2 нед.
nato-zastava

Русија тврди: НАТО се подготвува за војна

Северноатлантскиот сојуз се подготвува за конфликт со Русија, изјави во интервју за TASS Владислав Маслеников, директор на Одделот за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Русија.„Русија моментално е дефинирана како ‘најзначајна и најдиректна безбедносна закана’ во сите доктрински документи на НАТО, бидејќи блокот нагласува дека таквата закана ќе остане долгорочно, дури и ако конфликтот во Украина се реши“, рече висок руски дипломат, одговарајќи на прашањето дали Русија и НАТО би можеле да го обноват дијалогот сега или во иднина.„Имајќи го ова предвид, НАТО всушност се подготвува за потенцијален конфликт со Русија со зголемување на воените расходи, градење на своите капацитети долж нашите граници и распоредување дополнителни мисии и операции во Источна Европа“, објасни Маслеников.Дипломатот потсети дека на 15 ноември минатата година германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјавил во интервју за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ дека војна помеѓу Русија и НАТО наводно би можела да започне пред 2029 година. На неговата изјава, портпаролката на руското МНР Марија Захарова одговори дека веќе нема сомнеж кој е агресор. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додаде дека Писториус ќе мора да живее со изјавата дека војната помеѓу НАТО и Русија е „неизбежна“.Маслеников истакна дека меѓу Русија и НАТО останал само канал за итна комуникација откако Северноатлантскиот сојуз го прекина контактот со земјата.„Алијансата го прекина секој контакт со нас во 2022 година. Остана само канал за комуникација во итни случаи“, рече висок руски дипломат.Според него, НАТО всушност самоволно го замрзнал дијалогот со Русија уште во 2014 година. „Можевме да разговараме за одредени прашања, но НАТО сè сведоа на прашањето Украина. Нашите иницијативи за деескалација на воените тензии во Европа не беа ценети“, истакна тој.Маслеников додаде дека Русија се обидела да иницира дијалог за меѓусебни безбедносни гаранции. „Предложивме нацрт на такви договори во декември 2021 година, но не добивме позитивен одговор.“

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryov19f19g8r5l9NfjAEz

(Видео) Запленети тутунски производи без акциза вредни над 1,8 милиони денари

При извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од Царинарница Битола, во малопродажен објект во Струга е запленета поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари.„При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, сите без акцизни маркички.Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и здравјето на граѓаните“, информираат од царинската управа.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryijovk72m97b9fKdtINj

Од политички дијалог до шенген-предизвици: Македонија и Хрватска заедно за побрз проток на стоки и услуги

Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика.Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна подршка и визија за европска перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата, се заклучи на двете одделни средби.Вицепремиерот Николоски го потенцира и проблемот за транспортерите од Македонија и регионот и побара силна подршка од Хрватска во надминување на состојбата со нивните работни активности во ракми на Шенген зоната.Истакна дека овој проблем има регионално значење и брзо надминување на истиот ќе допринесе до стабилност на регионалната економија и побрз проток на стоки и услуги кон европските пазари.Вицепремиерот Николоски на средбите исто така ги потенцираше и реформите што ги презема Владата во делот на евроинтегративните процеси и истанка дека искуствата преземени од Хрватска особено придонесуваат за зајакнување на институционалните капацитети на земјата.Во делот на политичката соработка, билатералните односи се каректеризираат со отворен дијалог и меѓусебна подршка. Како две партенерски земји членки на НАТО ја делат одговорноста во обезбедување на стабилност во регионот и справување со современите безбедносни предизвици.Во рамки на работната посета на Загреб, вицепремиерот Николоски се сретна и со генералниот секретар на ХДЗ, Крунослав Катичиќ на која беа потврдени добрите односи меѓу двете земји и на која се разговарше за перспективите за Македонија и регионот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерката Ристовска крие имот - Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор, прашува Левица

По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во заташкување на чувствителни предмети и амнестирање на функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект:Членката на Антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако согласно Закон е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со сиот свој имот, но и со имотот на нејзиното семејство - самата свесно го прекршила Законот, велат од политичката партија Левица.„Согласно закон, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК - институција која изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување на имот!Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување на податоци кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња! Оттука, логично се наметнува прашањето:Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или „заглави“ во некоја фиока?Станува збор за членка на тело кое во изминатиот период систематски ги амнестираше од одговорност функционерите на ДПМНЕ - од сомнителни дипломи, преку судир на интереси, до милионски тендери... и секогаш „не се наоѓаше ништо спорно“. Денес истата таа членка се соочува со факт дека самата го прекршила Законот.Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциска комисија во која член што затвора предмети за власта, во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.Левица јавно прашува:Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипци, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги започне од сопствениот двор?Утре Левица ќе обзнани и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2mvnrjjjvcas2UKAsns

Лукоил постигна договор со американска компанија

Руската нафтена компанија Лукоил денес соопшти дека се согласила да го продаде поголемиот дел од својата имотност, со вкупна вредност од околу 22 милијарди долари, на американската приватна инвестициска компанија Карлајл Груп, со одобрување од владата на САД.Лукоил соопшти дека со Карлајл постигнал договор за продажба на својата единица Лукоил Интернешнл ГмбХ, која управува со имотот на компанијата во странство, пренесува ТАС.„Потпишаниот договор не е ексклузивен за компанијата и подлежи на одредени претходни услови, како обезбедување на потребните регулаторни одобренија, вклучително и дозволата од Канцеларијата за контрола на странска имотност (OFAC) при Министерството за финансии на САД за трансакцијата со Карлајл“, соопшти Лукоил.Договорот не го вклучува имотот во Казахстан, кој ќе остане во сопственост на руската нафтена компанија.Во ноември, медиумските извештаи укажуваа на интерес од други компании за странската имотност на Лукоил, пренесуваат руските медиуми.Аналитичарите ја проценуваат вкупната странска имотност на Лукоил на околу 22 милијарди долари, пренесува Ројтерс.По воведувањето санкции од САД и Велика Британија на 15 октомври, Лукоил објави намера да ја продаде својата странска имотност.Лукоил е вклучен во проекти во Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак, Египет, Камерун, Нигерија, Гана, Мексико, Обединетите Арапски Емирати и Република Конго. Компанијата поседува рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и мрежа од приближно 2.500 бензински станици во 19 земји.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvrg23e6usef41AMArnY

(Видео) Снимки покажуваат жесток судир на Алекс Прети со федерални агенти 11 дена пред убиството

Се појави нова снимка која прикажува физички судир помеѓу Алекс Прети и федерални агенти, направена повеќе од една недела пред агентите на ICE да го пукаат и убијат. Претставник на семејството на Прети потврди дека лицето на снимката, објавена синоќа, навистина е Прети, пишува CNN.На снимката, објавена од дигиталниот медиум The News Movement, се гледа како Прети вика на агентите и со нога го удира задното светло на нивното возило додека тие се повлекуваат. Агентите потоа го застануваат возилото, излегуваат и го фрлаат Прети на земја.Целиот настан во Минеполис трае неколку секунди, по што Прети станува. Изгледа дека зад појасот има пиштол, но не е јасно дали агентите го забележале. Агентите не го разоружуваат, туку си заминуваат. Не е познато што се случувало непосредно пред и по снимениот момент.Снимката е објавена откако The News Movement ги прегледал материјалите од демонстранти и федерални агенти, снимени во градот 11 дена пред убиството на Прети. Снимката е направена на локација помалку од три километри од местото каде подоцна Прети го загуби животот. На снимката, Прети носи кафена капа, кафена јакна, светла маица со качулка и беж панталони, слично како облеката што ја имал на денот кога бил убиен.Адвокатот на семејството на Прети, Стив Шлајхер, за CNN изјави дека ништо што се случило во седмицата пред убиството не може да го оправда тоа што ICE го убил Алекс на 24 јануари.Претходно CNN известил дека Прети, 37-годишен медицински техничар во интензивна нега, имал средба со агентите околу една недела пред смртта и бил познат на федералните власти. Според извори на CNN, тој добил скршено ребро кога група федерални службеници го фрлиле на земја додека протестирал против обидите на агентите да приведат други лица.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryraodd69uskqadrxyIeR

Од Русија пристигнува роботска рака која „чита мисли“

Научници од Новосибирскиот државен технички универзитет (NSTU) во Русија развиле хардверски и софтверски систем кој може да контролира роботската рака преку препознавање на мозочни импулси на корисникот и би можел да се користи за помош на лица со попреченост.Интерфејсот мозок-компјутер (BCI) е технологија што овозможува директна размена на информации помеѓу мозокот и електронски уред без потреба од физичка интеракција, соопшти прес-службата на NSTU, пренесува агенцијата ТАСС.Овој интерфејс ги претвора мозочните сигнали во команди за контрола на компјутер, протези и други уреди, овозможувајќи на пациенти со моторички оштетувања да комуницираат, да печатат и да повикуваат помош.„Развиен е хардверски и софтверски систем кој ги интегрира сите потребни чекори: снимање на сигнали преку слушалки, анализа на реакциите на мозокот на корисникот на одредени фреквенции и создавање на личен профил, прилагодување на фото-симулатор на оптимални фреквенции за корисникот, препознавање на команди во реално време и нивно пренесување за контрола на робот или други уреди“, соопшти прес-службата на NSTU.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
w_55031023

Калаc: Не можам да замислам создавање „европска армија“

Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Каја Калаc, изјави денеска дека не може да замисли дека земјите членки на ЕУ ќе создадат посебна армија, на што неодамна повика европскиот комесар за одбрана, Андриус Кубилиус.„Секоја европска земја има армија, а армиите на 23 земји се исто така дел од структурата на НАТО, така што не можам да замислам дека земјите ќе формираат посебна 'европска армија'. Значи, тоа мора да бидат армиите кои веќе постојат, па мораме да видиме како тоа функционира во практика“, изјави Калаc за новинарите во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи, пренесува Ројтерс.Комесарот на ЕУ за одбрана, Андриус Кубилиус, на почетокот на јануари изјави дека ЕУ треба да размисли за воспоставување постојана армија од 100.000 војници и за темелна реформа на политичките процеси кои ја управуваат одбраната.„Разбирливо е дека во армијата мора да постои многу јасна команда, така што кога ќе се случи нешто, ќе биде јасно кој кому издава наредби. Ако создадеме паралелни структури, тоа само ќе ја замати сликата“, додаде Калаc.Порано оваа недела, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на некои водечки европски политичари за формирање одделна европска армија, поради зголемените тензии околу Гренланд и интересот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Камионџиите продолжуваат со блокади на граничните премини, денес се очекува решение од ЕУ

Здруженијата на транспортни компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, кои организираа заеднички протест, продолжуваат со блокирање на граничните терминали за товарен транспорт кон земјите на ЕУ, но денес очекуваат решение од Европската комисија за проблемот што им го создава ограничениот престој на возачите во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од шест месеци.Европската комисија во октомври 2025 година воведе електронска регистрација на влез и излез (Exit Entry System – EES), со која строго се контролира должината на престојот на професионалните возачи во 29 земји од ЕУ и Шенген-зоната. Ова им го преполови работното време и од 26 јануари предизвика блокада на сите гранични товарни премини помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.Од Европската комисија, чијашто земји трпат штета поради неможноста за доставување на стоки од Западен Балкан, вчера најавија дека денес ќе објават работна верзија на новата визна стратегија на ЕУ, која треба да предвиди системско решение за професионалните возачи од земјите надвор од Шенген во форма на специјални визи.Транспортните компании претходно тврдеа дека нема да го прекинат протестот додека не се најде решение, затоа што повеќе возачи во изминатите денови беа казнети поради надминување на времето на престој во европските земји.Поради недостиг на професионални возачи во цела Европа, транспортните компании не можат да најдат дополнителни возачи, ниту можат да им платат, а истовремено да ги задржат оние кои мораат да чекаат да започне новата, дозволена „квота“ за престој во земјите од Шенген.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
danok

Кривична пријава за даночно затајување во Струмица: оштетен буџет од 1,3 милиони денари

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и двајца негови управители, В.Ј. (35) и С.П. (44), поради сомнение за кривично дело „даночно затајување“ според член 279 од Кривичниот законик.Правното лице како даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. како управители, за 2024 година поднеле даночни пријави до Управата за јавни приходи, но не ги уплатиле доспеаните даноци, со цел да остварат поголема имотна корист.Неплатениот данок на додадена вредност изнесува 1.340.048 денари за периодот од 1 април до 30 јуни 2024 година, и 8.691 денари за периодот од 1 октомври до 31 декември 2024 година. На овој начин, буџетот на Република Северна Македонија бил оштетен за вкупно 1.348.739 денари.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylsebka32gjpucts7m6P

Дениела Димитровска објави нови фотографии од венчавката

Манекенката Даниела Димитровска на 27 јануари се венчаше со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ.Даниела и Јеврем организираа интимна венчавка за своите најблиски, а таа на Инстаграм напиша дека наскоро ќе подготвуваат и голема прослава.Даниела блескаше во едноставен бел фустан, преку кој носеше долг бел капут, а сега објави и нови фотографии направени за време на овој посебен ден.Таа покажа како се подготвувале за венчавката, детали со кои го надополнила стајлингот и слично.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица, вели ВМРО-ДПМНЕ.„ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците.Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците.Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Попова Шапка со 34 см снежна покривка

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има снег. Ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.Најмногу снег има на Попова Шапка, каде снежната покривка до 07 часот достигна 34 сантиметри.Минималните температури утрово се измерени на: Попова Шапка -3°C, Скопје-Петровец 0°C, Крушево и Маврови Анови 0°C, Тетово и Лазарополе 1°C, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 2°C, Прилеп, Велес, Берово, Кавадарци 3°C, Охрид, Крива Паланка, Претор 4°C, Битола, Виница 5°C, Гевгелија 7°C, Штип 8°C и Демир Капија 9°C.Наврнат воден талог во изминатите 24 часа најмногу е измерен на Маврови Анови – 12 l/m², а следат Лазарополе и Пожаране со 10 l/m², Пожар 6 l/m², Тетово 5 l/m², Крушево 4 l/m² и Претор и Попова Шапка по 3 l/m².Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне 7 степени.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryhl8o1r5650eechoLTmi

(Видео) „Што е со тебе проблемот“ – вознемирувачко видео на Инстаграм, дете тепа домашно куче

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео во кое е прикажано дете кое малтретира домашно куче. На снимката се гледа како детето со едната рака го држи кучето за левото уво, а со другата го удира. Во еден момент, додека детето го удира, вели: „Што е со тебе проблемот“, додека кучето ржи и го гризнува, предизвикувајќи кај детето плач.Видеото е објавено на Инстаграм стори и предизвика силна реакција кај граѓаните.„Ова не е игра. Ова не е воспитување. Ова е малтретирање и нечовечно постапување со животно – дело кое е казниво со закон. Агресивното однесување кај децата не е изговор, туку последица на неодговорно воспитување. Секое насилство, без разлика дали е врз човек или животно, остава трајни последици и создава уште поголема агресија. Законот е јасен. Одговорноста е кај возрасните.“

Настани | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0j6arqdmlrhoacKViEh

МВР апелира: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.Со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба, отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
dolari_2_337166270

Американскиот долар паѓа на најниско ниво во последните четири години по коментарите на Трамп

Американскиот долар падна на најниско ниво за скоро четири години поради коментарите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за време на говор во сојузната држава Ајова, кога тој го намали значењето на слабеењето на валутата. Ова го натера инвеститорите да бараат побезбедни инвестиции како злато и швајцарски франк.Доларот забележа пад од 1,3 отсто во однос на главните светски валути по Трамповите коментари, што е четврти последователен ден на слабеење, а утрово дополнително ослабе за 0,2 отсто.Трамп изјави дека за него послаб долар е „одличен“ и дека вредноста на американската валута е добра со оглед на бизнисот на Соединетите Американски Држави, пренесува „Гардијан“.Вредноста на доларот во последната година падна за 10 отсто, што има повеќекратни последици, предупредува брокерот Стив Сосник.Послаб долар им помага на компаниите кои заработуваат во странски валути, но увозот станува поскап, па се можни инфлаторни притисоци во САД, нагласува Сосник.Швајцарскиот франк е на највисоко ниво во однос на доларот во последните десет години, додека вредноста на еврото се искачи на 1,2 долари.Златото продолжи да поставува рекорди и неговата вредност се зголеми над 5.200 долари по тројунска унца, што претставува пораст од речиси 90 отсто од почетокот на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.Аналитичарите очекуваат понатамошен пад на доларот поради притисокот на Трамп врз Федералните резерви, состојбата на американската економија и растечкиот јавен долг.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Симе кој беше уапсен со дрога, оружје, муниција и голема количина на пари има слика со Мицкоски

Криминалецот С.З познат како Симе кој беше уапсен со други лица со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина на пари има слика со Мицкоски, вели СДСМ.„Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?Што има Мицкоски со криминалци од ваков калибар?Мицкоски ќе каже дека било случајно и дека не се познаваат.Ништо не е случајно.Прво корупција. Потоа чист криминал.Кога една власт има криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, злоупотреби со ИПАРД програмата – има и тешки криминалци во нејзиното опкружување.Како што самото ВМРО вели за нив сè е приватен бизнис.Мицкоски носи часовници вредни 150 минимални плати додека работниците едвај врзуваат крај со крај. За нив нема „приватен бизнис“ нема ни поголеми плати.Уште ќе им увезе владата „економски работници“ за пари.Сега прашањето е какви бизнис релации има Мицкоски со криминалците со кои се слика“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylsne7n3te7a6e8FgvRG

„Постои излез од ситуацијата во која не доведе Бугарија“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска објави решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија на европскиот пат заради условувањата на Бугарија.„Веќе неколку пати повторив дека постои излез од ситуацијата во која не доведе Бугарија, потпомогната од Бујар Османи и формулирана од страна на еден од големите непријатели на Македонија - Макрон.Треба да се стави на дневен ред во Собранието точка за менување на Уставот на Македонија и пратениците треба да гласаат за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот.Доколку ова не се изгласа со потребното мнозинство, ќе се донесе акт со кој ќе се прогласи за ништовен Протоколот со Бугарија и делот од преговарачката рамка во кој се бара внесување на Бугарите во Уставот.Имено поставениот услов станува невозможен и тоа го прави овој договор ништовен“, напиша таа.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-library30k2ebm0in6u8rBvSWa

Фондацијата „Фросина Кулакова“ вечерва ќе биде отворена со донаторска уметничка вечер

Донаторската вечер насловена „Threads of Light“, утре (29 јануари), во ресторан Везилка со почеток во 19 часот, официјално ќе го одбележи почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“. Вечерта ќе биде посветена на уметноста, креативноста и солидарноста како универзални јазици преку кои може да се зборува за животот, одговорноста и потребата од подлабока општествена промена. Настанот ќе ги обедини уметниците, културната јавност и граѓаните околу една заедничка идеја – дека уметноста не е само естетика, туку и моќен простор за сеќавање, дијалог и општествена свест.Во рамки на вечерта ќе бидат изложени и ставени на хуманитарна аукција дела од македонски уметници и креативци од различни области – од сликарство и скулптура, до дизајн, мода и применета уметност – создавајќи една жива, разновидна и симболична мапа на современата креативна сцена.Донаторската вечер „Threads of Light“ ја користи уметноста како начин да се поврзат личната емоција и јавната одговорност, а секое дело што ќе биде дел од аукцијата носи сопствена приказна и сопствен придонес кон една поголема, заедничка цел. Средствата собрани од донаторската вечер ќе бидат наменети за развој на програмите на Фондацијата, меѓу кои централно место имаат обезбедувањето психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и формирањето фонд за стипендирање на млади талентирани уметници кои поради социјални или финансиски причини не можат да ја остварат својата креативност и да ја изградат својата иднина.Посебен и силно емотивен момент на вечерта ќе биде претставувањето на химната „Фросина“, отпеана од познатиот автор Александар Митевски заедно со Хорот ФРИДА под водство на Сузана Турунџиева, со текст на Огнен Неделковски. Баладата е создадена како искрена, лична и достоинствена почит, но и како јавна порака дека музиката, како и уметноста, може да биде форма на паметење, завет и повик за промена. Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана од семејството на трагично починатата Фросина со цел да создаде долгорочна и одржлива платформа за градење култура на грижа, правда и свесност. Преку кампањи за општествена одговорност, културни и едукативни проекти и директна поддршка, Фондацијата има за цел да го претвори личниот губиток во јавна мисија што создава смисла и општествено дејствување.Од Фондацијата посочуваат дека зад секоја сообраќајна трагедија не стои само еден трагичен момент, туку долг и тежок процес на соочување со последиците, и дека токму затоа овој настан не е замислен само како еднократна вечер, туку како почеток на една поширока и подлабока општествена иницијатива. Донаторската вечер „Threads of Light“ претставува прв јавен чекор во работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ и почеток на една мисија во која уметноста, културата и човечката солидарност стануваат сојузници на промената.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Повторно судење за Владимир и Милјана Кецмановиќ во Вишиот суд во Белград

Во Вишиот суд во Белград денеска треба да започне повтореното судење на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на момчето К.К., кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет деца и училишниот чувар, а рани уште пет деца и наставничка.На почетокот на судењето, обвинетите треба да се изјаснат за вината.Првата првостепена постапка беше затворена за јавноста, но медиумите пренесоа дека тие ја негирале вината.Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во декември за Танјуг, кога беше закажан почетокот на судењето, изјави дека од повторената постапка очекува да биде максимално ефикасна и да се спроведе без одолговлекување.„Исто така, Вишото јавно обвинителство во Белград очекува Вишиот суд повторно да донесе осудителна пресуда и, во согласност со собраните докази и степенот на нивната вина, обвинетите да ги осуди на максимални затворски казни, како што обвинителството предлага од самиот почеток на постапката и на што ќе инсистира до крај“, изјави тогаш Стефановиќ.Судењето се повторува откако Апелациониот суд во Белград ја укина првостепената пресуда со која родителите на Кецмановиќ беа осудени на повеќегодишни затворски казни и наложи повторување на судењето.Владимир Кецмановиќ со првостепената пресуда, за кривичните дела запоставување и злоставување малолетно лице и тешко дело против општата безбедност, беше осуден на затворска казна од 14 и пол години, додека неговата сопруга Милјана Кецмановиќ, за кривичното дело запоставување и злоставување малолетно лице, беше осудена на три години затвор.Покрај кривичната постапка, против родителите на Кецмановиќ беа водени и пет граѓански постапки по тужби на членовите на семејствата на убиените и ранетите, кои сите првостепено беа завршени.Момчето К.К., кое во времето на извршувањето на злосторството немало наполнети 14 години и поради тоа не е кривично одговорно, на 3 мај во училиштето пукал со два пиштола на таткото, кои ги зел на 1 мај 2023 година.Тој тој ден ги ставил пиштолите во својот ранец, отишол на училиште и за време на првиот час убил 10 лица и ранил уште пет деца и наставничката по историја.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања