2 нед.
media-librarys06anapf9njbboixj5Y

Украина го повика на разговор унгарскиот амбасадор

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека го повикало Антал Хајзер, унгарскиот амбасадор во Киев, поради неодамнешните изјави на високи унгарски политичари, вклучително и премиерот Виктор Орбан, за наводно вмешување на Украина во претстојните парламентарни избори во Унгарија.Министерството упати протест до унгарскиот амбасадор, негирајќи дека Украина се меша во унгарските избори. Се нагласува дека Киев решително се противи на „секој обид од унгарска страна да ја вовлече Украина во изборната кампања“, истакнувајќи дека тоа ја нарушува развојната соработка меѓу двете земји.Украина ја повика Унгарија да „престане со агресивната реторика против Украина“ за да се избегнат понатамошни негативни последици по билатералните односи. Во соопштението се нагласува дека Украина останува подготвена за конструктивна соработка со Унгарија и повторно се повикува Будапешт да престане да блокира преговорите на Украина за членство во ЕУ, со објаснување дека тоа би било во интерес на двата народа, како и на унгарското малцинство во Украина.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryp16boqiv94am7VaOnXT

Блерим Беџети од ДУИ: 600 евра не се луксуз, туку услов за нормален живот

Пратеникот и функционер на Демократската унија за интеграција, Блерим Беџети, изрази поддршка за протестот на синдикатите, порачувајќи дека одговорноста за состојбата со платите не е кај работниците, туку кај политиките што ги води власта.„Кога работниците се принудени да излезат на улица за достоинствена плата, проблемот не е кај работниците проблемот е кај политиката.Минимум од 600 евра не е екстремно барање, туку минимум за нормален живот. Зголемувањето на платите не е празна реторика, туку социјална правда. Денес се солидаризирам со протестот на синдикатите, затоа што држава што не ги штити своите работници, не може да има социјална правда”, напиша Блерим Беџети, од ДУИ.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library78tcj4ve56c0d0p5QYs

Тројцата преживеани од несреќата во Романија со авион ќе бидат вратени во Грција

Тројцата преживеани од сообраќајната несреќа со минибус во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на ПАОК, се очекува во четврток да бидат вратени во Грција со специјално опремен авион.Двајца од повредените имаат по 20 години, додека третиот има 28. Сите тројца моментално се лекуваат во Клиничката ургентна болница на округот Пиус Бринзеу во Темишвар, а по враќањето се очекува да бидат префрлени во болницата „Папагеоргиу“ во Солун.Државната телевизија ЕРТ, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана, објави дека во Елефсина во готовност се наоѓа и воен транспортен авион Ц-130, кој може да го изврши трансферот доколку тоа го побараат надлежните институции.Несреќата се случила на дволентен пат во близина на Темишвар, додека жртвите патувале кон Лион, Франција, за да присуствуваат на натпревар од Лига Европа на кој настапувал ПАОК.Во меѓувреме, романските власти ја завршија идентификацијата на телата на седумте навивачи на ПАОК кои загинаа во несреќата„Телата на седумте починати се идентификувани и ќе има официјално соопштение“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Јанис Ловердос.Ловердос изјави дека тројцата преживеани се лекуваат во универзитетска болница во Романија и добиваат соодветна медицинска нега. Едниот од повредените се здобил со повеќекратни повреди, додека другите двајца се во подобра здравствена состојба. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите и до пошироката заедница на ПАОК.Телевизијата СКАЈ објави дека најстариот од тројцата преживеани им помогнал на властите во процесот на идентификација.Претходно, еден од преживеаните тврдеше дека системот за асистенција при возење во лента можеби придонел за несреќата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7ot7iaa6avdcf4x3EPK

(Видео) Големо свлечиште во Сицилија: Евакуирани над 1.500 жители

Во јужна Сицилија, градот Нисеми се соочува со сериозна природна катастрофа откако силна бура предизвика свлечиште на ридот што се протега околу четири километри и продолжува да се шири. Поради опасноста, најмалку 1.500 жители беа евакуирани.Градоначалникот Масимилијано Конти предупреди дека ситуацијата е критична, бидејќи дел од наклонот целосно попуштил, оставајќи бројни куќи опасно надвиснати над карпата. Според медиумите, првите знаци на поместување на земјата беа забележани во неделата, а свлечиштето брзо се претвори во широк фронт што ја заканува најранливата населба и историското јадро на градот.„Ова е драматично свлечиште“, рече Конти во видео обраќање, апелирајќи до граѓаните надвор од оградените зони да останат во своите домови и да не преземаат непотребни ризици. Властите предупредија дека жителите ќе мора да најдат долгорочни алтернативи за живеење, бидејќи земјиштето натопено со вода е премногу нестабилно за повторно населување.Италијанската премиерка Џорџија Мелони денеска ја посети областа и разговараше со засегнатите граѓани, изразувајќи поддршка и обезбедувајќи итна помош.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Професорката Мирјана Најчевска со иронија реагираше на изборот на Бојан Маричиќ за нов претседател на Државната изборна комисија.„Ми падна камен од срце. На момент се исплашив дека решиле да стават независен, човек со интегритет и морал на ова место. Која трагедија би било тоа. Ќе се пореметеше цел систем“, напиша Најчевска.Со оваа изјава, таа упати остра и саркастична критика кон начинот на кој се вршат изборите на клучни институционални позиции, алудирајќи дека поставувањето независна и интегритетна личност би било исклучок, а не правило во постојниот систем.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryptkts9ogqciq5TKH2wy

Стармер во посета на Кина во услови на тензии со САД

Британскиот премиер Кир Стармер денеска отпатува во Кина, во првата посета на еден британски премиер на Пекинг по 2018 година, со цел да ги охрабри деловните компании да ја искористат можноста за зајакнување на економските врски со втората најголема светска економија, во услови на сè понестабилни односи со Соединетите Американски Држави.Патувањето на Стармер беше критикувано од дел од британските и американските политичари, но премиерот истакна дека, иако Британија настојува да ги продлабочи односите со Кина, мора да остане внимателна поради можните безбедносни ризици. Обраќајќи им се на повеќе од 50 бизнисмени кои патуваат со него, Стармер нагласи дека минале осум години од последната ваква посета и оцени дека делегацијата учествува во историски момент, додавајќи дека целта на посетата е да се донесат конкретни придобивки за граѓаните во Обединетото Кралство. Тој треба да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со премиерот Ли Ќијанг.Посетата може да означи и пресврт во односите меѓу Лондон и Пекинг, кои со години беа оптоварени со тензии поради кинеското ограничување на политичките слободи во Хонг Конг, поддршката на Кина за Русија во војната во Украина и тврдењата на британските безбедносни служби за шпионажа насочена кон политичари и функционери. За Кина, пак, посетата претставува можност да се прикаже како стабилен и доверлив партнер во време на глобални превирања.Патувањето на Стармер се одвива во сенка на засилените тензии со американскиот претседател Доналд Трамп. Европските и другите западни држави во последниот период интензивираа дипломатски контакти со Пекинг, настојувајќи да се заштитат од непредвидливоста на американската политика. Односите меѓу Лондон и Вашингтон дополнително се заострија поради изјавите на Трамп за Гренланд, критиките за британскиот договор за предавање на суверенитетот над архипелагот Чагос и неговите коментари за улогата на сојузниците во војната во Авганистан.Стармер инсистира дека Британија може да ги зајакнува економските врски со Кина без тоа да ги наруши односите со САД, потенцирајќи дека соработката со Вашингтон останува исклучително блиска во областа на одбраната, безбедноста, разузнавањето и трговијата. Тој не откри дали во разговорите со кинеските лидери ќе го отвори прашањето за осудата на поранешниот медиумски магнат од Хонг Конг, Џими Лај, ниту дали ќе побара од Кина да изврши притисок врз Русија за прекин на војната во Украина. Стармер изрази надеж дека ќе има напредок и околу можностите за олеснување на патувањата без визи.Истовремено, британскиот премиер се дистанцираше од ставовите дека земјите мора да избираат страна меѓу големите сили, нагласувајќи дека неговата политика се води од прагматизам и здрав разум и отфрлајќи ја идејата дека Британија треба да бира меѓу САД и Европа.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нови примери од анти-ЕУ кампањата

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ свесно создава конфликти со соседните држави, меѓу кои Бугарија и Грција, со цел да ја оправда изолацијата на државата и да ги блокира евроинтегративните процеси, обвинувајќи ја Европската Унија за сопствените неуспеси, соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Од партијата наведуваат дека во изминатиот период се бележат низа примери на, како што ја оценуваат, анти-ЕУ кампања на актуелната власт. Според СДСМ, владата на премиерот Христијан Мицкоски намерно отворила конфликт околу македонскиот јазик, прашање кое, како што истакнуваат, одамна било затворено. Дополнително, посочуваат дека биле демантирани и официјални ставови на бугарското Министерство за надворешни работи, по што, според нив, повторно следеле прозивки и одбивање средби, со чекање на нови покани од бугарска страна.СДСМ оценува дека ваквиот пристап резултирал со нови критики од Бугарија кон Македонија и прашува, како што велат, кому сè уште не му е јасно што прави актуелната власт. Според опозицијата, станува збор за организирана кампања чија цел е кај граѓаните да се предизвика негативен однос кон Европската Унија и таа да се прикаже како виновник за застојот, наместо владините политики.Од СДСМ нагласуваат дека овие, како што ги нарекуваат, политики на намерна изолација веќе произведуваат конкретни последици, меѓу кои и проблемите со влезот и движењето на камионите и тешкотиите во транспортот. Според партијата, владата имала цели шест месеци на располагање да го реши овој проблем, но и покрај тоа што била свесна за него, не презела ништо.Во соопштението се посочува и дека, според последните истражувања на јавното мислење, дури 71 отсто од граѓаните ја поддржуваат идејата за членство на Македонија во Европската Унија. СДСМ оценува дека тоа јасно покажува оти политиките на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на волјата на мнозинството граѓани и ја водат државата кон економска и политичка маргинализација.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
uciliste-skolo-klup-2

Два случаи на туберкулоза: Затворени училишта во Волос, Грција

Властите привремено затворија основно и средно училиште во Волос, во централна Грција, кои ги посетуваат и ученици од блискиот специјален рурален воспитно-поправен дом за млади сторители, откако во установата беа потврдени два случаи на туберкулоза.Затворањето ќе остане на сила до петок, додека надлежните институции ги проценуваат дополнителните мерки за заштита на учениците и на вработените.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryub33bq4rtoa22tYMlPX

Америка го подготвува теренот за влез на нафтените компании во Венецуела

Американски претставници работат на брзо издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите врз енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања. Соединетите Американски Држави со месеци го блокираа извозот на венецуелска нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари американските сили го приведоа венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наведувајќи дека треба да биде изведен пред американски суд по обвиненија за, како што соопштија, „наркотероризам“.По настаните, претседателската должност привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас постигнал договор за испорака на нафта вреден две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот обем на вложувања во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари.Во меѓувреме, дозволи добија трговските куќи „Витол“ и „Трафигура“, а во изминатите недели бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија ПДВСА поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс Индастрис“, како и група американски услужни компании. Според два извора, големиот број поединечни барања упатени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во земјата.Американското Министерство за финансии, Белата куќа и венецуелското Министерство за нафта не одговорија веднаш на барањето за коментар. Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии ги воведе санкциите врз целата венецуелска енергетска индустрија уште во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои нов мандат, а Белата куќа тогаш тврдеше дека изборниот процес не бил легитимен.Санкцискиот режим се менуваше во изминатите седум години, во зависност од составот на американската администрација, преку низа уредби и дозволи со кои одредени производители и купувачи добиваа изземања. Раководители на нафтени компании оценуваат дека се потребни повеќе дозволи за да се забрза извозот и да се поттикне производството на полињата каде што опремата е достапна, како и да се зајакнат активностите за преработка. Тие укажуваат и на нужноста од обемни вложувања во поправка на застарената инфраструктура, особено поради нестабилното снабдување со електрична енергија.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarys1e9gft6upggfAq42Jr

Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното обраќање во Собранието,  на настанот „Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ во 2025 година", наведе неколку причини кои упатуваат на тоа дека власта има антиевропски манири, кои се загрижувачки и државата ја ставаат во фаза на  стагнација и изолација.„Влошувањето на односите со соседите не е во духот на пристапувањето кон Европа. Не може да се каже го решивме, го вративме старото име и да се влошуваат односите со соседна Грција, кога тоа не е така. Што е целта? Да се привлечат симпатии кај некои гласачи, коишто тоа навистина го очекуваа тоа врз основа на ветувањата на оваа власт во очи кампањата во 2024 година? Или континуираното влошување на односите со непримерни изјави со Бугарија? Не е тоа во духот на Европа“, рече Филипче.Во обраќањето Филипче додаде дека не е во духот на Европа внесувањето на сомнителен капитал од Србија.„Не го кажувам јас српскиот свет, го кажа Извештајот на Европскиот парламент. Не може да се дозволува без контрола да се носи капитал којшто бил одбиен од Европска унија. Се поставува прашањето зошто се отвораат врати на таков сомнителен капитал во земјава? Не може и не е во духот на европските манири да се носи резолуција во Собрането во која што се забранува слобода на говор, да внимава опозицијата што зборува“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, сериозно загрижуваат и изјавите од власта во однос на одлуката за електронската евиденција за влез во ЕУ,  коишто го подгреваат антиевропскиот наратив.„Од лани е таа одлука. Не може сега вие да кажете, Европа е крива. Не може се нас нешто учителката да не мрази.Ние знаеме што ќе биде, ама на нас е кај сакаме да бидеме и кон што сакаме да одиме и да се движиме. Нема префрлање на одговорностите. Власта значи пред сѐ одговорност. Се знае кои се обврските„, рече Филипче.Во обраќањето, Филипче предупреди дека нема поместување ниту во доследно исполнување на реформската агенда.„Повторно е тоа несработување на домашната задача. Еве два конкретни примери, за да знае јавноста дека не е проблем желбата и иницијативата од страна на опозицијата да се работи вистински на реформската агенда. Законот за енергетика, којшто зеднички го поднесовме со заеднички амандмани, за да во последен момент последниот амандман биде донесен спротивно на препораките на Европската Унија. Не може да гласаме за таков закон кој што треба да биде само про-форма дел од европската агенда или законот за Судски совет каде не се во целост имплементирани препораките од Оценската мисија. Не може да се маскираат работите“, рече Филипче, додавајќи дека граѓаните веќе стануваат сè посвесни за тоа што треба да се направи и како регионот оди напред.Претседателот Филипче ги посочи последните податоци од истражувањето кои покажуваат дека кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува поддршката за пристапување во ЕУ.„Еден многу добар податок што мислам дека значи многу, а тоа е тоа што гласачи на ВМРО-ДПМНЕ изминативе две години, и тоа е најсигнификантна разлика, имаат поддршка кон пристапувањето на земјава кон Европската Унија. Тоа е многу добар податок. Гледаме дека континуирано е тоа кај поддржувачите на СДСМ. Така да сметам дека тоа мора да се издвои. Лошата работа во тоа е што премиерот Мицкоски не е во тие луѓе.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryrrboo0mre2qufAETiWB

Тошковски – Кочиу: Зајакнување на билатералната соработка, One Stop систем и со Албанија и нов Центар за полициска и царинска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден по-брз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници. Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат по добра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво.“, потенцираше министерот Тошковски.Во рамки на посетата се одржа и средба на високо ниво меѓу министрите за внатрешни работи и директорите на царинските служби на двете земји, посветена на воспоставувањето на Заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка. Овој центар ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани. Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија. Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа.“ истакна министерот Тошковски.Тој додаде дека ваквите иницијативи се директна потврда на меѓусебната доверба и стратешкото партнерство меѓу двете земји.На средбата беше потврдена заедничката посветеност на Република Северна Македонија и Република Албанија за натамошно продлабочување на добрососедските односи, јакнење на регионалната стабилност и унапредување на европската перспектива на регионот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylug0qgcf722qayucQaY

Две фирми ќе бидат гонети за трагедијата со лифтот во Охрид каде загина младиот охриѓанец, градилиштето било небезбедно

Трудовиот инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми поради стравичната трагедија во која при пад во отвор за лифт животот го загуби 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, објави ТВ Алфа.По двонеделна темелна контрола на околностите под кои се случи несреќата, трудовите инспектори утврдиле дека двете фирми не ги исполнувале законските прописи за безбедност и здравје при работа на градилиште. Во интерес на истрагата, засега не се соопштува за кои компании станува збор.Според утврденото, младиот работник, вработен во фирма за уредување на ентериери, настрадал додека заедно со колега пренесувал дел од лежај долг речиси два метра во зграда во изградба. Во еден момент, тој паднал во незаштитен отвор за лифт.Инспекциските служби донеле решение за времена забрана за работа на градилиштето за сите правни субјекти вклучени во објектот – инвеститорот, изведувачот и надзорот – сѐ до отстранување на утврдените неправилности.За небезбедните услови сведочи и таткото на починатиот, Валентин Љушев, кој неколку дена пред трагедијата бил на градилиштето за да му го донесе паричникот на синот.„Влегов слободно во зградата и уште тогаш видов отвори, дупки за лифтовите без никаква заштита и без огради. Мене ме фати страв и веднаш му реков на син ми да внимава, бидејќи беше страшно. Детето никој не може да ми го врати, но очекувам правда и некој да одговара“, изјави тој.Од надлежните институции најавуваат дека по целосното документирање на случајот, кривичните пријави ќе бидат доставени до обвинителството, кое ќе одлучи за понатамошните чекори.

Охрид | пред 2 седмици

2 нед.
zaev-filipce-1

Оформен предмет: Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде неговите удели

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема конкретни дејствија на проверки во предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, по однос на јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“.Како што соопштија од Обвинителството, предметот е отворен поради тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да го принудат Митрев да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуалното постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library78tcj4ve56c0d0p5QYs

Преживеан од трагедијата во Романија тврди дека „lane assist“ го блокирал воланот, во несреќата загинаа седум лица

Еден од преживеаните во сообраќајната несреќа со минибусот во Романија, во која загинаа седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, а тројца беа повредени, тврди дека системот за асистенција на лента можеби придонел за трагедијата, изјави во средата еден од лекарите што го лекуваат.Несреќата се случила во вторникот во близина на Темишвар. Навивачите патувале кон Лион, Франција, каде требало да присуствуваат на натпревар од Лига Европа. Засега не е познато на кое место во минибусот седел сведокот.Видео-снимка од несреќата покажува како црниот минибус претекнува цистерна што превезувала алкохол, по што се враќа во својата лента, но наеднаш повторно излегува во спротивниот правец и директно удира во камион што наидувал.Грчкиот лекар Димитрис Кукoулас, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, изјави дека повредениот му рекол оти системот за асистенција на лента го „заклучил“ воланот, со што не можел да се врати во својата лента по претекнувањето.Системот за асистенција на лента е дел од помошните технологии за возачите и е наменет да спречи ненамерно излегување од лентата. Тој користи камери и сензори за да ги следи ознаките на патот и, во зависност од системот, или го предупредува возачот или благо интервенира во управувањето за да го задржи возилото во рамките на лентата. Системот автоматски се исклучува кога се вклучени трепкачите.Надлежните органи соопштија дека истрагата е во тек и дека се разгледуваат повеќе можни фактори за утврдување на причините за несреќата.Според Кукoулас, состојбата на преживеаниот е подобра во споредба со другите двајца повредени патници, при што тој има скршеници претежно на долните екстремитети. Во меѓувреме, членовите на семејствата на загинатите веќе пристигнуваат во Романија за идентификација на жртвите.ВИДЕО ТУКА

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryrjgsl8u60418dvZIqo6

Построги казни, одземање возила и конфискација имот: што се менува во Кривичниот законик

Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик се предвидува значително заострување на казнената политика, проширување на можностите за конфискација на имот, воведување нови кривични дела и построги санкции за сообраќајни, коруптивни и организирани криминални дејствија. Дел од одредбите ќе започнат да се применуваат од 1 февруари 2026 година, додека останатите осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“.Со законските измени се проширува институтот на проширена конфискација, при што судот ќе може да конфискува имот стекнат до пет години пред извршувањето на кривичното дело, доколку утврди дека истиот ги надминува законските приходи на сторителот. Оваа мерка ќе се применува за тешки кривични дела, дела против службената должност, јавните финансии, имотот, здравјето, половата слобода, како и за дела сторени во рамки на злосторничко здружение.Со измените се воведува ново кривично дело – злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално-експлицитна содржина. За неовластено споделување, изработка, измена или закана со вакви содржини се предвидува затворска казна од една до пет години, а во потешки случаи и до осум години. Доколку делото е сторено врз дете, казната се движи од три до десет години затвор, а за службено лице се предвидуваат уште построги санкции. Материјалите и уредите со кои е извршено делото задолжително се одземаат.Во делот на сообраќајот се заоструваат санкциите за безобѕирно управување со моторно возило. Возење под дејство на алкохол над 1,5 промили, дрога, екстремно пречекорување на брзината, возење во спротивна насока или организирање и учество во нелегални трки ќе се казнува со затвор од три месеци до три години, задолжителна парична казна и забрана за управување со моторно возило од шест месеци до десет години. Дополнително, се предвидува можност, а во одредени случаи и обврска, за одземање на возилото со кое е сторено делото, вклучително и при повторување на тешки сообраќајни прекршоци.Измените опфаќаат и заострување на одговорноста за злоупотреба на службената положба и овластување. За основниот облик на делото се предвидува затвор од шест месеци до три години, а за случаи со поголема или значителна имотна корист или штета, казните се движат до осум години затвор. Посебно се санкционира незаконско спроведување или изменување на постапки за јавни набавки, при што во случаи со имотна корист или штета од големи размери се предвидува затвор од четири до десет години.Промени се прават и кај кривичните дела поврзани со судир на интереси, несовесно вршење дискреционо овластување и пропуштање должен надзор, со зголемени казни во зависност од тежината на последиците. Дополнително, се прецизираат и заоструваат одредбите за организирање и учество во криминални групи и банди, со казни до осум години затвор за организаторите и со можност за ослободување од казна за припадник кој ќе ја открие групата пред извршување на кривично дело.Со измените се проширува и кривичната одговорност за експлоатација на деца, особено во случаи кога родител, старател или друго лице од користољубие го изложува детето на питачење. Во најтешките случаи, кога ќе настане тешка телесна повреда, сериозно нарушување на здравјето или асоцијално однесување, се предвидува казна затвор од најмалку десет години.Измените на Кривичниот законик се изгласани од Собранието, и покрај критиките од дел од опозицијата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqmhsc6a444o5aOEgpvH

Евроинтеграциите повторно приоритет: Расте довербата во ЕУ, се бара консензус дома

По долг период на стагнација и скепса, поддршката за членство на Македонија во Европската Унија повторно бележи значителен раст. Според најновото истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, дури 71 отсто од граѓаните го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ, што претставува зголемување од речиси 10 проценти во однос на минатата година.На презентацијата на истражувањата „Анализа на јавното мислење за пристапување во ЕУ (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски“, одржана во Собранието, евроамбасадорот во Скопје Михаил Рокас оцени дека земјата има целосна поддршка за членство, но дека клучниот предизвик останува внатрешното обединување околу евроинтегративниот процес.Според Рокас, за да се искористи актуелниот политички момент, неопходна е широка политичка и општествена согласност – од институциите и опозицијата, преку граѓанскиот сектор, до деловната заедница и младите. Тој нагласи дека иако дел од јавноста надворешните фактори ги гледа како главна пречка, внатрешниот консензус е пресуден за надминување на останатите бариери.„Ако постигнеме единство, пречките ќе се надминат. Не станува збор само за можност, туку за специфичен политички момент кој не може да се споредува со претходните години“, порача Рокас.Истражувањата покажуваат дека Европската Унија и понатаму е партнер со најголема доверба кај македонските граѓани. Забележлив е растот на поддршката кај младите, како и намалувањето на етничките и политичките разлики во однос на европската перспектива. Меѓу најважните приоритети што ги издвојуваат граѓаните се владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина.Директорот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, оцени дека зголемената поддршка е резултат на променетото јавно расположение и новите геополитички околности. Според него, во услови на зголемена неизвесност во глобалната политика, ЕУ се перципира како најстабилен и најдоверлив партнер.„Сè повеќе граѓани ја гледаат Македонија како дел од Западот. Во исто време, опаѓа бројот на оние што сметаат дека земјата веќе направила доволно и дека не се потребни дополнителни напори“, истакна Трошановски, предупредувајќи дека очекувањата за автоматска промена на условите за уставни измени се нереални.Податоците укажуваат дека европската интеграција повторно станува приоритет за мнозинството граѓани, вклучително и кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, што аналитичарите го поврзуваат со нивното доаѓање на власт. По години на дилеми и колебања, ЕУ-перспективата повторно се наметнува како доминантна насока за иднината на земјата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarym34l4jnhr0cr4Y6MGhf

Критика од Калајџиев за Маричиќ и СДСМ: Ако вредеа, немаше вака да завршат

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев со остра критика се огласи по изборот на Бојан Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со ваквите потези „си пука во нога“.„СДСМ си пука во нога; ако Бојан Маричиќ и сличните нешто вредеа, немаше да завршат вака!“, порачува Калајџиев.Изборот на Маричиќ за претседател на ДИК следи по неговата активна политичка кариера во рамки на СДСМ. Тој беше еден од клучните луѓе во периодот по 2017 година, прво како советник за евроатлански интеграции на тогашниот премиер Зоран Заев, а потоа и како главен технички преговарач со Европската Унија. Во 2023 година стана и министер за правда, функција која ја напушти по промената на власта и изборниот пораз на СДСМ.Маричиќ важеше за еден од најлојалните и најекспонираните кадри на поранешното партиско раководство, особено во процесите поврзани со Преспанскиот договор и евроинтеграциите, кои денес се предмет на силни политички поделби во јавноста.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryt77ev5v0d7d59kRp06P

Манасиевски тврди дека синдикатите блокирале значајно покачување на платите во администрацијата

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изнесе обвинувања на сметка на Сојузот на синдикатите на Македонија и неговиот претседател Слободан Трендафилов, тврдејќи дека тие одбиле предлог за зголемување на платите во администрацијата за 40 отсто во период од две години, на штета на работниците.Според Манасиевски, предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидувал значително зголемување на платите за административните службеници преку нов колективен договор, но истиот бил одбиен од раководството на ССМ. Како причина, тој наведува дека синдикалното раководство не сакало да го потпише новиот колективен договор, иако претходниот, потпишан со поранешната министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, веќе истекол.Манасиевски оцени дека со ваквиот потег, ССМ и Трендафилов ги оставиле работниците „на цедило“, обвинувајќи ги дека се политички мотивирани и блиски до СДСМ. Тој посочи дека Трендафилов, како што рече, е гласен кога СДСМ е во опозиција, но бил тивок во периодот кога таа партија била на власт.Во изјавата, Манасиевски истакна и дека ССМ досега не ги поздравила колективните договори во образованието и здравството, ниту зголемувањата на платите во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и центрите за социјална работа.„Лицемерието на ССМ и на Слободан Трендафилов е целосно разоткриено. Додека јавно зборуваат за грижа за работниците, во практика одбиваат конкретен предлог за зголемување на платите од 40 отсто“, изјави Манасиевски.Тој оцени дека актуелниот протест е политички мотивиран и дека зад него, како што рече, стои отворена поддршка од опозициските партии СДСМ и Левица, додавајќи дека целта не е подобрување на стандардот на работниците, туку нанесување штета на Владата и на државата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Разбојништво во Штип: 82-годишна жена тешко повредена во напад во сопствениот дом

82-годишна жена од Штип пријавила дека била жртва на брутален напад и разбојништво во својот дом, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 27 јануари 2026 година во 08:27 часот во СВР Штип, настанот се случил претходната вечер, на 26 јануари, околу 21:00 часот. Непознато лице, со употреба на физичка сила и подесен алат, насилно влегло во домот на жената и физички ја нападнало.Како последица на нападот, таа се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Клиничката болница Штип. Напаѓачот, по извршениот напад, ѝ одзел мобилен телефон и личен накит, по што се дал во бегство.Од МВР соопштија дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.z

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8rbk0brmvdnv4wziuyT

Бизнис агентка вработена во мобилен оператор присвоила мобилни телефони и оштетила компанија за околу 600 илјади денари

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во еден мобилен оператор, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во службата“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавената во периодот од март до септември 2024 година, во својство на бизнис агент, свесно и со умисла присвоила осум мобилни уреди кои ѝ биле доверени во рамки на службените обврски.Таа, како што информира МВР, на менаџерот во Гевгелија му прикажувала дека ќе склучи бизнис-договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран, при што мобилните уреди требало да им бидат доделени како субвенција за направени активации и обнови на договори. Наместо тоа, уредите биле присвоени.Дополнително, при редовните месечни пописи во продажниот салон во Гевгелија, свесно било прикривано дека недостасува трговска стока, со што на оштетеното правно лице му била причинета имотна штета во износ од околу 600.000 денари.По целосно документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања