2 нед.
media-libraryn2ihqgs4iuc8bCfm37k

(Видео) Македонски државјанин осомничен за три убиства уапсен во Тирана

⚡#Скопје1 • Македонски државјанин, Бесим Шерифи (52) од селото Копаница, Општина Сарај, кој бил баран со меѓународна потерница за три убиства извршени пред повеќе од 18 години, е уапсен денеска во Тирана. Албанската полиција соопшти дека Шерифи подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово.По повеќемесечни истраги, Специјалната оперативна единица го лоцирала осомничениот во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен со цел екстрадиција во Македонија. Проверките покажале дека против него постоела меѓународна потерница од Интерпол Скопје, поради извршено убиство на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, кога биле убиени тројца луѓе.При претресот кај него биле пронајдени и одземени фалсификуван косовски пасош, лична карта и возачка дозвола. Процедуралните материјали за кривичното дело „Фалсификување исправа“ се предадени до Обвинителството при Основниот суд во Тирана, а постапката за екстрадиција во Македонија е започната.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library6rni21jjsv8vfOBQWqB

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците - и на улиците и од институциите

Левица ја искажа целосната поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, оценувајќи ги како легитимни и оправдани поради постојаното зголемување на трошоците за живот и потребата за подобрување на животниот стандард на граѓаните.„Поминаа речиси две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, со игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме ‚четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП‘“, се наведува во соопштението на Левица.Партијата ги повикува ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да престанат со „илузијата“ и да ја сфатат улогата на државниот врв како заштитник на послабите. Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог-закон со кој платите на сите работници требаше да се зголемат за најмалку 100 евра, што би ја зголемило минималната плата на 500 евра, но мнозинството го одби предлогот, наводно поради интересите на бизнис секторот.„Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа Левица ја изразува недвосмислената поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, со плата која овозможува достоинствен живот“, се истакнува во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

Рајанер најавува поскапи авионски билети

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ очекува просечните цени на авионските билети да пораснат за дополнителни еден до два процентни поени над претходно проектираниот раст од седум отсто, во фискалната година што завршува на 31 март 2026 година.Компанијата со седиште во Даблин соопшти дека во тримесечниот период до крајот на декември превезла 47,5 милиони патници, што претставува зголемување од шест отсто во споредба со истиот период во 2024 година. Во истиот квартал, просечната цена на билетите пораснала за четири отсто и изнесувала 44 евра.„Рајанер“ очекува во текот на целата фискална година да превезе околу 208 милиони патници, што е за еден милион повеќе од претходната процена, што укажува на континуирано силна побарувачка за авионски превоз.Вкупните оперативни приходи на компанијата во периодот од октомври до декември 2025 година пораснале за девет отсто и достигнале 3,21 милијарда евра, главно како резултат на зголемените цени на билетите и зголемениот број патници. Сепак, добивката пред оданочување забележала остар пад од 83 отсто, на 24,4 милиони евра, поради казна од 256 милиони евра изречена од италијанската регулаторна агенција АГЦМ.Од компанијата тврдат дека казната е неоснована и најавуваат дека ќе биде поништена по жалбената постапка. Во меѓувреме, „Рајанер“ прогнозира дека нето-добивката за првите три месеци од 2026 година, без вклучување на еднократни ставки, ќе се движи меѓу 2,13 и 2,23 милијарди евра, се наведува во официјалното соопштение на авиокомпанијата.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarynfa4uqf4ail253FCePW

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Во три одделни сообраќајни несреќи на територијата на Скопје, Куманово и Битола, со тешки телесни повреди се здобија тројца пешаци, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на крстосницата од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Шарски Одреди“, патничко возило „фолксваген фокс“ управувано од З.А. (60) удри во 59-годишната пешачка Б.К. Повредите ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.Во Битола, на улицата „Смилевски конгрес“, мотоцикл удри во 76-годишната пешачка С.Д., по што возачот го напуштил местото на настанот. С.Д. се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во битолската болница.Во Куманово, на улицата „Народна револуција“, патничко возило „даеву тико“ управувано од М.Ј. (23) удри во 67-годишната пешачка С.К., која исто така се здоби со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница – Куманово.Увид на местата на несреќите извршиле екипи на Секторите за внатрешни работи во Скопје, Куманово и Битола.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryp3k4mm010msrel68ZfF

Францускиот министер: Ако ЕУ сериозно мисли на одбраната, треба да престане да купува делови од САД

Францускиот министер за високо образование и истражување, Филип Батист, денеска изјави дека ако Европската унија сериозно сака да го зајакне своето одбранбено присуство, првиот чекор е да престане со набавка на неевропски воени производи преку воведување на „Закон за купување европско“.Батист нагласи дека ЕУ во голема мера се потпира на американски ракети, борбени авиони и високотехнолошки одбранбени системи, како и на услугите на SpaceX на Илон Маск за лансирање на клучни сателити, вклучувајќи го и системот Galileo кој овозможува независни европски локализациски услуги.„Светот се драстично промени и нашиот главен сојузник стана многу непредвидлив“, рече Баптист, алудирајќи на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп и повиците за поголема автономија на глобално ниво. Тој истакна дека ЕУ мора да развива европски сателитски констелации без зависност од американски технологии и без можност за „исклучување“ од страна на трети страни.„Првиот чекор е закон за купување европско. Престанете да купувате готови делови кои не се европски“, рече Батист, потсетувајќи на случајот со Украина кога Маск ја ограничил услугата Starlink, што го оневозможило дел од киевската офанзива.Тој додаде дека напорите треба да бидат координирани на ниво на ЕУ, бидејќи нема смисла поединечни земји како Франција, Германија или Италија да развиваат сопствени системи.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryet557tt2bu7g6xihtwD

(Видео) „По 15 години ја вративте во живот“ – Каролина ја изведе „Крај“ на клавир

Пејачката Каролина Гочева изведе една од своите најпознати песни, „Крај“, на клавир, во посебна интимна верзија. Таа видеото го сподели на социјалните мрежи, а во описот им се заблагодари на обожавателите за нивната постојана поддршка:„Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот.И, иако немам TikTok, сепак ве следам 👀 и уживам во вашите видеа“, напиша Каролина во описот на видеото.Обожавателите веднаш реагираа со коментари под видеото: „Каролина, продолжи баш вака, да им даваш одново душа на твоите песни. Ни фалиш“, „Сакаме уште вакви клипчиња, практикувај го ова“, „Одлично звучи и оваа варијанта Врвно!“.

Магазин | пред 2 седмици

2 нед.
korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Генералниот директор на СЗО во Русија: „Вакцините против рак и ХИВ имаат шанси за успех“

Вакцините за третман на рак и HIV се ветувачки и имаат реални шанси за успех, изјави Батир Бердикличев, шеф на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија.– Веруваме дека mRNA вакцините за терапија на рак претставуваат иновативна и ветувачка платформа. Раните клинички испитувања покажуваат дека овие вакцини можат да го стимулираат имунолошкиот систем и да дадат позитивни резултати кај одредени видови рак – истакна Бердикличев за TASS.Тој посочи дека науката за вакцините се развива исклучително брзо во многу земји, но дека повеќето досегашни податоци се сè уште претпоставки или се однесуваат на мали групи пациенти.– Потребни се поголеми и долгорочни испитувања за да се потврди ефикасноста на mRNA вакцините кај различни видови рак. Во моментот, СЗО нема одобрени вакцини за лекување на рак – додаде тој.Во однос на HIV, истражувањата за вакцини се сè уште во развој и тестирање. Меѓутоа, во 2025 година, СЗО препорача употреба на нов лек, ленкапавир, како инекции два пати годишно за дополнителна превенција на HIV инфекција, што значително ја олеснува заштитата кај изложените лица.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-library8ep6pfs6ttt4bAACssy

Директорот на Службата за имиграција на САД е повикан на суд

Вршителот на должноста директор на Американската служба за имиграција и царина (ICE), Тод Лајонс, е повикан да се појави пред федерален суд оваа недела за да објасни зошто не би требало да биде прогласен за виновен за непочитување на судски налози. Лајонс се терети за прекршување на судски налог во случајот на маж кој го оспорува своето притворање, објави CNN.Главниот судија на окружниот суд во Минесота, Патрик Шилц, во поднесокот од понеделник истакна дека „стрпението на судот е при крај“ поради акциите на администрацијата, која во пошироката област на Миннеаполис испратила илјадници федерални агенти за сузбивање на илегалната имиграција.Акциите на администрацијата насочени против имигрантите предизвикаа масовни протести во Миннеаполис, особено по смртоносната пукачка во која федерални агенти убија двајца американски државјани.Судијата Шилц наведува дека Лајонс, министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и Давид Истервуд, в.д. директор на теренскиот офис на ICE во Сент Пол, во последните недели не ги почитувале „десетиците судски налози“. Еден од примерите е налогот од 14 јануари, со кој се барало мажот во притвор да добие сослушување за кауција во рок од седум дена или да биде ослободен, но на 23 јануари судот бил известен дека сослушувањето сè уште не било обезбедено.„Во практика, непочитувањето на обврските од страна на обвинетите често резултира со значајни потешкотии за странците, од кои многумина законски живеат и работат во САД со години и не направиле апсолутно ништо погрешно“, се наведува во поднесокот на судијата.Судскиот процес против Лајонс се очекува да го расветли начинот на кој федералните имиграциски агенции ги спроведуваат судските налози и влијанието на тие практики врз легално присутните имигранти во САД.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
mobilen-telefon

Ја истепал сопругата, па и го одзел мобилниот телефон

На 26 јануари 2026 година во 16:00 часот, во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Т. (49) од Скопје.Постапката била преземена по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга, која навела дека на 24 јануари 2026 година, во семејниот дом на подрачјето на Општина Центар, била физички нападната, при што ѝ бил одземен и мобилниот телефон.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarylsjioff14per6Eh1gBw

Норвешка набавува артилериско оружје со долг дострел вредно милијарда евра

Норвешкиот парламент го одобри планот за набавка на артилериско оружје со долг дострел вреден две милијарди евра, а според норвешките медиуми, Владата на Осло се одлучила за јужнокорејската понуда наместо за американската.Системот Chunmoo на јужнокорејската компанија Hanwha Aerospace беше избран пред американскиот HIMARS на Lockheed Martin. Станува збор за оружје кое може да достигне цели зад непријателските линии, што според опозициските пратеници е клучно во современото воено делување.Дел од норвешките пратеници предложија земјата да помогне во развојот на европска алтернатива за овие системи, но оваа идеја беше одбиена поради потребата од големи ресурси и време.Првите ракетни системи во Норвешка се очекува да пристигнат веќе во 2028 година. Јужнокорејската понуда ги задоволи норвешките критериуми, вклучувајќи дострел до 500 километри и најбрзо време на испорака.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryd6k4kj58ahrq9IbOk1b

Две бебиња во инкубатор итно пренесени од Дубровник до Сплит

Пилотите на Хрватското воено воздухопловство во ноќта меѓу 26ти и 27ми јануари итно превезоа две новороденчиња во инкубатор од Општата болница во Дубровник до Клиничкиот болнички центар во Сплит за продолжување на медицинската нега, соопшти Министерството за одбрана на Република Хрватска.Летечката посада на 395. ескадрила транспортни хеликоптери од 93. крило на ХВЗ, составена од четворица членови, барањето за итен медицински транспорт го добила во 22:05 часот. Половина час подоцна, во 22:35, хеликоптерот Ми-171Ш полетал од касарната „Кнез Трпимир“ во Дивулје кон Дубровник.По пристигнувањето, пилотите ги превзеле малите пациенти во инкубатор заедно со медицинскиот тим и во 00:05 часот полетале кон Сплит. На хелидромот на КБЦ Сплит слетале во 1:05 часот, по што бебињата биле предадени на понатамошна нега. Целата акција, која вклучувала три летови, траела два часа и 25 минути, по што посадата се вратила во базата.Капетанот на хеликоптерот, натпоручник Анте Франиќ, по успешно завршената мисија изрази гордост: „Задачата ја извршивме брзо и како тим сме горди што придонесовме за навремена медицинска нега за нашите мали пациенти“.Министерството за одбрана истакнува дека оваа хеликоптерска акција ја потврди висока спремност и обученост на ХВЗ за дејствување во секое време.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Камионските превозници продолжуваат со блокада на товарниот сообраќај на граничните премини

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини во Македонија продолжува и денеска како дел од заедничкиот протест на македонските и регионалните превозници. Тие бараат решение за проблемите предизвикани од воведувањето на електронскиот систем за евиденција за престој во Шенген-зоната, во согласност со правилото 90/180 дена, кое стапи на сила во април годинава.Патничкиот сообраќај на премините кон Шенген-зоната функционира непречено, додека камионските превозници од Македонија и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина сметаат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на возачите од ЕУ и бараат посебен статус како професионалци, наместо да бидат третирани како туристи.– Поентата не е да ја блокираме сопствената економска активност, туку да покажеме што може да се случи. Кога ќе се приклучат и Турција и другите држави, ќе се работи за над милион тони стока што се движи или чека, и тоа треба да биде јасен сигнал за сите. Но не можеме со месеци да држиме блокади ниту сакаме да им нанесеме штета на производителите, трговците и населението. Ако не се најде решение, ќе се бараат други форми на притисок – изјави Билјана Муратовска од асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.Таа потсети дека Македонија има потпишано билатерални договори со секоја држава за непречен пристап и движење на територијата на соседните држави. Исто така, економската оправданост за обезбедување по двајца возачи кога нема доволно возила е сомнителна, бидејќи е неефикасно еден возач да седи дома со минимална плата додека другиот работи.Портпаролот на Европската комисија за внатрешни работи, Маркус Ламерт, истакна дека ЕК е свесна за загриженоста на транспортните оператори од Западниот Балкан и дека внимателно ја следи ситуацијата. Тој појасни дека ЕЕС системот не воведува нови правила, туку овозможува подобра имплементација на веќе постојните правила за престојот во Шенген-зоната, кои дозволуваат 90 дена во период од 180 дена.Министерот за транспорт, Александар Николоски, оцени дека предупредувањето доаѓа навреме и дека земјите членки на Шенген-зоната треба да изнајдат решение до крајот на февруари и март. Тој наведе три можни решенија: одложување на примената на новиот систем, зголемување на бројот на денови на престој во Шенген-зоната на најмалку 250 дена или третирање на професионалните возачи како професионалци преку посебни правила или работни визи, како што тоа го прави Швајцарија.Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, побара од амбасадорот на Кипар, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите и потенцира дека забавата на непречен транспорт со земјите од Западен Балкан е спротивна на политиката на ЕУ за интеграција и раст на пазарот.На последиците од блокадите и примената на новиот систем укажаа и стопанските комори и бизнис конфедерацијата на Македонија, предупредувајќи за можни сериозни економски последици ако ситуацијата продолжи.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
Bitcoin-Gold

Биткоинот денес се тргува за 88.000 долари

Биткоинот денеска бележи стабилна трговија на светските криптопазари, придружена со зголемен оптимизам и очекувања за можен раст на цената на најпознатата криптовалута во наредниот период. Во текот на денот биткоинот се тргува по цена од околу 88.000 долари, без поголеми краткорочни осцилации.Иако спот-цената не покажува значајни промени, пазарните сигнали укажуваат на потенцијал за зголемена волатилност. Ова особено се забележува во периоди кога се приближуваат истекувањата на големи пакети опции, кои често влијаат врз краткорочните ценовни движења и ја зголемуваат неизвесноста меѓу инвеститорите.Според достапните пазарни податоци, биткоинот се движи во релативно широк ценовен распон, што укажува на претпазливост кај трговците. Дел од инвеститорите се ориентираат кон краткорочни зделки со цел искористување на дневните ценовни промени, додека други го задржуваат својот капитал и чекаат појасна насока на пазарот.Аналитичарите посочуваат дека врз движењата на биткоинот влијаат повеќе фактори, меѓу кои глобалната инфлација, монетарните политики на централните банки и регулаторните најави поврзани со криптовалутите. Дополнително, расположението на инвеститорите често се менува под влијание на геополитичките случувања и трендовите на традиционалните финансиски пазари.И покрај позитивните очекувања, финансиските експерти предупредуваат дека тргувањето со биткоин носи висок ризик и бара внимателна проценка, особено за инвеститорите без претходно искуство. Сепак, и покрај краткорочните осцилации, биткоинот и понатаму се смета за клучен индикатор за состојбата и насоката на глобалниот криптопазар.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryos8abgrvi4kn4uZP2Ct

Масовен штрајк на медицинските работници во Германија

Универзитетските болници во Германија денеска беа зафатени од серија штрајкови во рамки на најновиот бран синдикални активности поврзани со спорот за платите во јавниот сектор. Портпарол на синдикатот Верди информира дека штрајкови се одржуваат во 22 болници, додека протести има и во повеќе градови низ земјата.Од синдикатот нагласуваат дека итната медицинска помош и клучните здравствени услуги и понатаму се обезбедуваат за граѓаните. Во Универзитетската болница во Јена, во источната сојузна покраина Тирингија, околу 300 вработени стапиле во целодневен штрајк, а медицинските сестри, лабораторискиот и техничкиот кадар, како и други вработени, излегоа на улиците за да го изразат својот протест.Штрајковите се одвиваат во услови на заострување на несогласувањата околу платите на вработените во германските сојузни покраини. Верди и Германското здружение на државни службеници бараат зголемување на платите од седум проценти, со минимално покачување од 300 евра. Работодавачите ја одбија понудата, а синдикатите ги обвинуваат дека не изнеле алтернативен предлог.Синдикатот најави штрајк и на универзитетите за утре, при што вработените на универзитетите и во истражувачките институции ќе им се приклучат на протестните акции во повеќе од 60 германски градови. Најавени се и дополнителни предупредувачки штрајкови сè до третиот круг преговори, кој треба да се одржи од 11 до 13 февруари.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryk8g9svjj7tuo9TT1kKD

Велешанец се обидел да фрли пакетче со хероин пред полиција

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т. (45) од Велес поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 27 мај 2025 година во Велес, полициски службеници го забележале пријавениот како се обидува да фрли пакување со хероин. Дрогата била пронајдена и одземена, по што против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryuj1h4p7somd7b17zL46

Два автомобили опожарени синоќа во Скопје

Две патнички возила од марката „ауди“ биле опожарени изминатата ноќ на паркинг простори во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен на 27 јануари 2026 година околу 02:00 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било запалено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. На местото бил извршен увид од полициска екипа.Околу час и половина подоцна, во 03:30 часот, полицијата добила уште една пријава за опожарување. На паркинг простор на улицата „Лазар Димитров“ било запалено патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. И во овој случај нема повредени, а пожарот бил изгаснат од противпожарната служба.Полицијата извршила увид на двете локации и презема мерки за утврдување на причините за пожарите.

Скопје | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Внуката на Трамп: „Мојот чичко има Алцхајмер, како и неговиот татко“

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, изјави дека нејзиниот чичко можеби покажува симптоми кои асоцираат на Алцхајмерова болест, наведувајќи дека забележува промени во неговото однесување и израз на лицето. Таа за магазинот „Њујорк“ изјави дека кај него повремено се јавува дезориентација и дека понекогаш изгледа како да не е целосно свесен за времето и просторот.Трамп, кој годинава полни 80 години, неодамна се осврна и на болеста на својот татко, признавајќи дека накратко се збунил обидувајќи се да се сети на името на Алцхајмеровата болест, но истакна дека самиот не боледува од таква состојба и дека воопшто не размислува за семејната историја на болеста.Белата куќа и соработниците на претседателот ги отфрлаат сите шпекулации за неговото здравје, тврдејќи дека тој е целосно присебен, исклучително активен и во одлична физичка и ментална состојба.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
media-libraryq44oa22m2ocef7hQ7hs

(Видео) Огромно лизгање на земјиштето го проголта градот Ничеми – 1.500 луѓе итно евакуирани

Најмалку 1.500 жители на градот Ничеми, на југот на Сицилија, беа итно евакуирани поради силна бура, предизвикана од циклонот Хари, која предизвика огромно лизгање на земјиштето. Лизгањето формираше расцеп долг околу четири километри на падината на брдото.Градоначалникот Масимилијано Конти изјави дека ситуацијата е критична, бидејќи голем дел од падината се урнал, оставајќи куќи опасно надвиснати над работ. Засега нема пријавени повредени, но има значителна материјална штета на домовите, патиштата и инфраструктурата.Лизгањето започнало во неделата, но брзо се проширило и сè уште расте, предизвикувајќи стравувања дека би можело да го проголта историското јадро на градот. Школите се затворени, а патот што ја поврзува Ничеми со приморскиот град Ѓело е блокиран.Многу од евакуираните се сместени кај роднини, додека неколку стотини луѓе ја поминале ноќта во локалната спортска сала. Градот Ничеми има околу 25.000 жители, а властите апелираат на граѓаните да останат дома и да се придржуваат до безбедносните упатства.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
Iran

Иран го повика Тајани да ги исправи своите непромислени пристапки

Иранското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор во Техеран на разговор поради настојувањата на Рим да ја вклучи Иранската револуционерна гарда (IRGC) во регистарот на терористички организации на Европската Унија, објавија денеска иранските државни медиуми.Медиумите јавуваат дека Министерството за надворешни работи на Иран предупредило на „деструктивните последици“ од секое етикетирање на Иранската револуционерна гарда. Исто така, било побарано од италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, „да ги исправи своите непромислени пристапки кон Иран“, пренесува Ројтерс.Италија оваа недела ќе побара од партнерите во Европската Унија IRGC да биде внесена на списокот на терористички организации на ЕУ. Досега Италија беше меѓу земјите кои се спротивставуваа на ваквиот потег, но Тајани изјави дека иранскиот однос кон учесниците во протестите овој месец, при кој, според медиумите, биле убиени илјадници луѓе, не може да се игнорира.„Загубите што ги претрпе цивилното население за време на протестите бараат јасен одговор“, напиша Тајани на платформата X и додаде дека ова прашање ќе го покрене на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел во четврток.Тој истакна дека ќе предложи и индивидуални санкции против оние кои се одговорни за убиствата на демонстрантите.

Свет | пред 2 седмици

2 нед.
trendafilov

Ако ви се закануваат, не треба на никој да му се плашите: Трендафилов ги повика сите на протест за повисоки плати

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не стигнуваат од први до први, овој протест е поради неправдата, затоа што тие земаат десет пати поголема плата од вашата, истакна денес на прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.Трендафилов нагласи дека овој протест е за зголемување на сите плати и дека работодавачите и Власта не се грижат за приходите на работниците. Преседателот на ССМ ги повика сите работници да се придружат на утрешниот протест.– Ако ви се закануваат, не треба на никој да му се плашите, на никого ништо не му должите, им должите само на вашите семејства достоинствен и пристоен живот, нагласи Трендафилов, кој ги повика и пензионерите да се придружат на протестот.Трендафилов нагласи дека имало закани кон работници, но сите кои се заканувале на работници ќе бидат објавени со пораки, фотографии и детали.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања