2 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДУИ eдната рака ја мие другата, вели СДСМ

ВМРО и ДУИ не се само партнери, тие се повеќедецениски соработници кои меѓусебно се поддржуваат во сите валкани работи, само за да ја зачуваат моќта и да го поделат пленот, вели СДСМ„Ова се стари правила на „тендер коалиција“, ништо ново.Нивните договори траат уште од времето на Груевски.Денес ВМРО, под водство на Христијан Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски.Ништо не се променило, само цените се зголемиле, тендерите се намножиле а апетитите пораснале.Сè стана јасно по нивните состаноци околу укинувањето на техничката влада, каде јавно порачаа дека имаат договор за клучни прашања „за државата“ а „државата“ тоа се тие!Ахмети отворено призна дека преговорите за влегување на ДУИ во владата траат веќе една година, додека Мицкоски најавува тет-а-тет состаноци со Ахмети, за да се договорат сè лице в лице.Но, што е тука всушност во прашање? Класичен „јас на тебе – ти на мене“ принцип, каде законите и министерствата се разменуваат како на пазар.Овој пат темата беше: Законот за прекршци односно „Safe City“.ДУИ да го поддржи Законот а за возврат ДУИ да добие некаков буџет за организирање тендери.Ако ДУИ го добие својот дел од колачот, тие ќе гласаат за законот. Ако не, ќе го блокираат.И токму тоа се случи: Мицкоски не го даде она што го бараа, па ДУИ не гласаше.Проектот „Safe city“, кој започна во времето на СДСМ со идеја за безбедност во сообраќајот, како што првично беше замислен, е претворен во алатка за следење на граѓаните!Со ова планираат и апликација која граѓаните ќе ја инсталираат во своите телефони со сите свои лични податоци.Токму поради овој спорен дел од законот, во рацете на ВМРО се предадени 65.000 камери за снимање а наскоро и податоците на корисниците и нивната контрола, преку новата апликација.На сите им е познато уште од времето на Груевски како се користеле тие системи и како се злоупотребувале.Наместо за безбедност во сообраќајот, ВМРО сега има можност за следење и контрола на сите граѓани на Македонија.Поради ова СДСМ не го поддржа законот, бидејќи во Законот не е вметнат најважниот дел а тоа е контролата на оваа безбедносна алатка, нејзините собрани податоци и спречување од злоупореби.Мицкоски сега може непречено да ги злоупотребува тие камери за да го  надгледува секој што му пречи.На крајот, законот помина и без ДУИ, бидејќи ВМРО има други сојузници за тендерски работи а Мицкоски вели дека ќе се состане со ДУИ „некогаш“, што значи до следното гласање, кога повторно ќе преговараат за нови отстапки.Ова не е влада за народот, туку машина за корупција, каде едната рака ја мие другата, а граѓаните ја плаќаат сметката.СДСМ ќе продолжи со борбата за европска Македонија и да ја врати власта во рацете на нејзините граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

Заладување на односите меѓу Канада и Америка: Таму речиси ништо повеќе не е нормално

Канадскиот премиер Марк Карни упати остар и директен одговор во парламентот во Отава, коментирајќи ги односите со САД и можностите за „пристојни преговори“ со Вашингтон за трговските и економските прашања.„Вашингтон се промени. Речиси ништо повеќе не е нормално во Соединетите Американски Држави. Тоа е вистина“, изјави Карни пред пратениците, додавајќи дека Канада, и покрај тоа, продолжува со континуирани разговори со американските лидери. Тој потврди дека неодамна имал и телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој биле допрени и чувствителните трговски теми.Тензиите меѓу Канада и САД дополнително се заострија за време на вториот мандат на Трамп, откако Вашингтон најави можност за воведување високи царини за канадските производи, вклучувајќи челик, автомобили и други индустриски стоки. Заканите, според Карни, имаат за цел да извршат притисок врз Отава поради нејзините трговски договори со други партнери, меѓу кои и Кина.Ваквиот развој го натера канадскиот премиер јавно да предупреди дека традиционално блиската економска врска меѓу двете земји е „речиси завршена“ и дека Канада мора стратешки да ги диверзифицира своите трговски односи, намалувајќи ја зависноста од американскиот пазар.Минатиот месец, на Светскиот економски форум во Давос, Карни одржа говор кој предизвика силен меѓународен одек. Тој ги критикуваше политиките на големите сили, укажувајќи дека глобалниот поредок се менува и дека таканаречените „средни сили“, како Канада, мора поцврсто да се здружат за да ги заштитат сопствените интереси во свет кој, според него, повеќе не функционира според старите правила.Односите меѓу Канада и САД традиционално се сметаат за едни од најблиските во светот, изградени врз длабока економска интеграција и речиси еден век трговска соработка. Сепак, по изборната победа на Карни во 2025 година и неговите најави дека ќе ги брани канадските интереси од американските царини и политички притисоци, овие врски значително се искомплицираа.Дополнителни тензии предизвикаа и изјавите на Трамп од минатото, во кои тој ја спомена идејата Канада да стане „51. држава на САД“, што Карни јавно и остро го отфрли како неприфатливо.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Трет ден блокади: Товарниот сообраќај кон Шенген и натаму во прекин, штетите достигнуваат 100 милиони евра дневно

Трет ден по ред, товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната останува во целосен прекин поради протестот на камионските превозници од Западен Балкан. Транспортерите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена.Според првичните проценки на стопанските комори во регионот, блокадите веќе предизвикуваат сериозни економски последици. Загубите, како што се наведува, на дневно ниво достигнуваат околу 100 милиони евра за целиот регион, при што најпогодени се извозно ориентираните компании, логистичкиот сектор и синџирите на снабдување.Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето за примената на правилото 90/180 е отворено со Европската комисија уште од септември минатата година и дека се водат разговори за изнаоѓање решение. Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе има напредок и дека ќе се најде модел со кој ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи, без да се нарушат европските регулативи.Додека траат блокадите, патничкиот сообраќај се одвива непречено, а превозниците најавуваат дека протестот ќе продолжи сè додека не добијат конкретен одговор и јасна најава за промена или одложување на спорното правило.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd94b5eta2gf42a8AOyt

Кандидатката која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за член на Антидискриминаторската комисија

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиното сослушување во Собранието предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики од граѓанскиот сектор.Иако се претстави како магистер по меѓународно право и настапи со намера да ја образложи својата мотивација и компетентност во областа на човековите права, Ахмед за време на расправата не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.На директни прашања од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Конвенцијата, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк, што беше оценето како несоодветно и алармантно за кандидат за ваква позиција.По настапот, Мрежата за заштита од дискриминација јавно реагираше, потсетувајќи дека законските услови за членство во Комисијата се прецизно утврдени. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, кандидатите мора да имаат најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои минимум пет години директно поврзани со еднаквост и недискриминација.Според анализата на јавно достапната биографија на Ахмед, таа не ги исполнува овие услови. Нејзиното професионално искуство е поврзано со ангажмани во приватниот сектор, универзитетска настава и работа како професор во средно образование, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критичарите, не претставува релевантна квалификација за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Повлекувањето на кандидатурата доаѓа по силниот притисок од јавноста и експертската заедница, кои оценија дека ваквиот избор сериозно би ја нарушил довербата во институцијата задолжена за заштита на еднаквоста и човековите права.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Заменик-министeр загина во пад на приватен авион во Западна Индија

Во трагичен инцидент во Западна Индија, заменик-претседателот на индиската западна држава Махараштра, Аџит Певар (66), загина заедно со уште четири други лица, откако нивниот приватен авион се урна и запали на околу 254 километри од Мумбај.„Не преживеа никој“, соопшти управата за цивилна авијација. Авионoт летал од финансискиот центар Мумбај кон Бармати, каде што Певар учествувал во кампања за локални избори.Аџит Певар беше клучна фигура во политиката на Махараштра, член на владејачката коалиција на индискиот премиер Нарендра Моди и добро познат како човек кој умеел да мобилизира гласачи од руралните средини.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Иран го погуби обвинетиот за шпионажа за Израел

Иранскиот правосуден портал Мизан денес соопшти дека Хамидреза Сабет Есмаелипур е погубен поради шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.„Хамидреза Сабет Есмаелипур е обесен за злосторства шпионажа и пренесување доверливи документи и информации на непријателска разузнавачка служба, откако беа спроведени сите правни процедури“, наведува порталот Мизан.Есмаелипур беше уапсен на 29 април 2025 година, а неговата пресуда ја потврди и Врховниот суд на Иран. Ова е едно од повеќето погубувања на лица обвинети за соработка со Мосад, кои значително се зголемија по конфликтите меѓу Иран и Израел минатата година.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library16kkqiujj48ub9eIk6e

Бившата прва дама на Јужна Кореја оди во затвор поради мито, треба да ја врати дијамантската огрлица

Бившата прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, е осудена на 20 месеци затвор поради примање мито од Контроверзната Црква на обединување. Судот истовремено ја ослободи од обвиненијата за манипулација со акции и примање бесплатни анкети за јавниот став пред претседателските избори во 2022 година, на кои победи нејзиниот сопруг Јун Сук Јол.Судот наведува дека Ким „ja злоупотребила својaтa положba за лична корист“. Таа примила вредни подароци од Црквата, вклучувајќи дијамантска огрлица и неколку чанти „Шанел“, во замена за деловни и политички услуги. Покрај затворската казна, ѝ е наложено да ги врати 12,85 милиони вона и судот одреди заплена на дијамантската огрлица.Нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Јун Сук Јол, веќе е осуден на пет години затвор за злоупотреба на овластувањата и попречување на правдата. Ова е првпат во историјата на Јужна Кореја поранешен претседател и прва дама да бидат осудени истовремено.Ким е обвинета и за наводно вклучување во регрутирање следбеници на Црквата во конзервативната Партија на народната моќ, како и за примање подароци во замена за државни назначувања. За овие случаи судот сè уште треба да донесе одлука.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryorisr53l60u1fMLn0bk

Во нормална држава, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите за платите, пишува Стеваноски адвокат и советник во Прилеп

“Во нормална држава, во ваква ненормална состојба, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите, а не да дозволи вакви ретардирани политички изјави да поминуваат без воспитни”.Вака реагира адвокатот и советник во Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, коментирајќи ја оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека целта на синдикатите не била борба за повисоки плати, туку политичка пресметка.Според Стеваноски, ваквиот наратив е навредлив и опасен, особено во услови кога реалноста за најголем дел од граѓаните е далеку од комфорна. Тој посочува дека живееме во општество во кое платите на функционерите надминуваат 2.000 евра, минималната плата изнесува околу 400 евра, а над 400.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.Во такви околности, како што нагласува, одлуката на синдикатите да организираат масовни протести за повисоки плати не само што не е политичка манипулација, туку претставува цивилизиран, легитимен и демократски чин.„Наместо да се дискредитираат работниците и нивната борба, треба да се постави прашањето како е можно вакви социјални разлики да се сметаат за нормални“, порачува Стеваноски, заклучувајќи со горчливата констатација: каков народ, таква држава

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
marihuana

Полицијата пресече синџир на криумчарење дрога: Црногорец фатен со 56 килограми марихуана

Граничната полиција на преминот Јабука, на границата меѓу Србија и Црна Гора, пресекле уште еден синџир на криумчарење наркотици, откривајќи рекордна количина дрога скриена во специјално изработен бункер на возило.„Со заедничка акција на граничната полиција и царината на преминот Јабука, запленивме околу 56 килограми марихуана. Дрогата беше откриена при детална контрола на товарно комбе, при што беше уапсен возачот, државјанин на Црна Гора“, соопштија надлежните.Иако на прв поглед возилото делувало празно, искусните цариници и полицајци посомневале во конструкцијата на подот. При деталниот преглед со употреба на соодветен алат, откриено е двојно дно. Во внатрешноста на специјално изработениот бункер биле пронајдени десетици пакети обвиени со лента, кои содржеле сушена билна материја зелена боја, за која тестирањето потврдило дека е марихуана.Возачот веднаш бил лишен од слобода на лице место, а комбото со преработен под е одземено. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. На него му е определено задржување до 48 часа, по што ќе биде предаден на надлежното обвинителст

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarye6lvr4tsa15s2ExoEGD

(Видео) Илјадници студенти во блокада на “Свети Сава” со 16-минутен молк за жртвите во Нови Сад, а им ги затворија вратите од истоимениот храм

На празникот Свети Сава, илјадници студенти во блокада, заедно со граѓани, одржаа масовен и мирен протест под паролата „Знаењето е моќ“. Протестниот марш се одвиваше под засилено полициско присуство, при што полицијата во полна опрема го следеше нивното движење низ Пионерскиот парк.Учесниците на протестот извикуваа „Готов е“ и „Пумпај“, по што мирно се упатија кон Храм Свети Сава, симболично нагласувајќи дека храмот, како што порачаа, припаѓа на сите граѓани. Сепак, вратите на храмот останаа затворени за студентите и граѓаните.Video: @StojakovicL_ Свети Сава, кој традиционално се одбележува како училишна слава, беше одбележан и со 16-минутен молк во чест на жртвите од трагедијата во Нови Сад. По молкот, студентите и граѓаните кршеа погача и делеа жито, во знак на почит и сеќавање.Организаторите најавија дека следниот протест ќе се одржи на Сретење, со порака дека студентското движење продолжува со истата решителност и мирен карактер.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Украина ја премина границата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека украинското раководство ја преминало границата и дека неговата земја не барала конфликт, а сепак Унгарија веќе неколку дена е цел на притисоци.„Сè додека Унгарија има патриотска влада, овие прашања нема да се решаваат во Киев или Брисел. Украинците тоа го знаат, затоа сакаат нова, пријателска влада во Будимпешта и сè закануваат на секој чекор“, напиша Орбан на својата страница на Фејсбук.Орбан додаде дека неговата влада нема да испраќа пари во Украина, затоа што тие пари се подобро наменети за унгарските семејства отколку, како што рече, „во бањата на украински олигарх“.Тој исто така потенцираше дека Унфарија нема да дозволи забрана за увоз на руска нафта и гас, бидејќи, според него, без овие ресурси нема да биде возможно намалување на трошоците за комуналии и обезбедување пристапна енергија за маѓарските семејства.„Нема да дозволиме Украина да биде втурната во Европската унија за две години кршејќи ги законите на ЕУ, бидејќи тоа би значело и увоз на војна“, додаде Орбан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryli6u2hq6hhgedF3Axi8

(Видео) Руски дрон погоди патнички воз, загинаа цивили: Зеленски – ова е тероризам

Русија во текот на ноќта изврши масовен напад со дронови врз Украина, при што низ целата земја загинаа најмалку дванаесет лица. Во Харковска област беше погоден патнички воз, при што животот го загубија пет лица, додека во нападите врз Одеса и околината на Киев се забележани нови цивилни жртви. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, нападот врз возот го оцени како „терористички чин“, пренесува Euronews.Нападот врз патничкиот возНајмалку пет лица загинаа откако руски дрон во ноќта на вторник го погоди патничкиот воз во Харковска област. Претседателот Зеленски објави кратко видео од еден од запалените вагони на својот профил на социјалната мрежа X, а регионалните служби за итни случаи подоцна соопштија дека пожарот е изгаснат.„Убиството на цивили во вагон на воз нема и не може да има никакво воено оправдување. Во возот се наоѓаа повеќе од 200 патници, од кои 18 беа во вагон погоден од рускиот дрон“, напиша Зеленски.„Русите значително ја зголемија својата способност да убиваат и тероризираат“, додаде тој, повторувајќи ја потребата од посилен притисок врз Москва, што е порака која редовно ја упатува кон своите сојузници.Погодена е и ОдесаВо нападот со повеќе од 50 руски дронови беше погоден и црноморскиот град Одеса, каде според официјалните извештаи загинаа три лица, а повеќе од 30 се повредени, вклучувајќи и две деца. Цел на нападот беше градската електроенергетска мрежа, која Русија редовно ја напаѓа за да го прекине снабдувањето со струја и греење во зима, како и пет станбени згради.Според украинските власти, меѓу дроновите користени во нападот врз овој јужен град биле и модели кои Русија неодамна ги надградила за да ја зголеми нивната дострелност и ударна моќ.Жртви и во околината на КиевРусија целела и кон Киев, кој во последните месеци е изложен на сè почести напади. Во нападот загинале најмалку две лица.„Во населбата Билохородка во нападот загинаа двајца наши сограѓани, маж и жена“, објави на Телеграм началникот на воената управа на Киевската област, Никола Калашник.Според украинската национална полиција, четиригодишното дете на загинатите преживеало, но е повредено во нападот, додека три други лица се исто така повредени.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7114t6m955a24WpeM72

Сикорски го повика Маск да спречи Русија да користи Starlink

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, го повика основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, да спречи Русија да ги користи сателитите Starlink за напади врз украинските градови.„Здраво, Илон Маск, зошто не ги спречиш Русите да користат Starlink за напади врз украинските градови? Печалењето пари од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryaflpa8aa32ah8alppOv

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Франција: Евакуирани 83 гости

Најмалку 83 лица беа евакуирани откако во текот на ноќта избувна пожар на кровот на хотел со пет ѕвезди „Гранд Алп“ во познатото скијалиште Куршевел, во регионот Савоја, Франција, соопштија пожарникарите.Пожарот се прошири преку покривот на хотелот, при што постои ризик од ширење на пламенот кон соседните објекти. Пожарникарите продолжуваат да работат на ставање на огнот под контрола, но дебелите слоеви снег го отежнуваат пристапот и пребарувањето на теренот.Ситуацијата на терен е опишана како „сложена операција“. Засега нема пријавено жртви.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library16996ojo37eodFDLBlo

(Видео) Михајлово доби нова скијачка патека: Свеж снег и три уредени стази

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави видеа на социјалните мрежи од новата патека во ски-центарот Михајлово.„Еден месец скијање зад нас, сега и нова патека! Михајлово е подготвено и активно веќе еден месец, а бројни граѓани веќе уживаа на снегот и стазите.Денес одиме чекор напред, комплетна зимска понуда со три уредени стази: малата стаза со теписон за најмладите, стазата „Македонија“ и за првпат новата стаза од 1.200 метри.Свеж снег, вистинска зимска идила и услови за скијање и уживање за сите генерации“, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryuuahsgssi6r41uOigMr

Осудените за нападот на Кримскиот мост до Путин, Трамп и Зеленски: ‚Невини сме‘“

Осум мажи, кои рускиот суд ги осуди на доживотен затвор за учество во нападот на Кримскиот мост во 2022 година, поднесоа заеднички апел за ослободување, тврдејќи дека не биле свесни за операцијата што ја планирал Киев. Во експлозијата загинаа пет лица, а мостот, изграден по анексијата на Крим од Русија во 2014 година, претрпе сериозни оштетувања и стана симбол на амбициите на рускиот претседател Владимир Путин.Во апелот испратен до Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, осудените ги опишуваат себеси како „осум обични луѓе кои секојдневно се буделе за да заработат за леб, да ја платат киријата и да ги прегрнат своите деца“, нагласувајќи дека сега се прогласени за „терористи“ и се соочуваат со сурова казна во руски затвори.Некои од осудените учествувале во транспорт на градежен материјал, за кој подоцна се покажало дека содржи скриен експлозив, но тие тврдат дека за тоа не знаеле. Украинските власти потврдија дека за операцијата биле користени лица кои „не биле упатени“, а организации за човекови права велат дека мажите само го извршувале својот вообичаен дневен работен ангажман.Меѓу осудените се логистички директор од Санкт Петербург, земјоделци и трговци со овошје од окупираната Украина и возач на камион. Сите тврдат дека учествувале во редовен транспорт и биле невини во врска со експлозивот.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

Сведоштвото на Жан Митрев јасно  покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси.  Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarybj2qo1n7m23s5FBm5Qz

СДСМ: Мицкоски луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес

ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер, вели СДСМ.“Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните.Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал.Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него.Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8s5j92plh1m05MvE4uj

Истекување на пропан причина за пожарот во фабриката во Грција

Истражителите за пожари потврдија дека смртоносната експлозија во фабриката за колачи „Виоланта“ во Трикала, централна Грција, која се случи в понеделникот наутро, била предизвикана од истекување на пропан, потврдувајќи ги првичните проценки на пожарникарите.Тимот на Дирекцијата за истраги на пожари и судските експерти утврдија со сигурност дека експлозијата, при која загинаа пет жени, била резултат на истекување на пропан и негово насилно палење. Според изворите, во фабриката немало инсталирани гасни детектори за откривање на можно истекување.Подоцна во вторникот, пожарникарите во координација со обвинител, го уапсија сопственикот на компанијата, менаџерот за безбедност и шефот на смена. Тие се товарат за убиство од небрежност, предизвикување експлозија, небрежно предизвикување пожар и телесни повреди.Инспекцијата открила дупка во цевката што го носи пропанот од складиштето до печките. Дупката се наоѓала во подземниот дел на крилото каде што официјалните лица првично ја идентификувале експлозијата. Инженер за електрична енергија и хемичар помагаат во истрагата.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања