2 нед.
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Почната е постапка за обезбедување на 150 електрични автобуси, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со што посебно за Скопје заедно со другите проекти како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето. „Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, онаму каде има организиран, којшто ќе биде еколошки. И токму таа е целта на набавка на овие 150 еколошки автобуси коишто се на електричен погон, користат исклучиво енергетско напојување кое за животната средина нема штетно влијание. Постапката е веќе почната, средствата ќе ги обезбедиме од влада со влада стратешкото партнерство со Унгарија, во најголем дел, а помал дел обезбедени од буџет под услови подеднакво доби како што претходно беше и оној прв договор за кредитно задолжување со Унгарија“, потенцираше премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Биљана Кузмановска. Премиерот Мицкоски појасни дека овие 150 автобуси ќе бидат распределени во сите општини во кои има организирано јавен градски превоз, односно Град Скопје ќе добие 100, а останатите општини ќе добијат 50 автобуси. „Конкретно во Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето, тука ќе го споменам и Градскиот воз чија што прва делница сега се прави, а потоа ќе следат втората и третата, и очекувам заедно со БРТ системот и новите проекти во делот на гасификацијата, односно когенерацијата, заедно со производство на електрична енергија и топлина во периодот кој следи драматично да се намали аерозагадувањето. Ова се конкретни потези, сме ги лоцирале точките и работиме и ќе треба време. Процесот е почнат, обезбедено е финансирањето под услови исти како што имавме со претходниот заем, три години грејс период, каматна стапка од 3,25% минимум за останатиот период до 15 година отплата во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада. Следи процедура и набавка на овие 150 автобуси и нивна распределба“, нагласи премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски воедно истакна дека оперативните трошоци ќе бидат драматично намалени, ефектот е повеќеслоен, позитивен за аерозагадувањето, односно нема да има, но исто така позитивен ќе биде во делот на одржување на истите.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
puska

Кривична за битолчанец кој се заканувал по живот, при претресот му нашле воздушна пушка и муниција

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (48) од село Пресил, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.На 10 декември 2025 година, во село Житоше, прилепско, пријавениот упатил закани по животот на едно лице. Следниот ден, при претрес кај него, била пронајдена и одземена воздушна пушка и муниција.Против пријавениот ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryf0kvmtho6u34fIkg00K

Преку Советот на Скопје, 117 лица добија функции по одбори, Цаневска вели “изгласани се без дa ги видиме биографиите”

На денешната седница, градските советници дискутираа, а потоа и разрешија и именуваа в.д. членови на надзорни и управни одбори на јавни претпријатија и установи, и тоа без да располагаат со какви било информации за нив. Станува збор за 117 лица, од кои околу дваесетина веќе биле дел од одборите во претходниот мандат.Советниците требаше да гласаат единствено за имињата, бидејќи не им беа доставени биографии со кои би можеле да ја проценат професионалната подготвеност на кандидатите за задачите за кои се избрани. Но тоа не ги спречи членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ и од партиите во нивната коалиција да ги изгласуваат предлозите.Биографиите на избраните членови биле доставени до надлежните комисии на Град Скопје, но не и до советниците, бидејќи содржеле лични податоци. Ова објаснување, не беше прифатено од советниците на опозицијата.„Денес треба да гласаме за 117 членови на управни и надзорни одбори, а ние не знаеме кој се тие, освен нивните имиња. Не бараме матични броеви или број на кондури, туку сакаме да знаеме какво образование имаат и како можат да придонесат во работата на претпријатијата и установите. Бараме да видиме дали се стручни и да ги имаме нивните биографии,“ изјави координаторката на советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска.Таа потсети дека Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања ветувал транспарентност, но она што се случува сега е целосно спротивно на тоа.Советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу посочи дека е незаконско именувањето на в.д. членови на одборите, дека во законот е наведено во кои случаи тоа се прави.Но, за градоначалникот сѐ е според закон. „Станува збор за лица за кои биле доставени биографии за сите в.д членови на надзорни одбори. Целта на ваквото постапувања, кое е целосно законско, е да не блокираат јавните претпријатија и да бидат коректори на директорите“ – рече градоначалникот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

„Макам-транс“ попладнево на итен состанок: ќе одлучува дали најавите на ЕК се доволни за повлекување на камионите од границите

По четири дена блокади на граничните премини кон Шенген-зоната, стигнаа првите сигнали за решение од срцето на Европа. Европската комисија денеска ја усвои новата стратегија за визи која конечно ги препознава возачите на камиони како „професионалци“ и нуди поголема флексибилност за нивниот престој во ЕУ.Вицепремиерот Александар Николоски преку социјалните мрежи ја потврди веста, нарекувајќи ја „одлична“ за македонската економија. Потпретседателката на ЕК, Хена Виркунен, истакна дека иако правилата од 90 дена остануваат, во рамките на новата стратегија се работи на олеснувања за специфични професии како што се возачите, уметниците и спортистите.„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме по силната офанзива“, порача Николоски.Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево е на итен состанок на кој треба да пресече – дали овие најави се доволни за камионите да се повлечат од границите.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9cbnbctgiud26ZSco8h

Мицкоски за тужбата на Села до Уставен: Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина

„Граѓаните без исклучок сакаат да имаат помалку сообраќајни незгоди, и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Лага е дека „Безбеден град“ има етничка заднина, за сега е имплементиран во Скопје, Куманово, Тетово и по коридорите 8 и 10. Анализите покажуваат дека три четвртини од прекршоците се направени во Скопје, но истовремено покажуваат и дека оние 110-150 илјади прекршоци, во овој тест период се намалени на 7-8 илјади“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во Собрание, прашан за тужбата поднесена од Зијадин Села до Уставниот суд за проектот „Безбеден град“.„Некои работи едноставно и искусни политичари како Зијадин Села дали намерно, свесно или несвесно се обидуваат да ги направат такви да не соодветствуваат со реалноста. Мислат дека ако излезат во јавноста со пораки, дали биле против една етничка група, во насока на друга етничка група, ќе добијат политички поени, а на тие поени и некаков политички легитимитет. Но, фактите го зборуваат спротивното, колку повеќе има вакви настапи, толку повеќе назадуваме во политиката и помалку поддршка се добива од граѓаните“, истакна Мицкоски кој посочи на огромната јавна поддршка на проектот.„Кога ќе ги прашате граѓаните при организирање на анкети, јавно мислење, акламативно, повеќе од 80 проценти го поддржуваат. Повеќе од две третини од Албанците го поддржуваат. Затоа мене не ми е јасно кому му се обраќа подносителот на тужбата во Уставен суд, човек којшто со децении е присутен на политичката сцена. Елементарно е во политиката, ако не знаете што да направите, направете мерење на граѓаните да слушнете јавно мислење, што мислат. Па потоа влегувајте во било какви авантури. Статусот во моментов е тој, 80 проценти од граѓаните го поддржуваат. Дали тој ќе продолжи и во кој интензитет ќе се зголемува или намалува-ќе видиме. Но, ние сме свесни со сиот ризик само со една цел влегуваме во проектот, а тоа е да спасиме човечки живот повеќе. И друг мотив нема“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryre29coii7p2e97pM6lB

Лице со употреба на сила украло личен накит од 65-годишен скопјанец на автобуска во Центар

Денеска, 29 јануари 2026 година, околу 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р. (65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Центар, едно лице со употреба на физичка сила му одзело личен накит.Се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryt1lu19thbbdm5mybMaw

По безбеден град ќе има безбедна земја: Мицкоски најави новини

Мицкоски откри дека следна фаза, по „Безбеден град“, ќе биде проектот „Безбедна земја“„Следува следната фаза, „Безбедна земја“, со којшто границите ќе ги обезбедиме, ќе имаме систем за рано детектирање на пожари, да ги најдеме виновниците коишто прават таков тип на хибридни напади врз државата и врз граѓаните, веднаш да ги детектираме и извадиме пред лицето на правдата. Систем со којшто криминалците нема да ни бегаат преку граница откако ќе сторат криминал, туку ќе бидат веднаш препознаени, фатени, санкционирани и однесени таму каде што треба да бидат. Тоа е суштината на одговорна Влада. И тоа се храбри потези во политиката. Не се храбри потези уставни измени или на сила менување имиња. Ова е храбар потег, којшто ќе донесе квалитет во животот на граѓаните и ќе спаси човечки животи, тоа е храбар потег по цена и на политичка штета. Тоа се храбри и истовремено државнички потези“, потенцираше Мицкоски којшто упати и пораки до политичарите. „Ги молам сите политичари за одговорно однесување кога станува збор, особено за проектот „Безбеден град“. Тој нема никаква етничка припадност, целта е да спаси човечки живот и да го намали ризикот од сообраќајни незгоди со фатални последици“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynrobr0iub9jjewyTFSX

Шок во Грција – дедо од 89 години возел по брзата лента во спротивен правец, па си продолжил како ништо да не било

Полицијата уапси 89-годишен маж кој, според обвинувањата, се движел во спротивна насока по главен автопат во северна Грција околу 10 километри, користејќи ја брзата лента и дури не застанал откако друг возач направил сообраќајка со автомобилот за да го избегне.Инцидентот, според полицијата, се случил рано попладне во среда во близина на градот Верија. Полицијата соопшти дека 50-годишна жена се здобила со повреди кои не се опасни по живот кога со автомобил удрила во централната преграда на автопатот Егнатија за да избегне судир со возилото што доаѓало од спротивен правец.89-годишниот возач се соочува со обвиненија за неодговорно возење, причинување повреди од небрежност и прекршување на правилата за автопат.Тој бил уапсен откако го напуштил автопатот.Според пријавите, на полицијата ѝ рекол дека не ја забележал несреќата и ветил дека ќе престане да вози.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Филипче најави тужба за Жан: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
tepa-dete

Го тепал малолетниот син, па го избркал од дома

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С. (49) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.На 29 декември 2025 година, пријавениот физички го нападнал својот малолетен син и го избркал од домот во Куманово.Против него ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
mobilen-telefon

72-годишна штипјанка жртва на телефонска измама, и одзеле 2600 евра

На 28 јануари 2026 година, во 13:53 часот, 72-годишна жена од Штип пријави во СВР Штип дека била измамена за 2.600 евра.Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар, тврдејќи дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници, поради што итно требало да се оперира, додека нејзиниот зет давал крв. Жената, убедена во приказната, го оставила договорениот износ на назначеното место, но подоцна сфатила дека станува збор за измама.Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
na-delo-768x443

Додека крадел вработена се обидела да го спречи, па ја нападнал

На 26 јануари 2026 година околу 21:00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К. (37) од струшко, со привремен престој во Скопје.Според пријавата, околу 18:00 часот истиот ден, тој во еден продажен објект во Скопје одзел производи и физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против осомничениот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvpn1lqahtmul8poa3Iz

Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што ги оцени, „одлични вести“ во врска со долгогодишниот проблем на македонските превозници поврзан со престојот и работата во земјите од Шенген-зоната.„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е токму она што го баравме“, порача Николоски, наведувајќи дека по протестите и интензивната дипломатска активност во изминатиот период, Европска унија ќе донесе нова визна стратегија.Според него, новата стратегија за визи ќе значи системско решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи од Македонија, кои досега беа третирани како туристи и ограничени со правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена.Николоски изрази благодарност до, како што рече, пријателите на Македонија кои помогнале во процесот за изнаоѓање решение, нагласувајќи дека станува збор за важен чекор за транспортниот сектор и за економијата во целина.Очекувањата се дека новата визна стратегија ќе овозможи појасен и поправеден статус за професионалните возачи, со што ќе се олесни нивната работа и ќе се избегнат блокадите и штетите кои во изминатиот период ги трпеше целиот регион.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
siluvanje-1-640x432-163518

Од 20 до 40 години се осомничените силувачи на 13-годишното девојче од неготинско - сите се во притвор

На 28 јануари 2026 година, полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода четири лица од неготинско село – на возраст од 20, 22, 26 и 40 години.Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ врз 13-годишна малолетничка, казниво по член 188 од Кривичниот законик.Лицата биле задржани во полициска станица, а потоа спроведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Кавадарци, кој им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По донесената одлука, осомничените се спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денеска истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино укинување.„Сметаме дека е повторно политички трик да се дозволи власта да протне закон со којшто техничката влада формално ќе остане во следниот изборен циклус, а потоа ќе се укине. Ние изнесуваме аргументи и факти зошто техничката влада мора да остане, затоа што условите за нејзино укинување едноставно не се созреани“, изјави Филипче.Тој потсети дека причините поради кои техничката влада беше воведена во 2015 година и денес постојат, па дури и во поизразена форма.„Злоупотреба на институциите постои и сега, ако не и побрутална. Па ја видовме за време на локалните избори, злоупотреба на полицијата, на социјалните служби. Така да, едноставно општеството повторно како и тогаш што беше ситуација, не е зрело да се укинува техничката влада. И нема потреба.“, нагласи Филипче.Укинувањето на техничката влада може да се случи само врз основа на широк политички консензус, а не преку наметнување на еднострани решенија.„Ако е донесена со консензус, нека се укине со консензус. Значи, вистински, фер, политичка комуникација, третман, е да како нешто било договорено, така да продолжи и понатаму “, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

ВМРО-ДПМНЕ ја критикува предлог-мерката на Филипче за минимална плата од 600 евра како популистичка и нереална

Прес-конференцијата на Филипче е доказ за коалицијата меѓу СДС, Левица и ССМ. Дополнително, ниту има технички спремен Закон, ниту има предлог решение како би го спровел овој Закон, ниту пак знае колку финансии би биле потребни за овој Закон што го предлагаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Венко Филипче.„Навистина е срамно, лицемерно и некоректно од Филипче и СДС, да излегуваат со популистичка мерка – 600 евра минимална плата, но на следното прашање – тој нема одговор.Човекот кој има вила во Нерези, стан во Дубаи, Ауди на поклон од фирма која и доделил тендер, земјиште со фотоволтаици во Дојран, фирми на негово име и на членови на неговото семејство, кој не успеа да се справи со КОВИД кризата и енергетската криза, дели памет што требало да се направи за граѓаните.Нејсе, граѓаните навремено ја прочитаа нечесната намера на Филипче и СДС, затоа и се партија со 130.000 гласови. Доброто за граѓаните е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се покачуваат платите и пензиите, се работи на инвестиции и подобар и поквалитетен живот за граѓаните“, се вели во реакцијата

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
655-402-bebe

Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува на 10 000 денари

Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска  поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари.„Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски.Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library433ktv80uamrbhpEAQf

Филипче: СДСМ предлага минимална плата од 600 евра и замрзнување на платите на функционерите

Во повеќе наврати досега разговаравме, разговарвеме, укажувавме на потребата да се излезе во пресрет на барањата на работниците. На крајот на 2024 година поднесовме предлог Закон за зголемување на минималната плата, меѓутоа тогаш тој закон од власта беше одбиен, вели лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.„Имајќи ја предвид се потешката економска состојба во која работниците живеат, драстично намалениот животен стандард, имајќи го предвид порастот на цените, растот на цената на струјата други трошоци повеќе компоненти од тоа што претставува трошок во синдикалната кошничка, ние подготвивме нови законски решенија кои што ќе ги поднесеме во Собранието. Прво Предлог на Закон за измени на законот за минимална плата при што предлагаме зголемување на минималната плата во вредност од 600 евра во нето износ, како и замрзнување на платите на функционерите.Со оваа одржуваме континуитет на нашите политики од време кога СДСМ ја водеше владата кога платите, минималната, просечната растеа во континуитет, дури и во  ситуација на многу тешки кризи, а истовремено ги поддржуваме барањата на работниците и Сојузот на синдикати коишто беа вчера изнесени во јавноста.Отворени сме за соработка ги повикувам претставниците на Сојузот на синдикати доколку имаат предлози, сугестии да имаат увид прво овој предлог-закон и доколку имаат некои сугестии така да ги поднесеме. Тука сме како одговорни политичари, како одговорна политичка партија, да покажеме грижа, за да покажеме солидарност да излеземе во пресрет на вистинските реални потреби на работниците.Не може да има пари за тендери на оваа тендер коалиција, не може да има пари за непотребни трошоци, а да нема за тоа што вистински треба, а тоа е за стандардот на граѓаните.Потрошувачката кошничка и цените растат, инфлацијата исто така, таа го јаде сериозно стандардот. Ние денес имаме практично најниска минимална плата во регионот. Пораснаа платите и во Албанија и во Србија и во Косово и во Црна Гора, само кај нас тоа не е случај, владата едноставно досега не води никаква грижа.Само уште еден аргумент за младите коишто секако иднината ја гледаат надвор од земјата, сметам дека тоа треба да се запре.Во времето на нашето владеење се практично и повеќе од дуплираше минималната плата, скоро се дуплираше просечната плата од 22.000 на 42.000 денари, минималната посилна од 8.000 на 22.000 денари, и ние не се залагаме само за зголемување на платите туку за достоинствен живот, тоа што нашите граѓани нашите работници навистина го заслужуваат.Сметам дека имајќи ја преди целата ситуација, сметајќи дека ова се темели на реални параметри, реална потреба на работниците, овој пат за разлика од минатиот пат кога предлог-законот беше одбиен сега власта ќе го прифати“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Николоски: Правиме силен меѓународен притисок да се реши проблемот со превознциите, очекувам ЕК да излезе со решение

Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната  економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање.“ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а тоа е да се одложи овој систем за една година, па во овој период да се бара решение. Третата варијатна е да секоја земја членка на Шенген зоната издава работни визи за транспортерите, нешто што сега го прави Швајцарија или четврто решение кое Европската Комисија би го понудила”- рече вицепремиерот Николоски.Немање решение на проблемот ќе биде сериозен удар врз транспортните компании имајќи предвид дека просечно во текот на годината тие имаат околку 240  до 250 работни денови, истакна Николоски и потенцира дека ова ќе има влијание и врз извозот во Велика Британија како втор трговски партнер на Македонија, односно ќе се запре или драстично намали ланецот на снабдување.“ Ние за оваа работа реагираме цела година. Претседателот на Владата имаше директни разговори со претседателката на Европската Комисија, исто така министерот за надворешни работи, исто така и јас разговарав во Брисел со Комесарот за транспорт, со Директорката за транспорт и мобилност, но за жал во тој момент не се најде решение и еве ескалира ситуацијата. Сега се обидуваме да помогнеме колку што можеме. Вчера бев во официјална посета на Загреб каде разговарав со потпретседателот на хрватската Влада и благодарен сум затоа што  покрај заедничкото соопштене од вчера, денеска излезе на прес конференција и побара Европската Комисија да го реши овој проблем и целосно застана на наша страна. Исто така имав средба со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, како и  средби во Саборот. Понатаму разговарав три пати и со министерот од Грција со кои ги споделивме овие идеи затоа што и тие се директно загрозени, а во Бугарија без разлика што Владата е во оставка, досегашниот потпретседател на Владата и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, јавно излезе и побара Европската Комисија да го реши овој проблем”-истакна Николоски.Решението на проблемот е упатен до Европската Комисија, додаде вицепремиерот бидејќи прашањата на визината политика во рамки на Шенген зоната е целосно препуштено на Европската Комисија.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryp3jqv8c8ms6qeY3Znti

Филков: Криумчарењето на мигранти е сериозен предизвик, финансиските истраги и меѓународната соработка клучни

Министерот за правда Игор Филков денеска учествуваше на настан посветен на новиот Пакет за миграција и азил, организиран од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија.Во своето обраќање, министерот  истакна дека криумчарењето на мигранти е еден од најбрзо растечките облици на организиран криминал во светот – сериозен безбедносен и хуманитарен предизвик со кој ниту една држава не може да се справи сама.Република Македонија ги има ратификувано сите релевантни меѓународни инструменти, вклучително и Протоколот на Обединетите нации против криумчарење на мигранти. Сепак, клучниот предизвик останува доследната примена на стандардите и зајакнувањето на меѓународната соработка.,,На национално ниво, значајна е улогата на надлежните органи во откривањето, гонењето и пресудувањето на овој вид криминал. Неопходно е криумчарењето на мигранти да се третира преку инструменти карактеристични за борбата против организираниот криминал. Во тој контекст, пристапот „следи ги парите“, поддржан со ефикасна меѓународна соработка, е од суштинско значење, особено имајќи го предвид растечкото влијание на современите технологии врз начинот на извршување на овие кривични дела. Затоа, финансиските истраги насочени кон криминалната инфраструктура претставуваат клучен сегмент во борбата против овој феномен”, рече Филков.Во таа насока, министерот информираше дека Министерството за правда активно работи на подготовка на нови системски закони, при што во новиот Кривичен законик и во работната верзија на Законот за кривичната постапка се инкорпорирани најновите меѓународни стандарди, особено во делот на финансиските истраги, процесните права и заштитата на жртвите.Тој посочи и на зголемениот обем на меѓународна правна помош во последните години, при што во 2024 година биле заведени 46 предмети за кривичното дело „Криумчарење на мигранти“, а во 2025 година – 56 предмети, најчесто со европски држави, што ја потврдува интензивната меѓународна соработка во оваа област.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања