2 нед.
media-libraryo8e6u15mbg7a5vbLMFd

Најчевска против Каракамишева: Таа е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија

Професорката Мирјана Најчевска остро ја критикуваше поставувањето на Каракамишева на позицијата советник за човекови права на премиерот Христијан Мицкоски. Според Најчевска, Каракамишева е еден од најсилните застапници против човековите права и слободи во земјата, против почитувањето на етничките и родовите различности и против цивилизациските норми за недискриминација.„Каракамишева е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија.Таа е неуморен борец против почитувањето на разликите и цивилизациски достигнатите норми на недискриминација врз етничка и врз родова основа.Каракамишева е поборник на повлекување на Македонија од Истамбулската конвенција за семејното насилство и промотор на ограничување на правата на луѓето врз основа на род и сексуална ориентација.Со овие свои ставови таа дефинитивно го заслужува местото на советник на Мицковски за човекови права.“, вели Најчевска

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryti5ck05l1s569ALAXSP

Истражителите бараат причина за пукањето на цевките што предизвика експлозија во фабрика кај Трикала

Експертите на противпожарната служба кои ја истражуваат експлозијата во фабриката за бисквити во близина на Трикала, во која животот го загубија пет работнички, се обидуваат да утврдат што предизвикало пукање на подземните цевки кои носеле запалив гас до печките во фабриката, што довело до експлозијата.Според првичните наоди, противпожарната служба соопшти дека од цевките со месеци истекувал пропан, предизвикувајќи акумулација. Искра од засега неидентификуван електричен извор предизвикала експлозија, при која загинале петте жени.Државната телевизија ЕРТ јави дека една од разгледуваните можности е дека тешките возила кои учествувале во работите минатата година за асфалтирање на земјата што го покривала цевководот можеле да предизвикаат оштетување. Експертите исто така ќе утврдат дали сопствениците на фабриката „Виоланта“ имале потребни дозволи за поставување подземни цевки кои носеле пропан од надворешни резервоари.Истражувањето ги проверува и сите дозволи за градба, мерките за заштита од пожар и инфраструктурата, како и дали петте гас детектори кои требало да бидат поставени биле таму и функционирале.Неколку преживеани, според пријави, изјавиле пред истражителите на противпожарната служба дека во фабриката одамна се чувствувал мирис на гас пред несреќата. Пропанот природно е без мирис, но заради безбедност се додаваат хемикалии кои му даваат карактеристичен мирис на расипано јајце.Погребите на три од жртвите се одржаа во четврток, додека останатите две ќе бидат погребани во петок.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
zelenski-putin

Зеленски ја одби Москва: Нека дојде Путин, ако смее!

Украинскиот претседател изјави дека не било склучено директно договор со Русија за енергетските удари.„Ако престанат да ја напаѓаат нашата инфраструктура, ние нема да ја нападнеме нивната“, рече тој.Исто така, тој ја одби руската покана да отпатува во Москва, исклучувајќи ја и Белорусија како можно место за средба со Путин.Наместо тоа, Зеленски го повика рускиот лидер во Киев, додавајќи „Aко смее, секако“.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-14.35.00

Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: „Поотворена е, тоа доаѓа со времето“

Доналд Трамп изјави на премиерата на документарниот филм „Меланија“, кој зборува за неговата сопруга, дека таа е „поотворена“ за време на неговиот втор мандат, кој започна во јануари минатата година.Филмот, снимен од компанијата Amazon MGM Studios, а режиран од Брет Ратнер, го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на Доналд Трамп во 2025 година, од нејзиниот дом во Трамп кулата во Њујорк до имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич, и ги бележи моментите зад сцената во Белата куќа, пренесува денес Фокс њуз.Документарецот, кој беше прикажан премиерно во четврток вечерта, е дебитантски проект на новата филмска продукциска куќа на првата дама, Muse Films.Пред премиерата, која се одржа во Трамп Кенеди центарот во Вашингтон, претседателот Трамп изјави дека првата дама е поотворена во овој мандат.„И јас тоа го забележав. Таа е поотворена. Тоа доаѓа со времето. Направи одлична работа. Многу е популарна, многу почитувана личност“, рече Доналд Трамп.Меланија Трамп за Фокс дигитал изјави дека е „многу селективна во тоа што го прави и кога зборува“.„Тоа е мојот избор, а јас сум ориентирана кон мисија и акција, и имавме многу успешна прва година во мојата канцеларија на првата дама, и горда сум на тоа што го постигнавме“, рече Меланија Трамп.Документарецот „Меланија“ се фокусира на работата на првата дама, нејзините филантропски напори и нејзиниот семеен живот додека се подготвуваше повторно да стане прва дама на Америка, а прикажувањето во кината низ светот започнува денес.

Медиасет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqmk3vmphl1mc0T8xndN

Садула Изаири избран за нов член на Судски совет

Судијата Садула Изаири од Основниот суд Тетово освои најмногу гласови на денешните непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас.„Вкупно гласачи кои се запишани во Изборниот именик се 418 од кои вкупно гласале 390 гласачи, односно 93% од гласачите. Неважечки гласачки ливчиња вкупно има 12“, изјави судијата Осман Шабани, претседател на Комисија за спроведување на изборите.Во трка за местото во Судскиот совет беа уште петмина кандидати – Африм Јакупи, судија на Апелацискиот суд Гостивар; Улбер Хасани, судија на Основниот граѓански суд Скопје; Хасан Асани, судија/претседател на Основниот суд Тетово; Џемали Саити, судија на Врховниот суд и Шпреса Граинца-Османи, судија на Основен кривичен суд Скопје.„Напоменувам дека ова се прелиминарни резултати, поради тоа што тече рокот за приговори од пет часа. За конечниот резултат во текот на утрешниот ден ќе биде објавено соопштение на страницата на Судскиот совет“, рече судијата Шабани.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytssqdv7q2irqa1Nj76a

Стоилковиќ: Веќе нема играње на фудбал по канцеларии или спиење на работните места

Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој вчера одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот фронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.-20 години го раководите Министерството, кое 20 години не е министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана Министерство. Вие се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале, вели Стоилковиќ.Тој посочи дека пред десетина години кога Генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примените работници не оделе на работа, а примале личен доход.-И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек, вели Стоилковиќ.Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи. Посочи дека за видео снимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и какошто рече „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.-За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и  македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа, па каде вие одевте вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место, рече Стоилковиќ.Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње на фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Томовски најавува поврзување од болницата Козле до Средно Водно со жичница

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно.Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно ВодноКако што посочи, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.-Доколку сакате вие да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација, каде реално нема каде да паркирате возило, и треба да одите пеш - вели Томовски.Тој најави дека во текот на денешниот ден треба да се одржи состанок со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.-Ќе имаме состанок на двете теми, со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе ги разговараме двете теми, повторно ќе бараме начин на финансирање и средства од каде можат да се обезбедат тие средства - додаде Томовски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library40fcmv0f7jor56nR3pr

Тошковски на отворањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“: Сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се сретна со родителите на Фрсина Кулакова, чија смрт со прегазување на булеварот Партизански одреди во Скопје ги крена граѓаните на протести.„Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии.Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот“, објави синоќа Тошковски

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0cgm5ph6cept09L4AeI

Барбара Бобак нападната од пијан гостин: Ме фати за главата и ме повлече

Пејачката Барбара Бобак физички реагирала кон еден пијан гостин за време на приватна забава, откако претходно тој ја фатил за главата.Барбара, била приморана да се одбрани од нападот на мажот кој бил под дејство на алкохол.– Не го претепав баш… Човекот тргна кон мене, кога почна да ми се приближува, навистина не го очекував тоа… Постар човек, некако ми беше жал, јас сакав најљубезно да кажам „Повелете?“, а тој ме фати за главата и ме повлече. Се оддалечив од него, а тој тргна кон мене, ми се приближуваше – раскажа таа во „Полиграф“.Во таа прилика, таа откри и како ги троши, според сè судејќи, тешко заработените пари.– Уф, некогаш трошам повеќе. Родителите ми го всадиле тоа, па понекогаш имам малку грижа на совеста – вели пејачката.Исто така, таа нагласила дека за водење на финансискиот дел од кариерата е задолжен нејзиниот татко и еднаш признала дека тој го зема целиот заработен приход.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
w_55031023

ЕУ спрема нова забрана за Русите

Шефицата на дипломатијата на Европската унија, Каја Калас, изјави дека ЕУ ќе продолжи да разгледува идеја за забрана на влез на сите лица кои учествувале во војната против Украина, додека служеле во руските вооружени сили.По состанокот на Советот на ЕУ, Калас рече дека повеќе земји членки изразиле поддршка за предлогот на Естонија, без да прецизира за кои земји станува збор.„Тоа претставува јасен безбедносен ризик за Европа. Се согласивме да го доразвиеме овој предлог“, изјави Калас.Таа додаде дека ова прашање би можело да стане особено актуелно по завршувањето на сегашната фаза на војната и дека Европската унија до тогаш треба да понуди конкретни одговори.Уште на 29 јануари неофицијално беше соопштено дека Естонија предлага на земјите членки на ЕУ да разгледаат забрана за влез во Шенгенскиот простор на лицата кои учествувале во непријателства против Украина, додека служеле во руските вооружени сили.Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахкна, нагласи дека лицата со такво искуство се под зголемен ризик од регрутирање од страна на руските специјални служби и дека претставуваат низа безбедносни закани.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryo6tg4qehn5qvcyX0unY

„Стоп за Усје“ утре на протестен марш од Влада до Министерство за животна средина

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави протестен марш во сабота, 31 јануари 2026 година, со почеток во 12:00 часот, како притисок за, како што велат, поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје. Маршот ќе стартува пред Владата, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.Од иницијативата ги повикуваат граѓаните масовно да се приклучат и порачаа дека досега испратиле барања до повеќе институции, но, според нив, не добиле одговор. Токму затоа, велат, одговорите повторно ќе ги побараат „на улица“, со порака дека ниту еден профит не смее да биде поважен од здравјето и животот на граѓаните.Во најавата, „Стоп за Усје“ повторно нагласува дека протестите се граѓански и дека не се дозволени партиска промоција и партиски симболи. Истовремено, апелираат маршот да помине мирно, без насилство и без говор на омраза. Во својот повик, иницијативата посочува и дека нема да се повлече, сè додека, како што тврдат, јавноста се уверува со бројки од мерења „кои ги прави самата фабрика“.Наспроти овие обвинувања, од цементарницата ТИТАН Усје претходно реагираа дека работат согласно домашната регулатива и дека имаат континуиран 24-часовен независен мониторинг на емисиите, со јавно достапни резултати од мерењата. Од компанијата тврдат дека во изминатите шест години инвестирале над 36 милиони евра, од кои дел биле за унапредување на заштитата на животната средина, и дека не ги надминуваат граничните вредности утврдени во дозволите.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи, вели СДСМ

Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи. Вчерашното излагање во Собранието може да се разбере како притисок врз Обвинителството, што е за секоја осуда, но, ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола сѐ е јасно, вели СДСМ„Со промена на обвинителот и планираниот избор на обвинител под своја контрола, власта го погреба правосудниот систем за да се спаси од одговорност за криминалните тендери, но и да им дели задачи што и како да работат.Ова е дел од планираното сценарио во рамки на црната кампања на ВМРО и обидот за линч на претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку измислен рекет.За ниту една бомба, за ниту еден скандал што го објави СДСМ за криминалните тендери на ВМРО-ЗНАМ нема реакција на Обвинителството.Не допира гласот до Обинителството за 161 тендер за една фирма на другарот на Мицкоски, за 51 тендер преку општините само за една фирма блиска до ВМРО, не допира гласот за скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, за 1,2 милиони евра во Пошта за фирмата блиска до ЗНАМ.Нема допрен глас за овие скандали. Не само по допрен глас, никаква реакција нема од институциите.Имаме чувство. Затоа и нема реформи во правосудството туку целосна контрола во канџите на ВМРО“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
puska

Претседател на ловечко друштво од Струмица присвоил над 1,3 милиони денари од сметката на друштвото

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.Пријавениот, во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година, од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која бил овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без соодветна оправданост или сметководствено покритие.Со таквите дејствија, Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години на штета на работниците или раст од над 10.000 денари за само две години од денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.ССМ предводен од Слободан Трендафилов и гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски го одбиле предлогот од Владата каде минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година.Поради политичките игри на Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски работниците се оштетени за 600 евра минимална плата во 2028 година. Ова е доказ дека ССМ го става политичкиот интерес пред интересот на работниците.Иван Пешевски додека се претставува како загрижен синдикалец дебело профитира заедно со Трендафилов.Додека глумат загрижени синдикалци платата на Пешевски е 3 пати поголема од минималната.Поддршката од СДС и Левица ја покажува вистинската агенда на ССМ каде што ги ставаат политичките интереси пред интересите на работниците.Наместо да ги застапуваат граѓаните, синдикатите предводени од Трендафилов и Деаноски ја жртвуваат минималната плата за да ги следат политичките мотиви и политичката линија на СДС и Левица.Работниците заслужуваат синдикати што ги штитат работничките интереси а не што ги продаваат за политички интереси на поединци.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во интерес на работниците и сите граѓани, за повисоки плати и подобар животен стандард“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarykh14r29pgftf0jWN4VJ

Трамп: Не спиев на состанокот, само ми беше досадно

Дали спиел или му било досадно? За американскиот претседател Доналд Трамп, сè, како што вели, е во очите на набљудувачот.Трамп изјави дека не спиел, туку му било досадно, за време на состанок на владата во декември, кога повеќе пати ги затворил очите.„Некои рекоа ги затворил очите. Видете, беше прилично досадно“, изјави Трамп„Не спиев. Само ги затворив очите затоа што сакав да се оддалечам од таму. Не спиев. Не спијам многу“, додаде тој.Со 79 години и во својот последен мандат, Трамп се обидува да ги отстрани сомнежите за сопствената виталност.Во претходните администрации, владините состаноци обично биле затворени за камерите и сметани за рутински.За Трамп, тие станаа своевидна сцена на која тој и неговиот тим ги истакнуваат достигнувањата за кои сметаат дека медиумите не им посветуваат доволно внимание.Во еден случај минатата година, состанокот во живо на телевизија траеше повеќе од три часа, што веројатно било негово најдолго јавно појавување пред камерите.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп ја тужи Даночната управа за 10 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп го тужи Даночниот управен орган (IRS) и Министерството за финансии за најмалку 10 милијарди долари, тврдејќи дека агенцијата е одговорна за неовластено објавување на неговите даночни пријави за време на неговата прва администрација.Тужбата, поднесена во четврток на федерален суд во Флорида, ги опфаќа и неговите синови, Доналд Трамп Џуниор и Ерик Трамп, јавува CNN.Во тужбата се наведува дека владата не успеала да ги заштити доверливите даночни информации на Доналд Трамп и неговата компанија Trump Organization.Според тужбата, податоците им биле доставени на медиумите од Чарлс Литлџон, поранешен надворешен соработник на Даночната управа, кој бил вработен во компанијата Booz Allen Hamilton. Според наводите, Литлџон незаконски ги прибавил и открил даночните пријави на Трамп во медиумите како New York Times и ProPublica.Чарлс Литлџон во 2024 година е осуден на пет години затвор за неовластено откривање на илјадници даночни пријави кои припаѓале на Трамп и на други богати лица.Правниот тим на Трамп тврди дека Даночната управа е директно одговорна за постапките на Литлџон, бидејќи имал „пристап до даночни пријави и доверливи информации сличен на оној што го има персоналот на агенцијата“. Тие наведуваат и дека тој ги искористил долгогодишните безбедносни пропусти за кои управата била предупредена, но не ги коригирала.„Даночната управа дозволила политички мотивиран вработен да ги пренесе приватните и доверливи податоци за претседателот Трамп, неговото семејство и Trump Organization на New York Times, ProPublica и други лево ориентирани медиуми, што потоа незаконски било објавено на милиони луѓе. Претседателот Трамп продолжува да бара одговорност од оние кои им нанесуваат штета на Америка и Американците“, стои во соопштението на правниот тим на Трамп.Порано оваа недела, Министерството за финансии ја раскинало соработката со компанијата Booz Allen Hamilton, поранешниот работодавец на Литлџон, и најавило откажување на федерални договори во вредност од 21 милион долари. Тогашниот министер за финансии, Скот Бесент, како причина ја навел улогата на Литлџон, изјавувајќи: „Booz Allen не успеа да воведе соодветни заштитни мерки за чувствителни податоци, вклучително и доверливи даночни информации до кои имал пристап преку своите договори со Даночната управа.“

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
pari-1

Наместо изговори, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за минимална плата од 600 евра, вели СДСМ

Не може да има пари за криминални тендери а да нема за работниците, вели СДСМ„Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра.Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат.  Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците а кои ќе останат на страна на тендерите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Пети ден блокади на граничните премини: Превозниците од Србија и БиХ не отстапуваат

Протестите на превозниците на товарни возила и блокадите на граничните премини во Србија и БиХ влегуваат во петти ден. Теретните терминали се блокирани на 22 излези и 19 влезови, поради процедурите за влез во Шенген зоната.Превозниците од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат со блокадите, соопшти босанско-херцеговачкиот Конзорциум „Логистика“ по состанок во Белград.Претходно, превозниците од Македонија и Црна Гора го прекинаа протестот откако Европската комисија ја претстави новата визна стратегија, која содржи предлог за решавање на проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.Извршната потпретседателка на ЕК, Хена Виркунен, наведува дека возачите на камиони ќе имаат посебен лимит на престој во Шенген.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
LDPlogo-620x360

Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат ЛДП

Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур  јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок.„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryve45g5au529bfaGJZi5

(Видео) Смртоносна зима во САД: најмалку 85 загинати, стотици илјади без струја

Најмалку 85 лица загинаа во САД, од Тексас до Њу Џерси, поради снежна олуја и екстремно ниски температури кои достигнуваа до -40 степени, соопштија американските власти. Половина од смртните случаи се пријавени во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, дел поради хипотермија, а дел поради изложеност на јаглерод моноксид при користење на извори за топлина во областите без струја.Повеќе од 230.000 домови и претпријатија останаа без струја, а најголем број прекини се бележат во Мисисипи и Тенеси, со по околу 87.000 корисници без електрична енергија во секоја сојузна држава.Арктичкиот воздух се движи кон југот на САД, со прогноза за продолжување на ниските температури и снег во Северна и Јужна Каролина, Вирџинија и североисточна Џорџија.Стотици припадници на Националната гарда се мобилизирани за чистење на снежните наноси и помош на заглавени луѓе, со распределување на оброци, гориво и други залихи.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања