2 нед.
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ обезбеди финале на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Австралија опен по маратонот и победата над Италијанецот Јаник Синер со 3:2 – по сетови 3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4.По историското полуфинале меѓу Карлос Алкарас и Александар Зверев, ништо помалку спектакуларно не беше ниту во дуелот Ѓоковиќ – Синер.Иако многумина не веруваа дека ќе биде така, особено по воведниот сет што го доби Синер.Клучниот момент се случи во четвртиот гем, кога Новак спаси брејк топка на 30:40, но Синер потоа беше сигурен на сервисот и без изгубен гем го донесе сетот до крај — 6:3.Противник во финалето ќе биде Карлос Алкарас, кој по пет часа и 21 минута и пет сета ја победи Зверев.Ова е 11. финале во Мелбурн за Ѓоковиќ, а до сега никогаш не го загубил мечот за титулата во Австралија.

Спорт | пред 2 седмици

2 нед.
putin-094091

Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.Претседателот на САД вчера изјави дека неговиот руски колега се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryfe1c2cbnurfq5Yw7Tp0

Епидемија на мали сипаници во Јужна Каролина

Епидемијата на мали сипаници во Јужна Каролина зафати најмалку 789 лица, со што го надмина претходниот најголем бран во западен Тексас од 2025 година. Најголем дел од случаите се во округот Спартанбург и претежно се меѓу невакцинирани лица или оние со непознат вакцинален статус, соопшти државниот Оддел за јавно здравство.Државната епидемиологинка Линда Бел изјави дека ширењето е неочекувано брзо, бидејќи за само 16 недели бројот на случаи го надминал оној што Тексас го достигнал за седум месеци. Во моментов, 557 лица се во 21-дневна карантина поради изложеност на вирусот, а епидемијата започнала кон крајот на септември и се забрзала за време на празниците.Случаи поврзани со епидемијата се регистрирани и во Калифорнија, Северна Каролина и Вашингтон, додека во Северна Каролина се потврдени 14 случаи и повеќе од 170 лица се ставени во карантина. Здравствените власти предупредуваат дека ниската стапка на вакцинираност, далеку под потребните 95 отсто за колективен имунитет, е главната причина за ширењето и дека без зголемување на вакцинацијата постои ризик од натамошно проширување и губење на статусот на САД како земја без мали сипаници.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
univerzalna-sala

Љутков: Одлуката за изведувач на Универзална сала ќе биде донесена в понеделник

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзална сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.- Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот,Во врска со пресудите за платите во културата, Љутков истакна дека се уште стои на истиот став.-Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд, некој друг веројатно ги добива пред да ги добиеме ние. Јас подоцна се информирам од институциите, кога ќе стигнат, но знам дека пред три дена, една од одлуките, првата од првостепениот, од Битола, беше обжалена и Апелација одлучи во корист на институцијата, рече министерот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
sdsm-i-mickoski

(Видео) „Јас не можам место СДСМ да победувам на избори“, Мицкоски за укинувањето на техничката влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на опозицијата дека општеството се уште не е зрело за укинување на техничката влада, истакна дека нема потреба лично да ги убедува противниците.„Не треба јас да ги убедувам. Ќе ви кажам две работи. Прво ги убеди Стразбур вчера со укинување на постмониторингот. Не треба јас да ги убедувам. Еве ако не му веруваат на Христијан, нека читат што пишува во извeштajот. И второ, дури ако тоа да е така, на следните избори повторно нека има техничка влада. Ако имаме редовни во 2028, јас ќе си дадам оставка во јануари 2028. Не е тоа проблем. Само да им удоволиме да следните избори има техничка влада. Па они нека повелат, нека се организират, нека победат, и потоа, на тие некои следни избори нема да има техничка влада. Што повеќе да направиме за опозицијата? (19:32) Јас стварно не знам што да направам повеќе. Јас не можам место нив да победувам на избори. (19:39) Тоа е, што можам јас повеќе да направам?“, рече Мицкоски

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
noz-ubistvo-napad

Скопјанец со остар предмет и се заканувал на снаата и нејзиниот син

На 30.01.2026 во 03:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа.Според пријавата, на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходна вербална расправија, Б.Ш. со остар предмет упатил закани кон неа и кон нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5apc0b1vfmhccQHeOPW

Љутков: Руралниот туризам – приоритет на Министерството за култура и туризам

Во пресрет на Саемот за рурален туризам, кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Центарот „Јавна соба“ во Скопје, министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на денешната прес-конференција што се одржа по тој повод.Во своето обраќање, министерот истакна дека руралниот туризам ќе биде еден од стратегиските приоритети на Министерството, при што вакви настани ќе бидат сè почести во текот на 2026 година, а уште поинтензивни во 2027 и 2028 година.„Преку проектот Е-75, активно работиме на развој на транзитниот туризам. Нашата цел е просечниот престој на туристите долж оваа траса, кој во 2026 година изнесува околу 24 часа, до 2028 година да достигне најмалку 72 часа“, изјави Љутков.За 2026 година, Министерството за култура и туризам предвидува 36 милиони денари за програмски активности, како и дополнителни 150 милиони денари за субвенции во туризмот. Како што нагласи министерот, овие средства ќе се зголемуваат секоја година, имајќи предвид дека секој вложен денар во туризмот носи четирикратен економски поврат.Љутков посочи дека руралните домаќинства и малите производители претставуваат клучен двигател на локалниот економски развој и дека токму во нив ќе се инвестира континуирано и стратешки, особено по спојувањето на ресорите култура и туризам.На Саемот, претстојниов викенд,  ќе учествуваат околу 50 излагачи од целата земја, а се реализира во организација на Министерството за култура и туризам, во партнерство со Амбасадата на Словенија, Швајцарската амбасада преку програмата ИМЕ, Земјоделскиот институт и Центарот „Јавна соба“.Министерот Љутков упати благодарност до сите партнери и информираше дека на Саемот ќе присуствуваат и туристички агенции за дојдовен туризам, со цел остварување директни средби и можност за склучување договори со руралните домаќинства. За посетителите ќе бидат обезбедени и ваучери за попуст за да се поттикне поголема посетеност од домашната публика.„Ги поканувам граѓаните да дојдат, да ги запознаат автентичните вредности на Македонија, да вкусат локални деликатеси и да ги доживеат руралните убавини на Македонија“, порача министерот Љутков на крајот од денешната прес-конференција.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Blojcanik-na-Semahot-HTK

Скопје добива „паметен зелен бран“: Изгласан буџет од 25 милиони денари

Советот на Град Скопје изгласа буџет од 25 милиони денари за воведување на „паметен зелен бран“ за синхронзиирање на сообраќајот во главниот град.- На шестата седница на Советот на Град Скопје, донесовме одлука за предвидување на средства во износ од 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај, информираше претседателот на Советот на Град Скопје Даме Димитровски.Како што рече тој, со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата.Претходно, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски претходно порача дека овој систем во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library58tvro6qdq0s8z0mg5j

ФЕНИ повторно се отвора: На работа се враќаат 170 лица

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, соопшти дека компанијата Golden Eagle (поранешно ФЕНИ) во првата фаза ќе ги врати на работа 170 лица, а во следната фаза се очекува да се вклучат уште 500 работници.Производството на никел е планирано да започне во април, кога производствените печки ќе бидат ставени во функција.Јанчев истакна дека соработката меѓу Golden Eagle, општината, Владата и премиерот Христијан Мицкоски овозможила фабриката повторно да функционира, што е значаен придонес за локалната економија и граѓаните на Кавадарци.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
mkd-eu

Мицкоски: Заврши мониторингот за Македонија тоа е признание за нивото на демократија во Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа и дали можеме да го цениме ова како напредок, изјави:„Ова е историски момент, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста. Односно, Македонија веќе не е опфатена со пост мониторинг од страна на Советот на Европа. За разлика од нас, сите овие фронтранери во регионов, нели имаме фронтранери во европските интеграции или се во мониторинг или се во пост мониторинг. Пред само три-четири месеци, земја членка на ЕУ, како Бугарија, излезе од овој пост мониторинг, сега и ние излегуваме. Тоа е само признание за нивото на демократија во државата.Ќе ве потсетам, дел од вас бевте присутни пред неколку дена, кога ми беше поставено прашање, дали Владата влијае на слободата на говорот. Еве еден најголем демант, ова е најголемиот демант за квалитетот на демократијата во Македонија и слободата на говорот, владеењето на правото и сите процеси коишто ги мониторира Советот на Европа.Јас сум благодарен на тимската работа, на сето она коешто го направивме. Тоа е уште една добра вест, покрај онаа со којашто Европската Унија го препозна проблемот со, не само камионџиите, би рекол, со друмските превозници, зборувам тука и на товарниот и на патничкиот сообраќај, не е само тоа случај кај превозниците со камиони. Но, во периодот што следи ќе има уште многу добри вести. Така што сите оние невистини, лаги од страна на опозицијата коишто беа кажувани изминатиов период и злоупотребувани, полека се распрснуваат како меурот од сапуница. Но, и на оние нивни перјаници во медиумите коишто ги засилуваат лагите на опозицијата, мислејќи дека на тој начин ќе ми наштетат мене и на Владата. Еве нема поголем демант од овој којшто дојде директно од Стразбур, од Советот на Европа. Којшто вели Македонија како држава е зрело демократско општество, владее правото, нема замолкнување на слободна новинарска мисла, се почитува слободата на говорот и дека таа држава е зрела, да понатаму ја гледаме како навистина зрела демократија, за разлика од другите земји од Западен Балкан. Сите се или во пост мониторинг или во мониторинг, вклучително тука зборам и фронтранерите Црна Гора, Албанија и така натаму.“

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
cementara

ТИТАН Усје: Повеќе од еден месец сме цел на неосновани напади – не сме причина за загадувањето

Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината. ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух, велат од ТИТАН Усје„Потенцираме дека: Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар. (Во прилог табели) ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни. Мерните инструменти се поставени од страна на SICK- Германија, и ТИТАН Усје нема никаков пристап до овие инструменти, односно се работи за независен мониторинг. Точноста на овие мерења се потврдува со редовна калибрација на уредите за мерење и повеќекратна проверка и од страна на овластени меѓународни тела. Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина. Сите независни студии, преку хемиска анализа на депозитот од амбиентниот воздух, укажуваат дека индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови. Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајно решение во интерес на сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
pari

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата.„Согласно потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари односно 600 евра.Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување. Особено кај основните прехранбени производи, енергенсите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата.Поскапувањата кај храната и основните животни намирници, како и растот на цените на електричната енергија, греењето и услугите, реално ја намалуваат куповната моќ на работниците, особено на оние кои примаат минимална плата.Ова особено се одразува врз најранливите категории на работници, кај кои минималната плата претставува единствен или доминантен извор на приходи.Дополнително, синдикатите, како легитимни претставници и заштитници на правата на работниците, во континуитет укажуваат на потребата од дополнително зголемување на минималната плата, со цел ублажување на ефектите од инфлацијата, обезбедување достоинствен животен стандард и зголемување на социјалната сигурност на работниците и нивните семејства.Финансиските импликации за овој закон се во износ од 7.500.000.000 денари.СДСМ е на страна на работниците. Очекуваме поддршка од сите парламентарни партии.Ајде да обезбедиме достоинствена плата за работниците! Време е“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
tepacka1

Мајка нападната со тврд предмет од 19-годишната ќерка

На 29.01.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 58-годишна жена пријавила дека околу 00:10 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар била нападната со тврд предмет од нејзината 19-годишна ќерка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryhl8o1r5650eechoLTmi

Кучето одземено, сопственикот казнет: АХВ реагираше по видеото од малтретираното животно

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерство за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавеното видео на социјалните мрежи од страна на родител на дете кое,  како што се гледа од видеото, измачува куче.Во врска со овој случај до Агенцијата во текот на вчерашниот ден беа поднесени и иницијативи од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор во врска со овој случај, на кој АХВ веднаш реагираше.Со спроведениот надзор утврдено е дека кучето не е идентификувано со микрочип и не е вакцинирано, за што на сопственикот ќе му биде изречена соодветна парична казна, а како инспекциска мерка за нарушена благосостојба на животното, малтретираното куче е одземено од сопственикот, соопшти Агенцијата.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycjbj91k9nh2a3wkjVsZ

Парадокс на правдата: Новинарката Вејсели е осудена оти го кажала името на судијата во судско известување, обвинител ја гонел за злоупотреба на лични податоци

Обвинителството ја гонело, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила новинарката Љиридона Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, само затоа што во новинарско известување го спомнала името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.Вејсели за „Скопје1“ изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, како што посочува новинарката, судијата Илјази изрекол казна од три месеци ефективен затвор.„Осудена сум затоа што го спомнав името на судијата во контекст на судска одлука за сериозен кривичен случај. Казната е 700 евра за наводна злоупотреба на лични податоци“, вели Вејсели.Во писменото образложение на пресудата, судијката Мишоска наведува дека на 28 октомври 2024 година новинарката, без согласност на судијата Назиф Илјази, ги користела неговите лични податоци – име и презиме – преку објави на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок, со што, според судот, му нанела штета на честа и угледот во неговата професионална дејност, која ја извршува повеќе од 37 години.Судот заклучил дека со ваквите дејствија се исполнети битните елементи на кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ од Кривичниот законик.Од Обивнителството побаравме да ни кажат кој обвинител го поднел предлог за издавање на казнен налог против новинарката, но и зошто поднеле ваков предлог за издавање на казнен налог против новинарката која открила име и презиме на судија, што е јавна функција. До објавување на овој текст - одговор нема.Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, кој оцени дека случајот претставува сериозен показател за состојбата со слободата на говор и довербата во судството.Според Исени, сведочењето на Вејсели јасно покажува дека полицијата ѝ била целосно на располагање за нејзина заштита во момент кога била изложена на притисоци, но дека денес се случува, како што вели, „најголемиот парадокс“ – судството, кое со години било политизирано и деградирано, да се претставува како жртва.„Довербата во правдата падна на историски минимум од околу три проценти, како директна последица на политичките инсталации и континуираните вмешувања. Истите тие кои денес зборуваат за слобода на медиумите, вчера молчеа, заплашуваа и уценуваа критички гласови“, напиша Исени.Во продолжение видеото во кое е споменат судијата, за што новинарката е осудена:

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Mickoski-Carina

Мицкоски ја објасни новата формула за зголемување на платите: ССМ не сака да потпише

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги образложи деталите околу новиот систем за нивелирање на платите во државната администрација, потенцирајќи дека со него се обезбедува раст на платите до 2028 година, без да се создаваат обврски за идната влада. Тој истакна дека Владата е одговорна и подготвена да ги регулира односите со вработените преку нови гранкови договори, додека Синдикатот на Службениците (ССМ) сè уште не го прифатил предложениот модел.„Јас кажав, ако е 30.000 денари просечната плата на секој вработен административец, тогаш беше за 4 години, сега е за 3, бидејќи до 2028. Ние не сме како претходната влада да преземаме обврски кои ќе бидат на некоја следна влада. Може би ние ќе продолжиме да бидеме, може би некој друг ќе биде, но не сакаме после 2028 година да преземаме обврски, бидејќи сме одговорна влада и велиме вака. Ако е 30.000 денари просечната плата, сега во април за мартовската плата, ќе имаме нивелирање за минималната плата којашто ќе се зголеми. Да претпоставиме дека таа ќе се зголеми за 1.500 денари. Тогаш овие 30.000 денари плус 1.500 денари, зголемени за 8%, ќе дадат збир X. Следната година, април 2027., тие X плати повторно ќе се зголемат за минималната плата, да претпоставиме дека ќе биде повторно 1.500 денари. Тогаш ќе добиеме X плус тие 1.500 денари, зголемени за нови 8%, и ќе добиеме Y плати. Третата година, април 2028., овие Y плати повторно ќе се зголемат за минималната плата од 1.500 денари и сето тоа ќе се зголеми повторно за 8%, и ќе добиеме Z плати. Овие Z плати ќе бидат за минимум 40% повеќе од 30.000.Ние имавме еден услов, рековме во колективниот договор, делот кај што стојат платите да го избришеме и во овој период од 3 години да го испреговараме. Доволен период имаме од 3 години да постигнеме договор. А во меѓувреме имаме колективен договор, имаме 95% од вработените коишто се дел од одговорностите на владата како работодавач, и со тоа владата со своите вработени си ги регулирала односите до 2028 година. И со тоа ние сме завршиле. Остануваат сега уште овие 7.787 вработени, ако не се лажам, од вкупната државна администрација.Еве ова не сакаше да го потпише ССМ, велеше вака: како сега ние ќе се откажеме од општиот колективен договор, тој дел, кога ние сме го потпишале со Тренчевска. Јас велам, вие не се откажувате. Важењето на општиот колективен договор останува во важност до носење на друг. А ние, ако го избришеме делот на платите, којшто е дел од општиот колективен договор и е збунувачки, може да се толкува и вака и така, ќе се повикаме на овој нов гранков договор, којшто ќе го потпишеме со синдикатите гранкови за државната администрација. И во рок од тие три години ќе испреговараме дел, којшто ќе биде повторно дел од општиот колективен договор. И тие тоа не го прифаќаат. Како викаат, сега сме го потпишале, тоа е добро, а како сега ние самите себе ќе се грижиме. Тоа не е мојот проблем. Јас нудам решение. Ако ние не сме доволно зрели како општество, да за три години не потпишеме, односно за помалку од три години, тогаш не сме зрели ни за држава. Ама јас мислам дека сме зрели“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryv99npu7tm14h48avkqW

Ѓорѓиевски најави комунална полиција за ред и дисциплина на локално ниво

На денешната втора седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, во новиот состав, беа усвоени клучни точки кои имаат за цел да ја јакнат локалната самоуправа и да го подобрат управувањето со јавните ресурси.„Особена чест ни беше присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентираше надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, сега поставен како единствен информативен центар за целата администрација.Со ова решение, ќе се воспостави современ и функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува сериозен исчекор кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна јавна администрација.Неговата имплементација е повеќе од добредојдена и ќе донесе конкретни придобивки и за вработените и за јавните претпријатија.И на оваа седница, повторно јасно нагласив дека Управниот одбор на ЗЕЛС е тело во кое политиката нема да има место.Така беше и во мојот претходен мандат, така ќе биде и во иднина.Овде сме обединети околу заеднички цели и за многу прашања ќе мораме да настапуваме со единствен, заеднички став.Очекувам силна, искрена и плодна соработка со сите членови, затоа што колку ЗЕЛС е пообединет, толку повеќе добиваат општините, а со тоа и нашиот народ.Воведувањето на комуналната полиција, преку новите законски измени, останува наш јасен приоритет за конечно воспоставување ред, дисциплина и поголема ефикасност на локално ниво.Убеден сум дека овој состав на Управниот одбор ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на процесот на децентрализација, во интерес на граѓаните и рамномерниот развој на општините“, вели градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
pistol-vperen

Напад и закани со огнено оружје на Бит Пазар

На 29.01.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(28) од Куманово пријавил дека околу 14:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице, додека две лица му се заканувале со огнено оружје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-library1brtd3u6jeee4W162Ck

Девет полицајци влегле и ја виделе пиротехниката во „Пулс“, но никој не спречил да биде активирана - излезот не бил заклучен

Од 23 обвинети полициски службеници, меѓу кои има и началници, девет од нив се гонат поради тоа што можеле, но не спречиле да се случи трагедијата во „Пулс“. Досега, Обвинителството нема ослободено од вина ниту едно лице со полициски овластувања, а кај пензионираните полицајци се констатирало дека не можат да ги гонат поради застареност на кривичното дело кое би им го ставиле на товар.Обвинителката Ивана Алексова Трајчева која денеска поднесе три обвиненија, посочи дека деветте полициски службеници влегле во „Пулс“ пред пиротехниката да биде активирана, но и покрај тоа, тие не спречиле нејзина активација.„Јас го земам на товар тоа што влегле касно, а проверувале малолетници. Влегле внатре, преполно било. Виделе пиротехника на бина, никој не оди кон бината да се спречи пиротехниката туку се води контрола за тоа дали меѓу гостите има малолетници“, вели Алексова Трајчева.Прашана, дали може да се гонат полицајците бидејќи не помагале на гости кои излагале од дискотеката, таа рече: „Не помагањето не може да го ставите како кривично дело. Тоа е човечки, што требало, и што можеле, но и што не можеле да направат. Обвинението е до настанувањето на пожарот“.Полицајците тргнале да проверуваат дали имало или немало малолетници во диското речиси два и пол часа по полноќ, иако тоа требало да го направат веднаш штом помине 12 часот. Прашана за тоа дали вратата за излез била заклучена, обвинителката Алексова Трајчева рече: „Таа врата што се збори дека е заклучена не е вратата за излез од дискотеката. Туку е врата до службените простории. Таа врата нема никаква врска со делот официјален за влез-излез“.Полициските службеници кои биле вклучени во проверките на „Пулс“ во 2012 година и 2018 година, по кои требало да извршат проверки за паркингот и јавниот ред и мир - ќе треба да ги гони кочанското Обвинителство. За ниту еден полициски службеник не е запрено водењето на постапката, туку е запрено водењето на постапка за кривичното дело за кое била донесена наредба за истрага. Поради основано сомневање дека сториле друго кривично дело отворена нова предистрага која обвинителката ја предала во кочанското Обвинителство, како надлежно да постапува.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави:„Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада“ договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка. Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи.“

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања