2 нед.
marihuana

Полицијата пресече синџир на криумчарење дрога: Црногорец фатен со 56 килограми марихуана

Граничната полиција на преминот Јабука, на границата меѓу Србија и Црна Гора, пресекле уште еден синџир на криумчарење наркотици, откривајќи рекордна количина дрога скриена во специјално изработен бункер на возило.„Со заедничка акција на граничната полиција и царината на преминот Јабука, запленивме околу 56 килограми марихуана. Дрогата беше откриена при детална контрола на товарно комбе, при што беше уапсен возачот, државјанин на Црна Гора“, соопштија надлежните.Иако на прв поглед возилото делувало празно, искусните цариници и полицајци посомневале во конструкцијата на подот. При деталниот преглед со употреба на соодветен алат, откриено е двојно дно. Во внатрешноста на специјално изработениот бункер биле пронајдени десетици пакети обвиени со лента, кои содржеле сушена билна материја зелена боја, за која тестирањето потврдило дека е марихуана.Возачот веднаш бил лишен од слобода на лице место, а комбото со преработен под е одземено. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. На него му е определено задржување до 48 часа, по што ќе биде предаден на надлежното обвинителст

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarye6lvr4tsa15s2ExoEGD

(Видео) Илјадници студенти во блокада на “Свети Сава” со 16-минутен молк за жртвите во Нови Сад, а им ги затворија вратите од истоимениот храм

На празникот Свети Сава, илјадници студенти во блокада, заедно со граѓани, одржаа масовен и мирен протест под паролата „Знаењето е моќ“. Протестниот марш се одвиваше под засилено полициско присуство, при што полицијата во полна опрема го следеше нивното движење низ Пионерскиот парк.Учесниците на протестот извикуваа „Готов е“ и „Пумпај“, по што мирно се упатија кон Храм Свети Сава, симболично нагласувајќи дека храмот, како што порачаа, припаѓа на сите граѓани. Сепак, вратите на храмот останаа затворени за студентите и граѓаните.Video: @StojakovicL_ Свети Сава, кој традиционално се одбележува како училишна слава, беше одбележан и со 16-минутен молк во чест на жртвите од трагедијата во Нови Сад. По молкот, студентите и граѓаните кршеа погача и делеа жито, во знак на почит и сеќавање.Организаторите најавија дека следниот протест ќе се одржи на Сретење, со порака дека студентското движење продолжува со истата решителност и мирен карактер.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Украина ја премина границата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека украинското раководство ја преминало границата и дека неговата земја не барала конфликт, а сепак Унгарија веќе неколку дена е цел на притисоци.„Сè додека Унгарија има патриотска влада, овие прашања нема да се решаваат во Киев или Брисел. Украинците тоа го знаат, затоа сакаат нова, пријателска влада во Будимпешта и сè закануваат на секој чекор“, напиша Орбан на својата страница на Фејсбук.Орбан додаде дека неговата влада нема да испраќа пари во Украина, затоа што тие пари се подобро наменети за унгарските семејства отколку, како што рече, „во бањата на украински олигарх“.Тој исто така потенцираше дека Унфарија нема да дозволи забрана за увоз на руска нафта и гас, бидејќи, според него, без овие ресурси нема да биде возможно намалување на трошоците за комуналии и обезбедување пристапна енергија за маѓарските семејства.„Нема да дозволиме Украина да биде втурната во Европската унија за две години кршејќи ги законите на ЕУ, бидејќи тоа би значело и увоз на војна“, додаде Орбан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryli6u2hq6hhgedF3Axi8

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз, загинаа цивили: Зеленски – ова е тероризам

Русија во текот на ноќта изврши масовен напад со дронови врз Украина, при што низ целата земја загинаа најмалку дванаесет лица. Во Харковска област беше погоден патнички воз, при што животот го загубија пет лица, додека во нападите врз Одеса и околината на Киев се забележани нови цивилни жртви. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, нападот врз возот го оцени како „терористички чин“, пренесува Euronews.Нападот врз патничкиот возНајмалку пет лица загинаа откако руски дрон во ноќта на вторник го погоди патничкиот воз во Харковска област. Претседателот Зеленски објави кратко видео од еден од запалените вагони на својот профил на социјалната мрежа X, а регионалните служби за итни случаи подоцна соопштија дека пожарот е изгаснат.„Убиството на цивили во вагон на воз нема и не може да има никакво воено оправдување. Во возот се наоѓаа повеќе од 200 патници, од кои 18 беа во вагон погоден од рускиот дрон“, напиша Зеленски.„Русите значително ја зголемија својата способност да убиваат и тероризираат“, додаде тој, повторувајќи ја потребата од посилен притисок врз Москва, што е порака која редовно ја упатува кон своите сојузници.Погодена е и ОдесаВо нападот со повеќе од 50 руски дронови беше погоден и црноморскиот град Одеса, каде според официјалните извештаи загинаа три лица, а повеќе од 30 се повредени, вклучувајќи и две деца. Цел на нападот беше градската електроенергетска мрежа, која Русија редовно ја напаѓа за да го прекине снабдувањето со струја и греење во зима, како и пет станбени згради.Според украинските власти, меѓу дроновите користени во нападот врз овој јужен град биле и модели кои Русија неодамна ги надградила за да ја зголеми нивната дострелност и ударна моќ.Жртви и во околината на КиевРусија целела и кон Киев, кој во последните месеци е изложен на сè почести напади. Во нападот загинале најмалку две лица.„Во населбата Билохородка во нападот загинаа двајца наши сограѓани, маж и жена“, објави на Телеграм началникот на воената управа на Киевската област, Никола Калашник.Според украинската национална полиција, четиригодишното дете на загинатите преживеало, но е повредено во нападот, додека три други лица се исто така повредени.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7114t6m955a24WpeM72

Сикорски го повика Маск да спречи Русија да користи Starlink

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, го повика основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, да спречи Русија да ги користи сателитите Starlink за напади врз украинските градови.„Здраво, Илон Маск, зошто не ги спречиш Русите да користат Starlink за напади врз украинските градови? Печалењето пари од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryaflpa8aa32ah8alppOv

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Франција: Евакуирани 83 гости

Најмалку 83 лица беа евакуирани откако во текот на ноќта избувна пожар на кровот на хотел со пет ѕвезди „Гранд Алп“ во познатото скијалиште Куршевел, во регионот Савоја, Франција, соопштија пожарникарите.Пожарот се прошири преку покривот на хотелот, при што постои ризик од ширење на пламенот кон соседните објекти. Пожарникарите продолжуваат да работат на ставање на огнот под контрола, но дебелите слоеви снег го отежнуваат пристапот и пребарувањето на теренот.Ситуацијата на терен е опишана како „сложена операција“. Засега нема пријавено жртви.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library16996ojo37eodFDLBlo

(Видео) Михајлово доби нова скијачка патека: Свеж снег и три уредени стази

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави видеа на социјалните мрежи од новата патека во ски-центарот Михајлово.„Еден месец скијање зад нас, сега и нова патека! Михајлово е подготвено и активно веќе еден месец, а бројни граѓани веќе уживаа на снегот и стазите.Денес одиме чекор напред, комплетна зимска понуда со три уредени стази: малата стаза со теписон за најмладите, стазата „Македонија“ и за првпат новата стаза од 1.200 метри.Свеж снег, вистинска зимска идила и услови за скијање и уживање за сите генерации“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryuuahsgssi6r41uOigMr

Осудените за нападот на Кримскиот мост до Путин, Трамп и Зеленски: ‚Невини сме‘“

Осум мажи, кои рускиот суд ги осуди на доживотен затвор за учество во нападот на Кримскиот мост во 2022 година, поднесоа заеднички апел за ослободување, тврдејќи дека не биле свесни за операцијата што ја планирал Киев. Во експлозијата загинаа пет лица, а мостот, изграден по анексијата на Крим од Русија во 2014 година, претрпе сериозни оштетувања и стана симбол на амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.Во апелот испратен до Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, осудените ги опишуваат себеси како „осум обични луѓе кои секојдневно се буделе за да заработат за леб, да ја платат киријата и да ги прегрнат своите деца“, нагласувајќи дека сега се прогласени за „терористи“ и се соочуваат со сурова казна во руски затвори.Некои од осудените учествувале во транспорт на градежен материјал, за кој подоцна се покажало дека содржи скриен експлозив, но тие тврдат дека за тоа не знаеле. Украинските власти потврдија дека за операцијата биле користени лица кои „не биле упатени“, а организации за човекови права велат дека мажите само го извршувале својот вообичаен дневен работен ангажман.Меѓу осудените се логистички директор од Санкт Петербург, земјоделци и трговци со овошје од окупираната Украина и возач на камион. Сите тврдат дека учествувале во редовен транспорт и биле невини во врска со експлозивот.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

Сведоштвото на Жан Митрев јасно  покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси.  Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarybj2qo1n7m23s5FBm5Qz

СДСМ: Мицкоски луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес

ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер, вели СДСМ.“Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните.Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал.Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него.Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8s5j92plh1m05MvE4uj

Истекување на пропан причина за пожарот во фабриката во Грција

Истражителите за пожари потврдија дека смртоносната експлозија во фабриката за колачи „Виоланта“ во Трикала, централна Грција, која се случи в понеделникот наутро, била предизвикана од истекување на пропан, потврдувајќи ги првичните проценки на пожарникарите.Тимот на Дирекцијата за истраги на пожари и судските експерти утврдија со сигурност дека експлозијата, при која загинаа пет жени, била резултат на истекување на пропан и негово насилно палење. Според изворите, во фабриката немало инсталирани гасни детектори за откривање на можно истекување.Подоцна во вторникот, пожарникарите во координација со обвинител, го уапсија сопственикот на компанијата, менаџерот за безбедност и шефот на смена. Тие се товарат за убиство од небрежност, предизвикување експлозија, небрежно предизвикување пожар и телесни повреди.Инспекцијата открила дупка во цевката што го носи пропанот од складиштето до печките. Дупката се наоѓала во подземниот дел на крилото каде што официјалните лица првично ја идентификувале експлозијата. Инженер за електрична енергија и хемичар помагаат во истрагата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-03-06-at-16.36.30

ССМ денес на протест, бараат минимална плата од 600 евра

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.Претседателот на ССМ Слободан  Трендафилов вчера на прес-конференција рече дека протестот се организира поради ингнорантскиот однос на Владата и работодавачите кои не ги зголемија платите на работниците.Според ССМ, има многу аргументи за зголемување на платите тргнувајќи од инфлацијата се до растот на вредноста на синдикалната минимална кошничка во јануари за илјада денари.- 28 јануари е денот кога работниците зборуваат. Колку гласно ќе зборуваат, зависи од вас. Вашето присуство на улица ќе зборува погласно од секоја дискусија што сте ја воделе во семејствата и на вашите работни места. Овој протест е за вашите плати затоа што истите не стигнуваат од 1-ви до 1-ви. Ве повикувам сите - и синдикалци, и работници и пензионери кои земате пензија од работничките придонеси да ни се придружите затоа што само во јануари сте посиромашни за илјада денари. Другите не бројат и сметаат дека ако не дојдете, им давате огромна поддршка да не ви ја зголемат платата затоа што сметаат дека добро живеете и дека зборувате само за убави работи, рече Трендафилов, рече вчера Трендафилов.Според него, повеќе нема изговори бидејќи 200 илјади луѓе се сиромашни и живеат со плата под 30.000 денари.На протестот ќе се приклучи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Во соопштение испратено до медиумите, ССНМ ги повика своите членови да дадат полна поддршка на барањата за зголемување на минималната, но и сите плати на работниците во земјата.- Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС, објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјата, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и други, кои од работодавачите се држат на минималната плата. Со оглед на тоа дека повеќето од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата, наведуваат од ССНМ.Од Владата со став дека секој има право да протестира, но дека зголемувањето на минимналната плата ќе биде согласно законот во март.- Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски при работната посета на Гази Баба. За Бизнис конфедерацијата е прифатливо зголемувањето на минималната плата во март, а секое друго зголемување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би било товар за стопанството. Сметаат дека нашата економија, особено приватниот сектор, не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата.- Разговаравме неколкупати и со претставници на Владата, но исто така и со нашите колеги и од Сојузот на синдикатите на Македонија и од другите синдикати дека би се задржале на ставот дека усогласувањето на минималната плата во март е прифатливо за нас, тоа е дел од законот што треба да се разбере и да се прифати, но исто така и за да можеме да покачиме повеќе, како што бараат синдикатите, во интерес и на работодавачите, и на граѓаните, и на работниците е покачувањето од 6.000 денари да биде ослободено од социјални придонеси и оптоварено само со персоналниот данок, и тоа во сите сектори. Дополнителните барања и дополнителните 100 евра што ги сметаме како линеарно покачување навистина сериозно со овие услови, без олеснети давачки за социјалните придонеси, би биле голем товар за стопанството, не само за микро, малите и самостојните вршители на дејност туку и за сите компании, бидејќи станува збор за голем товар, кој не е само 6.000 денари, односно со социјалните придонесот е оптоварен со уште 4.500 денари, вели Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата.Ваквите тврдења од бизнис секторот, според ССМ, не држат. Оттаму велат дека официјалните податоци за профитите на бизнисмените, ги демантираат.ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата поради растот на животните трошоци. Од Владата оставија за ова да се договорат синдикатите и работодавачите, но до решение не дојде ниту на последниот состанок на Економско-социјалниот совет одржан во декември.Доколку не наиде на слух од другата страна, од ССМ најавуваат блокади на таргетирани институции, организирање генерален штрајк и собирање на 10.000 потписи за законски измени со кои ќе бараат намалување на функционерските плати и зголемување на минималната плата и сите останати плати.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
50234339_2307366386217032_5056187048772239360_n_2307366379550366

Најладно во Берово со -5, најмногу снег на Попова Шапка – 30 см

Претпладне времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми, најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини се очекува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Максималната температура денес ќе се движи од 6 до 10 степени. Во Скопје, времето ќе биде облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.Минималните температури изнесуваат: -5° во Берово, -4° на Попова Шапка, -3° во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица, Битола, -2° во Штип, Прилеп и Демир Капија, -1° во Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Крушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија и Претор, а 0° во Тополчани и Охрид.Навратниот воден талог за изминатите 24 часа изнесува 6 l/m² во Демир Капија и Штип, 4 l/m² во Радовиш, Пожар, Кавадарци и Виница, 3 l/m² во Струмица, 2 l/m² во Прилеп и Берово, и 1 l/m² во Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес и Попова Шапка.Висината на снежната покривка до 07 часот изнесува 30 cm на Попова Шапка.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryov7k0ri4jp4vaRgsM05

(Видео) Страшна сообраќајка во Романија: Загинаа седум млади навивачи на ПАОК

Седум лица загинаа, а три се повредени во судир на повеќе возила што се случи кратко по 13 часот во близина на Тимишоара, Романија, во вторникот. Повеќето од жртвите беа под 30 години и патувале од Грција кон Франција за да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа меѓу ПАОК и Лион, кој ќе се игра во четврток.Црниот миниван на жртвите преминал во спротивната коловозна лента и се судрил директно со камион. Во инцидентот беа вклучени четири возила: миниванот, камион, цистерна со алкохол и патничко возило.Маршрутата, преку Бугарија, Романија и Унгарија, е често користена од навивачите на ПАОК за да се избегнат долги чекања на границите надвор од ЕУ.Делницата локално е позната како „пат на смртта“ – тесна, неразделена и без заштитни огради.Надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата, вклучително и можни медицински проблеми или моментално одвлекување на вниманието, изјавија романските експерти по прегледот на видеото.ВИДЕО ТУКА

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqanaf0tjfg598bsKF09

Величковски: „Креативни решенија“ со Бугарија се новата „двојна формула“ за 25 години застој

Ивон Величковски смета дека изјавата на претседателката дека во односите со Бугарија ни се потребни креативни решенија, е исто како двојата формула за името со Грција.„„Креативни решенија со Бугарија“ 2026 е новата „двојна формула за името со Грција“ од 1993 година.Бидејќи сите знаеме како заврши „двојната формула“, денес прашањето е дали сакаме нови 25 години застој, за на крај повторно да го прифатиме она што веќе сме го усвоиле.1.Најчестите коментари кон ставовите на НОВА РЕПУБЛИКА се зошто го употребуваме името на нашата држава – Северна Македонија.Одговорот е јасен, и затоа партиските ботови од власта и парламентарната „опозиција“ избегнуваат суштинска дебата, бидејќи:немаат аргументиран одговор, инивните партии намерно ја пропуштија формулата „Република Македонија (главен град Скопје)“ erga omnes на Самитот во Букурешт 2008 година, но прифатија дека решението ќе биде за севкупна употреба.Потоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организираше „консултативен референдум“, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица повикаа на бојкот – со цел да не преземат одговорност, туку да се повикуваат на „народот“.Уставните измени со Преспанскиот договор беа донесени со гласови од сите, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Денес останатите се обидуваат да се дистанцираат од таа одговорност.2.Традиционалните партии и од власта и од „опозицијата“ знаат дека договорите со Грција и Бугарија, заедно со Рамковниот договор, ја потврдија целината на нацијата на Северна Македонија и сувереноста на граѓаните.Таа нација ги штити етничките идентитети на сите, вклучително и македонскиот, преку сувереноста на граѓаните и државотворноста на сите народи во државата – а не преку партиите.Затоа традиционалните партии ја изгубија политичката смисла и станаа неупотребливи за олигархијата, која преку нив ги одржува своите привилегии и економска неконкурентност во затворениот пазар на Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, по инструкции од Белград – и пред и по 1991 година.3.Врз основа на трите договори, со Европската Унија беше усогласена Преговарачката рамка со согласност на сите земји-членки.Условите и стандардите се јасни и за Скопје и за Брисел, вклучително и за Софија и Атина.Процесот на пристапување го следи Брисел како целина – не како список од желби.Овој процес е обврска за секоја земја од регионот:Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.Албанија и Црна Гора веќе создадоа преговарачки бран, на кој Северна Македонија може да се приклучи веднаш по донесувањето на уставните дополнувања.Од тие причини, ниту Брисел ниту соседните метрополи не прифаќаат кавги, медиумски интерпретации или бегање од уставните амандмани.4.Во обид да ја задржи контролата врз регионалната динамика, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по дебаклот со делегацијата на Европскиот парламент, од Сараево се обиде да се претстави како „носител“ на европските интеграции и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија.Соочен со политичка нестабилност во Србија, со Албанија врз која нема влијание без „Отворен Балкан“, со Црна Гора која преговара директно со Европската Унија и со Косово кое не е под санкции – оваа изјава бара јасна реакција од Владата на Северна Македонија и од министерот за надворешни работи.Молкот ќе значи прифаќање на подреденост на евроинтеграциите на Скопје под Белград.Таканаречените „креативни решенија“ и отворање затворени теми се фактичка согласност со таа подреденост.Дополнително, преку своите традиционални партнери во Будимпешта и Братислава, кои гласаа „за“ системот ETIAS – против кој денес протестираат превозниците од Западниот Балкан, вклучително и од Северна Македонија.П.С. Ако превозниците ги блокираат граничните премини кон Шенген-зоната – зошто се блокираат и премините меѓу земјите од Западниот Балкан?И по чија идеја?“, пишува тој.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Администрацијата на Трамп планира ВИ да пишува федерални закони

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе контроверзна, но револуционерна промена во работењето на федералните институции, со користење на вештачка интелигенција за изработка на нацрт-закони и федерални прописи.Според извештаи на истражувачкиот медиум „ПроПаблика“, пренесени од американски медиуми, станува збор за пилот-проект во рамки на Министерството за сообраќај на САД, каде што ќе се користи AI моделот Google Gemini. Целта на иницијативата е значително да се забрза процесот на носење регулативи, кој досега траел со месеци, па дури и години.„Наместо сложените правила да се пишуваат со месеци, со помош на Gemini тие би можеле да бидат подготвени за само дваесетина минути“, наведуваат извори запознаени со проектот.Изјавите на високи функционери во Министерството за сообраќај предизвикаа сериозна загриженост во јавноста. Главниот правен советник на министерството, Грегори Зерзан, на интерни состаноци наводно изјавил дека администрацијата не тежнее кон „совршени“ или „исклучително добри“ прописи, туку кон правила што се „доволно добри“ за, како што рекол, „да се преплави системот со нови регулативи“.Експерти и поранешни федерални службеници предупредуваат на сериозни ризици од ваквиот пристап. Еден од клучните проблеми се таканаречените „халуцинации“ на вештачката интелигенција – појава при која AI моделите генерираат неточни или целосно измислени информации, што во правни документи може да има катастрофални последици.Дополнителна загриженост предизвикува и фактот што Министерството за сообраќај регулира чувствителни области како безбедноста на комерцијалниот авионски сообраќај, транспортот на опасни материи и стандардите за возачи. Критичарите сметаат дека потпирањето на вештачка интелигенција во овие сегменти може директно да ги загрози животите на граѓаните.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 4,7 степени го погоди Закинтос

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Закинтос во Јонското Море, соопштија грчките власти, при што не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.Според Атинскиот геодинамички институт, земјотресот се случил нешто пред 20 часот, со епицентар на околу 85 километри југозападно од Закинтос, на длабочина од 9,2 километри.Закинтос се наоѓа во западниот дел на Грција, регион кој е познат како сеизмички активен и често погоден од земјотреси. Надлежните служби ја следат состојбата, но засега нема информации за дополнителни последици.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5jvfj4veih8nbDaPPIo

Андоновски: Онлајн медиумите конечно се признаени со закон, недозволив е политички притисок врз медиумите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.„Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.„Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми“, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.На крајот, Андоновски упати апел медиумите да останат единствени и професионални.„Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, заврши министерот Андоновски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
magla

Најмала видливост до 50 метри на патот Куманово – Крива Паланка

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по наместа коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.Намалена видливост поради магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на правците Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес, додека видливоста од 100 до 150 метри е намалена на патиштата Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови, а обврската ќе важи до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Вниманието е особено препорачливо на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
protest-na-ssm

Мицкоски за протестите на ССМ: Не се борат за плати, туку за политичка пресметка

„Секој има право да протестира“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за најавените протести на дел од синдикалните организации. Премиерот Мицкоски посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.„Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина кој што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив“, рече премиерот.На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест на ССМ има политичка позадина, Мицкоски рече:„Апсолутно, зар некој треба да има дилема на протест на синдикатите кој што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на Конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема.“Мицкоски, вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата, но како што рече не станува збор за повисоки плати, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата.„Тие сметaат дека на овој начин ќе нанесат штета на Владата. Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за  било што кое што е поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања