2 нед.
media-libraryov7k0ri4jp4vaRgsM05

(Видео) Страшна сообраќајка во Романија: Загинаа седум млади навивачи на ПАОК

Седум лица загинаа, а три се повредени во судир на повеќе возила што се случи кратко по 13 часот во близина на Тимишоара, Романија, во вторникот. Повеќето од жртвите беа под 30 години и патувале од Грција кон Франција за да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа меѓу ПАОК и Лион, кој ќе се игра во четврток.Црниот миниван на жртвите преминал во спротивната коловозна лента и се судрил директно со камион. Во инцидентот беа вклучени четири возила: миниванот, камион, цистерна со алкохол и патничко возило.Маршрутата, преку Бугарија, Романија и Унгарија, е често користена од навивачите на ПАОК за да се избегнат долги чекања на границите надвор од ЕУ.Делницата локално е позната како „пат на смртта“ – тесна, неразделена и без заштитни огради.Надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата, вклучително и можни медицински проблеми или моментално одвлекување на вниманието, изјавија романските експерти по прегледот на видеото.ВИДЕО ТУКА

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqanaf0tjfg598bsKF09

Величковски: „Креативни решенија“ со Бугарија се новата „двојна формула“ за 25 години застој

Ивон Величковски смета дека изјавата на претседателката дека во односите со Бугарија ни се потребни креативни решенија, е исто како двојата формула за името со Грција.„„Креативни решенија со Бугарија“ 2026 е новата „двојна формула за името со Грција“ од 1993 година.Бидејќи сите знаеме како заврши „двојната формула“, денес прашањето е дали сакаме нови 25 години застој, за на крај повторно да го прифатиме она што веќе сме го усвоиле.1.Најчестите коментари кон ставовите на НОВА РЕПУБЛИКА се зошто го употребуваме името на нашата држава – Северна Македонија.Одговорот е јасен, и затоа партиските ботови од власта и парламентарната „опозиција“ избегнуваат суштинска дебата, бидејќи:немаат аргументиран одговор, инивните партии намерно ја пропуштија формулата „Република Македонија (главен град Скопје)“ erga omnes на Самитот во Букурешт 2008 година, но прифатија дека решението ќе биде за севкупна употреба.Потоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организираше „консултативен референдум“, а ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица повикаа на бојкот – со цел да не преземат одговорност, туку да се повикуваат на „народот“.Уставните измени со Преспанскиот договор беа донесени со гласови од сите, вклучително и од ВМРО-ДПМНЕ. Денес останатите се обидуваат да се дистанцираат од таа одговорност.2.Традиционалните партии и од власта и од „опозицијата“ знаат дека договорите со Грција и Бугарија, заедно со Рамковниот договор, ја потврдија целината на нацијата на Северна Македонија и сувереноста на граѓаните.Таа нација ги штити етничките идентитети на сите, вклучително и македонскиот, преку сувереноста на граѓаните и државотворноста на сите народи во државата – а не преку партиите.Затоа традиционалните партии ја изгубија политичката смисла и станаа неупотребливи за олигархијата, која преку нив ги одржува своите привилегии и економска неконкурентност во затворениот пазар на Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, по инструкции од Белград – и пред и по 1991 година.3.Врз основа на трите договори, со Европската Унија беше усогласена Преговарачката рамка со согласност на сите земји-членки.Условите и стандардите се јасни и за Скопје и за Брисел, вклучително и за Софија и Атина.Процесот на пристапување го следи Брисел како целина – не како список од желби.Овој процес е обврска за секоја земја од регионот:Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.Албанија и Црна Гора веќе создадоа преговарачки бран, на кој Северна Македонија може да се приклучи веднаш по донесувањето на уставните дополнувања.Од тие причини, ниту Брисел ниту соседните метрополи не прифаќаат кавги, медиумски интерпретации или бегање од уставните амандмани.4.Во обид да ја задржи контролата врз регионалната динамика, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по дебаклот со делегацијата на Европскиот парламент, од Сараево се обиде да се претстави како „носител“ на европските интеграции и за Босна и Херцеговина и за Северна Македонија.Соочен со политичка нестабилност во Србија, со Албанија врз која нема влијание без „Отворен Балкан“, со Црна Гора која преговара директно со Европската Унија и со Косово кое не е под санкции – оваа изјава бара јасна реакција од Владата на Северна Македонија и од министерот за надворешни работи.Молкот ќе значи прифаќање на подреденост на евроинтеграциите на Скопје под Белград.Таканаречените „креативни решенија“ и отворање затворени теми се фактичка согласност со таа подреденост.Дополнително, преку своите традиционални партнери во Будимпешта и Братислава, кои гласаа „за“ системот ETIAS – против кој денес протестираат превозниците од Западниот Балкан, вклучително и од Северна Македонија.П.С. Ако превозниците ги блокираат граничните премини кон Шенген-зоната – зошто се блокираат и премините меѓу земјите од Западниот Балкан?И по чија идеја?“, пишува тој.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Администрацијата на Трамп планира ВИ да пишува федерални закони

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе контроверзна, но револуционерна промена во работењето на федералните институции, со користење на вештачка интелигенција за изработка на нацрт-закони и федерални прописи.Според извештаи на истражувачкиот медиум „ПроПаблика“, пренесени од американски медиуми, станува збор за пилот-проект во рамки на Министерството за сообраќај на САД, каде што ќе се користи AI моделот Google Gemini. Целта на иницијативата е значително да се забрза процесот на носење регулативи, кој досега траел со месеци, па дури и години.„Наместо сложените правила да се пишуваат со месеци, со помош на Gemini тие би можеле да бидат подготвени за само дваесетина минути“, наведуваат извори запознаени со проектот.Изјавите на високи функционери во Министерството за сообраќај предизвикаа сериозна загриженост во јавноста. Главниот правен советник на министерството, Грегори Зерзан, на интерни состаноци наводно изјавил дека администрацијата не тежнее кон „совршени“ или „исклучително добри“ прописи, туку кон правила што се „доволно добри“ за, како што рекол, „да се преплави системот со нови регулативи“.Експерти и поранешни федерални службеници предупредуваат на сериозни ризици од ваквиот пристап. Еден од клучните проблеми се таканаречените „халуцинации“ на вештачката интелигенција – појава при која AI моделите генерираат неточни или целосно измислени информации, што во правни документи може да има катастрофални последици.Дополнителна загриженост предизвикува и фактот што Министерството за сообраќај регулира чувствителни области како безбедноста на комерцијалниот авионски сообраќај, транспортот на опасни материи и стандардите за возачи. Критичарите сметаат дека потпирањето на вештачка интелигенција во овие сегменти може директно да ги загрози животите на граѓаните.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 4,7 степени го погоди Закинтос

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Закинтос во Јонското Море, соопштија грчките власти, при што не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.Според Атинскиот геодинамички институт, земјотресот се случил нешто пред 20 часот, со епицентар на околу 85 километри југозападно од Закинтос, на длабочина од 9,2 километри.Закинтос се наоѓа во западниот дел на Грција, регион кој е познат како сеизмички активен и често погоден од земјотреси. Надлежните служби ја следат состојбата, но засега нема информации за дополнителни последици.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library5jvfj4veih8nbDaPPIo

Андоновски: Онлајн медиумите конечно се признаени со закон, недозволив е политички притисок врз медиумите

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, истакна дека владата направила значаен чекор со тоа што онлајн медиумите и интернет порталите се препознаени во Законот за медиуми.„Мислам дека направивме многу добар чекор што ги внесовме во законот за медиуми онлајн медиумите, интернет порталите на барање на здруженијата на портали. Со една брза измена на законот за медиуми успеавме да ги препознаеме како медиуми и голем дел од нив, можам да кажам најлегитимните, веќе се регистрирани во регистарот на АВМУ“, посочи Андоновски, додавајќи дека ова е важно бидејќи порталите и новинарите сега полесно ќе можат да ја бараат својата заштита, имајќи предвид колкав легитимитет и читаност имаат во општеството.Министерот најави дека за првпат ќе се донесе Стратегија за развој на медиумите во Македонија.Во контекст на актуелните состојби, Андоновски предупреди дека е недозволиво политичка партија да спроведува кампања против медиум.„Недозволиво е да се спроведува кампања против медиум од страна на политичка партија, ова е многу штетно и една од работите кои што ќе се случат поради ова е да добиеме полоша оценка за медиумите во извештајот на Европската унија и извештајот на Репортери без граници, но не заради владата туку затоа што политичарите вршат притисок врз медиуми“, нагласи министерот, изразувајќи загриженост дека ваквиот пристап може да има негативни последици.На крајот, Андоновски упати апел медиумите да останат единствени и професионални.„Медиумите да останат сплотени, професионални и да продолжат да го прават тоа што го прават до сега и понатаму. Ме радува што се покажа единственост од сите синдикати и здруженија – така треба да се постапува секогаш кога било кој ќе се осуди да се закани и да критикува определен медиум само затоа што не се согласува со неговите ставови“, заврши министерот Андоновски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
magla

Најмала видливост до 50 метри на патот Куманово – Крива Паланка

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по наместа коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.Намалена видливост поради магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на правците Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес, додека видливоста од 100 до 150 метри е намалена на патиштата Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија.Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови, а обврската ќе важи до 15 март 2026 година.Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Вниманието е особено препорачливо на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
protest-na-ssm

Мицкоски за протестите на ССМ: Не се борат за плати, туку за политичка пресметка

„Секој има право да протестира“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата во интервју во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 за најавените протести на дел од синдикалните организации. Премиерот Мицкоски посочи дека тој нема ништо против повисоки примања, но смета дека целта на синдикатите е политичка пресметка, а не повисоки плати за работниците.„Ги видов барањата, тоа не е нешто кое што е ново. Апсолутно јас сум секогаш за повисоки примања. Секој треба да добие повисоки примања, тука нема дилема ниту пак некој има спротивно мислење, но тоа кое што треба да се каже и да се погледне на вистината во очи е фактот дека неколкумина кој што се дел од водството на овој синдикат се апсолутно заробени од страна на одредени политички амбиции и политички фигури. И сето ова кое што таму го прават има таква задача, таква цел. Не е целта тука хумана, па сега они излегуваат и повикуваат на протести за да еве работниците добијат повисоки плати, туку напротив“, рече премиерот.На прашањето дали смета дека утрешниот повик за протест на ССМ има политичка позадина, Мицкоски рече:„Апсолутно, зар некој треба да има дилема на протест на синдикатите кој што е најавуван пред неколку недели, а се случува неколку дена по одржувањето на Конгрес на една политичка партија. Мислам дека тука не треба никој да има дилема.“Мицкоски, вели дека раководството на ССМ смета дека со ваквиот начин ќе направат штета на Владата, но како што рече не станува збор за повисоки плати, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата.„Тие сметaат дека на овој начин ќе нанесат штета на Владата. Не е суштината повисоката плата на работниците, туку мислат дека ќе нанесат штета, бидејќи нивното претседателствување и начин на функционирање во синдикатот е од фамилијарна низа, еден на друг се пренесуваат. Еве погледнете да речеме родителите на дел од раководството на ССМ, каде биле порано претседатели, на кои синдикати, ќе ви стане јасно како функционира таа структура. Така што, апсолутно не станува збор за никакви права на работниците, не станува збор за  било што кое што е поврзано со повисоки плати на работниците, туку станува збор за синдикално барање кое е заробено од политиката и одредени политичари од опозицијата“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Облачно со дожд и слаб снег: Промена на времето од утре

Утре претпладне времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста дополнително ќе се зголеми. Врнежите од дожд најпрвин ќе ги зафатат западните делови, а потоа ќе се прошират на целата територија, додека на повисоките планини ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 8 и 12 степени Целзиусови.Во Скопје ќе преовладува облачно време, а попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени.Во наредните денови, кон крајот на утрешниот ден и во четврток повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од слаб снег. Во петок и во недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, додека во сабота и понеделник времето ќе биде променливо облачно.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryhhd6vu3m7qd72xPUxDr

Мицкоски: Ако Западен Балкан се обедини, на маса се 400 милијарди евра инвестиции

Вчера претседателот на Владата, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што беше запрашан за средбите на Светскиот економски форум во Давос, како и за најавите за инвестиции во енергетиката и вештачката интелигенција, како и за можноста за конечна изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“.Тој посочи дека постои можност и дека ќе ги имаме, дури и на маса го имаме и проектот „Бошков Мост“. Исто така тука треба да мобилизираме, како држава, тоа да е приватен капитал, а државата да си има дел од ова инвестициско портфолио.„Пример, на еден од панелите, на којшто зборувавме за предизвиците на иднината и развојот на енергетиката, каде што зборував јас, а учествуваше секретарот за енергија на САД, господинот Рајт, учествуваше, да речеме, директорот на Светската енергетска агенција, господинот Фати, многу прецизно кажа човекот, во следниот период потребата од енергија во светот ќе се зголемува многу остро, а потребата од електрична енергија два и пол пати повеќе од вкупната потреба на енергија во тоа портфолио. Зошто, вели? Ќе ви дадам два едноставни примери. Најбрзо растечката нација од аспект на популација и бизнис на Афричкиот континент, Нигерија, само 5% од домаќинствата користат еркондишн, односно климатизација. Зборуваме за држава од 250 милиони луѓе. Само 13 до 17% од јужноазиските држави, коишто се најгусто населени, користат еркондишн. Тоа е првиот столб на којшто во следните години ние мораме да обезбедиме ресурс. Ќе има потреба, едноставно ние мора да обезбедиме ресурс, значи производни капацитети што ќе произведат струја“, истакна премиерот Мицкоски. Претседателот на Владата, истакна дека е јасна пораката дека развојот на човештвото оди во насока на вештачката интелигенција. Зошто развиените и пазарите во развој имаат ниска стапка на фертилитет и единствен начин да се најде продуктивност и одржување и мало зголемување на економијата е таа работна сила којашто недостасува поради ниската стапка на фертилитет да се замени со вештачката интелигенција. „За да таа вештачка интелигенција ги даде очекуваните резултати, мора да добие знаење од супер моќни компјутери, составен дел на дата центри, коишто ќе ја хранат таа вештачка интелигенција со искуство, со податоци, со анализи за да таа може нешто да направи. За да работат тие, потребно им е струја“, додека претседателот на Владата Мицкоски.Исто така потенцираше премиерот дека 40.000 теравати нов инсталиран капацитет на производни капацитети е потребен во следниве 10 години.„Зборуваме за 10 години, една декада. Значи, ние ќе го доживееме тоа. Знаете ли колку се 40.000 теравати? Тоа е колку што денес Соединетите Американски Држави, Канада, Европската Унија и Јапонија имаат заедно. Замислете ние како регион, на што многу работам, ќе кажам после што планирам да направам, замислете ние како регион, Западен Балкан се обединиме и понудиме инвестициски можности и дел од овие инвестиции за овие нови 40.000 теравати производни капацитети, само 0,01% да завршат тука. 0,01%. Тоа се 4 теравати. Значи од 40.000, 4 теравати тука да завршат. Тоа се 4 милиони мегавати. Ако еден мегават инсталиран капацитет чини од милион до два милиони евра, зборуваме за 4 трилиони евра во следниве 10 години инвестиции што треба да се случат во Западен Балкан. Сите, сите заедно, сите земји во Западен Балкан кога ќе им ги соберете номиналните бруто домашни производи на Србија, на Босна, на Црна Гора, на Албанија, на Косово и на Македонија е нешто повеќе од 200 милијарди годишно. Ние зборуваме за 400 милијарди евра коишто ги имаме на маса, треба да ги донесеме“, појасни Мицкоски. Тој беше запрашан дали ние како регион ќе успееме тоа да ги направиме при што претседателот на Владата истакна:„Јас планирам да направам регионална иницијатива, регионална иницијатива, така и ќе ја брендираме како „Скопје – регионална иницијатива за поврзување“. А за сето ова да функционира ни требаат гасни интерконектори, ни требаат далеководи. Ова ќе се случи. Дали ние ќе го препознаеме како регион, зависи од нас. Но ова ќе се случи бидејќи човештвото се движи во таа насока. Тоа се двата суштински столба на коишто ќе се темели иднината на земјата, на човештвото, не на земјата Македонија, туку на земјата планета. Тоа се вештачката интелигенција и потребата од енергија – електрична енергија. Тоа се главните пораки од Давос. Ова е нешто што ќе биде драјвер во следните 20, 25, 30 години.“

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library3t0ook5tb7i70eko00j

„Плитко алиби“ – премиерот Мицкоски за парите пронајдени во ѕид во домот на родителите на судија

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, во гостување на телевизијата „21“, се осврна на случајот со 350 илјади евра кои полицијата и истражителите на ОЈО ГОКК ги пронајдоа заѕидани во кујната на родителите на судијата на скопска Апелација, Ѓоко Ристов.Говорејќи за настанот, Мицкоски нагласи дека не сака да коментира од позиција на премиер, туку како граѓанин. Тој истакна дека не му е јасно зошто пари, за кои се тврди дека потекнуваат од легална продажба на нива, би биле чувани заѕидани во ѕид, кога постојат бројни вообичаени и законски начини за нивно чување.„Не сакам да се претворам во судија, ниту да критикувам. Но, како човек, навистина ми беше лошо за гледање. И да е точно дека станува збор за легално продадена нива и дека сѐ поминало низ законски процедури, не разбирам зошто тие пари би се нашле заѕидани во ѕид. Ако се чисти, има многу конвенционални начини да се чуваат. Нема повод, ниту причина тоа да се прави на ваков начин“, изјави Мицкоски.Тој оцени дека образложението за потеклото и начинот на чување на парите му делува неубедливо, но нагласи дека конечниот збор треба да го имаат надлежните институции.„Мислам дека алибито е малку плитко, но оставам судските органи да го кажат своето“, додаде премиерот.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryh522eu7agt4s7Xr3xH3

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

Кејот на реката Вардар од утре започнува да добива нов лик, откако официјално ќе стартува реконструкцијата на спортските терени, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Како што информираше, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, вечерва извршиле обиколка на просторот, по што е потврден почетокот на работите со кои кејот треба да прерасне во современ спортско-рекреативен центар, отворен за сите генерации.Во рамки на проектот, ќе бидат реконструирани и уредени терени за фудбал, одбојка и баскет, а предвидено е и поставување модерни фитнес-зони на отворено, достапни за сите граѓани. Дополнително, со интервенциите се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што беше посочено, ќе бидат целосно унапредени и ставени во функција на заедницата.„Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба и заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортските терени е директна инвестиција во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека ова е само почеток на поширока визија за рамномерен развој, со која во сите општини на градот ќе се обезбедат современи и достапни спортски терени, без разлика каде живеат граѓаните.Градоначалникот упати благодарност и до министерот за спорт за, како што рече, силната поддршка на проектот, додавајќи дека Скопје продолжува да вложува во активен живот и подобри услови за рекреација.„Скопје се движи напред. Скопје спортува. Скопје инвестира во својата иднина“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarydqf53vllr1jkf14j2dJ

Македонската скијачка Јана Атанасовска со најдобар македонски женски резултат во слалом

Македонската скијачка Јана Атанасовска оствари извонреден настап на ФИС слалом трките што се одржаа во Телфс, Австрија, поставувајќи најдобар личен резултат, но и најдобар женски македонски резултат во историјата на алпското скијање. Во првата слаломска трка, Атанасовска го освои четвртото место и ги подобри своите ФИС поени на 26,41, што претставува значаен исчекор во нејзината спортска кариера и силна потврда за нејзиниот квалитет на меѓународната сцена. Во втората трка истиот ден, таа заврши на шестата позиција со 30,78 ФИС поени, покажувајќи стабилност и континуиран напредок во конкуренција со врвни светски скијачки. Овие резултати доаѓаат во клучен период од подготовките за претстојниот олимписки циклус и Олимписките игри во Милано, што дополнително ја нагласува нивната важност за македонскиот спорт. Успехот на Атанасовска е заедничка заслуга и со нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве, чија работа и поддршка се препознаваат зад овој значаен резултат.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library64l89qa79vkmcpTWPZX

(Видео) Страотна несреќа кај Темишвар, загинаа навивачи на грчки ПАОК

Седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Романија, во близина на Темишвар, на околу 60 километри од границата меѓу Србија и Романија.Несреќата се случила кога минибус, во кој се превезувале навивачи патувајќи од Грција кон Франција на натпреварот Лион – ПАОК, се судрил со камион. Според соопштението на романската полиција, возачот на минибусот во еден момент претекнувал, а при обидот да се врати во својата сообраќајна лента удрил во цистерна, по што следувал судир со камион кој се движел од спротивна насока, пренесуваат медиумите.Во несреќата загинале седум лица, меѓу кои возачот и шестмина патници, сите од минибусот, додека тројца лица се повредени и се пренесени во болница. Според медиумските информации, четворица од загинатите биле на возраст од 25 до 27 години.Романската полиција покрена кривична постапка за кривични дела убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.По трагедијата, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, упати сочувство до семејствата на загинатите. Сочувство изразија и бројни грчки спортски клубови, како и фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Партизан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library17baviq5506l19XvZAn

Пет работи што денес се нормални, а пред шест години би биле незамисливи

Промените во светот од 2020 година наваму се драматични и забележливи во секојдневниот живот, покажуваат коментарите на корисници на Reddit кои дискутираат што сега им е нормално, а пред шест години би ги шокирало.Многумина нагласуваат дека нормализирањето на вештачката интелигенција – од генерација на слики до секојдневни разговори со AI асистенти – претходно би изгледало како дистопија, а денес е само „уште една табула во прелистувачот“. Корисниците изразуваат загриженост за видеа и содржини генерирани со AI, кои често создаваат лажни приказни, а понекогаш се користат дури и за лажно претставување на познати личности.Исто така, новите економски стандарди го шокираат секој што се сеќава на 2020: трошоците за живот се драматично зголемени, еднособни станови често чинат 1000 евра, додека основните намирници достигнуваат рекордни цени.Друштвените и политичките напнатости исто така се на повисоко ниво. Многу корисници ја истакнуваат геополитичката ситуација – од Украина до Гренланд – како нешто што би било неверојатно пред само неколку години. Се забележуваат и јавни расистички испади, појава на маскирани лица кои насилно одведуваат луѓе, како и засилена агресивност и двојни стандарди во власта.Промените се видливи и во работата и здравството. Пандемија и работата од дома станаа нормални, додека правилата за боледување и условите во здравствениот сектор се изменети, понекогаш до крајни граници.Корисниците исто така забележуваат „големи заокрети во размислувањето“ за технолошките гиганти: од отворена авторитарност, игнорирање на еколошките цели, масовна продажба на оружје, до јавни откази и напуштање на програми за разновидност. Некои сметаат дека реакцијата против вакцинацијата е само уште еден показател за тоа како светот се променил.Севкупно, светот од 2026 година е драстично поразличен од оној во 2020: вештачката интелигенција, економските притисоци, политичките напнатости и технолошките зафати го обликуваат секој аспект од секојдневието, создавајќи реалности што некогаш би изгледале невозможни.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library62l39bde1j5qdLgCLfS

(Видео) „Знаењето е моќ“: Студентите на протест во Белград

Студентите во блокада на Електротехничкиот факултет во Белград, во име на сите студенти, денеска повикаа на протест под мотото „Знаењето е моќ“, се одржа вечерва од 18 часот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.Студентите порачаа дека државата треба да почива на образованието, нагласувајќи дека не е случајно што протестот се одржува токму на денот на Свети Сава. Според нив, симболиката на датумот дополнително ја засилува пораката за значењето на знаењето, автономијата и достоинството на образовниот систем.На протестот се обратија наставници, професори и директори на училишта, кои, како што наведуваат студентите, трпат последици поради јавно дадената поддршка на студентските барања. По говорите, тргнаа на протестна прошетка до Храмот ,,Свети Сава”.Во меѓувреме, студенти од неколку факултети во Србија денеска ја бојкотираа наставата во знак на солидарност со професорката Јелена Клеут и со нивните колеги од Универзитетот во Нови Сад.Студентите најавија и следен голем собир, кој ќе се одржи на 15 февруари – Сретење, во Шумадија, продолжувајќи го протестното движење кое во изминатиот период добива поддршка во академската и пошироката јавност.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryofsrh0qep44ucwp9k8X

Алекс Прети претходно бил евидентиран од службата за имиграција и му било скршено ребро

Неколку дена пред да биде смртно застрелан во судир со федерални агенти во Минеаполис, Алекс Прети бил соборен на земја од агенти на Службата за имиграција, при што му било скршено ребро, дознава CNN повикувајќи се на повеќе извори.Не е јасно како Прети првпат го привлекол вниманието на федералните власти. Изворите наведуваат дека сведочел на обид за приведување на неколку лица. Кога започнал да протестира, група агенти го соборила на земја, при што добил скршено ребро. Според извор кој побарал анонимност од страв од одмазда, Прети запрел автомобил кога забележал агенти на Службата за имиграција како пеш ги бркаат членовите на едно семејство и почнал да вика и да свирка за да ги предупреди.Подоцна, Прети му раскажал на истиот извор дека пет агенти го собориле, а еден му клекнал на грбот. Иако бил пуштен, повредата била потврдена со медицинска документација која укажува на соодветен третман за скршено ребро.Претходно овој месец, на агентите им бил испратен допис со кој се барало собирање фотографии, регистарски таблички, лични документи и општи информации за „агитатори и демонстранти“, со цел сè да се внесе во единствен образец. За таа цел бил доставен и онлајн-формулар за „прибирање разузнавачки податоци без апсење“, што овозможува внесување лични податоци на лица кои не се приведени. Не е познато дали токму овој формулар бил користен за евидентирање на Прети.Министерството за внатрешна безбедност на САД повеќепати предупреди на закани кон федералните службеници и ги критикуваше демонстрантите кои ги попречуваат имиграциските операции. Неодамна беше објавен и интернет-образец за пријавување лица кои „ги вознемируваат агентите на службата за имиграција“. Помошничката секретарка Триша Меклафлин изјави дека водењето службени евиденции за лица кои го кршат законот е стандарден протокол, додавајќи дека не постои база на податоци за „домашни терористи“ што ја води министерството.Сепак, дел од функционерите на администрацијата на Доналд Трамп јавно заговараа создавање база на податоци за демонстранти. Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека агенцијата истражува групни разговори на апликацијата „Сигнал“ што ги користат набљудувачи за споделување информации за активностите на службата за имиграција, предупредувајќи дека таквите дејства не смеат незаконски да ги доведуваат службениците во опасност. Министерството за внатрешна безбедност денеска најави и истрага против американска државјанка која наводно се обидела да купи огнено оружје, изјавувајќи дека сака да се „заштити од агентите на службата за имиграција“, но и да ги убива.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп го разруши светскиот поредок: Што следува понатаму?

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд остави подлабоки последици за светот отколку што првично изгледаше. Иако заканата беше повлечена, таа сериозно го раздрма довербата на американските сојузници и поттикна преиспитување на темелите на меѓународниот поредок кој со децении се темелеше на американското водство. Сѐ повеќе држави почнаа да ги гледаат САД не како гарант на стабилноста, туку како непредвидлив актер чијшто одлуки веќе не можат да се земат здраво за готово.Канадскиот премиер Марк Карни на Светскиот економски форум во Давос зборуваше за „пукотина“ во поредокот базиран на правила и повика таканаречените „средни сили“ да се здружат и да започнат да создаваат нов глобален ред. Европските сојузници се прашуваат како да ги заштитат сопствените интереси во свет во кој Вашингтон го доведува во прашање трансатлантскиот сојуз и иднината на НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека Европа мора да престане да биде „изгубена“ и да започне да гради свои воени капацитети, независно од САД.Според анализите, државите кои не се меѓу најголемите сили како САД, Кина или Русија, но се доволно силни за да не сакаат да бидат само набљудувачи, мораат да најдат нови начини за делување. Појдовната точка е развивање координирана и долгорочна стратегија на стратешка автономија, во одбраната, енергијата и економијата.Истражувањата покажуваат дека старите сојузи се еродирале не само поради политиката на Трамп, туку и поради долгорочното намалување на одбранбените расходи во Европа и зависноста од американскиот безбедносен „чадор“. И покрај тоа, аналитичарите предупредуваат дека средните сили треба да избегнуваат краткорочни сојузи со автократски сили и да се обидат да ја заштитат меѓународната правна рамка и својот суверенитет преку флексибилни коалиции.Примерите од Индија покажуваат како една средна сила може да одржува дијалог со САД, додека истовремено ја шири мрежата на партнерства со Европа, Канада, државите од Индо-Пацифик и Глобалниот Југ, за да го намали ризикот и да ја зачува стратегиската автономија.Заклучокот на експертите е дека средните сили не можат да си дозволат изолација или лесни решенија. Тие мораат истовремено да ги јакнат сопствените капацитети, да градат меѓусебна соработка и да избегнуваат директна конфронтација со САД. Урокот од Гренланд е јасен: дури ни најблиските сојузници не можат да бидат сигурни дека се надвор од досегот на американскиот притисок. Во свет кој влегува во ера на нестабилна мултиполарност, влијанието и безбедноста на средните сили ќе зависат од нивната способност да делуваат колективно, стратешки и долгорочно.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Професорот Јове Кекеновски остро ја критикуваше работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, оценувајќи дека вистинскиот неуспех на јавниот распит за кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) не е кај кандидатката, туку кај самата Комисија.Според Кекеновски, скандал не е тоа што кандидатката покажала трема или нервоза на јавниот распит, туку фактот што собраниската Комисија дозволила лице со очигледни празнини во знаењето да биде предложено за член на институција која треба да биде еден од клучните заштитници на човековите права и принципот на недискриминација.Тој нагласува дека Комисијата за избори и именувања не смее да биде, како што вели, „гол преносник“ на партиски предлози, туку има јасна и суштинска филтер-улога. Таа, според него, мора да утврди дали кандидатите ги исполнуваат законските услови во однос на образование и искуство, дали поседуваат реално знаење за човекови права и недискриминација и дали имаат капацитет јавно да аргументираат, да толкуваат закони и да носат издржани одлуки.Кекеновски потенцира дека дури и кога изборот е дел од политички договор, Комисијата има обврска да реагира и да побара нов предлог доколку кандидатот не ги исполнува основните стандарди. Во спротивно, предупредува тој, не станува збор за демократски избор, туку за директно поткопување на довербата во институциите.„Во таков случај, Комисијата не врши избор, туку на најгруб начин ја инвалидизира институцијата што треба да ги штити граѓаните од дискриминација“, наведува Кекеновски, додавајќи дека ваквите постапки ја девалвираат улогата и кредибилитетот на КСЗД уште пред таа воопшто да почне да функционира.Со прашањето „до кога со вакви неразумности“, професорот апелира до Собранието и надлежните комисии да покажат поголема одговорност и сериозност при изборот на кадри за независните институции, бидејќи, како што посочува, токму тие треба да бидат последната линија на заштита на граѓанските права.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Ако ЕУ не го смени правилото 90/180, камионите ќе застанат: Владата бара решение, превозниците притискаат

Проблемот со примената на правилото 90/180 дена и новиот систем за електронска евиденција на престојот во Шенген-зоната ја мобилизираше македонската Влада, регионалните превозници и европските институции, додека блокадите на граничните премини втор ден по ред го прекинуваат товарниот сообраќај кон Европската Унија.Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека побарал телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се изнајде решение за состојбата што ги извади на протест камионските превозници од Македонија и од земјите на Западен Балкан. Тој изрази умерен оптимизам дека проблемот може да се надмине и посочи дека прашањето е отворено со Европската комисија уште од септември, при што разговорите ги води министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Мицкоски најави дека очекува разговор со Фон дер Лајен во наредните денови, по нејзиното враќање од службено патување во Индија, нагласувајќи дека целта не е укинување на шенген-механизмот, туку изнаоѓање практична варијанта со која ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи.Во меѓувреме, камионските превозници од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина започнаа седумдневен протест со блокади на товарните терминали на граничните премини кон Шенген-зоната. Патничкиот сообраќај се одвива непречено, но превозниците предупредуваат дека правилото 90 дена престој во период од 180 дена ги третира како туристи, а не како мобилни работници, со што им се парализира работата.Од Брисел засега порачуваат дека ги следат случувањата, но дека правилата не се нови. Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерт изјави дека системот за влез-излез обезбедува подобра контрола на постојните правила, додавајќи дека Комисијата е свесна оти професии со висока мобилност, како камионските возачи, имаат потреба од подолг престој. Според него, ова прашање се разгледува во рамки на подготовките на новата визна стратегија на ЕУ.Загриженост за економските последици изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка на Бугарија, Гроздан Караџов, кој оцени дека блокадите на границите со Србија и Македонија ќе донесат сериозни загуби за сите економии во регионот. Тој истакна дека ваквите мерки го нарушуваат слободниот проток на стоки и дека решението треба да се бара исклучиво преку дијалог со европските институции, бидејќи земјите членки немаат надлежност самостојно да ги менуваат правилата.Караџов најави дека ќе иницира разговори за отворање таканаречени „прозорци“ на границите, но призна дека тоа ќе биде тешко изводливо без согласност од Брисел.Во Македонија, Националната транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ порача дека блокадите се израз на револт на професионалните возачи, но предупреди дека решението мора да се бара институционално, во Брисел. Од асоцијацијата информираат дека прашањето било разгледано и на состанок на BSEC-URTA во Скопје, со учество на претседателот на Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), при што бил усвоен унифициран предлог за решенија.Од „Бест мобилити – НТА“ укажуваат дека долготрајните блокади носат ризик од губење на транзитот низ Македонија, финансиски загуби за извозно ориентираните компании и дополнително намалување на веќе ограниченото дозволено време за престој во Шенген-зоната. Тие бараат признавање на возачите како мобилни работници со посебен статус и активна поддршка од државниот врв во преговорите со Европската комисија.Поддршка за протестот вчера даде и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој оцени дека предупредувањето доаѓа навреме и дека февруари и март мора максимално да се искористат за изнаоѓање решение. Тој посочи три можни опции: одложување на примената на новиот систем, зголемување на дозволениот број денови на престој или воведување посебен режим за професионални возачи, по примерот на Швајцарија.Министерот Тимчо Муцунски, пак, изјави дека со Европската Унија активно се комуницира и дека од Брисел има сигнали оти проблемот е препознаен и дека се работи на негово надминување.Превозниците, од своја страна, порачуваат дека целта не им е да ја заглават економијата, туку да укажат на последиците од мерките. Ако решение не се најде, најавуваат други форми на притисок, предупредувајќи дека без нивниот труд, над милион тони стока би можеле да останат заглавени, со директни последици за пазарите и граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7u4gdf6hkitpco2qyie

По големиот успех, „Beef“ добива втора сезона со сосема нов заплет

Хит-серијата „Beef“ на Нетфликс добива продолжение, а втората сезона веќе привлекува големо внимание откако беа објавени првите детали и актерската екипа. Станува збор за антологиска серија, што значи дека приказната за Ејми и Дени од првата сезона е целосно заокружена, а новите епизоди носат сосема нова наративна линија и нови ликови.Нетфликс веќе ги објави и првите фотографии од втората сезона, откривајќи дека главните улоги ќе ги толкуваат Оскар Ајзак, Кери Малиган, Чарлс Мелтон и Кејли Спејни. Според официјалниот синопсис, приказната ќе ги следи животите на два пара, чии судбини почнуваат да се испреплетуваат по една наизглед обична расправија.Дејството е сместено во елитен селски клуб во сопственост на милијардер, а заплетот започнува кога млад пар ќе стане сведок на вознемирувачки конфликт меѓу нивниот шеф и неговата сопруга. Тој настан поттикнува низа услуги, притисоци и манипулации, опишани како „шаховска партија“ на односи и моќ.Актерката Кејли Спејни, зборувајќи за новите епизоди, изјави дека втората сезона е „подеднакво луда како и првата“, со дополнителен фокус на судирот меѓу парови и меѓу различни генерации. За разлика од тоа, првата сезона се занимаваше со последиците од еден сообраќаен инцидент кој прерасна во интензивен конфликт меѓу двајца странци.Авторот на серијата, Ли Сунг Џин, повторно се враќа како сценарист и режисер, додека ѕвездите од првата сезона, Стивен Јун и Али Вонг, овојпат се појавуваат како извршни продуценти.Втората сезона на „Beef“ ќе биде достапна на Нетфликс од 16 април 2026 година и ќе се состои од осум епизоди, со времетраење од по 30 минути.

Медиасет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања