„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Денешната најава за набавки од Министерството за здравство е нов матен тендер во најава

Најубавата честитка за граѓаните за 2019 која можеше Венко Филипче да ја даде денес беше да си поднесе оставка заради својата неспособност, уништување на здравствениот систем и криминогените тендери и јавни набавки кои се случуваа изминатата година во неговиот ресор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„И денешната нова најава за набавки од Министерството за здравство потенцијално е нов матен тендер во најава.Филипче наместо да гради јавно здравство тој приватизира, наместо поголема достапност на лекови во аптеките граѓаните се соочуваат со недостаток, нема нов клинички центар, нема реновирање на болници, нема набавка на медицински апарати. Луѓе умираа чекајќи да бидат лекувани, затоа што парите се трошеа на лубриканти наместо за здравјето на граѓаните.Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

ФЗОМ: Новото зголемување на буџетот за 2019 година е над 2 милијарди и двестoтини милиони денари

„Во 2019-та година осигурениците на Фондот за здравствено осигурување ќе добијат рекорден буџет од триесет милијарди и седумстотини деведесет и два милиона денари, односно над 500 милиони евра.Новото зголемување за 2019 година е за над 2 милијарди и двестoтини милиони денари, споредено со почетниот буџет за 2018-та година. Покачувањето на здравствениот буџет е резултат на врвниот приоритет што Владата на Република Македонија го дава на здравството. Затоа се зголемени трансферите од централниот буџет. Зголемени се и приливите од придонесите како резулат на зголемената економска активност во Македонија.Исто така, рекорден износ од 16,5 милијарди денари Фондот одвои за јавните здравствени установи. Овој износ е за една милијарда и петстотини милиони денари поголем, споредено со почетниот буџет за 2018-та година за јавните здравствени установи. При поединечната распределба по установа, Фондот се раководеше по следниве приоритети:Одвојување на средства за неопходното зголемување на платите на медицинскиот персонал во јавното здравство.Нови вработувања во 2019-та година на медицински персонал во установи каде што е неопходно.Нивото на задолженост на одредена јавна здравствена установа.Значителни суми одвоивме за условни буџети, односно наменски, со однапред утврдени цели. Меѓу другите, би ги одвоил следните:- Нови, наменски средства ќе добијат универзитетските клиники за онкологија, хематологија, неврологија и ревматологија. Финансиските средства се за групна набавка за иновативни лекови.- Наменски условен буџет од преку еден милион евра одвoивме за клиниките за хематологија и имунологија, за 14 трансплатации на коскена срцевина од несроден дарител. Ваква прва успешна трансплантација, оваа година веќе имавме благодарение на Клиниката за хематологија. За потсетување, досега ваквите случаи Фондот за здравство ги испраќаше на лекување во странство. Притоа, секоја поединечна трансплатација чинеше најмалку 110 илјади евра, а во покомплицирани случаи надминуваше и 200 илјади евра.- Наменски одвојуваме преку 10 милиони денари за Клиниката за гастро- ентерохепатологија, за биолошка терапија на кронова болест.- Над 30 милиони денари условен буџет ќе бидат одвоени за Детската клиника за набавка на фактор 8 за лица со болест хемофилија.- За Клиниката за кардиологија за набавка и вградување нови, дополнителни 1000 стентови ќе бидат одвоени 20 милиони денари.- Дополнителни, 30 милиони денари ќе бидат одвоени за Институтот за трансфузиона медицина за прилагодување на стандардите за третирање на крв со земјите во НАТО.- За ПЕТ-центарот да го зголеми обемот на работа, ќе бидат обезбедени нови 25 милиони денари.- За луѓето со дијабетична ретинопатија, првпат ќе бидат одвоени средства од над 8 милиони денари за Клиниката за очни болести за препарат со премиум квалитет. Резултатите најмногу ќе бидат видливи кај младата популација со дијабетес.За приватните здравствени установи со кои Фондот има склучено договори, посебно би ги одвоил следниве:- преку 3 милијарди и 180 милиони денари одвојуваме за матичните лекари.Тука се вклучени и нови 30 милиони денари за зголемување на капитацијата на гинеколозите.- 3 милијарди и 50 милиони денари ќе бидат одвоени за мрежата на аптеки за дистрибуција на лекови кои се на товар на Фондот. Зголемувањето е повисоко за 150 милиони денари во однос на 2018 година.- Преку 530 милиони денари се одвоени за ортопедски помагала, односно 70 милиони денари повеќе споредено со почетниот буџет од 2018 година.На крај, да потенцирам, дека Фондот одвои два милиони евра за почеток на проектот ,,Интегриран информационен здравствен систем”. Со проектот целосно ќе бидат дигитализирани финансиските и медицинските процеси во целокупниот здравствен систем. Ова е најсложениот информатички проект кој е започнат во нашата држава и ќе трае најмалку три до четири години. Дигитализацијата ќе не чини значително повеќе од 2 милиона евра во наредните четири години, но ако правилно ја изведеме, македонските граѓани ќе добијат сопствено електронско досие (т.н electronic health record), a македонското здравство ќе одговори на предизвиците на 21 век“, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Филипче: Набавуваме иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови метастазиран меланом, хематолошки болести

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, заменикот министер за здравство Асим Муса и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, денеска одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа за подготовките на централната набавка на биолошки лекови (односно оригинатори и иновативни) лекови кои се речиси на крајот.Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека почетокот на новата година ќе ја почнеме со нови инвестиции во јавното здравство, покачувања на платите и дежурствата, специјализантите за првпат се платени за својот труд. Годината вработени се 3200 здравствени работници во јавното здравство, ставен еа акцент и на нова иновативна терапија.„Министерство за здравство ќе спроведе централизирана набавка, за биолошки лекови кои досега ги набавувале Клиниките за Онкологија и Радиотерапија, Хематологија, Ревматологија, Неврологија, од условените буџети, а станува збор за лекови кои претежно не се на позитивна листа, а токму тие се најмногу потребни за онколошките, хематолошки, невролошки и ревматолошките пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести. Тие генерираат најголеми дир и индир тросоци за насиот систем“, изјави министерот Венко Филипче.„Набавуваме иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис, исто како и во останатите земји од светот. Овие и многу други иновативни лекови ќе опфатат и голем број на пациенти, затоа што долги години немало влез на иновативна терапија во земјава“, потенцираше министерот Филипче.Централизираната набавка ќе овозможи оптимално искористување на средствата.Целта на оваа набавка е да се создаде заштеда, односно да се постигне подобра цена, а да се добијат најквалитетните лекови за пациентите. Со централната набавка ќе имаме редовна испорака на терапија, но и пристап до нова и иновативна терапија. Централната набавка ќе биде целосно транспарентна. Целиот процес ќе биде отворен за јавноста преку електронскиот систем за јавни набавки.Со набавката ќе се овозможи за првпат широка достапност на иновативна терапија според европските стандардни протоколи за третман, и тоа 40 молекули кои во моментот не се позитивната листа на лекови. Проектираната заштеда само на годишно ниво ќе биде над 5 милиона евра.На заедничката прес-конференција, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, информираше дека во 2019 година осигурениците на ФЗО ќе добијат рекорден буџет од триесет милијарди и седумстотини деведесет и два милиона денари односно над 500 милиони евра.„Новото зголемување за 2019 година е за над 2 милијарди и двеста милиона денара споредено со почетниот буџет за 2018та година. Покачувањето на здравствениот буџет е резултат на големиот приоритет што Валадата на Република Македонија го дава на здравството. Затоа се зголемени трансферите од централниот буџет. Зголемени се и приливите од придонесите како резулат на зголемената економска активност во Македонија“, потенцираше директорот ДончевИсто така, рекорден износ од 16,5 милијарди денари Фондот одвои за Јавните здравствени установи. Овој износ е за една милијарда и петстотини милиони денари поголем, споредено со почетниот буџет за 2018та година за Јавните здравствени установи.„На моите колеги и на сите здравствени работници им ја честитам новата година и најавувам дека од јануари 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар“, изјави министерот Филипче.Министерството за здравство е во постојана комуникација со здруженијата на пациенти, стручните здруженија, граѓанскиот сектор, како и синдикатите, а идната година ја продолжуваме интензивната соработка. Задоволен здравствен работник значи успешно здравство. Правиме сѐ што е во интерес на граѓаните и пациентите.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Скопје слави Нова година, еве ја атмосферата во кафичите

Пејачката Верица Пандиловска е главна ѕвезда во еден скопски угостителски објект на кејот.Таа предновогодишно ги забавува гостите со измешан репертоар од македонски до српски хитови.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2419852084753236/

Македонија | пред 7 години

7 год.
49596092_2133535466692654_6024930361337708544_n

(ФОТО) Дедо Мраз пристигна во Винтерленд

На голема радост на најмладите на неколку часа пред дочекот на Новата Година, Дедо Мраз пристигна во Винтерленд. Тој ги поздрави дечињата и ги разубави празничните моменти на присутните.Новата Година на сите деца во Скопје им ја честиташе и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.- Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и уште многу весели детски игри во новата 2019 година. Насмевките на вашите лица нека ја обележат годината што следи, да чекориме заедно кон уште поуспешна иднина – им посака Шилегов на најмладите 

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ВИДЕО) Српска музика, светкави фустани и алхохол - еве како е во центарот на Скопје

Со српска музика и алкохол во центарот на Скопје се слави дочекот на Новата година.Буквално не постои угоститлески објект каде не се пеат и свират турбо-фолк песни. Посетителите накитени од глава до пети чиниш доаѓа крајот на светот.Новогодишната атмосфера ја чувствуваат само оние кои можат да си дозволат некој денар плус за прослава.

пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Приведен 25-годишен скопјанец кој го извршил убиството во Ѓорче

На 31.12.2018 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против С.П.(25) од Скопје, поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „Убиство“ казниво по член 123 од КЗ на РМ.На 28.12.2018 година околу 21,30 часот на улица „Шарпланинска“ во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „Црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д.(38) од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „Пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот.Пријавениот појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28.12.2018 година во 21,00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати (22.12.2018 и 27.12.2018) му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле.Пријавениот С.П. е лишен од слобода.

Скопје | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Банкоматите во Скопје испразнети

На повеќе локации во Скопје, банкоматите се надвор од функција. Голем дел од банкометите се испразнети. Оние кои пробаа да извадат пари, нервозно чекаат и бараат функционален банкомат.Ова не е прв пат голем дел од банкоматите во центарот на Скопје да не работат, посебно пред Нова година.

Скопје | пред 7 години

7 год.
krediti-za-skoluvanje-denari-1

Директорот и раководителот на ЈП „Жабени“ си исплаќале повисоки плати со што го оштетиле буџетот

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.И.(39) и Д.Ш.(59), двајцата од Битола и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.Во периодот од 01.01.2015 до 31.03.2018 година, првопријавениот, како директор на ЈП “Жабени” и вторпријавениот, како раководител на инфраструктура во ЈП “Жабени”, преку третопријавеното правно лице, како овластено сметководствено биро на ЈП “Жабени”, за сопствени плати, исплаќале износи повисоки од износите во договорот за вработување на истите,  со што се стекнале со противправна имотна корист од 421.077 денари на штета на буџетот на ЈП “Жабени”.

Македонија | пред 7 години

7 год.
marihuana

При претрес пронајдени пет и пол килограми марихуана

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од село Будаково, Општина Могила поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил  кривично дело ”неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори” казниво по член 215 и “неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија.На 28.12.2018 година при претрес на домот на пријавениот пронајдена била една патничка торба со шест паковки ,завиткани во најлонска и селотејп трака со вкупна тежина од околу 5,5 кг. марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола.На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
policija-2-1

Ја злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот на О. Свети Николе за повеќе од 1 милион денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т.(51), К.Н.(34) и А.Д.(54), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.Во периодот од 22.04.2015 до 24.04.2018 година второпријавениот, сопственик и управител на правно лице од Свети Николе, за одржување на уличното осветлување на подрачјето на општина Свети Николе, изготвувал лажни фактури, во кои прикажувал поголема количина на употребен материјал. При тоа, третопријавенот, вработен во општина Свети Николе и одговорен за  контрола над наведените услуги, ги проследувал ваквите фактури, без да изврши проверка и споредба на материјалот наведен во фактурите и материјалот наведен во пријавите за дефекти, по што првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Никола, без да изврши увид во приложената документација, ги одобрувал ваквите фактури.Со ова, прво и третопријавениот му овозможиле на второпријавенот да се стекне со противправна имотна корист од 1.316.530 денари, на штета на буџетот на општина Свети Николе. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
soobrakajna-nesreka

Автомобил утрово излетал од патот Битола - Прилеп, возачот починал на лице место

Денеска (31.12.) околу 06,45 часот на регионалниот пат Битола - Прилеп, помеѓу село Тополчани и село Алинци К.Ј.(23) од село Секирци, управувајќи патничко моторно возило „Сеад Ибица“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот и починал на местото на настанот.Извршен е увид.  Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
paridenari1

Кривична против Гостиварчанец, украл 730.030 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе  кривична пријава против Ѓ.Ј.(59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела “разбојништва“.Во периодот од 25.02.2018 до 03.12.2018 година на подрачјето на Гостивар, во три спортски обложувалници, пријавениот, со закана со пиштол, извршил разбојништво над вработените, при што одзел околу 730.030 денари.

Македонија | пред 7 години

7 год.
36358471_10155303604966036_7217620132074356736_n

Тијана Дапчевиќ со писмо до Дедо Мраз: Модрицата под око, не е од вратата

Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ на својот Фејсбук профил објави фотографија со елка под која напиша писмо до Дедо Мраз. Во писмото таа напиша за проблемите што ги гледа секој ден во своето окружување, и ги срочи во писмо со желба да се решат.„Почитувани Дедо Мраз, можеби малку е глупаво што ти пишувам токму сега, кога сум во голема мера мајка и тетка. Сега, кога ќе треба јас и ти да соработуваме само за содржината на подароците, бидејќи сите знаеме дека сите деца се добри, тие се секогаш добри, додека за нас возрасните тоа не може да се каже. Жал ми е што не те прашуваме за здравје во јули и август, кога се одмараме во солената верзија на самите нас. Едвај го дочекуваме сонцето и деновите без точки во календарот што означуваат обврски.Жал ми е што, понекогаш, патем, крадеме чоколатца и бонбони од пакетчињата за Нова Година. Знаеш како е, шеќер паѓа, паѓа ролетна (во сообраќај) доаѓа тука и некој ПМС - тој едноставно никогаш не избира ни празник ни место. Жалам што немаме доволно СМС. Жал ми е што многу продолжуваат да ги учат децата дека постојат бои кои се за момчиња и оние за девојчиња, но не сум сигурна дека дури и сакам да барам прошка за оние кои се се откажуваат од своите деца ако ги фатат сите бои одеднаш и на себе навлечат виножито. Прости им на оние кои ги убедуваат децата дека модринката под окото на Мама е направена од вратата, како децата да не знаат дека вратата служи само за да се скрие поглед на реалноста.Ако бидеш навистина расположен, прости им на оние кои им го одземаат на момчиња правото на солзи, тврдејќи дека со тоа им додаваат машкост. Никогаш не сум сакала математика, особено не кога е толку глупава. Потсети ги сите родители да не им оставаат скапи подароци на децата под елката убедени дека им купиле соништа, а сите други денови пакет од своето внимание го оставаат некаде во канцеларија, на работа ... и на крајот тебе те обвинуваат дека не постоиш. Те сака оваа Т“, стои во објавата на Фејсбук.

Магазин | пред 7 години

7 год.
1-21

Новогодишно обраќање на Бачев: Ќе ја поразиме марионетската власт, Македонија ќе победи

2018 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2019 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша, изјави лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев во своето новогодишно обраќање.„Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.Во Македонија беше инсталирана марионетска власт купена и контролирана од странски центар со цел промена на вековното македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ.Затоа, Единствена Македонија презеде една поактивна улога. Заедно со 72 организации од земјата и дијаспората го формиравме Кризниот штаб „Македонија-Бојкотира„ кој извојува голема референдумска победа со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија.„Македонија-Бојкотира„ водеше исцрпувачка референдумска кампања со посета речиси на секое село и град во Македонија на средби, собири и митинзи со народот. Победата дојде на 30 септември кога народот на референдумот се изјасни дека не сакаат членство во ЕУ и НАТО и промена на името.Окупациската власт одлучи да не ја почитува народната волја на референдумот и Единствена Македонија ја продолжи битката преку „Македонија-Блокира„ како продолжение на „Македонија-Бојкотира„. Во „Македонија-Блкокира„ се здруживме 84 организации од земјата и дијаспората, сплотени и единствени да се бориме до крај, да останеме свои на своето и оваа битка во моментот се уште трае.Со ваквата ориентација продолжуваме и во новата 2019 година давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - Република Македонија.На партиски план Единствена Македонија промовираше еден поинаков модел за иднината на Македонија што подразбира дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон.Понудивме алтернатива за сојуз со Русија и Евроазиската економска унија каде припаѓа иднината на светот и каде не не условуваат со промена на името и идентитетот.Оваа наша определба наидува на голема подршка заради што марионетската власт во Скопје во спрега со високи дипломатски и политички претставници од ЕУ, НАТО и САД започнаа специјална војна против Единствена Македонија.Меѓутоа, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина дека доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?Годината што измина сите сакаме што побргу да ја заборавиме, а и во годината што доаѓа Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.Едно е јасно. Оваа битка можеме да ја добиеме само сплотени и единствени како Македонци оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е исправна, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.На крајот Ви посакувам Среќна нова 2019 година со многу желби за многу среќа и добро здравје“, изјави Бачев.

Македонија | пред 7 години

7 год.
jankulovska

Уставен суд: Не е повредено правото на мајчинство на Гордана Јанкулоска

Според одлуката на Уставниот суд, судијката Добрила Кацарска не го повредила правото на мајчинство на екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пишува Телма.Одбраната на поранешната министерка поднесе барање за оценка на дискриминација, односно за повреда на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство од јуни до октомври 2018 година во случаите „ Тенк“, „Титаник“ и „Таргет/Тврдина“. 

Македонија | пред 7 години

7 год.
Capture-3

МВР: Граѓаните да се воздржат од употребата на пиротехнички средства, во спротивно следува глоба во износ од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, апелира до граѓаните максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир.„Неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку бесплатниот телефонски број 192“, велaт од МВР.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

(ФОТО) Ѓорчев во посета на белата палата со семејството

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави фотографија на која тој заедно со своето семејство го посети седиштето на партијата.На фотографијата Ѓорчев  заедно со сопругата Сузана и 8-годишната Марта, 6-годишниот Филип, 5-годишниот Никола и двегодишната Катерина седат во лобито на белата палата.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

DoubleTree by Hilton од 1 јануари ќе ги пречека првите гости во новиот објект во Скопје

Хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од утре 1 јануари, официјално почнува со работа и ќе ги пречека првите гости.Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.За врвна услуга и топло гостопримство „Хилтон“ става на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Welness & SPA модернен спа и фитнес центар од 1400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, 6 конференциски сали, и една сала за свечености Diamond Ballroom, три ресторани.Хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на градот, а за беспрекорен престој на гостите, ќе се грижат близу 200 вработени.На објектот интензивно се работеше две години и освен што е импонзантен однадвор, енергетски и еколошки е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. Целосната инвестицијата е вредна 50 милиони евра.Еден од лидерите во хотелиерската индустрија, „Хилтон“ досега беше присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели, и во својата сто годишна историја има пречекано повеќе од 3 милијарди гости. Новата 2019 ја почнува додавајќи ја и Македонија на својата мапа, со најубавиот DoubleTree by Hilton хотел во светот.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-20

Отворен новиот полигон за полагање во Битола

На новиот полигон во Битола, денес за прв пат кандидатите полагаа за добивање на возачка дозвола, со што официјално по пауза од шест години, битолчани можат да полагаат на домашен терен. Ветениот рок за изградба на полигонот беше исполнет од страна на локалната самоуправа.„Ветивме, исполнивме. За само една година, по спроведена процедура, после многу години, Битола конечно има полигон. Битолчани повеќе нема да имаат потреба да одат во соседните градови за да вежбаат, но и за да полагаат. Битолчани, нека ни е аирлија новиот полигон“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.Прв од денешните кандидати кој полагаше на новиот полигон и се стекна со возачка дозвола за камион е битолчанецот Маријан Зисовски. Тој доби подарок во име на Општина Битола, а му беше врачен од страна на градоначалничката Наташа Петровска.„Многу добро поминав на полагањето и ми е мило што во нашиот град има полигон и што токму јас бев првиот кандидат кој го положи возачкиот испит“, истакна Зисовски.Полигонот е лоциран на излезот од Битола, во населбата Горно Оризари, на земјиште во сопственост на Владата на РМ, кое и беше доделено на Општина Битола, а е изграден како донација од „Автомакедонија“.„Пред се голема благодарност до Општина Битола, до градоначалничката, советниците и целиот тим кој што го работеше овој проект. Изведувачите со натчовечки напори се потрудија и го изведовме полигонот. Се надевам дека отсега па натаму ова ќе биде и поблагодарно за битолчани и полесно, затоа по шест години повторно имаме полигон во Битола“, посочи Зоран Кузмановски, управител на сообраќајниот испитен центар АМ ДООЕЛ Битола.На денешното прво полагање на кандидатите за возачка дозвола, присуствуваа и советниците од Општина Битола, предводени од претседавачот Валентин Груевски, како и голем број граѓани, кандидати и претставници од авто школите во градот.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања