2 нед.
danilovski

Д-р Даниловски за Нипа вирусот: Иако е опасен, тоа воопшто не значи непосреден ризик за сите нас!

Д-р Драган Даниловски се огласи по се повеќето наслови во јавноста за ворусот Нипа во Индија.Објаснува како да се заштитиме и каков е вирусот.„НИПА (NIPAH) ВО ИНДИЈА – ШТО НАВИСТИНА ЗНАЧИ ТОА ЗА МАКЕДОНИЈА?Деновиве, гледам, се шират наслови на темата „смртоносен вирус Нипа“ по медиумите и преку социјалните мрежи. Наслови што најавуваат „црвени аларми“, „коми“ и „заразени медицински сестри“ и, очигледно, имаат јасна цел – да привлечат кликови и внимание.Да започнеме со факти: во источната индиска држава Западен Бенгал регистрирани се пет потврдени случаи на Nipah вирус (NiV), вклучувајќи двајца здравствени работници, и сите лица со кои тие биле во контакт – близу 200 – биле следени и тестираните биле негативни.Индиските здравствени власти истакнуваат дека епидемиолошката ситуација е под контрола, дека се преземаат мерки за изолација, надзор и лабораториски тестови и дека ситуацијата е постојано мониторирана.Што е Nipah?Nipah е зоонозен вирус што природно циркулира кај животни, најчесто овошни лилјаци (fruit bats), но може да се пренесе и на луѓе преку директен контакт со инфицирани животни, преку контаминирана храна или, ретко, од човек на човек при блиски контакти.Болеста може да се манифестира со симптоми кои варираат од незначителни, слични на грип, до тешки респираторни заболувања и воспаление на мозокот (енцефалитис), што во некои епидемии имало сериозни последици.Со оглед на тоа дека не постои широко достапна вакцина или специфичен лек за Nipah, вирусот е вклучен во листата на приоритетни патогени во Планот за истражување и развој на Светската здравствена организација (The World Health Organization R&D Blueprint).Иако вирусот е опасен, клучно е дека тоа воопшто не значи непосреден ризик за сите нас!Во последните 25 години Nipah е регистриран главно во делови од Југоисточна Азија, со епидемии во Малезија, Бангладеш и различни години во Индија. Тие се локализирани, контролирани и не се пренесуваат брзо преку географски граници без близок контакт со инфицирани случаи.За да „влезе“ Nipah во Македонија, би било потребно лице што било експонирано на вирусот и развило симптоми по враќање.Таков случај може да биде идентификуван, подложен на тестирање и соодветно изолиран преку добар надзор на границите од страна на здравствените служби.Дури и тогаш, ризикот од понатамошно ширење во општата популација останува низок, бидејќи за пренос треба интензивен близок контакт – најчесто во домашни или здравствени услови без заштитни мерки.Сметам дека ова е типична ситуација во која разумна подготвеност и прецизна комуникација се важни. Паника не е оправдана!Податоците покажуваат дека земји во регионот, како Тајланд и Тајван, повторно воведуваат здравствени проверки на граничните премини инспирирани од искуствата со КОВИД-19, што е разумна претпазлива мерка. Но, тоа дефинитивно не е сигнал за неизбежна пандемија.Што да очекуваме како јавност?- Ако имате роднини или пријатели што патуваат во Индија, особено во региони каде што има пријавени случаи, основно е сопствено информирање и епидемиолошка историја при јавување на здравствени служби.- За пошироката јавност, стандардните хигиенски навики, одржување дистанца од лица со акутни симптоми на тешка инфекција и внимателно следење на официјалните здравствени упатства се навистина доволни.- И, најважно – не смееме да дозволиме сензационализмот да ја замени реалната проценка на ризикот.Комуникацијата за јавноздравствени теми треба да биде рационална и базирана на факти. Не на страв.Што е разумно да направат институциите?Во вакви ситуации, неколку чекори се доволни:1. Потсетување на здравствените установи - инфектолошките служби и примарната здравствена заштита - за значењето на епидемиолошката анамнеза (анкета) – особено регистрирање податоци за скорешно патување во региони со регистрирани случаи со тешка фебрилна, респираторна или невролошка симптоматологија.2. Нема потреба од нови протоколи, освен стандардна инфекциска контрола: постоечките мерки за лична заштита, изолација на сомнителни случаи и безбедно ракување со телесни течности се сосема доволни за спречување на болнички пренос.3. Микробиолошките (вирусолошките) лаборатории да имаат јасна комуникациска линија со клиниките за брза консултација при сомнителни случаи и, доколку е потребно, координација со меѓународни лабораториски мрежи.4. Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и клиниките да одржуваат рутинска размена на информации.5. Ако се појави сомнителен или потврден случај, комуникацијата кон јавноста мора да биде брза, транспарентна и базирана на факти: што знаеме, што не знаеме и што значи тоа (а што не значи) за граѓаните“, пишува тој.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
dozd

Дожд на пониските места, снег на планините, со температури до 10 степени

Денес ќе биде претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места се очекува мешавина од дожд и снег, а на планините врнежи од снег. Во одредени котлини ќе има појава на магла, што може да ја намали видливоста во утринските часови. Ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 5 и 10 степени.Во Скопје облачно и магловито време, а во попладневните часови се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб и променлив ветер. Утринската минимална температура ќе се спушти до 1 степен, додека максималната дневна температура ќе достигне до 6 степени.И во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба. До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските места, како и дожд и снег на повисоките предели, што ќе го задржи свежото и нестабилно време низ земјава.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryv04cn5gpcmm0cLeOeRZ

(ВО ЖИВО) Осудениот Трајковски за 27 април: Ми беше понудено од обвинителите да ги предадам сите, за да си купам слободата

Влатко Трајковски, бранител од 2001 година и учесник на протестот и настаните на 27 април во „Претрес со Ландов”, се сеќава на деновите во 2017, по 27 април. Во неговата трагична приказна, вели:„Обвинителите ми понудија и сакаа да потпишам признание и да искодошам други затвореници, ветувајќи ми полесна казна или ослободување, но јас не прифатив”.„Децата знаат дека не сум терорист. Мене политиката ме затвори, Заев ме затвори. Гневен сум на сам себе, можев да направам многу а не направив ништо на 27 април.Сега сум осуден терорист. Не се каам што сум бил бранител. Лут сум на тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што фобија гласови, а од внатре од Собранието не баправија ништо”, вели Трајковски.За Никола Груевски кој во 2017 година ги повикуваше граѓаните да не седат дома по папучи и да излезат на протест не коментира многу, само вели дека бил добар политичар и добар економист.„Во 2001 Бранко Црвенковски, Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски ја предадоа Македонија. Војната беше режирана. Од терористи ги направија бранители за човекови права. Овој народ не заслужува да има држава. По казната заминувам од државата”, рече во Претрес Влатко Трајковски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynma8ed2g937vasmljIe

(ВО ЖИВО) Осуден за 27 април: Тоа што не успеаја во Радуша во 2001 година, Џафери со Заев и Спасовски го направија во 2017

Бранителот од 2001 и осуден со 15 годишна затворска казна за 27 април, Влатко Трајковски во „Претрес со Ландов” говори за настаните од тој кобен ден и за деновите потоа.„Судијката Сандра Крстиќ ми рече дека за учество во толпа и дотогаш со чисто досие ќе ме казнат условно. По 7 месеци дојдоа дома специјалци кои направија претрес во мојата куќа. Униформирана полиција и инспектори останаа а специјалците заминаа. Ја најдоа мојата униформа, оружје немав. Ме спроведоа во суд со лисици на раце кои ми ги оставија 20 часа. Со борбено возило ме однесоа во Шутка со обвинение за терористички здружување. Прво не ставија со осудени од Диво Насеље. Човекот ме праша дали сум за Села или за 27 април, кога му реков дека сум за 27 април се поклони пред мене”, рече Трајковски.Вели дека не е разочаран од ВМРО-ДПМНЕ зошто не го ослободиле, а и сам влегол во Собрание.„Тогаш во Радуша што не ми направија ми го направија на 27 април. Мислам на Талат Џафери, Заев и Спасовски”, вели Трајковски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryklck7e1huh3o0jdNfjz

(ВО ЖИВО) Бранител и осуден во 27 април: Случајот беше монтиран за да се смени името

Гостин во „Претрес со Ландов” е Влатко Трајковски, бранител во 2001 од битката за Радуша и осуден за настаните на 27 април.„Тој кобен 27 април излегов од работното место во Раде Кончар и отидов да купам мамци за риболов. Не планирав тој ден да одам на протест пред Собрание.Но околу 7:30 отидов да ја гледам играорната претстава пред Собрание. Но претходно отидов накај Дион кога ми кажаа дека се пее албанска химна во Собрание. Тоа е кривично дело и може да избие немир. Кога стигнав вратите на Собранието беа отворени а знаев дека и моите родители се таму. Прв пат влегов во Собрание, во салата Македонија бев на крај. Ми пријде полицаец и ми рече не пуштај никого, горе е Заев”, се сеќава Трајковски.Толпата го однела до прес центарот. Саше Тасевски, кој тогаш бил обезбедување на Оливер Спасовски, бил со вперен пиштол.„Милева Георгиева, пратеничка од СДСМ и заменик министерот Петар Атанасов лежеа и ме молеа да не ги оставан.Ги изнесов и ги предадов на полицијата. Сега починат пратеник од Кочани Сашко Костов ме нарече хулиган и ме праша дали вака се освојува власт. Со ПП апарат го испрскав.Тој ме нападна но глумеше паѓање во несвест. Прв што дојде до Зијадин Села бев јас.Саше Тасевски ми рече да помогнам да не ги убијат. Некој со столче ме удри. Излегов и за тоа добив 15 години затвор. Комуњарите ме осудија. Знаејќи ја Кацарска очекував затвор, но мислев дека ќе добијам 12 години”, вели Трајковски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq96tm8j3vol03UTut8o

Спречено пустошењето на Огражден – одземени возила на организирана група

Во тивка, но ефикасна акција, вечерва беа одземени возилата на добро организирана група која во изминатиот период предизвикуваше сериозни штети на планината Огражден. Интервенцијата беше спроведена без помпезност и сензационализам, но со јасен резултат – запирање на дивеењето на овој значаен природен простор.Акцијата е реализирана со одлична координација меѓу вработените служби, Шумско-полициската станица Струмица и Министерството за внатрешни работи – Струмица. Токму за овие возила, како што се посочува, во изминатиот период пристигнувале бројни реакции и поплаки од граѓаните, кои постојано ги забележувале на терен и алармирале за нивното присуство и активности.Информацијата за акцијата и за одземените возила е објавена од Кире Михаилов, кој посочи дека институциите внимателно ја следат состојбата на терен и дека заштитата на планината Огражден останува приоритет, особено кога станува збор за организирани појави што ја загрозуваат природата и јавниот интерес.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер со хумористичка порака за патниците: Ако аплаудирате кога слетуваме,...

Ирската авиокомпанија Рајанер, позната по своите духовити објави на социјалните мрежи, се огласи по повод патниците кои аплаудираат по слетување на авионите. Во видеото објавено на TikTok, авиокомпанијата им порача на патниците: „Ако аплаудирате кога слетуваме, ние ќе аплаудираме кога ќе излезете“.Објавата предизвика бројни коментари. Некои се пошегуваа: „Аплаудираме затоа што не умревме“, додека други сметаат дека аплаудирането е непристојно или непотребно.Джема Браун од туристичката агенција Travel Republic советува дека патниците не треба да аплаудираат, бидејќи тоа може да се смета за непристојно кон пилотите и нивните вештини. Наместо тоа, таа предлага кратко „благодарам“ при излез од авионот, кога пилотите и екипажот се присутни, како начин на изразување на благодарност.Исто така, патниците се потсетуваат да останат на своите седишта со пристегнати појаси додека авионот целосно не застане и додека светлото за појаси не се исклучи, како и да ги следат сите упатства на екипажот пред повторно да го вклучат мобилниот телефон.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Сојузот СДС, Левица и ССМ и нивните намери се разоткриени, само глумат грижат за работниците и затоа вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Вечерашниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со СДС и Левица, покажа дека нивната поддршка за работничките права е ограничена. На улиците се собраа околу 1.000 лица, а наместо да седнат на маса и да договорат конкретни решенија, тие ги избраа протестите како единствен начин на делување.Според ВМРО-ДПМНЕ, истите политички партии и нивните синдикати одбија понуда за покачување на платите од 40 проценти во рок од две години, што ја доведува во прашање нивната искрена грижа за работниците. Лидерот на СДС и нивните сојузници, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја глумат загриженоста, додека реално не преземаат конкретни чекори за подобрување на животниот стандард.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека доследно се грижи за стандардот на живот на граѓаните и останува посветено на поддршка на сите кои бараат достоинствени плати и подобри услови за работа.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите

СДСМ ги поддржува барањата на работниците и на Сојузот на синдикатите, истакнувајќи дека секој работник заслужува достоинствена плата за живот. Имајќи ја предвид тешката положба на работниците и намалениот животен стандард на граѓаните, партијата најавува поднесување законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и покачување на платите за 100 евра во останатите сектори.Покрај тоа, СДСМ ќе предложи и законски мерки за замрзнување на платите на функционерите. Детали за овие законски решенија ќе образложи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на претстојната прес-конференција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library766t4gkq2op60SlthRO

Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.„Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1qhvi0j7nr4s1fCcDnS

Бојковска: За новиот Кривичен законик веќе има нацрт-верзија, ќе биде донесен до јуни

Драгана Бојковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Бојковска се осврна на измената на Кривичниот законик, која се изгласа денес во Собранието, а нагласи дека се подготвува и нов Кривичен законик, на кој веќе се работи и за кој веќе има нацрт верзија.,,Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека доколку не направиме до крајот на годината измени во Кривчниот законик, ќе оставиме да имаме правна празнина, и оттаму доаѓа и таа иницијатива да поднесеме предлог измена на Кривичен законик и секако од оној упад којшто беше направен од претходната влада во 2023 година, каде што освен што се намалија казните по членот 353, односно злоупотреба на службена положба и овластување се бришеа и оние кривични дела односно инкриминацијта на одредени кривични дела, се со цел да се амнестираат и ослободат оние кои што  би се гонеле по овој член. Оттаму доаѓа овој предлог измена на Кривичниот законик, се со цел да се ублажат состојбите коишто беа настанати од претходната влада“, рече Бојковска.Бојковска истакна дека се подготвува нов Кривичен законик и постои работна група во Министерството за правда која веќе работи на него, а како што вели, истиот треба да биде донесен до јуни, бидејќи веќе постои нацрт верзија за истиот.,,Се спрема нов Кривичен законик на којшто работи одредена работна група во Министерството за правда, којшто треба да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија, и секако ќе се најде пред нас пратениците“, кажа Бојковска и додаде:,,Очекувам овој нов Кривичен законик да биде донесен најдоцна до јуни месец оваа година, но очекуваме да биде тоа и порано, бидејќи знаеме дека веќе има некоја нацрт верзија од истиот. По финализирање на истиот закон, ценам дека Македонија треба да добие пред се еден квалитетен кривичен законик бидејќи најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни“.Таа истакна дека ја поддржува измената на Кривичниот законик со оглед на тоа што и самата е подносител, и нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде ставен на ЕНЕР,  а ги повика и пратениците да дебатираат за поквалитетно законско решение.,,Спречуваме навистина нешто кое што беше нотирано во 3 извештаи на Европската комисија, во извештаи во Стејт департменот на САД којшто укажуваше дека Македонија се соочува со сериозно  уназадување на борбата на корупцијата и со гонењето на високиот криминал, токму поради овие измени. Ќе биде нов Кривичен законик, којшто ќе биде ставен на ЕНЕР, за којшто ќе можеме и ние пратениците да дебатираме за поквалитетно законско решение. Јас ги повикувам сите колеги мои пратеници, да учествуваат во таа јавна расправа, за да понудиме едно поквалитетно законско решение“, заклучи Бојковска.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryf59j7aukvsl92PODmKM

Пешевски најави голем генерален штрајк

Иван Пешевски од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) попладнево на протест пред Владата најави дека секој ден ќе бидат присутни додека не се постигне целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на сите плати за 6.000 денари.Пешевски порача дека работниците сакаат достоинствена плата која го вреднува нивниот труд, а не милостина. Тој истакна дека ќе бидат подготвени да блокираат институции и да донесат одлука за генерален штрајк во приватниот сектор за првпат во историјата на Македонија.„Велат не сме биле продуктивни, а тие се многу продуктивни со Мерцедеси, Поршиња и вили во Грција! Доста е, време е да се разбудиме“, рече Пешевски, додавајќи дека додека работниците се грижат како да ги прехранат семејствата, дел од властите уживаат во луксуз.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryjf6epn3bng7r3MkNoeO

Кремљ е подготвен за средба Зеленски-Путин, но со еден услов

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва ако сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ушаков додаде дека Москва е подготвена да му гарантира безбедност и сите потребни услови за работа на Зеленски.Изјавата следува по подготвеноста на Зеленски да разговара со Путин за два клучни прашања во мирниот процес: територијално решение и иднината на нуклеарната централа Запорижја, која е под руска окупација.Следниот круг дипломатски разговори, во кој учествуваат Украина, Русија и САД, се очекува да се одржи на 1 февруари. Висок американски претставник посочи дека директна средба меѓу Зеленски и Путин, евентуално со учество на Доналд Трамп, „не е невозможна“.Историјата покажува дека досега биле направени повеќе обиди за директни разговори, но Москва често наоѓала причини за одложување. Последната лична средба меѓу Зеленски и Путин се случила во Париз во декември 2019 година, во рамките на Нормандискиот формат, а откако Русија ја започна целосната инвазија во февруари 2022, директни разговори не се воделе.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Ново судење за родителите на Коста Кецмановиќ

Во Вишиот суд во Белград, утре, на 29 јануари, ќе започне повтореното судење на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет деца и училишен чувар, а рани пет деца и наставничка по историја, пренесува Телеграф.Се очекува Милјана Кецмановиќ да дојде од слобода, додека Владимир ќе биде доведен од притворот каде што се наоѓа од денот на апсењето. Првата првостепена постапка беше затворена за јавноста, а медиумите објавија дека обвинетите ги негирале обвинувањата.Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека се очекува повторената постапка да биде ефикасна и без одолговлекување, и дека обвинителството ќе инсистира на осудителна пресуда во согласност со собраните докази.Повтореното судење е наложено од Апелациониот суд, кој ја укина првостепената пресуда. Во првата постапка, Владимир беше осуден на 14 и пол години затвор за запоставување и злоставување на малолетно лице и за тешко дело против општата сигурност, додека Милјана доби три години затвор за запоставување и злоставување на малолетно лице.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
makron

Макрон: Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се обрати на гренландски и дански јазик за да ја изрази поддршката на островот по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, пренесуваат „Политика“ и „Фигаро“.„Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски, додека на дански истакна дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“.Претседателот ја оцени како „стратешки повик за будење за цела Европа“ неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Гренланд да стане дел од САД. Макрон додаде дека Франција „била вчера, е денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.Премиерката Фредериксен му се заблагодари на Макрон за заштитата на заедничките вредности и го пофали „конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот. Премиерот на Гренланд, Нилсен, истакна дека Франција била покрај Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека тоа нема да се заборави.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryk3rpevvfksqe9xEMWTL

Норвешкиот министер за одбрана: Руските ракети можат да стигнат до САД за 18 минути

Норвешкиот министер за одбрана, Торе Сандвик, предупреди дека арктичкиот регион станува клучна зона за стратешко надминување меѓу НАТО и Русија. Тој укажа на Кола, рускиот полуостров со еден од најголемите нуклеарни арсенали, од каде интерконтиненталните балистички проектили до американските градови стигнуваат за околу 18 минути.Русија, која контролира половина од копнениот и воден арктички простор, има над 40 воени објекти и ја модернизира Северната флота и нуклеарните подморници. Во октомври минатата година тестираше и крстосувачка ракета на нуклеарен погон на Новата Земја.Нордиските земји повикуваат на поголем ангажман на НАТО во Арктикот, а САД, Велика Британија и Франција веќе ги зголемија обуките за арктички операции. Во март ќе се одржи вежбата Cold Response во северна Норвешка со околу 25.000 војници.Два клучни морски пролази каде би се НАТО и Русија судриле за контрола: преминот меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство (GIUK) и арктичкиот морски премин кај Свалбард.И покрај воените активности, нордиските официјални лица нагласуваат дека приоритет мора да останат климатските промени, инфраструктурата и правата на автохтоните народи. Русија и Кина, пак, гледаат на Арктикот како долгорочна стратегиска зона за надминување и економска експанзија.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarysqaus4a0fujf85OyqSF

Во срцето на Европа беснее брутална војна на наркобандите: „Париз не третира како колонија“

Ескалацијата на насилството во една од проблематичните четврти на Марсеј принуди илјадници вработени да работат од дома. Нередите ја потсетуваат јавноста на влијанието на наркотик-криминалот врз секојдневниот живот и политичката сцена пред локалните избори во март.Безбедноста е главна грижа на гласачите, а кандидатите од сите политички спектри нудат различни решенија за справување со криминалот. Актуелниот градоначалник Беноа Пејан од левицата е благо фаворизиран со околу 30% поддршка, додека Франк Алисио од крајната десница го следи тесно, исто како и кандидатката од десен центар Мартин Васал.Насилството повторно се актуелизираше по убиството на 20-годишниот Мехди Кесаси, што предизвика посета на Марсеј од претседателот Емануел Макрон и министри за внатрешни работи и правда, кои претставија строги мерки против криминалот. Локалните активисти нагласуваат дека мерките мора да се комбинираат со инвестиции во образование, социјални услуги и економски можности за младите.Кандидатите се согласуваат дека решението не е само репресија: Пејан ветува бесплатни оброци за ученици и двојно повеќе квартовски полицајци, Алисио се фокусира на видео-надзор и специјализирани единици, а Васал предлага наоружување на контролорите и субвенции за младите и градежни проекти. Единствено кандидатот на крајната левица, Себастијан Делогу, предлага средства за борба против сиромаштијата наместо за полиција.Изборот на нов градоначалник ќе покаже како локалните решенија за безбедност и социјални проблеми ќе се вклопат со националната политика и ќе влијаат на подготовките за претседателските избори во 2027 година.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarym8e3lj8k1i3281OutpU

(Видео) „Нас денес тука нѐ собра маката, празните фрижидери, а не политиката“, порачаа работниците од пред Владата

Работниците се обратија до Владата, порачаа дека нема да отстапат од барањето за 600 евра минимална плата.Пред нивната зграда, посочија дека дошле поради празните фрижидери и маката, а не политиката.Целиот говор, гледајте го тука:

Настани | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4nt2agh7fanjcBsHl0p

(Фото) Даниела Димитровска се омажи во венчаница на Викторија Бекам, колку чинеше целосниот стајлинг?

Познатата манекенка Даниела Димитровска вчера го одржа црковното венчање со својот долгогодишен партнер, фудбалерот Јеврем Косниќ.По објавувањето на веста, Даниела се огласи на социјалните мрежи и сподели емотивни моменти од церемонијата.„Моето засекогаш да. 27.1.2026. Тивко, во мал круг. Скоро ќе славиме сите заедно“, напиша таа покрај снимката од венчавката.За свечениот ден, Даниела избрала елегантна бела венчаница од сатен што ја дизајнирала Викторија Бекам, вредна околу 1.300 евра, која го истакна нејзиното витко тело. Иста ваква венчаница носела и самата Викторија кога со сопругот Дејвид била на прием кај принцот Чарлс.Таа го комплетирала стајлингот со капут вреден 2.800 евра и елегантни бели чевли од 1.400 евра, претходно носени од светски ѕвезди како Лејди Гага и Кејти Пери.Инаку, венчавката беше интимна, а парот планира наредната година голема свадбена прослава.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1vit86eidgspdrMolLA

(Видео) „Уа“, „лопови“ се извикува за Владата на протестот на работниците кои бараат 600 евра минимална плата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска од пред Собранието упати остра порака до носителите на јавни функции, најавувајќи блокади, генерален штрајк и директни законски иницијативи доколку не се прифати барањето за зголемување на минималната плата. Обраќањето беше на протестот за поголеми плати. Работниците извикуваа „уа“, „лопови“ за Владата.Трендафилов најави дека синдикатите ќе започнат собирање најмалку 10.000 потписи за да станат овластен предлагач на закон со кој ќе се побара намалување на платите на функционерите за 80 отсто.„Ќе следуваат блокади и генерален штрајк. И ќе следува тоа што вас највеќе ве боли – ќе собереме 10.000 потписи со кои ќе станеме овластен предлагач и ќе бараме за 80 отсто да ви се намалат вашите плати. Доколку не ја зголемите минималната плата, доаѓаме по вашите плати“, изјави Трендафилов, обраќајќи им се директно на пратениците и функционерите.Тој порача дека барањето на синдикатите е јасно и недвосмислено – минималната плата да изнесува 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари.„Ќе ве ставиме на тест – дали ќе гласате за себе или за луѓето кои ве избрале. Ќе гласате ли за сопствениот луксуз или за работниците кои со својот труд и даноци ви ги обезбедуваат платите?“, рече Трендафилов.Тој предупреди дека доколку пратениците не ги поддржат работничките барања, ќе дојдат други пратеници кои ќе гласаат за зголемување на платите на работниците, а сегашните ќе завршат „на другата страна на оградата“.„Нема да се откажеме. Нема да дозволиме да си играте со работничката пот од чии даноци земате плата“, порача претседателот на ССМ, најавувајќи продолжување и радикализација на синдикалните активности.

Настани | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања