2 нед.
media-libraryk6ugruilpkse11rQH0c

Подгответе се за магијата на Моцарт – легендарната опера „Дон Џовани“ оживува на сцената на Националната опера и балет

Едно од најзначајните дела во историјата на оперската уметност, операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари 2026 година, со почеток во 19.30 часот. Ова возбудливо и комплексно оперско остварување, инспирирано од вечната легенда за Дон Жуан, плени со својот драмски контраст – спој на комично и трагично – и со незаборавната музичка генијалност на Моцарт.Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), во режија на Лев Пуљиезе (Италија). Сценографијата е на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореографијата на Олга Панго, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.Во солистичката екипа настапуваат: Кристијан Федеричи (Италија) во насловната улога Дон Џовани, Јанош Носек (Полска) како Лепорело, Игор Дурловски како Комендаторе, Биљана Јосифов како Дона Ана, Нико Франкини (Италија) во улогата на Дон Отавио, Злата Тошевска како Дона Елвира, Николина Јаневска како Церлина и Драган Ампов како Мазето, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.„Дон Џовани“ е опера инспирирана од легендата за Дон Жуан, во која Моцарт и либретистот Лоренцо да Понте создаваат сложен и фасцинантен лик што ја отсликува вечната борба меѓу желбата, моралот и одговорноста. Со својата музичка генијалност и длабока психолошка разработка на ликовите, делото и денес силно комуницира со современата публика и го задржува статусот на едно од највлијателните оперски остварувања во светската музичка литература.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
Bislimovski

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна, Марко Беслимовски, за штета од над 14 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Беслимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.Наместо да донесе решение за одземање на лиценцата, пријавениот донел незаконско решение за прекин на постапката, со што лиценцата не била одземена на 15 јануари 2024 година, туку дури на 14 април 2025 година. На тој начин, како што се наведува, му овозможил на правното лице противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност во период од околу 15 месеци по истекот на законските услови, како и да учествува и склучува договори во постапки за јавни набавки.Со ваквото постапување, според Финансиската полиција, Беслимовски ги повредил прописите кои бил должен да ги спроведува и овозможил компанијата „Тритерол Петрол“ да оствари вкупен промет во износ од 194.520.962 денари, како и да се стекне со противправна имотна корист во висина од 14.093.576 денари.Основното јавно обвинителство Скопје треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесената кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya093h6epbvrs2cLJxRN

Кривична пријава против Фатмир Дехари: Буџетот на Кичево оштетен за околу 130 илјади евра

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, поранешен градоначалник на Кичево и кадар на Демократска унија за интеграција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против уште четири лица за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.Покрај Дехари, кривични пријави се поднесени и против Ф.А.(62) од село Зајас, А.Н.(38) од село Србица, Х.Б.(37) од село Црвевци и Б.С.(36) од село Стрелци.Според информациите од полицијата, Дехари во периодот од 2021 до 2025 година, во својство на градоначалник на Кичево, свесно и со умисла постапувал спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Законот за локална самоуправа, при што склучил договори за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, им дозволил тие да не доаѓаат на работа, а истовремено да им бидат исплаќани плати, надоместоци и придонеси од општинската каса, без по истекот на законскиот рок да им биде прекинат работниот однос.На овој начин, според пријавата, буџетот на Општина Кичево бил оштетен за околу 130.000 евра, а пријавените лица се стекнале со противправна материјална корист. Како што наведува полицијата, секој од нив на своја сметка примил различна сума пари, иако биле свесни дека средствата се добиени по сторено казниво дело.Надлежното јавно обвинителство треба да одлучи за понатамошното постапување по поднесените кривични пријави.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6i7so82dekrq4Az5LKD

Американски финансиски преварант уапсен во Србија: Обвинет за измама од 300 милиони долари

Бившиот раководител на болницата „Лорето“ во Чикаго, Анош Ахмед, кој е обвинет за проневера на милиони долари од болницата и измама на федералната влада за скоро 300 милиони долари, е уапсен во Србија.Ахмед е лишен од слобода во Србија на 30 ноември. Во петокот, американската влада побара негово екстрадирање.Тој останува во притвор во Србија, иако на 30 декември побарал од српските судови да му дозволат сместување во хотел во Белград, што било одбиено. Неговиот адвокат засега не дал коментар. Ахмед живеел во странство откако федералните обвинители го прогласиле за бегалец, непосредно пред подигнувањето на обвинението.Обвинителите наведуваат дека Ахмед и неговиот соработник Самир Сухаил заедно присвоиле 15 милиони долари од болницата „Лорето“, која се финансира со средства на даночните обврзници, и дека преку корупција и поткуп насочиле договори вредни уште 19 милиони долари кон Сухаил. Сухаил бил пријател, деловен партнер и сосед на Ахмед во Трамп Тауер во Чикаго.Ахмед е обвинет и во одделна шема за тестирање за ковид, со што владата била оштетена за околу 300 милиони долари. Обвиненијата следат по серија истражувања на порталот Block Club Chicago кои го осветлиле работењето на Ахмед и Сухаил.Истражувачкиот портал Block Club детално известуваше за проблематичното однесување на Анош Ахмед во болницата „Лорето“, од обезбедување на предвремена вакцинација за моќни личности — вклучувајќи и тврдења дека го вакцинирал и Ерик Трамп — до склучување договори со компании во сопственост на неговиот соработник Самир Сухаил.Block Club исто така откри дека во 2021. и 2022. година различни лаборатории за ковид тестирање издавале сомнителни, а понекогаш и лажни резултати, при што неосновано барале федерални рефундации во вредност од стотици милиони долари. Една од лабораториите истакната поради проблематично работење била O’Hare Clinical Lab.Според обвинението, Ахмед, заедно со Mohamed „Siradž“ Siradžudin и Mahmud Sami Kan, користеле O’Hare Clinical Lab за да поднесуваат лажни барања за ковид тестови до владата на САД. Побарале околу 900 милиони долари, од кои им биле исплатени околу 300 милиони.Ахмед е обвинет по 14 точки за измама, за заговор за измама на американската влада, две точки за незаконско примање надоместоци од федерални здравствени програми, неовластено откривање на лични здравствени податоци и пет точки за перење пари.Според судските документи, Ахмед бил свесен за истрагите против него уште пред подигнувањето на обвиненијата. Една од сообвинетите, која се обидела да побегне во Дубаи, потврдила дека знаела за истрагата уште во 2022 година.Додека Ахмед се крел во Србија, Сухаил се преселил во Обединетите Арапски Емирати, каде отворил луксузна клиника за пластична хирургија и на социјалните мрежи објавувал фотографии со скапа облека и часовници вредни илјадници долари.Ахмед поднел оставка од болницата „Лорето“ во март 2021 година поради јавен притисок и истражувања на Block Club кои покажале дека им давал вакцини на привилегирани лица. Потоа се вратил во Хјустон, купувал и продавал недвижнини вредни милиони долари и основал нова компанија Anosh Inc., која се претставува како фирма за инвестиции и консалтинг.Во исто време, Ахмед организирал заговор за измама на владата користејќи украдени лични податоци на пациенти за лажни барања за ковид тестови, со помош на O’Hare Clinical Lab, давајќи инструкции на вработените да лажат и да ги убедуваат владини службеници дека тестовите се извршуваат преку болницата „Лорето“.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
siljanovska-davkova-2

Граѓанските организации до Силјановска: Измените на КЗ можат да доведат до правна несигурност

Платформата за граѓански организации за борба против корупција испрати допис до претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, со кој бара да не го потпише указот за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и да го искористи уставното право на вето.Во дописот се наведува дека измените на кривичните дела за злоупотреба на службена положба и несовесно работење ги намалуваат казните и го ограничуваат досегашниот опсег на заштита на јавните средства, што може да доведе до правна несигурност и институционална конфузија во борбата против корупцијата.Платформата исто така укажува дека комбинирањето на спорните антикорупциски решенија со одредби за Истанбулската конвенција ја отежнува јавната и стручната расправа и повикува на доработка на законот пред неговото прогласување.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1pkkodqgd1o0ceDlTb5

Кадар на Алијансата на Албанците излезе од советничката коалиција на ДУИ во Град Скопје

Советникот Наим Бајрами, кој досега беше дел од Алијансата на Албанците и коалицијата НАИ предводена од ДУИ, во иднина ќе делува како независен член на Советот на Град Скопје.Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, повикувајќи се на официјален допис доставен на 9 јануари.„Ве известувам дека согласно дописот од 09 јануари, членот на Советот Наим Бајрами, од НАИ, во понатамошната работа на Советот ќе делува како независен член на Советот“, изјави Димитровски.„Одлуката да настапувам како независен советник е одлука на мојата матична партија. Ќе останам да бидам критичен“, рече Наим Бајрами.Со оваа одлука, Бајрами ја напушта советничката коалициска рамка и своето дејствување во Совет на Град Скопје ќе го продолжи без партиска или коалициска припадност.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
komunalna

Повеќе од 40 нови камиони за чист град: стартува обновата на возниот парк на Комунална хигиена

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека официјално е започната постапката за набавка на повеќе од 40 нови специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, оценувајќи ја оваа инвестиција како најголема во јавната чистота во последните десет години.Како што соопшти Ѓорѓиевски, тендерската постапка ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка и таа веќе е распишана, а по завршувањето на сите правни процедури ќе започне и испораката на возилата. Паралелно со тоа, на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе биде усвоена и програмата за Комунална хигиена, со која од сопствени средства ќе се обезбедат уште повеќе од десет нови камиони.Со ова, во функција ќе бидат ставени над 40 современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата во сите скопски населби и улици. Градоначалникот нагласи дека станува збор за инвестиција што се реализира за помалку од три месеци од неговото стапување на функцијата, за разлика од изминатите осум години кога биле набавени само четири возила.Ѓорѓиевски истакна дека обновата на возниот парк нема да застане тука и дека набавките ќе продолжат континуирано, со цел трајно решавање на проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани. Според него, чист град значи здрав град и подобар квалитет на живот за сите граѓани.Во обраќањето, градоначалникот упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски за поддршката во реализацијата на оваа инвестиција, нагласувајќи дека Скопје влегува во нова фаза на организирано, навремено и достоинствено одржување на јавната хигиена.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarygcin3t0orem61c4jhmh

(Вознемирувачко) Мртви прасиња на патот по тешка сообраќајка кај Смедерево

Трактор, комби и автомобил се судрија утрово на магистралниот пат кај Смедерево, на патот Смедерево – Велика Плана.Според информациите на „Блиц“, дошло до судар на трактор и две патнички возила, а причините и околностите на несреќата се сè уште неутврдени. На местото на настанот се полицијата и брзата помош, но се уште не се знае степенот на повредите на учесниците.Прасињата што се наоѓале во едно од возилата, по силниот судар, излетале од превозното средство.На патот се наоѓа расфрлана храна за животните, стакло од скршените возила, како и делови од оштетените возила.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
merc

Мерц: Членство на Украина во ЕУ до 2027 не е возможно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека влезот на Украина во Европската унија до почетокот на следната година не е реална цел, истакнувајќи дека станува збор за долг процес.Мерц со ова ги намали очекувањата поставени од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој како целна година за членство ја наведе 2027.„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не е возможно. Тоа не е реалистично“, рече Мерц во Берлин, пренесува агенцијата DPA.Германскиот канцелар нагласи дека секоја држава кандидат прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, кои опфаќаат низа политички, економски и законодавни услови, а овој процес обично трае години. „Украина можеме постепено да ја приближуваме кон Европската унија“, додаде тој.Украина го доби статусот на кандидат за членство во ЕУ во 2022 година, а минатата година заврши процес на анализа на усогласеноста на своето законодавство. Киев се залага за забрзано пристапување поради тековните мировни преговори со Москва, тврдејќи дека членството е клучно за поствоеното закрепнување и безбедноста на земјата.Иако Брисел го оцени напредокот на Киев во реформите, отворањето на пристапните поглавја сè уште го блокира унгарскиот премиер Виктор Орбан.Орбан претходно изјави дека доверлив документ, дискутиран во рамките на ЕУ во текот на мировните преговори, предвидува влез на Украина во Унијата следната година преку забрзана процедура.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
3-1

Висока лавинска опасност на Шар Планина, Националниот парк издаде предупредување од степен 4

Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри.„Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие фактори, во комбинација со рељефните карактеристики на теренот, создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и појава на лавини.По добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“ за забележана лавина на подрачјето на паркот, екипа на Националниот парк Шар Планина излезе на терен и изврши увид на локацијата каде што е потечена лавина. Претходно, екипа на операторот „Ескимо спорт“ извршила пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица кои со себе поседуваат лавински уреди, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица. За среќа, настанот поминал без човечки жртви.Паралелно со теренскиот увид, беше спроведена и експертска анализа на стабилноста на снежната покривка од страна на стручен тим од образовна институција специјализирана за безбедност во планинскиот туризам. Согласно извршената проценка, утврден е висок степен на лавинска опасност – степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик (5 – многу висок, 4 – висок, 3 – значителен, 2 – умерен, 1 – низок).Националниот парк Шар Планина ги предупредува сите посетители да постапуваат со зголемена претпазливост, да избегнуваат движење во потенцијални лавински зони, како и да не се движат во повисоките делови на планината без придружба на квалификувани и стручно обучени лица. Истовремено, се апелира посетителите навремено и точно да ја пријавуваат својата посета преку официјалната веб-страница на паркот.Стручните служби на Националниот парк Шар Планина, во соработка со туристичките оператори и експертите за лавини, континуирано ќе ја следат состојбата на терен и навремено ќе ја информираат јавноста за сите промени поврзани со лавинската опасност.Потсетуваме дека зимските убавини на Шар Планина претставуваат исклучителна природна атракција, но истовремено бараат високо ниво на одговорност, информираност и строго почитување на безбедносните принципи и правилата за движење во заштитено подрачје. Дополнително, важно е да се нагласи дека лавинската опасност е тешко предвидлива појава, која бара значителна експертиза и внимателна проценка на теренските и временските услови.Националниот парк Шар Планина апелира до сите посетители личната безбедност да ја стават на прво место и да придонесат кон безбедно, одговорно и одржливо користење на планината“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycr5250429ulj2ZrWEBT

Герасимовски: Темелна трансформација на потегот во Градски Ѕид – ново детско игралиште, фитнес зона и мини урбан парк

Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“.Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога.Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација.„Модернизацијата и уредувањето на овој простор беа дел од мојата програма. По барање на жителите, овој потег го уредуваме за да биде достоен за урбаното јадро и за нивните секојдневни потреби“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.На целиот потег ќе се изврши целосно поплочување. Дотраените и искршени плочи се отстрануваат, се поставуваат нови рабници, како и нов кош на местото на постојниот. Предвидена е и изведба на хидроизолација над подземните гаражи, со цел решавање на проблемот со протекување.Со проектот е опфатено темелно хортикултурно уредување, поставување нови  клупи, светилки и уредени пешачки патеки. Просторот ќе добие функција на мини урбан парк.Овој дел од Градски Ѕид е исклучително фреквентен, а уредувањето ќе има директно позитивно влијание врз секојдневието на илјадници граѓани, создавајќи зелена и функционална зона што ќе го поврзува Зелено пазарче со деловниот и станбениот дел на општината.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryv4j97tsh7hes5Zg2epw

Финансиски хаос во Гази Баба: треба да плати пресуда од 127 милиони денари поради незаконити одобренија за градење

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефаноски, соопшти дека општината се соочува со сериозен финансиски и институционален предизвик, кој, како што посочи, е директна последица на неодговорното работење на претходното раководство.Стефаноски информираше дека повеќе правни лица, кои поседувале важечки одобренија за градење на локацијата кај поранешниот Скопски саем и уредно платиле надомест за уредување на градежно земјиште, на 27 октомври 2020 година поднеле тужба против Општина Гази Баба пред Основниот граѓански суд. Причината, според него, била тоа што претходното општинско раководство издало нови одобренија за градење на друго правно лице, а истовремено ги огласило за ништовни веќе издадените одобренија.Иако при поништувањето на одобренијата требало да им биде вратен уплатениот надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 73.460.330 денари, тогашниот градоначалник, како што наведе Стефаноски, не го сторил тоа, по што случајот завршил на суд.По повеќегодишна судска постапка, Апелациониот суд во Скопје на 30 октомври 2025 година донел пресуда со која Општина Гази Баба е задолжена да ги врати уплатените средства, заедно со законска казнена камата пресметана од денот на поднесување на тужбата. Вкупниот износ што општината треба да го исплати изнесува 127.000.000 денари.„Оваа пресуда е јасен доказ дека во периодот од 2017 до 2021 година во Општина Гази Баба се работело неодговорно, без визија и без почитување на законите. Наместо во 2020 година да бидат вратени 73 милиони денари, денес, во 2026 година, општината е задолжена да врати 127 милиони денари“, изјави Стефаноски.Тој нагласи дека станува збор за сериозен товар за општинскиот буџет, но увери дека граѓаните не треба да бидат загрижени. Според него, со одговорно и транспарентно работење, Општина Гази Баба ќе успее да го надмине овој проблем и ќе продолжи да функционира стабилно и во интерес на јавноста.Воедно, Стефаноски најави дека за целиот случај ќе бидат информирани надлежните институции, со цел да се разгледа можноста за утврдување одговорност согласно законите, потенцирајќи дека правдата, отчетноста и заштитата на јавниот интерес мора да бидат темел на секое институционално работење.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3u1gh5mvq5u13m1Uer7

(Видео) Кокаин вреден 85 милиони долари скриен во вреќи брашно, најголемата заплена во историјата на Гватемала

Министерството за внатрешни работи на Гватемала објави, како што ја нарече, „историска“ заплена на 4,9 тони кокаин во пристаниште во централноамериканската земја на Тихиот Океан, пренесува Пренса Латина.Товарот беше откриен за време на операција против дрога во неделата во Пуерто Кецал, 85 километри јужно од главниот град.Запленета е „најголемата количина“ досега откриена со „една операција“ на властите во земјата, соопшти министерството, опишувајќи го развојот на настаните како историски. Количината ги надминува речиси 4,4 тони што беа запленети во декември 2018 и ноември 2024 година.Дрогата била скриена во седум контејнери со вреќи брашно. Нејзината вредност се проценува на 85 милиони долари на локалниот пазар, според министерството.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
narodna-banka-na-rm

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Ова е прва ваква работилница наменета за деловната заедница, на која присуствуваа повеќе од 60 компании, главно од извозно-увозниот сектор. За нив СЕПА е од посебно значење, бидејќи голем дел од надворешната трговија и финансиските трансакции се остваруваат токму со земјите од СЕПА.„Работилницата е дел од активностите на Народната банка за појаснување на можностите за компаниите и за подобро искористување на придобивките по оперативното приклучување на домашните банки кон СЕПА. Покрај презентирање на практичните аспекти на плаќањата преку СЕПА, на настанот се одвиваше и директна дискусија со компаниите, размена на искуства и се увидоа предизвиците со кои се соочуваат при користењето на овие услуги.Во текот на дискусијата се истакна дека СЕПА овозможува побрзи, поевтини и потранспарентни плаќања во евра, со предвидливи трошоци и поедноставени процедури. Имено, со плаќањата преку СЕПА, компаниите имаат во просек осумкратно пониски надоместоци за одливните плаќања, а тројно пониски надоместоци за приливите на износ од 20.000 евра во споредба со СВИФТ/кореспондентните трансфери. Ова носи заштеда од стотици до илјадници евра годишно за компаниите што редовно тргуваат со компании од четириесетте земји од СЕПА, што, пак, директно помага за подобро управување со ликвидноста и ја зголемува конкурентноста на македонските компании на меѓународните пазари.Народната банка и понатаму ќе биде посветена на максимално искористување на придобивките од членството во СЕПА од страна на деловната заедница. Таа и во иднина ќе поведува вакви иницијативи, во тесна соработка со стопанските комори, банките и компаниите, за да се продлабочи интеграцијата на домашната економија во европскиот платежен простор“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Hrvatska-policija

Пијан и дрогиран возач во Хрватска бегал од полицијата со нерегистриран автомобил, доби казна од 3.500 евра

Во Копривница, во ноќта меѓу вторник и среда, беше запрен 25-годишен возач со повеќе сообраќајни прекршоци, кој пијан и дрогиран бегал од полицијата во нерегистриран и технички неисправен автомобил.Возачот е уапсен и истиот ден казнет на суд, соопшти Полициската управа на Копривничко-крижевачката област.Инцидентот се случил на 28 јануари околу 1:58 часот на Колодовска улица во Копривница. Полициска патрола забележала патничко возило кое минало раскрсница додека на семафорот за неговата насока било светло црвено. Полицајците со светлосни и звучни сигнали се обиделе да го запрат возилото, но возачот ги игнорирал наредбите и продолжил да вози.Кога полицијата конечно успеала да го запре автомобилот, било утврдено дека со возилото управува 25-годишник со претходни прекршоци. Тој имал 0,82 промили алкохол во крвта и возел нерегистриран и технички неисправен автомобил.Извршено е и претходно тестирање за дрога, кое покажало позитивен резултат. Сепак, 25-годишникот одбил стручен медицински преглед, како и земање крв и урина за понатамошна анализа.Возачот е уапсен и истиот ден со обвинение доведен пред надлежен прекршочен суд. Судот му изрекол парична казна од 3.459,82 евра. Дополнително, му е изречена и заштитна мерка забрана за управување со моторни возила Б-категорија во траење од три месеци.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
kuce

Решение за деценискиот проблем: Ќе се градат гробишта за домашни миленици

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Гард Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.“Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на милениците да не се фрлаат заедно со комуналниот отпад, или да се закопуваат на јавни површини и други несоодветни локации за таа намена, за што ќе треба да се направи и соодветна измена на одредени законски решенија”- рече на состанокот Министерот Перински.Претстои дефинирање на локации во општините за нивна изградба и планирање на инфраструктурата која треба таму да се изгради за да може тие целосно да се стават во функција на граѓаните, појасни Ѓорѓиевки, потенцирајќи дека локалните самоуправа ќе дадат целосна поддршка во реализацијата. Во однос на решавање на актуелниот проблем со бездомните кучиња тој изрази подготвеност за поддршка и помош на АХВ преку вклучување и на општинските инспектори и општинските комунални редари во решавањето на актуелниот проблем со бездомните кучиња.На состаноците акцент беше ставен и на предложените решенија за намалување на популацијата на бездомни животни преку воспоставување на систем на прифатилишта во секоја локална самоуправа, што наиде на поддршка и од Министерот Перински и од Градонсчалникот на Град Скопје Ѓорѓиевки, со ветување дека и локалните самоуправи активно ќе се вклучат во имплементацијата на претстојните законски измени. Според Директорот на АХВ Миланов, во предлог законските измени се веќе инкорпорирани забелешките и предлозите кои ги дадоа здруженијата за заштита и благосостојба на животните, а в передвид ќе се земат и предлозите на општините.-Како одговорна институција и за здравстената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе им помогне на општините во однос на решавање на техничките прашања при воспоставувањето на системот за контрола на популацијата бездомни кучиња, согласно можностите, надлежноста и овластувањата на АХВ – заклучи Директорот Миланов.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9ud49fmrk9op4OpqBNs

(Видео) Тајландски воен авион се урна за време на тренажна вежба

Воен авион се урна денес во шумско подрачје на северот на Тајланд за време на тренажен лет, при што загинаа двајцата пилоти во авионот, според Тајландските воздушни сили и локалните медиуми.„Двајца пилоти загинаа во несреќата на лесниот борбен авион AT-6TH утрово за време на тренажна вежба“, изјави портпаролот на воздушните сили Џаккрит Тамманвичаи.Локалните медиуми јавија дека авионот се урнал во провинцијата Чианг Мај. Властите ја истражуваат причината за несреќата и излегле на местото на настанот.Во април минатата година, шест тајландски полицајци загинаа кога мал авион се урна во море за време на вежба за скокање со падобран во близина на крајбрежен град јужно од главниот град Бангкок.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarykaefuv5gg3jc0REx1jz

Крис Браун повторно пред суд поради насилство

R&B ѕвездата Крис Браун се соочува со сериозни обвиненија за наводен, физички напад врз музички продуцент, додека снимките од безбедносните камери прикажуваат вознемирувачки сцени на насилство.Американскиот пејач Крис Браун (36) повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради тежок правен случај, откако беше обвинет за наводно брутален напад во еден луксузен ноќен клуб во Лондон.И покрај сериозноста на обвиненијата, судот му дозволи да се врати во Соединетите Американски Држави, со плаќање на висока кауција и придржување кон строгите судски услови.Браун денес се појави пред судот Southwark Crown во Лондон, каде уште претходно ја негираше вината за кривичното дело нанесување телесни повреди. Тој исто така ги отфрли тврдењата дека на јавно место поседувал опасно оружје, односно шише, како и сериозното обвинение за обид за нанесување тешки телесни повреди.Според обвинението, спорниот настан се случил на 19 февруари 2023 година во ноќниот клуб Tape, сместен на Hanover Square во централниот дел на Лондон. Обвинителството тврди дека Браун повеќе пати го удрил музичкиот продуцент Абрахам Диа со шише текила во глава. Истражувањето се потпира и на снимки од надзорните камери на кои се гледа како пејачот го напаѓа со удари со раце и нозе.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

Ексдиректорката на прилепската болница исплаќала пари преку фиктивни налози – со фискални сметки за гориво, ресторани, пицерии и кафеани

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари.Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси исплати со невистинита содржина за наводно извршени работи за потребите на болницата на физички лица им исплаќале средства од остварениот промет од наплата на партиципација за здравствени услуги, без користење на системот на УЈП, без склучени договори за дело и без документација за оправданост на трошењето.Исплатите често се правдале со фискални сметки за гориво, но и со фискални сметки од пицерии, ресторани, кафеани, кафулиња, слаткарници и други угостителски објекти, односно како трошења кои не биле за потребите на болницата.Со цел да ги прикријат дејствијата, во компјутерскиот сметководствен систем на болницата внесувале податоци со невистинита содржина и вршеле корекции на креираните записи, внесувајќи нови износи кои одговарале на фиктивно изготвени налози за работа.За дејствијата на злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в се обвинети поранешната директорка и еден обезбедувач во болницата, управител и двајца сопственици на правно лице за обезбедување на имот и лица, како и самата агенција за обезбедување.Сите тие заеднички, со умисла, во два наврати, свесно ги повредиле прописите за доделување на договор за јавна набавка, со неизвршување на обврските од договорот за физичко обезбедување на болницата и со намера истиот да се изигра, па со тоа му овозможиле на обвинетото правно лице да оствари значителна имотна корист во вкупен износ од 6.567.538 денари, додека на болницата и била нанесена значителна штета.Иако ангажираната фирма не ги исполнувала обврските од договорот, се вршела фиктивна евиденција и услугите редовно им се исплаќале по доставените фактури.Освен ова, поранешната директорка на прилепската болница е обвинета и за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи во повеќе наврати кон угостителски објекти – кафеани и ресторани, како и кон колонијални продавници одобрувала исплата на средства од контото – храна за болни, иако набавените услуги и производи не биле наменети за потребите на хоспитализираните пациенти во болницата.На овој начин и нанела поголема имотна штета на болницата во вкупен износ од 1.439.987 денари.Во периодот од 2022 до 2024 година обвинетата вршела и неосновани исплати на додатоци за прекувремена работа на повеќе селективно избрани вработени со што буџетот на болницата го оштетила за дополнителен вкупен износ од 1.850.895 денари.Во однос на еден дел од дејствијата кои беа предмет на истрагата поведена по кривична пријава од Управата за финансиска полиција и врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија, продолжува истражна постапка во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Почнаа техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд за арктичката безбедност

Техничките разговори меѓу САД, Данска и Гренланд околу договор за арктичка безбедност започнаа, изјави вчера државниот секретар на САД, Марко Рубио.Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд формираа работна група чија цел е да ги анализира разликите во односите со САД, кои се појавија на состанокот во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и со Рубио, на почетокот на овој месец.Работната група беше формирана по повторените повици на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Гренланд, за да се спротивстават на заканите од Русија и Кина, што силно беше отфрлено од страна на Гренланд, Данска и европските сојузници.„Започнува денес и ќе биде редовен процес“, рече Рубио зборувајќи за работната група. Тој тоа го изјави за време на сведочењето пред Сенатскиот комитет за надворешни односи.„Ќе се обидеме тоа да го направиме така што нема да биде како медиумски циркус секојпат кога се водат овие разговори, затоа што мислиме дека тоа создава поголема флексибилност од двете страни за постигнување позитивен резултат“, додаде Рубио.Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчерашните разговори беа насочени кон тоа како можат да одговорат на американските загрижености за безбедноста во Арктикот, а истовремено да ги почитуваат „црвените линии“ на Кралството Данска кои се однесуваат на суверенитетот на Гренланд.Повторените закани на Трамп во последните недели дека ќе го анектира Гренланд, го нарушија односот меѓу САД и Европа.На почетокот на овој месец, Трамп најави воведување нови царини за Данска и уште седум европски земји кои се спротивставија на неговите повици за преземање на Гренланд. Меѓутоа, брзо ги откажа тие закани кога, со помош на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, беше постигнат „рамковен“ договор за пристап до островот.Мал дел од деталите на договорот е достапен за јавноста.По остри реакции од европските сојузници на неговата реторика за Гренланд, Трамп на Светскиот економски форум во Давос минатата недела соопшти дека ја исклучува можноста за употреба на американска воена сила за преземање на Гренланд.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања