2 нед.
media-library3nf2j6gaan2ic3xojPA

Филипче: Ново задолжување од 300 милиони евра е на повидок, кризата се продлабочува

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека државата се подготвува за ново задолжување во износ од 300 милиони евра, предупредувајќи дека ваквата пракса станува континуирана и дека економската состојба е сѐ посериозна.Според Филипче, новото задолжување ќе биде насочено кон пополнување на буџетските дупки, во услови кога државата, како што рече, е соочена со длабока економска криза. Тој нагласи дека принципиелно дава поддршка на барањата на сите групи граѓани кои бараат помош, оценувајќи дека гласот на работниците и синдикатите мора да биде слушнат.Филипче потсети дека во периодот кога СДСМ ја водеше Владата, дури и во услови на глобални кризи, платите бележеле континуиран раст. Како аргумент посочи дека за седумгодишен период минималната плата била речиси дуплирана, а значително пораснала и просечната плата, што, според него, било резултат на стабилни и одговорни економски политики.Тој нагласи дека ваквите политики биле поткрепени и со силен прилив на странски инвестиции, при што во последната година од владеењето на СДСМ тие достигнале речиси една милијарда евра. Денес, според Филипче, такви инвестиции нема, странските вложувања се значително намалени, а дел од компаниите ја напуштаат земјата, што дополнително ја продлабочува кризата.„Соочени сме со голема економска криза, а наместо развој и инвестиции, сведочиме на нови задолжувања кои немаат крај“, порача Филипче.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarydvvn1vmbt6qddeJ3NeN

Николоски во Загреб побара поддршка од Хрватска за решавање на проблемот со транспортерите

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура Олег Бутковиќ, на која беше потврдена добрата билатерална соработка меѓу двете земји и беше отворено прашањето за актуелните предизвици во транспортниот сектор.Во фокусот на разговорите доминираше проблемот со македонските и регионалните транспортери поврзан со новиот систем за електронска евиденција за престој во земјите од Шенген-зоната. Николоски потенцираше дека станува збор за суштински проблем кој не се однесува само на Македонија, туку на целиот регион на Западен Балкан, нагласувајќи дека неговите последици ги чувствуваат и компании од Европската Унија кои инвестирале во регионот и се извозно ориентирани кон европските пазари.Во таа насока, тој побара силна и активна поддршка од Владата на Хрватска за изнаоѓање соодветно решение на ниво на Европската Унија, со кое би се олеснило работењето на македонските и регионалните превозници и би се спречиле дополнителни економски штети.На средбата беше отворено и прашањето за унапредување на соработката во транспортниот сектор, со посебен акцент на железничкиот транспорт. Двајцата вицепремиери разговараа за можностите за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт, што би придонело за поголема ефикасност и поврзаност во регионот.Дополнително, беше разгледана и можноста за зголемување на економската и трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска, со фокус на инфраструктурни проекти и потенцијално учество на специјализирани хрватски компании во нивната реализација.Двајцата соговорници ја нагласија важноста на средбата и потребата од силна поддршка за Македонија во евроинтегративните процеси, изразувајќи заедничка заложба за натамошно интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.Во рамки на денешната работна посета на Загреб, Николоски ќе оствари и средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, претставници на бизнис-заедницата, како и со членови на Собранието на Хрватска.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryh4m9dl6lam741M7cBQX

Цаневска за кандидатката за антидискриминаторската комисија: Не се поднесува оставка од желба, брука е незнаењето и партискиот избор

Независната советничка на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска, со остра реакција се огласи по повлекувањето на Џихан Ахмед од кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оценувајќи дека јавноста се соочува со сериозна институционална и политичка брука.Цаневска посочи дека не ѝ е јасно од што точно кандидатката „поднела оставка“, нагласувајќи дека од желба или намера за кандидатура не се поднесува оставка, бидејќи таа формално никогаш не била избрана на функцијата. Според неа, суштинскиот проблем не е во самиот чин на повлекување, туку во фактот што лице кое конкурира за член на Комисијата за заштита од дискриминација покажало непознавање на основни поими и документи од областа.Таа како особено проблематично го оцени настапот во кој се зборувало за „Истанбул“ како град, наместо за Истанбулската конвенција, документ што е клучен во системот на заштита од родово-базирана дискриминација и насилство. Според Цаневска, тоа е недозволиво за кандидат кој треба да одлучува за прашања од еднаквост и недискриминација.Во својата реакција, Цаневска не ја насочи критиката само кон кандидатката, туку и кон Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата. Таа оцени дека вистинската брука е што Комисијата, наместо да биде филтер за стручност и компетентност, избрала кандидат за да се исполни партиски коалициски договор, игнорирајќи го квалитетот на одговорите дадени на јавниот распит.„Бруки за сите“, порача Цаневска, додавајќи дека јавната и силна реакција од граѓанскиот сектор и јавноста е оправдана и потребна, бидејќи само преку притисок и јасна критика може да се спречи понатамошно уривање на довербата во институциите кои треба да ги штитат човековите права и принципот на недискриминација.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3cd8tojnvljnbkoF6ta

Филипче: Целосна поддршка за работничкиот протест, платите растеа само за време на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата, оценувајќи дека зголемувањето на платите е реално, оправдано и неопходно за опстанокот на работничките семејства.Филипче информираше дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија било донесено едногласно решение партијата да застане зад синдикалниот протест и јавно да ги поддржи барањата на работниците. Според него, станува збор за легитимни и објективни барања, бидејќи поголемата плата не е луксуз, туку услов за достоинствен живот.Тој потсети дека за време на владите предводени од СДСМ платите континуирано растеле, при што минималната и просечната плата речиси се удвоиле, и тоа во период на тешки глобални кризи, како ковид-пандемијата и енергетската криза. Филипче нагласи дека таквиот раст бил резултат на добро водена економска политика, зголемени капитални инвестиции и силен прилив на странски инвестиции.Според него, овие практики денес се напуштени, а актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не покажува капацитет за стабилно економско управување. Наместо реални мерки за подобрување на животниот стандард, како што рече, државата се соочува со постојани нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации.Филипче изрази жалење што власта пред неколку месеци не го поддржала предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата, додавајќи дека партијата и во иднина ќе продолжи да предлага законски решенија насочени кон раст на платите и подобрување на економската сигурност на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3sfljie24jbi9L9mIjJ

Лога лоцира во која „стапица“ ја фатиле Ахмед, Мерсиха го потсети дека во 2020 член на комисијата станал кандидат кој не се појавил ни на интервју

Ексминистерот за правда Кренар Лога, кој доаѓа од редовите на Алијансата на Албанците, смета дека повлекувањето на Џихан Ахмед од кандидатурата за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е морален чин кој заслужува почит, но вистинската одговорност, според него, не лежи кај кандидатката.„Џихан Ахмед имаше лош ден на своето претставување во Собранието. Со голема веројатност и било кажано дека се е само формалност и дека гласовите за нејзин избор се обезбедени. Токму ова е стапицата во која би паднале над 90% од сите оние кои претходно биле избрани на позиции од ова ниво, без да поминат низ интервју од ваков тип. Сепак, вистинските виновници се претставниците на ВРЕДИ, односно оние кои ги менаџираат кадровските прашања, затоа што не ги подготвуваат своите кандидати за „тешко“ (телевизиско) интервју и за настап во собраниската сала. Не сите се навикнати на камери, ниту пак на највисоката институција во државата. Со моралното повлекување од кандидатурата, Џихан заслужува само почит - ништо повеќе, ништо помалку. Ниту еден навредлив или тенденциозен коментар не смее да биде демотивирачки фактор за пробивање на професионалниот пат и кариерата на една млада жена, а во овој случај професорка. Јас лично не ја познавам Џихан, но јавно и порачувам дека, исто како и таа, сите ние сме имале моменти на слабост, колебање или моментално незнаење. Тоа не треба да биде пречка или причина за повлекување; напротив, треба да биде поттик за посилен повраток, таму каде што му припаѓа секој поединец кој има амбиција да го направи најдоброто за своите деца и за целото општество. Само напред!“, напиша Лога.На ваквиот став реагираше Мерсиха Смаиловиќ, која потсети на сопственото искуство од 2020 година, кога, како што тврди, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бил избран од тогашното парламентарно мнозинство без воопшто да се појави пред собраниската комисија. Таа наведува дека станувало збор за кандидат со рачно напишано CV, кој никогаш не бил јавно претставен или испрашан, но сепак бил избран.„Јас кога аплицирав за Комисијата, членот кој во 2020та беше избран од Парламентарното мнозинстов (СДСМ и ДУИ), доктор по медицина, со рачно напишано CV не се појави пред Парламентарната Комисија. Си го избраа без никој од нас да го види и чуе. Џихан самоуверена во своите одговори и знаење, не ни требала да се појави. Секако ќе поминеше... таква е праксата и не е единствената ни првата во оваа Комисија која не била соодветна. Секако не ги заслужува бројните негативни коментари и исмејување. Во нашава држава Господ знае колку Министри, Пратеници, Директори се на истово ниво!“

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-library05t2octall6q2id5FpF

Четиринаесет членови на Торцида во притвор по нападот на навивачи на Црвена Звезда

Општинскиот суд во Живинице одреди едномесечен притвор за четиринаесет припадници на Торцида, кои во саботата вечерта нападнаа навивачи на Црвена Звезда во близина на Тузла. При инцидентот, четири лица се потешко повредени, како и еден полициски службеник.Според соопштението објавено утрово, Судот го прифатил предлогот на Жупаниското јавно обвинителство во Тузла за притвор, бидејќи постои основана сомнеж дека осомничените на 24 јануари 2026 година организирано и во поголем број учествувале во нападот врз симпатизери на српскиот фудбалски клуб Црвена Звезда, што резултирало со потешки последици.Во судирот учествувале повеќе десетици лица. Полициските службеници, по налог на Јавното обвинителство, задржале во притвор 14 навивачи на Хајдук.Четворица навивачи на Црвена Звезда се потешко повредени, меѓу нив и еден полициски службеник од Живинице кој интервенирал за да го спречи насилството. Повеќе лица добиле полесни повреди за време на нападот. Судот наведува дека осомничените можат да поднесат жалба против решението за 30-дневен притвор до Општинскиот суд во Живинице.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarysmp0ev3quvta3NWQzk8

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за проектот „Безбеден град“ кој ќе започне од 1 февруари се со цел да се стави ред и безбедност во сообраќајот, намалување на сообраќајни прекршоци и човечки жртви, посочувајќи дека првично ќе биде воспоставен низ Скопје, Куманово и Тетово, а понатаму и низ цела Македонија.„Безбеден град е еден проект на кој сите треба да бидеме горди, со кој покажуваме дека Европа можеме да ја донесеме дома. Нашата Влада и Панче Тошковски цврсто решени да ги намалАт жртвите коишто ги имаме на македонските улици почнаа длабоко да го работат проектот и еве стигнавме до тоа дека од први февруари влегува во сила овој проект којшто ќе значи поголема безбедност, најпрвин низ улиците на Скопје, Куманово и Тетово а понатаму и низ сите градови во Република Македонија. Морам да потенцирам дека интенцијата за безбедна Македонија е хумана интенција, поентата е да се спасат што можно повеќе човечки животи“, вели Панова.Пратеничката Панова потенцираше дека проектот Безбеден град уште во тест фазата покажал резултати во однос на намалување на бројот на сообраќајни несреќи и човечки жртви, истакнувајќи дека целта на проектот е воспоставување на ред и нормален сообраќај низ градовите во Македонија.„Овој проект носи резултати, при првите мерења кои се направени или споредбени периоди за разлика од претходната година, дали станува збор за сообраќајни прекршоци или станува збор за човечки жртви или телесни повреди, се многу намалени. Што значи проектот дава резултати уште пред да започне, сите треба да знаат дека целта на Безбеден град е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците, да запре возењето на шофери кои немаат возачка дозвола, да запре минување на црвено, да запре непрописно паркирање и самото тоа да придонесе да имаме еден нормален сообраќај низ градовите. Според уверувањата кои ни се дадени од страна и на министерот Тошковски и на целата Влада, ветувањата се дека до  крајот на 2026 година безбедна ќе биде цела Македонија, не само градовите Скопје, Куманово и Тетово“, рече Панова.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq07m35ns3abqb43WnBV

Данската премиерка Фредериксен: Заврши ерата на светскиот поредок каков што го познаваме

Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека завршило времето на досегашниот светски поредок и дека не верува оти тој повторно ќе се воспостави. Таа ова го изјави на јавна трибина на парискиот универзитет Sciences Po, на која учествуваше заедно со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.Обраќајќи им се на студентите, Фредериксен истакна дека „светскиот поредок каков што го познаваме е завршен и нема да се врати“, предупредувајќи дека Европа се соочува со длабоки и долгорочни безбедносни предизвици. Таа нагласи дека Русија, според нејзина оценка, „не сака мир со Европа“ и повика Европската унија и Соединетите Американски Држави да останат обединети во одговорот на глобалните кризи.Во своето излагање, данската премиерка се осврна и на неодамнешните тензии со САД поврзани со Гренланд, нагласувајќи дека и Копенхаген и Вашингтон делат загриженост за безбедноста на Арктикот. Таа порача дека Данска ќе се обиде „да пронајде заеднички пат со САД“, и покрај разликите и зголемената чувствителност околу геополитичките прашања во регионот.Гренландскиот премиер Нилсен, пак, зборуваше за последиците од овие тензии врз локалното население. Тој истакна дека владата во Гренланд е исправена пред сериозен предизвик – истовремено да се спротивстави на надворешните притисоци и да се грижи за граѓаните кои се чувствуваат вознемирени и исплашени од глобалните случувања.Неговата порака, како што нагласи, е дека стабилноста и безбедноста на луѓето мора да останат приоритет, дури и во услови на длабоки промени на меѓународната сцена.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДУИ eдната рака ја мие другата, вели СДСМ

ВМРО и ДУИ не се само партнери, тие се повеќедецениски соработници кои меѓусебно се поддржуваат во сите валкани работи, само за да ја зачуваат моќта и да го поделат пленот, вели СДСМ„Ова се стари правила на „тендер коалиција“, ништо ново.Нивните договори траат уште од времето на Груевски.Денес ВМРО, под водство на Христијан Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски.Ништо не се променило, само цените се зголемиле, тендерите се намножиле а апетитите пораснале.Сè стана јасно по нивните состаноци околу укинувањето на техничката влада, каде јавно порачаа дека имаат договор за клучни прашања „за државата“ а „државата“ тоа се тие!Ахмети отворено призна дека преговорите за влегување на ДУИ во владата траат веќе една година, додека Мицкоски најавува тет-а-тет состаноци со Ахмети, за да се договорат сè лице в лице.Но, што е тука всушност во прашање? Класичен „јас на тебе – ти на мене“ принцип, каде законите и министерствата се разменуваат како на пазар.Овој пат темата беше: Законот за прекршци односно „Safe City“.ДУИ да го поддржи Законот а за возврат ДУИ да добие некаков буџет за организирање тендери.Ако ДУИ го добие својот дел од колачот, тие ќе гласаат за законот. Ако не, ќе го блокираат.И токму тоа се случи: Мицкоски не го даде она што го бараа, па ДУИ не гласаше.Проектот „Safe city“, кој започна во времето на СДСМ со идеја за безбедност во сообраќајот, како што првично беше замислен, е претворен во алатка за следење на граѓаните!Со ова планираат и апликација која граѓаните ќе ја инсталираат во своите телефони со сите свои лични податоци.Токму поради овој спорен дел од законот, во рацете на ВМРО се предадени 65.000 камери за снимање а наскоро и податоците на корисниците и нивната контрола, преку новата апликација.На сите им е познато уште од времето на Груевски како се користеле тие системи и како се злоупотребувале.Наместо за безбедност во сообраќајот, ВМРО сега има можност за следење и контрола на сите граѓани на Македонија.Поради ова СДСМ не го поддржа законот, бидејќи во Законот не е вметнат најважниот дел а тоа е контролата на оваа безбедносна алатка, нејзините собрани податоци и спречување од злоупореби.Мицкоски сега може непречено да ги злоупотребува тие камери за да го  надгледува секој што му пречи.На крајот, законот помина и без ДУИ, бидејќи ВМРО има други сојузници за тендерски работи а Мицкоски вели дека ќе се состане со ДУИ „некогаш“, што значи до следното гласање, кога повторно ќе преговараат за нови отстапки.Ова не е влада за народот, туку машина за корупција, каде едната рака ја мие другата, а граѓаните ја плаќаат сметката.СДСМ ќе продолжи со борбата за европска Македонија и да ја врати власта во рацете на нејзините граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd27cureiliuadiUPLyP

Заладување на односите меѓу Канада и Америка: Таму речиси ништо повеќе не е нормално

Канадскиот премиер Марк Карни упати остар и директен одговор во парламентот во Отава, коментирајќи ги односите со САД и можностите за „пристојни преговори“ со Вашингтон за трговските и економските прашања.„Вашингтон се промени. Речиси ништо повеќе не е нормално во Соединетите Американски Држави. Тоа е вистина“, изјави Карни пред пратениците, додавајќи дека Канада, и покрај тоа, продолжува со континуирани разговори со американските лидери. Тој потврди дека неодамна имал и телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој биле допрени и чувствителните трговски теми.Тензиите меѓу Канада и САД дополнително се заострија за време на вториот мандат на Трамп, откако Вашингтон најави можност за воведување високи царини за канадските производи, вклучувајќи челик, автомобили и други индустриски стоки. Заканите, според Карни, имаат за цел да извршат притисок врз Отава поради нејзините трговски договори со други партнери, меѓу кои и Кина.Ваквиот развој го натера канадскиот премиер јавно да предупреди дека традиционално блиската економска врска меѓу двете земји е „речиси завршена“ и дека Канада мора стратешки да ги диверзифицира своите трговски односи, намалувајќи ја зависноста од американскиот пазар.Минатиот месец, на Светскиот економски форум во Давос, Карни одржа говор кој предизвика силен меѓународен одек. Тој ги критикуваше политиките на големите сили, укажувајќи дека глобалниот поредок се менува и дека таканаречените „средни сили“, како Канада, мора поцврсто да се здружат за да ги заштитат сопствените интереси во свет кој, според него, повеќе не функционира според старите правила.Односите меѓу Канада и САД традиционално се сметаат за едни од најблиските во светот, изградени врз длабока економска интеграција и речиси еден век трговска соработка. Сепак, по изборната победа на Карни во 2025 година и неговите најави дека ќе ги брани канадските интереси од американските царини и политички притисоци, овие врски значително се искомплицираа.Дополнителни тензии предизвикаа и изјавите на Трамп од минатото, во кои тој ја спомена идејата Канада да стане „51. држава на САД“, што Карни јавно и остро го отфрли како неприфатливо.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Трет ден блокади: Товарниот сообраќај кон Шенген и натаму во прекин, штетите достигнуваат 100 милиони евра дневно

Трет ден по ред, товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната останува во целосен прекин поради протестот на камионските превозници од Западен Балкан. Транспортерите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена.Според првичните проценки на стопанските комори во регионот, блокадите веќе предизвикуваат сериозни економски последици. Загубите, како што се наведува, на дневно ниво достигнуваат околу 100 милиони евра за целиот регион, при што најпогодени се извозно ориентираните компании, логистичкиот сектор и синџирите на снабдување.Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето за примената на правилото 90/180 е отворено со Европската комисија уште од септември минатата година и дека се водат разговори за изнаоѓање решение. Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе има напредок и дека ќе се најде модел со кој ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи, без да се нарушат европските регулативи.Додека траат блокадите, патничкиот сообраќај се одвива непречено, а превозниците најавуваат дека протестот ќе продолжи сè додека не добијат конкретен одговор и јасна најава за промена или одложување на спорното правило.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd94b5eta2gf42a8AOyt

Кандидатката која раскажуваше за Ататурк, наместо за Истанбулската конвенција, ја повлече кандидатурата за член на Антидискриминаторската комисија

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиното сослушување во Собранието предизвика бурни реакции во јавноста и остри критики од граѓанскиот сектор.Иако се претстави како магистер по меѓународно право и настапи со намера да ја образложи својата мотивација и компетентност во областа на човековите права, Ахмед за време на расправата не успеа да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од родово-базирано насилство и дискриминација.На директни прашања од претставници на граѓанските организации за суштината, механизмите и обврските што произлегуваат од Конвенцијата, таа не даде конкретни правни одговори, туку говореше за Истанбул како град и за историскиот период на Мустафа Кемал Ататурк, што беше оценето како несоодветно и алармантно за кандидат за ваква позиција.По настапот, Мрежата за заштита од дискриминација јавно реагираше, потсетувајќи дека законските услови за членство во Комисијата се прецизно утврдени. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, кандидатите мора да имаат најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои минимум пет години директно поврзани со еднаквост и недискриминација.Според анализата на јавно достапната биографија на Ахмед, таа не ги исполнува овие услови. Нејзиното професионално искуство е поврзано со ангажмани во приватниот сектор, универзитетска настава и работа како професор во средно образование, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критичарите, не претставува релевантна квалификација за членство во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Повлекувањето на кандидатурата доаѓа по силниот притисок од јавноста и експертската заедница, кои оценија дека ваквиот избор сериозно би ја нарушил довербата во институцијата задолжена за заштита на еднаквоста и човековите права.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library0m93ufldt2e80yYEqce

Протест на ССМ денеска од 17 часот, изменет сообраќај во центарот на Скопје во попладневните часови

Денеска (28 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).Како што информира Министерството за внатрешни работи, протестот ќе започне во 17:00 часот, а учесниците ќе се движат по следната траса: од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип Втори Македонски“, десно по улицата „11 Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.Поради тоа, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот на наведените сообраќајници, со цел безбедно и непречено одвивање на протестот.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите и упатствата на полициските службеници и, доколку е можно, да користат алтернативни правци на движење за да се избегнат застои и метеж во сообраќајот.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
297461826_1097766367541673_4761979263309644676_n

Заменик-министeр загина во пад на приватен авион во Западна Индија

Во трагичен инцидент во Западна Индија, заменик-претседателот на индиската западна држава Махараштра, Аџит Певар (66), загина заедно со уште четири други лица, откако нивниот приватен авион се урна и запали на околу 254 километри од Мумбај.„Не преживеа никој“, соопшти управата за цивилна авијација. Авионoт летал од финансискиот центар Мумбај кон Бармати, каде што Певар учествувал во кампања за локални избори.Аџит Певар беше клучна фигура во политиката на Махараштра, член на владејачката коалиција на индискиот премиер Нарендра Моди и добро познат како човек кој умеел да мобилизира гласачи од руралните средини.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Иран го погуби обвинетиот за шпионажа за Израел

Иранскиот правосуден портал Мизан денес соопшти дека Хамидреза Сабет Есмаелипур е погубен поради шпионажа и соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.„Хамидреза Сабет Есмаелипур е обесен за злосторства шпионажа и пренесување доверливи документи и информации на непријателска разузнавачка служба, откако беа спроведени сите правни процедури“, наведува порталот Мизан.Есмаелипур беше уапсен на 29 април 2025 година, а неговата пресуда ја потврди и Врховниот суд на Иран. Ова е едно од повеќето погубувања на лица обвинети за соработка со Мосад, кои значително се зголемија по конфликтите меѓу Иран и Израел минатата година.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library16kkqiujj48ub9eIk6e

Бившата прва дама на Јужна Кореја оди во затвор поради мито, треба да ја врати дијамантската огрлица

Бившата прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, е осудена на 20 месеци затвор поради примање мито од Контроверзната Црква на обединување. Судот истовремено ја ослободи од обвиненијата за манипулација со акции и примање бесплатни анкети за јавниот став пред претседателските избори во 2022 година, на кои победи нејзиниот сопруг Јун Сук Јол.Судот наведува дека Ким „ja злоупотребила својaтa положba за лична корист“. Таа примила вредни подароци од Црквата, вклучувајќи дијамантска огрлица и неколку чанти „Шанел“, во замена за деловни и политички услуги. Покрај затворската казна, ѝ е наложено да ги врати 12,85 милиони вона и судот одреди заплена на дијамантската огрлица.Нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Јун Сук Јол, веќе е осуден на пет години затвор за злоупотреба на овластувањата и попречување на правдата. Ова е првпат во историјата на Јужна Кореја поранешен претседател и прва дама да бидат осудени истовремено.Ким е обвинета и за наводно вклучување во регрутирање следбеници на Црквата во конзервативната Партија на народната моќ, како и за примање подароци во замена за државни назначувања. За овие случаи судот сè уште треба да донесе одлука.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryorisr53l60u1fMLn0bk

Во нормална држава, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите за платите, пишува Стеваноски адвокат и советник во Прилеп

“Во нормална држава, во ваква ненормална состојба, народот би се кренал за физичка пресметка со политичарите, а не да дозволи вакви ретардирани политички изјави да поминуваат без воспитни”.Вака реагира адвокатот и советник во Општина Прилеп, Жарко Стеваноски, коментирајќи ја оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека целта на синдикатите не била борба за повисоки плати, туку политичка пресметка.Според Стеваноски, ваквиот наратив е навредлив и опасен, особено во услови кога реалноста за најголем дел од граѓаните е далеку од комфорна. Тој посочува дека живееме во општество во кое платите на функционерите надминуваат 2.000 евра, минималната плата изнесува околу 400 евра, а над 400.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.Во такви околности, како што нагласува, одлуката на синдикатите да организираат масовни протести за повисоки плати не само што не е политичка манипулација, туку претставува цивилизиран, легитимен и демократски чин.„Наместо да се дискредитираат работниците и нивната борба, треба да се постави прашањето како е можно вакви социјални разлики да се сметаат за нормални“, порачува Стеваноски, заклучувајќи со горчливата констатација: каков народ, таква држава

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
marihuana

Полицијата пресече синџир на криумчарење дрога: Црногорец фатен со 56 килограми марихуана

Граничната полиција на преминот Јабука, на границата меѓу Србија и Црна Гора, пресекле уште еден синџир на криумчарење наркотици, откривајќи рекордна количина дрога скриена во специјално изработен бункер на возило.„Со заедничка акција на граничната полиција и царината на преминот Јабука, запленивме околу 56 килограми марихуана. Дрогата беше откриена при детална контрола на товарно комбе, при што беше уапсен возачот, државјанин на Црна Гора“, соопштија надлежните.Иако на прв поглед возилото делувало празно, искусните цариници и полицајци посомневале во конструкцијата на подот. При деталниот преглед со употреба на соодветен алат, откриено е двојно дно. Во внатрешноста на специјално изработениот бункер биле пронајдени десетици пакети обвиени со лента, кои содржеле сушена билна материја зелена боја, за која тестирањето потврдило дека е марихуана.Возачот веднаш бил лишен од слобода на лице место, а комбото со преработен под е одземено. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги. На него му е определено задржување до 48 часа, по што ќе биде предаден на надлежното обвинителст

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarye6lvr4tsa15s2ExoEGD

(Видео) Илјадници студенти во блокада на “Свети Сава” со 16-минутен молк за жртвите во Нови Сад, а им ги затворија вратите од истоимениот храм

На празникот Свети Сава, илјадници студенти во блокада, заедно со граѓани, одржаа масовен и мирен протест под паролата „Знаењето е моќ“. Протестниот марш се одвиваше под засилено полициско присуство, при што полицијата во полна опрема го следеше нивното движење низ Пионерскиот парк.Учесниците на протестот извикуваа „Готов е“ и „Пумпај“, по што мирно се упатија кон Храм Свети Сава, симболично нагласувајќи дека храмот, како што порачаа, припаѓа на сите граѓани. Сепак, вратите на храмот останаа затворени за студентите и граѓаните.Video: @StojakovicL_ Свети Сава, кој традиционално се одбележува како училишна слава, беше одбележан и со 16-минутен молк во чест на жртвите од трагедијата во Нови Сад. По молкот, студентите и граѓаните кршеа погача и делеа жито, во знак на почит и сеќавање.Организаторите најавија дека следниот протест ќе се одржи на Сретење, со порака дека студентското движење продолжува со истата решителност и мирен карактер.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан: Украина ја премина границата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека украинското раководство ја преминало границата и дека неговата земја не барала конфликт, а сепак Унгарија веќе неколку дена е цел на притисоци.„Сè додека Унгарија има патриотска влада, овие прашања нема да се решаваат во Киев или Брисел. Украинците тоа го знаат, затоа сакаат нова, пријателска влада во Будимпешта и сè закануваат на секој чекор“, напиша Орбан на својата страница на Фејсбук.Орбан додаде дека неговата влада нема да испраќа пари во Украина, затоа што тие пари се подобро наменети за унгарските семејства отколку, како што рече, „во бањата на украински олигарх“.Тој исто така потенцираше дека Унфарија нема да дозволи забрана за увоз на руска нафта и гас, бидејќи, според него, без овие ресурси нема да биде возможно намалување на трошоците за комуналии и обезбедување пристапна енергија за маѓарските семејства.„Нема да дозволиме Украина да биде втурната во Европската унија за две години кршејќи ги законите на ЕУ, бидејќи тоа би значело и увоз на војна“, додаде Орбан.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања