2 нед.
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави:„Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада“ договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка. Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи.“

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarypb6g0sgo8bfl3LCy21N

Минчев: ИСУЧР како единствен систем носи транспарентност и буџетски заштеди

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која го истакна значењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) како единствен, централен и задолжителен систем за сите институции во јавниот сектор, вклучително и општините и јавните установи.„ИСУЧР не е уште еден информатички проект, туку темелна реформа која обезбедува законита пресметка на платите, транспарентност и реална контрола на јавните трошоци“ истакна министерот Минчев.Тој информираше дека Владата донела одлуки со кои ИСУЧР станува единствениот извор на податоци за вработените и за пресметка на платите, при што државата по првпат стекна сопственост врз изворниот код на системот, со што се обезбедува долгорочна стабилност и целосна контрола.Министерот нагласи дека со користењето на еден унифициран систем се остваруваат значителни буџетски заштеди и на централно и на локално ниво, преку укинување на паралелни софтверски решенија и дополнителни трошоци.Министерството за јавна администрација обезбедува континуирана поддршка и обуки за институциите.„Приклучувањето кон ИСУЧР не е прашање на избор, туку на одговорност и заштита на јавните финансии“ порача Минчев, нагласувајќи ја клучната улога на ЗЕЛС како партнер во реформата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Мицкоски уверува: Решение за македонските транспортери до февруари, економијата е стабилна

Премиерот Христијан Мицкоски денес на новинарско прашање дали очекува позитивен исход од преговорите за македонските транспортири, односно едната недела македонската влада ќе биде на преговори со ЕУ и какви ќе бидат ставовите на владата?„Овој проблем со транспортерите е еден од многуте наследени проблеми од порано. Важно е дека имавме дипломатска офанзива, здружена со земјите од регионот. Важно е дека е препознаен проблемот. Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со коешто ќе се надмине овој проблем, но тука не застануваат проблемите, следно е квотите за челикот. Така да проблеми има континуирано, проблемите се тука и ќе се решаваат. Што се однесува до транспортерите, мора да се надмина овој проблем за транспортерите и мислам дека одприлика се надзира решението и очекувам тоа во рамките на следниот месец, односно на месец февруари, да биде завршена работа“, изјави МицкоскиНа прашањето дали треба да стравуваме за македонската економија, со оглед на тоа дека вицепремиерот Николовски најави колапс, премиерот изјави дека економијата е стабилна.„Изјавата на Вицепремиерот беше повеќе во насока дека ќе бидат блокирани граничните премини и ќе нема размена трговска меѓу земјите. Тоа повеќе ќе имплицираше и кон нашиот јужен сосед. Вие знаете и во Хрватска владата реагираше. Инаку граѓаните и бизнисот да не се грижат. Успеавме да обезбедиме на мегународниот пазар доволно средство да ги вратиме долговите на претходната влада и со остатокот да имаме доволно средства за развој и македонската економија повторно да биде една од првите во регионот и во првите пет во Европа. Така што, економијата продолжува да расте и јас очекувам покрај рекордите што ги имавме во втората половина, 2024 и 2025, тој тренд да продоложи и во 2026 година“, изјави Мицкоски

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Мицкоски задоволен: Ваучерите за електронски уреди за студенти се целосно искористени

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече искористеноста на ваучерите за таблетите и електронски уреди за студентите, изјави:„Па целосно е искористено тоа, вкупната бројка е искористена, што нас посебно нè радува, за прв пат ова се случува. Интересот, беше навистина за нас изненадувачки, ние ветивме дека сите студенти без разлика дали се студенти на приватните или државните универзитети, ќе бидат корисници на овие ваучери и ние сме задоволни со степенот на искористеност. Дали 15.000 денари се доволни, можеби нецелосно. Но дали може со тоа да се купи електронски уред којшто ќе служи понатаму, може.“

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library989abljdq7bj56tzLBJ

Сејф сити пред Уставен суд: Алијансата за Албанците ги оспорува законите

На денот на стапување во сила на законите, Алијансата за Албанците поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија што се дел од пакетот „Safe City“.Абидин Абдули, адвокат ангажиран од Алијансата за Албанците, изјави:„Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел секој закон да важи за сите граѓани, на целата територија на Република Северна Македонија.“Во врска со изјавата на Зијадин Села, на прашање поставено од новинарите, пратеникот Халил Снопче истакна:„Сериозноста за ‘Safe City’ се мери со конкретни постапки, а не со политички изјави. Членот 9 од Уставот гарантира еднаквост за сите граѓани, додека спроведувањето на законот само во три града не е еднакво и не обезбедува униформност. Пратеникот Ријад Шаќири од собраниската говорница најави дека Алијансата за Албанците ќе поднесе иницијатива, додека Зијадин Села не беше присутен за време на гласањето на законот.“Алијансата за Албанците нагласува дека секој закон мора да биде правичен, еднаков и да обезбеди исти права за сите граѓани, без исклучок.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6odcd3b3703idPduakV

Поднесени се три обвиненија против полицајците за „Пулс“: дозволиле активирање на пиротехниката, отворање на клубот, казнувале непостоечка фирма

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека по спроведени темелни истражни постапки е поднесено обвинение против вкупно 13 полициски службеници во врска со пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 220 беа повредени.Според обвинението, полициските службеници во периодот од 14 до 16 март 2025 година не постапиле согласно прописите за заштита, не извршиле целосни и детални проверки и не ги примениле стандардните оперативни процедури за проценка и управување со ризик при вршење полициски работи. Иако бил изготвен план за акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Кочани, тој бил идентичен за сите.На критичната вечер, дел од обвинетите биле присутни во објектот, но не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту спречиле активирање на пиротехничка опрема, иако таа не била пријавена. Како последица на несоодветните услови за работа и пропустите при контролата, избувнал пожарот со катастрофални последици.Дополнително, до Основниот кривичен суд Скопје е поднесен обвинителен предлог и против девет полициски службеници за злоупотреба на службената положба и овластување. Тие, според обвинителството, овозможиле кабарето „Пулс“ да добие лиценца во 2022 и 2023 година, иако не ги исполнувало законските услови, со што била прибавена значителна имотна корист.„За тројца полициски службеници е поднесен обвинителен предлог. При изготвување на записниците за извршена контрола во клубот во кои констатирале сторени прекршоци против јавниот ред и мир, внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да бидат поведени прекршочни постапки против неактивното правно лице и физичко лице со намера за правното лице да прибави имотна корист“, велат од ОЈО-ГОКК.Во однос на уште седум полициски службеници, истражната постапка е запрена.„Постапувајќи по наводите од кривичната пријава поднесена од МВР поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, јавниот обвинител во текот на истрагата презеде повеќе дејствија со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба. Притоа е утврдено дека на повеќе полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 година до 2022 година. Имајќи во предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена во 2018 година, предмет на кривично правна оценка во оваа постапка беа само за дејствијата преземени од 2019 година до 2022 година, додека за останатите предметот е испратен на надлежно постапување во Кочани“, додаваат од ОЈО-ГОКК.За сите обвинети остануваат на сила мерките за обезбедување на нивното присуство во постапката, до конечна одлука на надлежниот суд.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
DSC_0105

Транспаренси Македонија: Локалните власти сѐ уште не се на високо ниво по нивната отчетност

Во текот на 2025 година, Транспаренси Интернешнл- Македонија спроведе пилот оцена на индексот на транспарентност на локалната самоуправа според методологија на Transparency International со цел да утврди колку општините се транспарентни пред граѓаните, како ги објавуваат информациите за работата на општината, колку се тие достапни до граѓаните и на кој начин граѓаните може да пристапат и до институциите, но и до користењето на услугите кои ги овозможува општината. Беа оценувани врз основа на прашалник составен од 91 прашање кои опфаќа повеќе области од работата на општините. Како примерок беше земена најголемата општина по број на жители во секој од планските региони и тоа општините: Аеродром, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.Овој индекс е збир од позитивни бодови добиени од индикатори кои вклучуваат анализа на веб-страници, документи, одговори на барања за слободен пристап до информации и директен увид во функционирањето на администрацијата, т.е. центрите за услуги, како и податоци добиени од други органи.Наодите укажуваат на тоа дека локалните власти сѐ уште не се на високо ниво по нивната транспарентност и отчетност и се потребни дополнителни напори за да се обезбедат навремени податоци за нивното функционирање и за услугите кои им ги нудат на граѓаните.Највисоко оценета општина е општина Битола со 67 бодови, потоа следува општина Велес со 60, општина Штип со 55, општина Струмица со 54, општина Куманово е оценета со 51 бод, општина Аеродром со 49, општина Тетово со 43 бодови и најслабо оценета е општина Охрид со 39 бодови. Просечна оцена изнесува 52.Голем број на информации недостасуваат на веб-страниците на општините за да се создаде јасна слика колку се придонесува кон регионалниот развој и колку од средствата што се наменети за финансирање на општините се правилно менаџирани и наменети за активности кои позитивно влијаат врз животот на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Pirotehnika

Кумановец продавал пиротехнички средства кај Зелен пазар во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н. (19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 31.12.2025 година, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, кај Зелениот пазар во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што на тезга каде што продавал биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Четворица кумановци демолирале угостителски објект, па го нападнале обезбедувањето

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (27), Н.Ј. (26), М.С. (21) и Х.П. (19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 05.10.2025 година, пред угостителски објект во Куманово, пријавените физички нападнале вработен од обезбедувањето, откако претходно оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library73pbbms5j3bm9ugWWcC

Европратеници гледаат исто copy-pаste сценарио, вели СДСМ

Eвропратеници гледаат исто copy-paste сценарио во Македонија и во Србија. Европратеникот Владимир Пребилиќ, член на словенечката зелена партија Весна (Greens/EFA) наведува дека и Македонија и Србија имаат проблем со реформите во правосудството, вели СДСМ„Реформите на правосудството предизвикуваат сериозна загриженост, особено кога станува збор за независноста на судството.Неспроведувањето на реформите, корупцијата и криминалот, независноста на судството стануваат сериозна пречка.Европската комисија во последниот Извештај за Македонија нотираше сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.СДСМ во неколку наврати предупредува на опасната анти ЕУ кампања која по ист рецепт ја спроведува ВМРО во Македонија како СНС во Србија.Намерно се отвораат конфликти со соседите, намерно се обвинува Унијата, за да се оправда изолацијата и да не се спроведат реформите.Ширењето на оваа анти ЕУ кампања оди и преку медиуми под контрола на авторитарниот Орбан кој го шири своето влијание на Балканот.Пораката на европарламентарците е дека е потребно промена на курсот за да се искористи овој бран на проширување на ЕУ бидејќи никој не е сигурен кога ќе дојде наредниот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
boksirac

Приведени четворица турски државјани: Пронајдени дрога, метален боксирач и нож

На 29.01.2026 во 05:00 часот во с. Љубин, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.У.С.(23), О.Т.С.(19), О.Т.(18) и У.А.Е.(18), сите од Република Турција.Кај О.Т. биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана, додека кај У.А.Е. биле пронајдени и одземени метален боксирач и нож. При забележување на полициските службеници, Ј.У.С., О.Т.С. и О.Т. се обиделе да избегаат со патничко возило, но биле спречени во намерата.По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
pistol

Му го пресекол патот, па му се заканувал со пиштол

На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во селото, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н.Според пријавата, Р.Н. излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryagrg0kfi9hjjfbK06Xg

Сахарска прашина го покри Кипар, здравствените власти повикуваат на претпазливост

Кипар се разбуди под густа, портокалова магла од прашина што дуваше од Либија. Надлежните предупредуваат граѓаните да бидат внимателни на отворено, особено децата, постарите лица и лицата со проблеми со дишењето.Мрежата за квалитет на воздух соопшти дека ситните честички прашина, наречени PM10, се зголемени многу над безбедните нивоа. До 10 часот, мерењата покажале 445 μg/m³ во Пафос и речиси 495 μg/m³ во Агија Марина Ксилиату. За споредба, сè над 50 μg/m³ се смета за небезбедно. И Никозија, Лимасол, Ларнака и Паралимни забележале бројки многу над дозволеното ниво.Властите ги повикуваат работодавачите да ги заштитат работниците на отворено, препорачувајќи маски или друга заштитна опрема, а на јавноста и советуваат да ги одложи активности на отворено додека прашината не се смири.„Не е само непријатност; овие ситни честички можат да влијаат на белите дробови и на срцето,“ велат надлежните. „Најранливите групи треба да бидат особено внимателни.“

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Со автомобил удрил во 13 годишно девојче и избегал

13-годишно девојче е тешко повредено откако во него удрило автомобил, по што возачот избегал.Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информира дека настанот се случил улицата „Павле Аврамоски“ во Гостивар, вчера околу 12:30 часот.-Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар, информира Реџепи.Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа на ОВР Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryo6t200pvub8cagzXVWK

Трендафилов го повика Мицкоски: Да дојде во ССМ, да се потпише Договорот со кој ги зголемува платите на сите вработени

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска го повика премиерот Христијан Мицкоски во понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и таму да го потпишат Колективниот договор.„Да дојде во ССМ, да се потпише Договорот со кој ги зголемува платите на сите вработени за 40% како што пишува во соопштението на Владата. И исто така, минималната плата наместо од 2028 година да ја зголемиме од февруари 2026 година. Го чекаме“ рече Трендафилов.Првиот синдикалец најави и блокади од идната недела, а прва блокада ќе биде Собранието, додавајќи дека работниците бараат минимална плата од 600 евра сега, а не во 2028 година.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryh321jpkom5ir6MwFfya

ПССЕ изгласа резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Македонија

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат Иванка Василевска, заменик-шеф, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше изгласана резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со Република Северна Македонија. Текстот на резолуцијата во име на мониторинг-комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија, од политичката група на социјалистите, и Џозеф О’Рајли од Ирска, од Европската народна партија.Како што информираат од собраниската прес-служба, во текстот се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Северна Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг-дијалогот во 2000 година. Врз основа на ова Собранието одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Северна Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.Мониторинг-комисијата или долгото име - Комисија за почитување на обврските и заложбите од страна на земјите членки на Советот на Европа, има важна улога да го следи исполнувањето на обврските преземени од страна на земјите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции склучени во рамките на организацијата на кои земјите членки се обврзале.Значењето на мониторинг-процесот, како што се наведува во соопштението, е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија, односно постои координиран пристап во мониторинг-механизмите, како во Советот на Европа, односно Парламентарното собрание и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венециската комисија, така и со ЕУ и другите меѓународни организации. Постои блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и поради тоа исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.Во дебатата за оваа точка учествуваа сите членови на делегацијата на Собранието. Иванка Василевска ја истакнала посветеноста на државата кон европските вредности, демократските реформи и конструктивната соработка во рамките на Советот на Европа, а затворањето на постмониторинг-дијалогот го оцени како признание за долгорочните напори. Таа се осврна на постигнатиот напредок во демократските процеси преку фер избори, мирна смена на власта, изборот на првата жена претседател и конкретните резултати во борбата против корупцијата, потврдени од ГРЕКО. На крајот, нагласи дека изгласувањето на резолуцијата е потврда на напредокот, мултиетничкиот и инклузивен карактер на државата и нејзината континуирана посветеност на реформите.Беким Ќоку го поздрави завршувањето на постмониторинг-дијалогот за Северна Македонија како значаен успех не само за државата туку и за целиот Западен Балкан. Тој нагласи дека реформите и доследната посветеност кон стандардите на Советот на Европа носат конкретни резултати и ги зајакнуваат демократијата и стабилноста во регионот. Ќоку нагласи дека Северна Македонија е доверлив европски партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и посветена на европската интеграција. Своето обраќање го заврши со поздравување на резолуцијата како признание за постигнатиот напредок и поттик за продолжување на реформите во сите земји од Западен Балкан.Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека оваа резолуција со која се затвора процес по 25 години е резолуција за секој политичар што некогаш бил или е на власт, дека ја отсликува состојбата, но и желбата на граѓаните да бидат дел од Европската Унија. Таа истакна дека се надева оти со усвојувањето на оваа резолуција сите политичари во државата, особено власта, добиваат јасен знак дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија и тоа треба да се случи што побргу.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
bugarija-zname

Бугарија и Србија ќе отвораат заеднички граничен премин

Владата на Бугарија го одобри Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Србија за отворање заеднички граничен премин „Калотина 2 – Градина 2“.Новиот граничен премин ќе биде изграден во близина на постоечкиот премин „Калотина – Градина“ на бугарско-српската граница и е наменет за преминување на лица и патнички возила меѓу двете земји, пренесува „BNR njuz“.Предвидено е преминот да има сезонски карактер.Истиот ден, бугарската влада го одобри и Нацрт-договорот помеѓу владите на Бугарија и Турција за решавање прашања во врска со граничните премини и за отворање на нов премин „Капитан Андреево – Капикуле – Север“.Новиот бугарско-турски граничен премин ќе биде изграден во близина на селото Капитан Андреево, во општина Свиленград, на територија на Бугарија, и селото Капикуле во провинцијата Једрене, од турската страна, северно од постоечкиот граничен премин помеѓу двете земји.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Путин за непосредна средба на мировни преговори во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.Зеленски претходно денес во видео-изјава објави дека е подготвен за средба со Путин во Киев, на што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека Путин повеќепати претходно изјавил дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е отворен за дијалог.Украинскиот претседател денес изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја исклучи можноста таквата средба да се одржи во Москва или Белорусија, повикувајќи го Путин да дојде во Киев „ако смее“.„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Може исто така да го повикам во Киев – нека дојде. Јавно го повикувам, ако смее, секако“, рече Зеленски, пренесе Униан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarytot0ouh85k982t5fE4G

Ќе се формира Национален комитет за заштита на новинари

Безбедноста на новинарите за Министерството за внатрешни работи е еден од врвните приоритети и МВР е максимално посветено на ова поле.„Во таа насока потпишан е меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, имаме одредено Национална фокална точка и локални фокални точки во склоп на кампањата на Советот на Европа за Заштита на новинарите, а континуирано се одржуваат и работилници и обуки на кои учествуваат полициски службеници, новинари и обвинители. Соработката со Обвинителството и ЗНМ е на највисоко ниво, а заеднички изработивме и прирачници за справување со можните предизвици околу безбедноста на новинарите.Слободата на изразување и слободата на медиумите се основни демократски вредности загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, Европската конвенција за човекови права и со меѓународните стандарди. Новинарите имаат клучна улога во информирањето на јавноста и во вршењето на својата професионална должност придонесуваат за отчетноста на институциите, владеењето на правото и заштитата на човековите права.Република Северна Македонија, како земја членка на Советот на Европа и како држава која се стреми кон полноправно членство во Европската Унија, има обврска и интерес да обезбеди безбедна и поволна средина за новинарите.Советот на Европа во 2016 година ја усвои Препораката за заштита на новинарството и безбедност на новинарите и другите медиумски актери, која утврдува четири клучни столба: превенција, заштита, гонење и промоција на свесност и образование. Дополнително, во 2023 година започна европската кампања „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) со цел зајакнување на националните механизми за заштита на новинарите.Ова се дел од основните причини поради кои во Република Северна Македонија во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари.Формирањето на Националниот комитет за заштита на новинар(к)и ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и безбедноста на новинарите. Целта на Комитетот е:• да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор;• да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите;• да изработи Национален акциски план за заштита на новинарите, во согласност со европските стандарди;• да предложи мерки за превенција, заштита, гонење на сторители и подигање на јавната свест;• да ја поддржи примената на Кампањата „Новинарите се важни“ (Journalists Matter) на Советот на Европа во национален контекст.Со формирањето на Комитетот се очекува:• воспоставување на институционален механизам за системска заштита на новинарите;• унапредена координација меѓу државните органи и медиумските организации;• зголемена доверба помеѓу новинарската заедница и институциите;• изработка и спроведување на Национален акциски план за заштита на новинарите;• подобрување на позицијата на земјата во меѓународните извештаи за медиумска слобода.Формирањето на Национален комитет за заштита на новинари претставува чекор напред кон обезбедување на безбедна средина за работа на новинарите и медиумските работници, со што се зајакнува демократијата, владеењето на правото и европската перспектива на Република Северна Македонија.Во текот на 2025 година, на национално ниво продолжи институционалниот ангажман во насока на унапредување на безбедноста на новинарите, со редовна комуникација и координација меѓу релевантните институции. Во текот на годината редовно се вршеа консултации насочени кон следење на пријавените случаи поврзани со закани и напади врз новинари, размена на информации меѓу надлежните институции, унапредување на соработката со новинарските здруженија и медиумските работници и друго. Активностите беа насочени кон навремено реагирање, подобрување на превентивните механизми и зајакнување на довербата меѓу новинарите и институциите. МВР во соработка со надлежните институции, воспостави јасни и функционални протоколи за постапување во случаи на напади или закани кон новинарите. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Здружението на новинари на Македонија, веќе неколку години води регистер на напади врз новинари, јавно достапен на веб-страницата на МВР. Изработен е и Прирачник за безбедност на новинарите, а редовно се спроведуваат обуки и едукативни активности со цел зајакнување на превенцијата и меѓусебната соработка.-Во врска со онлајн вознемирувањата, особено на жените новинарки, беа преземени чекори за зголемување на свесноста за специфичните ризици со кои се соочуваат жените новинари, особено во однос на онлајн вознемирување и родово базирани закани при што во Секторот за компјутерски криминал при МВР е назначена контакт точка, со цел побрзо и поефикасно справување со ваквите случаи односно за брзо реагирање. Новинарките може директно да се обратат или преку Здружението на новинари на Македонија, а за секој пријавен случај веднаш се преземаат мерки за расчистување.-Организирани се активности, средби, обуки и работилници на кои учество земаа претставници од МВР како и голем број на медиумски работници, новинари на кои се разгледуваа начините за зголемување на соработката меѓу полицијата и новинарите, градење на меѓусебната доверба и разбирање, како и начинот на доставување на информациите и нивно пренесување во јавноста, особено за чувствителни теми. Во тој контекст, една од заедничките работилници беше и „Етичко и родово сензитивно известување за трговија со луѓе и родово засновано насилство во институциите и медиумите“ која се одржа во Скопје. Соработката со медиумските работници, односно новинарите, градењето на сигурна и цврста меѓусебна партнерска нишка како и нивната безбедност, за МВР е еден од врвните приоритети. Во таа насока потпишан е Меморандум за соработка со Здружението на новинари на Македонија, имаме одредено Национална фокална точка и локални фокални точки во склоп на кампањата на Советот на Европа за заштита на новинарите, а континуирано се одржуваат и работилници и обуки на кои учествуваат полициски службеници и новинари. Соработката цениме дека е на највисоко ниво, а заеднички изработивме и прирачници за справување со можните предизвици околу безбедноста на новинарите“, велат од МВР.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Руски амбасадор до Американците: „Трипати мери и не сечи“

Рускиот амбасадор при Обединетите нации, Василиј Небенџа, им даде совет на Американците во врска со можен американски напад врз Иран: „трипати мери и не сечи“.„Трипати мери и не сечи“, порача Небенџа, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави можат да го нападнат Иран, но дека Техеран сега е подобро подготвен за тоа отколку што беше во јуни 2025 година.Небенџа истакна дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран во извесна мера се смирила откако завршија протестите во таа земја, но ситуацијата сепак е загрижувачка.„Нападот може да се изведе, но Иран овојпат е подобро подготвен за таков развој на ситуацијата отколку што беше во јуни“, рече Небенџа за руските медиуми.Американските медиуми пренесоа дека Трамп размислува за нов голем удар врз Иран откако претходните разговори меѓу Вашингтон и Техеран за ограничување на иранскиот нуклеарен програм и производство на балистички ракети не напредуваа.Опциите што Трамп сега ги разгледува, вклучуваат американски воздушни напади насочени кон иранските лидери и безбедносни функционери за кои се верува дека се одговорни за убиства за време на протестите во земјата, како и напади врз иранските нуклеарни објекти и владините институции, изјавија извори за Си-Ен-Ен.Ударната група носачи на авиони „USS Abraham Lincoln“ влезе во Индискиот Океан пред три дена и продолжува да се приближува кон Иран.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања