2 нед.
media-libraryh522eu7agt4s7Xr3xH3

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

Кејот на реката Вардар од утре започнува да добива нов лик, откако официјално ќе стартува реконструкцијата на спортските терени, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Како што информираше, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, вечерва извршиле обиколка на просторот, по што е потврден почетокот на работите со кои кејот треба да прерасне во современ спортско-рекреативен центар, отворен за сите генерации.Во рамки на проектот, ќе бидат реконструирани и уредени терени за фудбал, одбојка и баскет, а предвидено е и поставување модерни фитнес-зони на отворено, достапни за сите граѓани. Дополнително, со интервенциите се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што беше посочено, ќе бидат целосно унапредени и ставени во функција на заедницата.„Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба и заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортските терени е директна инвестиција во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека ова е само почеток на поширока визија за рамномерен развој, со која во сите општини на градот ќе се обезбедат современи и достапни спортски терени, без разлика каде живеат граѓаните.Градоначалникот упати благодарност и до министерот за спорт за, како што рече, силната поддршка на проектот, додавајќи дека Скопје продолжува да вложува во активен живот и подобри услови за рекреација.„Скопје се движи напред. Скопје спортува. Скопје инвестира во својата иднина“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarydqf53vllr1jkf14j2dJ

Македонската скијачка Јана Атанасовска со најдобар македонски женски резултат во слалом

Македонската скијачка Јана Атанасовска оствари извонреден настап на ФИС слалом трките што се одржаа во Телфс, Австрија, поставувајќи најдобар личен резултат, но и најдобар женски македонски резултат во историјата на алпското скијање. Во првата слаломска трка, Атанасовска го освои четвртото место и ги подобри своите ФИС поени на 26,41, што претставува значаен исчекор во нејзината спортска кариера и силна потврда за нејзиниот квалитет на меѓународната сцена. Во втората трка истиот ден, таа заврши на шестата позиција со 30,78 ФИС поени, покажувајќи стабилност и континуиран напредок во конкуренција со врвни светски скијачки. Овие резултати доаѓаат во клучен период од подготовките за претстојниот олимписки циклус и Олимписките игри во Милано, што дополнително ја нагласува нивната важност за македонскиот спорт. Успехот на Атанасовска е заедничка заслуга и со нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве, чија работа и поддршка се препознаваат зад овој значаен резултат.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library64l89qa79vkmcpTWPZX

(Видео) Страотна несреќа кај Темишвар, загинаа навивачи на грчки ПАОК

Седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Романија, во близина на Темишвар, на околу 60 километри од границата меѓу Србија и Романија.Несреќата се случила кога минибус, во кој се превезувале навивачи патувајќи од Грција кон Франција на натпреварот Лион – ПАОК, се судрил со камион. Според соопштението на романската полиција, возачот на минибусот во еден момент претекнувал, а при обидот да се врати во својата сообраќајна лента удрил во цистерна, по што следувал судир со камион кој се движел од спротивна насока, пренесуваат медиумите.Во несреќата загинале седум лица, меѓу кои возачот и шестмина патници, сите од минибусот, додека тројца лица се повредени и се пренесени во болница. Според медиумските информации, четворица од загинатите биле на возраст од 25 до 27 години.Романската полиција покрена кривична постапка за кривични дела убиство од небрежност и нанесување телесни повреди од небрежност.По трагедијата, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, упати сочувство до семејствата на загинатите. Сочувство изразија и бројни грчки спортски клубови, како и фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Партизан.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library17baviq5506l19XvZAn

Пет работи што денес се нормални, а пред шест години би биле незамисливи

Промените во светот од 2020 година наваму се драматични и забележливи во секојдневниот живот, покажуваат коментарите на корисници на Reddit кои дискутираат што сега им е нормално, а пред шест години би ги шокирало.Многумина нагласуваат дека нормализирањето на вештачката интелигенција – од генерација на слики до секојдневни разговори со AI асистенти – претходно би изгледало како дистопија, а денес е само „уште една табула во прелистувачот“. Корисниците изразуваат загриженост за видеа и содржини генерирани со AI, кои често создаваат лажни приказни, а понекогаш се користат дури и за лажно претставување на познати личности.Исто така, новите економски стандарди го шокираат секој што се сеќава на 2020: трошоците за живот се драматично зголемени, еднособни станови често чинат 1000 евра, додека основните намирници достигнуваат рекордни цени.Друштвените и политичките напнатости исто така се на повисоко ниво. Многу корисници ја истакнуваат геополитичката ситуација – од Украина до Гренланд – како нешто што би било неверојатно пред само неколку години. Се забележуваат и јавни расистички испади, појава на маскирани лица кои насилно одведуваат луѓе, како и засилена агресивност и двојни стандарди во власта.Промените се видливи и во работата и здравството. Пандемија и работата од дома станаа нормални, додека правилата за боледување и условите во здравствениот сектор се изменети, понекогаш до крајни граници.Корисниците исто така забележуваат „големи заокрети во размислувањето“ за технолошките гиганти: од отворена авторитарност, игнорирање на еколошките цели, масовна продажба на оружје, до јавни откази и напуштање на програми за разновидност. Некои сметаат дека реакцијата против вакцинацијата е само уште еден показател за тоа како светот се променил.Севкупно, светот од 2026 година е драстично поразличен од оној во 2020: вештачката интелигенција, економските притисоци, политичките напнатости и технолошките зафати го обликуваат секој аспект од секојдневието, создавајќи реалности што некогаш би изгледале невозможни.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library62l39bde1j5qdLgCLfS

(Видео) „Знаењето е моќ“: Студентите на протест во Белград

Студентите во блокада на Електротехничкиот факултет во Белград, во име на сите студенти, денеска повикаа на протест под мотото „Знаењето е моќ“, се одржа вечерва од 18 часот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.Студентите порачаа дека државата треба да почива на образованието, нагласувајќи дека не е случајно што протестот се одржува токму на денот на Свети Сава. Според нив, симболиката на датумот дополнително ја засилува пораката за значењето на знаењето, автономијата и достоинството на образовниот систем.На протестот се обратија наставници, професори и директори на училишта, кои, како што наведуваат студентите, трпат последици поради јавно дадената поддршка на студентските барања. По говорите, тргнаа на протестна прошетка до Храмот ,,Свети Сава”.Во меѓувреме, студенти од неколку факултети во Србија денеска ја бојкотираа наставата во знак на солидарност со професорката Јелена Клеут и со нивните колеги од Универзитетот во Нови Сад.Студентите најавија и следен голем собир, кој ќе се одржи на 15 февруари – Сретење, во Шумадија, продолжувајќи го протестното движење кое во изминатиот период добива поддршка во академската и пошироката јавност.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryofsrh0qep44ucwp9k8X

Алекс Прети претходно бил евидентиран од службата за имиграција и му било скршено ребро

Неколку дена пред да биде смртно застрелан во судир со федерални агенти во Минеаполис, Алекс Прети бил соборен на земја од агенти на Службата за имиграција, при што му било скршено ребро, дознава CNN повикувајќи се на повеќе извори.Не е јасно како Прети првпат го привлекол вниманието на федералните власти. Изворите наведуваат дека сведочел на обид за приведување на неколку лица. Кога започнал да протестира, група агенти го соборила на земја, при што добил скршено ребро. Според извор кој побарал анонимност од страв од одмазда, Прети запрел автомобил кога забележал агенти на Службата за имиграција како пеш ги бркаат членовите на едно семејство и почнал да вика и да свирка за да ги предупреди.Подоцна, Прети му раскажал на истиот извор дека пет агенти го собориле, а еден му клекнал на грбот. Иако бил пуштен, повредата била потврдена со медицинска документација која укажува на соодветен третман за скршено ребро.Претходно овој месец, на агентите им бил испратен допис со кој се барало собирање фотографии, регистарски таблички, лични документи и општи информации за „агитатори и демонстранти“, со цел сè да се внесе во единствен образец. За таа цел бил доставен и онлајн-формулар за „прибирање разузнавачки податоци без апсење“, што овозможува внесување лични податоци на лица кои не се приведени. Не е познато дали токму овој формулар бил користен за евидентирање на Прети.Министерството за внатрешна безбедност на САД повеќепати предупреди на закани кон федералните службеници и ги критикуваше демонстрантите кои ги попречуваат имиграциските операции. Неодамна беше објавен и интернет-образец за пријавување лица кои „ги вознемируваат агентите на службата за имиграција“. Помошничката секретарка Триша Меклафлин изјави дека водењето службени евиденции за лица кои го кршат законот е стандарден протокол, додавајќи дека не постои база на податоци за „домашни терористи“ што ја води министерството.Сепак, дел од функционерите на администрацијата на Доналд Трамп јавно заговараа создавање база на податоци за демонстранти. Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека агенцијата истражува групни разговори на апликацијата „Сигнал“ што ги користат набљудувачи за споделување информации за активностите на службата за имиграција, предупредувајќи дека таквите дејства не смеат незаконски да ги доведуваат службениците во опасност. Министерството за внатрешна безбедност денеска најави и истрага против американска државјанка која наводно се обидела да купи огнено оружје, изјавувајќи дека сака да се „заштити од агентите на службата за имиграција“, но и да ги убива.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп го разруши светскиот поредок: Што следува понатаму?

Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го заземе Гренланд остави подлабоки последици за светот отколку што првично изгледаше. Иако заканата беше повлечена, таа сериозно го раздрма довербата на американските сојузници и поттикна преиспитување на темелите на меѓународниот поредок кој со децении се темелеше на американското водство. Сѐ повеќе држави почнаа да ги гледаат САД не како гарант на стабилноста, туку како непредвидлив актер чијшто одлуки веќе не можат да се земат здраво за готово.Канадскиот премиер Марк Карни на Светскиот економски форум во Давос зборуваше за „пукотина“ во поредокот базиран на правила и повика таканаречените „средни сили“ да се здружат и да започнат да создаваат нов глобален ред. Европските сојузници се прашуваат како да ги заштитат сопствените интереси во свет во кој Вашингтон го доведува во прашање трансатлантскиот сојуз и иднината на НАТО. Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека Европа мора да престане да биде „изгубена“ и да започне да гради свои воени капацитети, независно од САД.Според анализите, државите кои не се меѓу најголемите сили како САД, Кина или Русија, но се доволно силни за да не сакаат да бидат само набљудувачи, мораат да најдат нови начини за делување. Појдовната точка е развивање координирана и долгорочна стратегија на стратешка автономија, во одбраната, енергијата и економијата.Истражувањата покажуваат дека старите сојузи се еродирале не само поради политиката на Трамп, туку и поради долгорочното намалување на одбранбените расходи во Европа и зависноста од американскиот безбедносен „чадор“. И покрај тоа, аналитичарите предупредуваат дека средните сили треба да избегнуваат краткорочни сојузи со автократски сили и да се обидат да ја заштитат меѓународната правна рамка и својот суверенитет преку флексибилни коалиции.Примерите од Индија покажуваат како една средна сила може да одржува дијалог со САД, додека истовремено ја шири мрежата на партнерства со Европа, Канада, државите од Индо-Пацифик и Глобалниот Југ, за да го намали ризикот и да ја зачува стратегиската автономија.Заклучокот на експертите е дека средните сили не можат да си дозволат изолација или лесни решенија. Тие мораат истовремено да ги јакнат сопствените капацитети, да градат меѓусебна соработка и да избегнуваат директна конфронтација со САД. Урокот од Гренланд е јасен: дури ни најблиските сојузници не можат да бидат сигурни дека се надвор од досегот на американскиот притисок. Во свет кој влегува во ера на нестабилна мултиполарност, влијанието и безбедноста на средните сили ќе зависат од нивната способност да делуваат колективно, стратешки и долгорочно.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Професорот Јове Кекеновски остро ја критикуваше работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, оценувајќи дека вистинскиот неуспех на јавниот распит за кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) не е кај кандидатката, туку кај самата Комисија.Според Кекеновски, скандал не е тоа што кандидатката покажала трема или нервоза на јавниот распит, туку фактот што собраниската Комисија дозволила лице со очигледни празнини во знаењето да биде предложено за член на институција која треба да биде еден од клучните заштитници на човековите права и принципот на недискриминација.Тој нагласува дека Комисијата за избори и именувања не смее да биде, како што вели, „гол преносник“ на партиски предлози, туку има јасна и суштинска филтер-улога. Таа, според него, мора да утврди дали кандидатите ги исполнуваат законските услови во однос на образование и искуство, дали поседуваат реално знаење за човекови права и недискриминација и дали имаат капацитет јавно да аргументираат, да толкуваат закони и да носат издржани одлуки.Кекеновски потенцира дека дури и кога изборот е дел од политички договор, Комисијата има обврска да реагира и да побара нов предлог доколку кандидатот не ги исполнува основните стандарди. Во спротивно, предупредува тој, не станува збор за демократски избор, туку за директно поткопување на довербата во институциите.„Во таков случај, Комисијата не врши избор, туку на најгруб начин ја инвалидизира институцијата што треба да ги штити граѓаните од дискриминација“, наведува Кекеновски, додавајќи дека ваквите постапки ја девалвираат улогата и кредибилитетот на КСЗД уште пред таа воопшто да почне да функционира.Со прашањето „до кога со вакви неразумности“, професорот апелира до Собранието и надлежните комисии да покажат поголема одговорност и сериозност при изборот на кадри за независните институции, бидејќи, како што посочува, токму тие треба да бидат последната линија на заштита на граѓанските права.

Коментари | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarycfh5ufqhpcqr0PqAnXa

Ако ЕУ не го смени правилото 90/180, камионите ќе застанат: Владата бара решение, превозниците притискаат

Проблемот со примената на правилото 90/180 дена и новиот систем за електронска евиденција на престојот во Шенген-зоната ја мобилизираше македонската Влада, регионалните превозници и европските институции, додека блокадите на граничните премини втор ден по ред го прекинуваат товарниот сообраќај кон Европската Унија.Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека побарал телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со цел да се изнајде решение за состојбата што ги извади на протест камионските превозници од Македонија и од земјите на Западен Балкан. Тој изрази умерен оптимизам дека проблемот може да се надмине и посочи дека прашањето е отворено со Европската комисија уште од септември, при што разговорите ги води министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Мицкоски најави дека очекува разговор со Фон дер Лајен во наредните денови, по нејзиното враќање од службено патување во Индија, нагласувајќи дека целта не е укинување на шенген-механизмот, туку изнаоѓање практична варијанта со која ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи.Во меѓувреме, камионските превозници од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина започнаа седумдневен протест со блокади на товарните терминали на граничните премини кон Шенген-зоната. Патничкиот сообраќај се одвива непречено, но превозниците предупредуваат дека правилото 90 дена престој во период од 180 дена ги третира како туристи, а не како мобилни работници, со што им се парализира работата.Од Брисел засега порачуваат дека ги следат случувањата, но дека правилата не се нови. Портпаролот на Европската комисија Маркус Ламерт изјави дека системот за влез-излез обезбедува подобра контрола на постојните правила, додавајќи дека Комисијата е свесна оти професии со висока мобилност, како камионските возачи, имаат потреба од подолг престој. Според него, ова прашање се разгледува во рамки на подготовките на новата визна стратегија на ЕУ.Загриженост за економските последици изрази и вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка на Бугарија, Гроздан Караџов, кој оцени дека блокадите на границите со Србија и Македонија ќе донесат сериозни загуби за сите економии во регионот. Тој истакна дека ваквите мерки го нарушуваат слободниот проток на стоки и дека решението треба да се бара исклучиво преку дијалог со европските институции, бидејќи земјите членки немаат надлежност самостојно да ги менуваат правилата.Караџов најави дека ќе иницира разговори за отворање таканаречени „прозорци“ на границите, но призна дека тоа ќе биде тешко изводливо без согласност од Брисел.Во Македонија, Националната транспортна асоцијација „Бест мобилити – НТА“ порача дека блокадите се израз на револт на професионалните возачи, но предупреди дека решението мора да се бара институционално, во Брисел. Од асоцијацијата информираат дека прашањето било разгледано и на состанок на BSEC-URTA во Скопје, со учество на претседателот на Меѓународната унија за патен транспорт (IRU), при што бил усвоен унифициран предлог за решенија.Од „Бест мобилити – НТА“ укажуваат дека долготрајните блокади носат ризик од губење на транзитот низ Македонија, финансиски загуби за извозно ориентираните компании и дополнително намалување на веќе ограниченото дозволено време за престој во Шенген-зоната. Тие бараат признавање на возачите како мобилни работници со посебен статус и активна поддршка од државниот врв во преговорите со Европската комисија.Поддршка за протестот вчера даде и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој оцени дека предупредувањето доаѓа навреме и дека февруари и март мора максимално да се искористат за изнаоѓање решение. Тој посочи три можни опции: одложување на примената на новиот систем, зголемување на дозволениот број денови на престој или воведување посебен режим за професионални возачи, по примерот на Швајцарија.Министерот Тимчо Муцунски, пак, изјави дека со Европската Унија активно се комуницира и дека од Брисел има сигнали оти проблемот е препознаен и дека се работи на негово надминување.Превозниците, од своја страна, порачуваат дека целта не им е да ја заглават економијата, туку да укажат на последиците од мерките. Ако решение не се најде, најавуваат други форми на притисок, предупредувајќи дека без нивниот труд, над милион тони стока би можеле да останат заглавени, со директни последици за пазарите и граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library7u4gdf6hkitpco2qyie

По големиот успех, „Beef“ добива втора сезона со сосема нов заплет

Хит-серијата „Beef“ на Нетфликс добива продолжение, а втората сезона веќе привлекува големо внимание откако беа објавени првите детали и актерската екипа. Станува збор за антологиска серија, што значи дека приказната за Ејми и Дени од првата сезона е целосно заокружена, а новите епизоди носат сосема нова наративна линија и нови ликови.Нетфликс веќе ги објави и првите фотографии од втората сезона, откривајќи дека главните улоги ќе ги толкуваат Оскар Ајзак, Кери Малиган, Чарлс Мелтон и Кејли Спејни. Според официјалниот синопсис, приказната ќе ги следи животите на два пара, чии судбини почнуваат да се испреплетуваат по една наизглед обична расправија.Дејството е сместено во елитен селски клуб во сопственост на милијардер, а заплетот започнува кога млад пар ќе стане сведок на вознемирувачки конфликт меѓу нивниот шеф и неговата сопруга. Тој настан поттикнува низа услуги, притисоци и манипулации, опишани како „шаховска партија“ на односи и моќ.Актерката Кејли Спејни, зборувајќи за новите епизоди, изјави дека втората сезона е „подеднакво луда како и првата“, со дополнителен фокус на судирот меѓу парови и меѓу различни генерации. За разлика од тоа, првата сезона се занимаваше со последиците од еден сообраќаен инцидент кој прерасна во интензивен конфликт меѓу двајца странци.Авторот на серијата, Ли Сунг Џин, повторно се враќа како сценарист и режисер, додека ѕвездите од првата сезона, Стивен Јун и Али Вонг, овојпат се појавуваат како извршни продуценти.Втората сезона на „Beef“ ќе биде достапна на Нетфликс од 16 април 2026 година и ќе се состои од осум епизоди, со времетраење од по 30 минути.

Медиасет | пред 2 седмици

2 нед.
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-43-8060PM

Бугарското МНР разочарано од пристапот на Скопје и недостигот од искрен дијалог, за тоа им е крив Муцунски кој не им отишол да слават Свети Климент Охридски

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази длабоко разочарување од, како што наведува, континуираниот неконструктивен пристап на Maкедонија и недостигот од транспарентност во комуникацијата со јавноста. Во официјална реакција се посочува дека не е првпат македонските власти да изнесуваат, според оценката на Софија, нејасни и манипулативни тврдења, овојпат поврзани со наводна „иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на Европската Унија“ за организирање средба меѓу министрите за надворешни работи на двете држави.Од бугарското МНР потсетуваат дека т.н. европски консензус од 2022 година е усвоен со целосно едногласие од сите земји членки на ЕУ, како и од самата Македонија. Во таа насока се нагласува дека дијалогот за напредокот на евроинтегративниот процес е институционален и се води меѓу земјата кандидат и Европската Унија, а исполнувањето на преземените обврски зависи исклучиво од Скопје.Софија наведува дека во изминатиот период постојано покажувала подготвеност за отворен и искрен дијалог за сите други прашања од заемен интерес. Сепак, според бугарската страна, актуелниот министер за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, не покажал подготвеност тоа да го направи и во пракса. Како конкретен пример се посочува одбиената покана за негова посета на Софија на 25 ноември 2025 година, по повод одбележувањето на делото на Свети Климент Охридски, кој, како што наведуваат, е значајна историска личност од заедничката историја на двете држави.Во реакцијата се осврнува и на забелешките што Муцунски ги изнел во врска со пристапот на Бугарија кон предлог-планот за правата на заедниците. Од бугарското Министерство за надворешни работи потсетуваат дека токму бугарската заедница во Северна Македонија го оценила тој документ како неприфатлив, поради, како што се наведува, отсуството на основни принципи за ефективна заштита на човековите права.На крајот, Софија порачува дека очекува легитимните барања на бугарските државјани и припадници на бугарската заедница во Северна Македонија да бидат слушнати и соодветно адресирани, оценувајќи дека тоа е клучно за градење доверба и вистински напредок во односите и во европскиот процес.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryssj9msei5a4gcb2Sza9

Канадскиот премиер: Трамп ме повика, му реков дека стојам зад сè што кажав во Давос

Канадскиот премиер Марк Карни јасно потврди дека стои зад своите изјави одржани на Светскиот економски форум во Давос, откако американски функционер тврдеше дека Карни „агресивно“ ги повлекол своите зборови во телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп.„Мислев она што го кажав во Давос“, порача Карни пред новинарите во Отава, нагласувајќи дека истата порака му ја пренел и на американскиот претседател. Неговата реакција следеше по изјавата на американскиот министер за финансии, Скот Бесент, кој за Фокс Њус рече дека Карни во разговорот со Трамп повлекол дел од своите тврдења.Карни објасни дека со Трамп имал „многу добар разговор за широк спектар на теми“, вклучувајќи ја Украина, Венецуела, безбедноста во Арктикот и канадскиот трговски договор со Кина. Покрај тоа, разговарале и за USMCA договорот, кој ги вклучува Канада, САД и Мексико, а чија ревизија следува подоцна оваа година.Премиерот нагласи дека неговиот говор во Давос јасно покажал дека Канада ги разбира промените во американската трговска политика и навремено реагира на нив. Карни додаде дека заканите на Трамп за царини на канадската стока треба да се гледаат во контекст на преговарачка тактика пред ревизијата на USMCA договорот, истакнувајќи дека американскиот претседател е силен преговарач.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
DSC_0095

Македонски Телеком ги отфрла обвинувањата од судијката Наташа Савовска Димитровска: На незаконски начин Апелација преиначи одлука

Македонски Телеком јавно ги отфрла, како што наведува, незаконските, невистинити и неаргументирани обвинувања што изминатиот период беа пласирани во јавноста во врска со постапката што се води пред надлежните институции, а произлегува од долгогодишниот судски спор меѓу Македонски Телеком и компанијата Фокуснет.Рекацијата во целост:„Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правотоКако одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот помеѓу Македонски Телеком и Фокуснет.И покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда. Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страни ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање.Но, во интерес на точното информирање, базирано на факти, компанијата сака да ги појасни своите позиции во врска со овој предмет. Имено, се работи за скоро две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком му ја нанел на Фокуснет .Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување на јавна расправа  ја преиначува првостепената пресуда непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком  треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра.Македонски Телеком согласно законски расположливите средства, упати барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година,  утврдени се сериозни индиции за постоење на два записници заради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство.Понатаму, од страна на Комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонски Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни.На ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје  ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.Македонски Телеком верува надлежните институции да постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето“.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

СДСМ ја изрази својата целосна поддршка за протестот на работниците и Сојузот на синдикатите, во нивната борба за зголемување на минималната плата и повисоки плати во сите сектори. Според партијата, барањата за минимална плата од 600 евра и покачување на платите за 100 евра се оправдани, имајќи предвид дека инфлацијата и високите цени сериозно го намалуваат животниот стандард на граѓаните.„Граѓаните живеат тешко, сиромаштијата расте, а платите стојат во место. Владата на Мицкоски нема пари за покачување на минималната плата, има само за тендери“, истакнуваат од СДСМ, потсетувајќи на бројни тендери кои, како што велат, завршиле кај избрани фирми.СДСМ ја нагласува разликата од нивното владеење, кога минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната плата од 22.000 на над 42.000 денари. Партијата посочува дека како опозиција продолжува да стои зад работниците и дека предлага законски решенија за покачување на платите, кои власта досега ги одбила.„Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата, наместо да увезува ‘економски работници’ и да ги губи квалификуваните кадри во странство“, заклучуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryn2ihqgs4iuc8bCfm37k

(Видео) Македонски државјанин осомничен за три убиства уапсен во Тирана

⚡#Скопје1 • Македонски државјанин, Бесим Шерифи (52) од селото Копаница, Општина Сарај, кој бил баран со меѓународна потерница за три убиства извршени пред повеќе од 18 години, е уапсен денеска во Тирана. Албанската полиција соопшти дека Шерифи подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово.По повеќемесечни истраги, Специјалната оперативна единица го лоцирала осомничениот во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција во Македонија. Проверките покажале дека против него постоела меѓународна потерница од Интерпол Скопје, поради извршено убиство на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога биле убиени тројца луѓе.При претресот кај него биле пронајдени и одземени фалсификуван косовски пасош, лична карта и возачка дозвола. Процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се предадени до Обвинителството при Основниот суд во Тирана, а постапката за екстрадиција во Македонија е започната.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6rni21jjsv8vfOBQWqB

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците - и на улиците и од институциите

Левица ја искажа целосната поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, оценувајќи ги како легитимни и оправдани поради постојаното зголемување на трошоците за живот и потребата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Поминаа речиси две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, со игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме ‚четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП‘“, се наведува во соопштението на Левица.Партијата ги повикува ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да престанат со „илузијата“ и да ја сфатат улогата на државниот врв како заштитник на послабите. Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог-закон со кој платите на сите работници требаше да се зголемат за најмалку 100 евра, што би ја зголемило минималната плата на 500 евра, но мнозинството го одби предлогот, наводно поради интересите на бизнис секторот.„Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа Левица ја изразува недвосмислената поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, со плата која овозможува достоинствен живот“, се истакнува во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Рајанер најавува поскапи авионски билети

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ очекува просечните цени на авионските билети да пораснат за дополнителни еден до два процентни поени над претходно проектираниот раст од седум отсто, во фискалната година што завршува на 31 март 2026 година.Компанијата со седиште во Даблин соопшти дека во тримесечниот период до крајот на декември превезла 47,5 милиони патници, што претставува зголемување од шест отсто во споредба со истиот период во 2024 година. Во истиот квартал, просечната цена на билетите пораснала за четири отсто и изнесувала 44 евра.„Рајанер“ очекува во текот на целата фискална година да превезе околу 208 милиони патници, што е за еден милион повеќе од претходната процена, што укажува на континуирано силна побарувачка за авионски превоз.Вкупните оперативни приходи на компанијата во периодот од октомври до декември 2025 година пораснале за девет отсто и достигнале 3,21 милијарда евра, главно како резултат на зголемените цени на билетите и зголемениот број патници. Сепак, добивката пред оданочување забележала остар пад од 83 отсто, на 24,4 милиони евра, поради казна од 256 милиони евра изречена од италијанската регулаторна агенција АГЦМ.Од компанијата тврдат дека казната е неоснована и најавуваат дека ќе биде поништена по жалбената постапка. Во меѓувреме, „Рајанер“ прогнозира дека нето-добивката за првите три месеци од 2026 година, без вклучување на еднократни ставки, ќе се движи меѓу 2,13 и 2,23 милијарди евра, се наведува во официјалното соопштение на авиокомпанијата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Во три одделни сообраќајни несреќи на територијата на Скопје, Куманово и Битола, со тешки телесни повреди се здобија тројца пешаци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А. (60) удри во 59-годишната пешачка Б.К. Повредите ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Во Битола, на улицата „Смилевски конгрес“, мотоцикл удри во 76-годишната пешачка С.Д., по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.Во Куманово, на улицата „Народна револуција“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј. (23) удри во 67-годишната пешачка С.К., која исто така се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Куманово.Увид на местата на несреќите извршиле екипи на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Битола.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryp3k4mm010msrel68ZfF

Францускиот министер: Ако ЕУ сериозно мисли на одбраната, треба да престане да купува делови од САД

Францускиот министер за високо образование и истражување, Филип Батист, денеска изјави дека ако Европската унија сериозно сака да го зајакне своето одбранбено присуство, првиот чекор е да престане со набавка на неевропски воени производи преку воведување на „Закон за купување европско“.Батист нагласи дека ЕУ во голема мера се потпира на американски ракети, борбени авиони и високотехнолошки одбранбени системи, како и на услугите на SpaceX на Илон Маск за лансирање на клучни сателити, вклучувајќи го и системот Galileo кој овозможува независни европски локализациски услуги.„Светот се драстично промени и нашиот главен сојузник стана многу непредвидлив“, рече Баптист, алудирајќи на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и повиците за поголема автономија на глобално ниво. Тој истакна дека ЕУ мора да развива европски сателитски констелации без зависност од американски технологии и без можност за „исклучување“ од страна на трети страни.„Првиот чекор е закон за купување европско. Престанете да купувате готови делови кои не се европски“, рече Батист, потсетувајќи на случајот со Украина кога Маск ја ограничил услугата Starlink, што го оневозможило дел од киевската офанзива.Тој додаде дека напорите треба да бидат координирани на ниво на ЕУ, бидејќи нема смисла поединечни земји како Франција, Германија или Италија да развиваат сопствени системи.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryet557tt2bu7g6xihtwD

(Видео) „По 15 години ја вративте во живот“ – Каролина ја изведе „Крај“ на клавир

Пејачката Каролина Гочева изведе една од своите најпознати песни, „Крај“, на клавир, во посебна интимна верзија. Таа видеото го сподели на социјалните мрежи, а во описот им се заблагодари на обожавателите за нивната постојана поддршка:„Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот.И, иако немам TikTok, сепак ве следам 👀 и уживам во вашите видеа“, напиша Каролина во описот на видеото.Обожавателите веднаш реагираа со коментари под видеото: „Каролина, продолжи баш вака, да им даваш одново душа на твоите песни. Ни фалиш“, „Сакаме уште вакви клипчиња, практикувај го ова“, „Одлично звучи и оваа варијанта Врвно!“.

Магазин | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања