„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
7 год.
New-Zealand

(ВИДЕО) Нов Зеланд ја дочека Новата 2019 година

Жителите на Оукленд во Нов Зеланд ја дочекаа Новата Година со спектакуларен огномет од Скај Тауер. Според информациите подготвени биле 500 килограми приротехника, 1,5 тони опрема и кабли долги 12 километри.Островската држава Самоа беше првата во светот која ја дочека Новата година.Во Австралија ќе има најголема прослава, каде е предвиден 12 минутен огномет кој чини шест милиони австралиски долари.

Свет | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Итна медицинска помош со препораки за Новогодишната ноќ

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.На новогодишната ноќ итната медицинска помош ќе располага со 10 медицински тима и 8 дежурни ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“, „Ченто“, „Шуто Оризари“, „Ѓорче Петров“, „Драчево“, „Идадија“ и „Бит Пазар“.Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета. Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните препораки:-Редовно земање на терапија кај хроничните болни,-Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,-Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,-Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,-Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Скопје | пред 7 години

7 год.
1-19

Реновирани операционите сали на одделението за ортопедија при ТОАРИЛУЦ

Од денеска почнуваат со работа реновираните хируршки сали на одделението за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар. На Клиниката за ТОАРИЛУЦ е направена комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче информираше дека се заменети и надградени сите постојни инсталации, според нови стандарди. Тоа значи безбедни медицински гасови, сигурна електрична инсталација којашто е испитана и за која добивме сертификати и нова водоводна инсталација.-Имаме и комплетно нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Целосно се регулира и се следи состојбата на сите филтри низ кои поминува и се прочистува воздухот, влажноста на истиот и протокот за да не се појави непријатно струење, потенцираше министерот Филипче.Во сето ова се вградени нови оперативни столови и нови светла над нив. Набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема.-Сето тоа споено дава одлични услови за работа за колегите, но и најсовремени стандарди за операција на пациентите, рече министерот Филипче.Илир Хасани, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, изјави дека обновата на салите е голема инвестиција и најавува дека реконструкциите ќе продолжат додека не се постигнат светски здравствени стандарди.-Со сите овие чекори покажуваме интенција и залагање за развој на современо и модерно здравство, фокусирано на сите наши пациенти, кои имаат потреба од медицинска помош на ортопедија, посочи д-р Илир.Целото реновирање чини над 30 милиони денари, најголем дел од средствата се преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Министерството за здравство и околу 1.5 милиони денари од донации.

Македонија | пред 7 години

7 год.
putin-plays-hockey_759_twt

(ВИДЕО) Путин откри со кого би сакал да игра хокеј

Хокејскиот тим во кој играа рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу победи на натпреварот „Ноќна хокејска лига“, кој се одржа на Црвениот плоштад во Москва.Путин изјави дека сугерирал во тимот да влезе и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.„Претседателот на Белорусија изјави дека треба да се врати дома во Минск поради решавање на голем број прашања кои секогаш ги има за Нова година. Се договоривме дека заедно ќе играме хокеј и ќе скијаме следниот пат кога ќе се видиме“, изјави Путин.

Свет | пред 7 години

7 год.
Rusija-ruska-policija-1-620x350

Уапсен американски шпиун во Русија, му се заканува казна затвор од 20 години

Руската безбедносна агенција објави дека уапсила амерички државјанин кој е осомничен за шпиунажа.Пол Вилан уапсен е во Москва на 28 декември под обвинение за шпиунажа.За сега нема никакви детални информации, а Би-Би-Си вели дека доколку се докаже дека е виновен му се заканува казна затвор од 10 до 20 години.Америка се уште не даде коментар за ова апсење.

Свет | пред 7 години

7 год.
UaYct-

Приведен дилер од Валандово, пронајдени две вреќи со марихуана

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од село Брајковци, валандовско,  поради основано сомневање за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните  простории  од страна на судија на претходна постапка  извршен е претрес кај пријавениот. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии  и две книжни вреќи  со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода  и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана  со нето тежина од 7,6 килограми.По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 7 години

7 год.
calendar

6 јануари, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2019 година (недела), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Меркел во своето новогодишно обраќање испрати важна порака до граѓаните на Германија

Германската канцеларка, Ангела Меркел во своето новогодишно обраќање ги повика граѓаните да допринесат во зачувување на Европската унија како прокт за мир и благосостојба.Меркел порача дека Германија ќе продолжи да се залага за решение на предизвиците и во 2019 година дека земјата мора да превземе уште поголема одговорност.Канцеларката исто така наведе дека во наредната година ќе се стави фокус на климатските промени, миграциите и борбата против тероризмот.„Сакаме да ги решиме сите овие прашања поради нашиот сопствен интерес, а тоа можеме најдобро да го направиме ако ги земеме предвид и интересите на другите“, истакнува Меркел во пораката.Сепак, според неа, сите во светот не го споделуваат ваквото мислење, што предизвикува притисоци во меѓународната соработка.– Во таква ситуација мораме да станеме, да се залагаме и да се бориме за нашите убедувања и мораме да преземеме поголема одговорност пради нашиот сопствен интерес, смета Меркел.Таа нагласува дека Берлин се залага за „глобални решенија во ОН“ и сака ЕУ да биде „многу посилна и способна самата да носи одлуки“, која ќе го задржи „блиското партнерство“ со Велика Британија.Во обраќањето до своите сонародници, Меркел им порачува на изборите за Европскиот парламент во мај идната година „да придонесат ЕУ да остане проект на мирот, благосостојбата и безбедноста“.Меркел потенцира дека планира да остане на местото канцелар до крајот на сегашниот мандат во 2021 година.– Демократијата живее од промени. Го градиме она што ни го оставија нашите преци и ги обликуваме работите во сегашноста за оние што доаѓаат по нас, истакнува Меркел во новогодишното обраќање до Германците.  

Свет | пред 7 години

7 год.
petardi

Кај охриѓaнец пронајдени и одземени 13.000 различни нелегални пиротехнички средства

На 28 декември оваа година, извршен е претрес во домот на И.Ш. (44) на улицата „Гоце Делчев“ а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана на Градскиот пазар во Охрид. Притоа, пронајдени и одземени се вкупно 13.000 различни нелегални пиротехнички средства.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава..

Македонија | пред 7 години

7 год.
Нема фотографија

Колкави се платите за најбараните професии во скандинавските земји?

На наставничките во Шведска по сите трошоци во месецот им останува повеќе од половина плата. Шведска има специјализирана организација која истражува кои професии се потребни на нивниот пазар на труд, а се занимаваат и со насочување на образованието според потребите на пазарот – предвидуваат кои професии ќе бидат барани во иднина, каде недостигаат професионалци, а каде ги има премногу.Наставниците во основните училишта во Шведска во просек месечно се платени околу 3163 евра, додека просечната плата на фармацевтите изнесува 4 036 евра. Во Шведска се исплаќа бруто-плата, а плата повисока од 4 889 евра, се оданочува до 30 отсто, зависно од местото на живеење.Здравството во Шведска е бесплатно, а мнозинството граѓани се осигурани преку работодавецот или училиштето.Во Финска, пак, недостасуваат логопеди и градежници. Министерството за труд двапати годишно објавува листа на најбарани професии на тамошниот пазар на труд.Барани се и градежни инженери, негователи, социјални работници и градежни работници.Што се однесува на платата, податоци има за трите професии кои на листата се постојано за најбарани, а се проценува дека во иднина уште ќе недостигаат. Тоа се: логопеди, менаџери на градилиште и градежни инженери.Просечната плата на логопед со искуство од 5 до 10 години изнесува 4 500 евра, менаџер на градилиште со еднакво работно искуство можат месечно да заработат 4 300 евра, а искусен инженер во градежништвото во просек може да земе 3 500 евра.

Свет | пред 7 години

7 год.
375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

СДСМ: Клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки за граѓаните и фирмите во 2018 година

„По 11 години уназадување и економско осиромашување на граѓаните, во 2018 економијата се продвижи во вистински правец, има стабилен раст, пораснаа и платите, се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните.Планот за економски раст ги даде очекуваните резултати. Како клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки во 2018 година се издвојат:1. Раст на економијата во два квартала. Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто.2. Просечната плата се зголеми за 5.7% од почеток на годината. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажува раст на просечната плата и таа изнесува 24.817 денари.3. Зголемена е миниминалната плата од 9 илјади на 12 илјади денари и важи за сите стопански гранки. 90.000 работници сега добиваат поголема минимална плата.4. Отворени се нови 14 илјади работни места за граѓаните.5. Порасна бројот на вработени во индустријата . Во периодот јануари - ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот период од 2017 година.6. Раст на индустриското производство. Во период јануари – ноември 2018 индустриското производство бележи раст од 5.2% во споредба со истиот период лани.7. Невработеноста се намали и сега изнесува 20.8 проценсти.8. Зголемена е финансиската поддршка за земјоделците. Тоа придонесе, оваа година да се постигне највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока откупа цена на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).9. Извозот е за 16% повисок во однос на лани.10. Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 18% во однос на минатата година, изнесува 370,7 милиони евра“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pino

Ден 23: Скопјанецот Пино уште го нема, а ниту информации од МВР

На дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо- Пино веќе 23 дена му нема траг. Тој последно бил виден во Ѓорче Петров на 10-ти декември, 22 часот навeчер.Оттогаш го нема заедно со неговиот автомобил, бела „Шкода" со таблички SK 1566 AP и двата мобилни телефони.Следното утро, во вторникот, требало да ја пречека мајка си, која доаѓала од Италија.Мајка му на Фејсбук пишува дека нејзиното дете го нема 19 дена моли за помош но и обвинува: „19 дена како нема траг од моето дете. Излезено е од дома 10 декември 2018 година, со „Шкода фабија", бела боја.Снимено последен пат на видео камерата на излез од Ѓорче Петров на раскрсницата пред Сарај. МВР работи, единствено што знам. Нема трага од колата, нема трага од телефоните. Да беше игла на некој министер до сега ќе го најдеа", пишува мајката.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2446087245465233&id=100001919445500

Македонија | пред 7 години

7 год.
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ им истече и втората година од мандатот, а се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата

Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност. Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.Затоа пак направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промаршена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 7 години

7 год.
Georgievski

в.д градоначалникот Георгиески: Ветуваме со упорна работа Охрид ќе го направиме развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација

Почитувани сограѓани,Во новата 2019 година, влегуваме со цврста определба и верба дека сите заедно ќе работиме за подобар живот и подобро утре за Охрид. Во годинава што е зад нас, го изгубивме својот градоначалник, но не ја изгубивме неговата визија и неговите соништа за европски, модерен и развиен Охрид. Ветуваме дека со упорна и посветена работа Охрид ќе го направиме убаво место за живеење, развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација.Во 2018 година е интензивиран процесот за финансиска консолидација на Општина Охрид и со помош на Владата на Република Македонија, во 2019 година Локалната самоуправа ќе се раздолжи за 495.000.000,оо денари. Ги консолидиравме јавните претпријатија и реализиравме голем број инфраструктурни зафати. Во 2019 година, во првиот квартал ќе биде решен деценискиот проблем со блокираната сметка на ОУ „ Григор Прличев“ , а во соработка со УНДП ќе се решава и проблемот со реката „ Сатеска“ . Воспоставена е соработка со научно- истражувачки институции кои работат на проекти за животната средина и културното наследство и систематски се подобрува амбиентот за привлекување странски инвестиции.Планираните проекти за новата 2019 година се нов предизвик и цврсто сме уверени дека ќе ги реализираме. Во соработка со Агенцијата за државни патишта ќе се реконструира Булеварот „Туристичка“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“ ќе биде енергетски ефикасно училиште, а ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие нова спортска сала. Градскиот стадион во соработка со ФФМ ќе добие нова трибина, проект вреден над милион евра.Ова се само дел од планираните проекти, за кои се заокружени законски предвидените постапки и тие можат брзо да почнат да се реализираат.Во Новата година посакувам, се што сме планирале да го реализираме, да имаме енергија и истрајност за да ја оправдаме довербата што сте ни ја дале.Почитувани сограѓани,Нека ни е честита и бериќетна Новата 2019 година. Ви посакувам , многу здравје, радост, среќа, љубов и добра мисла.

Македонија | пред 7 години

7 год.
45483017_1569439086490712_6023250268915761152_n

Бесплатен паркинг за време на празниците во Скопје

„По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со коистопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот.Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година (четврток) со вообичаено работно време“,  велат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

7 год.
mickovski

Мицкоски: 2018 година е изгубена година за државата и за граѓаните на Македонија

„Годината што изминува на политички и општествен план можам да ја оценам како една изгубена година за државата и за граѓаните на Република Македонија, година на политички потреси, назадување и разочарувања. Ова беше година кога наместо напредок, повторно се продлабочуваа разликите, поделбите и наместо на продуктивни работи - енергијата се трошеше на прогон и притисоци“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и го посочува неговиот избор на негативни настани, пишува Дојчевеле.1. Капитулантскиот Договор и промената на Уставот;Во однос на неуспесите, на прво место би го посочил капитулантскиот договор, промената на уставот со цел промена на името на државата, и целиот спектрум на негативни влијанија кои тој Договор ги носи, почнувајќи од длабокото задирање и промена на идентитетот, па сѐ до толкувањето кое ќе се прави на историјата, културата и археологијата. Практично се донесе мошне неквалитетно решение на штета на граѓаните и државата, целосно погрешен начин на водење преговори кои резултираа со штетен Договор.2. Неуспехот во економијата и продлабочената сиромаштија;Имаме година без инвестиции и со забележан одлив на странски инвестиции, крах на градежништвото, година кога платите и пензиите не растеа, а сиромаштијата процентуално се зголеми. Граѓаните не го добија ветеното од Владата, а изгледите се дека годината што следи - ќе биде полоша. Тука во прв план ги ставам зголемените даноци кои ќе удрат по сите граѓани, а највеќе по средната класа.3. Политичкиот прогон и притисоците насочени кон опозицијата;Механизмите преку кои тоа се прави, подразбира дека граѓаните добија судство кое е целосно зависно, и обвинителство кое работи по препораките на премиерот, кој однапред ги знае одлуките на третата на власт. И во една таква консталација, преку политичките притисоци, и луѓето кои подлегнаа на нив, практично оваа власт се пазареше за нејзино одржување.Во изборот на негативни настани, Мицкоски посочува и други.„На четврто место сосема кусо би го спомнал недобивањето датум за преговори со ЕУ, скандалите и криминалните афери на Владата, меѓу кој црниот Вотергејт на Заев и прислушуваното обвинителство и судство, криминалните иновации, криминалните тендери во здравството, како и слабото 112-то место на индексот за борба против корупцијата, заедно со Танзанија и Етиопија. На планот на успесите, оваа година навистина беше сиромашна“, констатира Мицкоски.

Македонија | пред 7 години

7 год.
pozar

Пожар во Сарај - целосно изгорела кровната конструкција и инвентар

На улица ”Пролетерска“ во Скопје синоќа во помошната просторија од куќа сопственост на Г.М.(39) избувнал пожар. Во несреќата целосно изгорела кровната конструкција и инвентар.Во пожарот повредени лица нема.

Скопје | пред 7 години

7 год.
brza-pomos

Почина едно лице од лајшманиоза, болеста се пренесува од кучињата

Пензионерка од Штип на 65-годишна возраст починала, а три лица од овој град се заболени од опасно паразитско заболување чиј извор на зараза се кучињата, независно дали тие се скитници или домашни миленичиња. Во штипскиот Центар за јавно здравје велат дека и само еден заболен од болеста лајшманиоза е трагедија, објави Независен.-Покрај починатата пензионерка, во последните три месеци од оваа година ние се соочивме и со три нови заболувања од кои едно во текот на минатиот, а две во текот на овој месец. Во ноември имавме заболено женско бебе на едногодишна возраст, а овој месец веќе имаме две заболени лица од машки пол, едното на шест, а другото на 69-годишна возраст. Ниту едно од овие лица не поседувало куче како домашен миленик, вели д-р Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје.Оваа ситуација во Центарот за јавно здравје се оценува како алармантна. Според д-р Живкова, децата се најзасегнатата категорија од популацијата бидејќи се со послаб имунитет, иако во последно време таа граница е поместена и кон повозрасните генерации. Пренесувач на болеста е таканаречената песочна мушичка, која е со големина од една третина на комарецот и поради тоа тешко се забележува со голо око. Оваа мушичка цица крв од заболено куче, а потоа паразитот го пренесува од кучето на човекот.-Болеста е со долга инкубација, се карактеризира со малаксаност, намален апетит и слабеење на црниот дроб и слезината и пад на сите елементи од крвната слика. Бидејќи ова паразитско заболување е прикриено додека да се открие минува драгоцено време, а ситуацијата станува сè полоша кај заболените, појаснува д-р Живкова.Заболените кучиња можат да се препознаат по тоа што слабеат, ги губат влакната од телото, имаат заматени очи, рани по телото и им растат необично долги нокти. Од Центарот за јавно здравје во Штип предупредуваат дека секој сопственик кој ќе забележи такви симптоми кај своето милениче веднаш треба да го однесе на ветеринар. Најдобрата превентива е кучињата да имаат редовни ветеринарски прегледи зашто само така може да се спречи заболувањето кај нив. Бидејќи досега не е пронајден начин за лекување на ова паразитско забалување, од Центарот за јавно здравје препорачуваат таквите кучиња хумано да се еутанизираат.Песочната мушичка (флеботом) се развива во депонии и на места на кои има распаднати органски материи. Затоа препораката е кучињата скитници да се приберат во стационари, на секое такво куче да му се направи скрининг, а кај кучињата кај кои ќе се констатира вакво заразно заболување да се примени еутаназија. Засека друг начин на справување со кучиња скитници кои имаат лајшманиоза не постои, тврдат од оваа здравствена институција.И Штип е град во кој бездомните кучиња се голем проблем. Со секој нов ден ги има сè повеќе. Можат да се видат како спокојно шетаат по главните улици, се забележуваат во групи на плоштадот, дремат пред секоја самопослуга или месарница. Реакциите на граѓаните се секојдневни и тие бараат кучињата скитници да се тргнат од градот и да се однесат на места на кои треба да се згрижат. Од локалната власт ни рекоа дека стационарот за кучиња е изграден согласно сите стандарди, дека е во тек средување на законските формалности и дека очекуваат најдоцна до крајот на јануари 2019 година да започне нивното хумано отстранување од градот.

Македонија | пред 7 години

7 год.
orban-gruevski

Груевски преку Путин со Орбан, Македонија со променето име

Бегството на експремиерот Никола Груевски предизвика бројни теории на заговор. Но, интервјуата на високи македонски функционери укажаа на тоа дека Груевски бил во контакт со унгарските власти последните во последните денови пред неговото бегство. Македонските власти се уште не знаат како бегалецот ја напуштил нашата територија, а испитува дали тоа е направено со возило на унгарски дипломатски таблици.Иако Владата на Орбан негираше дека се меша во внатрешните работи на Македонија и дека нема улога во шверцот на Груевски, тоа само покажува дека како политичар се вметнува во кревката политика на Балканот, во време кога Македонија се обидува да влезе во НАТО и Европска Унија, а Русија се обидува да ги блокира процесите. Груевски беше осуден на две години затвор за примање на мито од владините договори. Исто така, Груевски се здружи со рускиот претседател Владимир Путин, со тоа што се спротистави на договорот од Преспа.

Македонија | пред 7 години

7 год.
k15

Работодавците кои сеуште не исплатиле К15 - денеска е последен ден

Истекува последниот ден, за исплата на К15 во приватниот сектор. За оние работодавци кои нема да исплатат регрес, законот предвидува големи парични казни до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.Законодавецот предвидел и казна затвор од една година за газдите кои ќе поделат К-15, а потоа ќе бараат од работниците делумно или целосно да им го вратат.За потсетување на секој вработен во приватен сектор кој во фирмата работел најмалку шест месеци непрекинато до 31.12 треба да му се исплатат најмалку 9.610 денари како регрес за годишен одмор. Тоа е 40 проценти од просечната нето-плата по вработен исплатена во последните три месеци.Изминативе години беа регистрирани низа прекршувања на овој закон, поточно, имало работодавци кои сакајќи да го избегнат овој трошок на ставка К15 на вработените им исплаќале минимални суми, а не законскиот минимум, на вработени кои користеле породилно воошто не им бил исплаќан регрес, и покрај тоа што законски мора да се исплати на сите, а имало и такви работодавци кои префрлените пари, барале вработените да ги подигнат и да им ги вратат.За годинава се најавува дека работодавците кои се жлат дека имаат тешкотии во работењето посебно ќе бидат ставени под лупа и ќе се следи овој проблем.Инаку според последните анкети 55 % од граѓаните сметаар дека треба здолжително да се исплаќа регрес и за вработените во јавниот сектор.Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а најголемиот број работодавачи исплатата ја прават во последниот месец од годината.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања