2 нед.
bugarija-zname

Бугарија и Србија ќе отвораат заеднички граничен премин

Владата на Бугарија го одобри Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Србија за отворање заеднички граничен премин „Калотина 2 – Градина 2“.Новиот граничен премин ќе биде изграден во близина на постоечкиот премин „Калотина – Градина“ на бугарско-српската граница и е наменет за преминување на лица и патнички возила меѓу двете земји, пренесува „BNR njuz“.Предвидено е преминот да има сезонски карактер.Истиот ден, бугарската влада го одобри и Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Турција за решавање прашања во врска со граничните премини и за отворање на нов премин „Капитан Андреево – Капикуле – Север“.Новиот бугарско-турски граничен премин ќе биде изграден во близина на селото Капитан Андреево, во општина Свиленград, на територија на Бугарија, и селото Капикуле во провинцијата Једрене, од турската страна, северно од постоечкиот граничен премин помеѓу двете земји.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Путин за непосредна средба на мировни преговори во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.Зеленски претходно денес во видео-изјава објави дека е подготвен за средба со Путин во Киев, на што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека Путин повеќепати претходно изјавил дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е отворен за дијалог.Украинскиот претседател денес изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја исклучи можноста таквата средба да се одржи во Москва или Белорусија, повикувајќи го Путин да дојде во Киев „ако смее“.„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Може исто така да го повикам во Киев – нека дојде. Јавно го повикувам, ако смее, секако“, рече Зеленски, пренесе Униан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytot0ouh85k982t5fE4G

Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари

Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и МВР е максимално посветено на ова поле.„Во таа насока потпишан е меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, имаме одредено Национална фокална точка и локални фокални точки во склоп на кампањата на Советот на Европа за Заштита на новинарите, а континуирано се одржуваат и работилници и обуки на кои учествуваат полициски службеници, новинари и обвинители. Соработката со Обвинителството и ЗНМ е на највисоко ниво, а заеднички изработивме и прирачници за справување со можните предизвици околу безбедноста на новинарите.Слободата на изразување и слободата на медиумите се основни демократски вредности загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, Европската конвенција за човекови права и со меѓународните стандарди. Новинарите имаат клучна улога во информирањето на јавноста и во вршењето на својата професионална должност придонесуваат за отчетноста на институциите, владеењето на правото и заштитата на човековите права.Република Северна Македонија, како земја членка на Советот на Европа и како држава која се стреми кон полноправно членство во Европската Унија, има обврска и интерес да обезбеди безбедна и поволна средина за новинарите.Советот на Европа во 2016 година ја усвои Препораката за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери, која утврдува четири клучни столба: превенција, заштита, гонење и промоција на свесност и образование. Дополнително, во 2023 година започна европската кампања „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) со цел зајакнување на националните механизми за заштита на новинарите.Ова се дел од основните причини поради кои во Република Северна Македонија во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари.Формирањето на Националниот комитет за заштита на новинар(к)и ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Целта на Комитетот е:• да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор;• да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите;• да изработи Национален акциски план за заштита на новинарите, во согласност со европските стандарди;• да предложи мерки за превенција, заштита, гонење на сторители и подигање на јавната свест;• да ја поддржи примената на Кампањата „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) на Советот на Европа во национален контекст.Со формирањето на Комитетот се очекува:• воспоставување на институционален механизам за системска заштита на новинарите;• унапредена координација меѓу државните органи и медиумските организации;• зголемена доверба помеѓу новинарската заедница и институциите;• изработка и спроведување на Национален акциски план за заштита на новинарите;• подобрување на позицијата на земјата во меѓународните извештаи за медиумска слобода.Формирањето на Национален комитет за заштита на новинари претставува чекор напред кон обезбедување на безбедна средина за работа на новинарите и медиумските работници, со што се зајакнува демократијата, владеењето на правото и европската перспектива на Република Северна Македонија.Во текот на 2025 година, на национално ниво продолжи институционалниот ангажман во насока на унапредување на безбедноста на новинарите, со редовна комуникација и координација меѓу релевантните институции. Во текот на годината редовно се вршеа консултации насочени кон следење на пријавените случаи поврзани со закани и напади врз новинари, размена на информации меѓу надлежните институции, унапредување на соработката со новинарските здруженија и медиумските работници и друго. Активностите беа насочени кон навремено реагирање, подобрување на превентивните механизми и зајакнување на довербата меѓу новинарите и институциите. МВР во соработка со надлежните институции, воспостави јасни и функционални протоколи за постапување во случаи на напади или закани кон новинарите. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, веќе неколку години води регистер на напади врз новинари, јавно достапен на веб-страницата на МВР. Изработен е и Прирачник за безбедност на новинарите, а редовно се спроведуваат обуки и едукативни активности со цел зајакнување на превенцијата и меѓусебната соработка.-Во врска со онлајн вознемирувањата, особено на жените новинарки, беа преземени чекори за зголемување на свесноста за специфичните ризици со кои се соочуваат жените новинари, особено во однос на онлајн вознемирување и родово базирани закани при што во Секторот за компјутерски криминал при МВР е назначена контакт точка, со цел побрзо и поефикасно справување со ваквите случаи односно за брзо реагирање. Новинарките може директно да се обратат или преку Здружението на новинари на Македонија, а за секој пријавен случај веднаш се преземаат мерки за расчистување.-Организирани се активности, средби, обуки и работилници на кои учество земаа претставници од МВР како и голем број на медиумски работници, новинари на кои се разгледуваа начините за зголемување на соработката меѓу полицијата и новинарите, градење на меѓусебната доверба и разбирање, како и начинот на доставување на информациите и нивно пренесување во јавноста, особено за чувствителни теми. Во тој контекст, една од заедничките работилници беше и „Етичко и родово сензитивно известување за трговија со луѓе и родово засновано насилство во институциите и медиумите“ која се одржа во Скопје. Соработката со медиумските работници, односно новинарите, градењето на сигурна и цврста меѓусебна партнерска нишка како и нивната безбедност, за МВР е еден од врвните приоритети. Во таа насока потпишан е Меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, имаме одредено Национална фокална точка и локални фокални точки во склоп на кампањата на Советот на Европа за заштита на новинарите, а континуирано се одржуваат и работилници и обуки на кои учествуваат полициски службеници и новинари. Соработката цениме дека е на највисоко ниво, а заеднички изработивме и прирачници за справување со можните предизвици околу безбедноста на новинарите“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryoh8aguqm7s321xcOWMt

Виртуелната албанска министерка Диела под сенка на скандал - креаторите под истрага

Албанскиот експериментален проект – првата виртуелна министерка, направена со вештачка интелигенција, која требаше да биде симбол на борбата против корупцијата, сега се соочува со сериозен скандал – лидерите на државната агенција што го разви системот се под истрага за местење тендери.Виртуелната министерка Диела стана заштитно лице на напорите на премиерот Еди Рама да ја намали корупцијата во Албанија. Во изминатата година, Диела настапуваше на меѓународни конференции и беше промовирана како пример за тоа како вештачката интелигенција може да се вгради во институциите.Дури и во албанскиот парламент, Диела се обрати со порака дека е „повредена“ од критиките дека нејзината работа е неуставна.– Јас немам лични амбиции или интереси. Имам само податоци, знаење и алгоритми посветени на тоа да им служам на граѓаните непристрасно, транспарентно и без замор – порача таа во видео-обраќање, со знамињата на Албанија и ЕУ зад себе.Во пракса, Диела им помага на граѓаните да аплицираат за државни услуги преку интернет, со цел да се елиминира долгогодишната пракса на мито за побрзо завршување на документи. Наскоро требаше да почне и со анализа на апликации за јавни набавки, за да процени кој понудувач е најквалификуван – врз основа на податоците.Проектот беше претставен како клучен чекор во борбата против корупцијата – услов што Албанија мора да го исполни за да напредува кон ЕУ.Во декември, специјалното обвинителство соопшти дека директорката на Националната агенција за информатичко општество и нејзиниот заменик се ставени во домашен притвор. Тие се осомничени дека учествувале во криминална мрежа која манипулирала со јавни тендери преку заплашување.Токму оваа агенција е одговорна за дигиталната инфраструктура на државата – вклучувајќи ја и Диела. Иако против нив сè уште не е поднесено официјално обвинение, случајот фрли сериозна сенка врз проектот.Фактот што токму креаторите на Диела се под истрага отвори сериозни прашања: Може ли вештачка интелигенција да открие корупција ако податоците што ги добива се манипулирани?И дали дигитализацијата навистина значи транспарентност?Премиерот Еди Рама изјави дека ќе почека судски исход: „Мора да видиме што ќе покаже истрагата. Не можеме однапред да судиме.“Специјалното обвинителство во последните години отвори истраги и против други високи функционери, меѓу кои и поранешниот претседател Илир Мета, градоначалникот на Тирана, како и вицепремиерката Белинда Балуку. Тоа предизвика политички тензии и протести. Опозицијата го обвинува Рама дека ја користи борбата против корупцијата селективно, додека неговите поддржувачи тврдат дека токму тоа покажува дека системот конечно функционира.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5c8tnh27qmkf5alQAFO

ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива, вели Манасиевски

Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС. Протестите на ССМ, поддржани од СДС и Левица, покажаа дека не се поддржани од работниците, кои веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ„Синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат по над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес.Предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40% или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со којшто работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минимална плата и додатно 8% на добиената сума со што би се дошло до зголемување од 40% до 2028 година.Да резимирам, ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе и истата ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДС.Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

Лишени од слобода двајца пијани возачи во Пробиштип и Гевгелија

На 29.01.2026 во 23:40 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Д.Г.(41) од Пробиштип. Тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки на ул. „Кочо Рацин“ и бил под дејство на алкохол, со измерени 2,66 промили алкохол во крвта.На 30.01.2026 во 01:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(58) од Валандово. Тој управувал патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки на бул. „Гевгелија“ и бил под дејство на алкохол, со измерени 1,78 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на случаите, против двајцата возачи ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5nir9v6qj4lpeQ4TKBP

Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Македонија“, велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.Во продолжение се прикажани официјалните споредбени податоци за наплатата за 2024 и 2025 година.„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: Засилени инспекциски контроли и теренски проверки. Испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските. Едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот). Ступување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100%. Подобра координација меѓу Министерството и општините.Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Зголемената наплата овозможува: Значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите. Инвестиции во комунална инфраструктура. Поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори. Поголеми средства за заштита на животната средина.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници“, се додава во сооштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarya4gs1ooqtessaIo13HP

Ќе се обесштети фармерот Никола од струмичко кој го загуби стадото овци и јагниња

„Денеска, заедно со локалната самоуправа, директорот на Јавното комунално претпријатие и Сојузот на одгледувачи на овци, сме во посета кај фармерот Никола, кај кого, за жал, за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Во рамки на мојата посета и во разговорот со Никола, неколку работи беа посочени, а тоа е дека Општината веќе на вчерашната седница има формирано комисија за процена на штети од невремето што се случи. Комисијата е составена и од претставници од Министерството, ќе направат проценка во делот на оштетување на неговиот имот“, појасни министерот. Тој додаде дека фармерот Никола согласно процедурите и законот ќе биде обесштетен од страна на Владата. „Дополнително, заедно со Сојузот на одгледувачи на овци, во рамки на нивното здружување, анимирани се членките. Секоја од нив, во согласност со своите можности, ќе помогне со жива стока која ќе му биде донирана на Никола“, посочи министерот Трипуновски.Министерот истакна дека е во комуникација и со општествено одговорни компании од регионот, ќе помогнат со донација на градежни материјали за изградба на нова штала, со што фармерот ќе може да продолжи со одгледување на преживеаните овци и оние кои ќе ги добие. „Излегуваме во пресрет и максимално ќе помогнеме за да се санира и биде вратено во нормална функција. Јавното комунално претпријатие ќе преземе активности за чистење на одредена каналска мрежа за да не дојде до ново поплавување“, појасни министерот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Речиси еден месец по тешките јавно изнесени обвинувања во поткастот „Претрес со Ландов“, Судски совет на Република Северна Македонија сè уште нема одговор на прашањата поврзани со случајот во кој поранешниот телохранител на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Драганчо Стоименов – Дацо Белски, јавно обвини судија од Основниот суд во Кочани за сериозни злоупотреби.Како што објавивме на 18 јануари, Белски во емисијата тврдеше дека од неговата тогашна сопруга биле побарани 5.000 евра од судијата Спиро Борисов, откако нему му била определена мерка притвор. Тој пред камерите говореше за директни контакти на судијата со неговото семејство, за предавање пари кои подоцна биле прикажувани како „позајмица“, како и за посети на судијата во домот на неговите родители додека бил во домашен притвор.Во рамки на емисијата беа презентирани и пораки и скриншотови од комуникација за кои Белски тврди дека се разменети меѓу неговата поранешна сопруга и судијата, во кои се спомнува враќање на средства и конкретни износи, меѓу кои и 1.500 евра како дел од вкупната сума.И покрај сериозноста на изнесените тврдења и јавно прикажаните пораки, судијата Борисов до денеска нема јавно демантирано ниту еден од наводите. Дополнително, тој и натаму ја извршува функцијата и, според официјалните податоци, е и претседател на Основниот суд во Кочани.Редакцијата на „Скопје1“ и понатаму нема добиено одговор ниту од Судскиот совет на прашањата: дали е поведена постапка по претставката, дали е известено Јавното обвинителство, дали е побаран став од судијата и зошто, и покрај јавно презентираните докази и тврдења за тешки прекршувања на законот, нема мерка за негово привремено оддалечување од функцијата.Молкот на надлежните институции, како и отсуството на било каква јавна реакција од самиот судија, дополнително ги продлабочува сомнежите и ја отвора дилемата за ефикасноста на механизмите за надзор и одговорност во судството. Случајот, кој директно задира во интегритетот на судската власт, и понатаму останува без институционален епилог.Обвинувањта:

Студио | пред 2 седмици

2 нед.
Biljana-Ivanovska

Повторно избор од тефтерче, професионалноста и стручноста не се прашуваат, вели Ивановска за надзорните одбори во Скопје

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, јавно реагираше на последните избори на членови на управни и надзорни одбори во Град Скопје, оценувајќи дека процесот повторно се спроведува „од тефтерче“, без вистинска транспарентност и без почитување на принципите на професионалност и демократија.Ивановска посочува дека, и покрај јасните законски одредби кои треба да обезбедат транспарентност и стручност, праксата останува иста – политичката волја е единствениот и одлучувачки фактор. Според неа, членовите на управните и надзорните одбори најчесто се исклучиво партиски кадри, а при секоја промена на власта следува „чистка“ по принципот „или си од нашите или не“.„Никој не прашува за стручност, професионалност и одговорност“, реагира Ивановска, додавајќи дека ваквата практика создава лоша состојба во јавните претпријатија и институции.Таа потсетува дека Законот јасно предвидува дека, доколку основачот ги разреши сите членови на управен одбор, до изборот на нов состав може да назначи вршители на должност кои ги исполнуваат законските услови, со мандат од три месеци и без можност за продолжување.Клучното прашање што го поставува Ивановска е: како јавноста ќе знае дали предложените лица навистина ги исполнуваат законските услови, доколку не се соопшти јавно кои се кандидатите и по кои критериуми се избрани?Со оваа реакција, таа повторно го отвора прашањето за вистинската транспарентност и отчетност во кадровските политики на локално ниво, нагласувајќи дека без јавност и јасни информации, законските гаранции остануваат само „мртва буква на хартија“.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Имаме чувство дека СДС се многу чувствителни, се плашат ли од одговорност?

Изминатите 7-8 години, СДС заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ, го контаминираа правосудството, инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и судство. Од судски Совет, Совет на јавни обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн, СДС и ДУИ го урнисаа правосудството кое има 2% доверба од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ.„Функционерите на СДС и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција, не беа викани ниту на разговори, ниту пак беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за истото.Така да, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarypfo8atctb1rq9f5vxHZ

ВМРО-ДПМНЕ со трансакција од 2,2 милиони денари ја почастиле фирмата на синот на Ристовска, обвинува Левица

По реакциите и објавите на #Левица, веќе е кристално јасно зошто предметите поврзани со функционери на ДПМНЕ во Државната комисија за спречување на корупцијата упорно остануваат без исход, не завршуваат со санкции и најчесто се прогласуваат за „ненадлежни“, се затвораат со паушални и формални заклучоци или заглавуваат во фиоки. Денес објавуваме брутален сегмент од серијалот што ја разоткрива пошироката корупциско-октоподска шема на релација ДПМНЕ - Цвета Ристовска, велат од политичката партија Левица.„Левица вчера објави дека членката на ДКСК, Цвета Ристовска, свесно и намерно, иако законски била должна, од анкетниот лист ги изоставила фирмите на своите синови. Станува збор за две активни компании, БУСТ МЕДИА ДООЕЛ и БУСТ ДООЕЛ увоз-извоз, формално регистрирани за „маркетинг“. Тие во ниту еден момент НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ во анкетниот лист на антикорупционерката Ристовска, документ кој треба да гарантира целосна транспарентност токму кај оние што одлучуваат за корупција, санкции и одговорност.Причината зошто овие фирми биле скриени од анкетниот лист станува повеќе од јасна кога ќе се погледнат финансиските текови. Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска директно од партиската каса на ДПМНЕ инкасирала над 2.200.105 денари!Сликата за оваа мрежа станува уште ПОАЛАРМАНТНА ако се има предвид дека токму финансиските извештаи на политичките партии за изборните циклуси се доставуваат и до ДКСК, која треба да утврдува неправилности и сомнителни трансакции. Со други зборови, Цвета Ристовска, која претходно ги прикрила фирмите на своите синови, треба да проверува дали милионските приливи од партиската каса на ДПМНЕ кон фирма на нејзиното најблиско семејство се законски и коректни!Оттука, воопшто не треба да нè изненадува што истата таа Цвета Ристовска не се иззема ниту во постапката за одлучување по дипломата на директорот на АНБ, Бојан Христовски, стекната на универзитет каде таа самата била ангажирана како предавач. Неизземањето очигледно ѝ е воспоставена пракса.Ова е суштината на заробената држава - институции што формално постојат, но суштински функционираат како дел од партиско-коруптивниот октопод на ДПМНЕ и Мицкоски. Антикорупцијата е сведена на фарса, а Комисијата во алатка за аминување и заташкување на корупцијата на власта.Левица ќе продолжи со целосно разобличување на овие шеми со јавно разоткривање на финансиската и политичката позадина и давање одговор зошто корупцијата на ДПМНЕ е недопирлива, а „антикорупционерите“ се нејзини најверни чувари“, се вели во објавата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
rezim-soobrakaj

Утре протест во Скопје: воведен посебен режим на сообраќај

Утре, 31.01.2026 година, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи протестен марш „Стоп за Усје“ во Скопје. Трасата на движење ќе биде од пред Владата на РСМ на бул. „Илинден“, десно по бул. „ВМРО“, продолжение по ул. „Васил Главинов“, лево по ул. „Димитрие Чуповски“, потоа по ул. „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина.Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје за време на настанот.Апелираме до сите граѓани и учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryo8e6u15mbg7a5vbLMFd

Најчевска против Каракамишева: Таа е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија

Професорката Мирјана Најчевска остро ја критикуваше поставувањето на Каракамишева на позицијата советник за човекови права на премиерот Христијан Мицкоски. Според Најчевска, Каракамишева е еден од најсилните застапници против човековите права и слободи во земјата, против почитувањето на етничките и родовите различности и против цивилизациските норми за недискриминација.„Каракамишева е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија.Таа е неуморен борец против почитувањето на разликите и цивилизациски достигнатите норми на недискриминација врз етничка и врз родова основа.Каракамишева е поборник на повлекување на Македонија од Истамбулската конвенција за семејното насилство и промотор на ограничување на правата на луѓето врз основа на род и сексуална ориентација.Со овие свои ставови таа дефинитивно го заслужува местото на советник на Мицковски за човекови права.“, вели Најчевска

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryti5ck05l1s569ALAXSP

Истражителите бараат причина за пукањето на цевките што предизвика експлозија во фабрика кај Трикала

Експертите на противпожарната служба кои ја истражуваат експлозијата во фабриката за бисквити во близина на Трикала, во која животот го загубија пет работнички, се обидуваат да утврдат што предизвикало пукање на подземните цевки кои носеле запалив гас до печките во фабриката, што довело до експлозијата.Според првичните наоди, противпожарната служба соопшти дека од цевките со месеци истекувал пропан, предизвикувајќи акумулација. Искра од засега неидентификуван електричен извор предизвикала експлозија, при која загинале петте жени.Државната телевизија ЕРТ јави дека една од разгледуваните можности е дека тешките возила кои учествувале во работите минатата година за асфалтирање на земјата што го покривала цевководот можеле да предизвикаат оштетување. Експертите исто така ќе утврдат дали сопствениците на фабриката „Виоланта“ имале потребни дозволи за поставување подземни цевки кои носеле пропан од надворешни резервоари.Истражувањето ги проверува и сите дозволи за градба, мерките за заштита од пожар и инфраструктурата, како и дали петте гас детектори кои требало да бидат поставени биле таму и функционирале.Неколку преживеани, според пријави, изјавиле пред истражителите на противпожарната служба дека во фабриката одамна се чувствувал мирис на гас пред несреќата. Пропанот природно е без мирис, но заради безбедност се додаваат хемикалии кои му даваат карактеристичен мирис на расипано јајце.Погребите на три од жртвите се одржаа во четврток, додека останатите две ќе бидат погребани во петок.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
zelenski-putin

Зеленски ја одби Москва: Нека дојде Путин, ако смее!

Украинскиот претседател изјави дека не било склучено директно договор со Русија за енергетските удари.„Ако престанат да ја напаѓаат нашата инфраструктура, ние нема да ја нападнеме нивната“, рече тој.Исто така, тој ја одби руската покана да отпатува во Москва, исклучувајќи ја и Белорусија како можно место за средба со Путин.Наместо тоа, Зеленски го повика рускиот лидер во Киев, додавајќи „Aко смее, секако“.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-14.35.00

Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: „Поотворена е, тоа доаѓа со времето“

Доналд Трамп изјави на премиерата на документарниот филм „Меланија“, кој зборува за неговата сопруга, дека таа е „поотворена“ за време на неговиот втор мандат, кој започна во јануари минатата година.Филмот, снимен од компанијата Amazon MGM Studios, а режиран од Брет Ратнер, го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на Доналд Трамп во 2025 година, од нејзиниот дом во Трамп кулата во Њујорк до имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич, и ги бележи моментите зад сцената во Белата куќа, пренесува денес Фокс њуз.Документарецот, кој беше прикажан премиерно во четврток вечерта, е дебитантски проект на новата филмска продукциска куќа на првата дама, Muse Films.Пред премиерата, која се одржа во Трамп Кенеди центарот во Вашингтон, претседателот Трамп изјави дека првата дама е поотворена во овој мандат.„И јас тоа го забележав. Таа е поотворена. Тоа доаѓа со времето. Направи одлична работа. Многу е популарна, многу почитувана личност“, рече Доналд Трамп.Меланија Трамп за Фокс дигитал изјави дека е „многу селективна во тоа што го прави и кога зборува“.„Тоа е мојот избор, а јас сум ориентирана кон мисија и акција, и имавме многу успешна прва година во мојата канцеларија на првата дама, и горда сум на тоа што го постигнавме“, рече Меланија Трамп.Документарецот „Меланија“ се фокусира на работата на првата дама, нејзините филантропски напори и нејзиниот семеен живот додека се подготвуваше повторно да стане прва дама на Америка, а прикажувањето во кината низ светот започнува денес.

Медиасет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqmk3vmphl1mc0T8xndN

Садула Изаири избран за нов член на Судски совет

Судијата Садула Изаири од Основниот суд Тетово освои најмногу гласови на денешните непосредни избори за член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на етничките заедници кои се над 20 отсто во државата. За Изаири гласале 179 судии од вкупно 390 кои го искористиле правото на глас.„Вкупно гласачи кои се запишани во Изборниот именик се 418 од кои вкупно гласале 390 гласачи, односно 93% од гласачите. Неважечки гласачки ливчиња вкупно има 12“, изјави судијата Осман Шабани, претседател на Комисија за спроведување на изборите.Во трка за местото во Судскиот совет беа уште петмина кандидати – Африм Јакупи, судија на Апелацискиот суд Гостивар; Улбер Хасани, судија на Основниот граѓански суд Скопје; Хасан Асани, судија/претседател на Основниот суд Тетово; Џемали Саити, судија на Врховниот суд и Шпреса Граинца-Османи, судија на Основен кривичен суд Скопје.„Напоменувам дека ова се прелиминарни резултати, поради тоа што тече рокот за приговори од пет часа. За конечниот резултат во текот на утрешниот ден ќе биде објавено соопштение на страницата на Судскиот совет“, рече судијата Шабани.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytssqdv7q2irqa1Nj76a

Стоилковиќ: Веќе нема играње на фудбал по канцеларии или спиење на работните места

Во Министерството за односи меѓу заедниците работат 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци, истакна денеска вицепремиерот и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, кој вчера одговараше на прашањата поставени од пратеникот Илир Хасани од Европскиот фронт, а се однесуваа на тоа дека со Министерство порано раководеле Албанци заради политичка еднаквост. Хасани го праша Стоиљковиќ за врските со Србија и Москва, но и за бркање од работа и поплаките за лошите услови во кои работеле вработените.-20 години го раководите Министерството, кое 20 години не е министерство, туку беше Секретаријат за спроведување на рамковниот договор, па дури последните години стана Министерство. Вие се повикавте дека тоа Министерство се грижело за еднаквоста на граѓаните. Кога ќе кажете такво нешто, а не го поткрепите со аргументи, тогаш работите стануваат сосема поинакви. Значи станува збор за Министерство со систематизација од 2.250 работници, каде што скоро 97% од вработените се Албанци. За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички заедници, кои исто така се споменати во Рамковниот договор и за нив исто важи исто така принципот за правична застапеност. Претпоставувам дека ниту вие, ниту оние кои го воделе Министерството немаат одговор на ова прашање, затоа што ова не го спроведувале, вели Стоилковиќ.Тој посочи дека пред десетина години кога Генерален секретар на Владата бил Кирил Божиновски добил кривична пријава и седум години е по судовите, бидејќи голем дел од примените работници не оделе на работа, а примале личен доход.-И доколку вие сметате дека јас треба да продолжам по тој пат и тие што примаат плата, со години, а некои и со децении не оделе на работа да добијам кривична пријава и за време и дури подоцна да се плеткам по судови, мислам дека сте нашле погрешен човек, вели Стоилковиќ.Вицепремиерот Стоилковиќ е дециден дека тој што прима плата мора и да оди на работа. Тој додаде дека ниту еден раководител не е поместен од својата работна позиција, туку дека само еден раководител е казнет со 20% на плата, бидејќи, како што рече, му подметнувал документи. Посочи дека за видео снимките кои беа објавени, а на кои се гледа како спијат вработени во канцеларија условите за работи им биле одлични, а не како што се жалеле дека немале никакви услови. Овој заклучок го донеле надлежните инспектори, кои дошле да направат увид. Тој повтори дека нема веќе седење по дома и да се прима плата и какошто рече „ако тоа е нечовечки однос, да прифаќам“.Што се однесува за врските со Белград и Москва што ги има Стоилковиќ рече дека не е ништо спорно.-За Москва ќе ве потсетам дека мојата ќерка живее таму, а вашиот министер со Лавров беше многу голем пријател, како што се сеќавам. Така што заборавете на инсинуациите. Што се однесува до Белград ќе ве потсетам дека ја почестивте македонската држава и  македонската јавност на најголемиот христијански празник Божик со Тиранска платформа, па каде вие одевте вие во Авганистан или во Тирана. Каде да одам јас, во матичната држава или некаде на трето место, рече Стоилковиќ.Тој повтори дека во ова министерство веќе нема играње на фудбал по канцелариите или пак спиење на работните места.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања