2 нед.
media-library8gvdlab8ilmu5J8xzeN

Големо свлечиште во Сицилија – градот под закана, војската интервенира

Во сицилијанскиот град Нисеми состојбата и натаму е критична поради големото свлечиште предизвикано од циклонот Хари, додека дождот продолжува да паѓа. Свлечиштето, кое поместува цел рид, останува активно, поради што безбедносната црвена зона од 150 метри мора да се прошири кон центарот на градот. Шефот на Цивилната заштита, Фабио Чичилијано, ги смири граѓаните, тврдејќи дека центарот на градот е апсолутно безбеден, додека обемот на катастрофата го спореди со свлечиштето во Вајонт – станува збор за околу 350 милиони кубни метри поместена земја.Ситуацијата дополнително ја комплицираат политичките тензии. Министерот за цивилна заштита, Нело Музумечи, го отфрли предлогот на локалните власти средствата за санација да се користат од изградбата на Мостот над Месинскиот теснец, обвинувајќи ги општинските власти за пропусти. Опозицијата остро го нападна министерот, барајќи извештајот за состојбата наместо него да го поднесе премиерката Џорџија Мелони. Од М5С и други партии велат дека средствата за борба против хидрогеолошката нестабилност постоеле, но за Нисеми не бил побаран ниту еден евро. Градоначалникот Масимилијано Конти возвраќа дека документацијата е уредно поднесена и дека напорите на локалните власти се фокусирани на итна помош за граѓаните.Меѓутоа, во градот пристигна и војската за да започне итни градежни работи. Бригадата Аоста гради обиколница за обезбедување на сообраќајна поврзаност на населбата, додека инженериските единици ги претвораат полските патишта во пристапни сообраќајници за да се спречи изолирање на градот.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
al-pacino-1000x600-1

Ал Пачино номиниран за најлош актер поради овој филм: „Беше катастрофа“

Ал Пачино во својата автобиографија „Сони Бој“ отворено зборува за тоа дека некои филмови од неговата долга и успешна кариера завршиле како целосен неуспех.Како што истакнува, овие проекти не ги прифатил поради финансиски причини, туку затоа што во тој момент верувал во нив. За разлика од улогите што актерите понекогаш ги избираат исклучиво за хонорар, Ал Пачино тврди дека во тој период од кариерата одлуките ги носел воден од убедување дека приказните и идеите се квалитетни и имаат потенцијал да бидат успешни.Најдрастичен пример за промашување е трилерот „88 минути“, кој тој без околкувања го опишува како „целосна катастрофа“. Во книгата наведува дека по успехот на филмот „Океанови тринаесет“, следел проект кој се покажал како голема грешка. Во тоа остварување Пачино глумел форензички психолог чии живот е во опасност, но филмот не бил добро примен ниту од публиката, ниту од критиката.Во истиот период снимил и филмот „Праведно убиство“, во кој глумел заедно со Роберт Де Ниро, а кој исто така не ги исполнил очекувањата. Поради овие улоги, Пачино дури бил номиниран за наградата Рази за најлош актер, додека критичарите и двата филма ги оцениле исклучително негативно.Славниот актер зборува дека парите немале никаква улога во неговата одлука да прифати овие проекти. Како што пишува, тогаш сметал дека е финансиски обезбеден и дека може да си дозволи да избира улоги исклучиво врз основа на личен чувство и вера во сценариото.На крај признава дека погрешно го проценил потенцијалот на овие филмови, но додава дека овие искуства му послужиле како важна лекција, иако денес на нив се навраќа со одредена нелагодност.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarym5cteoja6at36ZHBVqe

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали се планира отворање на вакви центри за услуги во сите градови низ државата  и кои конкретни услуги ги нудат овие центри.„Министерството за дигитална трансформација е релативно ново, но за периодот откако е формирано постигна високи резултати и воспостави стандарди кои навистина недостигаа во Македонија. Брзата реализација на стратешките активности, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето, се доказ дека вистински реформи се можни кога се има визија и одговорност кон граѓаните, а оваа Влада го поседува токму тоа. Министерството за дигитална трансформација постои краток период, но постигна многу. Воведе нови дигитални услуги достапни за сите граѓани, ги скрати административните процедури и времето на чекање, работи на зајакнување на сајбер безбедноста и заштита на податоците, а исто  така воспостави механизми на координација меѓу институциите итн. Она што мене ме интересира а и многу голем број на граѓани се новоотворените центри за услуги во неколку градови во државата, за коишто јас лично сметам дека се одлична новина, но и дека е потребна поголема промоција, за што голем број граѓани не се запознаени и се уште не знаат дека со посетата на еден ваков центар ќе добијат брзи, ефикасни и транспарентни административни услуги, сето тоа на едно место. За нив тоа значи повеќе време, помалку бирократија, а повеќе функционалност и доверба. Дали планирате вакви центри за услуги во сите градови во Република Македонија и дали може да не запознаете конкретно какви услуги нудат овие центри?“, праша Христова.Христова се осврна на наследената тешка финансиска состојба од претходната власт и истакна дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ е извршена консолидација на буџетот и е забележан економски раст над очекувањата на меѓународните институции. Во таа насока, второто прашање беше упатено до  министерката за финансии и праша за тоа што може да се очекува на финансиски план во тековната 2026 година.„Како пратеници кога го започнавме нашиот мандат, од првите моменти, беше соочувањето со финансиската состојба во нашата држава, односно каква државна каса наследивме од претходната ненародна влада, која имаше многу други приоритети, само не интересите на граѓаните. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт наследивме испразнет буџет, уште во месец јули, а пари во истиот требаше да има до месец декември. Со голема посветеност и труд успеавме да се консолидираме и да бележиме неколку квартали раст на БДП, дури и над 3%, т.е. дури подобро и од проекциите на меѓународните институции. А тоа е јасен сигнал дека владините политики функционираат и даваат резултати. Со консолидиран буџет, со фокус на раст и инвестиции, успеавте да ја стабилизирате економијата. Моето прашање е што може да очекуваме на финансиски план во тековната 2026 година?“, праша Христова.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Tomovski-17.06.2022

Томовски: Во план е заедно со Град Скопје да ја модернизараме жичницата до Водно

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа се осврна на идејата за обновување, а воедно и модернизација на жичницата до Водно.  Тој истакна дека наместо претходно планираната траса од црквата Свети Јован кон Средно Водно,  се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно, бидејќи како што вели, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.„Доколку сакате вие да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација“, вели Томовски.Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.„Во текот на утрешниот ден имаме состанок на двете теми, со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски , ќе ги разговараме двете теми, пвоторно ќе бараме начин на финансирање и средства од каде можат да се обезбедат тие средства“, додаде Томовски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylbse3glb0lk30ng2gdN

Томовски: Службата за општи и заеднички работи континуирано работи во интерес на граѓаните и државата

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, и се осврна на некои работи со кои во моментов се занимава СОЗР, како легализација на имот на државата, реновирање на Клубот на пратеници, реновирање на вилите во сопственост на државата. Томовски вели дека направена е целосна реорганизација во институцијата, уште на самиот почеток, вработени се поголем број на луѓе, затоа што истата претходно работела под минимумот, и како што вели, вработените се задоволни.„Заедно со истите тие вработени ние успеавме да го легализираме имотот на државата. Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Вилите Водно 1 Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака“, истакна Томовски.Тој напомена дека следната недела на владина седница, е планирана и легализација на охридските вили кои исто така се дивоградба и се запоставени од таа причина.„Нема никаква реконструкција, реновирање или суштинска измена на истите, односно се оставени на забот на времето. Со помош на овие внатрешни вработени кои што денеска се задоволни, и со наша иницијатива и напор правиме исчекор“, посочи Томовски.Томовски ја спомена владината програма 1А, и кажа дека вилата Свети Стефан е планирано да се реновира целосно.„Во програмата 1А, која што е владина програма имаме предвидено за една од тие вили кои што се наоѓаат во Свети Стефан да ја реновираме целосно, а после тоа ќе носиме одлуки дали ќе ја реиздадеме, дали ќе ја користиме како државна вила. Ќе заклучиме заедно што е поисплатливо за државата“, вели Томовски.Тој истакна дека реновиран е и Клубот на органи на државната управа или Клуб на пратеници, при што истакна дека истиот се почесто се користи, а средствата од институциите не се излеваат во сали и хотели, туку, како што вели, гравитираат во рамките на државата и е поекономично.„Ние направивме едно реновирање на Клубот на пратеници, сериозно реновирање, бидејќи не беше реновиран подолг временски период. Во историја до сега, немало толку настани организирано и се почесто институциите го користат“, рече Томовски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Tanja-Karakamiseva

Каракамишева ќе го советува премиерот за човекови права и владеење на правото

Професорката Тања Каракамишева соопшти дека е ангажирана како советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.Во објава, Каракамишева истакна дека ангажманот го прифаќа со „голема чест и задоволство“, изразувајќи благодарност за укажаната доверба, која, како што наведе, е резултат на нивната повеќегодишна соработка.Според неа, станува збор за сериозна и одговорна позиција, имајќи предвид дека областа на човековите права и владеењето на правото ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот правен систем, како и меѓународната позиција на државата во оваа сфера.„Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото“, порача Каракамишева.Таа вети целосна посветеност, професионалност и конкретни резултати во извршувањето на новите обврски, нагласувајќи дека нејзиниот ангажман ќе биде насочен кон суштинско унапредување на оваа област.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп: Путин се согласи да престане со напади врз Киев и другите градови

„Особено го замолив претседателот Путин да не го гаѓа Киев и другите градови и населби. И тој се согласи. Морам да кажам, тоа беше многу убаво“, рече Трамп на брифинг за новинари, посочувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.Сепак, американскиот претседател не даде детали за тоа кога и на кој начин му го упатил барањето на Путин, ниту од кој датум би требало примирјето да стапи на сила. Неговите коментари следуваа по шпекулации дека Киев и Москва се договориле за привремена станка во нападите на енергетската инфраструктура, иако ниту една страна официјално не потврдила такво нешто.Меѓутоа, украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили во ноќта лансирале над 100 дронови врз Украина, со 18 потврдени удари во различни региони.Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија смета за неприфатливо примирје по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и непотврдени информации дека и руските и украинските сили добиле усна наредба за привремена обустава на напади на енергетската инфраструктура.Според про-кремљански блогер, руските војници добиле забрана за гаѓање на инфраструктурни објекти низ Украина, вклучувајќи ги Киев, термоцентрали, хидроелектрани и складишта за гас, нафта и гориво, со забрана која би траела до 3 февруари. Слична усна наредба, според украински медиуми, наводно била упатена и до украинските сили да не напаѓаат руска енергетска инфраструктура.Тие шпекулации се поврзуваат со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, на кои учествувале и САД. Financial Times пишува дека станувало збор за можно запирање на руските напади врз украински енергетски објекти во замена за воздржување на Киев од удари врз руските нафтени постројки и танкери, но некои украински извори предупредуваат дека конечен договор нема и дека евентуалната пауза би била краткотрајна.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
ljutkov

Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле.Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, кршењето на законите и последиците што веќе се мерат во судски спорови и финансиска штета.Главен проблем според Исмаил е свесното и системско кршење на Колективниот договор за култура. „Колективниот договор е донесен многу пред вашиот мандат, повеќепати беше оспоруван и секогаш потврден како уставен и легитимен. То сѐ уште важи и вие сте должни да го почитувате“, истакна пратеникот и додаде дека со доаѓањето на Љутков на функција започнало намерно саботирање на колективниот договор преку упатство од министерот со кое биле воведени незаконски пресметки на плати.„Со тоа упатство директно го прекршивте Колективниот договор. Ова не е политика, ова е правен факт“, рече Исмаил.Пратеникот посочи дека како резултат на ваквото постапување, во моментов има околу  800 тужби за пресметка на плати низ сите судови во Македонија, а дел од нив веќе се добиени во корист на работниците. „Речиси е извесно дека и останатите тужби ќе имаат ист исход. Прашање е дали сте свесен за штетата што ја нанесовте врз државниот буџет, штета која ќе биде поголема од онаа доколку Колективниот договор се почитуваше“. Опишувајќи ги состојбите во културата Исмаил се осврна и на случајот со Филхармонија кога на средина од конкурсот името на директорот беше јавно соопштено од коалицискиот партнер во Владата, а конкурсот се претворил во фарса.  Дополнително потсети дека во март минатата година над 3.000 работници во културата останаа без плата, што, како што нагласи е директна последица на неспособното и неодговорно раководење со Министерството за култура. Укажа и на фактот дека во два последователни буџетски циклуси се намалуваат средствата за култура, додека истовремено значително расте буџетот за НАТО.На крај, Исмаил своето обраќање го заврши со прашањето: „После сето ова останува само едно прашање – кога планирате да си поднесете оставка?“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylrb5mhoc9rj55RqAUqp

Поранешен заложник на Хамас ги опиша 498-те дена мачење и заробеништво

Поранешен израелски заложник, кој поминал речиси 500 дена во заробеништво во Појасот Газа, изјави дека враќањето на телото на последниот заложник оваа недела значи дека сите ослободени лица конечно можат „да здивнат и да започнат нов живот“, објави Би-би-си.Триесетгодишниот Саша Труфанов, инженер по електроника во компанијата „Амазон“, бил киднапиран на 7 октомври 2023 година за време на нападот на палестински вооружени групи. Неговата свршеница Сапир Коен, мајка му и баба му исто така биле киднапирани и однесени во Газа, но биле ослободени по повеќе од 50 дена. Труфанов бил пуштен на слобода во февруари 2025 година, по вкупно 498 дена заробеништво.Во своето прво меѓународно интервју, дадено за време на посетата на Лондон, Труфанов изјави дека враќањето на телото на Ран Гвили во понеделникот го означило крајот на заробеништвото за сите заложници. Тој опиша дека чувството било олеснувачко, но и долгоочекувано, додавајќи дека и по ослободувањето се чувствувал како сè уште да не излегол од Газа, бидејќи дел од неговите пријатели и „браќа“ сè уште биле таму. Моментот, како што рече, бил и горчлив, бидејќи истиот ден бил роденденот на неговиот татко Виталиј. Дури на денот на своето ослободување дознал дека татко му бил убиен на 7 октомври и дека никогаш нема да го пречека.Труфанов и Коен престојувале кај неговото семејство во кибуцот Нир Оз, во близина на границата со Газа, кога вооружени напаѓачи упаднале во нивните домови. Коен се обидела да се скрие под креветот, но и двајцата биле заробени. Труфанов бил претепан и прободен со нож во рамото, а подоцна, по краток обид за бегство, бил застрелан во двете нозе и удрен со кундак во главата, при што му била скршена черепната коска.По пристигнувањето во Газа, како што сведочи, бил тепан од цивили и мислел дека ќе умре. Во текот на заробеништвото добил минимална медицинска нега, а скршената нога најпрво му била имобилизирана со дрвена метла, а потоа со дел од метална решетка. Поголемиот дел од времето бил во целосна изолација и за речиси 500 дена само два дена видел друг заложник. Во почетокот бил држен во кафез со минимална количина храна, а подоцна бил префрлен во подземни тунели, каде што со месеци престојувал сам во мрачен, влажен и тесен простор, со чувство дека е жив закопан.Ова е првпат од 2014 година наваму во Газа да нема израелски заложници. За време на нападот на 7 октомври 2023 година беа киднапирани 251 лице, а убиени околу 1.200 луѓе. Израел потоа започна воена операција во Газа, во која, според податоците на тамошното министерство за здравство управувано од Хамас, загинале повеќе од 71.660 лица. Од почетокот на примирјето на 10 октомври 2025 година, убиени се најмалку 492 Палестинци и четворица израелски војници.Со враќањето на сите заложници, живи и загинати, треба да започне втората фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната. Планот предвидува трајно отворање на граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа, целосна демилитаризација на Појасот Газа, разоружување на Хамас и другите групи, воспоставување технократска палестинска власт и обнова на разурнатата територија.Труфанов смета дека тоа не е доволно и дека, покрај обновата, неопходно е да се стави крај на омразата и насилството. Тој моментално минува низ физичка и психолошка рехабилитација, по операцијата на ногата сè уште се движи со помош на патерици, но се надева дека за неколку недели ќе може да заигра на својата свадба со Сапир Коен, што го опишува како своја лична победа над стравот и омразата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library830mn8ibftej6nop7o3

Украинските сили уништија руски радар вреден околу 100 милиони долари

Украинските вооружени сили уништија модерен руски радарски систем од типот „Небо-СВУ“, чија вредност се проценува на околу 100 милиони долари, а во одвоени напади беа погодени и неколку руски контролни пунктови за беспилотни летала. Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека радарот бил погоден во близина на селото Лимаривка, во окупираниот дел од Луганската област, објави „Кијив пост“.Станува збор за радарски систем наменет за противвоздушна одбрана на копнените сили, кој руската армија го користи од 2017 година. Според украинските процени, една единица од овој систем чини околу 100 милиони долари. „Небо-СВУ“ се одликува со целосно дигитална обработка на сигналот, висока отпорност на електронско попречување и способност за откривање летала со намалена радарска видливост, со радарски одраз од 0,1 квадратен метар, на далечина до 100 километри.Според претходни информации објавени од „Дифенс експрес“, руската страна тврди дека радарот може да открива цели на далечина до 360 километри доколку летаат на височина од 20 километри. Тој домет се намалува на околу 270 километри за цели на височина од 10 километри, односно на приближно 60 километри за летала што се движат на височина од околу 500 метри. Истовремено се посочува дека, иако руските извори често ја нагласуваат теоретската способност на системот да детектира и летала со стелт-карактеристики, прецизноста на откривањето во тој радарски опсег е релативно ниска.Генералштабот на Украина информираше и за напади врз неколку руски контролни пунктови за дронови, лоцирани во близина на населбите Солодке, Ривнопиље и Новохрихоривка во окупираниот дел од Запорошката област, како и кај Пидстепне во Херсонската област. Во исто време било погодено и складиште за муниција во близина на Василивка, исто така во Запорошката област. Украинската војска ги потврди ударите и наведе дека обемот на руските загуби сè уште се утврдува.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0isa29qnifii7pTLcSC

Штерјова: Новите членови на Управните одбори со срамни стручни биографии а богати партиски сивија

Советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, која е член на Мандатната комисија, посочи дека е точно дека биографиите на новите 117 членови на управните и надзорнитр членови им биле поделени на членовите на Комисијата, но требало да ги добијат сите советници за да видат дека се работи за партиски кадри и дека местата се пополнуваат со луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и од другите коалициски партнери.„Кандидати за советници на листите на ВМРО ДПМНЕ во општините и во Градот Скопје, партиски членови, донатори на политичката партија ВМРО ДПМНЕ, фамилијарни врски со високи партиски функционери, цели партиски фамилии кои се вдомени во државни институции на високи позиции, се дел од предлозите.Дали овие лица се поставени таму за јавните претпријатија да служат за партиската агенда, а не за интересите на граѓаните? Како ќе објасните дека оваа кадровска понуда е водена од јавниот интерес?Со ова очигледно сакате да се оддолжите кон вашите членови од штабовите, срамни стручни биографии, наспроти богати партиски сивија”, рече Штерјова.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски тврдеше дека никогаш не одлучува партиски, дека сите се кандидати имаат професионално и стручно искуство, за кои уверува дека ќе ги решаваат проблемите во јавните претпријатија.„Јас никогаш партијата не ја ставам пред интересите на граѓаните”, рече градоначалникот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryp8ed9eim9t035cDPOfd

Муцунски во разговор со еврокомесарката Марта Кос: Во фокус економските предизвици и евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.Фокусот на разговорот беше ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес.Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија.Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library9jo4a0fgdo29bbik8lQ

Не застанал на наредба на полиција, па физички го нападнал полицаецот - кривична за маж од Пробиштип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П. (33) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.На 23 јануари 2026 година, пријавениот не ја почитувал наредбата да застане со возилото кое го управувал. По неговото запрено, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.Против М.П. ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7u4gdf6hkitpco2qyie

Нетфликс го објави трејлерот за новата криминалистичка трилер-серија за детективот Хари Хуле

Нетфликс го објави официјалниот трејлер за новата напната криминалистичка трилер-серија базирана на бестселерите на прочуениот норвешки писател Ју Несбе, која е наменета за љубителите на мрачни и психолошки комплексни детективски приказни. Серијата е инспирирана од култниот книжевен лик Хари Хуле и ќе ја има својата премиера на 26 март.Во главната улога на проблематичниот, но исклучително брилијантен детектив Хари Хуле се појавува Тобијас Сантелман, познат по улогата во серијата „Последното кралство“. Покрај него, во актерската екипа се и Џоел Кинаман, кој го толкува ликот на Том Велер, како и Пиа Тјелта во улогата на Ракел Фауке.Серијата, насловена „Jo Nesbo's Detective Hole“, се фокусира на сложениот карактер на Хари Хуле, лик чиј книжевен серијал е продаден во повеќе од 60 милиони примероци ширум светот. Приказната го истражува неговиот тежок однос со колега детектив кој тргнал по значително помрачен пат, при што централниот конфликт се развива меѓу Хари и морално контроверзниот Том Велер.Според официјалниот синопсис, Хари Хуле е измачуван инспектор за убиства кој се бори со сопствените демони, додека двајцата детективи дејствуваат на рабовите на етичноста во кривично-правниот систем. Во обид да фати сериски убиец, Хари мора истовремено да го спречи и Велер, пред последиците да станат непоправливи.Трејлерот веднаш ги вовлекува гледачите во хаотичен и опасен свет, започнувајќи со брутална сообраќајна несреќа, симболично отворајќи ја вратата кон секојдневието во кое функционира Хари Хуле. Иако исклучително способен во својата професија, ликот е прикажан како човек кој не е подеднакво успешен во приватниот живот, што дополнително ја продлабочува неговата психолошка димензија.Најавата беше пречекана со голем ентузијазам од обожавателите на делата на Ју Несбе, кои на социјалните мрежи изразија надеж дека серијата ќе биде достојна адаптација на книжевниот материјал и значително подобра од претходната филмска верзија „Снешко“. Многумина истакнаа дека изборот на актер за улогата на Хари Хуле целосно одговара на нивната претстава за ликот и дека серијата има потенцијал да стане едно од најдобрите телевизиски остварувања од овој жанр.„Jo Nesbo's Detective Hole“ на Нетфликс пристигнува на 26 март и веќе се најавува како една од најочекуваните криминалистички серии оваа пролет.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонските превозници вечерва, на 29 јануари, во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево Асоцијацијата „Макам-транс“, по одлуката на Европската комисија да донесе нова стратегија за визи, со која се најавува разгледување на проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.Со повлекувањето од блокадите, по речиси четиридневен застој, се очекува нормализирање на товарниот сообраќај на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, „Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“, „Блато“ и „Стење“. Од „Макам-транс“ преку објава на Фејсбук соопштија дека одлуката е донесена затоа што со стратегијата на ЕУ е добиена потврдата која ја очекувале за можни идни промени, при што упатија благодарност до сите кои, како што наведоа, во изминатите денови ја покажале својата поддршка и солидарност со блокадите.Блокадите започнаа на почетокот на неделава од страна на транспортери од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, со барање да бидат изземени од новиот систем за контрола на влез и излез во Европската Унија. Превозниците предупредија дека примената на правилото за престој од 90 дена во рамки на 180-дневен период во Шенген-зоната предизвикува економски штети и ризик од депортации за професионалните возачи.Новата стратегија на Европската комисија, иако во оваа фаза не носи конкретно решение, потврдува дека прашањето ќе биде предмет на понатамошно разгледување. Во документот се наведува дека Комисијата ќе соработува тесно со земјите-членки за изнаоѓање „прагматични решенија“ кои би овозможиле продолжен краткорочен престој за одредени категории државјани од трети земји, истовремено обезбедувајќи безбедност, економски придобивки и правна сигурност.Како можност се споменува и воведување ново законодавство на ниво на Европската Унија, со посебни правила за продолжен краткорочен престој, при што ќе се разгледа и влијанието на постојните билатерални договори што дозволуваат подолг престој, со цел нивно постепено укинување. Стратегијата признава дека одредени категории работници, меѓу кои и возачите на камиони, поради природата на својата работа зависат од мобилност и имаат потреба да останат подолго од дозволените 90 дена во рамки на 180-дневниот период, без обврска за дозвола за престој.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Bislimovski

Бислимоски: Нема да дозволам да се наруши мојот углед

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, изјави дека сите постапки за одземање лиценци во енергетскиот сектор се водат строго согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценцирање, без исклучоци и без повластен третман за ниту една компанија. Изјавата ја даде на денешната прес-конференција, откако утринава Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против него до Основното јавно обвинителство Скопје, за наводна злоупотреба на службената положба и овластување.Бислимоски нагласи дека во истиот период кога се водела постапката за компанијата која е предмет на јавен интерес, идентични постапки, со исти рокови и процедури, се воделе и за други компании, не само во секторот за нафтени деривати, туку и во секторот за електрична енергија. Според него, сите одлуки биле носени од сериозен и стручен тим во рамките на РКЕ.Тој потенцираше дека никогаш немало повластена компанија, ниту пак постапка спроведена спротивно на законската регулатива. Како што рече, РКЕ доследно ги применува истите правила во сите сегменти на енергетиката, а тоа е пракса која продолжува и денес, без оглед дали станува збор за електрична енергија, нафтени деривати или природен гас.Во однос на поднесената кривична пријава, Бислимоски изјави дека целосно ќе го следи процесот и дека на надлежните институции ќе им ги стави на располагање сите потребни информации. Тој изрази уверување дека во постапките нема прекршување ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање, додавајќи дека нема да дозволи, како што рече, да биде нарушено неговото лично и професионално достоинство.На прашањето дали зад пријавата стојат политички мотиви, Бислимоски одговори дека тоа е прашање за подносителите на пријавата и дека времето ќе покаже дали имало политички притисоци.Тој потсети дека РКЕ во изминатиот период била оценувана како едно од најдобрите регулаторни тела во рамките на Енергетската заедница, токму поради доследната примена на пропишаните процедури и постапки, кои, како што наведе, служеле како пример и за други институции во енергетскиот сектор.Во врска со наводите за спречено одземање лиценца и за рокови кои траеле до 15 месеци, Бислимоски појасни дека истите процедури се применувале за повеќе компании. Дел од постапките завршиле со одземање на лиценца, додека кај други, по утврдување дека не се исполнети законските услови, лиценците не биле одземени, и тоа во сите сегменти од енергетиката. Според него, во понатамошниот период ќе се докаже дека сите постапки биле спроведени законски и транспарентно.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Се сакарале за паркинг, па го прободеле со остар предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А. (58) од Гостивар, Б.З. (46) од село Равен, гостиварско и Г.М. (44) од село Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 4 декември 2025 година, во Гостивар, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, пријавените физички го нападнале А.А., при што еден од нив му нанел убодна рана со остар предмет.Против осомничените ќе следуваат соодветни правни мерки согласно закон.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Опаѓа бројот на заболени од грип, Андоновска предупредува: Ова не значи дека нема да има нов пик

Во текот на четвртата недела од 2026 година, кој што го опфаќа периодот помеѓу 19 и 21 јануари, во Македонија се пријавени 1708 случаи на заболување од грип и заболувања слични од грип, што е за 17,2% помалку во споредба со претходната недела, кога бројот беше 2062, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.„Во однос на возрасната дистрибуција, 1029 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 253 лица се на возраст над 65 години, 233 се децa на возраст помеѓу 5 и 14 години, 183 се деца на возраст помеѓу 0 и 4 години.Во текот на четвртата недeла во оваа сезона, 2026 година, како што гледате, продолжува трендот на намалување на бројот на заболени, инциденцата на заболување на слични на грип и е на неделно ниво, што значи според податоците што ги имаме во моментот во Македонија, има среден интензитет на активност на вирусот. Остануваат и понатака да важат нашите препораки, кои што ги даваме за лицата да се заштитат, да се избегнуват собирања во простории (каде што има повеќе лица или доколку има нужно, неопходна потреба да бидат во такви простории, лицата да носат маска, посебно да водат сметка, ранливите категории, постарите, повозрасни лица, над 65 години, хронично болните, децата, трудниците, посебно да внимаваат на сопственото здравје, да се избегнуваат контакти со заболени лица или оние кои што покажуваат никакви симптоми.Оваа сезона имаме регистрирани за сега три смртни случаи, а што се однесува до пикот, да приметувате дека имаме две недели намалување на бројките, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејки минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, може да е и последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново растење на бројките“, додаде Андоновска.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
siljanovska-davkova-2-1

Силјановска ги потпиша измените на Кривичниот законик и покрај забелешките од невладините

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, на денешната прес конференција изјави дека ги потпишала измените на Кривичниот законик и објасни зошто сметала дека истиот треба да се потпише.„Прво, она што ни е важно во моментот, а тоа е безбеден град, нема да може да функционира ако не е пропратено и со решенија, што значат санкционирање на сите повреди на она што во Законот за прекршоци беше воведено. Значи, овде гледаме дека има воведено кривични дела што се однесуваат на безбедноста. Второ, она што мене како жена многу ме засега и стално сум велела дека не можев да разберам како е можно кривичните дела врзани за полот, врзани за родот кои требаше да се процесуираат само на барање на повредените, сега се гонат по службена должност.Имам забелешки на делот околу кривичните дела врзани за злоупотреба на службата и јавните набавки, таму треба прецизирање, треба посигурни одредби, но морам да кажам дека интересно е да чуете од оние кои во 2023. година, повикувајќи се на компаративните искуства на Германија и други држави, не убедуваат дека е тоа скок во заштитата, сега да се повикуваат на враќањето на старите одредби кои за нив тогаш беа апсолутно неодржливи. А ние велевме дека решенијата од стариот закон, јас сумдискутирала, можете да ја пуштите мојата дискусија, се далеку поголема гаранција од измените.Значи, ги прифаќам овие измени само како транзициски за да може да имаме исчекор најмногу во поглед на санкционирањето на една од најтажните македонски приказни, врзана за злоупотребите во сообраќајот, тоа со жртви кои апсолутно не може да се толерира повеќе да се случуваат, во врска со заштитата на жените, бидејќи тоа ми е многу битно, во поглед на построгите критериуми, односно во поглед на подобро квалификуваните дела, врзани за злоупотребата на службената положба, но и јавните набавки, но и со една задршка и една забелешка дека ќе го толерирам ова само во пресрет на чекањето на новиот Кривичниот законик. Долго време се работи на него, според мене тој ќе биде клучен во судските реформи исто така и се надевам дека час поскоро треба да биде донесен. Само од тие причини јас го потпишам овој закон, по разговори со предлагачот, по разговори со владата и по барање гаранција дека на вистина ова нема да значи дека сме го решиле проблемот и нема да значи одолговлекување на носењето на новиот кривичен законик“, вели Силјановска.Освен тоа што кажа претседателката во изјавата им кажа на новинарите дека тоа што и СДСМ гласале за Кривичниот законик и што бројот на гласови е блиску до 80, двотретинско мнозинство е дополнителна причина за да стави потпис.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Почната е постапка за обезбедување на 150 електрични автобуси, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со што посебно за Скопје заедно со другите проекти како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето. „Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, онаму каде има организиран, којшто ќе биде еколошки. И токму таа е целта на набавка на овие 150 еколошки автобуси коишто се на електричен погон, користат исклучиво енергетско напојување кое за животната средина нема штетно влијание. Постапката е веќе почната, средствата ќе ги обезбедиме од влада со влада стратешкото партнерство со Унгарија, во најголем дел, а помал дел обезбедени од буџет под услови подеднакво доби како што претходно беше и оној прв договор за кредитно задолжување со Унгарија“, потенцираше премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Биљана Кузмановска. Премиерот Мицкоски појасни дека овие 150 автобуси ќе бидат распределени во сите општини во кои има организирано јавен градски превоз, односно Град Скопје ќе добие 100, а останатите општини ќе добијат 50 автобуси. „Конкретно во Скопје во насока на намалување на аерозагадувањето, тука ќе го споменам и Градскиот воз чија што прва делница сега се прави, а потоа ќе следат втората и третата, и очекувам заедно со БРТ системот и новите проекти во делот на гасификацијата, односно когенерацијата, заедно со производство на електрична енергија и топлина во периодот кој следи драматично да се намали аерозагадувањето. Ова се конкретни потези, сме ги лоцирале точките и работиме и ќе треба време. Процесот е почнат, обезбедено е финансирањето под услови исти како што имавме со претходниот заем, три години грејс период, каматна стапка од 3,25% минимум за останатиот период до 15 година отплата во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада. Следи процедура и набавка на овие 150 автобуси и нивна распределба“, нагласи премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски воедно истакна дека оперативните трошоци ќе бидат драматично намалени, ефектот е повеќеслоен, позитивен за аерозагадувањето, односно нема да има, но исто така позитивен ќе биде во делот на одржување на истите.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања