2 нед.
LDPlogo-620x360

Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат ЛДП

Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур  јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок.„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryve45g5au529bfaGJZi5

(Видео) Смртоносна зима во САД: најмалку 85 загинати, стотици илјади без струја

Најмалку 85 лица загинаа во САД, од Тексас до Њу Џерси, поради снежна олуја и екстремно ниски температури кои достигнуваа до -40 степени, соопштија американските власти. Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, дел поради хипотермија, а дел поради изложеност на јаглерод моноксид при користење на извори за топлина во областите без струја.Повеќе од 230.000 домови и претпријатија останаа без струја, а најголем број прекини се бележат во Мисисипи и Тенеси, со по околу 87.000 корисници без електрична енергија во секоја сојузна држава.Арктичкиот воздух се движи кон југот на САД, со прогноза за продолжување на ниските температури и снег во Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и североисточна Џорџија.Стотици припадници на Националната гарда се мобилизирани за чистење на снежните наноси и помош на заглавени луѓе, со распределување на оброци, гориво и други залихи.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarygll4uri96chk0icsHX5

Хрватска одлучи радиоактивниот отпад од „Кршко“ да го складира крај границата со БиХ: Сараево најавува тужба

Хрватска, по четири децении барање локација, донесе одлука својот дел од радиоактивниот отпад од нуклеарната електрана „Кршко“ да го складира на Трговска Гора, во непосредна близина на границата со Босна и Херцеговина. Станува збор за околу 1.200 кубни метри отпад што Хрватска треба да го преземе до 2028 година.Законот за складирање радиоактивен отпад е усвоен по итна постапка, иако Студијата за влијание врз животната средина сè уште не е завршена.Одлуката на Загреб предизвика обединет отпор во Република Српска и Федерацијата БиХ. Претставници на институциите, граѓани и еколошки организации оценуваат дека локацијата е неприфатлива и спротивна на европските конвенции.Координаторот на експертскиот и правниот тим за случајот Трговска Гора, Борислав Боиќ, изјави дека Босна и Херцеговина ќе покрене меѓународен спор доколку Хрватска продолжи со реализацијата на проектот.Еколошките организации укажуваат дека Босна и Херцеговина немала никаква корист од работата на нуклеарната електрана „Кршко“, а сега се соочува со потенцијални последици. Според нив, радиоактивниот и институционалниот отпад се лоцира на простор кој е директно поврзан со територијата на БиХ.Во општината Двор, каде што касарната Черкезовац е планирана како локација за складиште, живеат помалку од три илјади жители, од кои околу 70 проценти се Срби. Мештаните велат дека нивниот глас не бил земен предвид, а одлуката ја оценуваат како политичка.Локацијата Черкезовац е оддалечена воздушно околу два километри од Нови Град и Националниот парк Уна, што предизвикува загриженост за животната средина и туризмот. Локалните власти сметаат дека сè уште има простор проектот да не се реализира еднострано.Босна и Херцеговина ангажирала правен тим од Франција и случајот го подигнала на меѓународно ниво. Во мај, во Женева, пред Секретаријатот на ЕСПОО конвенцијата ќе се соочат аргументите на Хрватска и БиХ за и против изградбата на складиштето за радиоактивен отпад.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
popova-shapka

Попова Шапка со 39 сантиметри снежна покривка

Во изминатите 24 часа најмногу снег е измерен на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка достигна 39 сантиметри, а воедно таму е регистрирана и најниската температура од -3 степени Целзиусови.Минималните утрински температури на повеќе места низ државата се движеа околу нулата и под неа. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево беа измерени 0 степени, додека 2 степени се регистрирани во Радовиш – Пожар и Пожаране. Во Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани минималната температура изнесуваше 3 степени, а во Тетово, Прилеп и Берово 4 степени. Во Битола и Виница се измерени 5 степени, додека во Скопје, Кавадарци, Струмица и Штип 6 степени. Највисоки утрински температури се регистрирани во Гевгелија со 9 степени.Најмногу врнежи во изминатото деноноќие се измерени во Демир Капија со 14 литри на метар квадратен, по што следуваат Струмица со 13, Охрид со 12 и Берово со 11 литри на метар квадратен. Значителни количини воден талог се регистрирани и во Скопје, Крушево, Претор, Пожаране, Маврови Анови, Штип, Кавадарци и Прилеп.Според најавите, во наредниот период се очекуваат променливи временски услови со повремени врнежи, а на повисоките места и планините ќе продолжат снежните врнежи.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Претставниците на ДНП најавија оставки од функциите во Владата на Црна Гора

Претставниците на Демократската народна партија (ДНП) во Владата на Црна Гора, Милун Зоговиќ и Маја Вукиќевиќ, најавија дека ќе поднесат оставки на функциите во извршната власт. Ова вчера го соопшти Зоговиќ на прес-конференција.Одлуката следува по вчерашната седница на Владата, на која премиерот Милојко Спајиќ истакна дека прашањата за идентитетот и измените на Уставот припаѓаат на надлежност на Собранието, при што се повика и на документот „Барометар 26“.Претседателството на ДНП заседава денес напладне.Вукиќевиќ ја извршува функцијата министерка за сообраќај, а Зоговиќ е потпретседател на Владата задолжен за инфраструктура и регионален развој.„На вчерашната седница на Владата разменивме мислења во врска со нашата иницијатива, но премиерот истакна дека со овие прашања треба да се занимава Собранието на Црна Гора. ДНП ги презентираше своите барања, а денес на седницата на Претседателството подетално ќе разговараме и ќе поднесеме извештаи од седницата на Владата. Ќе бидат усвоени и заклучоци“, изјави Зоговиќ.Тој појасни дека иницијативите на ДНП се засновани на коалицискиот договор и се однесуваат на уставно нормирање на српскиот јазик како службен, законско нормирање на двојното државјанство, законско нормирање на историската тробојка, како и сеопфатен дијалог на Главниот град и Општина Зета со жителите на Ботун.„Имавме седница на Владата на која немаше можност за предлагање измени на дневниот ред, бидејќи премиерот зазеде таков став. Премиерот Спајиќ истакна дека смета оти со оваа иницијатива треба да се занимава Собранието, а не Владата, и дека ни дава некакво зелено светло и одреден степен на разбирање“, нагласи Зоговиќ.Тој додаде дека целта на иницијативата е надминување на долгогодишните поделби и отстранување на дискриминацијата која, како што наведе, е последица на поранешниот диктаторски режим.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq07m35ns3abqb43WnBV

Непознат маж без документи влегол во авионот на данската премиерка во Гренланд

Завршетокот на посетата на данската премиерка Мете Фредериксен на Гренланд беше одбележан со сериозен безбедносен инцидент на аеродромот во Нук.Според гренландскиот јавен сервис КНР, непознат маж, без какви било лични документи, успеал да влезе во владиниот авион со кој премиерката требало да се врати во Данска.Инцидентот се случил во петокот навечер, кога авионот се подготвувал за полетување. Според извори блиски до истрагата, мажот се појавил во терминалот за пристигнувања, тврдејќи дека патува со истиот лет како данската премиерка.Иако кај себе немал никаков документ за идентификација, аеродромскиот персонал му дозволил да помине низ безбедносната контрола, по што со службено возило бил превезен директно до авионот.Ситуацијата станала уште поневообичаена кога било откриено дека мажот претходно успеал да ја предаде и својата торба, која била уредно натоварена во авионот.„Мажот веќе имал торба во авионот и, според нашите извори, започнал да пребарува по полиците за багаж во внатрешноста на леталото. Дури тогаш екипажот реагирал, по што тој бил изведен од авионот и предаден на полицијата“, наведува КНР.Поради овој инцидент, премиерката Фредериксен не отпатувала со планираниот лет. Од Нук полетала дури во саботата околу три часот наутро, и тоа со друг авион.Управата на аеродромот во Нук одбила да даде подетални објаснувања за тоа како дошло до ваков пропуст, префрлајќи ја одговорноста на полицијата.Гренландската полиција го потврди инцидентот, но соопшти дека од безбедносни причини нема да изнесува детали ниту да ја коментира истрагата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library2gudmearmq218DemEoY

Завршена продажбата на еден од најголемите руски аеродроми

Подружницата на Меѓународниот аеродром Шереметјево „Перспектива“ го купи аеродромот Домодедово на аукција за 66,133 милијарди рубљи (околу 738 милиони евра), објави „Комерсант“.Продажбата беше спроведена како холандска аукција, со претходно објавена максимална цена.Потоа беше утврдено намалување на цената за 10 отсто, по што аеродромот беше продаден по минималниот износ.Првично беа поднесени пет понуди за купување на Домодедово, но три беа дисквалификувани, па на крајот во аукцијата, покрај Шереметјево, учествуваше само уште аеродромот Внуково.Руското Министерство за сообраќај соопшти дека е задоволно од резултатите на тендерот.„Од големо значење за транспортната индустрија е што искусен сопственик го презема управувањето со еден од најголемите руски аеродроми“, се наведува во соопштението.Аеродромите Шереметјево и Домодедово се наоѓаат во Московската област.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Rascistuvanje-odroni-Veles-2-1

Одрон на патот Берово–Струмица, магла со видливост до 70 метри на Тетово–Гостивар, возете внимателно

Сообраќајот на патниот правец Р-1302 Берово–Струмица, кај село Ратево, се одвива по направена девијација во должина од околу 50 метри поради поголем одрон.Намалена видливост поради појава на магла е евидентирана на патниот правец Тетово–Гостивар, каде видливоста е намалена до 70 метри.Според информациите, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.Од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, без оглед на моменталните временски услови.АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои зголемен ризик од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.Поради зимски услови, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynnr37fnr4bdp0HrLaJt

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места

Денес се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.Во наредните денови ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во некои пониски места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, со опаѓање на утринските температури и пораст на дневните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
49824796_135803717357705_9067964452044800000_n_135803714024372

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места

Денес се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.Во наредните денови ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во некои пониски места. Од понеделник во текот на денот ќе настапи постепено стабилизирање на времето, со опаѓање на утринските температури и пораст на дневните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
google-chrome1

Google тестира нова функција во Chrome која може да го забави стартот на Windows

Google тестира нова функција за својот интернет-прелистувач која би можела значително да го успори стартувањето на вашиот Windows 10 или 11 оперативен систем.Иако сме навикнати дека Chrome „јаде“ RAM меморија, новата опција што Google ја развива е насочена кон самиот почеток на работењето на вашиот компјутер. Во најновите тест верзии на Chrome Canary, е забележана функција која му овозможува на Chrome автоматски да се стартува веднаш штом ќе се најавите на вашиот Windows акаунт.Опцијата наречена „Launch Chrome when my computer starts“ е осмислена да ви заштеди еден клик по вклучувањето на компјутерот. Меѓутоа, техничките детали откриваат потенцијален проблем. За разлика од вообичаените апликации кои „тихо“ стартуваат во позадина, Google планира Chrome да го стартува како процес во прв план.Тоа практично значи дека Chrome, веднаш штом Windows се вчита, агресивно ќе бара ресурси од процесорот и меморијата за да се појави прозорецот на прелистувачот веднаш. За корисниците со моќни машини ова нема да се забележи, но за оние со постар хардвер или класични HDD дискови, ова може да предизвика „замрзнување“ на системот за неколку секунди, па дури и минути.Според тековните информации, опцијата нема автоматски да биде вклучена за сите. Корисниците во поставките на Chrome ќе имаат прекинувач со кој самите ќе одлучат дали ќе ја користат оваа функција. Сепак, критичарите сметаат дека помалку искусните корисници може несвесно да ги успорат своите компјутери обидувајќи се за привидно побрз пристап до интернетот.Google работи на оваа иновација од крајот на 2025 година, а се очекува да се појави во наредните неколку месеци.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4mrkvt9u9p3856AMael

Министерот за одбрана до Трамп: Подготвени сме за Иран

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека армијата е подготвена да го спроведе секое решение на претседателот Доналд Трамп во врска со Иран, со цел да се спречи Техеран да продолжи со развојот на нуклеарно оружје.Со оглед на големите американски сили распоредени во регионот, Трамп на состанок со кабинетот побара од Хегсет да даде коментар за ситуацијата. „Тие не треба да тежнеат кон нуклеарни способности. Ќе бидеме подготвени да го извршиме сè што овој претседател очекува од Министерството за војна“, рече Хегсет, сугерирајќи на неофицијалното преименување на Министерството за одбрана во администрацијата на Трамп.Американските официјални лица наведуваат дека Трамп сè уште разгледува опции и не донел одлука дали ќе изврши напад врз Иран. Тензии меѓу САД и Иран нагло се зголемија по крвавото гушење на протестите низ земјата, додека Трамп повеќе пати закануваше интервенција ако Иран продолжи со насилство врз демонстрантите.Трамп истакна дека САД ќе дејствуваат доколку Техеран продолжи со развојот на нуклеарниот програм, особено по воздушните удари на израелски и американски сили врз клучни ирански нуклеарни објекти во јуни минатата година.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
1708354426-1708347583-er-srbija-n1-copy-750x422-1

Ер Србија воведува тарифа само со рачен багаж за летовите кон Црна Гора

Националната авиокомпанија Ер Србија од денеска воведува економска тарифа само со рачен багаж, односно „Economy Light“ тарифа, на линиите Белград – Тиват и Белград – Подгорица, соопшти компанијата.Со оваа тарифа, на патниците им се нудат поедноставни и поевтини опции за пократки патувања. „Economy Light“ е наменета за патници кои патуваат само со рачен багаж и сакаат квалитетна услуга по достапна цена.Тарифата е особено погодна за викенд-патувања, пократки одмори, како и чести деловни патувања помеѓу Србија и Црна Гора, со максимална флексибилност и контрола на трошоците.Воведувањето на новата тарифа овозможува поголем избор и дополнителна вредност за патниците, при што се задржува континуиран квалитет и сигурност на услугата. Додатните опции се дел од поширок бизнис-план на компанијата за модернизација и усогласување со актуелните очекувања на патниците, со цел зајакнување на конкурентноста и подобрување на искуството при патувањето.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarysl7chu3t2ngs3W3A1tG

Трамп има три воени опции против Иран

По недели протести низ Иран, врховниот лидер нареди насилно гушење кое резултираше со илјадници загинати. Претседателот Доналд Трамп, кој ги охрабруваше демонстрантите да останат на улиците, не интервенираше војно, но сега големи американски сили се распоредени во регионот, подготвени за напад ако биде издадена наредба.САД имаат три можни воени опции:Опција А – Економски притисок: Применување на економски ембарго и блокада со цел да се ослабне иранската економија и да се натера земјата да се откаже од нуклеарниот програм, ограничува дострелот на проектилите и поддршката на милитантни групи. Иран, сепак, ретко се покорува на санкции и има ресурси да ги избегне.Опција Б – Казнени удари: Ограничени воздушни и воени напади на објекти и единици на иранскиот режим, како што беа удари во Сирија 2017, со цел одвраќање без промена на режимот. Ризикот од одмазда на Иран е значителен, вклучувајќи лансирање проектили кон американските позиции и Израел.Опција Ц – Удар врз врвот на режимот: Најагресивна опција вклучува директни напади врз лидерите на Иран со цел промена на власта или обезглавување на режимот. Ова носи најголеми ризици и неизвесен исход поради религиозниот авторитет на Али Хамнеи и силната контрола на оружјето во земјата.Без јасен дипломатски пат, Трамп сега се соочува со тешки одлуки, додека распоредувањето на „големата армија“ во регионот го зголемува ризикот од воена конфронтација со Иран.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryikd2tfi231preCKYYIZ

Бивши заменик шериф осуден на 20 години затвор за убиство на жена што повикала полиција

Во американската сојузна држава Илиноис, бившиот заменик шериф Шон Грејсон (31) беше осуден на 20 години затвор за убиството на 36-годишната Соња Маси, жена која повикала итна помош поради сомнителен провалник пред нејзината куќа во Спрингфилд. Грејсон во октомври беше прогласен за виновен за убиство од втор степен, а судијата му изрече максимална казна. Тој е во притвор од подигањето на обвинението.Грејсон се извини за своите постапки, велејќи дека сака да може да ја врати Маси и да ѝ го поштеди семејството од болката што ја предизвикал. Меѓутоа, семејството на убиената, кое побарало максимална казна, истакна дека нивните животи се трајно променети. Нејзините деца растат без мајка, а мајката на Соња живее во постојан страв.Трагичниот инцидент се случи на 6 јули 2024 година, кога Маси повикала полиција поради сомнителен човек пред куќата. Според снимките од телесната камера, Грејсон и неговиот колега Досон Фарли го пребариле дворот, а потоа Грејсон пукал во Маси поради ситуација со тенџере на шпоретот, тврдејќи дека се исплашил од можна повреда.Случајот ја отвори јавната дебата за постапувањето на американската полиција и употребата на сила во домот на граѓаните. Обезбедена е и компензација од 10 милиони долари за семејството, додека Министерството за правда на САД спроведе истрага и наметна обуки за деескалација на конфликти. Шерифот кој го вработил Грејсон беше принуден да поднесе оставка.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8gvdlab8ilmu5J8xzeN

Големо свлечиште во Сицилија – градот под закана, војската интервенира

Во сицилијанскиот град Нисеми состојбата и натаму е критична поради големото свлечиште предизвикано од циклонот Хари, додека дождот продолжува да паѓа. Свлечиштето, кое поместува цел рид, останува активно, поради што безбедносната црвена зона од 150 метри мора да се прошири кон центарот на градот. Шефот на Цивилната заштита, Фабио Чичилијано, ги смири граѓаните, тврдејќи дека центарот на градот е апсолутно безбеден, додека обемот на катастрофата го спореди со свлечиштето во Вајонт – станува збор за околу 350 милиони кубни метри поместена земја.Ситуацијата дополнително ја комплицираат политичките тензии. Министерот за цивилна заштита, Нело Музумечи, го отфрли предлогот на локалните власти средствата за санација да се користат од изградбата на Мостот над Месинскиот теснец, обвинувајќи ги општинските власти за пропусти. Опозицијата остро го нападна министерот, барајќи извештајот за состојбата наместо него да го поднесе премиерката Џорџија Мелони. Од М5С и други партии велат дека средствата за борба против хидрогеолошката нестабилност постоеле, но за Нисеми не бил побаран ниту еден евро. Градоначалникот Масимилијано Конти возвраќа дека документацијата е уредно поднесена и дека напорите на локалните власти се фокусирани на итна помош за граѓаните.Меѓутоа, во градот пристигна и војската за да започне итни градежни работи. Бригадата Аоста гради обиколница за обезбедување на сообраќајна поврзаност на населбата, додека инженериските единици ги претвораат полските патишта во пристапни сообраќајници за да се спречи изолирање на градот.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
al-pacino-1000x600-1

Ал Пачино номиниран за најлош актер поради овој филм: „Беше катастрофа“

Ал Пачино во својата автобиографија „Сони Бој“ отворено зборува за тоа дека некои филмови од неговата долга и успешна кариера завршиле како целосен неуспех.Како што истакнува, овие проекти не ги прифатил поради финансиски причини, туку затоа што во тој момент верувал во нив. За разлика од улогите што актерите понекогаш ги избираат исклучиво за хонорар, Ал Пачино тврди дека во тој период од кариерата одлуките ги носел воден од убедување дека приказните и идеите се квалитетни и имаат потенцијал да бидат успешни.Најдрастичен пример за промашување е трилерот „88 минути“, кој тој без околкувања го опишува како „целосна катастрофа“. Во книгата наведува дека по успехот на филмот „Океанови тринаесет“, следел проект кој се покажал како голема грешка. Во тоа остварување Пачино глумел форензички психолог чии живот е во опасност, но филмот не бил добро примен ниту од публиката, ниту од критиката.Во истиот период снимил и филмот „Праведно убиство“, во кој глумел заедно со Роберт Де Ниро, а кој исто така не ги исполнил очекувањата. Поради овие улоги, Пачино дури бил номиниран за наградата Рази за најлош актер, додека критичарите и двата филма ги оцениле исклучително негативно.Славниот актер зборува дека парите немале никаква улога во неговата одлука да прифати овие проекти. Како што пишува, тогаш сметал дека е финансиски обезбеден и дека може да си дозволи да избира улоги исклучиво врз основа на личен чувство и вера во сценариото.На крај признава дека погрешно го проценил потенцијалот на овие филмови, но додава дека овие искуства му послужиле како важна лекција, иако денес на нив се навраќа со одредена нелагодност.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarym5cteoja6at36ZHBVqe

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали се планира отворање на вакви центри за услуги во сите градови низ државата  и кои конкретни услуги ги нудат овие центри.„Министерството за дигитална трансформација е релативно ново, но за периодот откако е формирано постигна високи резултати и воспостави стандарди кои навистина недостигаа во Македонија. Брзата реализација на стратешките активности, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето, се доказ дека вистински реформи се можни кога се има визија и одговорност кон граѓаните, а оваа Влада го поседува токму тоа. Министерството за дигитална трансформација постои краток период, но постигна многу. Воведе нови дигитални услуги достапни за сите граѓани, ги скрати административните процедури и времето на чекање, работи на зајакнување на сајбер безбедноста и заштита на податоците, а исто  така воспостави механизми на координација меѓу институциите итн. Она што мене ме интересира а и многу голем број на граѓани се новоотворените центри за услуги во неколку градови во државата, за коишто јас лично сметам дека се одлична новина, но и дека е потребна поголема промоција, за што голем број граѓани не се запознаени и се уште не знаат дека со посетата на еден ваков центар ќе добијат брзи, ефикасни и транспарентни административни услуги, сето тоа на едно место. За нив тоа значи повеќе време, помалку бирократија, а повеќе функционалност и доверба. Дали планирате вакви центри за услуги во сите градови во Република Македонија и дали може да не запознаете конкретно какви услуги нудат овие центри?“, праша Христова.Христова се осврна на наследената тешка финансиска состојба од претходната власт и истакна дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ е извршена консолидација на буџетот и е забележан економски раст над очекувањата на меѓународните институции. Во таа насока, второто прашање беше упатено до  министерката за финансии и праша за тоа што може да се очекува на финансиски план во тековната 2026 година.„Како пратеници кога го започнавме нашиот мандат, од првите моменти, беше соочувањето со финансиската состојба во нашата држава, односно каква државна каса наследивме од претходната ненародна влада, која имаше многу други приоритети, само не интересите на граѓаните. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт наследивме испразнет буџет, уште во месец јули, а пари во истиот требаше да има до месец декември. Со голема посветеност и труд успеавме да се консолидираме и да бележиме неколку квартали раст на БДП, дури и над 3%, т.е. дури подобро и од проекциите на меѓународните институции. А тоа е јасен сигнал дека владините политики функционираат и даваат резултати. Со консолидиран буџет, со фокус на раст и инвестиции, успеавте да ја стабилизирате економијата. Моето прашање е што може да очекуваме на финансиски план во тековната 2026 година?“, праша Христова.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Tomovski-17.06.2022

Томовски: Во план е заедно со Град Скопје да ја модернизараме жичницата до Водно

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа се осврна на идејата за обновување, а воедно и модернизација на жичницата до Водно.  Тој истакна дека наместо претходно планираната траса од црквата Свети Јован кон Средно Водно,  се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно, бидејќи како што вели, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.„Доколку сакате вие да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација“, вели Томовски.Тој најави дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи состанок со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.„Во текот на утрешниот ден имаме состанок на двете теми, со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски , ќе ги разговараме двете теми, пвоторно ќе бараме начин на финансирање и средства од каде можат да се обезбедат тие средства“, додаде Томовски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylbse3glb0lk30ng2gdN

Томовски: Службата за општи и заеднички работи континуирано работи во интерес на граѓаните и државата

Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, и се осврна на некои работи со кои во моментов се занимава СОЗР, како легализација на имот на државата, реновирање на Клубот на пратеници, реновирање на вилите во сопственост на државата. Томовски вели дека направена е целосна реорганизација во институцијата, уште на самиот почеток, вработени се поголем број на луѓе, затоа што истата претходно работела под минимумот, и како што вели, вработените се задоволни.„Заедно со истите тие вработени ние успеавме да го легализираме имотот на државата. Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Вилите Водно 1 Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака“, истакна Томовски.Тој напомена дека следната недела на владина седница, е планирана и легализација на охридските вили кои исто така се дивоградба и се запоставени од таа причина.„Нема никаква реконструкција, реновирање или суштинска измена на истите, односно се оставени на забот на времето. Со помош на овие внатрешни вработени кои што денеска се задоволни, и со наша иницијатива и напор правиме исчекор“, посочи Томовски.Томовски ја спомена владината програма 1А, и кажа дека вилата Свети Стефан е планирано да се реновира целосно.„Во програмата 1А, која што е владина програма имаме предвидено за една од тие вили кои што се наоѓаат во Свети Стефан да ја реновираме целосно, а после тоа ќе носиме одлуки дали ќе ја реиздадеме, дали ќе ја користиме како државна вила. Ќе заклучиме заедно што е поисплатливо за државата“, вели Томовски.Тој истакна дека реновиран е и Клубот на органи на државната управа или Клуб на пратеници, при што истакна дека истиот се почесто се користи, а средствата од институциите не се излеваат во сали и хотели, туку, како што вели, гравитираат во рамките на државата и е поекономично.„Ние направивме едно реновирање на Клубот на пратеници, сериозно реновирање, бидејќи не беше реновиран подолг временски период. Во историја до сега, немало толку настани организирано и се почесто институциите го користат“, рече Томовски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања