2 нед.
media-libraryclfloqghlt5h4qxxyzC

Мицкоски: Во Давос се разговараше за соработка со Филипс, за придобивките од новиот оператор 4IG, како и за потенцијалот на регионот од новите инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција

Во текот на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот Мицкоски одговараше на пратеничко прашање упатено до него за придобивките кои се очекуваат за Македонија од средбите и разговорите кои се остварија на светскиот економски форум во Давос. Тој посочи дека како премиер нема да пропушти два настани од меѓународен карактер, а тоа се форумот во Давос и Минхенската безбедносна конференција.„Првиот е настан во кој што не само светската политичка, за мене поважно, бизнис елита но и луѓе од науката, испраќаат пораки со кои што ги определуваат чекорите како светот и човештвото ќе се развива во следната декада, две три. И ние како држава на тие настани, на кои тие ги испраќаа, тие пораки бевме присутни, а јас лично бев говорник на три панели, на кои имав сопствена контрибуција. Тоа е значењето на првата. Повеќе геостратешка и политичка е таа во Минхен, на која ќе бидеме исто така како владина делегација, од 12.02 до 15.02. Ценам дека овие два настани како држава не смееме да ги пропуштиме. Без разлика кој е претседател на Влада, кога ќе заминам јас, кога ќе дојде некој по мене, тоа ќе биде првиот совет кој што ќе му го дадам“, истакна Мицкоски.Тој посочи дека следната година ќе мора да има поголема бизнис делегација во Давос, бидејќи тоа е главната суштина на настанот.„Бизнис со бизнис средбите се тие кои што се посуштински на овој настан. Ние имавме билатерална средба со највисокото раководство на компанијата Филипс за Европа, затоа што како Влада имаме намера да направиме мапирање на потребите за здравствените установи на целата територија на државата, во делот на инструменти и опрема, а цениме дека Филипс е една од водечките светски компании која од своето производно портфолио може да испорача светски квалитетна современа опрема за да ги задоволи потребите на нашите здравствени установи. Ако не беше таа средба, ние денес немаше да знаеме еден факт, дека минимум 35% од набавената опрема може да биде грант кој што го обезбедува холандската извозна агенција“, рече премиерот.Мицкоски говореше и за втората средба со третиот мобилен оператор во Македонија, 4IG, што значи многу придобивки за граѓаните и минимум 100 милиони евра инвестиции и стотици добро платени нови работни места.„Понатаму бев панелист со американскиот секретар за енергетика, Рајт, заедно со главниот извршен директор на американската оф шор компанија АЕС, зборуваме за главниот извршен директор на компанијата ARAMCO, која е главна компанија преку која се извезуваат енергенси од Саудиска Арабија, потоа директорот на Светската енергетска асоцијација итн. Ова го споменав на интервјуто пред два- три дена, дека две работи беа клучни во пораките и на политичарите и на луѓето од фелата, енергија- струја и вештачка интелигенција. Општество кое нема ова да го препознае, општество кое нема ова да го имплементира, е осудено на пропаст. Нема да биде конкурентно, ќе нема економски развој, ќе нема приходи во буџетот и ќе нема ни за земјоделци, ни за образование, ни за здравство, ни за ништо. Тоа е многу важно. За вештачката интелигенција да работи соодветно и понуди услуги за граѓаните потребно е да имаме дигитално општество и да имаме дата центри со моќни компјутери кои се континуирано напоени со струја. Тоа значи дека ќе биде потребно да се изградат нови производни капацитети за електрична енергија“, посочи Мицкоски и дополни дека потребни се вкупно 40.000 теравати нов инсталиран капацитет во следната деценија.„Замислете ние овде како регион да се обединиме и од тие 40.000 тера вати, успееме да привлечеме 0,01%. Тоа е 4 тера вати, тоа е 4 трилиони евра, тоа е 400 милијарди евра во наредните 10 години, односно дупло повеќе од номиналниот БДП на сите 6 земји од Западен Балкан“, заклучи премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3cbv1f4rn9maenfD9qu

Латас најави контра-тужба за Ленче Ристоска: Ја споменала мојата фамилија

Новинарот Драган Павловиќ-Латас денеска преку јавна реакција соопшти дека ќе поднесе тужба за клевета против јавната обвинителка Ленче Ристоска, поради, како што тврди, неточни наводи изнесени на судското рочиште по нејзината тужба за клевета против него.Според Латас, Ристоска во судница спомнала членови на неговото семејство, при што тој тврди дека изнесеното не било точно и дека тоа лесно може да се докаже. Поради тоа, најави дека ќе покрене контратужба за клевета.„Обвинителката Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија… Прво, спомнатото не е точно што е лесно докажливо и следи моја тужба за клевета против Ленче Ристоска.Да, таа Ленче што се кандидира за Вишо обвинителство и не ја примаат, за судија во СЧП во Стразбур - ја одбиваат, еве ја сега се кандидира за трето нешто - за државен (републички) јавен обвинител со целиот багаж и хипотека од СЈО.Но, кога одбрала да влегува во фамилии редно е да се потрудам и истражам, и секако потоа објавам, каков е крајот на судската кариера на нејзиниот татко.Крајот е срамен, според сечиј вредносен суд, и Ленче ќе биде заслужна што ќе биде и јавно познат“, напиша Латас.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryl8vkd27kgg2adHYG4MT

(Видео) Олујата Кристин однесе пет животи и предизвика хаос во Португалија и Шпанија

Олујата Кристин ја погоди Португалија и Шпанија, однесе најмалку пет животи и предизвика големи нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот поради силниот ветер, снегот и обилните врнежи, соопштија во четврток властите на двете земји.Во Португалија, загинаа пет лица, од кои четири во близина на градот Леирија во централниот дел на земјата.„Oстанете во домовите и не возете по улиците“, рече во јавно обраќање командантот на локалната полиција, Домингос Урбано Антунес.На подрачјето на Леира е регистриран удар на ветер од 176 километри на час, поради што е затворен поголем број училишта. Ветерот предизвика и значителна материјална штета, а без електрична енергија останаа околу 573.000 домаќинства, соопшти дистрибутерот Е-Редес.На крајбрежјето е прогласен црвен аларм поради исклучително брановито море.Во соседна Шпанија снегот и дождот во четврток го зафатија 71 пат, од кои 19 беа целосно затворени за сообраќај.Предупредувања за опасни временски услови се издадени во 12 од вкупно 17 автономни покраини, а меѓу најзагрозените се јужните региони Андалузија и Мурсија, како и северните Галисија и Астурија.Во Андалузија во последните два дена се регистрирани 2.505 инциденти, но без загинати.„Ниту еден од нив не беше сериозен. Најчесто паѓаат дрвја или предмети од згради“, изјави Антонио Санз, одговорен за итни ситуации во регионалната влада, повикувајќи ги жителите на Андалузија на претпазливост.Минатата недела дождот и снегот веќе го отежнуваа сообраќајот во Каталонија на североистокот на Шпанија, каде поради одрони и заштитен ѕид на железничките пруги дојде до две несреќи. Таму приградските возови не сообраќаа неколку дена.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2022-09-01-at-12.37.04

РКЕ и Бислимоски по кривичната од Финансиската полиција: Сѐ е постапено согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.„РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци.РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата“, велат од РКЕ.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Македонците во Бугарија бараат ОМО „Илинден-Пирин“ да ги застапува нивните права – многу ли е тоа?

Премиерот Христијан Мицкоски во Собранието истакна дека на Македонците во Бугарија им се одземени сите права, а сега бараат само здружение кое би се борело за правата на македонската заедница во Бугарија.„Ќе повторам, се додека македонската заедница во Бугарија, мислам дека треба да го поддржите тој став, треба да го поддржите ставот за Македонците од Разлог, од Горна Џумаја, од Сандански, од Пирин треба да го поддржите затоа што во пописот во 56-тата година тие биле 200 илјади и биле мнозинство во Пиринскиот крај на Македонија. Биле две третини од вкупното население, а магично на пописот во 65-тата година бројката станува 9 илјади. Од двесте илјади на 9 илјади и тоа еден поранешен бугарски претседател го кажува како инженеринг на којшто е посебно горд.Им се одземаат правата на своја културна автономија, да општат на својот мајчин македонски јазик, да говорат на својот мајчин македонски јазик, да танцуваат на своите македонски песни, да ги почитуваат своите македонски обичаи. Е тие бараат сега само да имаат можност ОМО Илинден Пирин да биде организација која што ќе ги застапува правата на македонската заедница во Бугарија. Многу ли е тоа?“, запраша Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
latas-ristoska

Ленче Ристоска бара 600.000 денари обештетување од Латас: Сметам дека тужениот имал и личен и финансиски интерес за моја дискредитација

Драган Павловиќ Латас денеска не се појави на рочиштето во Граѓанскиот суд, каде што за клевета и навреда го тужи јавната обвинителка Ленче Ристоска, објави „Фокус“.Ристоска пред судот објасни дека тужбата ја поднела затоа што од Драган Павловиќ Латас не добила извинување, туку, напротив, продолжиле медиумски и јавни напади кои, според неа, биле насочени кон нарушување на нејзиниот професионален углед и чест. Таа посочи дека во период од мај до декември биле објавени три таргетирани објави со клевети и навреди, кои предизвикале јавна реакција и директна штета по нејзиниот углед.Обвинителката наведе дека ваквиот наратив подоцна бил прифатен и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што, според неа, резултирало со повлекување на првичната листа на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права и усвојување нов предлог, без нејзино име. Тоа, како што рече, покажува дека клеветите ја постигнале целта – создавање јавен впечаток за нејзина неподобност.Ристоска побара обештетување од 600.000 денари, нагласувајќи дека целта не ѝ е материјална корист, туку тужениот во иднина да известува објективно. Таа додаде дека и во јануари имало нови навредливи објави, за кои побарала извинување, но повторно не го добила.Дополнително, Ристоска истакна дека Латас имал и личен бенефит од ваквата кампања, посочувајќи дека зетот на тужениот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бил избран за член на Советот на АВМУ, со високи месечни примања, што, според неа, упатува на личен и финансиски интерес за нејзина дискредитација, пишува Фокус. Одбраната, преку адвокатката Анита Бегова, тврдеше дека не е нанесена штета и дека станува збор за јавни информации, при што ја обвини Ристоска за барање публицитет. За време на рочиштето, Бегова упати навредливи забелешки кон обвинителката, по што судијката ја опомена да го коригира однесувањето и да се воздржи од лични напади.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
dete-siluvanje

Невиден ужас во неготинско: Четири лица злоставувале 13-годишно девојче, удирајќи ја и навредувајќи ја

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
policija-alkohol

Приведени двајца пијани возачи: еден излетал од пат, друг удрил во паркирано возило

Полициски службеници лишија од слобода двајца возачи во Струга и во кавадаречкиот регион, откако управувале возила под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи.На 29 јануари 2026 година околу 07:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Ј. (29) од село Глишиќ, кавадаречко. Претходно, на регионалниот пат Неготино–Кавадарци, тој управувајќи патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. При преземање мерки било утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.Претходниот ден, на 28 јануари 2026 година околу 18:20 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М. (36) од Струга. Тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“, сопственост на Б.М. (23) од село Франгово. По извршените проверки било констатирано дека И.М. имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица.По целосно документирање на настаните, против двајцата возачи ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2ntfm13dctck9yzdXN9

Цветковски прашува: Зошто нема 600 евра минимална плата, а има милиони за тендери

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветковски, на денешната собраниска седница упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кое се однесуваше на минималната плата и на фактот дека, власта нема пари за нејзино  зголемување, додека истовремено продолжува да си дели тендери.Прашањето интегрално во го пренесуваме во целост:На денешните пратенички прашања ќе поставам едно прашање и тоа ќе го упатам до министерот за економија и труд, господинот Дурмиши.Во изминатиот период сме сведоци на континуиран раст на цените на основните животни производи. Храната поскапува, сметките растат, а инфлацијата директно го јаде и она малку што работниците го добиваат на крајот на месецот.Во такви услови минималната плата не расте со исто темпо, туку заостанува, оставајќи илјадници семејства во постојана финансиска неизвесност.Семејниот буџет на работникот е на минимум, а притисокот од сè поголемиот раст на цените е огромен. Денес ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби.Инфлацијата од 4,1 проценти и вртоглавиот раст на цените го загрозуваат животниот стандард. Платите постојано стојат во место, а Владата упорно тврди дека нема финансиски простор за нивно зголемување.Денес зборуваме за минималната плата како единствен приход за десетици илјади граѓани во оваа држава. Зборуваме за плата од која треба да се платат кирија или кредит, сметки за струја и греење, храна, лекови, училишни потреби и превоз.И кога сето тоа ќе се собере, станува јасно дека минималната плата одамна не обезбедува ниту минимум достоинство.Постојано зборувате за економски раст, за стабилни индикатори и за успешни политики, но прашањето е, за кого е тој раст? Секако не е за работникот кој живее од минимална плата. За него секој нов месец е нова борба дали да купи храна или да плати сметки. Тоа, министре, не е економска стабилност, тоа е сиромаштија.Потрошувачката кошница јасно покажува дека минималната плата не ги покрива ни основните потреби. Покрај тоа, вашето министерство, кое вие го водите, нема понудено јасен план како минималната плата ќе се усогласи со реалните трошоци за живот.Почитувани, економијата не се мери во број на тендери, туку во квалитетот на животот на граѓаните, односно на работниците. А, денес квалитетот на животот на работниците е на самото дно.Држава во која работник што работи полно работно време не може да живее од својата плата е држава која потфрлила во својата основна социјална функција.Затоа, барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и 100 евра зголемување во останатите сектори, е оправдано и неопходно. Ние, како опозиција, целосно ги поддржуваме барањата на работниците и Сојузот на синдикатите. Секој работник заслужува достоинствена плата за живот.Оттука и моето прашање до вас, министре:Дали ќе поддржите суштинско зголемување на минималната плата, односно дали ќе го поддржите барањето на работниците и ќе ја зголемите минималната плата на 600 евра, како и 100 евра за останатите?https://youtu.be/GmadFYja8xA?si=CDWVrtyDusxUTX4_

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1kdna2lu5iav6nAMLy8

Арсова: Давос беше шанса Македонија да се позиционира на светската економска мапа

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието се обрати Драгана Арсова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во врска со вчерашните организирани протести од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, учеството на владината делегација на светскиот економски форум во Давос, како и за тоа дали од Европската Унија се очекува промена на одлуката за ограничениот престој во земјите на Шенген зоната.„Вашето учество и учеството на владината делегација на годишниот состанок на светскиот економски форум во Давос беше можност Македонија да се позиционира на светската економска мапа и да ги презентира своите потенцијали пред највлијателните економски и политички актери во светот. Давос не е само место за разговори туку економски форум кој ги обединува светските политички бизнис лидери, експерти, и претставници на граѓанското општество со цел да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите за следниот период. Со кого конкретно остваривте средби во Давос, кои се клучните пораки и заклучоци од тие разговори и што можат да очекуваат граѓаните и македонската економија во периодот што следи?“, праша Арсова.Арсова постави прашање до претседателот Мицкоски и во врска со вчерашните организирани протести од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, на кои присуствувале поранешни и сегашни претставници на СДС.„Сведоци сме дека во текот на вчерашниот ден од страна на Сојузот на синдикати на Македонија под водство на претседателот Трендафилов беше организиран протест, на кој забележавме дека имаше претставници актуелни, поранешни советници од СДС и истите го поддржаа. Ние во изминатиот период видовме дека Владата уште на самиот почеток на мандатот потпиша колективни договори за покачување на платите во образованието и здравството, се зголемија и платите во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, се интервенираше и во зголемувањето на платите кај социјалните работници. Што сметате за чекорот кој го презема Сојузот на синдикати и организирањето на протестот, и што вие како Влада понудивте се со цел изнаоѓање на решение на проблемот со платите?“, запраша Арсова.На крај Арсова го постави и последното прашање во врска со блокадите на граничните премини од страна на превозниците и запраша дали би се очекувало позитивен одговор за промена на ваквата одлука од страна на Европската Унија.„Три дена по ред трае блокадата на граничните премини од страна на превозниците, тие не отстапуваат и бараат да се тргне правилото за ограничен престој во земјите на Шенген зоната. Дали очекувате позитивен одговор од Европската Унија и дали разговаравте со Брисел дали може да се очекува промена на ваквата одлука?“, праша Арсова.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Црногорските превозници ги прекинуваат граничните блокади по преговорите со Владата

Здружението на превозници на Црна Гора ќе ги прекине граничните блокади на товарниот сообраќај.Ваквата одлука Здружението ја донесе по преговорите со Владата.Договорено е, меѓу другото, дека на транспортните компании ДДВ ќе им се враќа во законскиот рок, дека ќе биде изготвен предлог за бенифициран работен стаж за возачите, дека за повисок поврат на акцизите ќе се разговара со европските партнери, како и за одредбите на ЕТИАС, а ќе биде продолжено и работното време на одредени гранични инспекции.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Уставни измени нема да има, ако не бидат исполнети минимум два услови, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Уставни измени нема да има, додека е тој претседател на Владата, ако не бидат исполнети минимум два услови.„Првиот услов, македонската заедница во Бугарија да ги добие загарантираните права, согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права.И вториот, додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет македонски, мојот македонски јазик, дека нема повеќе да има билатерални вета и дека нема никој повеќе оваа држава којашто многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство, понела жртва како ниту една држава и овој народ и овие граѓани, како ниту едни граѓани од Европа понеле жртва. Дека нема повторно да имаат нови омаловажувања, нови понижувања и нови опструкции од било кој, од субјективни причини“, додава Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvvd4bo8qeeglbSB9gRc

Манасиевски : Работниците останале без 600 евра минимална плата поради одбивањето на Трендафилов и Деаноски

Работниците останале без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Политичката заробеност на ССМ, од страна на СДС се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски како и ССМ како синдикат не им е грижа за работниците, се докажува по тоа дека одбиле 40% зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка, над 10.000 денари за само две години од денес. Сето ова, само поради послушноста и потчинетоста кон СДС.Доколку овој предлог односно ова зголемување на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ било прифатено од гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски и ССМ предводен од Слободан Трендафилов, минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година. Единствениот услов од Владата е да се потпише нов колективен договор до 2028 година, поради тоа што моменталниот е нејасно напишан и различно е толкуван, а згора на се и е истечен.Но, поради политичкото заробеништво на ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, од страна на СДС, тие одлучија да шуруваат со нив, сакајќи на овој начин да и наштетат на државата. Но не сфаќаат дека со ова наштетуваат на работниците, оние на коишто тие велат дека им мислат добро.Поддршката од СДС и Левица за ССМ е само доказ дека тие немаат никаква искрена намера, туку само напад кон Владата, која дава се од себе за зголемување на платите и на пензиите, како што впрочем тоа го докажавме во образованието, во здравството, во полицијата, Министерството за одбрана, социјалата и за пензионерите.“, додава Манасиевски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryeru6g2dpgm6h32NguhE

Одговорноста е твоја најголема добивка

Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење – затоа што вистинската победа не е во бројките, туку во контролата.Секој ден носи избори. Некои се мали, некои големи – но сите имаат последици. Кога играме одговорно, ја чуваме радоста и довербата на оние што нè сакаат. Одговорната игра е знак на зрелост и почит – кон себе, семејството и заедницата.„Во спортот, како и во животот, дисциплината носи резултати. Но без одговорност, секој успех е залуден. Одговорноста е привилегија што нè прави победници – не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја и играј одговорно,“ порача познатиот водител Димитар Атанасовски во рекламата на Mozzart.Забавата е убава само кога има граници – затоа што границите нè штитат.Пораки од кампањата:-       Одговорноста е твоја најголема добивка.-       Забавата има смисла само кога ја контролираш.-       Постави лимит и држи се до него – тоа е твојата победа.-       Не дозволувај играта да стане товар – задржи ја како радост.Со оваа иницијатива, Mozzart уште еднаш ја покажува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите играчи. Целта е јасна: култура на свесно и безбедно обложување, каде секој знае дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот.ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart. Одговорноста е привилегија. Играј одговорно Mozzart.(ПР)

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2024-10-08-at-22.49.39

Вишиот суд го затвори судењето за јавност, обвинителството бара да се прикаже WhatsApp комуникацијата меѓу Кецмановиќ и мајката

Вишиот суд во Белград донесе одлука да се исклучи јавноста од повтореното судење на родителите на момчето К. К., кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет деца и еден чувар.Судското рочиште е затворено за јавност на предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, за да се заштитат интересите на малолетните лица и приватноста на оштетените.Обвинителството предложи да се изведат како докази пораки кои момчето ги разменувало со својата мајка преку апликацијата WhatsApp, а кои покажуваат неадекватно реагирање на родителите на проблемите и потребите на детето.Покрај овој доказ, кој досега не бил изведен пред судот, обвинителството предложи и девет дискови со снимки на Владимир Кецмановиќ, како и доказ за тоа зошто тој не го извршил воениот рок.„Очигледно е дека обвинителството со предложените, но досега неизведени докази, ќе покаже какви личности се Владимир и Милјана Кецмановиќ, и како го воспитувале детето кое стана масовен убиец на 13 години. Ова е особено важно за постапката, бидејќи тие во своите одбрани тврдат дека ‘не се виновни за она што го сторил нивниот син’, како и дека биле грижливи и посветени родители“, изјави извор.Обвинителството предложи и да се прочитаат изјавите на сведоци, вклучувајќи и изјавата на Коста Кецмановиќ, кој веќе двапати бил сослушуван. Дополнително, се предлага сведоците оштетени да се изјаснат повторно.Претходната пресуда на Владимир и Милјана Кецмановиќ изнесуваше вкупно 17 и пол години затвор, но Апелацискиот суд во Белград ја поништи и наложи ново судење.На судењето присуствуваат родителите на убиените деца, двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство во Белград и главниот обвинител Ненад Стефановиќ.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7eu3qlol61n1aaUNNU7

Мицкоски: „Безбеден град“ спасува животи, не етнизира

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи.„Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната застапеност, јас сум личен гарант и тоа сум го кажал во минатото. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Влада, нема да дозволам никој никого да мајоризира или минимизира. Односно, апсолутно можам да ве убедам дека квалитетот на луѓето без разлика од која етничка припадност доаѓаат треба да биде клучен и приоритет и тоа е темелна уставна вредност и дел од меѓународните резолуции и конвенции“, истакна премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи.Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Реџепи дека треба пошироко и објективно да ги гледаат работите, наместо да ги етнизираат прашањата мислејќи дека така ќе добијат политички поени.„Што се однесува до Законот за правична застапеност, тој е готов, ги доби последните позитивни мислења на Венецијанската комисија. Ќе ве потсетам, мислењето на Венецијанската комисија согласно последните измени во процесот на пристапување кон Европската Унија и согласно последните барања за промена на методологијата во процесот на пристапување се одлучувачки фактор. По истите се постапува и очекувам многу скоро овој закон да биде доставен пред вас пратениците и се надевам дека едногласно истиот ќе биде усвоен бидејќи има позитивна препорака на Венецијанската комисија и се надевам дека нема на тој начин пратениците да ги загрозат европските процеси на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.Во врска со одлуката на Уставниот суд, премиерот Мицкоски нагласи дека одлуки на Уставен суд нема да коментира, но факт е дека ова мнозинство во Уставниот суд е избрано во време на претходната влада, а не во оваа. Во однос на проектот „Безбеден град“, премиерот Мицкоски потенцираше дека погрешно е што и ова некои политичари се обидуваат да го етнизираат, затоа што истиот има за цел да спасува човечки животи.„Политичарите кои се во романтичен занес, мислат дека ако ги етнизираат и упокоените кои за жал го изгубиле својот живот поради сообраќајни незгоди, треба да се гледаат низ оптика на етничка припадност. Она што можам да кажам е дека повеќе нема да има голем број на жртви на сообраќајни незгоди по имплементирање на проектот „Безбеден град“. Оваа влада одлучи проектот да се стави во функција со цел да спаси човечки животи без да се води математичка статистика кој од која етничка припадност и да ја толкува методологијата со која за упокоените се определува етничка припадност. Овој проект има за задача да спаси што е можно повеќе луѓе“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1fm6rm518418aPYkYXc

Членот 353 ги намалува казните за злоупотреба на службена положба, Левица бара Уставниот суд да отвори предмет

Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, власта на Мицкоски наместо да ја заостри казнената политика за злоупотреба на службената положба - таа ги намалува казните и декриминализира голем дел од корупцијата при јавни набавки, велат од политичката партија Левица.„Наместо да се донесе новиот Кривичен законик, на кој работеше група експерти и седум години стои во фиока, ДПМНЕ целосно ги игнорираше забелешките од експертите искажани на јавната расправа и ги донесе скандалозните измени на членот 353.Со донесените измени од владејачкото мнозинство:- се намалуваат минималните и максималните казни за злоупотреба на службена положба во држава која страда од неказнивост на функционери;- за прв пат се воведува можност за условна казна со намалување на минималната казна на 4 години која претходно изнесуваше 5 години и не постоеше правна можност за условна казна;- се намалува максималната казна за злоупотреба на службена положба на 8 години која претходно изнесуваше 20 години, што значи криминалот на функционерите ќе застарува за 16 години (наместо за 40 години како што гласеше претходното законско решение);- се брише ставот кој предвидува одговорност за службените лица во органите на државната управа со што се амнестираат од одговорност министри, директори и други вработени во органите на државната управа.Јасно е дека со ваквите штетни измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од функционерите и службените лица и токму поради тоа го повикуваме Уставниот суд да отвори предмет за преиспитување на уставноста на измените на членот 353. Тенденцијата на корумпирана власт очигледно е да обезбеди идна амнестија за криминалните тендери доделени на фирми на роднини и пријатели на нивните функционери и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на парите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytsnm6o22main9zyrWna

(Фото) Ски центар Копанки на Пелистер ја најавува зимската сезона: првиот ден бесплатен за сите посетители

Директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков, преку социјалните мрежи информира дека ски сезоната на Ски центар Копанки во Националниот парк Пелистер – Битола официјално започнува.„Во првата фаза ќе биде отворена само горната ски стаза кај ски-лифтот, а посетителите ќе можат да скијаат во петок, сабота и недела, од 09:00 до 15:00 часот“; информира Исков.Како дел од промотивната програма, во петок скијањето ќе биде бесплатно за сите посетители.„Горан Исков ги повикува сите да уживаат во снегот, природата и вистинската зимска атмосфера на Пелистер“, додаде тој.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
izletal-od-pat

Автомобил излета од коловозот кај Балталиски мост, возачот тешко повреден

На 28 јануари 2026 година околу 09:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на 27 јануари околу 16:00 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, на место викано „Балталиски мост“, патничко возило „мицубиши лансер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И. (35) од село Секирник, општина Босилово, излетало надвор од коловозот.Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Штип.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
marihuana2

Пронајдена марихуана и амфетамин во дом на 34-годишник од Гази Баба

На 28 јануари 2026 година, околу 21 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода лице на подрачјето на општина Гази Баба.Станува збор за А.А. (34) од Скопје, кај кого при претрес извршен по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок против лицето.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања