сообраќај се исклучени 37 возачи под дејство на алкохол, 47 пред да се стекнат со право на возење и девет возачи почетници. Воедно од сообраќај се исклучени и 24 нерегистрирани возила и едно технички неисправно.Издадени се и 219 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 129 возила. Санкционирани се и 11 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, шест за неправилно престројување, а исто толку за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Скопје | пред 7 години

7 год.
goce-delcev

147 години од раѓањето на Гоце Делчев - делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб

Во Македонија денеска се одбележуваат 147 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.По тој повод бројни делегации ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Македонија | пред 7 години

7 год.
fukusima-raza-620x350

8 години по нуклеарната катастрофа во Фукушима во рибите пронајдена радиоактивна материја

Во риба уловена во водите на јапонската префектура Фукушима првпат по четири години откриен е радиоактивен цезиум над дозволената граница, соопшти денеска Асоцијацијата на рибарски здруженија на Фукушима.Дозволеното ниво на цезиум е 100 бекерели по килогарам, а во една риба ража уловена во четвртокот на длабочина од 62 метри, регистрирани се 161 бекерели.Поради тоа Асоцијацијата ја стопира испораката на овој вид риби уловени во водите на Фукушима, а испорачаната риба ќе биде повлечена од пазарот се додека не се потврди дека нејзината употреба е безбедна.Надлежните служби ќе земат уште примероци за истражување, а централната Влада ќе донесе одлука за безбедноста.Во префектурата Фукушима се наоѓа нуклеарната централа која по силниот земјотрес и цунамито во 2011 година беше оштетен реакторот и истече радиоактивен материјал.Поради таа катастрофа илјадници жители беа присилени да ги напуштат домовите. 

Свет | пред 7 години

7 год.
avion-620x350

(ВИДЕО) Се сруши авион во Калифорнија

Мал авион се сруши вчера во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.Авионот удирл во куќа и експлодирал, а предизвикал и голем пожар. На социјалните мрежи се појавија видео снимки и слики на кои може да се забележи дека најмалку две куќи се во пламен.https://twitter.com/Breaking911/status/1092184665379745793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092184665379745793&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-videoДве лица загинаа во инцидентот, а двајца други беа однесени во болница, објавија локалните пожарникари. Според евиденцијата, авионот бил во сопственост на приватно лице од Орегон.Авионот паднал во градот Јорба Линда, во близина на основно училиште.https://twitter.com/the_bluejacket/status/1092183780440207360?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1092183780440207360&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3029830-mali-avion-se-srusio-u-kaliforniji-udario-u-kucu-i-eksplodirao-ima-poginulih-video

Свет | пред 7 години

7 год.
vreme

Променливо облачно време со врнежи од дожд

Денес ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен. Температурата ќе се движи од 5 до 14 степени.Во Скопје променливо облачно време со врнежи од дожд и температура од 4 до 10 степени.Следува период на променливо време со позитивни утрински температури и повремено со врнежи. До вторник по котлини се уште ќе има услови за појава на магла. Нови врнежи се очекува во среда да започнат од југ каде што ќе се поинтензивни и кои кон крајот на денот ќе бидат од снег освен на планините и на некои повисоки места. До среда дневните температури ќе се задржат повисоки со што ќе продолжи поинтензивното топењето на снежната покривка.

Македонија | пред 7 години

7 год.
avtopat-640x351

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.AМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

7 год.
21317724_1504073886298113_3512456732185405915_n

Лазе Танески – бизнисмен кој од 2009 го разбуди заспаниот охридски туризам

Интервјуто кое бизнисменот Лазе Танески го даде за „Охрид1“ , а кое беше пренесено од повеќе портали во земјава предизвика огромен интерес и оствари голема читаност покрај на „Охрид1“ и на „Скопје1“ каде една седмица беше во топ 10 најчитани содржини.Јавноста Лазе Танески во моментов го знае како претседател на СДСМ Охрид и сопственик на „Лаки Хотел“, но приказната за Лазе Танески почнува во други хотели, поточно почетокот во туризмот е во авто камп.И покрај тоа што Лазе Танески работел на аеродромот во Охрид и се занимавал со трговија, посериозен влез во туристичкиот бизнис има во 2007 година кога го изнајмува авто кампот во Љубаништа.Авто Камп ЉубаништаЛазе Танески почнува да работи во овој авто камп и во сезоните кога тој го менаџира кампот работи со максимален капацитет и повторно почнува да станува атрактивна локација за љубителите на кампувањето.Во 2009 година фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ која е сопственост на Лазе Танески оди чекор натаму и го изнајмува хотелот „Десарет“, по што и овој сместувачки капацитет доживува ренесанса.Успешното менаџирање продолжува и во овој хотел кој низ годините на транзиција беше останат во времето без промени и следење на новите трендови, а во градот се спомнуваше само кога средните училишта таму правеа матури.Во периодот додека хотелот го менаџираше Лазе Танески „Десарет“  доживеа вистинска ренесанса и менаџерски препород. Хотелот почна да се полни со странски туристи, а фирмата на Тнаески, ТЕДИ КОМЕРЦ реализира и инвестиции во хотелот кој по децении заборав, доби најмодерен базен со сите пропратни содржини.Хотел Десарет 2015 година. Фото: Љ.Т.Но фирмата на Лазе Танески не застана само на препородот на „Десарет“. Во 2013 година, Лазе Танески продолжува да го шири бизнисот и го изнајмува хотелот „Ривиера“, кој заради претходно лошо менаџирање беше запленет од банка која имала хипотека врз објектот, и претставуваше уште еден срам на „Кеј Македонија“ во центарот на Охрид.И „Ривиера“ како и „Десарет“ почна да работи позитивно, стана свратилиште за граѓаните на Охрид кои тука навратуваа со години претходно, но неколку години пред 2013 и овој објект заради лош менаџмент остана познат само по полуматурите кои тука ги правеа основците, а една година пред да го изнајми компанијата на Лазе Танески хотелот не работеше и беше обрастен со трева и коров.Паралелно двата хотели „Ривиера“ и „Десарет“ Лазе Танески успешно ги менаџира за во периодт кој следи потоа да пристапи кон инвестирање во сопствен хотел кој донесе новитети во туристичката понуда на Охрид, но како и да „повлече нога“ па по отворањето на „Лаки Хотел“ се остварија уште две други значајни инвестиции во хотели во Охрид, на познати и признати бизнисмени од Охрид и Струга.„Лаки Хотел“ од 2016 година донесе голема промена во охридската туристичка понуда како во телот на услугата, така и во делот на понудата која го следи трендот, но пред се во изгледот на објектот, ресторанот, спа центарот, отворениот базен кој се загрева и во зима и собите и апартманите кои се приказна за себе која треба да се доживее.ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, почнувајќи од изнајмен авто камп, со одговорно работење, упорност, пожртвуваност и пред се храброст за преземање на ризик од страна на сопственикот за 12 години успеа да прероди еден авто камп, два изнајмени хотели и на крај да инвестира во сопствен репрезентативен објект со кој оваа фирма влијаеше на промените кои го зафатија приватниот сектор и поттикна други способни бизнисмени да инвестираат во хотели.Во минатите 12 години, фирмата ТЕДИ КОМЕРЦ на Лазе Танески, остваруваше позитивно влијание на локалната економија, изнајмувајќи објекти во кои донесе странски туристи, ангажирајќи бројни фирми како добавувачи и на крај инвестирајќи огромни суми во „Лаки Хотел“ кој исто така е граден од фирми од Охрид и Струга.ЛАЗЕ ТАНЕСКИ: Природата на мојот карактер е секогаш да имам амбиции

Македонија | пред 7 години

7 год.
ukraina-crkva

Украинската црква се одвои од Русија, денеска устоличен новиот поглавар

Украина од денеска и официјално има своја автокефална црква , орвоена од Руската православна црква. Новоизбраниот поглавар на неодмана прогласената Украинска православна црква, митрополитот Епифаниј Први денеска официјално ја презеде должноста во Киев.Устоличувањето на бискупот на Киевската патријаршија , митрополитит Епифаниј во поглавар на Украинската црква се одржа во катедралата Света Софија во Киев .На чинот присуствуваше претседателот Петро Порошенко .

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Невреме во Словенија, Хрватска, а в Босна прогласена вонредна состојба

Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска викендов ги погоди силно невреме. Најсериозно е во Босна, каде поради силните дождови и зголемувањето на водостојот водата однесе мостови и делови од патиштата. Попладнево е прогласена вонредна состојба во делови на БиХ , во подрачјето на Зеница , каде што се поплавени голем број куќи и други објекти.Силните дождови предизвикаа раст на нивоата на реките, а поради тоа голем број куќи во близина на местото Бугојно се под вода , а населението се евакуира.Реката Босна достигна водостој од 440 сантиметри и се изли по целата должина.

Свет | пред 7 години

7 год.
skadarsko_jezero

Трагедија го потресе регонов: Загина семејство и момче кое се обидело да ги спаси

Четири лица загинаа откако чамец се превртел денеска на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора. Се работи за тричлено семејство и момче, кое се обидело да ги спаси.Медиумите неофицијално информираат дека чамецот со неколку лица бил во обиколка на тамошниот манастир, но поради невреме од силен ветер и големи бранови чамецот се превртел.Еден од лицата кои биле во чамецот успеало да доплива до брегот. Тој за медиумите изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко, ќерка и момче што се обидело да ги спаси.

Свет | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Заев: 2018 ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата, многу скоро ќе станеме дел од НАТО

Премиерот Зоран Заев објави статус на својот фејсбук профил каде што напиша дека изминатата годнина ја завршиле со 5.6% покачување на месечната плата.„Изминатава година ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата. Тргна работата. Многу скоро ќе станеме дел од НАТО - безбедна држава, со стабилизирана економија.Овие факти, како и посветената економска политика, за година и пол донесе 17 нови странски инвестиции, кои во финалната фаза ќе вработуваат повеќе од 4.000 луѓе.Ќе нѐ биде“, стои во објавата. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
51505985_2506183096064236_1721897855490195456_n

Амди Бајрам кандидат за претседател

Аднан Мемеди кој е дел од Централниот одбор на Сојузот на ромите денес на својот Фејсбук профил објави дека за претседател на Македонија ќе го кандидираат Амди Бајрам.„На денешната седница на централниот одбор на Сојузот на ромите за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира претседателот на партијата и актуелен пратеник во Македонското собрание г-дин Амди Бајрам“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања